КАФЕ ПАУЗА

Tag: разладување

  • Дали знаевте дека топлите пијалаци можат да ве разладат во лето?

    Дали знаевте дека топлите пијалаци можат да ве разладат во лето?

    Дали знаевте дека топлите пијалаци можат да ве разладат? А еве како:rnrnДали знаевте дека топлите пијалаци можат да ве разладат во лето?rn

    „Кога пиеме топол пијалок, повеќе се потиме, а кога се потиме, тоа повеќе нè разладува отколку, да речеме, ладен пијалок“, изјавува д-р Вилијам Корнрих, специјалист по интерна медицина во NIU Langone Medical Associates – Riverhead.

    rnТоа е точно сè додека не носите многу облека и не поминувате време на екстремно влажно место – бидејќи потта мора да испари за да ја извлече топлината од телото. Сепак, не размислувајте премногу за температурата на вашиот пијалак.rn

    „Најважно е да има доволно течности во вашето тело. Во топлите денови мора да слушате што ви кажува телото. Водата е одлична, но ако постојано вршите физички активности, размислете за внесување пијалаци со електролити. Ако ви треба дополнителна помош за ладење, можете да користите мраз или ладни облоги на кожата каде што вените се малку поистакнати, како што се препоните и пазувите“, додава Корнрих.

    rnИсто така, обидете се да останете подалеку од сонце ако имате бледа кожа, брз или слаб пулс, грчеви во мускулите, вртоглавица или гадење. Ова се знаци на топлотна исцрпеност.rnrnОткако прочитавте за влијанието на топлите пијалаци во лето, можеби ќе сакате да прочитате и зошто е препорачливо да се носи црна облека во лето.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs

  • Зошто е препорачливо да се носи црна облека во лето?

    Зошто е препорачливо да се носи црна облека во лето?

    Најверојатно одбегнувате да носите црна облека во летните месеци, но дали знаевте дека црната облека му го обезбедува на телото потребното разладување во топлите денови?rnrnЗошто е препорачливо да се носи црна облека во лето?rnrnВистина е дека црната облека се загрева на сонце во лето, но црната боја го забрзува процесот на ладење на телото – токму затоа што апсорбира повеќе топлина.rnrnПобрзо се потите во црно отколку во бело, но токму затоа телото побрзо се лади. Освен тоа, темната облека рефлектира дел од опасното сончево УВ зрачење, што ја прави околу 97 проценти безопасна и нуди подобра заштита од можни изгореници што може да ги добиете ако носите облека со светла боја.rnrnБелата облека, од друга страна, не собира топлина, туку пропушта околу 40 проценти од штетните УВ зраци. Покрај бели комбинации, задолжителна е и кремата за сончање под облеката.rnrnВо лето особено се препорачуваат природни влакна што „дишат“. Памук, лен или свила се удобни за кожата на високи температури, а исто така ја апсорбираат потта.rnrnОд друга страна, синтетичките влакна ја изолираат кожата и ја зголемуваат топлината на телото. Пошироките парчиња облека, пак, овозможуваат циркулирање на воздухот, што создава ефект на ладење. Се препорачува да се носат пошироки туники, фустани и пошироки панталони.rnrnОткако прочитавте зошто е препорачливо да се носи црна облека во лето, можеби ќе сакате да прочитате и кои 4 бои на облека привлекуваат изобилство во животот.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs

  • Повеќе од моментално освежување: Растенија што ќе ви помогнат да се разладите

    Повеќе од моментално освежување: Растенија што ќе ви помогнат да се разладите

    Со доаѓањето на летото се појавија и високите температури, па дури и првиот топлотен бран за оваа година. Ова е причината зошто многумина ги бараат најдобрите начини за разладување. Сладоледот и ладните пијалаци овозможуваат само привремено разладување. Ако барате нешто што ќе ви помогне да се разладите однатре, потенцијално решение се растенијата.rnrnПовеќе од моментално освежување: Растенија што ќе ви помогнат да се разладитеrnrnНајважно е да користите квалитетни растенија. Некои од нив не се добри за консумирање со одредени лекови, а некои може да предизвикаат алергиски реакции. Ако земате лекови или имате некакво заболување, разговарајте со вашиот лекар.rnrnРастенијата влијаат на ткивата на телото, не само на вашите рецептори за вкус. Во продолжение има список на растенија што можат да ја намалат телесната температура и да ви помогнат да се разладите.rn

    1. Коријандер

    rnКоријандерот е одличен додаток на супи, сосови и салати.rn

    2. Нане

    rnПијте го како чај, земете го во форма на додатоци или направете течен спреј за тело за моментално разладување.rn

    3. Роза

    rnРозата може да се користи во ароматерапија, како вода од роза или како мирислив чај.rn

    4. Лаванда

    rnМожете да користите лаванда во дифузер, локално или како дел од купка или пијалак.rn

    5. Копар

    rnКопарот може да го додадете во супи, чорби, сосови, преливи итн. Тој е одличен додаток на компирот и на омлетот. Иако се користи за ароматизирање на киселите краставички, избегнувајте ги кога сакате да се разладите затоа што тие се сметаат за храна што затоплува бидејќи се ферментирани и кисели.rn

    6. Камилица

    rnПрвата опција е да пиете чај од камилица, но има и масло од камилица што можете да го користите локално. Меѓу другото, ги ублажува егземата, осипите, артритисот и болките во грбот.rn

    7. Кардамон

    rnКардамонот често се користи при готвење, особено за подготовка на кари, чорби или колачи со ѓумбир.rn

    8. Бозел

    rnОбично се користи за правење сируп, но може да се додаде во џем и други јадења. Исто така, постои и чај од бозел.rn

    9. Лимонова трева

    rnМоже да биде дел од освежителен пијалак или чај, а исто така можете да ја додадете во супи. Има мирис на цитрус и изразен вкус.rn

    10. Хибискус

    rnЦветовите од хибискус се користат за чај, но можат да бидат и дел од десерти, џемови или салати.rnrnПрочитајте кои 8 намирници ги менуваат состојките во различни услови.

  • Едноставен трик што ќе ви го разлади виното без да ставите коцки мраз

    Едноставен трик што ќе ви го разлади виното без да ставите коцки мраз

    Сте решиле да организирате забава на отворено. Совршено сте ја средиле градината, сте приготвиле вкусна храна, сте поканиле многу пријатели и сте направиле пријатна атмосфера. Само едно нешто може да ја расипе ваквата прекрасна летна дружба: Голтката топло вино.rnrnЕдноставен трик што ќе ви го разлади виното без да ставите коцки мразrnrnПа, што да направите? Ако ставите коцки мраз, виното ќе се разводни и ќе го изгуби вкусот кога ќе се стопи мразот. За среќа, постои еден трик што ќе ви помогне да го разладите виното и да го зачувате неговиот вкус. Освен тоа, благодарение на овој трик, чашата вино ќе изгледа прекрасно!rnrnСѐ што треба да направите е да додадете замрзнато грозје во чашата. Тоа веднаш ќе го разлади пијалакот без да го разводни. Ставете повеќе зрна грозје во замрзнувачот и искористете ги како алтернатива за коцки мраз.rnrnОва е одлична идеја и можете да ја искористите и за црвено и за бело вино.rnrnЕдноставен трик што ќе ви го разлади виното без да ставите коцки мразrn

    Мразот е сосема во ред, но го развонува виното, а никому не му се допаѓа тоа. Замрзнатите зрна грозје го зачувуваат нивниот замрзнат сок и затоа доаѓа до сосема мало разводнување и менување на оригиналниот вкус“, објаснуваат винарите.

    rnНајдобро е да ставите 2-3 замрзнати зрна грозје во чашата и да помешате малку. Веднаш ќе можете да го почувствувате ефектот!rnrnБонусот е тоа што откако ќе го испиете виното, а грозјето ќе се одмрзне, ќе можете да го изедете вкусното овошје.rnrnВо продолжение погледнете како да отворите шише вино со клуч.

  • Победете ја летната жештина во вашиот дом со помош на овие трикови

    Победете ја летната жештина во вашиот дом со помош на овие трикови

    Дали и вие сте од оние луѓе чијшто дом во текот на летото станува премногу топол, па барате каков било начин да ја намалите жештината? Постојат неколку начини коишто ќе ви помогнат барем малку да го разладите вашиот дом, а кои не се многу скапи. Всушност, многу работи и не чинат воопшто. Еве неколку предлози преку коишто можете да се изборите со жештината ова лето.rnrnrn

    1. Спречете го влегувањето на сончевата светлина

    rnКога сончевата светлина влегува во вашата куќа, таа може да стане навистина топла. Додека вашите миленици можеби ќе уживаат во сончевите зраци, сигурно вам ова не ви одговара кога е лето. Затоа, затворете ги ролетните или завесите во часовите кога сонцето е појако. Сепак, чувајте ги прозорците отворени за да овозможите циркулација на воздухот.rn

    2. Направете сами свој клима уред

    rnВие самите во домашни услови лесно можете да направите свој клима уред, без да потрошите ниту еден денар. Сѐ што треба е да наполните еден сад со мраз и да го ставите пред електричен вентилатор. Како што ќе дува вентилаторот во садот, низ собата ќе се шири ладен воздух од мразот.rn

    3. Употребете влажни чаршафи

    rnЕден стар трик вели дека би можеле да ја разладите вашата соба на тој начин што ќе закачите влажни чаршафи на отворените прозорци. Воздухот што ќе влегува внатре ќе ја намали температурата во домот за неколку степени. Притоа, овој трик ќе ви помогне и да ги исушите чаршафите.rn

    4. Одржувајте го клима уредот

    rnМногу е важно да го проверувате вашиот клима уред и да се погрижите дека работи ефикасно. За оваа намена треба да најдете соодветен мајстор, а исто така не заборавајте да го променувате и филтерот за воздух, при што воздухот ќе има полесен проток.rnrnrn

    5. Избегнувајте вклучување на електрични апарати кога е жешко

    rnКога температурите се пониски (рано наутро и навечер), тогаш е најдоброто време за вклучување на електричните апарати за домаќинство. Тие испуштаат топлина, па затоа не е препорачливо нивно користење во периодот кога надвор е жешко. Друга опција е да инвестирате во помали апарати коишто ќе испуштаат помалку топлина.rn

    6. Правете активности во внатрешноста на домот

    rnКога надвор е жешко, посветете се на активности коишто се извршуваат во внатрешноста на вашиот дом. Закачете ги сликите коишто одамна ве чекаат или пак почнете со чистење на подрумот. Имајте предвид дека подрумот е постудена просторија во однос на другите, па претставува одлична опција кон којашто можете да посегнете во летните, топли денови. Наспроти ова, избегнувајте ја работата на таванот.rn

    7. Користете ги клима уредот и вентилаторот истовремено

    rnКога ќе ги користите клима уредот и вентилаторот истовремено, вашиот дом ќе биде многу поладен. Не грижете се за електричната енергија. Додека вентилаторот помага за циркулација на воздухот, клима уредот не мора да работи посилно, така што ќе немате многу разлика во потрошената електрична енергија.rn

    8. Одржувајте ја областа околу климатизерот поладна

    rnПрепорачливо е надворешниот дел од клима уредот да биде на што повеќе засенета област. Многу подобро е кога околу него има дрвја или пак нешто друго што ќе создава сенка, при што вашиот дом побргу ќе ја постигне посакуваната температура.rn

    9. Користете го правилно вашиот тавански вентилатор

    rnВо овие жешки летни месеци погрижете се дека правилно го користите вашиот тавански вентилатор, така што кога ќе го вклучите тој треба да се движи спротивно од стрелките на часовникот. Ова ќе го пренесе нагоре топлиот воздух, оставајќи го долу попријатниот, ладен воздух.

  • Препорачано од нутриционистите: Освежителни и здрави летни пијалаци кои морате да ги пробате!

    Препорачано од нутриционистите: Освежителни и здрави летни пијалаци кои морате да ги пробате!

    Хидратацијата во текот на летото е една од најважните работи за правилно функционирање на нашиот организам. Овие пијалаци, кои можете да ги направите сами, како што се ароматизирана вода, леден чај или некои цедени сокови, се совршени за летните денови. Тие се добро разладени, обезбедуваат добра хидратација на организмот, збогатени се со витамини и минерали и секако, без адитиви и конзерванси. Исто така, тие се одлична замена за тетрапак соковите и газираните сокови кои се полни со шеќери, разни адитиви и кои може да допринесат до дебелеење.rnrn3 рецепти од страна на нутриционистите: Освежителни летни пијалаци кои мора да ги пробате!rnrnОвие ладни пијалаци се подготвуваат со обична или минерална вода, некои чаеви, парчиња свежо овошје, но и разни додатоци, како што се цимет, ѓумбир и слично. Овие три рецепти се препорачани од нутриционистите за ова лето, а вие секогаш може да направите и свои комбинации.rn

    1. Пијалак кој може да се консумира во текот на тренингот, но и потоа

    rnТој му овозможува одлична хидратација на организмот и му ја дава потребната енергија, помага на работата на мускулите, поради магнезиумот кој го содржи, ја подобрува концентрацијата, го намалува уморот и има одличен вкус.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 230 милилитри минерална вода збогатена со магнезиум
    • rn011

    • 1 цеден портокал
    • rn011

    • 70 грама аронија
    • rn011

    • 1 лажичка мед.
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСостојките се мешаат и по потреба овој пијалак може да се олади.rnrn3 рецепти од страна на нутриционистите: Освежителни летни пијалаци кои мора да ги пробате!rn

    2. Освежувачки ладен пијалак, одличен за патување

    rnПоради нането и ѓумбирот кои ги содржи, овој леден чај ја ублажува мачнината во текот на патувањето.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 230 милилитри чај од нане (најдобро домашно подготвен)
    • rn011

    • Половина лимон, исцеден
    • rn011

    • 1 лажичка мед
    • rn011

    • 1 кафена лажица изрендан ѓумбир
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnОткако ќе се измешаат сите состојки, се остава пијалакот да се олади. Исто така, може да се исечат неколку парчиња лимон и да се стават неколку листови нане за појак вкус.rnrn3-3-recepti-od-strana-na-nutricionistite-osvezhitelni-letni-pijalaci-koi-mora-da-gi-probate-www.kafepauza.mk_rn

    3. Пијалак за подобрување на крвната слика

    rnДоколку имате проблеми со анемија, секојдневното консумирање на овој пијалак ќе ви помогне, плус ќе ве разлади и освежи.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 230 милилитри чај од коприва
    • rn011

    • 1 цеден портокал и половина лимон
    • rn011

    • 70 грама аронија
    • rn011

    • 1 лажичка мед
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnКако и претходните рецепти, така и за овој треба да ги измешате сите состојки. Аронијата и копривата одлично го подигнуваат нивото на железо во крвта, а витаминот Ц од портокалот и лимонот помага за апсорпција на железото. Покрај тоа, овој пијалак е доста вкусен и лесно се подготвува.rnrn4-3-recepti-od-strana-na-nutricionistite-osvezhitelni-letni-pijalaci-koi-mora-da-gi-probate-www.kafepauza.mk_

  • Се прашувате како да ги преживеете летните горештини без клима уред? Погледнете ги овие алтернативи!

    Се прашувате како да ги преживеете летните горештини без клима уред? Погледнете ги овие алтернативи!

    Клима уредот е омилена направа во текот на летните горештини. Многу од нас не можат да замислат да работат по осум часа во канцеларија која нема клима уред или пак да спијат во соба која не е климатизирана. Сепак, факт е дека пред неколку години живеевме баш на тој начин, без клима уреди. Поради тоа, но и бидејќи на некои луѓе поради здравствени причини не им одговара, ги споделуваме со вас овие алтернативи за справување со горештините без клима уред.rnrnwoman cooling herselfrn

    1. Разладувајте се со вода

    rnОва може да го направите на два начина: пиење на поголема количина вода или пак туширање. Доколку пиете поголема количина вода, нема да бидете само добро хидрирани, туку ќе успеете и да го разладите вашето тело секој пат кога ќе ја консумирате. Со чести туширања ќе ја задржите вашата телесна температура на подносливо ниво во текот на целиот ден.rn

    2. Уживајте во затемнета соба

    rnСпуштете ги ролетните и навлечете ги завесите или пак покријте ги прозорците со дебела ткаенина. Атмосферата создадена на овој начин нема да биде најсветла, секако, но е многу подобра од потењето или од тоа да не може да се сконцентрирате на ништо друго освен на преголемата топлина.rn

    3. Направете промаја

    rnВелат дека само Балканските народи го имаат зборот промаја, од која се плашат. Во другите земји се работи само за струење на воздухот, кое е посебно пријатно во преголемите горештини. Поради тоа, отворете ги прозорците на спротивната страна од ѕидовите и уживајте. Другата опција е да вклучите вентилатор.rn

    4. Престојувајте на приземјето или во подрумот

    rnТоплиот воздух секогаш оди нагоре, па затоа е попријатно во пониските делови на куќата, отколку на поткровјето. Што пониско сте, толку подобро. Доколку имате можност за престој во вашиот подрум, тогаш тој е одличен избор за создавање на канцеларија или пак дневна соба. Доколку во близина имате тоалет и фрижидер, во оваа освежувачка сенка може да уживате цело лето.rnrn2-se-prashuvate-kako-da-gi-prezhiveete-letnite-goreshtini-bez-klima-ured-poglednete-gi-ovie-alternativi-www.kafepauza.mk_rn

    5. Избегнувајте алкохол

    rnКригла ладно пиво е изборот на многумина кога е во прашање летното разладување. Сепак, тоа не е најдоброто решение, ако сакате да се справите со горештината. Алкохолот се однесува како диуретик, со што повеќе го дехидрира вашето тело и го отежнува варењето, што додатно ве загрева однатре. Кафето има слични ефекти, па обидете се да се држите подалеку од овие пијалаци. Здравото, разладено смуди од овошје и зеленчук е вистинскиот избор.rn

    6. Користете минимални извори на топлина

    rnГотвењето во топлите летни денови може да биде вистински кошмар, па пронајдете друг начин на исхрана додека надвор е голема горештина. Светлата, разните други домашни реквизити, компјутерите и телевизорите исто така емитираат голема количина топлина, па затоа користете ги само доколку морате. Најдобар начин за да уживате на големите горештини е читањето книги.rn

    7. Хранете се полесно

    rnГолемите оброци само ќе направат да ви биде потешко и потопло, бидејќи вашето тело ќе биде преоптоварено со варењето. Затоа, најдобро е во лето да јадете овошје и зеленчук, со оглед на тоа дека тие го одржуваат телото хидрирано. По секоја цена, држете се подалеку од лутата храна, таа ја зголемува телесната температура за само неколку секунди.rn

    8. Носете светли бои

    rnЛетната гардероба би требало да биде од лесни, природни материјали. Исто така, ви препорачуваме да носите светли бои, како на пример, бела и жолта, кои го одбиваат поголемиот дел од топлината.

  • 10 лесни и делотворни совети кои ќе ви помогнат да се изборите со летните горештини!

    10 лесни и делотворни совети кои ќе ви помогнат да се изборите со летните горештини!

    Уште како деца се радувавме на доаѓање на летото. Кога бевме мали, летото беше асоцијација за одмор, распуст и разонода. Иако пораснавме, факт е дека сѐ уште го сакаме летото, само не и неговата неподнослива топлина. Затоа, смисливме неколку совети кои ќе ви помогнат да излезете на крај со летото и неговите неподносливи горештини.rnrn0-10-lesni-i-delotvorni-soveti-koi-kje-vi-pomognat-da-se-izborite-so-letnata-toplina-kafepauza.mkrnrn1. Пред да си легнете испијте чаша вода – ова ќе ви помогне да ја вратите рамнотежата на вода во организмот и да се заштитите од дехидратацијата која ве очекува поради претераното потење во текот на ноќта и постојаното превртување во креветот додека сте во потрага по ладно место.rnrn2. Ставете ладен воден пешкир на зглобовите, вратот, лактите и колената за телото да се олади.rnrn3. Пред вентилаторот ставете чинија со мраз за да создадете клима ефект – благодарение на мразот ќе струи ладен воздух.rnrn4. Ставете ги нозете во ладно – ова е уште еден брз и делотворен начин на разладување на телото. Можете да ставите леген со ладна вода покрај креветот и кога ќе се разбудите на сред вечер да ги потопите нозете за да се оладите и потоа повторно мирно да заспиете.rnrn5. Замрзнете го чаршафот на кој спиете – пред да легнете ставете го чаршафот во замрзнувач, откако претходно ќе го спакувате во кеса за да не го апсорбира мирисот на храната и потоа ставете го на креветот. Ова ќе ви помогне брзо да заспиете додека постелнината повторно не се загрее.rnrn6. Поставете вентилатор до прозорецот и свртете го кон прозорецот – на тој начин топлиот воздух ќе се изнесува надвор.rnrn7. Спијте сами – сонот во прегратките на саканата личност може да ви донесе многу неудобности во текот на летните месеци.rnrn8. На прозорецот закачете воден чаршаф – ова ќе ви донесе неколку часа божествен студ.rnrn9. Купете перница која е полнета со хељда – таа не ја апсорбира топлината како перницата со пердуви и затоа ќе ве спаси од летните жештини.rnrn10. Поставете чинија со мраз или ладна вода во собата – водата ќе испарува и ќе ја лади просторијата.

  • Совршен летен пијалак: Коктел од лубеница

    Совршен летен пијалак: Коктел од лубеница

    Кога надвор е премногу топло, а вам ви е потребен брз и ладен пијалак, тогаш овој суперлесен коктел е вистинскиот погодок за вас. Потребни ви се само две минути за да го направите и инстантно да се освежите.rnrnglass of watermelon smoothiern

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • Добро изладено просеко
    • rn011

    • Лубеница
    • rn011

    • Свежо нане
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИсечкајте ја лубеницата на ситни коцки. Еден дел оставете го во коцки, додека другиот дел ставете го во блендер, за да добиете сок.rnrnВо секоја чаша ставете неколку коцки лубеница, потоа додајте го сокот, а на крај дополнете со добро изладено просеко. Украсете со листови нане. Готово!rn

    Забелешка:

    rnДоколку не пиете алкохол, наместо просеко може да користите ладна кисела вода или пак лимонада.rnrnНа здравје!

  • Како да се изладите без клима уред?

    Како да се изладите без клима уред?

    Топлите денови веќе пристигнаа, па доколку немате клима уред во домот или пак кога ќе се најдете во викендичка без систем за ладење, можете да го примените овој многу едноставен и евтин, а сепак ефикасен трик.rnrn2-kako-da-se-izladite-bez-klima-ured-kafepauza.mkrn

    Потребно ви е:

    rn

      rn011

    • Еден обичен вентилатор
    • rn011

    • 6 шишенца флаширана вода
    • rn011

    • 12-18 лажички сол
    • rn

    rnКупете 6 шишиња вода од продавница. Во секое од нив ставете по 2-3 лажици сол, затворете ги со капачињата и ставете ги во фрижидер за длабоко преку ноќ. Наредното утро извадете ги шишињата од ладилникот, ставете ги на послужавник и поставете ги пред вентилаторот. Вклучете го вентилаторот и уживајте во пријатната температура.rnrnДоколку сакате да го повторите ова наредниот ден, вечерта повторно приберете ги шишињата во ладилникот и оставете ги преку ноќ. Едноставно, нели!?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.