КАФЕ ПАУЗА

Tag: разладување

  • 10 трикови кои ќе ви го направат летото поподносливо

    10 трикови кои ќе ви го направат летото поподносливо

    Погледнете ги наредниве трикови со кои ќе ги воодушевите вашите пријатели и истовремено ќе си го направите летото многу полесно и поподносливо.rnrn10 трикови кои ќе ви го направат летото поподносливоrn

    rn1. Следниот пат кога ќе јадете огромен сендвич, направете една мала промена. Бидејќи тој најчесто е преполн, многу брзо почнува да се распаѓа. Затоа, свртете го сендвичот наопаку. Горното лепче е поиздржливо од долното и на тој начин сендвичот нема толку лесно да ви се распадне.rnrn2. Дали сте забележале дека кога ќе ставите цевка во лименка со газиран пијалак, таа не сака да остане таму? Превртете го отворачот на лименката над отворот за пиење и вметнете ја цевката низ него. На овој начин таа ќе остане онака како што вие сакате.rnrn3. Обожаватели сте на манго? Обидете се со следниов трик. Најпрво исечете го мангото на три дела. Земете едно парче и со нож направете вертикални и хоризонтални линии во внатрешноста, така што ќе добиете изглед на шаховска табла. Потоа земете го со двете раце и полека притиснете одоздола. Коцкастите делови веднаш ќе излезат нагоре. На овој начин ќе можете многу лесно да го јадете мангото и без да ви се заглавуваат делови меѓу забите.rnrn4. Ако имате проблеми со мравките и барате природен начин да се справите со нив, можете да се обидете на следниов трик. Земете една чашка неподготвени пуканки и ставете ги во блендер на највисока брзина на околу 30-тина секунди. Со прашокот од пуканките направете неколку купчиња околу патеките со мравки и за неколку дена вашиот проблем едноставно ќе исчезне.rnrn5. Нареден пат кога ќе бидете на забава, импресионирајте ги вашите пријатели така што кесите со чипс ќе ги претворите во интересни садови. Прво превиткајте го горниот дел од кесата, а потоа почнете да го превиткувате и долниот дел сè додека чипсот не излезе над кесата.rnrn6. Како да се справите со досадните мушички? Исечкајте една банана и измешајте ја во неколку мали садови со остатоците од кората на мангото. Поставете пластична обвивка над нив и направете едно мало дупче на средината. После неколку дена ќе забележите дека мувите си прават своја „овошна журка“ и вие слободно ќе можете да се наречете лорд на мушичките. :)rnrn7. Нема лето без сладолед на стапче, а тоа значи и лепливи прсти. За да го спречите ова, земете една хартиена чаша и внимателно направете дупка на дното, не поголема од стапчето на сладоледот. Потоа протнете го стапчето низ неа и ќе добиете инстант заштита за вашите прсти.rnrn8. Сигурно кога сте правеле скара со пријателите сте забележале дека сосовите и салатите зафаќаат поголем дел од масата и се прават огромни редици за да се дојде до нив. Можете многу лесно да го решите овој проблем со помош на калап за мафини. На овој начин ќе добиете повеќе слободен простор на масата и помалку гужва околу неа.rnrn9. Кога сте на плажа, намалете ја шансата да ви ги украдат вредните работи со помош на вашиот шампон. Извадете го целосно капакот и направете мала дупка на почетокот на шишето, доволно голема за да може да ги собере мобилниот, парите и останатите работи кои сакате да ги заштитите. Потоа вратете го капакот назад. Секој кој ќе го види ова ќе помисли дека е само шише од шампон и големи се шансите дека никој нема да сака да ви го украде.rnrn10. Кога имате потреба од разладување, топлата вода може да има многу лош вкус. Наполнете го шишето со малку вода, така што кога ќе го легнете грлото да му биде слободно. Потоа ставете го шишето во замрзнувач и продолжете со вашите секојдневни обврски. Кога водата ќе замрзне, таа ќе направи ледено дно на шишето и нема да го блокира излезот. Наполнете го шишето со вашиот омилен пијалак и ќе добиете инстант ледено освежување.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Ледени коцки кафе потопени во млеко

    Ледени коцки кафе потопени во млеко

    Необичен начин на пиење кафе за екстра разладување

    rnЛедени коцки кафе потопени во млекоrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 2 лажици инстант кафе
    • rn011

    • 300 мл вода
    • rn011

    • 200 мл млеко
    • rn011

    • шеќер по вкус
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИнстант кафето и водата убаво измешајте ги во еден сад, додека кафето убаво не се растопи во водата. Потоа земете еден калап за мраз, исипете го кафето и оставете ги коцките да се замрзнат.rnrnОткако ледените коцки од кафе ќе бидат убаво замрзнати, ставете ги во една чаша и полијте ги со ладно млеко. Ставете шеќер по вкус.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Гламурозен престој за навивачите на СП во Катар 2022

    Гламурозен престој за навивачите на СП во Катар 2022

    Малата арапска држава Катар се соочи со многу критики откако беше избрана за да биде домаќин за Светското првенство во фудбал 2022 година. Не само што се појавија грижи за разладување на големите стадиони и гостите во текот на брутално жешките летни месеци, туку се постави и прашање каде ќе престојува големата навала од навивачи, со оглед на тоа што сите ќе планираат да останат во малиот главен град Доха.  Гламурозен престој за навивачите на СП во Катар 2022Но, една уникатна идеја е предложена како решение на овој проблем, а истата вклучува градење 5 различни хотели кои лебдат над вода, луксузна вила, па дури и воден парк. Предложен како заеднички проект на финската архитектонска фирма „Sigge“ и Глобалниот менаџмент за акомодација (GAM), финските дизајни се проектирани да засолнат 25.000 гости.Гламурозен престој за навивачите на СП во Катар 2022Овие ултрамодерни градби ќе бидат подалеку од копното, ќе имаат сопствен систем за отпадни води, одржлив генератор за струја и место за рециклирање.Гламурозен престој за навивачите на СП во Катар 2022Хотелите исто така ќе ги нудат сите можни удобности, приватни бродови, траекти и водни таски возила, за превезување на посетителите до и од крајбрежјето.Гламурозен престој за навивачите на СП во Катар 2022Објектите се планирани да бидат комплетирани за период од 7-8 години и, и покрај тоа што ќе чинат многу пари, аналитичарите веќе прогнозираат пораст на катарскиот бруто домашен производ, за периодот околу Светското првенство и по неговото завршување, поради новата катарска инфраструктура, која навистина воодушевува со својот модерен, футуристички изглед.Гламурозен престој за навивачите на СП во Катар 2022Воедно, Катар развива уникатно решение во борбата против горештината со која ќе се соочат фудбалерите за време на Светското првенство во 2022 година – вештачки облаци т.е. летечка чинија која би требало да ги прекрие стадионите и да ги разлади за 12 степени. Вештачките облаци ќе бидат полни со хелиум. Ќе се движат како што се движи сонцето, за трибините и терените во секој момент да бидат во сенка.Гламурозен престој за навивачите на СП во Катар 2022 Гламурозен престој за навивачите на СП во Катар 2022 Гламурозен престој за навивачите на СП во Катар 2022 Гламурозен престој за навивачите на СП во Катар 2022
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Пингвини на туширање

    Пингвини на туширање

    Фокландските Острови не се многу далеку од Антарктикот и се пријатно место за живеење на пингвините. Не се цела година под снег, па кога ним ќе им стане премногу топло тие мораат да се снаоѓаат како знаат и умеат за да се разладат. Кога Браќата Вил и Мет Барард – Лукас, фотографи од Лондон, ги посетиле островите останале изненадени од нивниот нов метод – туширање со студена вода од растопениот снег.rnrnПингвини на туширањеrnrnТие отпатувале до островите за да фотографираат албатроси, но оваа интересна глетка го освоила целото нивно внимание.rn
    rn

    „Пингвините беа неверојатно слатки. Беше прекрасно да се набљудуваат, изгледаше како навистина да уживаат. Често се препираа за најдобрата позиција за туширање. Можевме цело време да ги гледаме пингвините како се забавуваат под водата,“ вели Вил.

    rnПингвини на туширање Пингвини на туширање Пингвини на туширањеrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Снаодлив орангутан се брише со мокра крпа за да се спаси од горештината

    Снаодлив орангутан се брише со мокра крпа за да се спаси од горештината

    Орангутаните се познати како „шумски луѓе“, а откако ќе го погледнете видеото кое се наоѓа во продолжение, ќе ви стане јасно зошто го имаат добиено тој назив.Снаодлив орангутан се брише со мокра крпа за да се спаси од горештинатаБришејќи се со мокра крпа, овој орангутан знае точно како да се справи со летните горештини. Интелигентното животно седејќи на тревата во зоолошка градина во Токио, прво си ја натопува крпата во базен, а потоа со рацете убаво ја цеди од водата, исто како што тоа го правиме ние луѓето. Снаодлив орангутан се брише со мокра крпа за да се спаси од горештинатаДопирајќи се со мократа крпа, орангутанот изгледа како да ужива во својата генијална идеја за разладување. Снаодлив орангутан се брише со мокра крпа за да се спаси од горештинатаЗа да биде уште поинтересно, до базенот доаѓа уште мало орангутанче кое сака да ја позајми мократа крпа. Откако орангутанот одбива да му ја даде на малиот мократа крпа, тој почнува да плиска вода по своето лице, користејќи ги рацете. Снаодлив орангутан се брише со мокра крпа за да се спаси од горештинатаОрангутанот ги воодушевил посетителите на јапонската зоолошка градина, а сега тој забавува илјадници љубители на животни ширум светот, откако стана голем хит на Јутјуб. Видеото е поставено пред една седмица, а веќе има над 300.000 гледања. Уживајте во мајмунскиот перформанс. :)rn

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.