КАФЕ ПАУЗА

Tag: растенија

  • Една година во шума

    Една година во шума

    Семјуел Ор е екологист кој се занимава со правење документарни филмови за природата и има голем интерес за тајмлапс фотографирање. Неговиот прв обид да покаже како растенијата се менуваат во текот на една година довело до создавање на ова одлично видео кое многу брзо го привлекло вниманието на илјадници луѓе.Една година во шума„A Forest Year“ е направено од 40.000 фотографии во периодот од 15 месеци, составени во едно видео. Уживајте!rn

    rnПогледнете го и тајмлапс видеото на Ор за Њујорк во текот на еден ден.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Плетен зеленчук

    Плетен зеленчук

    Автор: БојанаrnrnЉубителите на плетените ракотворби сигурно ќе бидат воодушевени од делата на оваа талентирана Јапонка. Јунг Јунг е родена во 1970 година. Таа вели дека уште како дете сакала да црта и да слика, но првпат започнала да се дружи со иглите за плетење на 11-годишна возраст.rnrnПо дипломирањето на Универзитетот за уметност Мусасино во Токио и по работата на различни работни места, одлучува професионално да се занимава со изработка на плетени модни додатоци. Во 2002 година влегува во светот на модата и започнува да работи за јапонскиот дизајнер Ери, сè до 2006 година кога одлучува да ја продолжи кариерата самостојно. Во 2008 година ја објавува нејзината книга „Плетени растенија“ (Ito-ami-plants).rnrnПлетен зеленчукrnrnВо продолжение се неколку од нејзините феноменални дела. Повеќе за нејзината работа може да видите на нејзиниот веб-сајт.rnrnПлетен зеленчукrnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најголемата вертикална градина во светот

    Најголемата вертикална градина во светот

    Лоцирана во Роцано, Италија, како дел од шопинг центарот Fiordaliso, оваа градина неодамна влезе во Гинисовата книга на рекорди како најголема вертикална градина во светот.Најголемата вертикална градина во светотСо површина од 1.263 метри квадратни и 44.000 видови растенија, оваа масивна градина го надмина претходниот рекордер – вертикална градина во Мадрид, која зафаќа површина од 844 метри квадратни.Најголемата вертикална градина во светотТаа е дизајнирана во 2010 година од страна на архитектот Франческо Болани, кој вели дека им била потребна цела година за да ги израснат растенијата во оранжерија и 90 дена за да ја изградат фасадата.Најголемата вертикална градина во светотИзградбата на оваа прекрасна градина чинела околу 1,3 милиони долари. Прекрасна е зарем не?! Најголемата вертикална градина во светотНајголемата вертикална градина во светотНајголемата вертикална градина во светотНајголемата вертикална градина во светотНајголемата вертикална градина во светот
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најсмртоносната градина во светот

    Најсмртоносната градина во светот

    Градината Алнвик се наоѓа покрај замокот Алнвик во Нортумберланд, Англија. Инспирирана од легендарните ботанички градини во Падуа, војвотка од Англија решила да ја создаде оваа необична градина која е составена од растенија кои се смртоносни и отровни.rnrnНајсмртоносната градина во светотrnrnПозади големата црна порта, на која пишува „Овие растенија можат да убијат“ се наоѓаат околу 100 легендарни убијци како „Atropa belladonna“ (смртоносната ноќна сенка), „Strychnos nux-vomica“ (стрихнин), „Conium maculatum“ (пелин), „Cannabis Sativa“ (канабис) и „Papaver Somniferum“ (опиум). Водачите ги објаснуваат нивните смртоносни карактеристики додека ги одржуваат турите низ градината и постојано ги предупредуваат посетителите да не ги допираат, ниту пак мирисаат растенијата бидејќи тие можат многу лесно да ги убијат.rnrnНајсмртоносната градина во светотrnrnВојвотката која стои позади оваа градина, до 1995 година била позната само како Џејн Перси, мајка на 4 деца. Но, сосема неочекувано нејзиниот сопруг по смртта на неговиот брат станал дванаесеттиот војвода на Нортумберланд. Заедно со новата позиција им следувал и замок за кој тие требале да се грижат. Војвотката веднаш започнала со разгледување на пространите градини и сосема случајно налетала на еден запуштен дел кој неколку пати бил опустошен за време на Втората Светска војна. Во 2005 година таа решила да го обнови на сосема нов и модерен начин.rnrnНајсмртоносната градина во светотНајсмртоносната градина во светотrnrnБидејќи опасноста која доаѓа од отровните растенија е многу реална, некои од нив се во кафези и градината е под постојана заштита. Уште еден интересен факт е дека доколку подобро го погледнете замокот Алнвик, можеби ќе ви се види како многу познат – тој бил Хогвартс во првите два дела од филмовите „Хари Потер.“rnrnНајсмртоносната градина во светотНајсмртоносната градина во светотНајсмртоносната градина во светотНајсмртоносната градина во светотНајсмртоносната градина во светотНајсмртоносната градина во светотНајсмртоносната градина во светотНајсмртоносната градина во светотrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вертикална шума

    Вертикална шума

    Автор: Горана КоневскаrnrnrnАрхитектот Стефано Боери планира да ја „изгради“ првата и најневеројатна вертикална урбана шума во Милано. Одлична и дефинитивно инспирирачка идеја! Иако често среќаваме одлични идеи кои остануваат нереализирани, сепак, тоа не е случајот и со овој проект. Нацрт планот и буџетирањето се веќе завршени и се поставени првите рамки на проектот.rnrnБоско вертикале ќе чини 6 милиони евра, а тука се планирани не само растенија и дрвја, туку и луксузни апартмани. Секој од апартманите има балкон дизајниран да издржи отприлика 900 мали дрвја и растенија, со тоа што фасадата на зградата ќе биде налик на шума.Вертикална шумаКреаторите на проектот тврдат дека на оваа кула ќе бидат достапни отприлика 10.000 квадратни метри на кои ќе бидат засадени разни видови дрвја, растенија, трева и сл., и ќе придонесат за филтрација на воздухот, задржување на прашината, подобрување на микроклимата, заштедување на енергија, апсорпција на CO2 и сл.Вертикална шумаВертикална шумаСè уште не е утврдено дали шумата ќе биде достапна за прошетки на сите граѓани или само на тие кои ќе живеат во нејзе.rnrnОва е навистина интересно. Да се живее во шума, а сепак истовремено да се живее и во град. Тоа сега ќе стане можност за некои од граѓаните на Милано. Исто така, овој концепт може да придонесе за воведување на повеќе зеленило во градовите при изградба на нови зданија – еден сосема нов правец на екстериерната уметност.Вертикална шумаВертикална шума
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Извонредните Валаманови водопади

    Извонредните Валаманови водопади

    Во самото срце на прашумата, низ малку накосена падина се извива Камениот поток, пробивајќи се низ испреплетените дрвја и грмушки. Од ниските палмови листови капе роса што се собира во текот на ноќта, а високо горе низ листовите се пробива утринското сонце. Насекаде во шумата се слушаат гласовите на какаду, што најавуваат уште дожд. Колку е побрз водотекот, толку во кривулестите води на потокот има повеќе вртлози.Извонредните Валаманови водопадиИзвонредните Валаманови водопадиОваа шума се наоѓа во источна Австралија во близина на градот Игнам. Потокот се спушта низ клисурата и паѓа во реката која е 278 метри пониско. Тоа се Валамановите  водопади – голема и тенка сребрена лента од вода. Камениот поток е еден од многубројните потоци што извираат на крајбрежјето на Северен Квинсленд и се влеваат во реката Херберт.Извонредните Валаманови водопадиИзвонредните Валаманови водопадиТука, на најјужниот агол од австралиската прашума, живеат повеќе растителни и животински видови отколку на кое било друго место. Најкарактеристични се заспаниот опосум, големата зелена гаталинка, како и питоните кои се долги по 20 метри.Извонредните Валаманови водопадиИзвонредните Валаманови водопадиИма и огромен број птици, инсекти и разни други животинчиња. Ова е земјата на клунарот, кој претставува цицач со големина на мачка што несе јајца. Тој е меѓу ретките цицачи што се размножува со јајца.Извонредните Валаманови водопадиИзвонредните Валаманови водопадиrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто лисјата паѓаат?

    Зошто лисјата паѓаат?

    Есен е. Сите ние ги забележуваме промените кои настануваат во надворешната околина. Лисјата со прекрасни бои по некое време опаѓаат и се чини како да газите по тепих од листови. Но, сте се запрашале ли, како се одвива тој процес на опаѓање на листовите?Зошто лисјата паѓаат?Годишниот циклус на развиток на растенијата започнува со ‘ртењето на семето и формирање на органите за вегетативно размножување и завршува со формирање на репродуктивните органи, цвет, плод и семе. Овие процеси се во согласност со смената на годишните времиња и завршуваат пред да настапи неповолната сезона за растење.rnrnЕдногодишните растенија во зимскиот период изумираат, но, во текот на периодот кој е поволен за нивниот развиток, формираат семе од кое ќе се развие следната генерација. Во периодот на мирување сите функции на растението се сведени на минимум, сè дур не се појават поволни надворешни услови за нивно повторно развивање. Зошто лисјата паѓаат?Кај растенијата, органите кои треба да се отфрлат влегуваат во фаза на мирување или сенесценција. Тоа го претставува завршниот животен стадиум на лисјата и другите органи. Оваа појава е поврзана со паѓањето на листовите кај листопадните растенија или уште позната како абцисија. Абцисијата настанува во услови на суша, при повреда или кога растението е нападното од патогени организми. Овој термин ги опфаќа сите процеси кои предизвикуваат откинување на сите врски меѓу клетките со што доаѓа до опаѓање на одредени делови на растението.Зошто лисјата паѓаат? Овој процес, всушност, се состои од ензимско разградување на деловите меѓу живите и оние делови кои треба да опаднат. Зоната на абцисија кај листот се наоѓа во основата на листната дршка. Оваа зона е изградена од неколку слоја на клетки кои се подложни на влијанието на растителните хормони ауксини и етилен. Впрочем, тие се двата фитохормони кои највеќе го стимулираат опаѓањето на листовите.rnrn

    Зошто лисјата паѓаат?
    црвениот дел е зоната на абцисија
    rnrnОдредени ензими како хидролази дејствуваат врз клетките со што ги разградуваат и на тој начин листот престанува да се снабдува со хранливи материи од коренот, станува сè послаб и на крајот опаѓа.Зошто лисјата паѓаат?rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неколку чудни и интересни факти за живиот свет

    Неколку чудни и интересни факти за живиот свет

    Како што веќе знаеме, целиот животински, па и растителен свет е исполнет со многу различни видови кои за нас се многу чудни. Ова е продолжение на некои од најинтересните факти поврзани со живиот свет околу нас.rnrnЕден вид медуза (Turritopsis nutricula) по достигнувањето на зрелоста, има способност да изврши трансформација на своите клетки и да се врати наназад во времето, односно во детството. Тоа може да го прави до крајот на својот живот.rnrnНеколку чудни и интересни факти за животните 2rn

      rn011

    • Некои птици преселници имаат магнетен компас во своето тело, односно орган наречен магнет-рецептор, кој им помага во навигацијата користејќи го магнетното поле на Земјата.
    • rn011

    • Мажјакот од видот морски мачки, ги чува своите јајца во устата сè додека тие не се подготвени да се отворат.
    • rn

    rnНеколку чудни и интересни факти за животните 2rn

      rn011

    • Печурката Cordyceps има способност за умствена контрола врз некои инсекти, како на пример мравките, кои ги тера да се качуваат по неа, така станувајќи нејзина храна.
    • rn011

    • Една мала водна мечка (Tardigrade) може да преживее во екстремни средини, кои би го убиле секое друго животно, односно температури ниски до -273 (близу до апсолутната нула) и високи до 151 степен Целзиусов.
    • rn

    rnНеколку чудни и интересни факти за животните 2rn

      rn011

    • Ако викате силно 8 години, 7 месеци и 6 дена ќе создадете доволно енергија за да затоплите една шолја кафе. Но, не вреди да потрошите 8 години на тоа, нели? 🙂
    • rn011

    • Оргазмот кај свињата трае 30 минути.
    • rn

    rnНеколку чудни и интересни факти за животните 2rn

      rn011

    • Луѓето и делфините се единствените видови кои имаат сексуални односи за задоволство.
    • rn011

    • Во просек, луѓето многу повеќе се плашат од пајаци одколку од смрт.
    • rn

    rnНеколку чудни и интересни факти за животните 2rn

      rn011

    • Рожницата во човечкото око е единствениот дел до кој не доаѓа крв.
    • rn011

    • Големата алга (Macrocystis pyrifera) е најбрзиот растечки организам на планетава. Расте по 70 см на ден.
    • rn

    rnНеколку чудни и интересни факти за животните 2rn

      rn011

    • Најголемото јајце на Земјата е она од ној. Потребни се околу 30 кокошкини јајца за да се достигне неговиот волумен и околу 2 часа варење за да се свари.
    • rn011

    • Кога кралицата на рибите-клонови ќе умре, мажјакот го менува својот пол за да го земе нејзиното место.
    • rn

    rnНеколку чудни и интересни факти за животните 2rn

      rn011

    • Лебарката може да живее 9 дена без глава. После 9-тиот ден умира од глад. Кој вели дека потребна ти е главата за да живееш? 🙂
    • rn011

    • Пеперутките чувствуваат вкус со помош на своите нозе.
    • rn

    rnНеколку чудни и интересни факти за животните 2rn

      rn011

    • Слонот е единственото животно кое не може да скокне.
    • rn011

    • Животниот век на една трепка е 5 месеци.
    • rn

    rnНеколку чудни и интересни факти за животните 2rn

      rn011

    • Должината помеѓу лактот и почетокот на шаката е еднаква со должината на вашето стапало.
    • rn011

    • Најголема концентрација на нерви кај човекот има на врвот на прстите.
    • rn

    rnНеколку чудни и интересни факти за животните 2rn

      rn011

    • Копитестите краби имаат сина крв.
    • rn011

    • Некои видови црви имаат и повеќе од 10 срца.
    • rn

    rnНеколку чудни и интересни факти за животните 2rn

      rn011

    • Делфините и китовите се единствените цицачи кои не пијат вода.
    • rn011

    • Камелеонот има јазик кој е поголем од целото негово тело.
    • rn

    rnНеколку чудни и интересни факти за животните 2rn

      rn011

    • Некои лавови се парат околу 50 пати на ден.
    • rn

    rnНеколку чудни и интересни факти за животните 2rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.