КАФЕ ПАУЗА

Tag: растенија

  • Жив накит кој расте додека го носите

    Жив накит кој расте додека го носите

    Американската цвеќарка Сузан МекЛери изработува накит на кој се прицврстени живи растенија и цвеќиња и кој одговара за секоја пригода, а најмногу за венчавките. Таа рачно ги избира и мести растенијата кои растат од 2 до 4 недели. Подоцна, можете да ги тргнете и да ги засадите во саксија. Така, не само што и понатаму ќе го носите накитот, туку и ќе го зачувате зеленилото во следните неколку години. Затоа Сузан вели дека овој накит е прекрасен и симболичен подарок за невестите.rnrnЖив накит кој расте додека го носитеrnrnТаа станала цвеќарка сосем случајно. Изработувала накит како хоби кога еден ден нејзината пријателка ја замолила да ѝ ги направи свадбените цвеќиња. Тоа било моментот кога Сузан ја пронашла нејзината вистинска страст. Потоа, започнала да ги изработува овие живи парчиња накит за разни фотосесии и критички била добро прифатена, па решила да започне и професионално да се занимава со ова и да ги продава. Погледнете го прекрасниот накит на Сузан кој сигурно ќе посакате да го носите на вашиот најважен ден.rnrn

  • Маска од аспирин: Решение за проблемите на лицето

    Маска од аспирин: Решение за проблемите на лицето

    Освен што ја смирува болката и ја намалува телесната температура, аспиринот е корисен и за многу други работи, особено кога станува збор за негата и грижата на нашето лице. Кожата на лицето е нежна и чувствителна на секакви промени, а аспиринот не само што е одличен лек за црвенило и акни, туку и ја потхранува кожата, при што таа ќе остане заштитена од надворешните влијанија. Во продолжение прочитајте за што сѐ можете да го користите аспиринот кога се соочувате со секојдневните проблеми.rnrnМаска од аспирин – решение за проблемите на лицетоrn

    1. Нега на проблематична кожа

    rnАцетилсалицилната киселина од аспиринот помага при отстранување на вишокот маснотии од кожата и го уништува мртвото ткиво. Дерматолозите велат дека аспиринот е одличен лек и за акните, бидејќи ја намалува можноста за затворање на порите. Исто така, помага при црвенилото на кожата и особено е корисен за луѓето кои патат од псоријаза.rn

    Маска за кожа од аспирин

    rnСтавете 5 таблетки аспирин во една чаша и додајте топла, дестилирана вода. Добро измешајте додека не добиете хомогена смеса. По избор, можете да додадете и една кафена лажичка мед, бидејќи медот има лековити својства и позитивно влијае на кожата и организмот. Подготвената маска нанесете ја на проблематичните делови на кожата и оставете ја да делува 10 минути. Потоа, темелно измијте го лицето со топла вода.rnrnМаска од аспирин – решение за проблемите на лицетоrnrnОсвен како средство за нега на кожата, аспиринот ефективно и ефикасно ги решава и следните проблеми:rn

    2. Го отстранува првутот

    rnИситнете 2 до 3 таблетки аспирин и измешајте ги со количината шампон што ја користите за едно миење. Нанесете ја смесата на косата, масирајќи со прстите и оставете да делува од 3 до 5 минути. Аспиринот ќе го намали воспалението на скалпот, а со тоа и создавањето на првутот.rn

    3. Ги ублажува реакциите после убодите од инсекти

    rnАспиринот, поради неговите антивоспалителни својства, е одличен лек за намалување на отокот и болката после убодите од инсекти. Рецептот е едноставен: Навлажнете една таблетка аспирин, ставете ја на местото на убодот и залепете ја со фластер. Оставете да делува неколку минути и ќе почувствувате голема разлика.rn

    4. Ги отстранува дамките од пот на облеката

    rnИситнете 3 таблетки аспирин и смешајте ги со 50 милилитри топла вода. Делот од облеката кој има дамки потопете го во смесата и оставете да делува неколку минути. Потоа, исперете ја облеката на вообичаениот начин. Истата смеса ќе ги отстрани и дамките од никотин, трева и кал, но во тој случај облеката треба да ја оставите потопена во смесата 15 минути.rn

    5. Го поттикнува растот на растенијата

    rnАспиринот го спречува создавањето на габите, што е многу важно за растот на билките и растенијата во градината и домот. Натопете една таблетка аспирин во еден литар топла вода, ставете ја течноста во шише со спреј и попрскајте ги растенијата. Исто така, доколку ставите една таблетка аспирин во вазна со вода, ќе го продолжите животниот рок на цвеќето.

  • Отсега вашите цвеќиња ќе можат да си имаат свое сопствено облаче за дожд

    Отсега вашите цвеќиња ќе можат да си имаат свое сопствено облаче за дожд

    Дизајнерот Јенг Сангбин од Кореа измислил нов и брилијантен начин за одржување на растенијата во вашиот дом. Станува збор за „Rainy Pot“, направа која има слатка форма на облаче и која служи како филтер кој ја претвора водата во капки дожд. Облакот може да собере околу 80 милилитри вода која е подеднакво дистрибуирана врз растението, така што тоа ја добива соодветната количина која му е потребна. Ова облаче е едноставно и забавно за употреба и е совршен начин на кој можете да се грижите за вашите растенија.rnrn(1) Отсега вашите цвеќиња ќе можат да си имаат свое сопствено облаче за дождrnrn

    rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 смртоносни растенија кои можеби ги имате во вашиот дом или градина

    7 смртоносни растенија кои можеби ги имате во вашиот дом или градина

    Автор: Сара ТурановиќrnrnСигурно и вие во вашиот дом имате неколку омилени растенија кои би требало да ги исфрлите поради нивната токсичност, особено ако имате мали деца или домашни миленичиња, бидејќи не можете секогаш да го контролирате нивното движење. Може да се случи од љубопитност да пробаат од некое растение кое е отровно. Симптомите на труење од овие растенија се различни и се неизбежни. Еве листа на најчестите отровни растенија кои можеби ги имате во вашиот дом.rn

    1. Рододендрон

    rnОва прекрасно растение е одличен украс за вашиот двор, но бидете многу внимателни, бидејќи конзумирањето на цветовите, стеблото и листот од ова цвеќе може да доведе до опасно труење. Главни симптоми на труење се: болки во стомакот, отежнато дишење, парализа, кома па дури и смрт.rnrn1-7-smrtonosni-rastenija-koi-mozhebi-gi-imate-vo-vashiot-dom-ili-gradinarn

    2. Олеандер

    rnОлеандерот цвета во бела, розова и црвена боја. Многу е убав и најчесто децата ги кинат цветовите. Но, доволен е само еден лист за детето да се отруе. Симптомите на труење ги вклучуваат: треперење, забавени отчукувања на срцето и вртоглавица.rnrn2-7-smrtonosni-rastenija-koi-mozhebi-gi-imate-vo-vashiot-dom-ili-gradinarn

    3. Кукута

    rnОва цвеќе во вашиот двор може да се појави како трева. Ако имате домашни миленичиња задолжително уништете го. Отровот од ова растение мириса на морков и ги привлекува животните. Ако се изеде, директно го напаѓа нервниот систем. Исто така може, како кај животните така и кај луѓето, да предизвика епилепсија, па дури и смрт.rnrnOLYMPUS DIGITAL CAMERArn

    4. Жолт нарцис

    rnКај жолтиот нарцис најотровен дел е неговата луковица. Иако изгледа преубаво, размислете два пати дали ќе го посадите. Ако се сомневате дека вашиот миленик го изел, однесете го веднаш кај ветеринар. Симптомите кои се јавуваат после труењето со жолт нарцис се: дијареја, повраќање, треперење, грчеви и срцева аритмија.rnrn4-7-smrtonosni-rastenija-koi-mozhebi-gi-imate-vo-vashiot-dom-ili-gradinarn

    5. Англиски тис

    rnКај ова растение најопасно е неговото семе. Меѓутоа, не се ништо помалку отровни и останатите негови делови. Алкалоидите кои се наоѓаат во тисот може да предизвикаат: грчеви, парализа, а во најлошиот случај може да дојде до срцев удар.rnrn5-7-smrtonosni-rastenija-koi-mozhebi-gi-imate-vo-vashiot-dom-ili-gradinarn

    6. Хортензија

    rnОва прекрасно цвеќе содржи опасен отров, цијанид. Но, не грижете се премногу. Луѓето и животните би требало да изедат „голема“ количина од него за да им наштети.rnrn6-7-smrtonosni-rastenija-koi-mozhebi-gi-imate-vo-vashiot-dom-ili-gradinarn

    7. Филодендрон

    rnБилниот сок кој го содржи филодендронот може да ѝ наштети на кожата и на усната празнина. Може да дојде до отежнато дишење, оток на грлото и стомачни болки. Па затоа би било добро оваа билка да не ја чувате во вашиот дом, доколку имате мали деца и домашни миленичиња.rnrnPhilodendron scandensrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 неверојатни употреби на сода бикарбоната

    5 неверојатни употреби на сода бикарбоната

    Сте знаеле ли дека сода бикарбоната може да има безброј придобивки во вашиот живот? Погледнете го ова одлично видео кое ќе ви покаже 5 одлични начини на кои таа може да ви помогне во вашето секојдневие…rnrnrnrn1. Храна за вашите растенија – Освежете ги вашите цвеќиња така што одвреме-навреме ќе ги полевате со 1 лажичка сода бикарбона, растворена во 2 литри вода. Вашите цвеќиња ќе ви бидат благодарни!rnrn2. Помош при изгореници – Следниот пат кога ќе се изгорите на шпоретот, брзо турете малку сода бикарбона во сад со вода со мраз, потопете крпа или газа во неа и потоа поставете ја на изгореницата. Нанесувајте сè додека изгореницата не престане да ви предизвикува чувство на топлина.rnrn3. Одржување на хигиената – Последниот оброк ви содржел премногу лук или кромид? Нема проблем. Во половина чаша со вода турете една лажица сода бикарбона и потоа прочистете го вашето грло со помош на оваа мешавина која веднаш ќе ја неутрализира непријатната миризба. Таа исто така е и природен дезодоранс, па и покрај тоа што нема да мирисате на цвеќиња по нанесувањето на една лажичка сода бикарбона под вашите пазуви, сепак нема да мирисате ни на спротивните екстреми.rnrn4. Омекнување на месото – Нанесете малку сода бикарбона на сировото месо, оставете го во фрижидер од 3 до 5 часа и потоа добро исплакнете го пред готвење. Местото ќе биде толку меко, што ќе се топи во вашата уста.rnrn5. Освежувач на простории – Доколку сакате да ги неутрализирате непријатните миризби во просторијата, шкафот или фиоките, тогаш турете 3 до 5 супени лажици сода бикарбона во чист чорап и заврзете го на врвот и сместете го некаде каде што нема да се забележува. Во текот на месецот вашата просторија ќе биде многу посвежа од претходно…rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мистичниот свет на печурките

    Мистичниот свет на печурките

    Повеќето луѓе сметаат дека печурките се мали и грди братучеди на кралството на растенија, но би се изненадиле колку прекрасни тие знаат да бидат. Овие интересни фотографии, кои биле направени од голем број ентузијасти ќе ви го покажат неверојатниот и мистичен свет на печурките кој едвај чека да биде истражен.rnrnМистичниот свет на печуркитеrnrn

    rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Уникатни форми на цвеќиња кои личат на нешто друго

    Уникатни форми на цвеќиња кои личат на нешто друго

    Цвеќињата, како репродуктивни органи, еволуирале со една примарна цел – да привлекуваат опрашувачи како инсекти и птици. Оваа функција придонела тие да се развијат во многу различни облици и бои од кои некои личат на препознатливи фигури, растенија и животни.rnrn

    Орхидеја во форма на мајмунско лице (1)
    Орхидеја во форма на мајмунско лице (1)
    rnrn
    Орхидеја во форма на мајмунско лице (2)
    Орхидеја во форма на мајмунско лице (2)
    rnrn
    Орхидеја во форма на мајмунско лице (2)
    Орхидеја во форма на мајмунско лице (2)
    rnrnБоите на овие колоритни орхидеи привлекуваат инсекти и птици, сигнализирајќи дека цвеќињата се полни со сладок нектар. Нивните форми од друга страна, често еволуираат за да привлекуваат или сместуваат опрашувачи, додека истовремено ги одвлекуваат паразитите и други штетни опрашувачи. Некои цвеќиња се повеќе гостопримливи кон пчелите додека други привлекуваат колибри или разни инсекти.rnrnНивните прекрасни бои и различноста привлекуваат уште некого – нас. Љубителите на орхидеи ги сакаат овие цвеќиња заради нивната сличност со други работи, кои и покрај тоа што се тотално коинцидентни, истовремено се и екстремно забавни.rnrn

  • Прекрасни креации од разнобојни растенија

    Прекрасни креации од разнобојни растенија

    Интернационалниот натпревар во хортикултурна уметност кој се одржува во Монтреал, Канада е вистинско уживање за артистичките души и љубители на природата. Настанот има натпреварувачки карактер, а опфаќа креирање и монтирање на живи уметнички дела од растенија со листови во разни бои.Прекрасни креации од разнобојни растенијаИзложбата е отворена на 22 јуни годинава и ќе трае до 29 септември во Ботаничката градина на Монтреал. За креациите се користат 22.000 видови растенија кои се распределени во 10 изложбени оранжерии и тематски градини.Прекрасни креации од разнобојни растенијаНие ви пренесуваме дел од овие убавини преку селекција на фотографии од најинтересните креации, а за повеќе ве упатуваме на Фликр.Прекрасни креации од разнобојни растенија Прекрасни креации од разнобојни растенија Прекрасни креации од разнобојни растенија Прекрасни креации од разнобојни растенија Прекрасни креации од разнобојни растенија Прекрасни креации од разнобојни растенија Прекрасни креации од разнобојни растенија Прекрасни креации од разнобојни растенија Прекрасни креации од разнобојни растенија Прекрасни креации од разнобојни растенија Прекрасни креации од разнобојни растенија Прекрасни креации од разнобојни растенија Прекрасни креации од разнобојни растенија
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Уметноста на природата во раните утрински часови

    Уметноста на природата во раните утрински часови

    Навечер, кога влажноста на воздухот е на високо ниво, во корените на растенијата навлегува повеќе вода отколку што им е потребно. Таа полека се собира во растението, притоа создавајќи мал притисок во коренот. По некое време притисокот предизвикува водата да почне да излегува низ одредени листови и рабови на растението и на тој начин се формираат водени капки кои буквално изгледаат како мали дијаманти. Погледнете ги наредниве неколку фотографии каде што природата создава своја уметност преку овој фасцинантен феномен, попознат како утринска роса.rnrnУметноста на природата во раните утрински часови Уметноста на природата во раните утрински часови Уметноста на природата во раните утрински часови Уметноста на природата во раните утрински часови Уметноста на природата во раните утрински часови Уметноста на природата во раните утрински часови Уметноста на природата во раните утрински часови Уметноста на природата во раните утрински часови Уметноста на природата во раните утрински часови Уметноста на природата во раните утрински часови Уметноста на природата во раните утрински часови Уметноста на природата во раните утрински часовиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Тотално безопасно оружје

    Тотално безопасно оружје

    Природата знае да биде опасно место за живеење, особено ако недоволно ја познавате или почитувате. Австралискиот уметник Соња Ренч (Sonia Rentsch) е очигледно во клубот на нејзини почитувачи, со оглед на тоа што ја искористила за да испрати уникатна порака за мир, a опасното да го претвори во безопасно. Изработила пиштоли, гранати и куршуми од растенија, кои совршено ја доловуваат нивната форма. За секој дел од оружјето, избрала соодветен дел од природата.rn(1) Тотално безопасно оружјеУникатната уметност на Соња ја фотографирал Алберт Компер (Albert Comper). Ако ве интересираат и другите дела на Австралијката, слободно ѕирнете во нејзиното портфолио, секако откако ќе ги разгледате овие фантастични парчиња современа уметност. Со ова модерно и безопасно оружје, Соња може брзо и лесно да ве „разоружи“. 🙂(2) Тотално безопасно оружје(3) Тотално безопасно оружје(4) Тотално безопасно оружје(5) Тотално безопасно оружје(6) Тотално безопасно оружје
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn