КАФЕ ПАУЗА

Tag: растенија

  • 10 билки кои Индијнците ги користеле за лекување

    10 билки кои Индијнците ги користеле за лекување

    Чироки Индијанците верувале дека нашиот креатор ни дал сè што ни е потребно. Овде спаѓаат и лековитите билки за секоја болест. Тие ги користеле овие билки и растенија за лекување стотици години. Погледнете за кои станува збор и за што ги користеле.rn

    1. Нане

    rn(1)10-bilki-i-rastenija-shto-gi-koristele-indijancite-za-lekuvanje-kafepauza.mk.jpgrnrnЧајот од нане помага со проблемите со стомакот. Индијанците ги гмечеле листовите нане и правеле облоги кои ги ублажувале болките и чешањето. Нането исто така е корисно за алергии, замор и гадење.rn

    2. Штавеј

    rn(2)10-bilki-i-rastenija-shto-gi-koristele-indijancite-za-lekuvanje-kafepauza.mk.jpgrnrnОва растение се користи за готвење бидејќи неговите корени се богати со витамини и минерали. Неговите листови се богати со железо и имаат лаксативни ефекти. Згмечените корења измешани со топла вода ги користеле како антисептик.rn

    3. Капинка

    rn(3)10-bilki-i-rastenija-shto-gi-koristele-indijancite-za-lekuvanje-kafepauza.mk.jpgrnrnКапинките се богати со антиоксиданси кои го зајакнуваат имунитетот и го подобруваат здравјето на кардиоваскуларниот систем. Го користеле за проблеми со стомакот. Листовите ги џвакале за да ги смират воспалените непца, а чајот од капинка ги намалува отоците на зглобовите.rn

    4. Трска

    rn(4)10-bilki-i-rastenija-shto-gi-koristele-indijancite-za-lekuvanje-kafepauza.mk.jpgrnrnЛесна е за варење, а се верува дека со нејзино консумирање може да се спречат некои болести или пак да се забрза процесот на оздравување.rn

    5. Ајдучка трева

    rn(5)10-bilki-i-rastenija-shto-gi-koristele-indijancite-za-lekuvanje-kafepauza.mkrnrnАјдучката трева ја користеле за надворешни повреди. Тие нанесувале свежи згмечени листови од ајдучка трева на отворена рана со цел да го намалат крвавењето и да ги спречат инфекциите. Чајот од ова растение пак помага во дигестијата и во проблемите со бубрезите.rnrnПогледнете ги и останатите растенија и билки на следната страница…rn

  • 12 растенија кои ќе ви помогнат да се ослободите од стресот

    12 растенија кои ќе ви помогнат да се ослободите од стресот

    Секој, без разлика што работи или какво е неговото семејство, се соочува со стрес во некои периоди од животот. И сите си имаат различен начин за справување со стресот: Некои луѓе вежбаат, некои наоѓаат утеха во храната, некои разговараат со пријателите и семејството, а некои пак, едноставно чекаат да помине.rnrn(13)12-rastenija-koi-kje-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-stresot-kafepauza.mkrnrnНо, има еден навистина ефективен метод за ослободување од стрес – промена во растенијата кои ги јадете и со кои сте опкружени. Можеби изгледа премногу едноставно, но јадењето, мирисањето и садењето на одредени растенија може значително да го подобри вашето здравје. Погледнете за кои растенија станува збор.rn

    1. Нане

    rn(1)12-rastenija-koi-kje-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-stresot-kafepauza.mkrnrnНането е одлично за намалување на стресот. Есенцијалното масло од нане е многу ефективно за намалување на главоболки. Тоа исто така може да ја намали фрустрацијата и да го зголеми вниманието.rn

    2. Грашок

    rn(2)12-rastenija-koi-kje-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-stresot-kafepauza.mkrnrnКога јадете грашок, не само што внесувате големи количини железо и хранливи влакна, туку внесувате и многу фолати кои го намалуваат нивото на стрес. Намаленото ниво на фолати многу често се поврзува со депресија. Кога ќе се осигурите дека ги внесувате доволно, вашето расположение ќе се подобри и ќе можете да се справите со стресот и депресијата.rn

    3. Камилица

    rn(3)12-rastenija-koi-kje-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-stresot-kafepauza.mkrnrnЗдравствените својства на камилицата се познати уште од древните времиња. Камилицата ги намалува симптомите кај луѓето со анксиозно нарушување. Таа исто така се користи и во борбата против несоницата. Кога ќе го добиете потребниот сон, вашето тело се одмара и нивото на стрес значително се намалува.rn

    4. Шери домати

    rn(4)12-rastenija-koi-kje-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-stresot-kafepauza.mkrnrnДоматите содржат многу од состојката ликопен. Бидејќи ликопенот се наоѓа во лушпата на доматот, шери доматите се подобри од обичните. Ликопенот е моќен антиоксиданс кој го контролира стресот во вашето тело.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Жените кои се опкружени со растенија живеат подолго

    Жените кои се опкружени со растенија живеат подолго

    Ново истражување покажува дека живеењето во куќа полна со растенија, може да го продолжи вашиот живот. Ова истражување ги анализира резултатите од 8-годишна студија која барала потенцијална поврзаност помеѓу вегетацијата и должината на животот.rnrn(1)zhenite-koi-se-opkruzheni-so-rastenija-zhiveat-podolgo-kafepauza.mkrnrnРезултатите? Жените кои живееле во најзелено опкружување имале понизок морталитет за 12% за разлика од жените кои живееле во дом без растенија. И овие жени не само што живееле подолго, туку имале и подобро ментално здравје.rnrn(2)zhenite-koi-se-opkruzheni-so-rastenija-zhiveat-podolgo-kafepauza.mkrnrnПоврзаноста меѓу зеленилото и морталитетот доаѓа од неколку различни компоненти. Луѓето опкружени со растенија покажале пониско ниво на депресија, зголемени можности за социјална интеракција, поголема физичка активност и намалена изложеност на загаден воздух. Но има и подобри новости: Ова истражување не било мало, во него учествувале 108.630 жени од 2000 до 2008 година.rnrn(3)zhenite-koi-se-opkruzheni-so-rastenija-zhiveat-podolgo-kafepauza.mkrn

    „Бевме изненадени од силната поврзаност помеѓу изложеноста на зеленило и намалувањето на морталитетот“, рекол Питер Џејмс, научник кој работел на истражувањето. „Уште поизненадени бевме од доказите дека зеленилото помага во подобрувањето на менталното здравје.“

    rnПа, ако сте под стрес, или пак сакате да додадете неколку години на вашиот живот, купете си некое растение. Само обидете се да не го „убиете“ за еден месец.rnrnПогледнете и кои растенија можете да ги одгледувате во вашата кујна.

  • Прекрасни фотографии од невидливата светлина која ја емитуваат растенијата

    Прекрасни фотографии од невидливата светлина која ја емитуваат растенијата

    Исто како што флуоросцентните предмети сјаат на црна светлина, речиси секоја органска материја сјае барем малку кога ќе се изложи на УВ светлина. Фотографот Крег Буроус фотографирал растенија во потполна темница со цел да ја фати светлина која ја емитуваат. Секојпат кога цветовите се изложени на сончева светлина тие сјаат, но поради светлината од сонцето, тој сјај за нас е невидлив. Овие фотографии ни покажуваат нешто што се случува пред нас но ние не можеме да го видиме.rnrn(1)prekrasni-fotografii-od-nevidlivata-svetlina-koja-ja-emituvaat-rastenijata-kafepauza.mkrnrn(2)prekrasni-fotografii-od-nevidlivata-svetlina-koja-ja-emituvaat-rastenijata-kafepauza.mkrnrn(3)prekrasni-fotografii-od-nevidlivata-svetlina-koja-ja-emituvaat-rastenijata-kafepauza.mkrnrn(4)prekrasni-fotografii-od-nevidlivata-svetlina-koja-ja-emituvaat-rastenijata-kafepauza.mkrnrn(5)prekrasni-fotografii-od-nevidlivata-svetlina-koja-ja-emituvaat-rastenijata-kafepauza.mkrnrnПродолжете на следната страница за повеќе магични фотографии…rnrn

  • Најновите истражувања откриваат: Растенијата можат да „чујат“ како ги јадете

    Најновите истражувања откриваат: Растенијата можат да „чујат“ како ги јадете

    Најверојатно никогаш не сте размислиле два пати пред да изедете салата, но се чини дека растенијата не се толку бесчувствителни колку што мислиме. Истражувачите од Универзитетот во Мисури откриле дека растенијата реагираат кога се нападнати. Тие забележале дека растенијата можат да распознаваат звуци, па така можат да „чујат“ кога некој ги јаде и да реагираат соодветно.rnrnНајновите истражувања откриваат: Растенијата можат да „чујат“ како ги јадетеrnrnНа пример, растенијата заземале одбранбен став како реакција на звукот што го правеле гасениците додека ги јаделе. Растенијата кои го слушале звукот ослободувале повеќе од течностите што не им се допаѓале на гасениците за да се заштитат. Интересно е тоа што кога го слушале звукот на ветрот, кој е сличен на звукот што го прават гасениците, тие не ослободувале повеќе течности бидејќи не сакале залудно да ги трошат нивните одбранбени механизми.rn

    „Вреди да се спомене тоа што кога растенијата се изложени на вибрации кои имаат некои заеднички особини со звукот што го прават гасениците додека јадат, како оние на нежното ветре на пример, тие не ја засилуваат нивната хемиска одбрана. Тоа значи дека растенијата можат да ги распознаат вибрациите на хранењето од останатите природни извори на вибрации“, објасниле истражувачите.

    rnМора да признаеме дека ова откритие може целосно да го промени ставот на луѓето кои се исхрануваат исклучиво со растенија. Останува да видиме дали истражувањево ќе побуди некои морални дилеми кај вегетаријанците и веганите.rnrnДознајте и што ќе се случи ако сите луѓе на планетата станат вегетаријанци до 2050 година.

  • Растенија кои ќе ви помогнат да се заштитите од досадните комарци

    Растенија кои ќе ви помогнат да се заштитите од досадните комарци

    Познато е дека комарците го пренесуваат вирусот „зика“ кој претставува сè поголем проблем во одредени делови од светот. Иако нашата земја во моментов не е во опасност, добро е да знаете кои билки ги одбиваат комарците, без разлика дали ја пренесуваат оваа болест или не. За да бидете сигурни, заштитете се на време и имајте убави и пријатни летни ноќи.rnrn1-11-bilki-koi-kje-vi-pomognat-da-se-zashtitite-od-dosadnite-komarci-www.kafepauza.mk_rn

    1. Босилек (Ocimum basilicum)

    rnОсвен што ѝ дава одличен вкус на италијанската храна, босилекот исто така, е одличен при одбивањето на комарци.rnrn2-11-bilki-koi-kje-vi-pomognat-da-se-zashtitite-od-dosadnite-komarci-www.kafepauza.mk_rn

    2. Валеријана (Valeriana officinalis)

    rnНеколку студии покажале дека оваа билка овозможува и до 10 пати поголема заштита од комарци за разлика од други спрејови создадени за таа цел.rnrn3-11-bilki-koi-kje-vi-pomognat-da-se-zashtitite-od-dosadnite-komarci-www.kafepauza.mk_rn

    3. Свилен конец (Ceiba speciosa)

    rnОва дрво има доста непријатен и одбивен мирис за комарците, но не и за луѓето. Затоа свилениот конец може да ви послужи како прекрасен украс во вашиот дом или градина.rnrn4-11-bilki-koi-kje-vi-pomognat-da-se-zashtitite-od-dosadnite-komarci-www.kafepauza.mk_rn

    4. Здравец (Geranium macrorrhizum)

    rnОва билка е доста лесна за одржување, а одлично штити од непосакуваните комарци.rnrn5-11-bilki-koi-kje-vi-pomognat-da-se-zashtitite-od-dosadnite-komarci-www.kafepauza.mk_rn

    5. Маточина (Melissa officinalis)

    rnНаберете неколку листови, смачкајте ги помеѓу вашите дланки и истријте ги на кожата за да се заштитите од комарците.rnrn6-11-bilki-koi-kje-vi-pomognat-da-se-zashtitite-od-dosadnite-komarci-www.kafepauza.mk_rn

    6. Цитронела (Pelargonium ‘citrosum’)

    rnОд оваа билка можете да направите мелем во комбинација со уште некоја од билките на оваа листа или пак, едноставно истријте ја кожата со неа.rnrn8-11-bilki-koi-kje-vi-pomognat-da-se-zashtitite-od-dosadnite-komarci-www.kafepauza.mk_rn

    7. Лаванда (Lavandula angustifolia)

    rnЛаванда многу ефикасно ги одбива комарците. Освен тоа што ќе се ослободите од досадните и непосакувани комарци, исто така, вашата градина ќе мириса како никогаш до сега.rnrn9-11-bilki-koi-kje-vi-pomognat-da-se-zashtitite-od-dosadnite-komarci-www.kafepauza.mk_rn

    8. Мајчина душичка (Thymus)

    rnКиселата арома ги одбива штетните инсекти, како што се комарците, а ги привлекува оние корисните, односно пчелите. Ова билка можете благо да ја истриете од кожата, на ист начин како стиковите, и ќе ви послужи како одлична заштита против комарци. Нема да предизвикате никаква иритација на вашата кожа.rnrn10-11-bilki-koi-kje-vi-pomognat-da-se-zashtitite-od-dosadnite-komarci-www.kafepauza.mk_rn

    9. Невен (Calendula officinalis)

    rnМногу лесно расте и се размножува, а бубачките и инсектите не го поднесуваат неговиот мирис.rnrn11-11-bilki-koi-kje-vi-pomognat-da-se-zashtitite-od-dosadnite-komarci-www.kafepauza.mk_rn

    10. Нане (Mentha) и рузмарин (Rosmarinus officinalis)

    rnОвие две билки ги одбиваат комарците, а освен тоа имаат многубројни намени во кујната.rnrn12-11-bilki-koi-kje-vi-pomognat-da-se-zashtitite-od-dosadnite-komarci-www.kafepauza.mk_ 13-11-bilki-koi-kje-vi-pomognat-da-se-zashtitite-od-dosadnite-komarci-www.kafepauza.mk_rnrnДа го споиме убавото и корисното. Секоја од овие билки е одличен украс за вашиот дом или градина, но и мирисаат преубаво. Плус, ги спречуваат комарците да ви се приближуваат, па затоа и се одлично решение за секој дом.

  • Кои се најотровните растенија во светот?

    Кои се најотровните растенија во светот?

    Флората и вегетацијата на нашата планета се доста распространети и до ден денес постојат растенија кои допрва треба да се откријат и именуваат. Покрај прекрасните цветови со опојни мириси, вкусните плодови и големите дрвја, постојат и неколку растенија кои се доста отровни и опасни, па дури и смртоносни. Според некои теории, растенијата развиле одредени токсини за самоодбрана. Некои од нив содржат комбинации од хемиски соединенија кои се ефикасни во борбата со инсектите, штетниците и другите микроорганизми, но дел од нив можат да им штетат и на луѓето. Во продолжение прочитајте кои се најопасните растенија во светот.rn

    Лутиче

    rnКои се најотровните растенија во светот?rnrnГрадинарот кој го одгледувал ова цвеќе во 2014-тата година во Велика Британија починал под мистериозни околности откако му откажале сите органи. Иако причината за неговата смрт не била откриена, се претпоставува дека несреќниот градинар најверојатно починал откако имал контакт со растението по име лутиче (латинско име: Aconitum napellus), кое припаѓа на родот скриеносемени растенија. Најотровниот дел на растението е неговиот корен, но доволна количина на отров содржат и неговите листови. Невротоксините од растението може да се апсорбираат преку кожата, а некои од симптомите се мачнина, повраќање, вкочанетост и дијареја. Покрај овие симптоми, ова смртоносно растение ја забавува работата на срцето сѐ додека тоа целосно не запре да чука. Во 2010-тата година, една жена, Лаквир Синг, била осудена за убиството на нејзиниот љубовник откако му ставила лутиче во чајот.rn

    Манчинелово дрво

    rnКои се најотровните растенија во светот?rnrnУште едно озогласено растение е манчинеловото дрво (латинско име: Hippomane mancinella), кое уште се нарекува и „дрвото на смртта“. Неговиот плод наликува на јаболко, па понекогаш се нарекува и „јаболкото на смртта“. Расте во јужните делови на Северна Америка и северните делови на Јужна Америка и толку е отровно што кога врне дожд, не се препорачува да се стои под него. Имено, органското соединение форбол, во комбинација со дождот може да предизвика тешки изгореници. Горењето на дрвото исто така не се препорачува, бидејќи чадот е токсичен и може да предизвика привремено слепило на личноста која се наоѓа во негова близина. Едно консумирање на плодот може да убие.rn

    Рицинус

    rnКои се најотровните растенија во светот?rnrnПокрај своите раскошни црвени плодови и неговата широка примена во народната и алтернативната медицина, рицинусот (латинско име: Ricinus communis) е многу отровно растение. Отровни се сите негови делови, но најголема концентрација на токсини содржи неговото семе. Симптомите на труење со рицинус се повраќање и дијареја кои можат да траат со недели додека не настапи смрт поради откажувањето на некои органи.rn

    Раково око

    rnКои се најотровните растенија во светот?rnrnРастението раково око (латинско име: Abrus precatorius) содржи една отровна супстанца наречена абрин која се наоѓа во изразено црвените семки кои пак се користат во изработката на накит. Само едно семе од растението кое расте во Индонезија може да биде фатално за човечкиот организам, но само доколку се изџвака.rn

    Самоубиствено дрво

    rnКои се најотровните растенија во светот?rnrnДоволно е да го слушнете неговото име и да знаете дека не треба да се приближувате до ова растение. Самоубиственото дрво (латинско име: Cerbera odollam) расте во Јужна Азија и Керала, провинција во Индија. Отровни се сите негови делови, почнувајќи од коренот па сѐ до самиот цвет. Според последните истражувања, во последните неколку години во Индија биле пријавени дури 500 смртни случаи поради труење со ова растение, од кои голем број се прогласени за самоубиство. Растението содржи тежок отров кој го напаѓа срцето и ја запира неговата работа по само неколку часа.

  • Запознајте го човекот кој ја победил пустината

    Запознајте го човекот кој ја победил пустината

    Јокуба Савадого е еден иновативен африкански земјоделец кој во последниве 30 години патувал низ пустините за да ги оживее старите техники на пошумување и конзервација на почвата. Неговите единствени алати се лопатата и силната верба дека сѐ може да тргне и да се промени на подобро. Неговите неверојатни резултати зборуваат сами за себе.rnrnЗапознајте го човекот кој ја спаси пустинатаrnrnВо 1980-тите, една долга и опасна суша го зафатила регионот Сахел во Африка, уништувајќи сѐ што е зелено и вегетативно, намалувајќи ја влажноста во воздухот и дождовите за 80% и претворајќи ги големите површини зелено копно во пустина. За да преживее, поголемиот дел од населението морало да си замине, но Јокуба останал.rnrnЗапознајте го човекот кој ја спаси пустинатаrnrnНе знаејќи да чита, ниту да пишува и без никакви модерни помагала и техники, Јокуба продолжил да ја користи старата африканска пракса за одгледување растенија наречена „заи“. Тој најпрвин засадува семиња во мали дупки полни со компост, а потоа, за време на дождовната сезона, ги полни дупките со вода за да може да се задржат влажноста и хранливите материи во сушните периоди.rnrnЗапознајте го човекот кој ја спаси пустинатаrnrnОвој експеримент на Јокуба бил успешен и квалитетот на почвата е на многу повисоко ниво од порано. Покрај просото и соргото, тој засадил и нови дрвја кои успеале да ги дополнат подземните води. Почвата и органските материи кои се наоѓаат под дрвјата помагаат земјиштето подобро да ја апсорбира водата.rnrnЗапознајте го човекот кој ја спаси пустинатаrnrnПриказната на Јокуба станала позната во светот во 2010-тата година, кога тој бил дел од документарниот филм „Човекот кој ја запре пустината“. Сите собрани средства биле донирани во ресторацијата и обновување на локалните шуми и во нови тренинг програми за земјоделците кои сакаат да ја научат техниката на Јокуба. Денес, „заи“ се учи низ целиот регион и локалните земјоделци знаат како да ја задржат сигурноста на нивната храна и да се прилагодат на климатските промени.rnrn

  • 5 домашни растенија за спалната соба кои ја лечат несоницата

    5 домашни растенија за спалната соба кои ја лечат несоницата

    Освен што можат да послужат како одлична декорација за домот, домашните растенија и билки можат да го подобрат вашиот живот и здравјето. Некои од нив се познати по нивните смирувачки и детоксикациски својства и влијанија на телото, а некои пак можат да ги успијат луѓето и да им помогнат со проблемите со спиењето. Во продолжение прочитајте кои од овие 5 домашни растенија треба да ги имате во спалната соба доколку страдате од несоница.rn

    1. Бамбусова палма (Chrysalidocarpus Lutescens)

    rn5 домашни растенија за спалната соба кои ја лечат несоницатаrnrnОва растение го прочистува воздухот и ги отстранува токсините и јаглеродниот диоксид. Бидејќи го навлажнува воздухот, ова растение е особено пожелно во зимските месеци кога грлото и носот се сушaт од топлиот воздух и греењето, поради кои често тешко заспиваме.rn

    2. Алое вера (Aloe Vera)

    rn5 домашни растенија за спалната соба кои ја лечат несоницатаrnrnЛековитоста на ова растените е позната на многумина, а од неа се изработуваат и најразлични препарати за негата на кожата и косата. Алое вера е нетипично растение кое излачува повеќе кислород од преостанатите растенија, па затоа е добро доколку се чува во спалната соба бидејќи ја подобрува белодробната состојба и имунитетот.rn

    3. Фикус Бенџамин (Ficus Benjamina)

    rn5 домашни растенија за спалната соба кои ја лечат несоницатаrnrnОва растение е број 1 во светот на билките кои го прочистуваат воздухот. Фикусот Бенџамин отстранува дури 70% од бензен, амонијак и толуен, како и други нечистотии во воздухот кои лачат синтетички материјали со лош квалитет од мебелот. Овој фикус ќе им помогне на оние личности кои подолго време престојуваат во собата во која се наоѓаат, а и ќе го украси целиот простор.rn

    4. Сансеверија (Sansevieria Trifasciata)

    rn5 домашни растенија за спалната соба кои ја лечат несоницатаrnrnОва растение е особено добро за дишните патишта и имунитетот на телото. Ја намалува главоболката и го снижува крвниот притисок, како и ја неутрализира количината на јаглероден диоксид во просторијата во текот на ноќта. Сансеверијата гарантира добар одмор.rn

    5. Нефролепис (Nephrolepis)

    rn5 домашни растенија за спалната соба кои ја лечат несоницатаrnrnОвој домашен папрат е богат со есенцијални масла, флавониди и други корисни материи кои имаат смирувачко дејство врз нервниот систем. Нефролеписот помага во соочувањето со последиците од стресот, а како резултат на тоа го олеснува и заспивањето.

  • 9 растенија кои можете да ги одгледувате во вашата кујна

    9 растенија кои можете да ги одгледувате во вашата кујна

    Идејата за одгледување растенија покрај прозорецот во кујната станува сѐ попопуларна. Замислете колку би било прекрасно да ги имате сите органски растенија при рака кога ќе ви притребаат. Ако ви се допаѓа оваа идеја, тогаш откријте како лесно можете да ги одгледувате растенијата кои често ги користите при готвењето и во исхраната.rn

    1. Зелена салата

    rn9 растенија кои може да ги одгледувате во вашата кујнаrnrnОдгледувањето зелена салата е лесна задача. Ставете го белиот корен на зелената салата во стаклена тегла полна со вода, а потоа поставете го растението на сонце и не заборавајте одвреме-навреме да ги прскате корењата со вода за да не се исушат. После неколку дена ќе забележите дека се формирале нови лисја и корења. По една недела може да го ставите растението во земја, оставајќи ги лисјата над земјата. Подгответе се за жетва за само неколку недели. Алтернативно, можете растението да го ставите директно во земја. Во тој случај тоа треба да се наводнува интензивно во текот на првата недела, додека не се појават првите никулци.rn

    2. Ѓумбир

    rn9 растенија кои може да ги одгледувате во вашата кујнаrnrnОдгледувањето ѓумбир е исто така многу лесно. Едноставно ставате едно парче ризом од ѓумбирот во земја, со пупките свртени нагоре. Тој има потреба од силна светлина, но не треба да биде директно изложен на сонце. Не заборавајте да го наводнувате и вашето растение набрзо ќе пушти нови корења. Кога ѓумбирот ќе порасне, може да го извадите од земјата, да ги откинете посакуваните делови и повторно да го пресадите.rn

    3. Лимонова трева

    rn9 растенија кои може да ги одгледувате во вашата кујнаrnrnКако и обичната трева, така и оваа, за да израсне на коренот му е потребна само чаша за вода и сончева светлина. Таа ќе почне да расте за нешто повеќе од една недела, а потоа ќе треба да ја пресадите во саксија. Кога стебленцата ќе пораснат околу 30 сантиметри во висина, пресечете го целиот дел што е над земјата. Не грижете се, тие повторно ќе пораснат.rn

    4. Праз

    rn9 растенија кои може да ги одгледувате во вашата кујнаrnrnОстатоците од празот што сте го подготвувале за готвење ставете ги во чаша со малку вода и оставете ја на место изложено на сончева светлина, на пример покрај кујнскиот прозорец. Во зима подобро најдете место каде што нема многу провев. Делот од растението кој се јаде веднаш ќе почне да расне, па сѐ што треба да направите е да го пресечете кога е потребно. Не заборавајте да му долевате вода еднаш во неделата.rn

    5. Рукола

    rn9 растенија кои може да ги одгледувате во вашата кујнаrnrnНа руколата не ѝ е потребно многу земја и најдобро расте во ретка, растресита земја. Посејте неколку зрна семе од рукола во саксија, прекријте ги со слој сува земја дебел околу 1,5 сантиметри и полејте со топла вода. Прекријте ги со парче проѕирна фолија и ставете ги на топло место. За 3-7 дена ќе се појават првите никулци. Тогаш треба да ја отстраните фолијата и да го пресадите растението во поголема саксија. Кога лисјата ќе достигна 10 сантиметри во висина, може да почнете да ги собирате.rn