КАФЕ ПАУЗА

Tag: растенија

  • Доаѓа зима: Еве како да се грижите за вашите украсни растенија

    Доаѓа зима: Еве како да се грижите за вашите украсни растенија

    Во текот на ладните есенски и зимски денови, поголемиот дел од вашите украсни растенија најдобро е да ги внесете дома. Но, постојат две места во домот кои никако не им одговараат (истото важи и за цвеќињата кои постојано ги чувате внатре).rnrnДоаѓа зима: Еве како да се грижите за вашите украсни растенијаrn

    Каде да ги чувате вашите украсни растенија?

    rnВо прашање се места покрај прозорците низ кои пробива ладен воздух (треба да внимавате и листовите од цвеќињата да не ги допираат ладните прозорски стакла) и местата што се покрај извори на топлина, како печка или радијатор, затоа што топлината ја извлекува влагата од растенијата, па тие може брзо да се исушат.rnrnТоа ќе го забележите по листовите кои постепено избледуваат, односно почнуваат да венеат.rn

    Поретко полевање на украсните растенија во текот на зимата

    rnПоради намалената сончева светлина, домашните растенија во текот на зимата растат побавно, па заради тоа не им треба толку вода како во топлите месеци. Претераното полевање може да им предизвика различни болести на растенијата.rn

    Што повеќе светлина

    rnБидејќи има помалку сончева светлина, обидете се да ги тргнете сите пречки кои може да предизвикаат намалена апсорпција на светлина кај растенијата. Затоа и редовно бришете им ја прашината од листовите.rnrnПрочитајте и зошто е важно вашиот дом постојано да биде полн со цвеќиња.

  • Се борите со анксиозност, панични напади и депресија? Чувајте јасмин во вашата соба!

    Се борите со анксиозност, панични напади и депресија? Чувајте јасмин во вашата соба!

    Мирисот на јасминот има неверојатен ефект на вашето тело. Кога станува збор за смирување на телото и умот, истражувачите велат дека мирисот на јасминот има слични ефекти како дрога.rnrn(1) rastenie-jasmin-pomaga-pri-ankcioznos-panichni-napadi-i-depresijarnrnОвој мирис има моќ да го подобри вашето расположение. Според неодамнешно истражување од страна на германски експерти, ова цвеќе помага при нарушување на сонот и негово подобрување.rnrnИстражувачите тестирале многу мириси на лабораториски глувци и луѓе во обид да откријат кој мирис влијае на невротрансмитерите во организмот. Дали сте знаете дека јасминот е исто толку ефикасен како и валиумот?rnrnЕве неколку интересни факти и неверојатни придобивки од ова растение:rn

      rn 011

    • Грците биле први кои ги откриле придобивките на јасминот.
    • rn 011

    • Есенцијалното масло од јасмин е одлично за масажа.
    • rn 011

    • Јасминот често се додава во козметичките производи, бидејќи има одличен ефект врз кожата.
    • rn 011

    • Мирисот на јасмин исто така помага при справување со депресија, стрес, вознемиреност и други ментални проблеми.
    • rn

    rn(2) rastenie-jasmin-pomaga-pri-ankcioznos-panichni-napadi-i-depresijarnrnЧувајте го ова растение во вашиот дом. Ќе ја обожавате неговата миризба и ќе спиете како бебе. Одлично е за во вашата спална соба, па не заборавајте да го поставите токму таму.rnrnШто се однесува до растенијата кои го прочистуваат воздухот во домот, можете да земете и алое вера, ѓаволски бршлен, бамбусова палма и многу други. Овие растенија ќе ви помогнат да спиете подобро и ќе ви го прочистат воздухот во вашиот дом.rnrnПрочитајте и зошто е важно вашиот дом постојано да биде полн со цвеќиња?.

  • 10 видови дрога што можеби растат во вашиот двор

    10 видови дрога што можеби растат во вашиот двор

    Дали некогаш сте се запрашале што е чудното растение кое расте во вашиот двор? На следната листа ќе најдете неколку навистина чудни дроги кои во зависност од местото на живеење можете да ги најдете на утринската прошетка, па дури и во вашиот двор. Некои од овие растенија се потенцијално најопасните и најзастрашувачките супстанци, па најдобро е воопшто да не ги допирате.rn

    1. Кадула

    rn10 видови дрога што можеби растат во вашиот дворrnrnSalvia divinorum изгледа како и секое нормално растение и спаѓа во родот нане. Но ако го ставите во вашето мохито, ќе добиете повеќе отколку што можете да издржите. Ако го џвакате или пушите, растението може да предизвика трпнење, губење на свесноста, па дури и гледање и слушање битија. Многу луѓе кои го пробале изјавиле дека почувствувале длабока поврзаност со природата, а расположението брзо им се подобрило. Но често има и несакани ефекти како дисфорија и целосен недостаток од човечка поврзаност. Интересно е што растението е легално во некои држави, иако повеќето се обидуваат да го контролираат.rn

    2. Морско оревче

    rn10 видови дрога што можеби растат во вашиот дворrnrnВо големи дози, оваа супстанца може навистина да ви ја искриви свеста. Ако го вдишете, пушите или изедете, ефектите кои се споредуваат со оние на ЛСД, можат да траат и до два дена. Мислите дека звучи забавно? По 30 минути предизвикува гадење и повраќање, а може да предизвика и сериозни проблеми со срцето. Дури и уживателите на психоделичните супстанци го избегнуваат бидејќи ризиците навистина ги надминуваат пријатните ефекти.rn

    3. Печурки

    rn10 видови дрога што можеби растат во вашиот дворrnrnПовеќето луѓе имаат слушнато за „магичните печурки“ кои ги обожавале хипиците од 1970-тите. Според наодите, луѓето ги користат овие печурки над 7.000 години, најчесто за религиски церемонии. Нивниот ефект често е нарекуван „буден сон“ и предизвикуваат смиреност, мир и прифаќање. Сепак, халуцинациите можат да тргнат на лошо и да траат и до 6 часа. Сигурно не сакате да живеете во хорор филм олку долго време.rn

    4. Афион

    rn10 видови дрога што можеби растат во вашиот дворrnrnОпиумот се добива од семето на афионот и често се користи за производство на морфиум и хероин. Како што претпоставувате, нелегално е да го поседувате, но во некои држави можете да го одгледувате. Ефектите од опиумот вклучуваат подобрено расположение, намалување на депресијата и физичката неудобност и поради ова е една од супстанците што предизвикуваат најголема зависност. Штом ќе станете зависни, почнувате да губите сеќавања и да се соочувате со сериозна несоница. Смртните случаи поврзани со опиум не се поради предозирање, туку поради рак, болести на црниот дроб и висок крвен притисок. Најстрашното нешто е што предозирањето со опиум е слично како неговите психоделични ефекти, па халуцинациите и плиткото дишење се игнорираат. Ова може да заврши со кома, а понекогаш и смрт.rn

    5. Татула

    rn10 видови дрога што можеби растат во вашиот дворrnrnОва растение обично расте во Северна Америка и со векови се користи како домашен лек. Но неодамна се дознале и неговите халуциногени својства. Според некои истражувања, неговото консумирање предизвикува поотворено и послободно размислување и ја подобрува креативноста. Но проблемот е што кога сте под негово дејство, речиси и да не можете да направите разлика помеѓу реалноста и фантазијата. Уште пострашно е што ефектите можат да траат со денови, да предизвикаат слепило, параноја, па дури и инфаркт.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 19 растенија и зеленчуци што можете да ги одгледувате само во чаша вода

    19 растенија и зеленчуци што можете да ги одгледувате само во чаша вода

    Растенијата можат да го направат домот многу поудобно место. Но, не сите луѓе се доволно трпеливи за да им ја пружат потребната грижа на растенијата. Дали знаевте дека има растенија што можете да ги одгледувате многу лесно, па дури и без почва? Погледне за кои станува збор.rn

    1. Лук

    rn19 растенија и зеленчуци што можете да ги одгледувате само во чаша водаrnrnАко ставите чешниња лук во вода, по некое време тие ќе изртат. Зелените листови што ќе се појават се јадат и можете да ги додадете во салата.rn

    2. Кинеска зелка

    rn19 растенија и зеленчуци што можете да ги одгледувате само во чаша водаrnrnНа кинеската зелка можат да ѝ пораснат нови листови дури и ако е останат само долниот дел. Поставете го долниот дел во сад со малку вода и листовите ќе почнат да растат од средината.rn

    3. Млад кромид

    rn19 растенија и зеленчуци што можете да ги одгледувате само во чаша водаrnrnСè што ви е потребно е чаша, вода и млад кромид за да имате бесконечна залиха од овој зеленчук. Отстранете го зелениот дел, а долниот дел од кромидот ставете го во сад со вода.rn

    4. Моркови

    rn19 растенија и зеленчуци што можете да ги одгледувате само во чаша водаrnrnЛистовите на морковите растат многу брзо ако ги ставите во плиток сад со вода. И овој дел од морковот се јаде и можете да го додадете во салата или да го измешате со мед.rn

    5. Праз

    rn19 растенија и зеленчуци што можете да ги одгледувате само во чаша водаrnrnОд долниот дел на празот оставете околу 5 центиметри и ставете го во сад со вода.rn

    6. Нане

    rn19 растенија и зеленчуци што можете да ги одгледувате само во чаша водаrnrnНането е одличен додаток за чај, слатки и разни сосови, а е навистина лесно да го одгледувате дома. Сè што треба да направите е да ги ставите неговите корења во вода.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 8 билки коишто со сигурност ќе ги избркаат комарците од вашиот дом

    8 билки коишто со сигурност ќе ги избркаат комарците од вашиот дом

    Убодите од комарец не само што чешаат и се досадни, туку може да претставуваат и значајна закана по здравјето. Комарците се сметаат за најсмртоносните инсекти во светот, бидејќи се преносители на екстремно опасни болести, како што се маларија, жолта чума, вирус чикунгунија, западнонилска треска, денга, филаријаза и зика вирус. Луѓето и животните ги привлекуваат комарците со мирисот на јаглероден диоксид и други примамливи мириси коишто ги испуштаме. За среќа, постојат природни ароми коишто ги бркаат комарците, а не содржат никакви хемикалии.rnrn8 билки коишто со сигурност ќе ги избркаат комарците од вашиот дом rnrnВо продолжените, прочитајте ги 8-те најпознати градински растенија, коишто можете да ги употребите за бркање на досадните комарци.rn

    1. Лаванда

    rnПријатниот мирис на лавандата е одбивен за комарците. Освен тоа, лаванадата има антигабични и антисептички својства. Можете да ја посадите во вашиот двор или во саксии сместени покрај врати или прозорци. За уште повеќе да се заштитите од комарците, можете да го протриете цветот на вашата кожа, за да испушти од своите масла.rnrn8 билки коишто со сигурност ќе ги избркаат комарците од вашиот дом rn

    2. Џунџуле

    rnЏунџулето е цвеќе коешто лесно се одгледува, а содржи тиофен, состојка којашто ги одбива инсектите. Џунџулето е ефикасно во одбивањето на комарците, трипсите, белокрилките, мексичката бубамара и други инсекти.rnrn8 билки коишто со сигурност ќе ги избркаат комарците од вашиот домrn

    3. Сардела

    rnСарделата е многу атрактивно декоративно растение, коешто исто така ги одбива комарците и неколку видови паразити. И покрај тоа што овие брзорастечки растенија сакаат топла, сончева и сува клима, тие можат да се одгледуваат и во постудени места и во саксии, а потребно е почесто да се поткаструваат.rnrn8 билки коишто со сигурност ќе ги избркаат комарците од вашиот домrn

    4. Рузмарин

    rnОва растение најчесто се користи како додатен зачин во јадења, но неговата дрвенеста арома е ефикасна и во одбивањето на комарците, молците коишто напаѓаат зелка и мувите што напаѓаат моркови. Рузмаринот е одлична заштита и за кога сакате да уживате покрај оган во природа, без да ве напаѓаат комарци. Сè што треба да направите е да ставите неколку ливчиња рузмарин во огнот, а мирисот којшто го испушта ќе ги избрка комарците.rnrn8 билки коишто со сигурност ќе ги избркаат комарците од вашиот домrn

    5. Нане

    rnОва е уште една билка којашто има повеќе примени и надвор од кујната. Истражувањата имаат откриено дека маслото од нане може да ги спречи маларијата, филаријазата и жолтата треска, во времетраење од 60-180 минути.rnrn8 билки коишто со сигурност ќе ги избркаат комарците од вашиот домrn

    6. Метвица

    rnМетвица е друго популарно природно растение од фамилијата на ментата, којашто ги брка комарците. Ако само ставите скршени стебленца од ова растение во вашите џебови, можете со сигурност да сметате дека комарците ќе бидат подалеку од вас. Ако живеете во куќа, добра идеја е да посадите метвица во дворот околу неа, за да ги обесхрабрите комарците од влегување во вашиот дом.rnrn8 билки коишто со сигурност ќе ги избркаат комарците од вашиот домrn

    7. Босилек

    rnБосилекот не е само вкусен зачин, којшто можете да го додадете во вашата паста, туку е одличен и за бркање комарци. Како резултат на интензивниот мирис којшто се емитува од неговите ливчиња, комарците одбиваат да бидат во близина на ова растение. Поточно, едно истражување дури тврди дека босилекот може да биде и потенцијално отровен за комарците.rnrn8 билки коишто со сигурност ќе ги избркаат комарците од вашиот домrn

    8. Мачкина трева

    rnНе само што вашата домашна мачка ќе ви биде благодарна доколку посадите мачкина трева во вашиот двор, туку и вие ќе можете да уживате во вашата прошетка низ градината, без да добиете непријатни убоди од комарци по вашето тело. Истражувањата покажале дека мачкината трева е всушност 10 пати поефикасна од активната состојка Н,Н-диетил-мета-толуамид (DEET) којашто ја содржат спрејовите против комарци.rnrn8 билки коишто со сигурност ќе ги избркаат комарците од вашиот домrnrnМоже да ве интересира и зошто комарците ве касаат повеќе од другите луѓе?

  • И растенијата се способни да „разговараат“ едни со други

    И растенијата се способни да „разговараат“ едни со други

    Растенијата немаат можност да се преселат или поместат доколку некое друго растение во околината на некој начин им пречи, па затоа развиле таканаречена комуникација со која избегнуваат непријатни ситуации. Според една нова студија спроведена на Универзитетот за земјоделски науки во Упсала, Шведска, тие умеат да разменат информации меѓу себе со помош на „сигнали“, и тоа преку коренот.rnrnИ растенијата се способни да „разговараат“ едни со другиrnrnВеќе е докажано дека кога постои „конкуренција“ над почвата, растенијата се способни да се прилагодат на околината, со цел да се избегнат пречките. Тоа го прават на најразлични начини, меѓу кои и насочување кон условите кои им се потребни и заобиколување или интензивно напредување кога се „загрозени“ од друго растение. Но, оваа „комуникација“ не се случува само над земјата, туку и длабоко во корењата, преку хемиски сигнали.rnrnИстражувањето е спроведено со помош на семе и стебла од пченка, која е позната по тоа што во стресна околина има тенденција да расте поинтензивно. Тимот од Универзитетот во Упсала секој ден изведувал експеримент, со лесно допирање на лисјата со четкичка, симулирајќи допир на соседно растение. Кога го отстранувале пораснатото и на негово место носеле ново, помладо растение, откриле дека новата единка се развивала така што користела повеќе ресурси од почвата за да развие стебло и листови, додека коренот останувал помалку разгранет. Тоа не се случувало со младите растенија засадени во почва во која претходниците не биле „провоцирани“.rnrnИ растенијата се способни да „разговараат“ едни со другиrnrnИдејата дека растенијата комуницираат преку почвата постои одамна, кога во 80-тите била поставена хипотеза дека корењата на дрвјата испраќаат електрични импулси преку почвата кога некој од соседите ќе биде исечен. Натамошните истражувања на оваа тема покажале дека растенијата цело време испраќаат и примаат сигнали, но науката успеала да ги „чуе“ неодамна. Благодарение на оваа способност, тие можат да предвидат дали околу нив има претставник од нивниот вид или евентуална опасност која потекнува од друг.rnrnПрочитајте и кои се 12-те растенија кои ќе ви помогнат да се ослободите од стресот.

  • 5 растенија кои ќе се борат против токсините во вашиот дом

    5 растенија кои ќе се борат против токсините во вашиот дом

    Познато е дека растенијата со дишењето го собираат јаглеродниот диоксид и испуштаат кислород. Но во процесот тие впиваат и други состојки, вклучувајќи и некои што се опасни за нас. Па, почетокот на пролетта е одличен период да додадете некое растение во вашиот дом. Следниве 5 се едни од најдобрите за прочистување на воздухот во вашиот дом.rn

    1. Спатифилум

    rn5 растенија кои ќе се борат против токсините во вашиот домrnrnЛистовите на ова растение го прават омилен декор на многумина. Покрај тоа, според НАСА ова растение е најдобро за справување со штетните материи во воздухот. На овој цвет му е потребна светла околина и редовно наводнување.rn

    2. Аглаонема

    rnrnrnОва е можеби најатрактивното растение за прочистување на воздухот. Покрај тоа, можете да го запоставите долг период, а тоа сепак да биде „среќно“. Растението можете да го поставите и на место каде што нема многу светлина.rn

    3. Филодендрон

    rnrnrnОва растение е лесно за одржување и може да расте речиси насекаде. Најдобро е да го чувате на светло место, но може да вирее и на потемно. Немојте да претерате со негово наводнување.rn

    4. Дракаена

    rnrnrnСо текот на времето, ова растение може да порасне и до 180 центиметри. Одлично вирее во домашна околина и потребно му е посветло место. Наводнувајте го кога ќе забележите дека земјата е сува, односно еднаш неделно.rn

    5. Замиокулкас

    rnrnrnОва растение е одлично за почетници бидејќи вирее и на светло и во темно. Растението како да е направено од челик и може да издржи нередовно наводнување.rnrnПогледнете и кои растенија се одлични за вашата спална соба.

  • Необичните растенија на Антарктикот кои имаат супермоќи

    Необичните растенија на Антарктикот кои имаат супермоќи

    Хибернираат со векови, а потоа оживуваат. Сами си создаваат антифриз и заштита од сончевите зраци. Веќе никогаш нема да ја гледате мовта со исти очи.rnrn(1)neverojatnite-rastenija-na-antarktikot-koi-imaat-supermokji-kafepauza.mkrnrnАко ви било тешко да одржите во живот домашно растение, замислете како е да се обидувате да одгледате што било на Антарктикот. Во лето сонцето грее 24 часа, а во зима целосно исчезнува. Свежата вода е достапна само во текот на пролетта и летото, ако времето е доволно топло, но во поголемиот дел од годината, таа е замрзната. Температурата во текот на зимите е околу -45 степени Целзиусови, а овде не спаѓа студот од ветерот. Па, како овде воопшто преживуваат растенија?rnrnИ покрај сето ова, една група мов всушност расте на Антарктикот. Шерон Робинсон, екофизиолог од Австралија истражува 3 вида мов – Schistidium antarctici, Brym preudotriquetrum и Ceratodon purpureus, кои растат на источниот дел од континентот. Преку нивните мали ливчиња тие собираат хранливи материи и вода од извори како што е измет од пингвини.rn

    „Секогаш кога доаѓам овде се прашувам како овие мали, мали растенија преживуваат во овие услови. Ние луѓето имаме слоеви и слоеви од волна, крзно и секаква облека, а тие само си стојат така“, изјавила Робинсон.

    rnТаа сака да ја открие причината за нивната отпорност и со тоа да разјасни како може да се преживее во сурова средина.rn

    Мовта може да хибернира со векови

    rnТие едноставно се сушат, а кога ќе се растопи мразот повторно растат. Во 2014 година, еден тим од Британија успеа да оживее мов која била „мртва“ веќе 1.500 години. Истражувачите собирале мов која била заробена во мраз. Потоа ја сечеле на делчиња и ја ставале во инкубатор со пролетна температура. Наскоро еден дел од мовта, стара 1.500 години, почнала да создава нови ливчиња.rnrn(2)neverojatnite-rastenija-na-antarktikot-koi-imaat-supermokji-kafepauza.mkrn

    Самата си создава антифриз

    rnКога во клетката на растение или животно ќе се формира мраз, мразот ќе се прошири и ќе ја распрсне клетката. Ова, се разбира, ја убива клетката, а може да го усмрти и целиот организам. Мовта од Антарктикот си има свој антифриз, комбинација од шеќери и шеќерни алкохоли, во клетките. За време на есенските и зимските месеци, овие состојки стануваат поконцентрирани и го спречуваат формирањето мраз.rn

    Создава и заштита од сонце

    rnСекоја пролет, над Антарктикот се појавува озонска дупка. Оваа дупка ја изложува мовта на опасни ултравиолетови зраци, и тоа баш кога почнува процесот на фотосинтеза. Но, мовта создава антиоксиданси кои ѝ помагаат да ги неутрализира штетните ефекти.rnrn(3)neverojatnite-rastenija-na-antarktikot-koi-imaat-supermokji-kafepauza.mkrn

    Суштествата кои живеат во мовта се исто толку неверојатни

    rnВо овие растенија постои цела заедница од микроорганизми, и тоа од едноклеточни алги до инсекти, кои се сушат за време на зимата. Иако некои од „жителите“ се идентификувани, сè уште има уште многу за истражување.rn

    Мовта е како барометар за климатските промени

    rnИсто како што меурите воздух заробени во поларниот мраз откриваат информации за атмосферата во минатото, така и јаглеродот во мовта ни ги покажува промените на нивото на јаглерод низ вековите.rn

    „Мовта има хемиски потпис кој може да ни каже колку било суво или влажно во одредено време во минатото. На пример, денес мовта расте на посуви услови отколку пред 100 години“, изјавила Робинсон.

    rnOLYMPUS DIGITAL CAMERArn

    Заштита на растенијата

    rnСо цел да ги заштити овие растенија, кои се едни од најстарите живи суштества на Земјата, Робинсон се обидува да ја мапира мовта на целиот континент.rn

    „Проблемот со Антарктикот е тоа што мовта е расфрлана ширум голема површина со многу камења. Не сакаме да стапнуваме на нив бидејќи се многу стари, но вистински предизвик е да ја поминеме целата површина без да газиме преку нив.“

    rnВо соработка со НАСА, тимот на Робинсон користи дронови кои летаат ниско и кои имаат спектрометри и термални камери. Целта е да се соберат доволно информации за да се направи стратегија безбедно да се изучуваат сите растенија.rn

    „Антарктикот е резерват за мир и наука, па мораме да ја зачуваме таа биоразновидност и да делуваме на климатската промена. Ако го изведеме тоа правилно, можеби овие растенија ќе дочекаат уште многу родендени.“

  • 16-те најголеми растенија и животни на Земјата

    16-те најголеми растенија и животни на Земјата

    Постоеле времиња кога на Земјата владееле суштества многу поголеми од нас, вистински праисториски џинови. Но, дури и денес природата знае да нè изненади со своите огромни креации. Ќе се чувствувате навистина мали во споредба со најголемите растенија и животни кои постојат на земјата. Погледнете кои се тие.rn

    1. Дрвото секвоја

    rn(1)16-te-najgolemi-rastenija-i-zhivotni-na-zemjata-kafepauza.mkrnrnСпоред големината, дрвјата секвоја се најголемите живи нешта на оваа планета. Тие може да достигнат висина и до 84 метри, а нивниот дијаметар може да стигне и до 8 метри.rn

    2. Амфикоелиас

    rn(2)16-te-najgolemi-rastenija-i-zhivotni-na-zemjata-kafepauza.mkrnrnОва е најголемото животно кое живеело на Земјата. Овие тревопасни животни живееле пред околу 145-161 милиони години. Нивната должина достигнувала и до 58 метри, а еден нивен пршлен бил долг 2,5 метри.rn

    3. Титанобоа

    rn(3)16-te-najgolemi-rastenija-i-zhivotni-na-zemjata-kafepauza.mkrnrnТитаонобоата е близок роднина на змијата боа, но е многу поголема. Овие змии живееле пред 58-61 милиони години и нивната должина достигнувала и до 13 метри. За споредба, питонот кој живее денес може да порасне „само“ до 7,5 метри.rn

    4. Џекфрут

    rn(4)16-te-najgolemi-rastenija-i-zhivotni-na-zemjata-kafepauza.mkrnrnОва е најголемото овошје кое расте на дрво. Неговата должина може да достигне и до 90 сантиметри, а дијаметарот и до 50 сантиметри.rn

    5. Аргентавис

    rn(5)16-te-najgolemi-rastenija-i-zhivotni-na-zemjata-kafepauza.mkrnrnОвие птици живееле пред 5-8 милиони години и се едни од најголемите во историјата на Земјата. Распонот на нивните крилја бил и до 7 метри. Тие се хранеле со глодачи.rn

    6. Рајската пештера

    rn(6)16-te-najgolemi-rastenija-i-zhivotni-na-zemjata-kafepauza.mkrnrnЕдна од пештерите во националниот парк Понг-На-Ке-Банг во Виетнам е прогласена за најубавата и најголемата пештера во светот. Најголемата просторија во пештерата е долга 5 километри, висока е 200 метри и е широка 150 метри.rn

    7. Рафлезија

    rn(7)16-te-najgolemi-rastenija-i-zhivotni-na-zemjata-kafepauza.mkrnrnРафлезијата е најголемиот цвет на земјата. Неговиот дијаметар може да достигне и до 100 сантиметри. Цветот исто така е познат поради тоа што мириса на расипано месо.rn

    8. Џиновски елен

    rn(8)16-te-najgolemi-rastenija-i-zhivotni-na-zemjata-kafepauza.mkrnrnИрскиот, или џиновскиот елен се појавил пред околу 2 милиони години. Кога шумите почнале да се прошируваат на отворените места, овој вид изумрел поради нивните големи рогови кои биле широки и до 5 метри. За нив било невозможно да се движат низ густите гранки.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Луѓето можат да ја црпат вашата енергија исто како што растенијата се јадат меѓусебно

    Луѓето можат да ја црпат вашата енергија исто како што растенијата се јадат меѓусебно

    Едно истражување спроведено на Универзитетот во Билефелд, покажало дека растенијата можат да црпат енергија од други извори, како на пример од растенијата што им се во близина. Ова неверојатно откритие може да се примени и на други животни форми покрај растенијата. Станува збор за истражување што може да доведе до нови откритија во областа на биоенергијата, но и да докаже дека луѓето можат да црпат енергија од други луѓе исто како во случајот на растенијата.rnrnЛуѓето можат да ја црпат вашата енергија исто како што растенијата се јадат меѓусебноrnrnТимот, предводен од страна на професорот доктор Олаф Круз, нашол докази дека зелената алга по латинското име „Chlamydomaonas“ не само што врши фотосинтеза за да произведе енергија, туку и зема енергија од растенијата што се наоѓаат во нејзина непосредна близина. На сите растенија им треба сончева светлина и вода за да растат, исто како и на луѓето. Нашите тела се како сунѓери што ја впиваат енергијата од средината што нѐ опкружува. Ова е причината зошто некои луѓе се чувствуваат вознемирено кога се во близина на одредени поединци. Според докторката Оливија Бадер-Ли, ним им пречат измешаните емоции и енергијата што ги опкружуваат.rnrnВо истражувањето, доктор Олаф Круз покажал дека во случај на недостаток од енергетски извори зелената алга црпи енергија од други едноклеточни растенија во форма на целулозни ензими. Овие целулозни ензими потоа се расчленуваат на едноставни шеќерни елементи со кои клетките се хранат и ги користат како извори на енергија. На овој начин, дури и кога нема светлина и вода и условите не се поволни за фотосинтеза, алгата продолжува да расте. Ова е првиот експеримент од ваков вид кој дошол до револуционерно откритие.rnrnСпоред докторот Круз, растенијата јадат други растенија. Научниците се обидуваат да ги потврдат овие откритија и кај други видови алги и растенија. Бадер-Ли верува дека со развојот на технологијата, научниците ќе можат да ја докажат оваа појава и кај луѓето во блиска иднина. Човечкиот организам не е многу поразличен од оној на растенијата, бидејќи и на неговите клетки им треба енергија за да се размножуваат. На човечкото тело му треба енергија за да надмине некои емоционални состојби и може да произведува кортизол во клетките за да ги задоволи емоционалните потреби.rnrnБадер-Ли исто така верува дека во блиска иднина ќе биде лесно да се покаже биоенергијата, а науката ќе докаже дека луѓето и животните можат да се лекуваат меѓусебно само со пренесување енергија. Таа верува дека луѓето се способни да впиваат енергија од нивната околина и да се лечат со неа. Тоа може да е вистина ако го земеме предвид фактот што поврзаноста со природата им помага на луѓето побрзо да заздрават од емоционалните стресови и болести.rnrn(2) Луѓето можат да ја црпат вашата енергија исто како што растенијата се јадат меѓусебноrn

    Па, како да го заштитите вашиот простор и како да го спречите трошењето на вашата енергија?

    rnБидете фокусирани и приземни. Мора да бидете поврзани со вашата духовност за да почувствувате кога некој ви го нарушува просторот. Ако сте смирени и спиритуално сконцентрирани, ќе можете своеволно да се ослободите од туѓата негативна енергија.rnrnМногу е важно да не давате отпор. Кога давате отпор, негативната енергија се натрупува во вас. Нареден пат кога ќе бидете опкружени со луѓе кои прават да се чувствувате непријатно, обидете се да не давате отпор. Можеби мислите дека на тој начин ќе се заштитите себеси и вашиот простор, но ќе се случи токму спротивното бидејќи негативната енергија ќе почне да се насобира во вас. Обидете се да останете опуштени, замислете си како вашето тело е проѕирно и негативната енергија ќе помине низ вас.rnrnБидете господари на вашата лична аура. Сите ние имаме енергетско поле што ги опкружува нашите тела. Тоа е вашата аура. Многу е важно да го познавате вашиот личен простор и неговите граници. Овие граници се околу една рака долги во сите правци од вашето тело. Обидете се да го замислите ова поле и заштитете го од туѓата енергија. Само така ќе можете да го заштитите вашиот духовен простор.rnrnОдржувајте ја вашата енергија чиста. Тука боите играат многу важна улога. Златната е живописна боја која ќе ви послужи да го исчистите вашиот простор од туѓата енергија. Дозволете ѝ на чистата златна енергија да тече низ вашата аура и тело и ослободете се од туѓата енергија. Тоа ќе ви помогне да се почувствувате свежи и чисти.rnrnПовикајте ја вашата енергија. Ако вашата енергија ви го исполнува просторот, нема да има место за друга непозната енергија да влезе внатре. Со текот на времето, честопати губиме голем дел од нашата енергија поради нејзино трошење.rnrnБез оглед на тоа каде отишла вашата енергија, многу е важно да ја вратите назад. Обидете се да си замислите како ве врне златен дожд и тоа нека биде вашиот енергетски магнет. Дозволете му да ја впие вашата енергија. Замислете го како чиста златна енергија. Откако ќе ја впиете енергијата, ослободете ја во вашиот личен простор.rnrnВо продолжение прочитајте како да се заштитите од луѓе кои зрачат со негативна енергија.