Психотрија Елата, познато под името „усни на проститутка“ или „растението со жешки усни“, е цвеќе со интензивна црвена боја, кое личи на сензуални женски усни.rnrn
rnrnИ покрај тоа што на прв поглед ова цвеќе изгледа како да е резултат на софтвер за уредување на фотографии, сепак бидете сигурни дека овие усни спремни за бакнување, се комплетна заслуга на природата.rnrn
rnrnРастението го има во тропските дождовни шуми во држави во Централна и Јужна Америка како што се Колумбија, Костарика, Панама и Еквадор. Психотрија Елата ја креира оваа форма на уста за да привлече опрашувачи како што се колибрите и пеперутките.rnrn
„Усните на проститутката“ е за жал растение од загрозен вид, поради неконтролираната дефорестација во споменатите држави. Така што доколку сакате да засадите бакнеж кое е дело на мајката-природа, пронајдете го растението и засадете го додека сѐ уште можете. Листовите се наместени во облик на бакнеж во многу краток период, пред сосема да се рашират за да го откријат цветот на растението.rnrn

Tag: растение
-

Сензуални црвени усни во цветен облик
-

Дигитализирано цвеќе кое расте без да го посадите
Click & Grow е креативен изум кој на вашиот дом ќе му даде допир со природата. Најинтересното е тоа што на овие саксии со цвеќиња, не им треба градинар. Во саксијата има електронски систем, кој е способен сам да ја дозира водата, хранливите материи и воздухот, кои му се потребни на цвеќето.

Сѐ што треба да направите е да ставите батерии и вода во садот, а за останатото ќе се погрижат сензорите, софтверот и процесорот. Интересно е тоа што, во „саксијата“ можете да менувате повеќе различни видови цвеќиња. Па ако ви досади од едно, можете да ставите друго растение. 
rnРаботи на сличен принцип како печатач, го заменувате едниот со другиот патрон, но наместо да печатите, ќе ви порасне ново цвеќенце. Се продава на Amazon, а достапни се различни видови растенија: мини домати, лути пиперчиња, босилек, магдонос, цитронела, француски невен, жалфија, колеус (шарена коприва)…





Погледнете во видеото како растението магично расте, без да го посадите. :)rnrnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Мајмунска орхидеја
Погледот во некој цвет обично буди восхит од убавината со која се соочени сетилата, но наместо тоа, ова цвеќе може да го изненади набљудувачот со лице на мајмун. Иако го носи латинското име Dracula simia поради двете „запчиња“ кои потсетуваат на легендарниот вампир, таа е попозната како мајмунска орхидеја од причина што нејзиниот цвет премногу потсетува на мајмунско лице.
Првпат била откриена во 1978 на планините во Еквадор и Перу. Тоа е единственото место на кое расте, и тоа на надморска височина од 1.000 до 2.000 метри.
Оваа орхидеја не е сезонско цвеќе, па интересните мајмунски лица кои гледаат во околината може да расцветаат во кој било период од годината. Екстремно е ретка, па затоа малкумина знаат за неа, а уште помалку се одгледува во домашни услови.


rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Кокиче – предвесник на пролетта
Автор: Мандевска БојанаrnrnВи текнува ли на песничката која ни ја пееја кога бевме мали „кокиченце, девојченце, бело бело…“? Тоа се тие мали и кревки растенија, а истовремено и доволно силни за да им пркосат на снегот и на студот, кои притоа успеваат да се пробијат и да израснат величествено на површината. Тие мали нежни растенија ни ги разубавуваат зимските денови и нѐ потсетуваат дека пролетта е на прагот.
Постојат 75 видови и врсти кокичиња. Фамилијата кокичиња вклучува многугодишни, монокотиледонски, цветни растенија. Најчесто подземниот орган на кокичињата е многу ситен (кокиче) или пак има голема луковица (хипеаструм). Листовите се зелени, а цветовите се со различна големина и ги има доста. Обично се со пријатен и нежен мирис.
Едни од најпознатите претставници на овој вид се нарцисот и кокичето. Повеќето видови кокичиња се одгледуваат како украсни растенија, бидејќи имаат убави цветови. Тие меѓу луѓето се сметаат за градинарски растенија. Некои од видовите се загрозени и со можност за исчезнување, па затоа се заштитени со закон. Фамилијата на кокичињата е нашироко распространета – таа вклучува видови кои виреат во многу различни услови. Некои се распространети во потоплите климатски зони (понекогаш во пустини), но ги има и по влажни предели. Трети цветаат по стопувањето на снеговите на планините.
Родот кокиче вклучува околу 20 видови ниски монокотиледонски и многугодишни растенија кои ù припаѓаат на фамилијата кокичиња. Вообичаената боја е бела. Кокичињата изгледаат како капки млеко кои висат од стеблото, па од таму потекнува и латинскиот термин Galanthus што значи млечно бели цвеќиња. Нивните листови се нежно зелени, а снежно белите венечни ливчиња (6 на број), речиси се целосно сраснати. Само надворешните три венечни ливчиња се разделени, додека останатите се сраснати.
Се смета дека потеклото на кокичињата е од Мала Азија и Европа. Тие се распространети најмногу во умерениот климатски појас, каде има снежна и студена зима. Тие се првите растенија кои цветаат во пролет, и тоа пред да се стопи снежната покривка. Најпознатите и најзначајни видови се кримското кокиче, и кокичето-џин.
Освен што се предвесник на пролета, кокичињата се и цвеќиња на надежта. Според легендата, кокичето станало цвеќе на надежта кога Адам и Ева биле протерани од Едемската градина. Во еден момент кога Ева ја изгубила сета надеж дека зимата никогаш нема да заврши, дека нема да заминат студените денови, се појавил ангел кој ги трансформирал снегулките во цветот кокиче и со тоа повторно им ја вратил надежта за потопли и подобри денови. Оваа легенда ни укажува дека секогаш постои надеж, дека секоја зима си има своја пролет, а пробивањето и растењето на кокичињата во снегот се показател за подобрите денови кои доаѓаат.
rn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Чудната историја на сончогледот
Сигурно ќе си помислите дека нема многу што да се знае за сончогледот. Ова растение е практично насекаде. Но сепак, тоа има повеќе од едноставна историја и патувачко искуство кое не можете да го замислите. За неговото потекло и опстанок низ вековите може да се направи холивудски филм. Ова е неговата приказна проследена со фантастични фотографии.
Сончогледот потекнува од Северна Америка, но потоа ќе патува во Стариот свет и назад и повторно ќе се врати, за да стане растението кое го знаеме денес. Тој, веројатно бил една од првите култури кои се одгледувале во Северна Америка. Пред да почне да се одгледува како култура, најверојатно бил употребуван како природен извор на масти. Сончогледовото семе се меша со брашно и од него се прават различни видови питички кои ги јадеме и денес.
Пред околу 5 илјади години луѓето во јужните делови на Америка (денешната држава Мексико), почнале да го култивираат растението. Како што го одгледувале, во текот на генерациите сончогледовото семе станувало сè поголемо. Тоа значи дека сончогледот кој го знаеме има големи разлики со нативното растение поради влијанието на луѓето во текот на овие илјадници години.
Се смета дека сончогледот бил „припитомен“ дури и пред пченката од страна на Чероките и другите нативни Индијански племиња. Тој станал многу важен дел од нивната исхрана и добар извор на масти, така компензирајќи го недостатокот од нив поради исхраната со сурово месо. Исто така, и Ацтеките го култивирале сончогледот, па дури и го обожувале. Тие правеле венци за глава од сончогледови лисја во нивните обреди кон богот на Сонцето. Неговото минато носи и поголеми тајни. Сепак, никој не би претпоставил какви сè не патувања ќе издржи билката на Сонцето.
Денес, семките од сончогледот се многу хранлива и здрава ужина. Тој се употребува за производство на леб како и за познатото масло од сончоглед. Исто така, се употребува за добивање на пурпурна боја за сликање на облека, тело и на други објекти. Останатите делови од растението се користат во медицината како лекови против каснување од змија. Маслото од семето е убаво за подмачкување на косата и кожата со што им дава извонреден сјај. Во античките времиња, сувите стебла на сончогледот биле употребувани и како градежен материјал.
Многу луѓе и не го знаат точното потекло на сончогледот со оглед на тоа дека неговото семе било транспортирано од Новиот Свет од страна на Европејците преку Атлантикот во Европа и подалеку. Се претпоставува дека тој пристигнал во Шпанија на почетокот на шеснаесетникот век. Но, поради неговата големина и раскошност, најпрво бил употребуван само како декоративно растение. Употребата на семето за производство на масло била откриена дури во 1716 година во Англија.
Својата најголема популарност сончогледот ја достигна во 18-тиот век и тоа благодарејќи на Рускиот крал Петар Велики. Тој на своите освојувања, за првпат се сретнал со оваа билка во Холандија заслепен од нејзината убавина, па така тој понел семиња назад во Русија. Еден од поважните моменти во историјата на сончогледот е тоа што за време на Големиот Пост за време на христијанските празници, Руската православна црква забранила консумирање на секакво масло, освен на она добиено од сончоглед. До третата деценија на 20-тиот век сончогледот стана еден од најупотребуваните суровини за производство на масло.
Во тој период Русија била преплавена со џиновските цвеќиња и се одгледувале преку 2 милиони хектари годишно. Биле идентификувани два типа, едниот за производство на масло и еден за лична употреба. Руската влада дури инвестирала пари во проекти за истражување на сончогледот. Научникот В.С Пустовоит е еден од основоположниците на овие проекти за размножување и наградите кои се доделуваат во оваа област го носат неговото име. Следната фаза во развитокот на сончогледот е во 1830 година кога тој повторно се враќа на Американско тло.
Така се случува една иронија во историјата. Сончогледот се враќа во Америка, но како руски изум. Се смета дека имигрантите кои пребегале во Америка и Канада го донеле сончогледот назад во мајчината земја. Било потребно време, Американците да ги искористат предностите на ова растение како готова култура. Најпрво го употребувале како храна за кокошки. Тогаш, во 1926 година Асоцијацијата на одгледувачи на сончоглед од Мисури, започнала да го преработува сончогледовото семе во масло. Тајната конечно била откриена и од тој момент па натаму, ништо нема да биде исто за оваа раскошна билка. Канаѓаните исто така, следејќи ја идејата на Американците, почнале да одгледуваат сончоглед околу 1930-тата година според програмата на владата. И во двете земји семето било дојдено од страна на членови на руската заедница.
Па така трката била започната. Хектарите со сончоглед се зголемувале со зголемената побарувачка за масло. Во 1946 година огромен број семиња биле засадени во Канада, Северна Дакота и во Минесота со што овие земји се вклучиле во трката за најголеми култиватори на сончоглед. Сепак, за поголем принос се користел планот на русинот Передовиќ (денес, во негова чест има вид сончоглед кој дава црно масло). Потоа пристигнале седумдесеттите со новите технологии за одгледување и хибридизацијата.
Во раните осумдесети, Америка располагала со 5 милиони хектари сончоглед. Но, во тој период побарувачката за масло во Европа нагло пораснала, поради што руските култиватори не можеле да произведат онолку колку што било потребно. Па затоа, сончогледот повторно допатувал во Европа каде почнал да се одгледува скоро во сите земји. Така, Америка денес не е толку голем извозник на сончогледово масло.
Па така, во еден чуден, но комплетиран круг на патувања, сончогледот е дома и се надеваме ќе остане таму подолго. Древните Американски племиња можат да се гордеат со своето растение на Сонцето, бидејќи всушност тие биле оние кои ги откриле неговите огромни потенцијали и придонеси во исхраната.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Различни фамилии од родот Фикус се користат за најразлични цели. На пример, Hevea Brasilensis (млечка) е растение кое лачи млечен сок од кој со преработка се добива каучук. Други значајни видови се: Ficus lyrata (4 добро нахранети листа од овој вид можат да препокријат површина од 1 метар квадратен), Ficus benjamina (расте во вид на грмушка со свенати гранки), Ficus triangulata (вид кој има троделни дебело-кожести листови).
Собниот вид Ficus elastica е поим за современа лисната декоративна билка. Тој е и најстар претставник од овој род. Собниот Фикус расте брзо и е прилично високо растение. Листовите му се дебели и кожести, што значи дека ќе треба редовно да му ги бришете. Фикусот сака топлина, но не директна изложеност на Сонце. Во природни услови тој може да порасне и до 30 метри.
rn
rn
Олеандерот е размножуван во многу облици, бел, црвен, розов, виолетов, со полуполни или полни цветови. Всушност, цветот на Олеандерот го прави толку популарен бидејќи има прекрасен мирис и изглед. Тој највеќе успева во суптропските подрачја и е една од најчесто користените декоративни билки во парковите или покрај сообраќајниците. Добро поднесува суша, па дури и краткотраен мраз.
Во Калифорнија и во другите држави во САД каде зимите се благи, Олеандерот се посадува покрај автопатите како заштита од бука бидејќи елените не го јадат поради отровноста, а исто така, расте и на лошо тло. Во посеверните делови може да успее, но ако се одгледува во затворени простории или во стаклени градини.
rn
rn
Џ. Ф. Дифенбах (1796-1867) бил виенски ботаничар кој го донел ова растение во Европа, па по него и го добило името. Дифенбахијата сака топлина, осетлива е на провев и студенило, како и на сув воздух. За успешен раст во соба, потребно е земјата да биде влажна, поставеноста да биде на светло место, но не директно на сонце, и редовно дохранување. Се пресадува на секои две години за да се контролира растот.
rn
rn
Во зависност од видот, тие можат да пораснат од 1 па до 3 метри. Расте на тој начин што новите ливчиња се формираат на врвот, а долните паѓаат и умираат. На тој начин стеблото постепено оголува и наликува на палма. Од друга страна пак, ова растение расте многу споро, но е долговечно (има примерок од ова растение во Тенерифе, кое е старо околу 1.000 години). Драцената е многу погодно собно растение: се задоволува со малку топлина и најдобро е да го поставите во светла просторија, подалеку од директен контакт со сончева светлина. Ходниците не се погодни места за оваа билка. Во секој случај, Дрвото на животот изгледа доста декоративно и го украсува секој простор.
rn
Доколку сте љубители на одгледувањето собни растенија, погледнете што треба да знаете за 
Терминот deliciosa се однесува на тоа дека растението има јадливи плодови кои се јавуваат кај постарите растенија. Плодовите се жолти до бледо кафени. Ако ги оберете прерано имаат вкус на окасална киселина, а предоцна, веќе се трули. Филодендронот е растение кое бара многу влага и храна и има потреба од некаква потпора за да може убаво да се развие.
Еве неколку корисни информации за вашиот Филодендрон:rn
rn