Модерната култура е исполнета со светликави, но плитки ветувања за среќата и задоволството. Масовните медиуми ни кажуваат дека ако сме богати, имаме поубава и поголема куќа полна со секакви нешта, имаме убав автомобил, ако сме вечно млади, со витка фигура и добро облечени дека ќе бидеме среќни и задоволни.rnrn
rnrnНо, психолозите докажале дека постојат 3 главни работи кои придонесуваат за среќата и благосостојбата на една личност. Ова се основните принципи на концептот познат како „теоријата на самодетерминација“. Оваа теорија ја зголемува разликата помеѓу вродените и надворешните цели кои водат до среќата. Фокусирањето на семејните, пријателските и емоционалните вредности ќе ви донесат многу поголемо задоволство од материјалните богатства и ќе ни обезбедат побогат и позначаен живот.rn
1. Автономија
rnВродени цели, желби и квалитети се она што ни е потребно за среќата да се манифестира во нашиот живот и да стане трајна.rn
„Луѓето кои ги сфаќаат своите вродени цели имаат високо ниво на среќа, но луѓето кои се концентрираат на надворешните цели немаат подобрување во нивната лична благосостојба. Авторите претпоставуваат дека луѓето можат да почувствуваат моментално задоволство по остварувањето на некоја ваква цел, но тоа не трае“, вели Дрејк Баер во неговата студија „Зошто бркањето надворешни цели може да ја уништи вашата среќа“.
rnКога се чувствувавте како личност која има контрола врз својот живот, која може да донесе автономни одлуки и која има слобода и независност да биде она што е, тогаш вашиот пат кон среќата е веќе обележан. Луѓето кои чувствуваат дека имаат глас и присуство, кои не се врзани и забранети од конвенцијата или очекувањата на другите се многу посреќни.rn
2. Способност
rnСе раѓаме со одредени квалитети и способности кои го детерминираат она што некои луѓе го нарекуваат судбина. Но, сите ние сакаме можност и шанса. Еднаков пристап до образование, до слободно движење, вработување, основни потреби како дом, храна, вода и безбедност. Среќата е детерминирана од тоа колку слободно можеме да ги добиеме не само основните вештини за преживување, туку и способноста да бидеме целосни во тие вештини кои ни дозволуваат интелектуално, уметнички, политички и комично да се изразуваме. Учењето на новите работи ја зголемува среќата.rn
3. Поврзаност
rnНачинот на кој се поврзуваме со другите луѓе во нашиот живот е најважниот фактор за среќата. Несвесно, повеќето луѓе имаат врски чисто од облигација. Само најсилните луѓе искусуваат вистински конекции со истомисленици. Често се чувствуваме должни да поминуваме време со семејството, пријателите, колегите, познаниците и оние личности кои влегле во нашиот живот сосема случајно. Но, вистинската среќа се постигнува кога сме доволно зрели да разбереме дека го имаме правото да одлучиме со кои луѓе вреди да го поминуваме времето и кои луѓе заслужуваат место во нашиот живот.


rnrnНе сте единствени. Според едно истражување објавено во списанието „Cyberpsychology, Behavior, and Social Networking“, прогонувањето на вашиот поранешен партнер на Фејсбук ја зголемува менталната вознемиреност, копнежот и сексуалната желба, односно сите оние нешта кои би требало да ги намалувате кога поминувате низ раскинување. Психологот Тара Маршал додава дека ако продолжите да го следите поранешниот партнер на Фејсбук, само го одложувате процесот на заздравување. Не дека ни треба одобрување од експерти за ментално здравје дека прогонувањето на поранешните партнери е штетно, но корисно е да знаеме дека овие сомневања што сме ги имале а сме ги игнорирале, се всушност факти. Да, факт е дека прогонувањето на вашите поранешни на Фејсбук може да е причината зошто не можете да ги преболете.rnrnДали тоа значи дека за да имате здраво раскинување апсолутно морате да престанете да се следите еден со друг на социјалните мрежи? Не. Секоја врска и секое раскинување се различни. На некои луѓе не им е проблем веднаш да преминат во пријателската зона. Но, ако се обидувате да преболете некого, а тоа не ви оди баш најдобро, можеби најдобро би било да ги избришете од пријатели. Барем за некое време, додека да ги излечите раните и да си дадете себеси малку психолошка дистанца. Тоа што ќе ги прекинете врските во виртуелниот свет, ќе ви помогне да живеете поздраво во реалниот свет.
rn

rn
rn


rnrn
rnrn
rnrn
