Овој психолошки тест на Зигмунд Фројд ќе ви помогне подобро да се запознаете себеси, како и да навлезете во вашите психолошки делови во кои можеби не сте имале храброст да чепкате. Немојте набрзина да го отфрлите она што го напишавме, иако тоа се спротивставува на вашите „вистински“ ставови, бидејќи можеби токму тоа е она што ви го порачува вашето несвесно. Пред вас ќе има неколку прашања. Најважното правило е да одговарате искрено – како се чувствувате, и првото што ќе ви падне на памет.rnrn
rnrnНа различни прашање можно е дадете исти одговори и да, не гледајте во резултатите. А сега, земете лист хартија и пенкало во рака и запишете ги вашите одговори!rn
Прашања:
rn1. Гледате во море… (Објаснете го првото чувство што ви се појавува, можете да ги затворите очите.)rnrn2. Одите низ шума и гледате под нозете… (Што чувствувате? Времето кое е потребно за овој одговор е околу 30 секунди.)rnrn3. Гледате галеби во лет… (Што чувствувате?)rnrn4. Гледате стадо коњи… (Напишете го она што прво го почувствувате, не размислувајте за друго.)rnrn5. Во пустина гледате ѕид со мал отвор, зад кој се наоѓа оаза… (Во овој случај се потребни вашите дејствија. Напишете што ќе направите, а не што чувствувате или мислите.)rnrn6. Повторно пустина. Изморени сте од долгиот пат. Гледате сад со вода… (Што правите? Можеби ви звучи банално, но запишете го вашиот одговор.)rnrn7. Се изгубивте во шумата. Се смрачи. Гледате куќа со осветлен прозорец… (Што ќе направите?)rnrn8. Во магла сте… (Објаснете ги вашите дејства, но и чувства! Како ќе се однесувате?)rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”РЕЗУЛТАТИ” active=”false”]rnrn1. Вашиот однос кон животот, емоциите, чувствата.rnrn2. Како се чувствувате во вашето семејство.rnrn3. Вашиот однос кон жените.rnrn4. Вашиот однос кон мажите.rnrn5. Вашата основна животна стратегија, односно на кој начин ги решавате своите проблеми.rnrn6. Вашиот сексуален живот. Изборот на партнер.rnrn7. Вашата подготвеност за брак.rnrn8. Вашиот однос спрема смртта.rnrn[/toggle_item]rnrn[/toggle_box]

rn



rnrnСе случува следното: Мозокот добива измешани сигнали. Добива сигнали од мускулите и очите дека не се движите, и сигнали од сензорите за рамнотежа дека се движите. Не можат и двете да бидат точни. Постои сетилно несогласување. А единственото нешто што може да предизвика такво сетилно несогласување е невротоксин или отров. Како последица на тоа, мозокот мисли дека е отруен. А кога станува збор за труење, првото нешто што мозокот сака да го направи е да се ослободи од отровот преку повраќање. Кога мозокот ќе се збуни на таков начин, не знае како да реагира, па предизвикува мачнина за секој случај. Како резултат на тоа, имаме мачнина кога се возиме затоа што мозокот е постојано загрижен дека се работи за труење.rnrnМозокот само се обидува да помогне, најдобро што знае. За некои луѓе, читањето книга само ја надополнува настанатата конфузија. Кога сте во автомобил, можете да гледате низ прозорецот и да гледате како поминуваат работите. Можете да го гледате патот и самото движење, што значи дека за некои луѓе глетката на светот надвор од автомобилот на некој начин го балансира системот. Мозокот забележува дека нештата се движат и си мисли дека мора да се работи за движење и тоа ја намалува мачнината како реакција.rnrn
rnrnНо, кога читате, фокусирани сте на страницата и на тој начин исклучувате голем број надворешни визуелни информации. Тоа само го зголемува сетилното несогласување, што предизвикува мачнина. Немате визуелни информации кои би можеле да му помогнат на мозокот да се ослободи од неговите грижи. Истото се случува и кога патувате со брод. Кога сте на брод, не изгледа како да се движите и повторно не му давате визуелен одговор на вашиот мозок дека телото всушност се движи.rnrnБурнет не објаснува зошто ова на некои луѓе им се случува, а на некои не, затоа што според него не постои јасна причина за тоа. Исто така, не постои објаснување зошто некои луѓе во одреден период од животот се ослободуваат од мачнината што се јавува при возење. Можно е мозокот на некои да се навикнал на тоа да добива измешани сигнали, а на други не.rnrnВо секој случај, сега сте вооружени со уште еден забавен факт кој ќе можете да го кажувате за време на вашите патувања и бар за момент да го одвлечете вниманието од здодевната мачнина.

rn
rn