КАФЕ ПАУЗА

Tag: психологија

  • Што значат соништата? Психолозите имаат различни одговори

    Што значат соништата? Психолозите имаат различни одговори

    Соништата многу долго се под радарот на научниците. Овој феномен е толку мистериозен што многу луѓе сакаат да знаат повеќе за него. Уште поважно е прашањето: „Зошто сонуваме?“ Не постои сигурен одговор кој кажува која е целта на нашите соништа. Секој човек сонува, иако помнењето на соништата е различно кај сите.rnrnshto-znachat-sonishtata-psiholozite-imaat-razlichni-odgovori-kafepauza.mkrn

    Што ни прават соништата? Дали имаат некоја цел?

    rnОва е прашање на кое сè уште нема одговор, но шпекулациите и теориите си продолжуваат. Позната теорија е дека спиењето и сонувањето работат тимски и му помагаат на мозокот да се обнови после прибирањето на многуте информации во текот на денот. Додека спиеме, мозокот ги „разгледува“ овие информации и го зачувува она што е потребно, а се ослободува од непотребните информации. Истражувачите мислат дека соништата се еден вид алатка во овој процес.rnrnСонувањето се одвива во потсвеста за време на РЕМ фазата во спиењето. Може да се појави и во другите фази, но најмногу соништа биле забележани во РЕМ. Се покажало дека соништата се поврзани со надополнувањето на меморијата кое се случува за време на спиењето. Овде спаѓа „снимање“ и организирање на сеќавањата според чувствата, како и пренесување на сеќавања низ разните региони на мозокот.rn

    Има ли поврзаност помеѓу соништата и потсвеста?

    rnЗа одговор на ова прашање потребно е да се погледне во чудниот свет на соништата. Главното прашање е: Дали мозокот се обидува да пронајде некаква смисла во сигналите кои се генерираат во фазата на дополнување на сеќавањата?rn

    Дали соништата значат нешто?

    rnБарањето на значењето на соништата е нешто кое се одвива со векови. Интерпретацијата на соништата многу често е поврзана со вербата, мотивацијата и симболите кои имаат некакво значење за сонувачот. Замислете дека процесот на дополнување на сеќавањата не е случаен и е фокусиран на искуствата од минатото и целите кои се биолошки одредени. Во овој случај се појавува мотивирачката тензија во соништата.rnrnПа, соништата можеби не се пораки кои ни ги праќа потсвеста. Тие можеби се алатка на мозокот за истражување на можни ситуации и подготвување за акција во иднина. Сликите во соништата може се резултат на програмата која ги преработува сигналите кои се генерирани од внатрешните системи за мотивација и кои не се ограничени со сетилата.rnrnДоколку имате чудни соништа, погледнете што може да биде причината за тоа.

  • Како да препознаете гранично нарушување на личноста кај партнерот и дали е потребна итна помош?

    Како да препознаете гранично нарушување на личноста кај партнерот и дали е потребна итна помош?

    Граничното нарушување на личноста е сериозно ментално нарушување што се карактеризира со серија нестабилности во расположението, однесувањето, сликата за себе и функционирањето. Овие искуства често резултираат со импулсивни акции и нестабилни врски. Личноста со ГНЛ може да доживее интензивни епизоди на гнев, депресија и анксиозност што траат од неколку часа до неколку денови. Ако се остави нетретирано, може да има сериозно влијание на самата личност, како и на онаа со која е во врска.rnrnКако да препознаете гранично нарушување на личноста кај партнерот и дали е потребна итна помош?rnrnСекое психолошко нарушување е тешко, особено кога сте во врска. Личноста што секојдневно се бори со вакви проблеми, има моменти кога ја губи битката, па нарушувањето презема контрола над неа и тоа има огромно влијание на партнерот. Па доколку се сомневате дека нешто се случува со љубениот или љубената, а не можете да најдете очигледни причини, ниту пак тој или таа се свесни за промените, прочитајте ги знаците за граничното нарушување на личноста. Ако го препознаете вашиот партнер во нив, веднаш препорачајте му да разговара со психотерапевт.rn

    1. Секој ден има нови барања од вас

    rnМожеби станува збор за време, енергија, па дури и мисли – едноставно сè што е поврзано со вас, бидејќи вие секогаш сте проблемот. И сакате да го направите тоа што го бара од вас, затоа што верувате дека така би бил/а среќен/среќна, а можеби и на тој начин би си го продолжиле рокот на врската. Но најчесто ништо не успева и тој/таа никогаш не е задоволен/а.rn

    2. Сексот е валута

    rnСексот станува една неверојатна валута со која може да добие сè што ќе посака. Тој се претвора во еден вид комодитет и секогаш е одличен. Но дури и да имате одличен сексуален живот, проблемот е што вие очајно барате да се почувствувате поврзано со него/неа и сексот ви создава илузија дека тоа се случува. На овој начин станувате зависни од сексот, бидејќи само тогаш се чувствувате сакано, дури и покрај тоа што не е вистинската поврзаност што ја барате.rn

    3. Се однесува како да ги држи сите карти во свои раце

    rnТие се главни и вие мора да ги слушате за сè. Бидејќи вие немате гранично нарушување на личноста, почнувате да се убедувате дека сè што тие ви кажуваат или ви прават е во ред, правилно и дека навистина ги држат сите карти. Вистината за нивната моќ и контрола над вас е тоа што длабоко во себе знаете дека оваа врска не успева, па се држите и за најмалите ситници за да не раскинете.rn

    4. Бара да се одделите од сите луѓе во вашиот живот

    rnМожеби ќе почне да ви зборува дека вашите родители или пријатели се лоши луѓе и дека не треба да зборувате со нив. Можеби дури и ќе се жали дека вашето дете ги држи на штрек, па не може да биде крај него. Потоа ќе почне да бара и да престанете да ги викате на гости во вашиот дом, или пак, да го испратите детето во интернат. Вие знаете дека не сакате да ги направите овие работи, но размислувате во таа насока за да ги задоволите неговите или нејзините желби.rnrnПогледнете го и ова видео што ќе ви помогне да дознаете нешто повеќе за оваа состојба…rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=eqRLq4BP-XA

  • Артист ги претставува менталните заболувања и нарушувања со помош на архитектурата

    Артист ги претставува менталните заболувања и нарушувања со помош на архитектурата

    ARCHIATRIC е проект и истражување од страна на артистот Федерико Бабина, кој со помош на архитектурата ги интерпретира менталните заболувања и нарушување. Концептот, цртежите и анимациите се создадени од овој талентиран артист, додека пак, музиката во видеото е од Елисабет Распал.rnrn(1) Артист ги претставува менталните заболувања и нарушувања со помош на архитектуратаrn

    „Со оваа серија илустрации, се обидувам да направам апстрактна вежба така што преведувам од еден јазик во друг. Многу е вистина дека архитектурата и просторите во кои живееме влијаат на нашето однесување и психопатологијата. Не сакам да ставам романтична аура околу непријатноста и страдањето создадено од менталните болести, туку да ги разрушам предрасудите и негативните ставови со кои овие патологии многу често се среќаваат“, вели Бабина за својата работа.

    rnrnrnПогледнете го видеото, како и сликите што совршено ја отсликуваат самата психолошка состојба и борбата низ која минува оној кој страда од неа…rnrn

    Анксиозност
    Анксиозност
    rnrn

  • 9 психолошки трикови кои ќе ви помогнат да ги привлечете сите луѓе околу вас

    9 психолошки трикови кои ќе ви помогнат да ги привлечете сите луѓе околу вас

    Постојат луѓе кои зрачат со таков магнетизам што сите сакаат да им се доближат и да ги запознаат. Посакуваат да бидат како нив, да ги придобијат нивните симпатии и одобрување. Најинтересно е тоа што ваквиот силен впечаток воопшто не зависи од нивниот физички изглед. Следниве 9 психолошки трикови ќе ви помогнат да станете едни од тие неверојатно привлечни луѓе…rnrn9 психолошки трикови кои ќе ви помогнат да ги привлечете сите луѓе околу васrn

    1. Оставете личен печат

    rnНајпрво, ви треба оригинален изглед, односно комплетно уникатен детаљ. Новите луѓе кои ги запознавате ќе ве запаметат токму по онаа особина што ве издвојува од останатите. Тука не се мисли на убавиот физички изглед. Звучи чудно, но оригиналноста најдобро се изразува преку недостатоците и несовршеностите. Оригиналното држење, гестовите, изразот на лицето, интонацијата, начинот на комуникација или облеката што ја носите, сето тоа може да ве направи впечатливи. Постојат многу примери на познати личности кои се издвоиле од толпата благодарение на некој ситен детаљ по кој станале препознатливи…rn

      rn011

    • Чарли Чаплин – мустаќи, одело, бастун
    • rn011

    • Тилда Свинтон – асексуалност, природен изглед без шминка
    • rn011

    • Винстон Черчил – прекумерна тежина, цигари
    • rn011

    • Јосиф Сталин – мустаќи, луле, специфичен акцент
    • rn011

    • Адолф Хитлер – оригинален облик на мустаќи, интонација
    • rn011

    • Дита Вон Тис – стил од 40-тите години, црвен кармин
    • rn011

    • Мерилин Монро – боја на коса, бемка
    • rn011

    • Салвадор Дали – мустаќи, израз на лицето
    • rn

    rn

    2. Сонувајте на големо

    rnЛуѓето ќе ви пристапуваат и ќе ја ценат вашата уникатна личност, ако ја знаете причината за вашето постоење. Тоа ги подразбира вашите амбиции, цели и желбата да го промените светот. Борете се за нешто што ви значи. Човекот без сон е како книга без идеја. Кој би сакал да чита таква книга?!rn

    3. Бидете самоуверени

    rnЗа да бидете харизматични, мора да бидете самоуверени. Носете храбри и самостојни одлуки, не чекајте помош од другите и објаснувајте ги вашите идеи така што луѓето ќе можат да ве разберат. Луѓето околу вас ќе можат да ја почувствуваат вашата самодоверба не само поради вашето однесување, туку и поради начинот на говорење. Одбегнувајте изрази од типот „Претпоставувам“, „Се надевам“, „Очекувам“, „Можеби“, „Веројатно“.rnrn9 психолошки трикови кои ќе ви помогнат да ги привлечете сите луѓе околу васrn

    4. Немојте да се жалите

    rnДали би му се восхитувале на човек кој постојано се жали? Секако дека не. Шармантните луѓе размислуваат позитивно. Одбегнувајте ги критиките, жалбите и негативните теми на разговор. Дури и да не ви е сѐ супер во животот, зборувајте за она што ве прави среќни и ќе им го подобрите расположението и на вашите соговорници.rn

    5. Користете гестови

    rnВашето однесување треба да ја покаже вашата самодоверба. Немојте мрзливо да се влечкате, не си играјте со предмети или со делови од телото, обидете се да се смеете почесто, гледајте го соговорникот право во очи и не се затворајте. Со други зборови, секогаш кога ќе се појавувате во јавност однесувајте се и чувствувајте се како холивудска ѕвезда на црвен тепих.rn

    6. Бидете добри раскажувачи

    rnМногумина веруваат дека способноста да се претвори секоја приказна во нешто интересно и забавно е вистински талент. Но, тоа не мора да биде така. Станува збор за вештина што може да се научи. Зборувајте самоуверено, користете хумор, особено самоиронија, односно шегувајте се на своја сметка. Не заборавајте на говорот на телото, не ги кријте вашите емоции и бидете позитивни. Не грижете се доколку некоја од вашите приказни и шеги не го постигне посакуваниот ефект. Раскажувајте ги вашите случки. Луѓето ги споделуваат работите што им биле интересни.rnrn9 психолошки трикови кои ќе ви помогнат да ги привлечете сите луѓе околу васrn

    7. Не го тргајте погледот

    rnКога разговарате со некого, секогаш гледајте го соговорникот во очи. Понекогаш, само еден залутан поглед може да каже илјада зборови. Контактот со очи покажува дека го слушате вашиот соговорник, дека го разбирате и го почитувате како личност. Кога зборувате со некого на некој настан, не обрнувајте внимание на работите што се случуваат околу вас, туку задржете го фокусот на соговорникот. Не го проверувајте телефонот постојано, бидејќи луѓето ќе стекнат впечаток дека ви е здодевно и дека си барате поинтересни соговорници.rn

    8. Научете да ги слушате другите

    rnВие не сте најважната личност во светот. Покажете интерес за животот на другите луѓе. Ако слушате внимателно и поставувате прашања, вашиот соговорник ќе се почувствува посебно и ценето. Секако дека не треба да запаметите сѐ од она што ви го кажале другите, но почнете со тоа што ќе ги запаметите нивните имиња.rnrnНе заборавајте на следниов корисен трик: Кога некој ќе ви се претстави, повторете го нивното име и кажете нешто во стил на „Милош, драго ми е што те запознав“. Ако сакате другите луѓе да ве запаметат, употребете го истиот трик со вашето име: „Здраво, јас сум Сандра. Сандра Петревска“.rn

    9. Имитирајте го однесувањето на другите

    rnОва е многу едноставен трик кој ќе ви помогне да ги придобиете туѓите симпатии. Сѐ што треба да направите е да го имитирате однесувањето на соговорникот со тоа што ќе ги повторувате неговите изрази на лицето, интонација и гестови. Ова секогаш го постигнува посакуваниот ефект, бидејќи методот се заснова на природната човечка нарцисоидност, односно соговорникот несвесно почнува да мисли дека вие сте совршено усогласени.rnrnМожете да го искористите овој трик и за да ги присвоите уникатните белези на луѓето кои ви делуваат харизматични. Обрнете внимание на нивното однесување и обидете се да го имитирате. Тоа значително ќе ја зголеми вашата самодоверба.rnrnДоколку ве заинтересира оваа тема, прочитајте и како да оставите добар прв впечаток за само 9 секунди.

  • Психотерапевтите откриваат зошто емотивното неверство станува сè почесто меѓу брачните партнери

    Психотерапевтите откриваат зошто емотивното неверство станува сè почесто меѓу брачните партнери

    Колку од вашите венчани пријатели, колеги и познајници имаат личност со која се гледаат надвор од бракот? И не мислиме на оние што бараат секс за задоволување одредени физички потреби, туку на оние што почнуваат да чувствуваат нешто повеќе за некого што не е сопругот или сопругата, без разлика дали имаат секс со него/неа или не. Ова станува толку често, што веќе ретко кој го крие од околината. Секако, не велиме дека сите личности во сериозна врска или брак го прават ова, но истражувањата покажуваат дека бројката секојдневно се зголемува. Па, како психотерапевтите ја објаснуваат оваа драстична промена?rnrnПсихотерапевтите откриваат зошто емотивното неверство станува сè почесто меѓу брачните партнериrnrnПорано постоеле пет-шест силни причини кои ги поврзувале брачните партнери, додека пак денес има две, односно три ако тие имаат деца. Во врската се очекува задоволство, а во денешно време ретко се наоѓа човек со кој би можеле постојано да бидеме задоволни. Модерниот начин на живеење доаѓа со еден вид константно незадоволство во долготрајните врски, што е особено изразено кај оние што гледаат љубовни ТВ серии и филмови. Ним им изгледа дека сите останати да живеат подобро и постојано се во потрага по тоа што сметаат дека им недостига, целосно заборавајќи на позитивните нешта во врската. Оваа потрага води кон емоционално неверство.rnrnМажите најчесто го прават тоа бидејќи новата партнерка ја доживуваат како возбудлива, а жените бидејќи не се чувствуваат доволно сакани. Ако пак, во бракот недостига секс, и двете страни бараат начин како надвор од него да ги задоволат своите потреби. Сите овие нешта настануваат како последица на размислувањето дека бракот нема да трае и дека кога-тогаш ќе заврши. Токму од овие очекувања зависат и емоциите и верноста што се вложуваат во самата врска, па кога истата се доживува како минлива, многу помалку се вложува во неа.rnrnЗа споредба, во минатото луѓето стапувале во брак со замисла да го поминат животот заедно, па дури и кога наидувале на лоши периоди, тие давале сè од себе за да го одржат својот однос. Денес, луѓето стапуваат во брак за моменталната сигурност и остануваат дел од него сè додека не сметаат дека нашле нешто подобро или пак, додека не наидат на првиот поголем проблем. Луѓето едноставно сакаат да поминат полесно во секоја сфера од животот, особено во љубовната, па затоа и имаат сè помалку причини што ги врзуваат со одбраниот партнер.rnrnПогоре спомнавме дека освен децата, брачните партнери имаат уште две други причини што ги задржуваат во врската. Психотерапевтите откриваат дека првата причина е љубовта, а втората е од економска природа – бидејќи заедно полесно можат да подигнат кредит, да купат стан… Третата причина се децата, но младите родители неретко забораваат дека имаат по две улоги во својот живот – тие најпрво се сопруг и сопруга, а дури потоа мајка и татко. Кога го ставаат родителството на прво место, и долго време се идентификуваат само со своите улоги на мајка и татко, притоа занемарувајќи го својот однос како партнери, тие со тек на време се отуѓуваат и потоа природно почнуваат да бараат поддршка надвор од бракот, а тоа неизбежно води кон емоционално неверство.

  • Разберете ги овие психолошки правила и направете го вашиот живот полесен и посреќен

    Разберете ги овие психолошки правила и направете го вашиот живот полесен и посреќен

    Разбирањето на психологијата, како за себе, така и за луѓето околу нас, може да има големо влијание на нашата среќа. Ограничени сме од минатите искуства и уверувања. Без разлика дали веруваме дека не сме доволно добри, дека не сме успеале во нешто или дека погрешно сме ги протолкувале туѓите реакции, бидејќи некој тоа ни го кажал, треба да го промениме менталниот склоп кој ќе ни ја зајакне перцепцијата и ќе ни го ограничи негативниот начин на кој се гледаме себеси и светот околу себе. Овие правила на психологијата може да ви помогнат да го направите вашиот живот полесен и посреќен.rnrn1-razberete-gi-ovie-psiholoshki-pravila-i-napravete-go-vashiot-zhivot-da-bide-polesen-i-posrekjen-www.kafepauza.mk_rn

    1. На луѓето не им е грижа толку колку што вие мислите

    rnЗвучи грубо, но е вистина. Секој има свои проблеми и несигурности и сите мислат дека другите размислуваат за нив. Имајте го ова на ум, бидејќи главно сите наши уверувања и претпоставки се базирани на минати искуства и погрешни перцепции. Бидете свои и не грижете се за туѓите мислења. Ќе бидете многу посреќни.rn

    2. Постојано се менуваме

    rnЛесно е да мислите дека сте истата личност која сте биле пред десет години, дека размислувате и се чувствувате исто. Меѓутоа, тоа не е точно. Нашето минато, сегашност и иднина се независни едно од друго, бидејќи нашите погледи за светот се менуваат низ околностите и искуствата. Поради ова секогаш треба да бидеме она што сме кога одлучуваме за нешто. Не можеме да ја предвидиме иднината и како ќе се чувствуваме тогаш, а сето она што се случило во минатото, се случило на другата верзија од нас. Целата моќ е во сегашниот момент.rn

    3. Морате да престанете да се споредувате со другите

    rnСоцијалните мрежи ни создаваат притисок дека треба да ги споделуваме нашите најдобри моменти и затоа е лесно да почнеме да се споредуваме со другите за кои ни се чини дека живеат совршени животи. Во реалноста, исто така, со задоволство ја покажуваме нашата добра страна, бидејќи се плашиме дека луѓето ќе нè осудат или одбијат. Сите ние сме ранливи. Сите ние сакаме да бидеме прифатени. Губиме време доколку мислиме дека другите се подобри од нас и дека живеат подобри животи. Само ние вистински се гледаме себеси. Дури и најмоќните луѓе имаат грижи, несигурности и стравови кои ги кријат во себе.rnrn2-razberete-gi-ovie-psiholoshki-pravila-i-napravete-go-vashiot-zhivot-da-bide-polesen-i-posrekjen-www.kafepauza.mk_rn

    4. Не претпоставувајте дека некој ќе го послуша вашиот совет

    rnДали некогаш сте воочиле проблем кој го има вашата пријателка и сте знаеле што треба да направите за таа да го реши? Сте ѝ дале совет, но како да сте зборувале на ѕидот. Се чувствувате фрустрирано, бидејќи сте сакале да помогнете. Никој не го слуша советот ако нема добар поглед кон светот во вистинско време. На крај, луѓето се менуваат низ сопствените искуства и самите треба да дојдат до совет за себе. Немојте тоа да го сфатите лично и оставете ги другите да ги решат проблемите онака како што им одговара.rn

    5. Можете да ја контролирате само вашата реакција

    rnВашата реакција на некоја ситуација или проблем е најважна. Вашиот однос кон сè одредува колку ќе бидете среќни. Можете да изберете да реагирате на начин поради кој подоцна постојано ќе се предомислувате, ќе се чувствувате лошо или пак ќе можете да пронајдете подобар начин за реагирање. Ова може да биде тешко кога ќе бидете во негативна ситуација, но почекајте неколку секунди пред вашата реакција и обидете се да размислите за можните последици за себе и за другите.

  • 8 предупредувачки знаци што укажуваат на анорексија (никогаш не ги игнорирајте!)

    8 предупредувачки знаци што укажуваат на анорексија (никогаш не ги игнорирајте!)

    Ако забележите чудна промена во вашето однесување или пак, во однесувањето на блиска личност и се сомневате дека станува збор за анорексија, тогаш добро проучете ги овие знаци бидејќи од нивното препознавање може да значи и спасување нечиј живот…rnrn8 предупредувачки знаци што укажуваат на анорексија (никогаш не ги игнорирајте!)rn

    1. Губење тежина

    rnОва е можеби најочигледниот знак за анорексија. И покрај тоа што станува збор за ментална болест, анорексијата најлесно се препознава преку наглото губење тежина и гладувањето. Кога личноста со анорексија се гледа во огледало, таа гледа дебела личност, без разлика колку е слаба, па мора да продолжи да ги ограничува внесените калории за да преземе (фиктивна) контрола над себе и своето тело.rn

    2. Претерано вежбање

    rnЛуѓето што страдаат од анорексија често имаат и рутина за вежбање што лесно може да премине во опсесија. Тие чувствуваат дека мора да вежбаат со часови за да ги согорат калориите што ги консумирале во текот на денот и потоа да продолжат уште малку повеќе. Тоа е константа битка помеѓу храната, вежбањето и сликата за телото, и оние што страдаат, не гледаат крај на повидок.rn

    3. Нереална телесна слика

    rnУште еден клучен знак за анорексијата, како што веќе накратко спомнавме, е изобличената телесна слика. Оние што страдаат од анорексија во огледалото пред себе гледаат дебела личност, дури и кога личноста што им возвраќа на погледот едвај изгледа живо. Тие никогаш не се чувствуваат добро во својата кожа, без разлика колку се слаби и постојано си создаваат притисок да продолжат да вежбаат.rn

    4. Опсесивно бројат внесени калории

    rnНема ништо лошо во броењето калории, ако го правите тоа со здрав ум. Но, може да стане проблем кога целиот живот ќе почне да ви се врти околу тоа. Кога нема да можете да консумирате ниту храна, ниту вода, бидејќи веќе сте ја достигнале замислената граница, а не поминало ни 12 часот попладне, не можете да негирате дека постои проблем.rn

    5. Чести болки во градите

    rnБолките во градите често се поврзуваат со анорексијата. Според една ревизија на податоци од пациенти, 87% од оние што страдаат од анорексија доживуваат болки во градите. Ова може да биде предизвикано од голем број фактори, вклучувајќи и откажување на срцето, аритмија, ГЕРД, анксиозност, абнормално срцебиење или други проблеми со кардиоваскуларните, гастроинтестиналните и пулмоналните системи. Причината најчесто се крие во ниското ниво на калиум, бидејќи токму тој е одговорен за одржување нормален ритам и баланс на електролитите.rn

    6. Проблеми со дигестивниот систем

    rnКога го изгладнувате вашето тело и го држите настрана од хранливи материи на подолг рок, многу лесно може да се појават проблеми со дигестивниот систем. Токму затоа и оние што страдаат од анорексија почнуваат да доживуваат проблеми со дебелото црево, ГЕРД, потекување на стомакот, запек…rn

    7. Губење на косата

    rnУште еден голем знак за анорексија е значителното губење на косата. Секој дел од телото има потреба од хранливи материи, вклучувајќи ја и косата, па нејзиното опаѓање е знак дека телото не ги добива сите елементи што му се потребни. Бидејќи косата не е есенцијална за нашето тело, таа е првата што се отфрла при потхранетоста во обид да се распредели тоа малку што се има до поважните системи.rn

    8. Повлекување и изолација

    rnОва можеби не е директен знак за анорексија, но дефинитивно може да биде знак за опасност. Луѓето со нарушување на исхраната не сакаат да јадат во јавност, со цел да ги избегнат прашањата за нивните навики за јадење. Од друга страна пак, покрај анорексијата, многумина страдаат и од нарушување на анксиозноста и депресија, што се манифестираат преку повлекување и изолација. Тие исто така може да се кријат и поради недостаток на енергија. Во секој случај, ова однесување никогаш не смее да се игнорира.

  • 3 начини да ја искористите лутината во ваша корист

    3 начини да ја искористите лутината во ваша корист

    Лутината може да биде парализирачка емоција, особено во оние моменти кога е многу моќна, а вие немате никаква контрола над неа. Но, како и секоја друга емоција, без разлика дали е позитивна или негативна, таа може да се искористи за нешто добро. Во продолжение откријте како можете да ја трансформирате вашата лутина во нешто позитивно и да се инспирирате себеси да бидете подобра личност!rnrn3 начини да ја искористите лутината во ваша користrn

    1. Искористете ја за да ги победите стравовите

    rnЗошто сте толку лути? Ова прашање можеби има долг одговор, но тоа не значи дека не можете да ја свртите ситуацијата во ваша корист. Зошто да ѝ дозволите на лутината да ја преземе вашата душа? Ако размислите, оваа емоција многу често е маскиран страв. Не е важно за што се работи – страв од непознатото, страв од неуспех, страв од чувство на помала вредност… тоа може да ве одведе на многу темен пат.rnrnНо, постои начин да ја искористите лутината така што со неа ќе ги нападнете стравовите. Наместо да се лутите себеси или на светот околу вас, едноставно насочете ја лутината кон стравот и соочете се со него. Налутете се на тоа што ве спречува да си ги остварите целите и искористете ја енергијата од оваа емоција за конечно да се изборите со стравот што ве парализира. Нема да биде лесно, но со доволно трпение ќе успеете!rn

    2. Искористете ја за да си ги подобрите креативноста и решителноста

    rnСекако, препознавањето на причината за вашата лутина не ги оправдува досегашните дела. Тоа само ја одзема моќта што лутината ја има над вас и вашите одлуки. Лутината, кога соодветно ќе се насочи, може да биде моќен мотиватор. Таа може да ви помогне да ја зацврстите решителноста и да ги надминете сите препреки што животот ќе ви ги постави на патот.rnrnНе мора да се обидувате да ја победите, едноставно трансформирајте ја во нешто позитивно и креативно. Тоа може да биде нов начин за сработување на секојдневните работни задачи или пак, почеток на хоби што на долг рок ќе ја зголеми вашата креативност и ќе ви помогне да наоѓате покреативни решенија за проблемите.rn

    3. Искористете ја за да инспирирате други луѓе да ви се приклучат на вашата кауза

    rnЛутината е универзална емоција, и како таква може да ви помогне да соберете следбеници што ќе ве поддржат во вашата кауза. Наместо да се нервирате околу дадената ситуација, вие можете да ги здружите вашите сили и да создадете нов начин на кој ќе се справите со проблемите. Водени од заедничката лутина, ќе почувствувате соединување и ќе почнете да се водите по добро познатата изрека: „Две глави мислат подобро од една.“ Во вашиот случај можеби 3, 4, па дури и повеќе…rnrnИ за крај не заборавајте, вистина ќе ве ослободи, но најпрво ќе ве разлути! Прочитајте ги и овие 7 цитати на кои треба да се сетите кога сте лути.

  • Едноставна психолошка техника која ќе ви помогне да се одљубите од некого

    Едноставна психолошка техника која ќе ви помогне да се одљубите од некого

    По болното раскинување, нормално е сѐ уште да сте вљубени во вашиот поранешен партнер. Потребно е многу време да ја преболите саканата личност и да продолжите понатаму со нова. Но, психологот Џон Алекс Кларк ја открил техниката што ќе ви помогне да го одљубите оној кој ви го скршил срцето. Ова е возможно благодарение на психолошкиот концепт наречен класично условување.rnrnЕдноставна психолошка техника која ќе ви помогне да се одљубите од некогоrn

    „Преболувањето на саканата личност е исто како да се откажувате од пушење цигари. Кога човек ќе одлучи да се откаже од некоја навика како што е пушењето, првите неколку дена се најтешки. За среќа, тоа станува полесно со текот на времето и со помош на многу трпение и вежбање“, напишал психологот Кларк.

    rnПо раскинувањето, секогаш ќе има нешто што ќе ве потсетува на вашиот поранешен партнер. Можеби ќе станува збор за место, храна, па дури и период од денот или годината. Бившите се дел од вашиот живот, така што нормално е да постојат работи што ќе ве потсетуваат на нив.rnrnКларк советува дека мора да ги уништите овие асоцијации ако сакате да се одљубите.rn

    „Луѓето обично создаваат ментални врски помеѓу две искуства и ги поврзуваат едно со друго. Одредени ситуации или места можат да поттикнат емоционална реакција врз основа на минатите случувања“, објаснил Кларк.

    rnСо други зборови, мора да ги уништите врските што постојат меѓу овие места, храна и периоди со сеќавањата за вашиот поранешен партнер. На пример, ако постојано сте оделе во некој ресторан заедно, по раскинувањето ќе ви биде тешко повторно да одите таму, бидејќи насекаде ќе ја гледате саканата личност. Наместо да бегате од ресторанот како од чума, мислете на добрата храна и пријатната атмосфера што ги нуди.rnrnЕдноставна психолошка техника која ќе ви помогне да се одљубите од некогоrn

    „Со секое позитивно искуство што ќе го поврзете со некогаш болното сеќавање, страдањето ќе се намалува. Вашето ново убаво сеќавање ќе го заземе неговото место и постепено тоа нема повеќе да ве потсетува на бившиот“, тврди Кларк.

    rnПравете ја оваа вежба редовно и со текот на времето болните чувства поврзани со тоа место ќе се намалат и ќе бидат заменети со позитивни.rnrnКларк е свесен дека техниката на класично условување не е лесна за секого, ниту ќе даде позитивни резултати по секоја цена. Мора да ја прифатите болката предизвикана од скршеното срце, но обидете се полека да ги кинете врските што постојат меѓу вашата поранешна љубов и одредени места и предмети.rn

    „Колку повеќе го поттикнувате вашето страдање, толку подлабоко го туркате во вашата потсвест, поради што ќе ви биде многу потешко да го надминете тогаш кога ќе бидете подготвени да продолжите понатаму“, изјавил Кларк.

    rnПрифатете ја болката и дозволете си да бидете тажни некое време. Но, евентуално ќе мора да продолжите понатаму. Ќе видите дека по краток период, љубовта што сте ја чувствувале за вашиот поранешен партнер ќе биде само едно далечно сеќавање.

  • Убавицата и ѕверот: Поучна бајка што со векови крие важна психолошка лекција!

    Убавицата и ѕверот: Поучна бајка што со векови крие важна психолошка лекција!

    Оваа бајка може да нè научи на многу лекции, особено за љубовта кон себе. Постои едно психолошко клише дека мораме да научиме да се сакаме себеси, дури и оние делови од нас што често се мета на јавно осудување. Имајќи го тоа на ум, еден експерт укажува на важната лекција што со векови се крие во оваа приказна.rnrn2-ubavicata-i-dzverot-pouchnata-bajka-so-vekovi-krie-vazhna-lekcija-od-psihologijap-www.kafepauza.mk_rnrnЏош Грејсел, психолог и автор, тврди дека работата на себе не е толку тешка колку што сите кажуваат. Овој пат тој се обидел да го објасни себеприфаќањето според примерот на една од најубавите бајки од нашето детство, „Убавицата и ѕверот“.rnrnОваа француска бајка е создадена во далечната 1740-та година, а до денес е објавена во голем број варијации. Најкратко кажано, преубава девојка доброволно се согласува да остане заробена од страна на суров ѕвер за да го спаси својот татко. Ѕверот изгледа страшно и убавицата го избегнува, се плаши од него и се обидува да избега. Секоја ноќ, Ѕверот ја прашува Убавицата дали сака да се омажи за него, и секоја ноќ таа повторно го одбива. Како што вели Џош, читателите знаат дека Ѕверот е нешто што убавицата мора да научи да го сака без убедување и дополнителни информации. Убавицата мора да научи да ја гледа убавината во Ѕверот!rnrnНа почетокот постојат само случајни навестувања што ја водат Убавицата да размисли за тоа дека Ѕверот можеби и не е толку страшен. Во тие моменти навиваме да го сфати она што сите ние го знаеме: Мора да научи да го сака овој Ѕвер. Да преминеме на главното. Таа со текот на времето се заљубува во Ѕверот и доаѓа до судбоносниот бакнеж по кој тој се претвора во прекрасен принц. Една од најубавите верзии на оваа приказна истакнува дека Убавицата толку многу го засакала што кога го погледнала принцот викнала: „Каде е мојот Ѕвер? Врати ми го мојот Ѕвер!“rnrnvideoimagernrnСега, помислите на некој дел од себе и вашиот живот кој не ви се допаѓа, кој не можете да го прифатите и кој сакате да го промените. Нешто за коешто размислувате само негативно. Постојат одредени работи во животот кои ве заробуваат и со тек на времето започнувате да ги мразите, толку многу што од сè се обидувате да побегнете. Оваа бајка сите овие векови крие универзална вистина и најверојатно тоа е причината за нејзиниот опстанок. Според неа мора да научите да ги сакате и работите кои кај себе во моментот ги мразите.rnrnНе станува збор за тоа дека треба да добиете преубав принц, туку да сфатите дека зад секоја „грдотија“ се крие некоја вредност, богатство што треба да го засакате. Додека не успеете во тоа ќе бидете затворени во затворската просторија на неприфаќањето. Само низ овој вид прифаќање можете да ги цените вашите проблеми и предизвици како подароци. Кога ќе се прифатите и засакате себеси може да се каже дека ќе живеете среќно до крајот на животот. Тоа значи дека без разлика на тоа колку немате објаснување за некои работи или колку тие моментално ви создаваат болка, сепак можеби во нив постои некоја виша цел. Прифатете ги! Спасете се себеси од патењето и понатамошната болка и спремете се за поуката која ќе ја научите со прифаќањето на моменталното животно искушение.rnrnНемојте да додавате „Но…“, туку прифатете го предизвикот и обидете се да пронајдете убавина во „Ѕверот“ од вашиот живот.