Фејсбук е супер алатка која може да се употреби на многу различни начини, но и да се злоупотреби. Оние кои ја злоупотребуваат во потрага по внимание успеваат на тој начин да ги изнервираат сите блиски и далечни пријатели, освен другите трагачи по внимание кои се држат до нив поради заедничките потреби. Кај секој од нив се забележуваат дел од овие знаци.rnrn
rnrnПостојано го ажурираат статусот иако немаат ништо ново да кажат. Не е битно што ќе стават. Тоа може да бидат мудри цитати, површни цитати, љубовни стихови, песни, што било… само да ги има секој ден на почетната страница. Или повеќе пати во денот.rnrnЧесто ја менуваат сликата на профилот. Ако не им текне некој интересен статус, доволно е уште еднаш да се сликаат или да ѝ стават некој ефект на постара профил-слика и веднаш да ја направат достапна за сите. Несигурноста ја покриваат со идентичен израз на лицето на сите слики или евентуално со испакнати усни. Лајковите се неизбежни.rnrnЧесто постираат нејасни статуси. Знаат дека малкумина ќе разберат на што мислат, или можеби никој, но сепак ќе си стокмат статус кој ќе биде видлив за сите пријатели. Тоа дава аура на мистериозност во која можеби ќе уживаат ако добиваат прашања во коментари, но повеќето нема да реагираат затоа што ги нервираат со своето нејасно обраќање кон нив.rnrnСе чекираат каде и да одат. Сеедно дали се со срцките на шопинг или на кафе, гледаат филм дома со девојката, или на некое место од типот на Земјата на чудата, пожелно е другите да го знаат тоа.rnrnСе жалат за личните проблеми. И тоа за оние за надвор од виртуелниот свет, за кои се зборува со најблиските луѓе. Чест метод се нејасните статуси, ем си кажуваат што им лежи на душа, ем можат полесно да добијат изрази на сочуство и симпатија во коментарите.rnrn
rnrnСе жалат дека им го „манијачат“ профилот. Со оглед на тоа што секој сам одбира колкав дел од својот живот ќе го направи јавен и им го покажува на огромен број луѓе, тогаш воопшто не може да се зборува за појава на манијачење на Фејсбук. Сепак, тие не пропуштаат да кажат дека тој и тој постојано им виси на профилот, им дели лајкови на секоја објава, слика итн. Тоа ним всушност и не им пречи, со оглед на тоа што можат да се пофалат дека некој им укажува внимание.rnrnНа ѕидот на пријателот го пишуваат она што е за во инбокс. Тоа не е нешто сериозно, но разговорот продолжува во коментарите и завршува со „чекам детали во инбокс“. И сите ќе се прашуваат какви тоа убавини им се случуваат ним.rnrnИмаат над 1.000 пријатели. Голем дел не ги познаваат, други ги виделе само еднаш во животот, но не може жедта за внимание на социјалните мрежи да се задоволи со само 300 пријатели. Ако секој ден им се обраќаат на пријатели кои можат да населат едно мало гратче, вниманието од неколку стотини од нив не им бега.rnrnСе возбудуваат кога ќе добијат некакво известување. Или постојано проверуваат дали некој им пишал. Кога во горниот лев агол ќе се појави знакчето со црвена боја, имаат црно на бело дека некој таму мисли на нив.rnrnСе трудат да се истакнат во групната фотографија. Ако се во позадина некој може да не ги види.rnrn
rnrnДобри се со сите на Фејсбук. Затоа што ако му згрешите некому во виртуелниот свет тој истиот може утре да му наштети на вашиот имиџ на социјалните мрежи. Колку лајкови ќе посеете денес, толку ќе ожнеете утре.rnrnИ надвор од Фејсбук мора да се во центарот на вниманието. Ако дел од нивните пријатели направат некаков план во кој не се вклучени, тоа може многу да ги повреди.rnrnИзнудуваат комплименти. Свесни се дека прават сè што е во нивна моќ за да изгледаат и да се чувствуваат добро, но и покрај тоа не се чувствуваат удобно во нивна кожа сè додека другите не ги преплават со комплименти.rnrnСе фалат со небитни работи. Кому му е важно колку ви е добро што сте феминистка, дали вашата Барселона е подобра од нивниот Реал или сте рокер кој мрази турбо-фолк?rnrnСте забележале ли нешто што може да се додаде на оваа листа?
Tag: профил
-

Што прават очајните по внимание на Фејсбук?
-

Лесен начин за наоѓање работа од дома
Доколку повторно почнеме да зборуваме за тоа колку е тешко во Македонија да се најде работа, како нема перспектива за младите во сопствената земја, муабетот ќе се сведе на тоа дека секој разумен граѓанин не сака да биде сведок на уште едно излевање на способни кадри надвор од нашата земја.
Но, во воздухот сѐ уште стои прашањето како да се извлече нешто позитивно од ваквата ситуација? Па многу лесно: Постои проблем, потребно е решение!rnrnТака е родена идејата за „Elancer“. Тоа е веб-сајт кој служи како механизам за регулирање на понудата и побарувачката на работа. Многу едноставно, секое правно или физичко лице може да креира свој профил, како понудувач или како некој кој бара работа. Карактерот на работата може да е од каков било профил.rnrnНајновите трендови само уште повеќе го потврдуваат фактот дека работењето од дома станува сè подоминантно како принцип на функционирање на голем број работни односи. Секако дека на „Elancer“ може да се доставуваат услуги од секаков вид, не само компјутерски туку и физички.
Денес сме сведоци како пред наши очи настануваат значајни трансформации на традиционалните работни места. Работните задачи во сѐ поголем волумен можат да бидат извршени од дома и да се доставуваат до работодавачот преку интернет-конекција.rnrnДоста интересна информација е тоа што од младите луѓе денес се очекува во текот на својата кариера да променат ни помалку ни повеќе туку од 10 до 14 работни места. Овие бројки доволно кажуваат за настанатите промени на пазарот на труд. До израз доаѓа флексибилната природа на работата која нуди голем број предизвици за луѓето. Ваквото движење било невозможно да се предвиди пред 20 години, а денес сме соочени со турбулентни промени кои работат на олеснување на сите аспекти од секојдневието.rnrnДали се вредни времето и непотребните напори при користење на застарениот модел за ангажирање луѓе? Дали се потребни сите тие часови минати во бесцелно листање огласи и долгите постапки на аплицирање?rnrnВеб-сајтот www.еlancer.mk е одлична можност за секоја амбициозна, способна личност или пак модерна компанија да бира од низа можности. Со Elancer веќе не е важно формалното образование, мама и тато и нивните пријатели, тука доаѓаат до израз вистинските способности. CV-то е композиција од лични достигнувања и способности кои треба да се покажат на дело во наредниот работен однос.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Како може Фејсбук да ви ја уништи врската?
Социјалните мрежи лесно ги спојуваат луѓето, но исто така можат и лесно да ги раздвојат. Секојдневно слушаме многу примери за тоа како луѓе се запознаваат преку Фејсбук и се вљубуваат, социјалните мрежи станаа дури и места каде се предлагаат бракови. Но сите тие лајкови, боцкања и коментари можат лесно да им наштетат на вашата врска или брак.rnrn
rnrn1. Будно следење на профилот – Кај секој заљубен човек има доза на љубомора, и тоа до некаде е нормално. Но социјалните мрежи се експерти за поттикнување на љубомората, па така луѓето се претвораат во будни стражари на профилите на своите партнери. Се следи секоја акција, секој коментар, возвраќање на коментар и секое ново пријателство. Никој не сака љубоморен партнер, секој сака да има слобода и простор да дише.rnrn2. Безначајни лајкови – Лајковите на Фејсбук направија една огромна еуфорија, почна сè и сешто да се мери со лајкови, но не заборавајте дека тоа не е начинот на кој се мери вашата љубов. Ако вашиот партнер „лајкувал“ нешто, значи дека му се допаѓа тоа што е објавено, а не личноста која го објавила. Секој има право да го каже сопственото мислење, да „лајкне“ нешто што му се допаѓа, не кревајте паники веднаш, само оставате впечаток дека сте незрела личност која обраќа премногу внимание на споредни работи во животот. Но од друга страна, кога сте во врска, нема потреба да се „расфрлате“ со лајкови по други профили, особено ако станува збор за слики од згодни момци и девојки, па која е поентата?rnrn3. Размена на лозинки – Кога вашата врска ќе стигне до тој степен да изгубите секаква доверба еден во друг, па да дојде и до размена на лозинки, знајте дека тоа не е начин да ги поправите работите кои ви тргнале надолу. Кажување на лозинките, заеднички профили и мејлови, не се знаци дека многу се сакате, туку напротив, дека не сте сигурни во себе. И покрај тоа што сте во врска, заслужувате да си имате свој живот и приватност.rnrn
rnrn4. Следење на разговори – Љубомората и опсесивноста не смеат да дојдат до ваков степен. Нема потреба да следите нечии разговори, исто како што и вие не би сакале некој да ве шпионира вас. Доколку го познавате добро човекот со кој сте во врска, значи дека му верувате и го сакате, нема потреба да следите нечии разговори, тоа само ќе ви доведе кавги и неслога, зашто кога-тогаш ќе се дознае.rnrn5. „Средување“ на листата со пријатели – Да му забраните на вашиот партнер да комуницира со некого, само ќе ги влоши работите, и од тоа ништо добро не може да излезе. Напротив, кога на некого ќе му забраниш нешто и ќе му ја одземеш слободата, многу полесно можеш да го изгубиш. Што сте направиле ако ја избришавте згодната девојка од листата на негови пријатели? Зарем не можат да се видат во живо? Ако човекот е склон кон неверства, таков е секогаш и секаде, ништо не можете да решите или забраните преку Фејсбук.rnrn6. Поставување песни и оставање коментари – Кавги во една врска, предизвикани поради Фејсбук, се и оние кога ќе се јави неслога поради постирање песни и оставање коментари. Однесувајте се зрело, ако подолго време не ви постирал песна на ѕид или не ви оставил некаков коментар, не значи дека повеќе не му значите ништо.rnrnЗошто си тагнат на таа слика и која е девојката што стои до тебе? Зошто не ми врати на коментарот и кој е оној со кого си станала пријател? … Сфатете дека Фејсбук е виртуелен свет, различен од оној реалниот, и не е мерило за вашата љубов. Вашата љубов е најдобро да ја негувате далеку од очите на јавноста, бидејќи е еден интимен чин. Сфатете ги социјалните мрежи како места за забава, никогаш не дозволувајте да ви ја уништат врската или да предизвикаат кавги.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Љубовен астролошки профил за женски Ракови
Припадничките родени во знакот Рак најчесто погрешно се сфатени како непристојни, арогантни и непријатни личности. Запомнете, пред да почнете со каков било план за заведување, најдобро е да ја разберете и осознаете нивната личност. Тие сакаат партнер кој ќе ја разбере нивната нескротлива и променлива природа. Дури кога изгледа дека е лута на вас, таа едноставно така се „празни“ и ја ослободува негативната енергија. Тие се многу емотивни и знаат да ги пренесат своите чувства на другите околу нив. Спаѓаат во групата на оние знаци на кои поважно им е да посакуваат и мечтаат, отколку вистински да поседуваат.rnrn
rnrnЖенските Ракови се многу едноставни кога станува збор за љубовта. Или ќе бидете со неа, или ќе ја оставите. Но, тоа не значи дека тие се без емоции и страст. Напротив, тие можат да бидат пречувствителни и полни со страст. Чекорат по својот пат стабилно и им веруваат на донесените одлуки, без да се навраќаат на минатото. Затоа, најдобро е да ја заведете жената Рак кога таа е расположена. Доколку не ѝ е погоден денот, сите ваши надежи се осудени на пропаст.rnrnКако тогаш да ја „намамите“ жената Рак да се заинтересира токму за вас? Бидете директни. Таа сака партнер кој нема да биде материјалист и алчен. Бидејќи самите по природа се срамежливи и резервирани, тие се воодушевуваат и го ценат оној партнер кој е доверлив, искрен и секогаш отворен. Доколку не ги исполнувате овие услови, засекогаш ќе бидете избришани од нејзината листа. Кога оваа жена сака да биде со некого, без разлика дали ќе биде тоа врска или обична романса, работите ги сфаќа сериозно. Тие се личности кои не сакаат промени, освен во случај ако за тоа постои заедничка одлука.rnrnТаа ќе нема проблем доколку реши да ве остави. Звучи сурово и така е. Но, покрај целото студенило, тие се страсни мечтатели. Женските Ракови се романтичари. Кога еднаш ќе го пробиете железниот оклоп, внатре ќе наидете на сладок пекол. Тие ја сакаат романсата и еротиката. Сакаат да бидат обожувани, сакани и чувани. Ако барате повеќе од пријател со бенефиции, тогаш направете сè за да допрете до нејзината емотивна страна. Кога е со вас, таа посакува да биде единственото нешто кое вие го гледате. Сака да биде сигурна дека вие сте тука само за неа и не постои друго место на светот каде би посакувале да бидете. Бели кринови или рози се одличен избор за подарок со што ќе ја добиете нивната наклоност. А верувајте, посакувате да станете нејзин миленик повеќе од што било на светот!rnrn
rnrnОвие припаднички повеќе ја ценат самата помисла за некое дело, отколку остварување на истото. Случајно сте ѝ купиле сребрена брезлетна со месечинки, бидејќи таа спомнала дека има интерес за небесните работи. Со тоа сте ѝ покажале дека внимавате што зборува. Кога ѝ оставате утринска порака на нејзиниот автомобил после состанокот, ѝ покажувате дека мислите на неа. Ја изненадувате со вечера со свеќи кај вас дома, и таа знае дека сакате да се чувствува пријатно бидејќи немате планови за надвор. Овие напори ќе ја придобијат нејзината доверба и таа ќе посака да бидете заедно уште повеќе.rnrnТаа има традиционални ставови кога станува збор за состанувањето. Сака да биде сигурна во одлуката што ќе ја донесе. Немојте да бидете изненадени доколку „глуми“ недостижна и ве тера да ја освојувате по кој знае кој пат. Тоа е нејзиниот начин на кој ги елиминира идиотите и губитниците, од заштитниците. Тие се заситуваат и заминуваат. Жената Рак гледа на секој можен додворувач како потенцијален партнер кој ќе биде долгогодишен. Не, таа не очекува веднаш да ѝ понудите брак, само сака да знае дека го посакувате тоа што таа го мисли.rnrn
rnrnТаа нема да очекува понуда за брак толку рано во врската, но вие ќе бидете тие кои ќе го посакувате тоа. Штом ќе го придобиете вниманието на оваа жена, нема да сакате лесно да се одвоите од неа. Овие жени Ракови поседуваат црти на домаќинки и мајки. Не, таа нема да ја има улогата на мајка во вашата врска, но верувајте, ќе имате сè што ви е потребно дома. Таа ќе се грижи за работите кои ви се потребни и на двајцата и вие ќе бидете изненадени како досега сте живееле без неа. Понекогаш токму ваквите особини на овие жени може да бидат причина за проблеми и караници во врската.rnrnТие се личности кои секогаш ќе ве поддржуваат, што истовремено е и нивна слаба страна. Штом таа ве пушти во нејзиниот свет, ќе дознаете зошто било тешко да се освои уште првиот пат. Тие кои ја искористиле, длабоко ја уплашиле. Иако со текот на времето раните се лечат, кај овие жени тие никогаш не исчезнуваат. Затоа е важно да се разбере нивната личност. Понекогаш може да изгледа дека вие сте тие кои ја плаќате цената за другите, но тоа не е така. Оваа жена знае дека единствената личност која ќе ја заштити, е самата таа.rnrn
rnrnДа, жената Рак е тешка да се освои, но затоа кога ќе ја имате, сфаќате дека вредел секој ваш напор. Нејзината страст се споредува со онаа што ја има хороскопскиот знак Овен. Таа може да биде спонтана и возбудлива. Знае да сака длабоко и ужива во еротски љубовни сеанси со бакнежи од кои ѝ се свртува во главата. Никогаш не треба да се грижите дека ќе бидете напуштени, бидејќи таа е цврсто лојална. Таа нема да ве остави наеднаш без ништо, како што ја оставале неа.rnrnНе дозволувајте суровата реалност од нејзиниот живот да ве разубеди да бидете дел од него. Таа со сигурност ќе го заборави минатото и нема да се навраќа на него. Сака да продолжи понатаму и посакува да има некој со кој заедно ќе чекори напред. Дајте ѝ шанса, разберете го нејзиниот нарав и ќе бидете наградени. Ќе имате прекрасна жена покрај вас која ќе ви понуди удобен живот исполнет со задоволства. Ќе ви подари љубовна врска која ќе биде возбудлива и стабилна. Со неа ќе ја почувствувате страста толку длабоко, што никогаш нема да заборавите колку сте сакани. Затоа, само напред, скршете ја железната школка, а потоа уживајте во сите слатки нешта кои ги поседува оваа жена. -

Љубовен астролошки профил за машки близнаци
Ако ве привлекува маж роден во знакот близнаци, прво запрашајте се дали имате доволно нерви и трпение да се справите со него. Тие се родени во двоен знак – во еден момент можете да ги мразите поради нешто, а веќе во следниот нема да можете без нив. Природно љубопитен и секогаш во потрага по нова авантура, машкиот близнак постојано ги менува своите мислења, ставови и потреби. За да излезете на крај со него треба да бидете многу флексибилни и, ако можете, понекогаш да си ги задржите вашите мислења за себе.rnrn
rnrnБлизнаците се воздушен знак и затоа ако тој навистина ви се допаѓа ќе мора да го пуштите да дише слободно онолку колку што му е потребно. Ако се обидете да го врзете за себе, тој веднаш ќе побегне далеку од границите кои му ги поставувате. Многу е независен и потребно му е работите да ги прави на свој начин. Врската со него бара доволно храброст да го пуштите да прави што сака и кога сака, но и да му дадете до знаење дека секогаш ќе му бидете на располагање.rnrnМашкиот близнак е интелигентен, флексибилен и лесно приспособлив. Ќе го привлечете ако и кај вас ги забележи истите особини. Тој е енергичен и сака постојано да биде во движење. Сака и ментален и физички стимул, па затоа најмногу ужива во состаноци кои вклучуваат некаква активност. Пешачење во природа е одлична идеја за средба со него, исто како и возење велосипед, па дури и партија кошарка. Сакаат многу да се забавуваат, па ако знаете дека се спрема луда забава која можете заедно да ја посетите, тоа е одлична можност да го воодушевите вашиот сакан маж-близнак.rnrn
rnrnСте договориле состанок… и сега се мислите што да облечете? Жолтата боја е одличен избор. Таа најчесто се поврзува со менталната активност и интелигенцијата, впечатлива е, а близнаците добро реагираат на неа затоа што им ги стимулира мозокот и имагинацијата. Ако не ја сакате жолтата, изберете ја која било жива боја, само немојте да претерувате со дотерување. Ако успеете веднаш да им го фатите окото со вашиот избор на облека, тие ќе продолжат со детално скенирање на вашиот изглед.rnrnЗа да ја разгорите страста кај машкиот близнак прво ќе треба да го окупирате неговиот ум. Главниот трик во вашата освојувачка мисија е да го држите неговото внимание кон вас со интересни разговори. Ако знаете нешто за нивните омилени теми кое тие не го знаат, веднаш ќе се впуштат во разговор. Сака да зборува буквално за сè, вклучително и за себе и за своите размислувања, а ја мрази непријатната тишина на средина од разговорот. Машкиот близнак сака да се забавува и многу да се смее. Потребен ви е лесен и едноставен муабет, но не заборавајте да имате спремно неколку теми за разговор во ракавот за во моментот кога ќе ви „пресуши“ првата. Запомнете: патот до срцето на близнакот е преку неговиот ум.rnrnШтом ќе успеете да го „припитомите“ неговото непостојано внимание веќе сте завршиле добра работа и можете да ги преземете и понатамошните чекори во заведувањето. Близнакот сака партнер кој знае добро да флертува и да го стави него во центарот на своето внимание. Ласкајте му, давајте му комплименти и наскоро ќе ви јаде од раката. Претставете му се со аура на комплексност и мистериозност. Нема да одолее на предизвикот да ги решава вашите љубовни загатки и ќе ја преземе иницијативата во заведувањето. Длабочината и слоевите на вашата мистериозна личност спакувани во секси пакет се магнет за него – тој обожува да ги составува делчињата заедно и да ја склопи конечната слика за вас. При заведувањето никако не спомнувајте обврзување. Вашиот однос гледајте го само во сегашно време. На почетокот на врската важно е што ќе се случува ако си одите заедно после забавата, а не што ќе се случува во иднина.rnrn
rnrnНа машкиот близнак не му е потребна силна емоционална врска за да ве посака во неговиот кревет. Не му е потребно да му ја докажувате вашата љубов пред да ја поминете првата заедничка ноќ. Тој сака само да ја прифатите неговата сексуална слобода, која може да биде и помалку перверзна. Бидете авантуристички расположени со него. Пробајте повеќе пози од Кама Сутра и кажете му дека ги обожавате. Тој сака валкани зборови и внимание. Ако, пак, некогаш почувствувате дека ви фали нешто повеќе во сексот, имајте на ум дека машките близнаци го обожаваат оралниот секс.rnrnАко со машкиот близнак сакате долга врска, не му кажувајте дека „работите на случајот“ затоа што ќе се исплаши и ќе побегне од вас. Неговиот личен простор и разновидноста во врската се клучни за да го задржите за себе. Изненадувајте го со рачно напишани пораки или со мали подароци, уживајте во заеднички активности, но тоа нека не изгледа како да градите цврста врска. Задоволувајте ја неговата љубопитност, бидете забавна и ќе го задржите за себе.rnrn
rnrnПроцесот на заведување на машки близнак е многу забавен. Бараат многу да ги освоите, но кога ќе дојде време да ги соберете плодовите од вашиот труд нема да зажалите. Нема лесно да ве напуштат освен ако не им стане здодевно со вас. Тие секогаш делуваат како да знаат од сè по малку, па со нив постојано ќе учите по нешто ново. Сакаат постојано да испробуваат нови нешта, многу се енергични, среќни и позитивни. Тоа сакаат да го споделат со некого, а тоа можете да бидете токму вие.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Љубовен астролошки профил за женски близнаци
Некоја девојка во знакот близнаци ви оставила голем впечаток… Дали знаете зошто? Дали ве привлекува нејзината детска љубопитност или нејзината страст за животот? Таа е секогаш во движење, барајќи нови работи и учејќи како тие функционираат. Таа сака да доживее сè и сешто. Сака да ги фрла коцките и да види како тие ќе паднат. Доколку мислите дека можете да ја следите и да ѝ ја овозможите слободата која ѝ е потребна како припадник на воздушните знаци, тогаш девојката во знакот близнаци е совршена за вас. Се надеваме дека сте многу еластични и прилагодливи.
rn

rn
Оваа жена е енергична и возбудлива, но многу брзо ѝ здосадуваат работите. Таа постојано е во потрага по нешто ново и многу ја цени разновидноста. Таа најверојатно има повеќе интереси, но ниту еден од нив не ѝ го задржува вниманието подолго време. Нејзината ментална комплексност понекогаш е погрешно сфатена и поради тоа ја сметаат за дволична и плитка, но таа секогаш длабоко размислува. И покрај тоа што премногу размислува, нејзината негативна страна е што премалку чувствува. Но, како и секоја друга негативна особина и оваа има еден вид позитивна страна. Жената-близнаци никогаш не е премногу емоционална и покрај неа никогаш нема да се чувствувате како да ве „загушува“. Таа нема да се обидува да ве контролира и секогаш ќе ви дава многу слободен простор.
rn
Во љубовта таа е шармантна и мудра, но истовремено и директна и флексибилна. Нејзиниот едноставен карактер многумина го сметаат за привлечен, но тоа не значи дека таа може да биде лесно заведена. Нејзината двојна природа е секогаш јасно видлива. Во еден момент може да биде расположена за буквално секој, но веќе во другиот момент таа сака да биде оставена на раат. За да ја заведете мора да размислувате надвор од вообичаеното. Размислете за целиот ваш пристап и прилагодете ги вашите способности и убедувања. Таа веднаш ќе забележи секаков вид несигурни или плитки обиди за да ја освоите. Доколку ве прочита, големи се шансите дека ќе се ви се изнасмее во лице за вашиот неуспех.
rn

rn
И покрај тоа што секогаш е расположена за игра, жената-близнак никогаш не игра со своето срце. Доколку сакате да ја заведете, фокусирајте се на нејзиниот интелект. Тој е нејзината основа; тоа е тоа што ја прави истовремено и силна и убава. Со стратегија за заведување која ќе биде базирана врз нејзиниот интелект, брзо ќе ѝ го придобиете вниманието. Таа по природа е многу зборлеста и пријателски настроена. Овие особини ѝ овозможуваат брзо да се вклучи во разговор со личности кои зборуваат на која било тема. Бидејќи жените-близнаци зборуваат брзо и размислуваат уште побрзо, вашиот прв разговор е клучен за понатамошниот развој на вашиот однос.
rn
За време на вашиот прв разговор, бидете директни кон нејзиниот интелект, но истовремено бидете и малку дистанцирани и мистериозни кога зборувате за себе. Големи се шансите дека таа го прави истото и со вас. Понудете ѝ од себе онолку колку што таа ви нуди вас, скријте го тоа што и таа го крие. Таа обожава да игра „брканица“ или „жмурка“ со нејзините потенцијални додворувачи. Таа ќе си игра со вас онолку време колку што ѝ е потребно да открие дали навистина сте за неа. За да ја заинтересирате уште повеќе, направете ја вашата мистерија интересна и достапна. Неа ѝ е потребно да посака да ве запознае. Натерајте ја на тоа и веднаш ќе го добиете посакуваниот состанок.
rn

rn
Вашиот состанок не мора да биде претходно испланиран. Секако договорете се за време, но за местото може да се одлучи и непосредно пред состанокот. Како ви изгледа денот? Ако времето е добро одведете ја прво на прошетка низ паркот, а потоа направете планови за вечера. Ако времето е лошо, предложете ѝ филм и пица во домашна атмосфера. Бидејќи таа има импулсивен карактер, ќе ве цени доколку и вие сте такви, па ваквите ненадејни изненадувања од ваша страна, ќе направат да се чувствува сфатено. Исто така на овој состанок најдете повеќе начини да ѝ дадете комплименти. Жената-близнак обожава кога им се дава признание за малите нешта. Карактеристично интелигентните жени како неа, како и бикот и овенот пред неа, треба да бидат постојано потсетувани колку навистина се супер. Тие се презафатени со размислување и извршување на нивните планови, што немаат време да ги ценат своите способности.
rn

rn
Се сеќавате кога погоре спомнавме дека се надеваме дека сте еластични? Еве зашто… Жената-близнак сака сексот да биде каква што е нејзината личност – непредвидлив и моментален. Менувајте локации, пози, па дури и игри со различни улоги за да ја одржувате среќна и за да ја натерате да остане покрај вас. Едно нешто постојано имајте на ум – таа има одлична имагинација. Понекогаш таа дури и повеќе ужива во теоријата отколку во праксата. Но, сепак можете да стигнете многу далеку со неочекувана порака или со тивок коментар на нејзиното уво, кажувајќи ѝ колку сакате нешто да ѝ направите. Деталното споделување на мислата, дека сакате да ја потпрете на ѕидот и да си го направите своето со неа, ќе ви донесе многу позитивни поени кај оваа девојка.
rn

rn
Многумина велат дека жената-близнак не е верна. Всушност таа ќе биде верна сè додека нејзиниот партнер ги следи нејзините променливи интереси. За да ја задржите вашата жена-близнак, ќе ви бидат потребни неколку трикови сокриени во ракавот. Да, ќе мора да ги следите нејзините променливи интереси, но кога станува збор за вас – никогаш не откривајте ѝ сѐ одеднаш, дозволете ѝ полека самата да открива. Дозволете ѝ да ја открие и вашата душа. Таа обожава загатки и сака кога ги открива сама. Ова ѝ дава можност да научи нешто ново за вас и истото да го сподели со вас. Исто како и за време на заведувањето, секогаш обидувајте се да ја одржите вашата врска на интелектуална основа.
rnКако едни од најфлексибилните и најсексуалните знаци во астрологијата, трпеливоста и промисленото заведување на жена-близнак, на крај целосно ќе ви исплати. Покрај вас ќе имате жена која е слободна и која се грижи. Таа секогаш брзо знае да направи шега од лоша ситуација, но подоцна знае и како да ја поправи. Оваа жена е фасцинантна и располага со разновидно знаење. Таа е едноставна како дождот, но истовремено и комплицирана како лавиринт. Таа ќе ви го „раздрма“ животот на позитивно, а вашиот дел под појасот никогаш нема да биде мирен во нејзина близина. Жената-близнак ќе ви го направи животот многу интересен и по некое време ќе почнете да се чудите како сте се снаоѓале пред неа. И ако успеете да ја следите, таа ќе ве однесе на неверојатна авантура.rnrn rnrn
rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
rn
-

Шанса да го научите вашиот омилен странски јазик преку интернет
Најдобар начин да научите странски јазик е извесен период да престојувате во земјата во која тој се говори, преку директен контакт со луѓето таму. Но, за жал, ретко кој од нас може да си дозволи неколкумесечен престој во странство. Па, кога веќе мораме да ја отфрлиме оваа опција, а не ни оди со домашните курсеви, на ред веројатно би дошол интернетот, каде на располагање ни се неколку одлични сајтови за јазична размена.rnrnПреку нив, лесно можете да стапите во контакт со некој кој течно го говори јазикот што сакате да го научите, и ако имате малку повеќе трпение, големи се шансите да го збогатите вашето CV. Ви издвоивме неколку од најдобрите сајтови.rnrn
rnrn1. LiveMocha – предничи пред останатите сајтови, бидејќи ја претставува најголемата интернет заедница за учење на сите јазици. Нуди бесплатни курсеви, кои можете да ги користите самостојно, но и да се поврзете со други корисници со кои ќе разговарате и ќе разменувате материјали.rnrnСè што треба да направите е богат профил на кој ќе ги наведете јазиците кои ги говорите и оние кои сакате да ги научите. Откако ќе го сторите тоа, сајтот ќе ви сугерира партнери за помош при учењето. Слободно можете да ги додадете за пријатели и да стапите во контакт со нив. Партнери за учење можете да побарате и помеѓу лицата кои ќе ги оценуваат вашите вежби.rnrn
rnrn2. Palabea – овој сајт служи исклучително за олеснување на јазичните размени. Преку него, можете директно да разговарате и да разменувате идеи. Кога ќе направите профил и ќе напишете кој јазик го учите, тргнете во потрага по огласите на другите корисници, кои исто така, бараат јазичен партнер. Можете да поставите и свој оглас и да почекате некој да одговори на вашата понуда за учење на јазикот. Сајтот е особено популарен кај тинејџерите.rnrn
rnrn3. Italki – станува збор за сајт кој нуди курсеви за странски јазици кои се наплатуваат. Но, истовремено овозможува и поврзување со јазични партери. Направите профил и побарајте го својот сроден партнер за учење.rnrn
rnrn4. Mixxer – и тука можете да направите профил и да поставите оглас во кој ќе побарате партнер за учење, кој течно го говори вашиот омилен јазик. Нивната заедница не е баш најбројна, но можеби токму тука ќе го најдете партнерот кој најмногу ви одговара и ќе успеете да го совладате јазикот што сте го избрале.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Љубовен астролошки профил за машки бикови
Патот кон освојување на срцето на маж роден во хороскопскиот знак бик, е преку неговиот стомак. Тоа значи дека ќе ве обожува доколку му зготвите вкусна храна или го однесете во некој добар ресторан. Сепак треба да знаете уште неколку работи за него, пред да мислите дека со добриот рецепт од баба ви, сте блиску до неговото срце. Направете романтичен амбиент со добра музика и свеќи и покажете му дека сте вложиле енергија и страст за да направите да се почувствува добро и посакувано. Направете сѐ што мислите дека ќе ги разбуди неговите сетила и ќе бидете негова. Машките бикови се прилично тврдоглави, но се и многу лојални, заштитнички настроени кон луѓето кои ги сакаат, а најмногу од сѐ се страсни мажи. Верувајте, ниеден ваш добар гест нема да остане незабележан или ненаграден од ова момче.rnrn
rnrnМашките бикови се приземни, сензуални и страсни. Тие страсти не се само сексуални, туку се однесуваат на сите работи околу него како што се храната, пијалаците или материјалните работи кои ги поседува. Тој сака да си дава себеси доволно време, за да ги направи сите работи како што треба. На работен план, па дури и во приватниот живот, тој сака да им даде вистинска вредност на парите. Дарежлив е, но го очекува тоа и од останатите. Тој има јака волја за остварување на своите цели и не сака никој да го премислува и спречува во тоа. Исто така, тој е и многу посесивен – „што е негово, негово е!“ Машките претставници на овој знак се длабоко емотивни луѓе, а таа емотивност ја пренесуваат преку нивната страст во сексот. Со него, ќе се чувствувате дека сте сакани, посакувани и сигурни.rnrn
rnrnВо комбинација со вкусната храна, треба да знаете дека на овој маж му е многу важно чувството на безбедност. Ако сакате да го заведете, морате да запомните дека тој ќе се грижи за вас доколку и вие се грижите за него. Морате да го убедите дека може да ви верува, дека ќе бидете на договореното место, во договореното време и нема да си поиграте со неговите чувства. Кога нешто му го пласирате како вистина, немојте да си кажувате своја верзија на приказната туку вистинската. Не е потребно само да се претставувате како реалист, туку треба со него да се однесувате реалистично. Ако нешто може да биде направено, тогаш направете го. Доколку не можете – не правете го.rnrnКога веќе зборуваме за реалноста, имајте на ум дека биковите можат да помирисаат лага на растојание од 1 км. Обрнете внимание на она што му се допаѓа и она што не му се допаѓа. Нежните допири во невините безгрижни мигови поминати заедно, ќе го привлечат неговото внимание. Исто така, немојте во ниеден случај да ја потценувате романтиката доколку сакате да бидете со овој човек. Организирајте романтичен состанок, облечете нешто секси кое ќе биде во неговата омилена боја и поканете го кај вас дома. Удобноста на вашиот дом ќе овозможи релаксирачка атмосфера во која вие двајца ќе можете мирно да си муабетите и обострано да уживате во вашето друштво. Ако вашиот дом не е опција, тогаш некој ресторан со добра храна и придушени светла, е дефинитивно одличен избор.rnrnНа состанокот, избегнувајте да разговарате за вашите бивши момчиња, бидејќи постои голема веројатност тој да не сака да знае за нив и да не му е гајле што се случувало во вашето минато. Тој си смета дека најверојатно сте имале некаков проблем во љубовните врски кои веќе изминале, бидејќи во спротивно не би биле во моментот со него. Она што нему му е важно е дека сте сега таму со него и уживате во вашиот заеднички момент.rnrnБикот обично не се отвора на првиот состанок. Друг клуч за заведување на овој маж, е да ги искористите информациите кои ги знаете за него. Искористете ги во ваша полза, оние ситници во врска со неговиот карактер, на кои сте обратиле внимание во текот на минатите состаноци. Ако на пример, ви кажал дека многу му се допаѓа вашиот лосион за тело, тогаш наредниот пат нанесете поголема количина. Доколку му се допаѓа италијанската храна, однесете го во италијански ресторан и не заборавајте „случајно“ да го допирате по рамото или да го погалите по главата додека се упатувате накај автомобилот. Бидете упорни и изградете основа за врска. Доколку е заинтересиран за вас, бидете сигурни дека до крајот на вечерта тој ќе биде тој, кој ќе смислува начини како да ве „извлече“ од облеката што ја носите и да ве одведе в кревет.rnrn
rnrnВенера, позната како божица на еротската љубов, е планетата која управува со овој хороскопски знак. Кога ќе бидете подготвени да поиграте „танго“ очекувајте тоа да биде жешко и страсно. Имајте на ум дека ова можеби ќе биде најдобриот секс кој сте го имале во животот. Тој ќе сака сексуалниот чин да трае подолго, во кој двајцата бескрајно ќе уживате. Во него ќе има врели бакнежи, сочна предигра, многу забава и слатко измачување. Неговиот хороскопски знак го претставува животното бик, па токму поради тоа, тој и ќе ви покаже преку сексот, каков ѕвер се крие во него. Откако ќе го искусите него на својата кожа, тешко дека ќе бидете спремни да примите некој друг маж во вашиот живот.rnrn
rnrnДоколку премногу се заљубите во него и сметате дека ќе останете вечно емотивно „оштетени“, немојте премногу да се грижите, бидејќи доколку тој ве сака и сака да биде со вас, тогаш тој и ќе го стори тоа. Биковите сакаат да бидат во долга љубовна врска. Неговата страст и жештина се претвораат во тотална посветеност кон неговиот партнер. Вие сте негова и тој постојано ќе ве потсетува на тоа, правејќи ситни и крупни работи со кои ќе ви ја докажува неговата љубов кон вас. Доколку еднаш сте успеале да го освоите неговото срце, тој ќе очекува и понатаму да го сакате, да му дозволувате да се грижи за вас и да му ја возвратите неговата лојалност и посветеност.rnrnМашките бикови доаѓаат во пакет со високо ниво на интензитет и страст, што некои девојки го сметаат за проблем со кој не можат да излезат на крај. Тие се тврдоглави, безрезервни и категорични. Понекогаш се и избувливи и покрај нивната срамежлива надворешност. Тие не се откажуваат од својот начин на размислување и понекогаш посесивно го бранат она што го зборуваат. Воедно, овие мажи се бавни во сѐ што прават и мразат кога некој ги избрзува. Тој сака да го извлече максимумот од својот живот и целосно да го сподели со својата љубена.rnrnЗапомнете дека секогаш треба да продолжите да изнаоѓате начини да го заведете и да го одржувате неговото чувство на стабилност и страсност. Бидете приземни, ориентирани кон остварување на вашите цели и практични. Покажете му колку го почитувате и колку ги цените малите слатки нешта кои ги овозможува животот. Со него, ќе бидете исто толку среќна додека сте во дискотека полна со луѓе, како и кога седите по дома. Бидете сензуални, нежни и уживајте во вашата сексуалност за да ја развиете неговата имагинација. За секоја негативна мисла, бикот може да ви понуди позитивно решение или начин на размислување.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Љубовен астролошки профил за женски Бикови
Мажите имаат голем број причини зошто да ги обожуваат жените родени во знакот Бик. За оние кои сакаат животот да го живеат со побавно темпо, жената-Бик е вистинскиот избор за нив. Таа е сигурна и стабилна жена, која секогаш сака да знае во кој правец во животот се упатува и како се движи по него. Таа е решителна, упорна и трпелива личност. Ако нешто науми дека сака да го има, таа ќе пресмета, ќе го испланира, а потоа и оствари секој детаљ, сѐ додека не ја реализира нејзината замислена цел. Таа е мајстор за следење на нејзините зацртани цели, без разлика дали нивниот пат е напорен или досаден. Од оваа жена секогаш ќе знаете што добивате и што можете да очекувате, а таа ќе го очекува истото од вас.rnrn
rnrnЖената-Бик понекогаш може да делува контрадикторно. За да научите што таа навистина сака, ќе ви биде потребно трпение, пракса и голема издржливост. Таа е бавна, спремна и цврста жена. Доколку сакате да го освоите нејзиното срце, подобро обидувајте се само доколку имате силна волја да ја имате покрај себе. Доколку го издржите процесот на придобивање на нејзината љубов, на крајот ќе констатирате дека нејзиното големо срце е доволно вредно за сета мака.rnrnТаа своите чувства ги базира врз основа на факти и практичност. Таа има безгранична емоционална сила и има многу малку толеранција за некој кој не се согласува со неа. Некои претставнички на овој знак се чувствуваат понекогаш чудно во врска со себеси, како да се различни од сите други луѓе во светот. Поради тоа, убаво би било да ја потсетувате одвреме-навреме дека е само човек и дека е сосема нормално тоа што е исклучително уникатна девојка.rnrnОбидете се да ѝ покажувате сочувство секогаш кога ѝ е тоа потребно, но немојте да ја карате и прекорувате. И покрај тоа што таа е многу приземна и цврста, понекогаш знае да го изгуби трпението и нервите. Во тие случаи ќе биде најпаметно да излезете од просторијата, додека не „спадне прашината“. Не дозволувајте вашата гордост да преовладее во врската со оваа девојка. Кога некој ќе ја навреди, таа не се труди да возврати со иста мерка, туку едноставно ќе ја игнорира таа личност.rnrnОваа жена ја вреднува традицијата и стабилноста. Како нејзин потенцијален партнер, вие морате да ѝ ги овозможите овие две работи. Таа е фиксен земјен знак, стабилна е, едноставна и нерасипана, но не може да трпи напнати и глупави ситуации. Жената-Бик е нетолерантна кон оние луѓе кои немаат класа, навредуваат, сурови се и покажуваат простотилак во своето однесување. Кон неа морате да се однесувате културно и да ја третирате како дама. Првиот впечаток е пресуден кога станува збор за оваа жена. Доколку не може за неколку минути да сфати дека вие сте личност со исклучителен карактер и потенцијал, тогаш најверојатно со неа нема да добиете ништо повеќе од тој еден разговор кој сте имале среќа да ви се случи.rnrn
rnrnНе можете веднаш да влетате во врска со жена родена во хороскопскиот знак Бик. Морате првин да се спријателите со неа, пред воопшто да помислите на започнување романса со неа. Управувана од Венера, божицата на љубовта и убавината, оваа жена има особена почит кон убавите и сензуалните работи во животот. Благодарение на влијанието на оваа планета, женските Бикови се маркантни, забележителни и екстремно привлечни. Тие имаат способност да го привлечат вниманието на повеќе мажи кога влегуваат во некоја просторија, така што доколку сакате да ве забележи, ќе морате некако да се истакнете во толпата. Таа ќе ве обожува доколку ги почитувате традиционалните романтични вредности и ја третирате како вистинска дама. Секс за една вечер или секс без обврски се невозможни опции за неа. Кога ќе се врзе со еден партнер, таа планира да остане со него на долг рок. Воедно, таа сака нејзиниот потенцијален партнер да биде рамноправен со неа.rnrn
rnrnДоколку успеете да отидете со неа на состанок, немојте да мислите дека сте го положиле испитот и не треба повеќе да се трудите. Бидете промислени. Букетот цвеќиња се секогаш добар избор и ќе оставите добар впечаток кај оваа жена. Доколку е сезона на орхидеи или лилјани, направете мал букет и верувајте со него ќе соберете многу поени кај неа. Таа ќе се обиде да ја процени вашата искреност. Така што, држејќи ги цвеќињата во вашата рака, бидете искрени и директни со неа. Таа обожава добар муабет и ќе ве цени уште повеќе доколку сте одличен слушател.rnrnЖенските Бикови ја ценат својата приватност. Таа не чувствува потреба да ѝ покажувате добри гестови или јавно да ѝ покажувате внимание. Овие жени преферираат спонтани разговори и комплименти кажани од срце. Имајќи ги овие работи на ум, знајте дека оваа жена е многу посесивна кон работите кои ги поседува и кога ќе почувствува дека нејзината сигурност е загрозена, таа ќе почне лошо да се однесува со вас. Таа не би играла љубоморни игри, ниту би била во врска која е непостојана. Она што ќе ја одржи „загреана“ е партнер кој е лојален и сензуален колку што е таа. Играњето со емоциите на жена родена во знакот Бик, ќе придонесе да ја изгубите засекогаш.rnrnЗа да ја однесете оваа девојка во кревет ќе морате првин да задоволите неколку нејзини критериуми. Лојалноста е нешто што на секоја девојка родена во хороскопскиот знак Бик ѝ е многу важно. Можеби ќе ви биде малку потешко да ја придобиете нејзината доверба, но кога еднаш ќе успеете во тоа, тоа ќе биде засекогаш! Следен критериум кој треба да го задоволите е романтиката, која претставува неопходен составен дел од нејзиниот љубовен живот. Колку повеќе ја разгалувате со цвеќиња или разни подароци, толку повеќе ќе се вљубува во вас. Последниот чекор до нејзиниот кревет, е да бидете сензуални. Биковите се сензуални љубовници, па затоа таа ќе сака да ја почувствува вашата нежност и суптилност на нејзината кожа. Ако се потрудите да се чувствува добро додека ја допирате, таа ќе ве награди дупло! Обидете се бакнувајќи го нежно нејзиниот врат. P.S. Не заборавајте да се напрскате со некој добар парфем или млеко за тело со природен мирис (избегнувајте цветни мириси).rnrn
rnrnСексот со девојка родена во знакот Бик, може да се опише како „слатко измачување“. Таа сака водењето љубов да биде бавно и многу интимно. Колку повеќе галење и допирање искуси во текот на ноќта, толку подобар ќе ви биде сексот со оваа жена. Таа ќе обожава да ве задева и да ве одведе до точката на кулминација, потоа нагло ќе ги смири страстите, за после кратко време пак да ве „запали“. Одвојте повеќе време за вистински да уживате во сексот со неа. Таа ќе сака да ја помине цела вечер во вашата прегратка и ќе биде желна да учествува во сите ваши еротски (неперверзни) активности. Наредното утро ќе ве остави запрепастени да се запрашате зошто некогаш воопшто сте сакале да имате „секс на екс“ и како толку многу ја покачивте вашата сексуална кондиција и енергија.rnrnИ покрај тоа што оваа девојка ја цени стабилноста и традиционалните вредности, сепак одвреме-навреме сака да се „предаде“ и да се забавува во спонтани активности. Понекогаш сака да се предаде на своите импулси и сака покрај себе да има некој со кој ќе ги споделува тие импулси. Жените родени во знакот Бик може надворешно да изгледаат како да се секогаш сериозни, но реалноста е дека и тие потајно имаат свои желби и потреби. Тие се свесни дека понекогаш треба да престанат да мислат само на своите обврски и сериозните работи и да поуживаат малку во животот, така што со задоволство ќе прифатат некои нови авантури, но ќе им треба повеќе време да сфатат дека треба да се олабават.rnrnЗа да ја задржите оваа жена на долг рок, морате да поседувате неколку карактеристики. Првата е дека треба да ѝ останете засекогаш верен и да ѝ овозможите емоционална стабилност. Воедно морате секогаш да ја третирате како вистинска дама, останувајќи секогаш учтиви, културни и на ниво. Исто така, таа сака да знае дали можете да се грижите за вашите финансии. Парите не се сѐ во животот на една жена-Бик, но ѝ создаваат чувство на удобност и стабилност кога знае дека ги има. На неа ѝ е важно да знае дека нејзиниот потенцијален партнер ќе се грижи да носи леб дома за неа и идното семејство.rnrn
rnrnРаботете СО неа, а не ПРОТИВ неа доколку сакате да го освоите нејзиното срце. Бавноста и подготвеноста се заштитниот знак на Биковите и таа ќе сака и вие да функционирате на истиот начин, без разлика дали ви е тоа во природата или не.rnrnОваа жена обожава да биде надвор, бидејќи кога е во природа таа се чувствува како да е дома. Поради тоа, таа ќе ве обожува ако често ја носите на прошетки во паркови, шуми, планини, покрај езера, реки, мориња… Пожелно би било и да ве бива за готвење, бидејќи таа е голем гурман.rnrn
rnrnМожеби освојувањето на нејзиното срце ви изгледа како многу работа, но на крајот таа ќе ви покаже дека навистина вреди. Сте одбрале жена која ги цени високите стандарди и високиот квалитет на живот. Таа е љубезна и стабилна личност, која секогаш и секаде ќе ве поддржува. Таа обожава сѐ да споделува со нејзиниот партнер и ќе оди во крајности за да го направи нејзиниот љубен среќен. Не сака да игра игри и не сака сплеткани ситуации. Она што го видовте во неа кога првпат ја забележавте, е жена која вреди цело богатство и која ќе ви подари љубовно богатство за возврат. -

Љубовен астролошки профил за машки овни
Тој е нестрплив, импулсивен, самобендисан и директен, но и покрај тоа „ве пали“ и ве предизвикува со секој свој потег. Може да се работи за вашиот шеф или колега, но тој некако успеал да ви се пикне под кожа и да се вткае во вашите фантазии. Сè што треба да направи мажот овен, е да прошета во вашето видно поле и веќе ве има, оставајќи ве со намокрени гаќички.rnrn
rnrnСо сета самодоверба и природен шарм, тој може да ја има секоја што ќе ја посака. Како да направите да ве забележи? Што треба да направите за да се будите крај него во креветот секое утро? Иако самиот тој не е едноставен човек, да го заведете е прилично едноставно. Но, штом еднаш ќе го заведете, подгответе се за тешка работа, бидејќи тогаш доаѓа моментот кога треба да вложите екстра труд за да го задржите.rnrnЗаведување, натпреварување… кога се работи за овните, тоа е едно исто. Тој сака достоен сопатник, некој кој ќе го предизвикува и ќе го тера да се труди. Тој сака партнер кој е исто толку добар, па дури и подобар од него. Затоа, мора да сте во состојба да давате исто толку колку и што ќе добивате.rnrn
rnrnМашките овни во љубовта се како во бизнисот. Тие вложуваат сè во сè што сакаат, но колку долго ќе го сакаат – тоа зависи од вас. Нивната решеност не им дозволува да сопрат додека не ја завршат задачата, но штом ја завршат, нивната импулсивна мотивираност ги тера да започнат нова.rnrnОвенот мора да ве гледа во слоеви за да биде свесен дека и покрај тоа што целосно запознал еден ваш слој, има уште многу други слоеви кои треба да ги истражи. Поставете се така за да мисли дека истражувањето на вашата личност во слоеви е негова идеја, така ќе биде уште повеќе мотивиран „да ги завршува задачите“ една по една.rnrnЗапочнете да го освојувате со насмевка и со вашата интелигенција. Ако не ве води здрав разум и комуникативна природа, подобро повлечете се.rnrn
rnrnПатот до освојувањето на овенот е со искрена насмевка, насмеани очи, придружени со комплимент за нешто што тој го работи. Што повеќе правите суштински муабет, толку поголема можност да се вовлечете во неговите фантазии и да го натерате да размислува како да ве заведе.rnrnДодека јасно ги забележувате и гласно ги потенцирате неговите добри страни, во текот на разговорот одвреме-навреме урфлувајте по некоја двосмисленост. Тој ќе продолжи да ви се покажува и да се прави важен и флертувајќи со вас, ќе ви стане уште попосакуван. Но, не предавајте се лесно. Што побрзо му се предадете, толку побрзо ќе сака да премине на нешто друго. Забавувајте се флертувајќи со него, но нека има предизвик. Сè додека знае дека има прогрес, тој ќе продолжи да ја игра играта применувајќи ги најјаките тактики. Запомнете, штом го возбудувате за да му се заруменат образите, значи го возбудувате и во долниот дел од телото. Тоа е добро, затоа што за да освоите маж овен, мора да сте способни да им го привлечете вниманието на двете глави.rnrn
rnrnМашките овни сакаат партнер кој е полн со самодоверба, има „мозок“, но и не се плаши да го користи. Покрај тоа, неговата партнерка треба да биде палава и со импулсивна жичка. Што повеќе се опуштите и јасно ги покажувате вашите потреби кон него, колку и да се тие луди, толку повеќе време ќе имате со човекот кој го посакувате.rnrnТој сака да биде воден од инстинктот, а не според некои посебни правила и насоки. Покажувајќи му дека вие сте негов достоен „другар“, всушност му покажувате дека можете да го следите неговиот ритам на живот, додека сте надвор во град, но и подоцна кога ќе се згаснат светлата во спалната соба. Никогаш не дозволувајте флертот да избледи, тоа е една работа што овенот ја обожава во изобилие. Тоа му овозможува да има бистри мисли, да си го чувствува движењето на крвта низ телото, а неговиот полов орган да биде секогаш подготвен за акција.rnrn
rnrnНикогаш нема да има потреба да се грижите за времето потребно за да го заведете вашиот маж-овен. Во ваква ситуација, кога овенот е „запален“, неговиот директен пристап и нетрпеливата природа ќе одат во ваша полза. Овните сакаат да го добијат она што го посакуваат веднаш и ќе уживаат во секој момент додека тоа трае. Штом еднаш ќе ве добијат, не давајте им се целосно, туку делче по делче, слој по слој, исто како начинот на кој треба да го заведувате.rnrnКога ќе помине првиот состанок ќе сфатите дека сè зависи од првиот впечаток. Облеката што ја носите и начинот на кој мирисате ќе му бидат многу важни. Вашата облека треба да покажува дека сте самоуверени и заедно со мирисот што го носите на себе да ветува дека може да понудите многу повеќе забава подоцна. Ако вие го изберете местото за состанокот, погрижете се тоа да биде со стил и да има своја душа. Секогаш бидете присутни во моментот и во добро расположение. Збунувајте го со вашите насмевки, импресионирајте го со вашата интелигенција и држете го во исчекување со вашите духовити шеги и добро насочени флертувачки погледи.rnrn
rnrnКако што ќе привршувате на првиот состанок, во моментот кога ќе треба да си посакате „добра ноќ“, тргнете накај него како да ќе го бакнете, а потоа нагло завртете ја главата кон неговото уво и на најсекси можен начин заблагодарете му за прекрасно поминатата ноќ. Кога ќе се свртите да си одите, тој ќе остане со „изгубен“ лик и желба да добие повеќе.rnrn
rnrnПостојано давајте му повеќе, но малку по малку на секој состанок. Предизвикајте го многу и без стил или прогрес и тој ќе мисли дека сте здодевна и ќе продолжи да бара предизвик на друго место. Кога конечно ќе стигнете до бакнежот, а потоа и до сексуалниот чин, дадете го најдоброто од себе. Дозволете му да ја вкуси вашата страст и да го почувствува вашето срце. Доколку успеете да го „здрмате“ со бакнежот, тој ќе сака да го бакнете повеќе пати. И тогаш уживајте, зашто сиот вложен труд конечно ќе се исплати.rnrnОвенот сака да се чувствува потребен и сакан. Сака да се чувствува заштитнички, дека обезбедува и дава сè за својата избраничка. Останете искрени, директни и секогаш давајте им признание на неговите „моменти на слава“. Бидете флексибилни и прифатете ја неговата избувливост. Сфатете дека понекогаш е нетрпелив и има љубоморна „жичка“.rnrn
rnrnОд друга страна, искористете ја неговата страсна и романтична страна, така секогаш вие ќе бидете добитникот. Машкиот овен е одличен партнер. Сте го направиле вистинскиот избор ако сте одлучиле да бидете со него. Одете и забавувајте се со него „за сите пари“. :)rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.