КАФЕ ПАУЗА

Tag: профил

  • Љубовен астролошки профил за машки стрелци

    Љубовен астролошки профил за машки стрелци

    Стрелецот е учител во душа. Вие обожавате да го слушате додека тој енергично ви зборува за… не е битно која е темата, бидејќи вие веќе се изгубивте во неговиот ентузијазам и динамичност. Неговите очи симпатично блескаат, а со неговата енергичност тотално ве привлекува. Мажите родени во знакот стрелец, знаат како да ве избезумат, благодарение на нивната романтичност и интелигенција.rnrnЉубовен астролошки профил за машки стрелциrnrnСе прашувате како да станете милениче на овој „учител“? Стрелците се луѓе кои обожаваат патувања и авантури и секогаш се расположени да научат нешто ново во животот. Доколку сакате да биде ваш, мора да ја поседувате истата жед за авантури и знаење. Можеби сте паметна и убава девојка, но тој ќе сака пред сè да му покажете дека знаете да бидете слатка и промислена. Дадете му до знаење дека ви е грижа за него. Покажете му дека ја цените неговата независност, дека му верувате и покрај тоа што понекогаш сака да „здувне“ некаде сам и да ги истражува неоткриените места во светот и дека сте сигурни дека тој ќе се врати назад кај вас. Тој е маж кој сака да го живее животот со полна пареа и да ги истражува сите мистерии околу себе, а вие треба да му покажете дека имате желба да чуете сè што тој открил и сака да го сподели со вас.rnrnЉубовен астролошки профил за машки стрелциrnrnСтрелецот инстантно ќе го привлече девојка која шири позитивна енергија и има самодоверба во врска со нејзината сексапилност. Приближете му се, подајте му ливче со вашиот телефонски број и едноставно, заминете си. Ако тој е сингл, постои голема веројатност дека ќе ви се јави. Него ќе го заинтригира тој ваш трик и ќе посака да дознае нешто повеќе за вас. Кога ќе се чуете по телефон, договорете состанок и отидете на некое ново место во градот или на некое место, на кое никој од вас не бил претходно. Не заборавајте дека состанокот треба да биде во согласност со неговата интелектуална страна, па можете да го однесете на промоција на некоја нова книга, на филм, на претстава… Разбудете ги неговите интелектуални страсти, па ако успеете доволно да го стимулирате, во него ќе се разбудат и оние другите, сексуалните страсти.rnrnЗа состанокот, дотерајте се убаво. Воодушевете го со вашиот добар изглед, а потоа „пикнете му се под кожа“ со вашата интересна смисла за хумор и желба за живеење на животот со „полна пареа“. Дозволете му добро да ве запознае. Колку повеќе ве смета за интригантна девојка, толку повеќе ќе ужива да биде со вас, да ве импресионира и пријатно да ве изненадува.rnrnНемојте да се изненадите ако на секое ваше излегување ги „затворате“ рестораните и баровите во кои сте седнале, бидејќи многу е лесно да се зазборите со часови, со маж роден во знакот стрелец. Додека зборува, слушајте го внимателно, поставувајте му прашања и побарајте го неговото мислење за некоја тема. Колку повеќе го активирате неговиот ум, толку „позагреан“ ќе биде за вас. Тој има страст за многу нешта, па сигурно ќе имате некои заеднички интереси и теми на кои ќе можете да се сложите, додека нежно го галите по неговите бутови кои се неговата ерогена зона.rnrnЉубовен астролошки профил за машки стрелциrnrnПокажете му ја вашата авантуристичка страна. Предложете му да одите на интересни места заедно или да направите нешто кое отсекогаш сте го посакувале, но никогаш не сте го реализирале. Можеби ќе пројде малку повеќе време додека вашиот прв состанок да заземе поголем чекор кон нешто посериозно, но истиот момент кога двајцата ќе се опуштите и ќе почнете да флертувате, сето друго ќе се случи само по себе.rnrnСексот со стрелец е токму онаков каков што сексот треба да биде – страстен и авантуристички. Тој сака да ја разгалува неговата љубовница и нема да има проблем да ѝ ја покаже неговата романтична и еротска страна. Тој е човек кој нема кочници. Ако нешто му прозвучи како добра идеја, тогаш тој со задоволство ќе ја реализира. Тој ќе биде воодушевен ако му предложите да водите љубов на некои невообичаени места, како на пример, надвор во природа на задното седиште во автомобилот или на изолирано место на плажа, на планина, во шума… Едно нешто е сигурно, која локација и да ја изберете, сексот ќе биде незаборавен.rnrnЉубовен астролошки профил за машки стрелциrnrnМожеби на почетокот сте го импресионирале со вашата остроумност и тој ве побарал пак, обидувајќи се да дознае повеќе за вас, но за да го задржите на подолг рок, треба да му ставите до знаење дека ја цените неговата независност и ќе ги почитувате неговите желби и потреби.rnrnТој е совршен партнер, за многу нешта. Стрелецот ќе ги почитува вашите обврски и амбиции. Не чувствува потреба да биде центарот на вашиот универзум, но ќе сака да биде дел од него. Ова момче не сака да се чувствува како да е врзан за вас и како да не смее да мрдне. Ова не значи дека тој не сака да биде во врска, туку сака да задржи дел од својата слобода, а истата ќе ви ја овозможи и вам. Вие ќе треба да научите кога да го држите цврсто покрај себе, а кога да го пуштите да оди и да му дадете до знаење дека секогаш со нетрпение ќе чекате да ви се врати и да ви раскаже сè што искусил.rnrnПостојат многу начини за освојување на енергичното срце на стрелецот. Кога тој ќе реши дека сака конечно да се смири, ќе тежнее за пронаоѓање на реален сопатник, вистинска сродна душа. Совршена партнерка за него би била некоја која има независен дух, жед за живеење на животот, желба за учење нешто ново и желба за откривање нови можности и перспективи. Ќе ве цени доколку знаете што сакате од животот и не се плашите да се потрудите да го добиете. Исто така, покрај убавината и длабочината на душата, нему му е важна и вашата физичка убавина.rnrnПрочитајте љубовен астролошки профил и за женски стрелци.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Љубовен астролошки профил за машки Скорпии

    Љубовен астролошки профил за машки Скорпии

    Мажите родени во знакот на скорпија ја имаат моќта во врската. Тој може да ве погледне во очи, преку нив да навлезе длабоко во вашата душа и да дознае како може да ве натера да го посакувате и да сторите сè што ќе побара од вас, без да го помрдне ниту малиот прст. Неговата мистериозна, страсна и напната природа е инспирација за главниот лик во љубовните романи. Сè што поседува во себе, вриска од моќ: неговите длабоки емоции, дрско однесување и најважно од сè, неговиот неодолив сексапил. Мажите родени во хороскопскиот знак скорпија се како подвижни магнети и не можете да се борите против таквата привлечност.rnrnЉубовен астролошки профил за машки скорпииrnrnВпрочем зошто би се бореле против неговиот магнетизам? Само се залажувате себеси дека е тоа воопшто возможно. Вие сакате да дознаете што се крие зад неговиот интензивен мистериозен поглед. Сакате да дознаете што си мисли. Сакате да дознаете какво е чувството да водите љубов со него. Што е најтрагично, тој може сè уште да не ви кажал ниту еден збор, а вие да не можете да престанете да мислите на него. Дадете му знак дека сте заинтересирани, предадете му се и дозволете му да ве поведе на неговата прошетка. Но, пред да го направите првиот чекор, запрашајте се колку цврст карактер имате. Можете ли да чувствувате, размислувате и да се однесувате, користејќи ги сите ваши сетила истовремено? Ако можете, тогаш направете си услуга на себеси и почнете да ја освојувате вашата скорпија. Ако не сте доволно емоционално длабока личност, тогаш најверојатно ова момче не е за вас.rnrnНемојте да се плашите да му пристапите. Наместо да одите да му го побарате телефонскиот број, дајте му го вашиот. Кажете му дека е многу атрактивен и да ви се јави доколку сака да проведе време со вас. Тој многу лесно се возбудува кога девојка го прави првиот чекор. Тој сака самоуверени девојки со јако изразена сексуалност. Таквите особини му кажуваат дека без разлика што и да се случи помеѓу вас, вие ќе бидете подготвени за тоа. Кога ќе ви се јави, дозволете му го да испланира состанокот. Машките скорпии се фасцинантни суштества, така што со нив никогаш нема да ви биде здодевно. Местото каде што ќе решат да ве одведат за вашиот состанок, на некој начин ќе претставува рефлексија на неговата личност.Љубовен астролошки профил за машки скорпииrnrnДодека сте заедно, посветете му го целото ваше внимание. Скорпиите се ловци на детали и кога најмалку ќе бидете свесни, тој ќе ве посматра и ќе ги документира сите нијанси на вечерта помината со вас. Кога ќе се подготвувате пред излегување со скорпија, дотерајте се убаво. Имајте на ум дека излегувате со моќно сензуален маж. Акцентирајте ги најдобрите делови од вашето тело. Ако имате големи гради, облечете провокативна блуза, која нема да открива премногу, а ако имате добар задник, облечете ги најтесните пантолони кои ги имате. Доколку забележувате дека тој не може да го тргне погледот од вашите усни додека зборувате и во очите му „светка“ страст, тоа е знак дека сте ја постигнале вашата цел на првиот состанок.rnrnНа емотивен план, никогаш не треба да се сомневате во тоа колку вашата скорпија ве посакува. Неговата љубов ќе ја почувствувате со секој дел од вашето тело. Кога вашата љубовна врска ќе созрее и кога тој ќе ве запознае добро, ќе знае и како да ви го даде токму она што ви е потребно од еден маж. Она што треба да го сфатите, е дека за да ви го пружи сето задоволство кое ви треба, мора тој да ја има контролата во вашата врска. Скорпиите имаат една необична особина, со која ги збунуваат другите луѓе, поради што некогаш се сметаат за најтешко сфатливиот знак во зодијакот. Немојте никогаш оваа нивна особина да си ја сфаќате лично, бидејќи тој само се обидува на милион начини да ви објасни како се чувствува и очекува од вас внимателно да го слушате додека го прави тоа.rnrnСкорпиите се слични како животното кое ги претставува – бистри, внимателни и непредвидливи. Тој постепено ќе ги планира неговите чекори, никогаш нема да си го троши времето, но никогаш нема ниту да избрзува со заклучоци. Сите негови љубовни врски најверојатно ќе ја следат ваквата шема. Тој е многу независен и повлечен. Понекогаш неговата таинственост и мистериозност е збунувачка за другите луѓе.rnrnСкорпијата нема да ве „боцне“ со нејзината опашка, ако не ја загрозите на некој начин. Во принцип, претставниците на овој знак се директни и страсни. Благодарение на нивната интуитивна природа, скорпиите ги разбираат потребите на нивниот партнер и ќе направат сè што е во нивна моќ за да му ги задоволат. Понекогаш можеби ќе ви биде тешко да се справите со него, но бидете сигурни дека тој ќе направи да се чувствувате како да сте центарот на универзумот… се разбира доколку сте лојални спрема него.rnrnЉубовен астролошки профил за машки скорпииrnrnСкорпиите се доживуваат себеси и нивните љубовни врски многу сериозно. За да го задржите покрај себе морате да ги делите истите ставови. Бидете нежни, верни, отворени и предани кон вашата скорпија. Овие карактеристики плус вашата емоционална длабочина, ќе допрат до неговото срце. Немојте да го заведувате ако не планирате да имате долга и значајна љубовна врска со него. Играњето „валкани игри“ со скорпија не е воопшто паметен потег. Ако сакате цврста интимна врска со него, немојте ни да помислувате да го правите љубоморен за да видите како ќе реагира. Немојте да играте никакви игри кои ќе ја вклучат неговата заштитна ограда. Ако му згрешите тој нема ниту да ви прости, ниту ќе заборави, туку ќе сака да ви се одмазди за болката што сте му ја нанеле.rnrnСкорпиите се екстремисти и имаат многу интензивна природа. Тие живеат според мотото „сè или ништо“. Тие се длабоки, страсни луѓе и во нив се крие многу повеќе, од она што однадвор е видливо. Она што лежи длабоко скриено во нив е една бескрајна моќ, страстен сексапил и силен карактер. Овие мажи се одлични заштитувачи и во нивни раце секогаш ќе се чувствувате безбедно и љубено. Со личноста во која ќе се вљуби ќе биде многу сочувствен, тотално лојален и дарежлив. Поточно кажано, љубовната врска која ќе ја имате со некоја скорпија, ќе биде исто толку цврста, како магнетизмот кој ве повлече кон него на почетокот.rnrnЉубовен астролошки профил за машки скорпииrnrnПрочитајте љубовен астролошки профил и за женски Скорпии.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Љубовен астролошки профил за женски скорпии

    Љубовен астролошки профил за женски скорпии

    Ако сте заинтересирани за жена со хороскопски знак скорпија, тогаш мора да сте многу храбар маж. Таа е најексплозивниот и најинтензивниот хороскопски знак во зодијакот. Скорпијата е емоционално и физички моќна личност, со која не можете да си поигрувате. Ако пробувате да си играте играчки со неа, бидете сигурни дека таа ќе ве победи и ќе ве остави сами во ќошот да плачете со прстот во уста и да ја повикувате мајка ви на помош. Не постои простор за манипулација со овие девојки.Љубовен астролошки профил за женски скорпииАко се однесувате лошо со неа, ги загрозите нејзините или емоциите на најблиските луѓе кои ù се во животот, таа ќе ве отпише од „списокот“ на живи луѓе. Во нејзиниот свет, работите или се случуваат како што треба или не се случуваат воопшто и нема простор за ништо измеѓу. Прво прашање коешто треба да си го постават момците кои се заинтересирани за скорпија, е дали се целосно подготвени за неа?rnrnПретставничките на овој знак зрачат со финеса, мистериозност и волшепство. Тие на мажите знаат да им ја понудат идеалната количина на предизвик и соодветно да ги наградат кога го заслужуваат тоа. Скорпиите се многу емотивни и интуитивни. Тоа им дава една необична способност да ги откријат вашите задни намери, многу кратко откако ви поминале низ умот. Затоа, поштедете се себеси од срамот и останете реални кога ù пристапувате на вашата скорпија.rnrnИ покрај тоа што женските скорпии се многу среќни кога се во љубовна врска, сепак тоа не значи дека таа лесно ќе го даде нејзиното срце на некој маж. Многу е можно да има проблем да им верува на луѓето, бидејќи знае што значи да се чувствуваш повредено и разочарано – го осетила тоа на своја кожа повеќепати. Секој потенцијален партнер, ќе мора прво да помине низ серија од тестирања, за да може да дојде до стадиум во врската, во кој таа целосно ќе му ја отвори нејзината душа.rnrnАко момчето до неа умее да води добар разговор, поседува одреден степен на елеганција или има специфичен стил на однесување, најверојатно ќе успее да го освои ова мистериозно срце. Сè што треба да направи момчето кога ќе ја запознае, е да започне дијалог, во кој ќе се потруди да направи таа да се чувствува релаксирано и удобно. Значи мажи кои сакаат со сила да го наметнат своето знаење, самодоверба или интелигенција, не се добредојдени во нејзиниот живот. Таа верува само во оние искрените, кои не се плашат да ги покажат своите најдлабоки чувства.Љубовен астролошки профил за женски скорпииСкорпиите имаат голем опсег на интереси. Некои од нив слободно ги споделуваат со луѓето околу нив, а за некои ќе морате да бидете подолго дел од нејзиниот живот за да ги дознаете. Ниедна тема не е табу или надвор од дозволените граници за неа, ако знаете добро да ја поставите темата на разговор. Овие жени се отворени за нови животни искуства и секогаш се расположени да пронајдат нешто кое ќе ја разгори нивната страст. Тие ја обожаваат страста и се привлечени од неа. Колку повеќе нејзиниот партнер е страстен за некоја работа, толку повеќе таа ќе му се восхитува. Исто така, неа ù се допаѓа кога луѓето внесуваат страст во разговорот кој го водат. Дозволете ù да зборува кога ù се збори, но не форсирајте теми за кои не е во моментот расположена. Кога ќе дојде време, сама ќе ви каже сè што сакате да знаете.rnrnБидете сигурни дека 100% сте посветени на вашиот прв разговор со скорпија. Неа ù е многу битен првиот впечаток кој го оставаат луѓето. Ако сте ја слушале внимателно, ќе ви биде лесно да испланирате состанок со неа. Не е битно каде ќе ја одведете, битно е да ù посветите внимание и да ù покажете дека сакате да биде со неа токму на тоа место и во тоа време. Таа ќе ве посматра тогаш кога најмалку ќе го очекувате тоа. Покрај тоа што треба да бидете посветени на вашиот однос со неа, можете да ја искористите и нејзината моќна сексуална природа, така што ќе ја допирате додека разговарате. Држете ја за рака, погалете ја по рамената или прегрнете ја додека си муабетите, бидејќи спонтаните допири се сигурен начин за да ја заведете.Љубовен астролошки профил за женски скорпииЖенските скорпии се истовремено и оган и мраз. Таа очекува да ù се предадете 100% на вашата врска со неа. Умее да даде многу, но и очекува многу за возврат. Ако сте имале неколку состаноци со неа, веќе ви е јасно колку интензивна и страсна жена е скорпијата. Момците кои си имаат работа со скорпија, можат да се најдат во позиција да се заљубат во жена, за која знаат многу малку работи, но не им е ни гајле, бидејќи се многу „залетани“ по неа. Кога еднаш ќе сфати дека сте нејзини, таа ќе сака да добие сè од вас. Таа е посесивен и сензуален љубовник кој го сака вашето тело и душа. Ќе ве љуби со истиот интензитет, како оној кој го поседува во себе и добро ќе се грижи за вас.rnrnКога станува збор за сексот со жена-скорпија, може да се каже дека не постојат зборови во речникот кои можат да го опишат. Жесток, интензивен, страстен, емотивен… За да знаете, морате да го искусите прво. Таа истовремено ја вжештува и разладува температурата на вашето тело и ги задоволува вашите потреби. Зрачи со сексапил и има многу здрава и нормална фантазија. Не се плаши ниту да експериментира, така што не плашете се да ја споделите вашата имагинација со неа.rnrnВо врска со скорпиите има една добра и една лоша вест. Добрата вест за оние кои се заљубени во девојка со овој хороскопски знак е фактот дека не е наметлива девојка. Таа го цени нејзиното приватно време, слобода и независност, така што не треба да се грижите дека ќе манипулира со вашето време. Не толку добрата вест е дека таа има одмаздољубива природа и ако еднаш ја изневерите нејзината доверба во вас, најверојатно ќе треба засекогаш да се збогувате од неа. Имајте на ум дека сè додека сте искрени и отворени со неа, никогаш нема да ù згрешите.Љубовен астролошки профил за женски скорпииКлучот на секоја љубовна врска е отворената комуникација, а тоа особено важи за оние кои се во врска со скорпија. Ако сметате дека не сте на иста „бранова должина“ со оваа девојка, а сепак не можете да ја оттргнете од вашите мисли, бидете тотално искрени и кажете ù што сакате. Без разлика дали сакате да имате отворена врска или да бидете само пријатели за секс, кажете ù го тоа. Тоа е подобар избор, отколку да ја видите нејзината гневна страна, зашто не сте биле искрени со вашите чувства кои ги имате за неа. Нема потреба да се плашите од скорпиите. Тие се жени кои ќе ги разбудат вашите сетила, ќе ве одведат на нови височини и ќе направат да се чувствувате живо и сакано како никогаш досега.rnrnПрочитајте љубовен астролошки профил и за машки скорпии.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Каква е вашата профил-слика на Фејсбук?

    Каква е вашата профил-слика на Фејсбук?

    Колку пати досега сте биле шокирани од фотографијата која ја објавил некој ваш пријател на својот профил на Фејсбук? Како пак реагирате кога ќе видите дека истиот тој пријател, решил да ја означи таа ужасна фотографија како профил слика, која ќе може цел свет да ја види?Каква е вашата профил слика на Фејсбук?Францускиот фотограф Mathieu Grac се сетил да направи една интересна серија фотографии, која ја нарекол „Boyz and Girlz du net“ (Момчињата и девојките на нет). Неговите фотографии ја истакнуваат опсесијата на секое општество во светот, со профил-сликите на социјалните мрежи. Тие се истовремено исто толку чудни колку што се и смешни, бидејќи се во суштина многу реални и иронично ја прикажуваат потребата на луѓето за внимание во современите општества.Каква е вашата профил слика на Фејсбук?Каква е вашата профил слика на Фејсбук?Каква е вашата профил слика на Фејсбук?Каква е вашата профил слика на Фејсбук?Каква е вашата профил слика на Фејсбук?Каква е вашата профил слика на Фејсбук?Каква е вашата профил слика на Фејсбук?Каква е вашата профил слика на Фејсбук?Каква е вашата профил слика на Фејсбук?Каква е вашата профил слика на Фејсбук?Каква е вашата профил слика на Фејсбук?Каква е вашата профил слика на Фејсбук?Каква е вашата профил слика на Фејсбук?Каква е вашата профил слика на Фејсбук?Каква е вашата профил слика на Фејсбук?Оваа серија фотографии, сама по себе, го подбуцнува прашањето: Зарем сме толку многу опседнати сами со себе?rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.target=”_blank”>нашата страница на Фејсбук.

  • Астролошки профил на родените во знакот лав

    Астролошки профил на родените во знакот лав

    (23 јули – 22 август) rnrnАстролошки профил на родените во знакот лавДа се наведат сите карактеристики на родените во знакот лав, е исто како да ги прочитате сите имиња на крајот од филм, кои се заслужни за неговото реализирање. Лавот може да ја одигра секоја улога во филмот и притоа да го прилагоди светлото, за да се осигури дека секогаш ќе биде во центарот на вниманието. Овие луѓе сакаат секогаш да бидат забележани и да привлекуваат внимание. Лавовите се родени за да бидат „кралови/кралици на драмата“. Тие се родени лидери, кои се ценат себеси и зрачат со самодоверба.rn
    rn

    Љубител на човековата насмевка

    rnВие поседувате неколку карактеристики кои ви овозможуваат да го придобиете вниманието на другите луѓе. Некои можеби ќе ве обвинат дека сте егоцентрични, но вистината е дека вие едноставно го покажувате вашето вистинско лице – забавувач. Вие сакате да сте „виновникот“ за туѓите насмевки, бидејќи тоа ви создава искрено задоволство во душата. Оваа ваша дарежлива природа ве прави алтруист, кој може да постигне голем успех во животот, благодарение на вашиот оптимизам и позитивни мисли. Лавот е кралот на животните, па така и вие чувствувате обврска дека треба да се грижите за поданиците во вашето царство. Со задоволство го понесувате товарот на другите луѓе, секогаш кога е тоа потребно, но и кога не е потребно, ниту е ваша работа да се грижите.Астролошки профил на родените во знакот лавrn

    Хуманитарната страна на лавот

    rnНајчесто луѓето кај вас ја забележуваат само вашата „сценска страна“. Најчесто се чувствувате како да сте на сцена и морате да се однесувате онака како што публиката очекува од вас. Но, во вас се крие и друга страна, која е тешко забележлива, а тоа е хуманоста.rnrnВашата длабока потреба да им помагате на другите луѓе е честопати засенета од карактерот кој го прикажувате пред светот. Повеќето луѓе никогаш не успеваат да ја видат оваа ваша страна. Тоа е така, бидејќи вие сте многу затворена личност кога станува збор за добрите дела кои ги правите, ко божем да чувате некоја државна тајна. Последната работа која што сакате да се случи, е некој да се сомнева во вашите акти на хуманост. Оваа ваша особина може да изгледа дека е контрадикторна на вашата позерска улога која ја прикажувате пред светот, но вашето големо срце е навистина многу дарежливо и милосливо и ве тера да се вклучите во некоја добротворна акција.rn
    rn

    Суетност: мит или реалност?

    rnВо многу прилики, најверојатно сте биле обвинети дека сте многу самоуверени, суетни или нарциси. Соочете се, вам ви се допаѓа вашиот одраз во огледало и да се има его е навистина добра компонента во карактерот на една личност. Но, кај некои лавови, тоа е екстремно нагласено. На овие луѓе, им е многу тешко да го пронајдат балансот помеѓу самоувереноста и потребата да доминираат над другите луѓе. На крајот на краиштата, тоа е космичка сила, а понекогаш едноставно не можете да се борите против ѕвездите.rn
    rn

    Лавот на работното место

    rnВашата силна потреба за внимание, може да постане водечка сила во вашиот живот. Глумата е природен избор на кариера за вас, како и пиар или работа во департманот за продажба. Секоја професија во која вашата улога е да ги убедувате луѓето, ќе ви биде добредојдена. Вие секогаш сте во центарот на вниманието, а тоа може да ги налути луѓето околу вас, кои сакаат да бидат на вашето место. Научете да го делите „сценското светло“ со другите луѓе, особено со колегите и ќе бидете почитувани и обожувани повеќе отколку што можете да посакате.Астролошки профил на родените во знакот лавЛавот е роден за успех. Тој никогаш не би прифатил пораз и ќе продолжи да се бори, додека не го победи секој предизвик кој ќе му се појави на патот. Кога ќе започне да работи на некој проект, лавот не само што ќе си ги оствари своите цели, туку и ќе ги надмине очекувањата на другите за него. Тој исто така, може да биде одличен шеф бидејќи неговиот стил на менаџирање е професорски и менторски. Лавот чувствува огромно задоволство кога гледа дека членовите на неговиот тим напредуваат во работата.rn
    rn

    Екстремно лојален кон најблиските

    rnВие сте многу лојална и предана личност и сте безусловно приврзани и посветени кон членовите на вашето семејство и пријателите и го очекувате истото од нивна страна. Кога лојалноста не ви е возвратена, се чувствувате повредени до дното на вашето срце. Тоа е така, бидејќи лавовите имаат многу големо его, кое им е секогаш на прво место во животот и тоа лесно може да биде рането. Ќе бидете во агонија поради предавството и непочитувањето кое сметате дека ви е дадено. Вие ќе се обидете да ја излекувате оваа рана, но доколку не пронајдете начин да се справите со вашата болка, таа може да ви претставува камен на кој ќе се сопнувате во текот на целиот ваш живот. Доколку такво нешто ви се случи, вие треба да свртите нов лист и да научите како максимално да го живеете животот кој ви е даден, како и да почнете да ги опростувате туѓите грешки. Морате да сфатите дека не секогаш светот се врти околу вас, бидејќи во спротивно, постојано ќе им се лутите и ќе им замерувате на луѓето во вашиот живот. На крајот на краиштата, секој заслужува втора шанса, нели!?rn
    rn

    Високи очекувања од пријателите

    rnНаучете да направите еден чекор назад и да ја преиспитате ситуацијата. Обидете се да погледнете кон светот со други очи. Можеби ќе откриете дека она што сте го интерпретирале како недостаток на лојалност од нечија страна, не е ништо друго освен фактот дека вашите преголеми очекувања од некое пријателство, не се совпаѓаат со дефиницијата за пријателство која таа личност ја има во својата глава. Можеби ќе сфатите дека не станувало збор за некакво непокажување почит, лојалност или доверба. Можеби е тешко да ги преиспитате вашите сопствени идеали и да ги погледнете од поинаков агол, но тоа е најдобриот начин да сфатите дека, не секоја личност може да одговори на толку високи стандарди какви што имате вие.Астролошки профил на родените во знакот лавrn

    Како другите го доживуваат лавот?

    rnИ покрај тоа што можеби сте „кавгаџиски“ настроени во некои ситуации, повеќето луѓе сепак ве доживуваат како пријатна, дарежлива и љубезна личност. Вашите колеги очекуваат од вас да бидете лидери на работното место и честопати ќе се обраќаат кај вас за совет околу работата. Вашите деца (ќе) ве сметаат за топол, искрен, срдечен и забавен родител. Вашиот љубовен партнер ве доживува како интересна, егзотична и страсна личност. Вашите родители ќе се гордеат со она што нивното дете го постигнало во животот. Како што можете да забележите, вашиот хороскопски знак има многу комплексна природа. Ако научите како да го контролирате вашето его, убавите аспекти од вашиот карактер ќе излезат на површина и ќе го заземат централното место во вашиот живот.rn
    rn

    Креативност

    rnЕдна помалку позната карактерна особина на лавовите, е нагонот кој тие го чувствуваат за создавање нешто, без разлика дали станува збор за глумење во претстава, пишување роман или нешто друго. Лавовите не се луѓе, кои можат само да седат и фантазираат за работите, туку сакаат нивната креативност да ја инвестираат во нешто што ќе роди плод.rn
    rn

    Негативни особини на лавот

    rn

      rn011

    • Ароганција
    • rn

    rnЛавот знае понекогаш да ги премине границите на нормалното однесување и може буквално да смета дека тој, заедно со неговото семејство и пријателите го сочинуваат центарот на универзумот. Како и да е, лавот има многу големо срце, поради што луѓето во неговиот круг имаат тенденција да му „прогледаат низ прсти“, кога арогантноста ќе му дојде до израз.rn
    rn

      rn011

    • Ориентиран кон угледот
    • rn

    rnЛавовите сакаат да ги држат најдобрите нешта во свои раце. Сакаат да возат најубав автомобил, да живеат во најубава куќа, да се облекуваат во најмодерна облека, да ручаат во најелитните ресторани… Тие понекогаш премногу се внесуваат во светот на раскошот, што забораваат дека материјалните работи не се градители на нивната личност, туку она што го носат во душата. Ако забележите дека оваа потреба да се покажете и докажете пред светот со скапи работи ви се случува и вам, сопрете навреме и запомнете дека вашата искреност спрема себеси, е она што ќе ве направи уникатна личност, различна од сите останати во светот.Астролошки профил на родените во знакот лавrn

      rn011

    • Темната страна на самобендисаноста
    • rn

    rnВашата потреба да бидете во центарот на вниманието, честопати доаѓа во пакет со една негативна страна. Понекогаш, кога ќе сфатите дека сите знаат дека вниманието е постојано свртено кон вас додека зборувате, вие почнувате да ги игнорирате проблемите на вашите пријатели и членовите на вашето семејство и го ставате фокусот на вашите лични драми. Кога тоа ќе се случи, обидете се да се повлечете малку. Една од вашите најголеми карактерни квалитети, е вашата дарежлива природа. Помешајте ја вашата дарежливост со обид да слушате малку повнимателно додека некој друг зборува и ќе оставите впечаток на многу мила и фина личност, достојна за почит.Астролошки профил на родените во знакот лавrn

    Лавот во љубовта

    rnКога припадниците на овој хороскопски знак се заљубени, нивните најголеми квалитети доаѓаат до израз. Ако ве сака некој лав, вие ќе бидете облеани со скапи подароци, ќе ве однесе на „најжешките“ места за ноќно лудување, а кога е во романтично расположение, ќе ви заѕвони на врата со букет цвеќиња и шампањско. Ако вашата дефиниција за љубов, е базирана на некој романтичен филм, лавот може да ви помогне да си го остварите тој ваш љубовен сон.Астролошки профил на родените во знакот лавЕве неколку совети кои ќе ви помогнат да го направите вашиот лав среќен:rnrnФалете го често. Кажете му/ù дека изгледа одлично или дека мириса фантастично и гледајте како задоволно ви се насмевнува.rnrnЖивејте го животот до максимум. Бидете расположени да експериментирате со нови места за состанок со вашиот лав и секогаш понесувајте си ги со вас неопходните работи и по можност пар пижами. Можеби ќе отидете на некоја „екскурзија“ во близина на вашиот град, или подалеку. Сè е можно со партнер во знакот лав.Астролошки профил на родените во знакот лавНемојте да го повредувате егото на лавот. На припадниците на овој хороскопски знак многу лесно можете да им ги повредите чувствата. Тоа не значи дека не треба да му/ù потенцирате кога ќе ја преминат вашата линија на толеранција, но бидете внимателни како се изразувате, ако не сакате да провоцирате кавга.rn
    rn

      rn011

    • Лавот најмногу си одговара со: вага, стрелец, овен, близнаци.
    • rn011

    • Животно мото: „Ако ти сметам – тужи ме!“ или „Никогаш не следи ја толпата“.
    • rn011

    • Најдобри професии за лав: актери во филм или драма, стенд-ап комедијанти, спортисти, брокери, менаџери, професори, спортски тренери, рудари, пожарникари, организатори на настани, уметници, советници, адвокати, политичари, агенти во односите со јавноста, модни дизајнери, танцувачи.
    • rn


    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Астролошки профил на родените во знакот рак

    Астролошки профил на родените во знакот рак

    (21 јуни – 22 јули)

    rnАстролошки профил на родените во знакот ракЕдна од основните карактеристики на раковите е нивната тенденција кон честа промена на расположението, од една кон друга крајност, која е резултат на емоциите кои во моментот ги облеваат. Некогаш можете да ги видите во типично „журкаџиско“ расположение, како уживаат во сопствената кожа, се смеат на туѓите шеги и делуваат како најдостапната личност за разговор на забавата. Другпат, пак може да бидат сосема емотивно затворени, нежелни за разговори и смеа и седнати сами во некој ќош. Ваквиот чест „пресврт“ во нивното однесување, е првата работа по која ќе препознаете дека некој е рак во хороскоп.rn

    Нежни и грижливи

    rnРаковите се најсреќни и најмногу „блескаат“ кога ја имаат слободата да се грижат за некој. Тие уживаат помагајќи им на другите луѓе. Оваа нивна особина не се однесува само на луѓето, раковите се нежни и грижливи и со животните.Астролошки профил на родените во знакот ракrn

    Срамежливи

    rnРаковите се многу љубезни и полни со љубов за другите луѓе, но кога станува збор за изразување на нивните чувства, тие постануваат многу срамежливи. Тоа е резултат на нивната заштитна обвивка, која си ја создаваат со цел да го спречат излегувањето на површина на нивните „слаби точки“. Како и да е, со тек на време, кога ракот подобро ќе ве запознае и ќе се почувствува безбедно покрај вас, ќе почне сè повеќе да ги изразува неговите чувства и ќе ви ја покаже неговата нежна и грижлива страна.rn

    Таинствени

    rnДали сте знаеле дека тука на планетата Земја, имаме можност да ја видиме само едната страна на Месечината? Тоа е така, бидејќи Месечината не ротира исто како Земјата. Тоа значи дека ние ја гледаме само едната страна, или едното лице на Месечината. Овој факт за Месечината, која е управител на знакот рак, може да помогне во расветлувањето на неговиот карактер. Раковите се понекогаш толку таинствени, бидејќи се чувствуваат најбезбедно кога кријат нешто од остатокот од светот. Токму таинственоста ја прави Месечината специјално небесно тело, а луѓето родени во овој хороскопски знак – исклучителни личности.rnrnАстролошки профил на родените во знакот ракrn

    Кога раковите се среќни?

    rnРаковите се среќни кога се чувствуваат слободно да ги изразат нивните чувства без да се плашат и без да бидат прекорувани од некој друг. Овие срамежливци смртно се плашат од идејата дека некој нема да го прифати нивното мислење, па доколку сметаат дека постои најмала шанса тоа да се случи, тие инстантно ќе се повлечат во нивниот заштитен оклоп.rnrnРаковите исто така се чувствуваат одлично кога можат да ја споделат нивната љубов кон нешто, како на пример пишување проза или поезија, со најблиските луѓе во нивниот живот. Ова прави раковите да се чувствуваат одлично во врска со нивната улога во светот.rn

    Страв да бидат неприфатени од другите

    rnДруга карактеристика на раковите е нивната тенденција да се чувствуваат гневно и налутено многу често. Ако тие се почувствуваат на било каков начин омаловажено од некоја личност (без разлика дали е реално така или само си замислуваат), раковите ќе му дозволат на бесот да расте во нив, сè до оној момент додека не експлодира на површина.rnrnПроблемот кај раковите е тоа што многу нешта можат да создадат чувство на гнев во нивната душа. Тие имаат неверојатно бујна фантазија и кога не ја користат оваа нивна креативност во некаква продуктивна цел, стануваат деструктивни. Едноставно кажано, многу е тешко да ги задоволите очекувањата на ракот. Најдоброто нешто кое можете да го сторите е да почекате да „излезат“ од песимистичките мисли и да се вратат во нивниот нормален шармантен мод.rn

    Грижливи и сочувствени

    rnРаковите поседуваат многу позитивни нешта кои можат да му ги понудат на светот. Тие имаат непресушен извор на добродушност, која ако им дадете шанса, со задоволство ќе ви ја покажат. Постои огромна разлика помеѓу тоа да се биде фин и да се биде добар, а раковите се најсвесни за тоа. Без разлика дали станува збор за згрижување на болното куче на улица, или хранење на бездомник, раковите се секогаш првите луѓе на светот кои ќе ви помогнат. На раковите секогаш можете да сметате и да се потпрете, без разлика дали станува збор за љубов, пари или давање совет и поддршка. Ракот ќе ви подаде рака! Другите луѓе го почитуваат и обожаваат ракот бидејќи тој е грациозен, великодушен и секогаш желен да им помогне на оние помалку среќните. Знаејќи го ова, воопшто не е зачудувачки тоа што ценетата принцеза Дијана беше рак во хороскоп.rnrnАстролошки профил на родените во знакот ракrn

    Интуитивни

    rnНајбитната карактеристика на раковите е нивната интуиција. Заедно со срцето полно со љубов, доаѓа и нивната моќна интуитивна сила, која умеат да ја пренесат на другите. Исто како што месечевата светлина не води низ темнината, така и нивната интуиција изгледа како да ги води низ животот.rn

    Не се директни личности

    rnРаковите не сакаат недоразбирања и конфронтации, па поради тоа ќе направат сè што е во нивна моќ за да ги избегнат. Не е тајна дека раковите се многу емотивни луѓе и нивните чувства лесно можат да бидат повредени. Ако еднаш им забиете нож во грб, на таа рана ќе и треба долго време (ако не и цела вечност) за да се залечи. Поради стравот од чувствување толку интензивна емоционална болка, раковите решаваат максимално да ги одбегнуваат сите ситуации кои можат да доведат до тоа.rnrnАстролошки профил на родените во знакот ракrn

    Неочекувани особини на раковите

    rnЗборови како „емотивни“, „интуитивни“ и „грижливи“ оддаваат впечаток како раковите да се многу кревки уѓе, кои ќе се скршат ако го дувнете. Но, нека не ве залажува нивната емотивност, бидејќи длабочината на душата нема никаква врска со стабилноста и цврстината на човекот. Особини кои другите луѓе се изненадени кога ќе ги сретнат кај рак вклучуваат:rn

    Бес

    rnНа раковите им е потребно многу лутина да им се собира за да избувнат, но кога тоа ќе се случи, подобро пазете се! Ова најверојатно е така, како резултат на тоа што раковите долго време се трудат да ги потиснат нивните гневни емоции, па кога еднаш ќе решат да ги пуштат да испливаат на површина, донесуваат големи одлуки. Така, многу луѓе се изненадуваат од ракот, бидејќи си ги спакувал торбите и си заминал, наместо, како и вообичаено да го прифати фактот дека ќе биде намуртен и депримиран, сè додека не се случи нешто кое ќе го расположи.rn

    Преземаат акција

    rnКога најмалку тоа го очекувате, ракот се впушта во акција, без разлика дали смета дека постапува исправно или погрешно.rn

    Неверојатно издржливи

    rnРаковите се моќни личности, кои можат да се справат со секаков соперник кој стои на нивниот пат кон успехот. Не за џабе ракот има клешти нели? Па затоа, доколку забележите дека некој рак што го познавате, е решен да се бори за нешто свое, бидете сигурни дека нема да се откаже после првата изгубена битка.rn

    Склони кон депресија

    rnКога е во меланхолично расположение ракот може да постане најстудената личност на планетата и ќе ве поведе со себе во депресивните мисли. Раковите имаат тендендција да размислуваат песимистички, но најчесто го кријат тој нивен страв зад нивната широка насмевка и смисла за хумор. Раковите сакаат да сонуваат големи соништа и според нив, „само небото е граница“. Кога плачат, тоа го прават бидејќи се навистина длабоко повредени однатре. Остар поглед или груб тон на глас, можат лесно да го повредат ранливото срце на ракот. Кога е повреден, ракот или ќе се исплаче од срце или ќе „одмора„ во неговиот заштитен оклоп. Како и да е, не е типично за ракот да му се одмаздува на оној кој му згрешил. Доколку реши да се затвори во своето безбедно психичко катче, бидете сигурни дека никако нема да можете да пристапите до него. Тој нема да крева на телефон, нема ви отвори на врата кога ќе му заѕвоните, ниту ќе го проверува сандачето за имејл пораки.rnrnАстролошки профил на родените во знакот ракrn

    Имаат бујна фантазија

    rnДодека разговарате со некој рак, ќе забележите дека неговите фацијални експресии ќе се променат многупати, отсликувајќи ги неговите многубројни емоции. Секое животно искуство влијае врз неговиот карактер и се врежува во неговата меморија. Тие имаат навистина бујна фантазија и понекогаш успеваат да го пренесат нивното моментално расположение на другите луѓе. Раковите го помнат сето она на кое животот ги научил и се вистински патриоти. Минатото ги интригира, па поради тоа тие обожаваат и да колекционираат антички предмети и разни остатоци со богато историско значење. Раковите се одлични чувари на туѓите тајни, па не е чудно што луѓето им се доверуваат по автоматизам.rn

    Искрени пред себе, затворени пред другите

    rnИнтересно е тоа што, неговите сопствени мисли и тајни, ракот си ги чува стриктно само за себе. Типичен рак никогаш не би разговарал за својот приватен живот со која било личност. Целата неговата емоционалност ја крие на сигурно под неговата цврста кора и доколку сакате да се зближите со рак, ќе треба да му покажете доволно грижа и љубов, за да започне да ви верува. Ракот ретко ги осудува другите луѓе, бидејќи има меко срце, се грижи за другите и секогаш ја нуди својата помош. Но, тој исто така, очекува да види дали и некој друг ќе му помогне нему. Ако одговорот е да, ракот ќе стои настрана и ќе и дозволи на таа личност да биде „спасителот“. Во случај никој да не му понуди помош, ракот секогаш ќе биде тој кој ги „спасува“ останатите во нужни ситуации. Тој може да пристигне во последната минута, но ќе ве спаси токму во моментот пред да се удавите. Ракот не е себичен, но се труди да не избрзува и да не биде импулсивен. Пред да направи некој поголем чекор, на ракот му е потребна силна поддршка од некој негов близок. Без потпора, ракот мрази да презема ризик на своја рака.rn

    Потреба од емоционална безбедност

    rnРакот тешко ги заборава туѓите грешки, а особено ги памети и своите. Тој ќе жали за нив и ќе му треба многу време додека да ги преболи и да премине на следниот чекор. Ракот обожава да биде дома, со неговите најблиски, бидејќи таму се чувствува најбезбедно. Премногу сигурност не е доволно за него. Тој секогаш сака повеќе и повеќе стабилност, љубов и грижа во животот. Несигурноста може да го одведе до депресивни мисли и физички да го ослаби. Како и да е, раковите имаат неверојатна моќ на самолекување. Сè што им е потребно се моментите на среќа, оптимистични мисли и смеење во големи дози. Таквата потреба ја имаат бидејќи се склони кон негативни мисли и секогаш се подготвени за неочекувани нешта од иднината.rnrnАстролошки профил на родените во знакот ракrn

    Потенцијал да стекнат богатство

    rnРаковите исто така се способни да направат многу пари, а потоа знаат и да управуваат со нив. Тие имаат големо срце и се желни да им помогнат финансиски на најблиските, секогаш кога тоа им е потребно.rn

      rn011

    • Ракот најмногу си одговара со: девица, скорпија, риби и бик.
    • rn011

    • Животно мото: „Силната одбрана е најдобрата одбрана“.
    • rn011

    • Омилени бои: зелена, сиво-сребренкаста, крем и бела
    • rn011

    • Најсоодветни професии: поети, писатели, познати актери, фотографи, уметници, археолози, историчари, доктори, менаџери, политичари, менаџери на човечки ресурси, готвачи, социјални работници, наставници
    • rn011

    • Најголема предност: способноста на раковите да се грижат за другите луѓе
    • rn011

    • Најголема потенцијална слабост: чувствување страв дека лошото искуство од минатото ќе се повтори во иднината.
    • rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астролошки профил на родените во знакот близнаци

    Астролошки профил на родените во знакот близнаци

    (21 мај – 20 јуни) rnrnАстролошки профил на родените во знакот близнациЛуѓето родени во хороскопскиот знак близнаци имаат брз и бистар ум, благодарение на кој се секогаш во потрага по нов извор на информации. Повеќето близнаци, сакаат да ги учат работите преку практични примери. Тие обожаваат да шетаат низ светот, да запознаат што е можно повеќе луѓе и да стекнат голем број различни искуства. Близнаците не се луѓе кои можат да седат затворени дома, туку се енергични и авантуристички личности, чија душа останува млада во текот на целиот нивни живот.rnrnБлизнаците имаат тенденција да бидат „главни“ на секоја забава, поради нивната живост, ведрина, досетливост и способност да „накитат“ некое нивно досадно искуство за да го прераскажат на најинтересниот можен начин, при што на присутните ќе им звучи магично. Близнакот едноставно знае како да го задржи вниманието кон себе и да направи сите да го доживуваат како „главен на сцената“.rnrnЛуѓето со овој хороскопски знак се чувствуваат како да припаѓаат во речиси секоја ситуација, поради нивната способност за адаптација на секаков вид промена. Тоа е така, поради нивната непресушна потреба од промени во животот и независност, која го оневозможува нивното преголемо приврзување кон одреден сет на околности.rn
    rn

    Близнакот како дете

    rnБлизнаците додека се деца обрнуваат многу големо внимание на светот во кој живеат и благодарение на тоа умеат да ја сфатат заднината на сите ситуации уште од многу рана возраст. Нивната љубов за комуницирање и забележување на сите најмали детали, ги прави близнаците одлични комуникатори од најмали години.rnrnДецата родени во знакот близнаци имаат жилава, кинетичка природа која им овозможува постојано да бидат во движење. Добро би било тие да имаат повеќе различни видови активности, за да можат правилно да ја канализираат нивната енергија. На младите припадници на овој хороскопски знак многу лесно им досадува, па доколку изгубат интерес да извршуваат некоја активност, тие веднаш ќе тргнат во потрага по нешто поинтересно, затоа, многу е можно да ги пронајдете како го демонтираат миксерот во кујната или да разберете дека отишле сами на планинарење.Астролошки профил на родените во знакот близнациrn

    Комуникативна природа

    rnВеднаш ќе препознаете близнак во соба полна со луѓе. Тој енергично ќе разговара со двајца, тројца или повеќе луѓе. Може да изговори стотици зборови во минута, но близнакот не зборува само за да се слушне себеси како кажува нешто, туку бидејќи има нешто вредно да додаде во разговорот.rn
    rn

    Споделува информации

    rnБлизнакот обожава да го споделува со светот она што го знае. Ставете близнак пред микрофон или пред камера и тој ќе се чувствува како да е дома. Тој нема трема или нервоза кога се наоѓа пред голема публика, бидејќи ги сака луѓето и разменувањето мислења на различни социјални збиднувања. Секоја ситуација која ќе му овозможува на близнакот да ги искористи неговите таленти и да ги изрази неговите мисли и чувства ќе му биде добредојдена. Не е воопшто чудно, тоа што близнаците се успешни во оние професии каде што пишувањето, комуникацијата и креативноста се најважниот елемент. Исто така, близнаците имаат интерес кон изучување на технологијата, особено компјутерите.Астролошки профил на родените во знакот близнациrn

    Социјална пеперутка

    rnБлизнакот е навистина најдруштвениот хороскопски знак во зодијакот. Доколку тој се најде во улога на организатор на журка, бидете сигурни дека сте составен дел од еден спектакуларен настан. Од разни видови мезиња, до фантастични оброци, близнакот ќе ги наполни со задоволство стомаците на сите свои гости, а воедно ќе се погрижи секој добро да се забавува. Близнакот е секогаш во „центарот на забавата“ бидејќи може да го прилагоди неговото ниво на ентузијазам во однос на моменталната прилика. Тој ќе се чувствува сосема удобно доколку се наоѓа во парламент, на службена вечера или на рок концерт, бидејќи сите околности му нудат можност да ја вежба неговата интелектуална острина и да разменува идеи со различни типови луѓе.Астролошки профил на родените во знакот близнациrn

    Наклоност кон уметност и музика

    rnБлизнакот има вродена наклоност кон разните облици уметност. Кога еднаш ќе успее да се пронајде себеси во некој уметнички облик, тој ќе биде како пеперутка во лет, која ќе продолжи да ги шири нејзините крила и ќе се обидува да испробува сè повеќе нови работи во таа област.rn
    rn

    Близнаците на љубовен план

    rnПретставниците на овој хороскопски знак се во потрага по интелигентен, прилагодлив и толерантен љубовен партнер. Со него, никогаш не може да ви биде досадно бидејќи тој секогаш е во потрага по некоја нова авантура. Поради таквата негова природа, неговиот партнер ќе треба исто така да биде креативен и остроумен, способен да се прилагоди на секоја ситуација која ќе ја создаде близнакот. Доколку не сте во можност да го следите неговото брзо темпо на живот, близнакот ќе се умори од таквата врска и ќе си продолжи понатака во животот, барајќи нешто поинтересно.Астролошки профил на родените во знакот близнациrn

    Ладни како мраз?

    rnЧестопати во астролошките профили за знакот близнаци, пишува дека тие имаат ледено срце, кога станува збор за нивните емоции. Близнаците дефинитивно се луѓе кои имаат чувства, па затоа не дозволувајте никој да ве убедува во спротивното. Повеќе луѓе сметаат дека овој знак е „ладен“ бидејќи близнакот и покрај неговата комуникативност и отвореност, е многу затворен кога станува збор за неговите емоции. Тој дури некогаш не се ни забележува себеси дека се чувствува вознемирено или несреќно, бидејќи во неговиот ум тој „патува“ кон освојување на некоја нова авантура. Вистина е дека близнаците имаат ум кој се базира на логика и рационалност, но тие истовремено имаат забавен карактер, кој често другите го оценуваат како детинест.rn
    rn

    Како да ја згреете душата на близнаците?

    rnЕдна од работите кои инстантно ќе го приближат психолошки близнакот кон вас, е вашето развиено чувство за хумор и љубезност. Близнакот ги третира сите луѓе еднакво и нема ни грам толеранција за оние кои лошо се однесуваат кон другите. Дури и најмалите акти во кои некој покажува љубезност и култура, се забележани од страна на близнакот, кој не пропушта ниеден детаљ. Но, наспроти тоа, тој има тенденција да биде „слеп“ и несвесен за големите, неубави работи кои се случуваат пред неговите очи. Тоа е така, поради начинот на кој близнаците го живеат животот – секогаш се фокусирани кон иднината, поради што честопати ја пропуштаат сегашноста.rn
    rn

    Сензуален љубовник

    rnБлизнакот е секси љубовник, кој ги знае сите добри сензуални чекори. Тој има големо чувство за уметничката страна на љубовта, а на неговиот флерт никој не може да остане рамнодушен. Близнакот обожава романтични активности, кои ќе го одведат кон една умствена авантура од која ќе му се помати умот. Сè додека неговиот партнер, умее да го одржува нивото на интрига и возбуда во врската, близнакот ќе биде фасциниран и нема да му биде досадно. Дефинитивно не сакате на близнак да му досади од вас, бидејќи ако тоа се случи, сè што ќе ви остане е сеќавањето за него.Астролошки профил на родените во знакот близнациrn

    Близнаците на работното место

    rn

    Доколку работата која што ја работи му е доволно интересна и привлечна, близнакот ќе заврши повеќе задачи до пладне, отколку што неговите колеги ќе завршат во текот на целиот ден. Доколку пак, тоа што го работи му е досадно и монотоно, тој ќе работи само извесен период на тоа работно место, сè додека не најде некоја нова попредизвикувачка работа. Близнаците сакаат да бидат информирани за сè што се случува на работното место, умеат да учат од искуството на нивните колеги и да ги слушнат нивните паметни совети. Наспроти инсистирањето на близнакот да биде секогаш во центарот на вниманието, тој знае одлично да се вклопи во тимска работа.Астролошки профил на родените во знакот близнаци

    rnrn

    Негативни карактеристики на близнакот:rn

    rn

      rn011

    • Ведри или мрачни личности?
    • rn

    rnБлизнаците се знакот на дуалитетот. Едната страна на близнакот е ведра, комуникативна, а другата депресивна, па дури и злобна. Близнаците можат да варираат од расположени и дружељубиви личности, кон намуртени и мрачни непријатели. Кога овој вториот близнак е во акција, подобро ви е да се повлечете и да го оставите сам да си го пронајде излезот од таквото марчно расположение.Астролошки профил на родените во знакот близнациrn

      rn011

    • Нерешителност
    • rn

    rnСпособноста на близнаците да ги погледнат сите аспекти на ситуациите и нивната потреба постојано да испробуваат нешто ново, ги прави близнаците неодлучни. Доколку донесувањето некоја одлука стане премногу тешка и здодевна задача, близнакот најверојатно ќе ја игнорира и ќе тргне во потрага по некои нови и попријатни околности.rnrnНеуморноста и независноста на близнакот може на другите луѓе да им остави впечаток дека тој е површна личност. Припадниците на овој знак се љубезни и дружељубиви со сите луѓе и не фаворизираат никого особено. Но, кога ќе им стане здодевно, нивната ведрина и љубезност се претвора во своеволно и тврдоглаво однесување.rnrnВаквите негативни особини, можат да го направат близнакот непостојана личност. Колку почесто го менува расположението, толку потешко ќе му биде да ги заврши започнатите проекти на кои работи. Нешто друго ќе му го „улови“ вниманието и притоа може да се случи да постане недисциплиниран да почека да ја заврши првин започната работа, пред да започне нова. Ваквото преминување од едно на друго нешто, може да постане составен дел од карактерот на близнаците, кој негативно ќе се одрази и на љубовните врски, доколку тие не одвојат доволно време да поработат на решавање на овој проблем. Близнаците имаат тенденција и да се испробуваат себеси во сосема различни видови професии, бидејќи нив им создава возбуда идејата да се тестираат колку ги бива за некоја работа и доколку успешно го положат тестот, нивните батерии ќе бидат повторно полни за следната авантура.rn
    rn

      rn011

    • Чувствување страв од губење на слободата
    • rn

    rnНајверојатно најзабележителната карактеристика која ја имаат близнаците, е нивната потреба да се чувствуваат слободно. Истовремено, оваа потреба е и нивниот најголем страв. Тој страв може да предизвика тие понекогаш да се однесуваат неконтролирано. Близнакот не сака да се води според никакви планови во животот, ниту да ги почитува општествените норми, туку сака да изгради свои. Оваа внатрешна потреба на близнаците да имаат избор во секоја животна ситуација и да се чувствуваат слободно да се премислат во секој момент, се составен дел од нивниот карактер. Навистина е тешко да натерате некој близнак да направи нешто насила, бидејќи тој не сака да затвора очи пред повеќето различни опции кои стојат пред него.Астролошки профил на родените во знакот близнациБлизнаците секогаш имаат некоја порака која сакаат да ја споделат со вас, но за да ги разберете, морате да научите да слушате што тие зборуваат, и уште повеќе, да научите да го слушате она што не го кажуваат.rn
    rn

    Енергични и брзи луѓе

    rnБлизнаците се брзи во речиси сè што прават. Тие имаат многу малку трпение. Доколку се решите да почекате некој близнак да си ја „олади главата“ додека вие се обидувате да завршите некоја битна задача, најверојатно ќе останете со подзината уста кога ќе видите дека тој си заминува една секунда откако сте го изговориле зборот „почекај“. На близнаците секоја секунда во животот им е драгоцена, па тие немаат време да чекаат нешто да се случи, туку мораат да делуваат навремено.rnrnНо, токму таа нивна брзина на извршување на работите ги прави близнаците површни и нерешителни во очите на другите луѓе. Наместо да се трудат да бидат што е можно побрзи и поефикасни, близнаците треба да поработат на квалитетот со кој ги завршуваат работите. Како совет би им ја кажале поговорката: „Два пати мери, еднаш сечи.“rnrnЗа да можете да „одите во чекор“ со близнак, ќе ви треба навистина многу енергија, бидејќи најверојатно додека стоите во банка чекајќи долга редица за да платите сметка, на него ќе му текне дека сака да присуствува на отворањето на некоја уметничка галерија. Или ќе морате да се прилагодите на брзиот начин на живот кој го живеат близнаците, или тргнете се настрана од „трката“ и дозволете му на некој друг да ја заземе вашата позиција.rn
    rn

      rn011

    • Близнаците најмногу си одговараат со: овен, лав, вага, водолија.
    • rn011

    • Идеални професии за близнаци: актер, адвокат, новинар, политичар, пиар, професор, писател, организатор на настани, специјалист за развој на производи, вработен во департман за продажба и др.
    • rn011

    • Животно мото на близнаците: „Играта може да започне.“
    • rn


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Астролошки профил на родените во знакот бик

    Астролошки профил на родените во знакот бик

    (20 април – 20 мај)

    rnАстролошки профил на родените во знакот бикБикот има многу тврдоглава природа. Тој е физички силен и ментално брз. Перфекционист е кога станува збор за убавите нешта во животот. Има одличен вкус за облекување и речиси за сè друго. Тој исто така е способен и да заработи доволно пари за да си дозволи купување скапи работи. Луѓето родени во хороскопскиот знак бик, се многу нетрпеливи и почнуваат да мрморат и тапкаат со нозе, ако ги оставите во исчекување. Бикот ќе ви даде на знаење како точно се чувствува во врска со нешто. Ќе биде директен и дрзок доколку смета дека сте виновни за нешто или ќе ви ја појасни ситуацијата, ако ги немате сите факти на ум. Кога не се согласува со нечие мислење, тој отворено ја покажува својата лутина. Кога убаво ќе ве „изџвака“, тој ќе очекува од вас да имате обѕир за болката која сте му ја нанеле.rnrn

    Буржоаски живот

    rnВо суштина, биковите се стабилни, урамнотежени, конзервативни личности, чесни граѓани и љубители на мирот. Сакаат да ги поседуваат сите добри квалитети на буржоаскиот начин на живот. Бидејќи биковите имаат чувство за материјалните вредности, сакаат да поседуваат вредни работи и хорор им е да запаѓаат во долгови, тие ќе направат сè што е во нивна моќ за да го одржат безбедното финансиско статус кво. Порано или подоцна, парите ќе дојдат во нивни раце. Бикот воопшто не е скржав, туку напротив, дарежлив е со парите, колку што е широк во срцето.rnrnАстролошки профил на родените во знакот бикrn

    Одлучна и комуникативна особа

    rnНа прв впечаток, бикот делува како екстремно тивка и воздржана личност. Но, кога ќе се зближите со него, ќе установите дека бикот не е личност која само седи и ги слуша вашите монолози, туку активно партиципира во разговорите. Тој промислено ги прави своите чекори, но кога еднаш ќе се реши на нешто, невозможно е да го премислите. Доколку бикот е оставен сам на себе, тој се претвора во ведра, расположена и безгрижна личност.rnrnАстролошки профил на родените во знакот бикrn

    Голем интелектуалец

    rnБикот има големи познавања за светот во којшто живее, мислите му се поврзани и знае убаво да се изразува. Неговиот мозок е како сунѓер, кој впива информации и факти и ги складира, сè до оној момент кога ќе може да ги употреби за да го импресионира градоначалникот на некое далечно местенце, за кое никој не чул, освен се разбира бикот. Тој не само што слушнал за тоа далечно место, туку умее да ги наведе сите статистички податоци поврзани со него, неговата економија, политика и меаните во кои ја служат најдобрата храна.rnrnАстролошки профил на родените во знакот бикrn

    Гурман

    rnБикот е навистина голем обожавател на храната. Тој сака да ја проба секоја добра кујна и е многу незадоволен кога наместо со вкусен оброк, е послужен со храна од послаб квалитет. Нему не му пречи да потроши повеќе пари на обилно јадење за целата маса, сè додека неговите придружници се благодарни и ја ценат уметноста на храната. Како што и се очекува, бикот обожава да организира и да биде повикуван на ноќни забави, кои вклучуваат убава храна.rnrnАстролошки профил на родените во знакот бикrn

    Почит кон уметноста

    rnБикот има страст и наклонетост кон уметноста и има голем мерак да научи доволно за неа. Најчесто, тој навистина може да препознае добро уметничко дело и ги познава техничките причини кои го докажуваат тоа. За повеќето бикови, музиката има посебна улога во нивниот живот, а претставниците на овој знак имаат тенденција да бидат одлични музичари. Тие сакаат и да пеат и да бидат слушнати од голема публика.rn

    Образован и одговорен кон себе

    rnБикот не сака да биде во близина на ниско интелигентни луѓе и има возвишено мислење за себеси кога отфрла од својот живот, некој кој не е доволно интересен или не е доволно образован. Од прво, може да помислите дека тој е само еден голем сноб, но кога добро ќе го запознаете, ќе сфатите дека неговото расудување е базирано на неговиот основен вредносен систем. Според тој систем, секоја индивидуа има одговорност да ја култивира својата интелигенција и смета дека оние луѓе кои не ги искористуваат приликите да научат нешто ново во животот или пак оние кои немаат волја да си ги создадат таквите прилики, треба да се срамат од себеси. Тој не верува во „жртви на околности“, бидејќи самиот тој ги користи сите ситуации од кои има некаква полза и не може да сфати зошто сите останати луѓе не би можеле да го направат истото.rnrnАстролошки профил на родените во знакот бикrn

    Пасивна личност

    rnТипична карактерна особина на биковите е пасивноста. Можете да сметате на бикот секогаш кога ќе ви биде потребен, но никогаш не очекувајте тој прв да ви се јави. Но, доколку побарате нешто од него, па макар и совет, тој истовремено ќе знае што да направи и како да го направи. Грижење, паника и нервоза дефинитивно не се дел од карактерот на бикот. Во природата на бикот е да биде стабилна и константна личност. Одлуките ги донесува бавно, откако ќе ги земе предвид сите аспекти на ситуацијата. Биковите го сакаат домот во кој живеат и каква било промена во него ги вознемирува. На личност со хороскопски знак бик никогаш не кажувајте ѝ дека е тврдоглава – таа никогаш нема да поверува во тоа. Бикот за себе мисли дека е трпелив, а не своеглав.rn

    Ги бидува за водење бизнис

    rnБикот има тенденција да биде добар бизнисмен. Тој ја разбира идеологијата на бизнис стратегиите и знае како истите да ги имплементира за да родат успеси. Бикот има компетитивен дух и може лесно да ја препознае слабата страна на неговата конкуренција, а во ракавот го чува најдобриот ас за да ја искористи таа слабост во полза на неговата работа. Ако работи во департманот за продажба, неговиот тим ќе биде најдобриот, најпаметниот и најпродуктивниот во целата индустрија. Насоките кои им ги дава на своите вработени, лесно влегуваат во нивната глава, па ќе им биде потребно многу кратко време за да почнат да го почитуваат и да веруваат во неговиот суд и здрава логика.rnrnАстролошки профил на родените во знакот бикrn

    Лојални фер плеј играчи

    rnБикот ќе биде лојален другар и вработен, сè додека се чувствува почитуван и вреднуван од страна на другите луѓе. Тој е верен, дарежлив и внимателен со пријателите, но ретко се спријателува со некој надвор од неговиот социјален круг, на кој е безрезервно лојален. Однатре, биковите се нежни, добродушни, скромни, цврсти, мразат расправии и непријателски односи. Но, доколку бикот ги стави во прашање намерите на некој негов пријател или доколку неговите бизнис планови се критикувани од страна на шефот, тој ќе биде вистински повреден и ќе реагира бесно и гневно, при што изгледа како целосно да ја губи својата самоконтрола. Бикот нема импулсивна природа и никогаш не реагира без причина. Другите луѓе не ја очекуваат таквата реакција од бикот, но неговата лутина ќе помине толку брзо, уште пред останатите да сфатат што се случило. Подеднакво неочекувани се ситуациите во кои бикот прави смели шеги и лудо се забавува.rnrnАстролошки профил на родените во знакот бикrnrn

    Романтичари во љубовта

    rnПредводен од Венера (планетата на љубовта), љубовта е многу значаен дел од животот на бикот. Тој знае да биде многу романтичен и умее да поттикне интерес кај спротивниот пол. Бикот го обожава предизвикот кој го поставува пред својот потенцијален љубовен партнер: неговото срце мора да биде прво освоено. Кога тоа ќе се случи, бикот ќе биде посветен, романтичен и лојален партнер, сè додека неговиот партнер е љубезен и покажува почит спрема него.rnrnАстролошки профил на родените во знакот бикrnrnПовеќето бикови во љубовта имаат тенденција да ја играат „играта на чекање пред врзување“. За жал, голем број бикови си имаат почувствувано на нивната кожа, дека таквото однесување не оди баш во нивна полза. Тие треба да се изборат со тоа, на начин што ќе прават бебешки чекори кои водат кон акција. Побарајте го телефонскиот број на симпатијата, пратете му/ѝ имејл порака, направете нешто, што било!rn

    Љубоморен љубовен партнер

    rnЉубомората може да биде сериозен проблем за бикот. Мажите и жените родени во овој хороскопски знак, сè околу себе вреднуваат според принципот „јас имам“, а во тоа може да биде вклучен и нивниот партнер. Бикот мора да сфати дека неговиот партнер е само едно човечко суштество, кое заслужува да биде третирано достоинствено и со почит.rn

    Тврдоглавоста е љубовна кочница

    rnКога ќе ја пронајде љубовта на својот живот, бикот треба да научи да ја контролира неговата тврдоглавост за да не ја уништи врската. Тој мора да ја сфати уметноста на компромисот и да научи да поставува прашања, а не само да ги изнесува неговите констатации. Само на тој начин, бикот ќе може да ја одржи неговата врска среќна и долготрајна.rn

    Негативна карактеристика: критичност

    rnrnЕдна од најнегативните карактеристики на биковите е нивната тенденција кон прекумерно критикување, кое може да звучи многу сурово и злонамерно на моменти. Биковите со поизграден карактер, умеат да научат како да ја потиснат оваа нивна природна тенденција кон критицизам и да ја канализираат кон нешто попозитивно, како на пример во некоја професија која бара критичко размислување. Бикот не е баш свесен за тоа како звучи неговото оценување на постапките на некоја личност, особено на неговиот љубовен партнер. Благоразумен љубовен партнер може на нежен начин да му помогне да порасне и да сфати дека неговите критики се премногу груби. Бикот има многу нежно его, на кое му треба често негување.rnrnАстролошки профил на родените во знакот бикrnrn

    Цврсти и успешни личности

    rnБикот поседува една неверојатна карактеристика, која му овозможува да може да поднесе физичка и психичка болка, со години, без ниеднаш да се пожали. Колку повеќе проблеми наидуваат во неговиот живот, толку поцврст станува. Бикот има репутација на сериозен хороскопски знак, но сериозен не значи и досаден. Всушност припадниците на знакот бик, уживаат во градењето цврста, стабилна и долготрајна кариера. Една од најголемите дарби на бикот, е неговата способност да смисли инспиративна идеја и да ја трансформира во остварлив, конкретен план.rn

    Односот кон парите

    rnБиковите честопати ги бие лоша репутација во врска со нивниот однос кон парите, бидејќи на многу луѓе од страна им изгледа како биковите да се опседнати со нив. Вистината е дека тие не се опседнати со пари, туку сфаќаат дека им се потребни за да можат да си ги остварат нивните зацртани цели и соништа.rn

    Уживање во убавината

    rnБикот ужива во убавите работи во животот со сите свои сетила. Тој е многу сензитивно битие кое знае да го цени пресекувањето на првото парче од двокатната торта, ужива во прскањето на телото со скапи парфеми или колонски води и наоѓа задоволство во носењето елегантни ракавици од кашмир. Сè што изгледа добро, мириса убаво, вкусно е и совршено е на допир, бикот несомнено ќе го обожава.rnrnАстролошки профил на родените во знакот бикrnrnЉубовта кон убавината може да има и своја негативна страна, доколку бикот прекумерно се опушти. За бикот не е нетипично да потроши пари на нешто бесмислено, да му е лошо на стомакот од многу јадење вкусна храна или да „закачи“ 2-3 килограми вишок на себе. Поради тоа, тој мора да научи да биде умерен и урамнотежен во сè.rn

      rn011

    • Идеални професии за бик: музичар, креатор на парфеми, архитект, сметководител, моден дизајнер, графички уметник, манекен/сопственик на модна куќа, ботаничар…
    • rn011

    • Најкомпатибилни знаци: девица, јарец, рак, риби
    • rn011

    • Омилени бои: сина, зелена, темно жолта, окер
    • rn011

    • Животно мото на бикот: „Биди убав или оди си дома“, „Имам значи постојам“, Грижи се за своите сетила, а сето друго ќе си се погрижи само по себе.“
    • rn


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астролошки профил на родените во знакот овен

    Астролошки профил на родените во знакот овен

    (20 март – 20 април)rnrnАстролошки профил на родените во знакот овенОвенот е храбра и моќна индивидуа на која можете да сметате во секоја ситуација. Припадниците на овој хороскопски знак се подготвени да скокнат во акција речиси за што и да станува збор. Овните се управувани од нивната возбуда и страст за успех. Секогаш имаат некаква цел според која се водат и најчесто успеваат да го реализираат тоа што ќе го наумат. Овенот е амбициозен, решителен и цврст знак. Друга типична карактеристика за овните е спонтаноста. Во еден момент можете да гледате како некој овен работи концентрирано на некој проект, а во друг момент можете и воопшто да не го видите бидејќи тој се качил на авион за да отпатува на некоја импровизирана дестинација.rn.rn

    Моќен магнетизам

    rnОвните имаат нешто повеќе од харизма; тие истовремено зрачат со моќ и уникатен шарм. Појавата на овенот е магнетска, а сите луѓе околу него потклекнуваат на неговите флертувачки и умилкувачки способности. Оваа негова карактеристика го прави овенот да биде премногу привлечен и неодолив.rnrnАко никогаш не сте биле во близина на некој кој зрачи со толку многу сексапил, тогаш дефинитивно ќе бидете шокирани. Способноста да го привлече и предизвика спротивниот пол доаѓа многу природно кај овој хороскопски знак. Тој знае каков ефект предизвикува и ужива во својата сексапилност. Овенот е бесрамен флертувач кој повеќе го обожува „бркањето плен“ отколку фактичкото „уловување“ на оној партнер кон кој чувствувал привлечност. Тој едноставно не може да си помогне: обожава сè што е ново во неговиот живот и што вклучува луѓе. Во секој случај, не постои никаква причина да не им се верува на овните кои се во врска, бидејќи тие се ретко неверни.Астролошки профил на родените во знакот овенrn

    Брзо му досадува

    rnНа овенот многу брзо му станува досадно, особено ако не ја доживува доволно предизвикувачка моменталната ситуација во која се наоѓа. Оваа карактеристика на овенот постои во секоја област од неговиот живот. Тоа значи дека овенот мора да биде ментално и емоционално предизвикан за да може да остане заинтересиран за она за кое што се нафатил. Ако сте во врска со некој овен, имајте на ум дека мора да бидете доволно интересни и да внесувате возбуда во врската, бидејќи тој брзо ќе изгуби интерес и ќе тргне во потрага по нов љубовник. Ова не е нешто што треба да си го сфатите лично, туку овој е начинот на којшто овенот се движи низ својот живот, соборувајќи еден по друг предизвик. Како и да е, неговите најголеми предизвици се оние коишто ги чувствува длабоко во себе.Астролошки профил на родените во знакот овенrn

    Проба: 1, 2, 3

    rnОние родени со хороскопски знак овен, немаат тенденција да ги земаат работите здраво за готово. Тие тестираат сè што е возможно да се тестира, па дури и лојалноста на другите луѓе кон нив. Ова е тип на карактеристика кај овенот што може да ги лути другите луѓе. Тој едноставно сака да знае што се случува во секој момент од секоја ситуација во која се наоѓа. Ако да речеме овенот купува нов автомобил, тој не само што ќе направи тест возење, туку ќе ги дознае од продавачот (или од некој друг) сите перформанси кои тој ги има пред да реши да го купи. Истото го прави и во љубовните врски. Интересното е што партнерот на овенот нема ни да биде свесен дека е ставен на тест, до оној момент кога сè ќе стане јасно, односно дали го поминал тестот или не. Па ако сте доволни среќници да ја поминете серијата од тестови која ќе ви ја приреди овенот и тој сè уште е заинтересиран за вас, тогаш најверојатно вие сте идеалниот партнер за овој високо енергичен и страстен знак.Астролошки профил на родените во знакот овенrn

    Темелна личност

    rnОвенот не прави ниедна работа до пола. Тој има перфектен вкус и лесно препознава добар квалитет. Другите луѓе може да сметаат дека тој е премногу пребирлив, но тој едноставно кажано има природна дарба за препознавање на убавите нешта во животот. Ако еднаш некој овен оцени дека достојно ги исполнувате неговите стандарди, тој ќе ве качи на пиедестал засекогаш или барем додека не го разочарате. Ако успеете да го натерате овенот да ве доживее како комплетна личност со свои мани и доблести, тогаш лесно ќе ја придобиете неговата почит и восхит. Нема нешто кое тој повеќе цени од една скромна искреност, која најчесто ја пронаоѓа повеќе кај другите луѓе отколку кај себе.rn.rn

    Најдобар во сè

    rnОвните сакаат секогаш да бидат први во сè, почнувајќи од извојување победа во некоја друштвена игра, до добивање на највисокиот бонус на неговото работно место. Да го добијат второто место во нешто, претставува голем пораз за овенот, па кога тој губи ќе треба да помине некое време додека се почувствува повторно самоуверено.rn.rn

    Роден лидер

    rnНикогаш не очекувајте овен да го следи вашиот чекор или да западне во ситуација во која ќе треба да ги следи вашите наредби. Доколку е принуден да ги исполни инструкциите на некој друг, ќе дојде друга негова карактеристика до израз – бунтовност. Таа негова страна никој не би сакал да ја види, така што препорачливо е да го одржувате балансот во ситуацијата и да го имате овенот на својата страна, бидејќи во спротивно тој ќе ги испланира неговите легендарни одбранбени стратегии. Неговата лидерска способност и чувството за праведност секогаш ја освојува лојалноста кај другите луѓе, кои знаат дека тој никогаш не би побарал нешто од нив, кое не би го направил ни сам. Овенот ги знае неговите способности и верува во неговиот успех.Астролошки профил на родените во знакот овенrn

    Жесток темперамент

    rnОвните брзо се лутат и не го прикриваат својот гнев. Дури и да сакаат да го прикријат, искрите во нивните огнени очи ќе ги издадат. Но, добрата вест е дека луѓето родени во знакот овен ретко ги држи лутината долго време. Тие гневно избувнуваат во времетраење од неколку минути, а потоа со задоволство преминуваат на нешто друго, во оној момент кога ќе заврши нивната првенствена „експлозија“.Астролошки профил на родените во знакот овенrn

    Романтичен љубовник

    rnЌе бидете среќни во љубовна врска (или брак) со овен, доколку успеете секогаш да останете негова мистерија, која тој вечно ќе се обидува да ја сфати и разреши. Оваа карактеристика на овенот е онаа што првенствено го прави привлечен, а потоа го прави уште поинтересен, па затоа ако сакате да го задржите во вашите прегратки – не му ги кажувајте сите ваши тајни. Овенот сака постојано да учи нешто ново за својот животен сопатник.rnrnОвенот не само што е многу романтичен, туку е и хороскопски знак кој верува во вистинска љубов. Несомнен е фактот дека овенот мора поактивно да поработи на односите кои ги гради со другите луѓе, но кога станува збор за љубовта, тој е посветен и лојален партнер. Всушност, овенот е по малку наивен во љубовниот дел и ги доверува сите свои емоции на неговиот партнер, кои ги чувствува од неговото срце. Поради тоа овенот се чувствува многу збунето кога некоја негова врска нема да успее. Овој проблем тој може многу лесно да го реши. Мора да сфати дека и другите луѓе имаат свое мислење за работите и уште повеќе, треба да научи да престане да ги поништува нивните ставови и емоции.Астролошки профил на родените во знакот овенrn

    Овенот како родител

    rnОвенот најчесто е строг родител, но истовремено има и разбирање за она низ што поминуваат неговите деца. Тој умее да се присети како е да си млад и колку е тешко да ги издржиш маките низ целиот процес до постанувањето полнолетен и малку позрел. Него му причинува големо задоволство да ги носи честопати своите деца во забавен парк и ќе им прави друштво на возењето по лудите железници. Ќе ги почести по еден сладолед и покрај тоа што знае дека дошло време за вечера, бидејќи умее да го препознае оној фантастичен момент, кој никогаш нема да се повтори, а неговите деца вечно ќе го паметат. Овенот го разбира големото значење на градење позитивни спомени со неговото семејство. Тој ќе ја внесе сета своја енергија за да даде добра насока во образованието на неговите деца и да го стимулира нивниот интелект. Моралот е нешто што овенот се обидува да го пренесе на своите деца, заедно со некои практични водичи за животот. Тој е свесен дека треба да ги претвори неговите деца во цврсти личности, кои ќе имаат интерес за интелектуални работи, но и за оние кои го исполнуваат духот.Астролошки профил на родените во знакот овенrn

    Спортски ентузијаст

    rnОвенот обожава спортови кои се играат надвор, особено оние кои му даваат можност да се докаже колку го бива. Тој играл спортови во своите млади години и ќе игра во текот на целата своја зрелост. Него му се допаѓа интеракцијата која ја остварува со спортскиот тим и го сака предизвикот кој спортот му го дава.Астролошки профил на родените во знакот овенrn

    Позитивни карактеристики

    rnОвенот има топла душа. Оддалеченоста која другите ја забележуваат помеѓу него и останатите луѓе, не е проблем кој потекнува од овенот. Тој може да ја надмине буквално секоја препрека на патот. Тој е спремен да зачекори онаму кај што никој друг не стапнал. Овие луѓе се чувствуваат удобно на непозната територија и најчесто зрачат со верба во себеси.rn.rn

    Негативни карактеристики

    rnЕдна од најнегативните карактеристики кај овенот е тоа што тој не смета дека другите луѓе треба да очекуваат почит од негова страна. Тој лесно ги отфрла туѓите мислења и ќе постапи онака како што тој мисли дека е најдобро за него. Луѓето со овој хороскопски знак најчесто не знаат да прифатат совет и ги заќутуваат оние кои се обидуваат да им го дадат. Исто така, и покрај тоа што овенот е истраен и посветен на својата работа, честопати му се случува да не ги доврши задачите до крај и да се откажува од работите после еден неуспешен обид.rn.rn

    Мили личности

    rnЗемено во целина, овните се многу мили и љубезни личности. На луѓето во негова близина им е лесно да се поврзат со овој ентузијастичен и романтичен дух. Ако овенот научи одвреме- навреме да подзастане за момент и да ги сфати мислењата и на другите луѓе, а не само своите, тој ќе сфати дека неговиот живот ќе тече помазно и попродуктивно. Во секој случај, тој треба да го задри својот воен дух, бидејќи токму тој го прави толку интригантен овој знак, во очите на другите луѓе.rn.rn

      rn011

    • Идеални професии за овен: пиармен, спортски тренер, воено лице, атлетичар, забар, адвокат, механичар, политичар, полицаец
    • rn011

    • Омилени бои: светло црвена, кафена, жолта
    • rn011

    • Најкомпатибилни знаци: стрелец, лав, водолија, близнаци
    • rn011

    • Животно мото: „Оној кој сака – може!“
    • rn

    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Астролошки профил на родените во знакот риби

    Астролошки профил на родените во знакот риби

    (19 февруари – 20 март)rnrnАстролошки профил на родените во знакот рибиИнтуитивни, спиритуални и секогаш со блажена насмевка, рибите имаат позитивни карактеристики кои сите ги обожаваат. Тие се одлични пријатели, полни со разбирање, а благодарение на нивните одлични артистички таленти се интересни љубовни партнери, кои секогаш ќе имаат што да ви кажат. Повеќето луѓе родени во знакот на риби, имаат вроден креативен набој. Тие имаат уметничка душа и нивната потреба да создадат нешто убаво е многу силна.rn

    Големи сонувачи

    rnРибите го гледаат светот низ „розови очила“ и оваа нивна перспектива се одразува на сите нивни зборови и дела. Тие живеат во некој свој совршен свет, дури и кога се целосно свесни за лошата страна на човештвото. Во нивниот свет сè е добро и прекрасно. Тие имаат јака меморија и тенденција да ги запаметат најситните детали. Позитивниот пристап кои тие го имаат кон животот, делува оптимистички на сите во нивна близина.Астролошки профил на родените во знакот рибиРибите не ги интересираат материјални работи и немаат тенденција да „трчаат“ по пари. Не дека тие имаат нешто против богатството, но едноставно се свесни дека тоа е променлива состојба. Рибите не се плашат од тоа што им го носи иднината. Како што е прикажано на нивниот хороскопски симбол, две риби кои пливаат во спротивен правец, тие или се движат каде што ги води патот или се борат против она што не им се допаѓа. Само доколку ја изберат втората опција, рибите ќе бидат вистински среќни и комплетно исполнети. Ако успеат да го сфатат тоа, тие ќе го достигнат највисокото скалило на успехот.rn.rn

    Спокојни и стабилни

    rnЕдна од основните карактеристики на овој хороскопски знак е неговата успокојувачка стабилност. Дури и во најлошите бурни ситуации, рибата никогаш не паничи и воспоставува баланс и мир кај сите околу неа. Рибите се последниот знак во зодијакот благодарение на што во нив има мешавина од квалитетите на останатите знаци. Поради оваа нивна сложеност, навистина е тешко целосно да го разберете овој знак.Астролошки профил на родените во знакот рибиРибите имаат одлични организациски способности и обрнуваат внимание на детали како девицата, имаат здрав и рационален суд како вагата, сочувствуваат со другите луѓе и имаат променливо расположение како ракот, искрени се и љубезни како стрелецот, ги сакаат луѓето и вниманието свртено кон нив како лавот и се аналитични како водолијата. Истовремено се многу комуникативни како близнаците, пасивни и тврдоглави како бикот, можат да ги дознаат вашите најдлабоки тајни како скорпијата, одговорни се и принципиелни како јарците и се оптимистични, невини и големи ентузијасти како овенот.rn.rn

    Многу дарежливи

    rnРибите се големи алтруисти кои сакаат да го направат светот подобро место за живеење. Тие се дарежливи и сакаат да помогнат секаде каде што можат. Ако побарате од нив, тие буквално би ја соблекле маицата од нивниот грб за да ви ја дадат вам. Рибите умеат да допрат до срцата на другите луѓе и уживаат помагајќи им да го остварат нивниот потенцијал во целост. Вродената сензибилност која ја имаат рибите, ги прави личности кои имаат огромно разбирање за чувствата на другите. Како и да е, рибите мораат да внимаваат нивната добродушност и дарежливост да не биде злоупотребена.rn.rn

    Спиритуални и интуитивни

    rnРибите се духовно богати личности, но тоа не мора да значи дека тие се приврзаници на некоја религија, иако и тоа може да биде случај. Поконкретно кажано, тие едноставно „чувствуваат“ дека постои некаков ред во универзумот и дека имаат длабока конекција со семоќниот.Астролошки профил на родените во знакот рибиРибите имаат одлична интуиција, па ако некој припадник на овој хороскопски знак ви каже да не излегувате некој ден од дома, подобро послушајте ги. Нивното „шесто сетило“ им овозможува да имаат јасна визија за чувствата на другите луѓе.rn.rn

    Хуморот како маска

    rnРибите имаат тенденција кон расправање, кога знаат да даваат многу саркастични коментари и да „боцкаат со нивното остро јазиче“. Најдобриот момент е што и покрај тоа што нивната лутина трае долго, кога ќе им помине повторно стануваат свои, како ништо да не се случило. Рибата ја обожава природата, уметноста од секаков вид и е многу амбициозна. Таа сака да им помага на луѓето кои имаат некаков проблем, притоа трошејќи голем дел од својата енергија. Наспроти тоа, другите луѓе никогаш не можат да „прочитаат“ кога на рибата и се повредени чувствата. Таа ги крие нејзините најдлабоки емоции зад нејзината смисла за хумор. Хуморот може да биде нежен и невин или ладен и безмилосен. Како и да е, хуморот на рибата најчесто претставува маска зад која се крие некоја друга нејзина емоција.Астролошки профил на родените во знакот рибиrn

    Интроспективни

    rnОвој знак е екстремно интроспективен, односно ја испитува и ја набљудува сопствената внатрешност. Таа нивна моќна карактеристика, кога се користи во позитивна смисла може да создаде една страсна и артистична индивидуа, со голема интуиција и сочувственост за другите, благодарение на што можат да бидат големи хуманитарци. За жал оваа страна на рибите е честопати негативно засенета од нивните депресивни чувства. Овој нивни песимистички аспект е резултат на нивната променлива природа, која ги прави нестабилни личности.Астролошки профил на родените во знакот рибиКога не користат самоанализа за запознавање на себеси од интелектуален аспект, може да доведе до некои негативни опсесии кај нив. Како нестабилна индивидуа, ваквото однесување може да предизвика разни зависности и невротичност. Во позитивна смисла, рибите најчесто имаат тенденција интроспективноста да ја насочат кон продлабочување на нивните уметнички способности кои ги поседуваат од самото раѓање. Гледано пошироко, потребата да бидат зависни од нешто, кај рибите може да биде и здрава, како на пример потребата за често смеење или спортување. Во секој случај, на рибите им е потребна умереност и баланс за да се чувствуваат стабилно.rn.rn

    Артистични

    rnФактори кои создаваат непријатно опкружување за рибата, можат негативно да се одразат на нејзината личност, особено ако тие се присутни од најмала возраст. Но, ако рибата е израсната во пријатна и стабилна околина, таа ќе може да ја развива нејзината креативност и да има пообјективна визија благодарение на која ќе може да создава уметност со голема тежина.rn.rn

    Сексуалноста на рибите

    rnДлабоката спиритуална енергија на рибите, во голем дел е изразена во нивната сексуалност. Овој знак има желба да го идеализира својот љубовен партнер. Припадниците на овој хороскопски знак сакаат да се пожртвуваат себеси со цел да го усреќат својот партнер. Но, оние кои се во љубовна врска со риби мораат да бидат внимателно со овој дел од нивниот карактер. Дури и ако сте авантуристи во сексот и не ви смета да бидете „доминирани“, потсетете се дека една здрава сексуална врска треба да биде базирана на меѓусебна почит.Астролошки профил на родените во знакот рибиРибите ја обожаваат музиката, уметноста, глумата и сè што вклучува креативност. Ова е една од причините зошто рибите се и сексуално креативни битија, кои сакаат акција во креветот. Овој аспект на нивната сексуалност лесно може да биде изразен преку „одигрување улоги“ и други сексуални игри. За да го одржи овој аспект позитивен, рибата треба да се обиде да се поврзе со партнер кој има уметничка душа, но истовремено е и здрав за неа.rn.rn

      rn011

    • Идеални професии за риби: актери, сликари, скулптори, танчери, доктори, поети, писатели, фотографи, психијатари, пејачи, ветеринари
    • rn011

    • Рибите најмногу си одговараат со: бик, рак, скорпија, јарец.
    • rn011

    • Омилени бои: сина, зелена, виолетова, бела
    • rn011

    • Животно мото: „Можам да замислам како се чувствуваш“.
    • rn