Дали сте самоуверени, одлучни и се чувствувате удобно во сопствената кожа? Дали сакате енергично да го живеете животот и да искусите безброј авантури кои ќе ви го забрзаат отчукувањето на срцето? Доколку одговорот е да, тоа значи дека сте подготвени да бидете со некоја девојка која е во хороскоп овен.rnrn„Првата“ дама во зодијачкото тркало честопати се нарекува и мажествена жена, бидејќи е исто толку силна, одлучна и самоуверена како мажите. Таа има силен натпреварувачи дух, кој ѝ овозможува да биде подобра од сите во работата на некој проект, но сепак ќе остане правична во распределбата на заслугите и заработката. Таа вешто и бурно го користи секој миг од нејзиниот живот, но сепак има време и за една фантастична романтична вечера со нејзиниот љубен. За оваа жена ќе имате неверојатно голема страхопочит, која таа секако ја заслужува.rnrn
rnrnЌе можете ли да излезете на крај со жена која може да му биде еднаков ривал на Супермен? Таа е предводена од планетата Марс, која ја симболизира божицата на војната. За некои, таа може да делува пренападно и да изгледа како да ѝ е битен само личниот интерес и ничиј друг. Нејзината нетрпеливост и постојаната потреба работите да се завршат добро, ја тераат постојано да копнее кон задоволство. Кога бара нешто од некој, таа сака тоа да се реализира во истиот тој момент, за да може одма да ужива во добиените резултати. За оваа жена, битно е да се разбере дека неа во суштина не ѝ е потребно никогаш ништо, но кога една во 100 години ќе побара нешто од некој, ќе го добие па мајка Јана да ѝ е.rnrn
rnrnДоколку сакате да заведете некоја девојка со хороскопски знак овен, мора да сте иницијативна личност која сака да презема акција. Таа сака да почувствува дека сакате да застанете поред неа, а не „над“ неа. Не обидувајте се да ѝ оставите впечаток дека сакате да ја победите и совладате во нешто. Запомнете дека оваа жена би сакала покрај себе да има силен маж, кој би можел да ѝ биде партнер во завера, меѓутоа таа попрво не би имала никаков маж, отколку некој погрешен за неа.rnrnБидете самоуверени, но не арогантни, освен доколку успеете да го балансирате вашиот жежок темперамент со добра смисла за хумор. Неа нема да ѝ биде незгодно да ви ја возврати дрскоста во многу полош облик, така што доколку можете да излегувате на крај со нејзината врела крв, правете го тоа со насмевка. Морате да бидете искрени и непоколебливи кога ќе ја повикате на состанок. Кажете ѝ дека ви се допаѓа и што сакате да правите со неа, во романтична смисла на зборот.rnrn
rnrnСо сета нејзина интелигенција и наметливо покажување смелост, оваа жена може да делува малку смотано кога станува збор за нејзината емотивна страна. Таа е роден флертувач и умее толку директно и отворено да разговара, што предизвикува сите околу неа да се зацрвенат. Таа може да не верува дека вие сте сериозни во врска со неа. Доколку не ѝ го кажете тоа јасно и гласно, таа може да си помисли дека сакате само да бидете слатки. Таа брзо ќе се вљуби во некој кој ќе биде способен да ја опсипе со романтики.rnrnКога ќе ја носите на рандеву, обидете се да ги направите тие моменти да се помнат вечно. Девојките родени во знакот овен, попрво ќе сакаат да ја поминат саботната вечер играјќи фудбал со своите другари, отколку да седат дома и да се досадуваат. Однесете ја на некое ново отворено место или на некој екстремен спорт. Таа навистина ќе ве цени доколку ѝ пружите добра авантура.rnrnИсто така таа цени, доколку направите некој храбар потег. Само затоа што сте се осмелиле да ја поканите да излезете, не значи дека сте храбар. Доколку вашите обиди за флерт се добредојдени, но таа сѐ уште се однесува малку срамежливо, тогаш треба вашата игра да ја однесете на повисоко ниво. Големи се шансите да ѝ се допаѓате, но таа сè уште да се мисли што да прави со вас. Па може најдобро ќе биде да се обидете да ја бакнете. Бакнежот нека биде нежен и страстен од што ќе ѝ се стресат колената. Не грижете се доколку добиете шлаканица како одговор. Само насмевнете се и дадете ѝ комплимент за бакнежот.rnrn
rnrnКога сте со вашата девојка со хороскопски знак овен, има неколку клучни моменти кои морате секогаш да ги имате на ум. Прво, задржете ја вашата природна самодоверба. Таа мора да знае дека вие сте заинтересиран и дека вредите за да ви го посвети нејзиното внимание. Обидете се да го направите ова, без да личи дека се обидувате премногу да се докажете. Второ, покажете ја вашата смисла за хумор. За жените родени во знакот овен, многу е важно некој да успее да ги насмее. Таа цени добар хумор, сѐ додека не се преминат границите и доколку шегите не се на нејзина сметка.rnrnСексот со девојките родени во знакот овен е многу страстен. Надвор од спалната соба тие се многу доминантни, но кога станува збор за сексот, тогаш тие оваа улога му ја препуштаат на машкото. Вие треба да се приспособите на нејзината игра и да ги следите нејзините емоции и чувства. Многу често сака подив сексуален живот, иако понекогаш и малку нежност добро ѝ доаѓа. Девојките родени во знакот овен сакаат да се чувствуваат посакувано и привлечно. Колкава страст добиваат, толкава страст возвраќаат.rnrn
rnrnСакате да ја задржите оваа жена во вашиот живот? Тоа ви е паметен чекор, бидејќи жената со хороскопски знак овен може да биде најдобриот партнер кој некогаш сте го имале. Повеќето луѓе од страна може да ви велат дека за да ја задржите покрај себе, ќе морате да ја предизвикувате. Но бидете внимателни, таа ќе се измори од вашите игри и ќе ве напушти. Запомнете дека вие не сте ѝ потребен на неа, туку таа треба да ве посакува.rnrn
rnrnКога жена родена во знакот овен сака нешто, таа се бори за тоа и на крајот го добива. Таа е храбра, успешна и енергична и ќе создаде со вас живот, на кој секој ќе позавиди. Сѐ што таа очекува од вас е да ѝ покажете разбирање. Како претставничка на огнените знаци, таа е многу темпераментна, но многу лојална личност. Морате да сфатите дека таа е независна личност, но пријателите играат голема улога во нејзиниот живот. Таа е моќен лидер, кој е секогаш спремен за акција. Доколку еднаш успеете да ѝ го освоите срцето, ќе имате мир засекогаш.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


rnrnЗаведувањето жена со хороскопски знак риба, потсетува на периодичното излегување на романтичните новели кои се повеќе делови. Најпрвин ќе треба суптилно да флертувате со неа, да правите некои романтични гестови и заведувачки трикови со кои се служеле вашите дедовци и генерациите кои следувале пред нив. Можеби немате идеја како да започнете, но навистина немате од што да се плашите. Рибата е хороскопски знак кој сака да биде во врска и ќе ужива во секој дел од неа. За почеток, најдобро е да бидете директни со неа, но да го правите тоа на еден сензитивен начин и со стил. Генерално кажано, Рибите „паѓаат“ на мажи кои изгледаат цврсто однадвор, а се многу нежни однатре. Таа сака момче кое размислува позитивно, ѝ пружа поддршка, ја заштитува и носи промислени одлуки. Таа брзо се вљубува и некои мажи пред вас можеби го злоупотребиле ова кај неа, но вие имате шанса да бидете најдобриот досега.rnrn
rnrnКреативен начин да го освоите нејзиното срце е преку старомодните љубовни писма. Ова не значи дека треба да се заборавите пишувајќи пет страници во кои ќе ѝ кажете сѐ што ви лежи на срце. Неколку реда запишани на хартија, во кои ќе ги искажете вашите уникатни искрени емоции за неа, ќе бидат сосема доволни. Доколку ве бива за пишување, можете да ѝ составите и некоја кратка поема, но за што и да се одлучите, гледајте низ редовите да проткајува позитивна и мотивирачка мисла. Како што ќе пишувате понатаму, споделете неколку искрени детали од вашиот карактер и дел од вашите соништа. Самата идеја за „забранета“ љубов ќе ја возбуди рибата, а таинственоста на писмата ќе ја интригира. На почетокот можете да бидете по малку мистериозни, така што нема да се потпишете во љубовното писмо или пак можете да ја покажете вашата храброст и да ѝ откриете кој сте. Како и да решите да постапите, бидете сигурни дека само вие двајца ќе знаете за писмата.rnrn
rnrnДодека „работите на случајот“ за да ја повикате на кафе, запомнете дека за неа е многу важно да бидете учтиви и љубезни. Задржете ѝ ја вратата кога влегува и упатете и некој интересен комплимент. Дознајте какво кафе пие и донесете ѝ го на маса. Доколку ве покани на прослава за нејзиниот роденден, именден или што и да е, не заборавајте да ѝ донесете виолетови рози. На тој начин, ќе ја „поместите“ од земјата и ќе ѝ дадете повод да фантазира за вас, а верувајте – фантазирањето е нешто кое Рибите најдобро умеат да го прават. Со скромни романтични гестови, во комбинација со пристојно и љубезно однесување од ваша страна, дефинитивно ќе го освоите нејзиното нежно срце.rnrnКога ќе размислувате каде да ја однесете за вашиот прв заеднички состанок, имајте на ум дека оваа жена е романтична и перципира детали. Бидете креативни. Однесете ја во некое интересно артистичко кафуле, во музеј или на добра свирка/концерт, по можност на отворено. Ќе ѝ се допадне и доколку ја прошетате некаде во природа. Како воден знак, таа е „навлечена“ на нејзиниот елемент, па сака да биде во близина на реки, езера, песочни плажи итн. Без разлика каде ќе одлучите да ја однесете, обидете се да создадете визуелно стимулирачка атмосфера, во која таа ќе се почувствува како само вие двајца да постоите во светот и потрудете се да направите да ѝ биде удобно, за да ви тргне на добро муабетот.rnrn
rnrnРибите сакаат покрај себе да имаат некој кого можат да го сакаат, кој е едуциран и умее да направи добар муабет. Овие жени се зборлести и сакаат да сонуваат на големо. Поради овие особини, тие сакаат да бидат со некој кој ќе зборува отворено, смело и јасно и ќе умее да „сонува“ живописно. Додека разговарате со неа, чувствувајте слобода да бидете искрени и отворени со неа. Таа ќе сака да знае сѐ за вас. Ќе сака да ѝ раскажете за првата девојка која ви го скршила срцето, а можеби ќе ви отвори тема на муабет и за нејзиниот омилен омекнувач за алишта. Потрудете се да ѝ оставите впечаток дека вие сте цврст како карпа и дека доколку е со вас ќе се чувствува безбедно и емоционално стабилна.rnrnДоколку успеете да го стимулирате нејзиниот ум и го убедите нејзиното срце дека може да има доверба во вас, тогаш дефинитивно ќе можете да стимулирате и други „точки“ на нејзиното тело. Рибите водат љубов со целата своја душа. Во нормални услови, оваа жена не би имала секс со некој во кој не е вљубена. Таа внесува многу емоции во сексот, поради што овој чин го смета за интимно поврзување со партнерот на високо ниво. Таа сексот го доживува како врвна експресија на љубовта, која физички ја пресликува љубовната врска во која се наоѓа.rnrn
rnrnЗад затворени врати, таа е енергична и страсна. Нејзината сексуална природа е надворешно незабележителна, бидејќи е избалансирана со нејзината креативност. Неа може да ѝ се допаѓа играње сексуални улоги, а на моменти ќе ужива и доколку вие бидете доминантни. Исто така, може да ѝ се допаѓа и доколку сте по малку крут и покажете надмоќ над неа. Имајќи го ова на ум, доколку некоја вечер се најдете заедно под тушот и се забавувате додека ја бакнувате потпирајќи ја на ѕидот, бидете сигурни дека тоа е одличен потег од ваша страна.rnrnАко продолжите да го градите вашиот однос во оваа насока, нема да имате никаков проблем да ја задржите рибата покрај себе. Таа преферира дискретност наспроти директност и ќе ужива „читајќи“ го од вас, она што не ѝ го кажувате на глас. Доколку сте почнале од старт да ја заведувате со љубовни писма и пораки, правете го тоа одвреме-навреме и во подоцнежните фази од врската. Носете ја на некои убави места, кои ќе ѝ ја разбудат нејзината бујна фантазија. За неа, ситните убави гестови, имаат многу поголемо значење отколку скапите, материјални работи. Вашата љубов и поддршка, како и вашата способност да ја стабилизирате секогаш кога ќе се преоптовари со обврски, ќе ѝ значат повеќе и од најскапиот накит на светот.rnrn
rnrnНа романтична девојка со хороскопски знак риба, ѝ е потребно да ја пронајде својата сродна душа, повеќе од што било друго на светот. Таа сака да биде со некој кој ќе разбере колку длабоко таа се грижи за светот околу неа и некој кој ќе ја разбира нејзината страст за животот. Нејзиниот партнер, во некои сегменти всушност мора да наликува на неа: да биде нежен, грижлив, сентиментален и романтичен, но и доволно силен за да може да ја заштити и стабилизира. Можеби ќе морате да ја пронајдете вашата романтична страна (доколку не преовладува во вашиот карактер), за да ѝ го освоите срцето на оваа жена, но откако ќе ја запознаете подобро и ќе го увидите нејзиното широко срце и љубопитна природа, ќе сфатите дека сиот труд, и тоа како ви се исплател.rnrn
Машките риби се родени како романтични души, на кои им е потребна љубов и аутпут добиен како резултат на нивната креативност и фантазија. Тие живеат во свет на фантазии и го поминуваат целиот свој живот обидувајќи се да ги претворат нивните соништа во реалност. Идеална љубовна партнерка за нив би била некоја храбра и спиритуална личност. Тој сака неговата жена да биде сочувствена колку што е и самиот тој и да биде емотивно поцврста од него. Машката риба ќе очекува од својата подобра половина да го поддржува во сѐ што прави и да му помогне да ги оствари своите животни соништа. Тој копнее по пронаоѓање на своја сродна душа, со која ќе го споделува сето она коешто се случува во неговиот живот. Кога еднаш ќе ја пронајде таквата девојка, рибата ќе ѝ ја подари сета своја љубов и безусловна верност.rnrnЗа да му се приближите на срамежливиот маж со хороскопски знак риба, мора да бидете дружељубива и екстровертна личност. Најверојатно ќе морате да бидете таа која ќе го направи првиот чекор во вашиот однос. Ако имате романтична душа, тогаш многу ќе се забавувате додека ја заведувате вашата риба. Бидејќи тој е идеалист, романтичар и непредвидлив во своето однесување, состаноците со него ќе ви бидат интересни и вредни за паметење. Имајте на ум дека тој е многу емотивен и бурно ќе реагира ако му ги повредите чувствата. Поради тоа, треба да го негувате неговото срце, дарувајќи му ја вашата љубов и внимание. Во оној момент кога ќе го убедите дека треба да се чувствува удобно покрај вас, вашиот понатамошен однос ќе се развива „мазно“.
Вашите први состаноци треба да бидат во знакот на креативноста. Отидете во некое романтично бистро или посетете уметничка изложба. Одберете место кое знаете дека ќе ја разбуди неговата креативност. Каде и да решите да одите, потрудете се да го расположите и насмевнете. Рибите се најчесто опуштени, смирени и пасивни, но сепак ќе бидат импресионирани доколку некој успее да ги насмее. И покрај тоа што на рибите честопати им лета мислата во текот на разговорот, тие паралелно додека разговараат го читаат секој „збор“ кој говорот на вашето тело го кажува. Бидете сигурни дека го кажувате она што го мислите, бидејќи рибите можат подобро да ве прочитаат и од вашата сопствена мајка.rnrnРибите не се агресивни по природа. Можеби вие бевте први во заведовте за да ве забележи, но најверојатно ќе треба да го сторите истото за да ја одведете вашата врска во следната фаза. Искористете ја неговата романтична страна. Како што односот помеѓу вас ќе прогресира, предложете му вечера во комбинација со филм, во вашиот дом. Вашиот кауч е како создаден за гушкање? Одберете добра романтична комедија и меко ќебенце и галете се со него после вашата вечера. Чисто за опомена, галењето може да не биде единствената работа која ќе ја правите на каучот.
Сексот со рибите е истовремено едно убаво емотивно и физичко искуство. Тие се големи заводници во кревет. Доколку се опуштите и се внесете во него, сексот со овој маж ќе ви претставува и спиритуално искуство. Рибите се одлични партнери за секс, кои најчесто уживаат и во играњето сексуални улоги. Дајте му некаква улога во која негова задача ќе биде да ве освои и дозволете му целосно да навлезе во својот карактер. Нему ќе му се допадне оваа игра, бидејќи таа ќе му овозможи да си создаде нов свет на фантазија, а веќе ви кажавме колку тој ужива во овој свет. Машките претставници на знакот риби, сакаат да почувствуваат малку ризик и да ја одведат својата партнерка на непланирани и неочекувани локации. Оние девојки кои сакаат сексуалниот живот да им биде позачинет, ќе уживаат во оваа особеност на рибите.rnrnРибите се најголемите романтичари од сите хороскопски знаци. Тој е како Ромео кој ја чека својата Јулија. Овој човек сака да ја пронајде својата сродна душа повеќе од кој било друг хороскопски знак. Машките риби се нежни, грижливи, сентиментални и романтични. Во однос на неговата љубовна партнерка, тој е несебичен и дури има тенденција да ги става нејзините потреби, пред своите. Никогаш не треба да се сомневате во неговата лојалност, преданост и верност. Овој маж ќе го задржите покрај себе, така што ќе ја одржувате романтиката помеѓу вас. Оставајте му симпатични љубовни белешки и картички на неговиот кревет. Испратете му љубовни СМС пораки или одведете го на романтичен пикник со свеќи. Никогаш нема да го погрешите доколку го однесете го на викенд надвор од градот на некое необично и атрактивно место, на кое ќе поминете квалитетно време заедно. За него, секој момент поминат со љубената, е бесценет.
Рибите се најемотивни од сите хороскопски знаци. Тие живеат буквално во два паралелни светови: реален и илузорен. Нивните емоции варираат во зависност од она што го гледаат пред себе и она кое сакаат да го видат во својот свет на фантазии, што пак од своја страна, влијае врз начинот на кој се однесуваат во реалниот свет. Тие сонуваат на големо и работат напорно за да ги претворат нивните соништа во реалност. Нивните чувства се движат од една кон друга крајност. И доброто и лошото расположение тие го изразуваат на интензивен начин. Поради нивната моќ на интуиција, рибите имаат јака способност за читање на говорот на телото и веднаш можат да ги проценат вашите намери. Нему му е потребна партнерка која ќе биде лидер во врската и која ќе умее на суптилен начин да го држи под контрола. Неговата девојка/сопруга треба да му помага да остане „трезен“ и фокусиран на своите планови и цели, за да може да ги претвори соништата во реалност.
Искрено кажано, машките риби се опуштени луѓе по природа, но тоа не значи дека тие се лесен „плен“ во ниедна смисла на зборот. Кога тие нешто сакаат и веруваат во тоа, ништо на светот не може да ги спречи и никој не може да ги убеди во спротивното. Тој размислува со своето срце, кое му е исполнето со ентузијазам и страст. Сите негови соништа, пријатели, членови на семејството и неговиот партнер, ќе станат дел од хармонијата за која тој се бори. Со сета негова жестина и емоции, овој маж е лесно да го манипулирате (а многу и ќе го прават тоа), но вие нема да чувствувате потреба од тоа. Нему му е потребен партнер кој ќе се грижи за него и ќе биде полн со разбирање и оптимизам. Доколку ги исполнувате овие критериуми, тој ќе ви ја возврати љубовта десетоструко. Со него, ќе имате една навистина пријатна љубовна врска, исполнета со возбуда и специфична вид на романтика.rnrn
















Ако овие дизајни ве инспирираа како да си направите своја оригинална насловна слика, слободно споделете ја со нас.rnrn
rnrnНеа не ѝ е грижа дали ќе ја поддржувате во она што го прави, ниту пак ќе ужива доколку ѝ доделувате разни комплименти. Таа е безгрижна девојка на која не ѝ е гајле што другите луѓе мислат за неа, а уште помалку ѝ е гајле дали начинот на кој се однесува вади некого од такт. Таа смета дека треба да ја поседува слободата да го живее животот кој избрала да го живее, а истата слобода им ја овозможува и на луѓето во нејзиниот живот. Верува дека секој човек треба да прави што сака, сѐ додека со своите постапки не повредува некој друг. Нејзиниот отворен ум, ѝ овозможува да гледа пошироко на светот околу себе, па поради тоа е и многу добродушна личност, која ги разбира чувствата на другите луѓе. Нејзината хумана страна ја тера отворено и страсно да ги покажува и сопствените емоции.rnrnКога ќе ѝ пристапите на некоја водолија, одберете да го направите тоа на некој неконвенционален начин. Размислувајте покреативно и дефинитивно избегнувајте го очигледниот начин на флертување, бидејќи така сигурно нема да го привлечете нејзиното внимание. Употребете ја вашата смисла за хумор, за да ѝ се допаднете на оваа ексцентрична девојка. Доколку успеете да измамите насмевка на нејзиното лице или ако забележите дека клима со главата додека ѝ зборувате, тоа е знак дека сте на вистинскиот пат кон освојување на нејзиното срце. Ако успеете да ја однесете на прв состанок, големи се шансите дека таа е заинтересирана за вас. Ниедно место и ниедна локација не е премногу радикална за водолиите. Нејзиниот бунтовнички дух посакува да види нешто кое никогаш не го видела до сега, ниту чула за него, а кое може да биде и малку непристојно.rnrn
rnrnЖенските водолии сакаат да прават нешта кои ги стимулираат сите нивни сетила. Таа сака да го чувствува животот со секој дел од нејзиното тело, да ја види секоја боја во спектарот, да ги вкуси сите вкусови кои постојат и да ги помириса сите мириси. Сака да експериментира со сѐ што е ново или несекојдневно. За вашиот прв состанок можете да ја однесете на некоја интересна уметничка изложба, на концерт или во некој ресторан во кој служат арапска, кинеска, мексиканска храна… Воопшто не е важно дали вие разбирате кое е значењето на уметничките дела на изложбата или дали веќе сте ја пробале арапската кујна. Важно е дека сакате да искусите нешто заедно со вашата водолија и дека го живеете животот со страст и желба за стекнување нови искуства. Искусете нешто ново заедно и таа ќе биде фасцинирана од вас и ќе сака да поминете повеќе време заедно.rnrnКомуникацијата на воздушните знаци, меѓу кои спаѓа и водолијата, им е многу важна работа во животот. Таа е многу интелигентна и честопати е заинтересирана за многу различни теми од животот. Умее да поврзе неколку навидум неповрзани работи, во една уникатно логична целина. Таа сака да биде со некој кој ќе ја прифати онаква каква што е и ќе ѝ дозволи да си остане своја. Потрудете се да направите да се чувствува удобно, без разлика што не знаете што ѝ се врти низ мозокот.rnrn
rnrnЕкспериментирањето, возбудата и авантурите се составен дел од секој аспект од животот на една водолија. Ова се однесува и на „оние“ работи кои се случуваат зад затворени врати. Спремна е да ги испроба сите секс-трикови, а вие подобро да бидете подготвени за една незаборавна авантура под чаршафите. Таа е љубовница која искрено покажува што сака од сексот и не се оптоварува дали нешто се смета за нормална сексуална активност или не. Доколку двајцата се чувствувате убаво додека ја правите, тогаш зошто би си го скратиле тоа задоволство? Нејзината страст и разбирање, во комбинација со желбата за експериментирање и пронаоѓање нови извори на енергија, ја прават водолијата возбудлива љубовница. Пред да скокнете в кревет со неа, убаво протегнете се – еластичноста на телото ќе ви биде неопходна.rnrnЖенските водолии знаат да бидат многу непостојани и контрадикторни. Можеби денес ќе ви вели дека некоја работа е супер и ужива да ја прави, а веќе утредента нештата ќе се променат и истото тоа нема воопшто да ѝ се допаѓа. Поради оваа нејзина карактеристика, вие ќе треба да бидете некој вид „читач на мисли“, за да сфатите што навистина мисли во моментот. Не грижете се, ќе дознаете како се чувствува, бидејќи нема да ви треба многу време да ја дешифрирате. Нејзината непредвидлива природа е воедно и виновникот поради кој водолијата е тешка за „врзување“ во љубовна врска или во брак. Тоа е резултат на нејзината силна желба за независност и чувство на слобода. Сѐ додека успешно ја играте улогата на пасивен играч, ќе го одведете вашиот однос со водолијата во оној правец во кој сакате да се движи.rnrnКлучот за да ја задржите водолијата покрај себе, е да се осигурите дека таа нема да се чувствува задушено во врската со вас. Треба да ја охрабрите да продолжи да си го истражува животот на свој начин, а не да ја оковате со синџири покрај себе. Немојте ни да помислувате да се обидувате да промените нешто кај неа, бидејќи веднаш штом го забележи тоа, инстантно ќе ве остави. Таа сака да биде со некој кој е независен и размислува на несекојдневен начин. Доколку сте сѐ од горенаведеново и плус ако немате премногу емоционални побарувања од неа, тогаш вие совршено ќе си одговарате. Најмногу од сѐ, таа сака љубовник кој може да го смета и за најдобар пријател, со кој ќе се чувствува слободно да зборува отворено на секоја тема.rnrn
rnrnТаа е прекрасна жена, не само однадвор, туку убави се и нејзиниот ум и душа. После само еден разговор со неа, ќе сфатите дека е многу неодолива девојка. Има големо срце, непресушна имагинација и желби во неограничени количини. Со неа ќе добиете сѐ или ништо. Па доколку ви дала шанса да ја запознаете, искористете ја приликата да станете дел од нејзините авантури, да научите нешто ново и да запознаете некој неоткриен дел од себеси. Никогаш повеќе нема да бидете истиот маж, после искуството кое ќе го доживеете со девојка со хороскопски знак водолија. Таа ќе ве промени на подобро.rnrnПрочитајте го и 
rnrnПонекогаш водолиите се на своја сопствена бранова должина, која на другите им е тешко да ја уловат. Неограничениот начин на размислување, исклучен од секакви бариери, е дифолт карактерна особина кај водолиите. Тој сака да ги истражи сите скриени можности кои реалноста му ги нуди. Потенцијалните партнери на водолијата може да го изгубат трпението уште пред да почнат врска со него или пак да се чувствуваат дека не можат да го разберат неговиот интелектуален начин на размислување. Доколку навистина ви значи некоја водолија, токму ова треба да го искористите во ваша полза. Кога ќе ја разберете неговата перцепција, ќе ја разберете и неговата брилијантност и уникатна привлечност.rnrnМорате да сфатите дека водолијата припаѓа во категоријата воздушни знаци, а тоа значи дека овој маж е самостоен, независен и има слободен дух. Тој ја обожава сопствената слобода од која никогаш нема да му биде доволно. Тој сака да го истражува животот, да открива нови омилени хобија, нови интереси, нови пријателства… Но, само затоа што тој се чувствува слободен како птица, не значи дека е тешко да го освоите неговото срце. Тој е екстровертен и сака да се социјализира. Него не му пречи да биде помеѓу луѓе, да се дружи и да разговара со 15 души кои седат околу него на масата, но верувајте, доколку му се допаѓате, многу добро ќе ве забележи и вам и вие ќе го знаете тоа. Да, можеби на почетокот ќе ви биде малку тешко да го привлечете неговото внимание кон вас и да го заведете, но ако бидете потрпеливи и се потрудите повеќе, тој ќе биде ваш. Потребно е да бидете духовита, итра и по малку мистериозна за да го освоите неговото срце.rnrn
rnrnЗа да ја заведете вашата водолија, треба пред него да изгледате релаксирано и рамнодушно. Доколку сте наметливи и нападни со водолија, сами ќе го испровоцирате крајот на вашата врска. Ако прерано ги сфати вашите намери, никогаш нема да завршите во неговите прегратки. Овој маж гради униформни ставови во врска со секој аспект од неговиот живот, вклучително и со љубовниот, а размислувањето е она што тој умее да го прави најдобро.rnrnПрво што треба да се потрудите, е да станете негов пријател. Бидете пријателката која се истакнува помеѓу останатите. Бидете онаа која вистински ги слуша неговите креативни мисли и онаа која верува во реализацијата на неговата следна идеја. Дружете се со него и заинтригирајте го со нови и интересни идеи. Одведете го на места на кои никогаш не сте биле претходно или доколку ви кажал нешто кое отсекогаш сакал да го направи, а никогаш не успеал, помогнете му да си го оствари сонот. Што и да правите со него, не заборавајте дека треба да останете природна онаква каква што сте. За него размислувањето е исто толку едноставно како што за останатите луѓе е дишењето. Тој ќе „ѕирне“ во вашиот мозок и ќе забележи веднаш доколку правите нешто само за да го задоволите него. Глумење нешто што не сте и очигледното наметнување, се особини со кои веднаш ќе го избркате, доколку тој ги забележи.rnrn
rnrnКога ќе искусите нешто ново во животот, не плашете се да го споделите тоа искуство со него. Тој ќе сака да слушне сѐ од збор до збор. Водолиите обожаваат да муабетат и би дискутирале на секоја тема. Сериозно, со нив можете да зборувате за сѐ. Ниедна тема за претставниците на овој знак не е премногу табу или премногу болна. Ќе ве ценат уште повеќе доколку и вие се чувствувате слободни да разговарате со него за што било. Без разлика дали дискутирате за нешто убаво или неубаво, тој ќе има свој став во врска со темата, па и да не се согласува со вас, брзо ќе се согласи дека едноставно имате различно гледиште. Доколку му станете блиска пријателка, некоја која ќе игра значајна улога во неговиот живот, тој ќе сака да ги познава вашите ставови и размислувања и ќе сака да ве запознае што е можно повеќе. Колку повеќе успеете да му го покажете вашиот интелект и колку почесто разговарате, толку повеќе ќе ве смета за привлечна девојка.rnrnВо кој степен ќе ве смета за привлечна девојка, ќе зависи од тоа колку се поклопувате на интелектуален план. Бидејќи водолијата постојано се потпира на својот интелект и логика, овој маж честопати е многу непредвидлив. Тој е флертувач по природа, така што најверојатно ќе ви биде тешко да констатирате дали навистина му се допаѓате како потенцијален партнер или само како другарка. Доколку му се допаѓате како девојка, нему нема да му претставува никаков проблем да ви ги покаже неговите чувства. Тој можеби ќе го иницира вашиот прв бакнеж или пак ќе ви каже дека сака да ве бакне. Тој сака работите во врската да се одвиваат по својот природен тек, па доколку физичката привлечност помеѓу вас двајца е очигледна, тој ќе сака уште на првиот состанок да биде интимен со вас. Сексот со машката водолија е ист како и самиот тој, непредвидлив и ослободувачки.rnrn
rnrnСексуалниот однос со него треба да биде забавен и ведар. Нема потреба за излив на некои емоции кои може да се појават во текот на сексот. За него односот претставува активност во која и двајцата ќе уживате најмногу што можете и ќе дадете сѐ од себе да си ги задоволите вашите индивидуални сексуални апетити. Тој е самоуверен во врска со својата сексуалност и можеби ќе сака да експериментира со вас во спалната соба, па може ќе изрази желба да го зачини чинот со играње улоги или да проба различни секс-пози. За него поентата во сексот е да ужива и да направи и вие да уживате. Тој сака и вие да се чувствувате исто.rnrnИ покрај тоа што вашата врска се одвива во добра насока и сексот е најдобар во свет, постои веројатност дека ќе сакате да добиете повеќе од него. Работата е дека вашата водолија е најверојатно среќна со она што го има со вас во моментов. За него, пронаоѓањето партнер со кој може да биде пријател кој сексуално го задоволува и интелектуално го стимулира, е сѐ што може да посака на љубовен план. Да биде дел од романтично пријателство е сѐ што можеби ќе може да ви понуди извесен период. Бракот е многу чувствителна категорија, а тој не е чувствителен сам по себе. Некој ден во иднина, ако сфати дека е подготвен да го помине остатокот од животот со вас, ќе ве побара за жена.rnrnПоминувањето време со овој маж, ќе ви биде пријатно исто како вдишувањето свеж планински воздух. Неговата креативност и имагинација се опојни. Неговиот уникатен поглед кон сите нешта во животот, е интригантен и стимулативен. Со него ќе се чувствувате пожива од кога било и вклопена во светот околу вас. Никогаш нема да помислите дека губите контрола врз вашиот живот. Напротив, ќе сметате дека сѐ повеќе растете интелектуално и станувате поквалитетна личност, со секој момент кој го поминувате со него. Сѐ што ќе правите со овој човек, ќе ви претставува ново искуство во животот. Уникатноста на вашите љубовни состаноци ќе се одржи и доколку врската стане сериозна, сѐ додека го следите неговиот чекор кон непознат правец. Тој ќе ви дозволи да си бидете своја и ќе ве задржи покрај себе, доколку и вие го направите истото за него.rnrn


rnrn„Самоконтрола“ е многу соодветен збор за опис на карактерот на женските јарци. Контролирајќи ги своите емоции, претставничките на овој знак делуваат како да се во секој момент стопроцентно смирени, спокојни и присебни. Ним им е потребна таа самоконтрола бидејќи под површината се тотално спротивни. Оваа ледена кралица e во суштина една многу нежна и топла жена, која не чувствува потреба да им го покаже тоа свое лице на луѓето, освен ако нема проклето добра причина за тоа. Нејзините стандарди се навистина високи, па наместо да верувате дека таа ќе „падне“ на вашиот шарм, треба навистина да се потрудите да го освоите нејзиното срце, за таа да ви дозволи да јa видите нејзината внатрешност.rnrnРеално, може попрво да изгубите верба дека нешто сериозно ќе се случи со оваа девојка, отколку да стигнете до некој повисок стадиум на освојување на нејзиното срце. Во некои моменти може да се чувствувате како обидот да ја освоите оваа девојка тотално да ви ја исцрпел енергијата. На почетокот, може и да не ве прима подалеку од куќниот праг ни како пријател кој ѝ дошол на кафе. Оваа жена го има сето трпение на светот и не се плаши да го употреби. Таа најверојатно си мисли дека не ѝ е потребен партнер, сè додека некој доволно упорен, не ја убеди во спротивното. Тајната е да бидете доволно мил, за да успеете да го стопите нејзиниот леден ѕид.rnrn
rnrnБез разлика што претставничките на овој знак честопати се окарактеризирани како силни и бестрашни жени, сепак ним потајно им се допаѓа кога партнерот е тој кој презема одреден дел од контролата. Работата нема да заврши на арно, доколку веднаш почнете да ја заведувате и шармирате. Нема да ви прости ниту ако направите грешка. Бавно но сигурно, е вистинското темпо со кое треба да се движите за да ѝ го затреперите нејзиното срце. За јарците, најдобри љубовни врски се оние чиј прогрес се движел по природен пат. Спријателете се со неа, покажете ѝ ја вашата поддршка и држете си го изливот на страст на минимум. Почетните разговори треба да ви бидат весели, површни и од општ карактер. Приближувајте ѝ се онолку колку што таа ви дозволува и за кратко време ќе се видите себеси, како седите со оваа девојка во некој интимен ресторан на романтична вечера.rnrn
rnrnПриватноста е уште една битна потреба на оваа жена. Пренагласеното покажување внимание на јавно место, озборувањата и мешањето на вашите родители во сите детали од вашата врска, се работи за кои нема простор во нејзиниот живот. Таа ја вреднува сопствената интима и сака да го сочува нејзиниот приватен живот зад затворени врати. Никој освен вие двајца, не треба да ги знае деталите за вашата врска. Со тек на време, како што ќе се проширува нејзината комфорна зона, таа можеби ќе ви дозволи да се однесувате поопуштено со неа на јавни места. Во секој случај, не терајте ја ништо да прави со сила, туку одете со неа дотаму до каде што таа ќе се чувствува удобно.rnrnДвижејќи ја врската пополека, вие станувате дел од нејзиниот живот. Ако сте доволно трпеливи и внимателно го следите нејзиниот начин на функционирање, од неа ќе добиете онолку љубов, колку што и самите сте ѝ дале. Со тек на време, таа би требало да се чувствува комотно со вас и би била доволно сигурна за да ве пушти под нејзиниот оклоп. Почнете да обрнувате внимание кога таа прави ситни работи за вас како да е ваш личен асистент. Тоа е нејзиниот начин да ви покаже дека се интересира за вас и за она што го правите и дека сака да ја искачи врската на повисоко ниво.rnrn
rnrnЖенските јарци секогаш нешто планираат и калкулираат. Чим еднаш таа почне да прави ситни работи за вас, најверојатно бара начин како да ве заведе. До овој момент вие од неа сте добиле доза на топлина, па сега сакате уште. Пријдете ѝ на половина пат со поголема доза на самодоверба. Срамежливо и искрено флертување, ќе ве одведе до патот кон кој сте тргнале. Бидете креативни…rnrnСамо поради тоа што таа можеби ќе бара начин да ве заведе, не значи дека вие сте слободен и можете да уживате. Имајте на ум дека сè до потврдувањето на вашиот официјален статус, вие може да бидете фрлени како монета од два денари. Ќе забележите кога таа ќе се чувствува сигурно со вас и кога ќе ви верува. Иако можеби нема да ви се чини дека небото е розово и дека ангелите ви пеат, сепак ќе ја чувствувате промената во вашата врска. Кога ќе ви се укаже шанса да погледнете во минатото, ќе го увидите природниот тек и прогресот на врската.rnrnЕдна од многуте придобивки од врската со жена јарец е нивната најголема тајна. Сета нивна сериозност и смирена надворешност, исчезнува кога ќе се заклучи вратата од спалната соба. Женските јарци се толку сексуални, што и самата помисла на секс може страшно да ги возбуди. Тие се големи авантуристки во кревет. Ги обожаваат чувствата и емоциите кои доаѓаат од страсниот и интимен секс. Ќе имате големи придобивки од нивното обожување на сексот.rnrn
rnrnЖените јарци чувствуваат потреба да ја рекламираат нивната вредност. Тие знаат дека вредат повеќе од сите работи кои се трудат да ги поседуваат. Развојот на нејзините приватни односи со луѓето, ги доживува како нејзина награда за вложувањата во професионалниот живот. Тие се исто толку посветени во приватниот живот колку што се во професионалниот живот, обидувајќи се двата да бидат најдобри што можат. Не се откажувајте од нејзе. Можеби ќе ѝ треба време, но штом ќе ви се посвети, наградата е бесценета.rnrn
rnrnСета таа негова сериозна појава, може да го направи јарецот тежок маж за освојување од страна на жените. Ако сакате да го привлечете неговото внимание, мора да му пристапите на ист начин како што тој му пристапува на животот: самоуверено, внимателно и непоколебливо. Јарците се многу приватни личности, на кои изгледа како животот да им е прераспределен на неколку оддели. Тоа значи дека умот му мисли на бизнис додека е на работа, а кога е дома мисли на своето семејство.rnrnНема потреба пред јавноста да демонстрирате колку внимание му покажувате или да правите некои огромни гестови. Вашиот однос со него треба да биде дискретен и вообичаен. Дискрецијата и претпазливоста му помага на јарецот да се чувствува удобно и заштитено во врската со вас. Него му е многу важен угледот кој го има во јавноста и очајно сака да ги заштити своите емоции. Јарците имаат голем проблем со довербата во другите луѓе, но ако успеете му го дадете она што го сака и тој ги сподели неговите чувства со вас, тогаш вие сте на вистинскиот пат кон освојување на неговото срце.rnrnПокажете му дека вие поседувате јака психичка и емотивна состојба. Тој нема да ве пушти подалеку од прагот на од неговата куќа, доколку вие не му покажете дека сте на исто рамниште со него. Кога ќе флертувате со него, бидете сигурни дека само вие двајца го слушате муабетот. Придобивањето на вашиот јарец зад затворени врати е најсигурниот начин да направите тој да се чувствува удобно покрај вас и да биде поотворен со вас. Кога ќе дојде време да го повикате да излезете некаде насамо, тргнете го настрана и самоуверено и решително повикајте го на состанок. Немојте да се изненадите доколку тој изгледа запрепастен од вашиот чекор. Имајте предвид дека тој е едно многу работливо човече, кое во најголемиот дел од денот мисли на својата работа, па најверојатно не му ни паднало на памет дека ви се допаѓа.rnrn
rnrnКога веќе еднаш ќе ја прифати вашата покана за романтичен состанок, тој треба да се одвива на некое префинето место кое нуди голема приватност, по можност малку оддалечено од вашето место на живеење. Тој сака да види дека и вие имате свои желби и животни амбиции. Сака да чуе дека сакате да си обезбедите добар живот и стабилна иднина. На состанокот, нема да му пречи доколку зборувате за вашите професионални планови во иднина. Доколку имате некоја заедничка цел во животот, пошегувајте се дека кога би работеле заедно на таа цел, би ја реализирале на одличен начин. Немојте да претерувате со муабети во насока колку вие двајца си одговарате како иден пар, но неколку суптилни реченици со кои покажувате дека се наоѓате на иста бранова должина се доволни за почеток.rnrnЈарците повеќе ќе се трудат да сфатат каква личност вистински се крие под вашиот физички изглед и нема да се потпира на тоа како се однесувате во јавност. Затоа со него, настојувате да останете природна. Повремено можете да го допрете „случајно“ по рака, но имајте на ум дека многу побрзо ќе го освоите доколку тој види искрена насмевка во вашите очи.rnrn
rnrnТој сака партнер кој може да ги држи работите под контрола, исто како што може и тој. Сака неговата девојка да биде урамнотежена личност со високо достоинство. Доколку не можете да намалите со алкохолот или пак да си го исконтролирате бесот, јарецот можеби и не е правиот човек за вас. Ако ништо друго, неговата конзервативна природа и смислата за традиционалните вредности можеби ќе ви одат на нерви.rnrnНемојте да бидете изненадени доколку добиете бакнеж во чело за добра ноќ на вашиот прв состанок или пак на петтиот. Немојте да се чудите доколку ви претставува тешкотија да го намамите во кревет. Кога станува збор за нивните чувства, тие се чувствуваат како да го имаат целото време на светот за да градат врска базирана на доверба и почит. Во меѓувреме вие ќе имате прекрасни романтични состаноци со човек на кој му е потребно време за да го стори тоа како што треба.rnrn
rnrnИако ќе биде потребно подолго време за да стигнете до тоа, сексот со јарец нема да биде ни малку каков што сте го замислувале. Сериозноста и амбициозноста си го прават своето. Во приватноста тој е неверојатно романтичен и авантуристички настроен љубовник. Тој во кревет сака да си игра и е посветен на мисијата да ви приреди незаборавно искуство. Има свои фантазии и нема да му биде страв да ги сподели со вас. Еден ден можеби ќе ве изненади повикувајќи ве на ручек кај него во канцеларија, но наместо ручек, ќе предложи нешто сосема друго.rnrnСепак запомнете, за да се опушти во кревет и за да се чувствува целосно слободно, ќе му биде потребно подолго време. Но кога тоа ќе се случи, ќе сфатите дека чекањето се исплатело. Ако почувствувате дека јарецот се чувствува удобно покрај вас, подобро зграбете го силно и не испуштајте го од вид ни за миг. Целата таа посветеност кон работата и професионалниот живот, сега ќе биде свртена кон вас. Можеби ќе ви се чини дека нештата се смениле преку ноќ, но сепак верувајте, повеќе ќе ви се допадне втората верзија од вашиот јарец.rnrn
rnrnЕднаш штом го зачувате јарецот за себе, тој секогаш ќе биде со вас. Јарците се мажи за кои штом еднаш се посветат, немате потреба понатаму да се грижите. Тој секогаш ќе биде првиот кој ќе сака да најде решение на каков било ваш проблем. Како и се друго во неговиот живот, доколку вие сте желни да се потрудите и тој ќе го стори истото. Продолжете со поддршката и покажете му дека ќе бидете покрај него, помагајќи му да ги исполни своите соништа и тој ќе го стори истото за вас. Двајцата ќе имате живот исполнет со соништа во кои ќе уживате.rnrn
rnrnКако и останатите огнени знаци, таа сака да апсорбира што е можно повеќе убавини од животот. Колку повеќе учи нови работи и доживува нови искуства, толку посреќна се чувствува. Нејзиниот идеализам и филозофска природа ѝ овозможуваат да размислува пошироко и рационално. Нејзината љубопитност ѝ создава постојана жед за нова возбуда, ново патување, нова авантура. Доколку сакате да ја освоите, треба да се упатите кон правецот во кој таа веќе е тргната.rnrnОвие жени се многу директни, брутално искрени и не размислуваат два пати пред да го кажат она што го мислат. Тие може и да не чекаат потег од ваша страна, туку самоиницијативно да ве поканат на состанок. Ако гледате дека е зазборена со другарките и не ве погледнува, тоа може да е знак дека сè уште ве нема забележано. Ако тоа е случај, ќе морате да се потрудите да ве забележи. Бидете оној кој е во центарот на вниманието, но не го правете тоа наметливо, туку суптилно и со стил. Кога ќе констатирате дека ве забележала и сè уште е зафатена разговарајќи со пријателите, тогаш почекајте до оној момент кога ќе мислите дека можете да ја прекинете или да ја начекате на само. Подајте ѝ парче хартија со вашето име и број, насмевнете ѝ се и заминете си.rnrn
rnrnИ машките и женските претставници на знакот Стрелец сакаат да го „ловат“ оној кој успеал да им го привлече вниманието, но уште повеќе им се допаѓа кога ќе успеат да го фатат „пленот.“ И покрај тоа што играњето мачка и глушец е најчесто многу интересно и може да создаде моќна сексуална тензија помеѓу играчите, ако трае премногу долго, Стрелецот ќе се сврти и ќе си замине. Таа ја обожава играта, но неколку партии „топло-ладно“ се премногу за неа. Многу е позабавна фактичката интеракција со неа, отколку задевањето и играњето играчки. Затоа, не глумете недостижен премногу долго, зашто потоа може да биде доцна.rnrnНа состанокот, појавете се убаво дотеран и бидете стратегиски играч. Оваа „жешка“ жена сака покрај себе да има партнер, кој ќе ја засмејува и ќе ја забавува. Ќе бидете изненаден колку жена родена во знакот Стрелец може многу лесно да ја освои некој кој ќе успее да ја насмее, наместо оние типови дрски мажи, по кои повеќето жени кубат коси. Додека се обидувате да ја разведрите, дозволете ѝ да зборува. Колку повеќе ја забележува вашата интелигенција и духовитост, толку повеќе ќе сака да ве задржи покрај себе. Во неколку реченици, дајте ѝ до знаење дека многу сакате да патувате и да посетувате разни типови места и таа ќе почне да размислува за начини, како да дојде таму со вас.rnrn
rnrnЖенските Стрелци се топли, авантуристички и ентузијастички настроени девојки, кои ја ценат нивната независност и слобода. Овие карактеристики морате да ги знаете во врска со девојкава, бидејќи што и да направите, нема да можете да ги промените. Мажот со кој таа ќе реши да остане долго време, е оној кој ќе ѝ остави простор да дише, но и причина да ги „засади“ нејзините корени. Излегувајте со неа, покажете ѝ места кои ви се допаѓаат и на кои никогаш не сте биле. Кога ќе почне да ги споделува сите нејзини интереси и авантури со вас, тогаш ќе дознаете дека сте на добар пат кон освојување на нејзиното срце.rnrnЗадржувањето на Стрелецот е најтешкиот дел од вашата задача. Таа е спонтана, забавна и голем авантурист. Дадете ѝ растојание и вашиот живот со неа, ќе стане исто така многу забавен. Дозволете ѝ да излегува или да работи некои задачи сама, без ваша помош, а потоа охрабрете ја да го сподели со вас нејзиното искуство. Ако имате отворен ум и широко срце, таа секогаш ќе се навраќа кон вас. Ако еднаш успеете да допрете до нејзината душа, та ќе ви ја покаже нејзината сензуална и страсна страна. Кога ќе стигнете дотаму, е тогаш започнува вистинската забава со Стрелецот.rnrnСтрелците се најчесто спортски типови луѓе. Сексот е еден од нивните омилени спортови и тие се одлични во него. Сексот со неа, претставува рефлексија на нејзината природа: спонтана, дарежлива и жешка. Таа е директна во секој аспект од нејзиниот живот и ќе ви каже што ѝ се допаѓа, а што не, дури и во текот на сексуалниот однос. Ќе ви каже кога ќе сака да проба нешто ново, а кога да ѝ го правите она кое најдобро знаете да го правите. Бидете подготвени да ги спуштите пантолоните во секое време и секаде! Истото важи и за другите аспекти од вашата љубовна врска: секое ваше задоволство ќе се обиде да ви го овозможи во големи количини.rnrn
rnrnЗа жал, и покрај тоа што таа е многу страсна и дарежлива жена, некои мажи ги злоупотребуваат овие нејзини убави особини и го уништуваат нејзиниот ентузијазам. Ако сте ваков тип маж, неа повеќе мерак ќе ѝ биде да ве гледа додека паѓате од карпа, отколку да се појавите на нејзиниот куќен праг. Стрелците се „диви“ луѓе кои се борат за нивната слобода по секоја цена. За нив слободата е подеднакво потребна за животот како што е дишењето. Ако не можете да поднесете да бидете со жена која има цврст карактер и идеалистички размислувања, тогаш заштедете си време и фрустрации обидувајќи се да ја освоите. Таа не сака и нема да ви дозволи да ја контролирате и дресирате.rnrnНајсериозно, нема да сакате да бидете во близина на жена Стрелец со убиен ентузијазам. Таа ќе биде едно безживотно, досадно и неинтересно друштво. Животот е премногу краток за да живеете живот без енергија и возбуда. Доколку ѝ ја допуштите потребната слобода на вашата девојка со хороскопски знак Стрелец, таа за возврат ќе внесе ентузијазам и страст во вашиот живот и ќе ве одведе онаму, каде што повеќето се плашат да згазнат. Таа ќе направи со нетрпение да го очекувате секој нов ден. Ќе ве научи да сонувате големи соништа, да љубите подлабоко и да станете подобра личност.rnrn