Физиогномијата е наука што ги открива карактеристиките на луѓето врз основа на нивниот физички изглед. Нејзината употреба за прв пат се забележува во записите на Аристотел, кој верувал дека секој човек поседува карактеристики на одредени животни на кои тој наликува. Денес физиогномијата се користи во многу области, меѓу кои и откривањето на подетални карактеристики за човекот со надворешна анализа. Па, ако сакате да дознаете нешто повеќе за себе или да научите како подобро да ги разоткривате вистинските „лица“ на луѓето околу вас, тогаш пробајте да анализирате преку овие правила…rnrn
rn
1 Конкавен профил – долната вилица е исфрлена нанапред, челото е истакнато
rnОвие личности се бавни во делувањето, размислувањето и говорењето, но имаат неверојатна издржливост. Тие се заинтересирани за теории и медитации, обожаваат да го истражуваат умот и филозофираат на сите теми. Тие се благи, со умерена енергија, трпеливи, лојални и доверливи. Најчесто се мирни, со добра природа, милосливи, понекогаш дури и непрактични. Знаат и да се скараат, но најчесто се воздржуваат, па затоа и на многумина им делуваат депресивно и уморно. Ништо не забораваат, па затоа и понекогаш се вистински злопамтила.rn
2. Рамен профил – вертикално лице
rnОвие луѓе најчесто си поставуваат премногу големи цели. Тие се мирни и работливи личности, а упорноста понекогаш ги прави и по малку тврдоглави. Зборот неуспех не постои во нивниот речник, па затоа и никогаш не би ви го признале. Тие по природа се љубопитни, па постојано трагаат по смислата и суштината на животот. Логични, рационални, ладнокрвни и директни – кога овие личности ќе почнат нешто, тие го спроведуваат до крај, без разлика на жртвите и последиците по пат.rn
3. Конвексен профил – горната вилица е исфрлена нанапред, брадата е вовлечена
rnОвие личности се познати по брзото размислување и делување, како и по својата практичност. Тие се одлични набљудувачи, па ниту еден детаљ не може да им избега од вид и се многу вешти говорници. Енергични, нетрпеливи, импулсивни со кратка издржливост, брзи, способни, практични и добри работници – како што можете да видите по овие карактеристики, тие се големи ентузијасти и со голем елан ѝ пристапуваат на секоја работа. Веруваат во успех. Од друга страна пак, сакаат и да се грижат за другите, полни се со љубов и поддршка и обожаваат да стекнуваат нови искуства.rnrnДознајте и на кој начин формата на вашето лице кажува многу за вашиот карактер…

rnrnСопствениците на мачки не се секогаш пресликани во своите миленици, туку често можат да бидат со потполно спротивни особини.rnrnЛичностите кои како миленик чуваат мачка, без разлика на полот, немаат многу слободно време и не сакаат да бидат целосно безгрижни и мрзеливи, дури и кога времето им го дозволува тоа. Сопствениците на мачки и не се баш претерано уредни. Всушност, кога чувате мачка во својот дом, после некое време ќе стане невозможно да го одржувате беспрекорен. Односно, наскоро ќе се помирите со фактот дека подот мора секогаш да биде полн со нејзините играчки, но и влакна.rnrn
rnrnСепак, овие личности се многу вредни, а може да се каже и дека се малку мазохистични. Честопати се нервозни, но добро работат под притисок. Тие едноставно не можат да се опуштат кога се не одмор или на излегување, бидејќи постојано мислат на обврските кои ги чекаат…rnrnСопствениците на мачки многу го ценат туѓото време, но не сакаат кога другите непотребно им го трошат нивното. Многу се амбициозни, а исто како мачките, го сакаат она чувство кога ќе го „фатат пленот“ и ги прави горди кога ќе успеат во своите долго планирани намери.rnrn
rnrnКако и нивните миленици, така и сопствениците на мачките постојано поставуваат високи цели, а кога ќе ги исполнат, планираат следни.rnrnДали и вие се пронајдовте во особините на типичниот сопственик на мачка?

rn
rn
rn
rn

rnrn

rn


rnrnБез разлика дали се работи за вашето внуче, детето на соседите, на пријателите или она кое го чувате кога родителите не им се дома, ваквата профил-слика е многу збунувачка. Дури и кога се работи за ваши блиски пријатели, штом видите ваква слика поставена за профилна, веднаш ви доаѓа да се запрашате како наеднаш тие имаат 4-годишно дете.rn
rnrnРазбирливо е дека кога организирате нешто сакате што е можно подобро да го испромовирате за да се појават што повеќе луѓе. Но, во реалноста, тешко дека некој ќе кликне на вашата профил-слика, ќе ги запише информациите за времето и местото и ќе си рече: хммм… може да одам на ова.rn
rnrnКолку и да се сакате со братот/сестрата, не дозволувајте им на вашите пријатели да се сомневаат во вашиот однос.rn
rnrnЗнаеме дека сте многу возбудени што ќе донесете нов живот на овој свет, но почекајте барем додека излезе од стомакот. Докторите ги даваат ехо-снимките на пациентите откако претходно ја провериле состојбата на бебето, но во суштина, сите слики од ултразвук изгледаат скоро идентично, па она што ќе го ставите како профил-слика е всушност само приказ на бебе кое во тој момент изгледа како сите други.rn
rnrnИако ваквите фотографии се специфични за џет сетот, нас обичните луѓе нè прават да изгледаме прилично идиотски. Позирањето за вашите регуларни пријатели кои (најчесто) ве знаат како изгледате во живо нема никаква поента. Премногу шминка, Фотошоп обработка и поза како да сте Скарлет Јохансон, со најблаги зборови, ве прави смешни во очите на другите.rn
rnrnКолку што е глупаво двајца луѓе кои се заљубени да ја имаат истата заедничка слика од себеси на своите профили, толку е глупаво, а веројатно и малку повеќе, да поставите ваква слика на која очигледно вашата рака е префрлена врз нечие рамо, но ние не можеме да видиме на чие. Дали е тоа вашиот партнер? Или можеби вашиот бивш? Другарка која не испаднала добро, а вие баш овде изгледате најдобро што можете? Како и да е, глупаво е. И тотално неестетски.rn
rnrnОваа фотка може да го прескокне процесот на исмејување и осудување од пријателите и оди право на суд. Ова е веќе државен прекршок.