КАФЕ ПАУЗА

Tag: профил

  • Што открива вашата профил-слика на Фејсбук за вас?

    Што открива вашата профил-слика на Фејсбук за вас?

    Пред да одлучите по којзнае кој пат да ја промените вашата профил-слика на Фејсбук, размислете добро што ќе откриете со новата, бидејќи изборот на фотографијата открива многу повеќе за вас одошто мислите.rnrn0-shto-otkriva-vashata-profil-slika-na-fejsbuk-za-vas-kafepauza.mkrnrnСлика со партнерот поставуваат несигурни личности кои потврда за сопствената вредност наоѓаат во избраникот на своето срце. Ситуацијата е уште побезнадежна доколку изберат слика од свадба, со што на своите Фејсбук-пријатели им порачуваат: „Погледнете ме, во брак сум, успеав во животот“.rnrnСлично е со оние личности кои за профилна слика избираат фотографија од своето дете – тоа се обично луѓе кои упорно зборуваат за пелени и болестите на своите деца и на кои единствен успех во животот им е што постанале родители.rnrnАко изберете сопствена слика од детството, носталгични сте и мислите дека во минатото сѐ било подобро. Веројатно и понатаму слушате стара музика, сметате дека „Пријатели“ е најдобрата ТВ серија која некогаш била снимена и не признавате ниедна книга напишана после 19 век.rnrnИзборот на уметничка фотографија, најчесто црно-бела, говори дека зад неа се крие писател, архитект, актер или личност која е сигурна во своите уметнички, иако можеби никогаш непотврдени таленти.rnrnАко пак посакате да го поставите Хомер Симпсон покрај вашето име или некој друг лик од филмовите, размислете уште еднаш, бидејќи со тоа кажувате дека немате сопствена личност.rnrn1-shto-otkriva-vashata-profil-slika-na-fejsbuk-za-vas-kafepauza.mkrnrnНајдобра порака оставате кога поставувате своја фотографија, но не е сеедно каква. Луѓето кои сами себеси се фотографираат, позирајќи како манекени, всушност се многу несигурни во својот физички изглед.rnrnОние кои избираат да се сликаат од далеку така што не би можел никој да ги препознае, се срамежливи личности и остануваат резервирани додека некого добро не го запознаат.rnrnФотографија на која јасно се распознава ликот, зборува за самоуверена, иако по малку, здодевна личност.

  • 40 луди работи кои ги правиме кога сме затрескани во некого

    40 луди работи кои ги правиме кога сме затрескани во некого

    И двата пола се однесуваат поинаку кога се затрескани во некого, иако многу повеќе ова го манифестираат девојките. Во колку работи ќе се пронајдете? Веројатно во сите, ако барем еднаш во животот сте биле силно затрескани.rnrn40-ludi-raboti-koi-gi-pravime-koga-sme-zatreskani-vo-nekogo-kafepauza.mkrnrn1. Константно го проверувате телефонот за да видите да не ви пишала симпатијата. Посегнувате по телефонот, дури и кога не слушате звук, кога не чувствувате вибрации.rnrn2. Кога пак ќе осетите дека ви завибрирал телефонот, веднаш ве фаќа паника, пошто може да е тој/таа.rnrn3. Ако ви пишала симпатијата ви треба некоја минутка за да се соземете пред да одговорите, а доколку е некој друг, гласно го пцуете што се осмелил да ви пише.rnrn4. Се мислите за секој збор, интерпункциски знак и емотикон кој го употребувате во пораката што сакате да му/ѝ ја пратите.rnrn5. Секој момент додека чекате да ви одговори претставува вистинска агонија за вас.rnrn6. Пресметувате колку време треба да помине пред да одговорите. Не смее да биде ни премногу бргу ни премногу доцна.rnrn7. Кога станува збор за демнењето на социјалните мрежи, ни ЦИА не ви е рамна.rnrn8. Знаете дека Инстаграм е за да гледате колку добро тој/таа изгледа, додека на Твитер најдобро може да се провери неговото/нејзиното минато.rnrn9. Ви се има случено по грешка да лајкнете негова/нејзина стара фотографија на Фејсбук/Инстаграм.rnrn10. Ако вашата симпатија ве заледила на социјалните мрежи пред вие да го сторите тоа, тоа е најдобриот момент во вашиот живот, без сомнение.rnrn11. Одвреме-навреме лајкнувате и коментирате по некој статус на профилот на симпатијата, притоа запазувајќи ја границата помеѓу слатко и морничаво.rnrn12. Знаете како се викаат мајка му/ѝ и татко му/ѝ, браќата, сестрите, милениците, како и најдобрите другари и другарки. Ова е така дури и ако сѐ уште не сте ги запознале во живо.rnrn13. Исто така знаете кои му/ѝ се омилените ТВ серии, филмови, музички стилови и храна.rnrn14. Знаете и некои „рандом“ факти за вашата симпатија, како на пример каде била на одмор во 2011.rnrn15. Штом видите дека вашата симпатија твитнала дека ја гледа новата епизода од омилената ТВ серија, и вие веднаш твитате нешто за серијата со желба да ѝ го привлечете вниманието или да добиете некој фејв или ретвит.rnrn16. Поставувате нешто кул на вашиот профил зашто знаете дека постои можност вашата симпатија тоа да го види.rnrn17. Со другар(к)ите имате прекар за симпатијата.rnrn18. Ја препознавате вашата симпатија од далеку во гужва по некои чудни физички карактеристики како на пример обликотrnна главата или изгледот на ушите одзади.rnrn19. Сигурно сте имале некој безобразен сон со симпатијата.rnrn20. И денски сонувате за симпатијата. Колку е само сладок/слатка. Што прави? Што носи во моментов? Мисли ли на мене?rnrn21. Женски: Си го ставате неговото презиме до вашето име за да видите како ќе звучи ако се земете. Веќе дури имате имиња за вашите заеднички деца.rnrn22. Си замислувате како водите разговор со симпатијата. Тој тече подобро од секој разговор што е возможен во реалноста.rnrn23. Се облекувате во зависност од тоа дали очекувате да ја сретнете симпатијата тој ден.rnrn24. Стоите поисправено кога сте покрај симпатијата.rnrn25. И го вовлекувате стомакот.rnrn26. Го имате напишано неговото/нејзиното име заедно со вашето во срце. А не сте веќе во основно.rnrn27. Вашите пријатели веќе не можат да ве слушаат да зборите за него/неа.rnrn28. Почнувате да излегувате на исти места.rnrn29. Исто така, планирате да одите на разни места и настани на кои вообичаено не би оделе зашто таму може да ја сретнете симпатијата, како на пример на кошаркарски натпревар или на балет.rnrn30. Кога сте покрај симпатијата, не смеете ни под разно да си дозволите да прднете.rnrn31. Ни да ждригнете.rnrn32. Не се смеете природно, туку се форсирате правејќи смешни звуци со цел да изгледа дека сѐ што ќе каже вашата симпатија е ненормално смешно.rnrn33. Исто така се сложувате со сѐ што ќе каже.rnrn34. Ако сте излезени на исто место, во секој момент знаете точно каде се наоѓа, дали е во веце или покрај шанкот или пак заминал со некој/а надвор.rnrn35. Се позиционирате во просторијата така да можете да ја видите од секој агол, а и таа вас.rnrn36. Станавте експерт за ѕверење без да бидете забележани.rnrn37. Се има случено да му/ѝ мавнете мислејќи дека ви мавта вас, но всушност поздравувал/а некој зад вас.rnrn38. Ако сте имале прилика да разговарате, тоа е момент кој никогаш нема да го заборавите во животот.rnrn39. Но, ако случајно го/ја видите да зборува со друг/а, се чувствувате како ножеви да ве прободуваат во стомакот.rnrn40. И покрај сето лудило, знаете дека да сте затрескани во некого е нормална човечка работа, која е убаво да се искуси.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Висока мода уште од најмали нозе

    Висока мода уште од најмали нозе

    Профилот FashionKids на Инстаграм е креиран во Бразил од страна на Вилсон Доригон во февруари, 2012 година за да ги инспирира родителите и сите оние кои сакаат мода за деца.rnrnВисока мода уште од најмали нозе rnrnНа почетокот тука се објавувале едноставни дневни комбинации кои ги носеле локалните деца, но многу набрзо потоа профилот брзо се раширил и сега го следат повеќе од 1,2 милиони луѓе.rnrnВисока мода уште од најмали нозе Висока мода уште од најмали нозе rnrnЦелта на овој профил е да се креира „инспиративно место“ на кое ќе се зборува за детската мода во позитивен контекст и тоа да се претставува како нормално нешто. Креаторот вели дека нема да дозволува каков било говор на омраза во коментарите на сликите.rnrnВисока мода уште од најмали нозе Висока мода уште од најмали нозе Висока мода уште од најмали нозе rnrnДневно пристигнуваат огромен број фотографии од модерно облечени дечиња, кои родителите сакаат да бидат објавени на овој профил. Засега не постои ригорозна селекција кои фотографии ќе бидат објавени. Погледнете еден мал дел од досега објавените фотографии, а за повеќе посетете го профилот на Инстаграм.rnrnВисока мода уште од најмали нозе Висока мода уште од најмали нозе Висока мода уште од најмали нозе Висока мода уште од најмали нозе Висока мода уште од најмали нозе Висока мода уште од најмали нозе Висока мода уште од најмали нозе Висока мода уште од најмали нозе rn

  • Како да препознаете насилен маж?

    Како да препознаете насилен маж?

    Многумина се нашле во улога на сведоци на домашно насилство. Дали во својот дом, во своето соседство или во кругот на пријатели и познаници. Неретко ќе речете „Ако крене рака на мене, макар еднаш, излегувам низ врата и никогаш повторно не се враќам“. Но, дали е толку едноставно? Колку е лесно да му се стави крај на таквиот брак или врска? Често слушаме приказни за жени кои трпеле домашно насилство. Старите рекле дека е подобро да се спречи отколку да се лечи. Но, како да го препознаеме насилникот?Како да препознаете насилен маж?Ова е профилот на насилен маж склон кон злоупотребување и нанесување емоционална, како и физичка болка. Знаејќи го ова, би можеле да се спасите себеси или личност која ви е блиска, од врска или брак со човек кој е склон кон злоупотреба и насилство.rnrnПребрзо крои планови за заедничка иднина и настојува на следниот чекор, како на пример заедничко живеење, иако е премногу рано.rnrnЛошо се однесува и кон други жени, не ја почитува мајка си, ги потценува жените генерално.rnrnПостојано настојува да го има целото ваше внимание. Не му се допаѓа кога сте излезени сами со друштво, не ги сака вашите пријатели, неретко се жали дека не му посветувате доволно внимание.rnrnПрави љубоморни сцени. Не сака да се дружите или комуницирате со други мажи. Ќе ве оддалечи и од најдобриот другар. Насилникот најчесто е опсесивно љубоморен, а неретко и ќе ве обвини дека го изневерувате.rnrnСака да има контрола и моќ. Ја гледа својата партнерка како лична сопственост и верува дека има право да ја контролира и да ѝ кажува што да прави, каде да оди, како да се облече.rnrnЗа секоја негова нервоза или за што и да му се случи, лесно ќе најде начин да ве обвини вам. Прави да се чувствувате како од вас целосно да зависи неговата среќа и благосостојба.rnrnПроблемите од работа ги истура врз својата партнерка. Неретко нервозата ќе ја искаже со нагли движења, трескање врата или кршење предмети.rnrnГо изолира својот партнер. Ќе ве натера да се одделите од друштвото, да се оддалечите од семејството, да се скарате со своите браќа или сестри. Ве поттикнува на изолираност од луѓето кои ви се блиски со цел за брзо време да зависите од него.Како да препознаете насилен маж?Нема искрени врски со своите родители или пријатели. Нема цврсти пријателства и е неспособен да биде целосно искрен и отворен за своите чувства.rnrnПатријархално е воспитан и верува дека е посилен од жената на секој можен начин, што воедно му дава право да ја контролира и да ѝ нанесе физичко зло.rnrnСклон е кон консумирање алкохол или наркотици. Статистиката покажува дека 25% од насилниците ја тепаат својата жена само кога се пијани, 25% ја злоупотребуваат без разлика дали се пијани или трезни, 25% не пијат но се насилни, 25% се алкохоличари и најчесто не се пијани кога физички малтретираат.rnrnНаучен е дека агресијата и физичкото насилство се начини да се реши каков било проблем.rnrnНа насилниците им фали самодоверба. Не мора да значи дека секој човек кој има проблем со самодовербата е насилник. Поентата е во тоа што насилниците чувствуваат дека немаат доволно авторитет и дека не се доволно важни и успешни, колку и да не го покажуваат тоа, па затоа сакаат да владеат со партнерот.rnrnСебичен и егоист. Сака сè да се врти околу него.rnrnСвоето насилство кон вас го објаснува како длабока љубов и грижа.Како да препознаете насилен маж?Манипулатор. Знае да манипулира, да ве збуни, да ве наведе да му верувате. На почетокот ќе ви изгледа како грижлив и сосема нормален човек.rnrnДали ви се заканил дека ќе ви нанесе зло доколку го напуштите, или пак дека ќе повреди некој друг? Дали често ве турка, влече за рака, ве стега премногу силно, или ве оддалечува од јавни места по што почнува да ви вика?rnrnВе навредува? Можеби често употребува пцовки или ве нарекува со погрдни имиња?rnrnЧесто го менува расположението и е непредвидлив.rnrnВе става во негова сенка. Прави да се чувствувате дека не сте доволно добри.rnrnВе тера да правите работи кои не ги сакате. Можеби ќе ви рече дека е најдобро да дадете отказ од вашето работно место или да прекинете да комуницирате со некого под изговор дека тој некој не ви мисли добро.rnrnНајважно! Насилниците се луѓе кои одлично глумат. Колку и да се насилни, вербално или физички, знаат да одглумат неверојатна контрола и смиреност пред други луѓе, како што се членови на семејството, пријатели, социјални работници, полиција…rnrnСега останува да се запрашате дали доволно ја знаете личноста со која сте во врска?rnrn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Францускиот булдог Тротер – вистински хит на Инстаграм

    Францускиот булдог Тротер – вистински хит на Инстаграм

    Францускиот булдог Тротер е голема сензација на социјалната мрежа Инстаграм. Ова црно кученце на секоја своја слика добива по барем 10.000 лајкови, а на својот профил има повеќе од 166.000 следачи. Неговата сопственичка Соња Ју секогаш знае да направи интересна фотка, облекувајќи го на креативен начин. Погледнете дел од фотографиите со Тротер.Францускиот булдог Тротер - вистински хит на Инстаграм Францускиот булдог Тротер - вистински хит на Инстаграм Францускиот булдог Тротер - вистински хит на Инстаграм Францускиот булдог Тротер - вистински хит на Инстаграм Францускиот булдог Тротер - вистински хит на Инстаграм Францускиот булдог Тротер - вистински хит на Инстаграм Францускиот булдог Тротер - вистински хит на Инстаграм Францускиот булдог Тротер - вистински хит на Инстаграм Францускиот булдог Тротер - вистински хит на Инстаграм Францускиот булдог Тротер - вистински хит на Инстаграм
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Светот без мобилни телефони

    Светот без мобилни телефони

    Иако многу од работите што ги правиме денес, а значат контакт со технологијата, сè уште во голема мера ги правиме на компјутер, сепак се чини светот станува сè повеќе дигитално мобилен од ден на ден.Светот без мобилни телефониКако резултат на тоа, нашиот онлајн-живот го управуваме преку нашите паметни мобилни телефони. Можете ли да замислите да го апдејтувате вашиот профил на Фејсбук, да поставувате видеа на Јутјуб или да твитате без мобилни телефони?rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Љубовен астролошки профил за женски лавови

    Љубовен астролошки профил за женски лавови

    Сте се затрескале во девојка родена во знакот лав? Човек не може да ве обвини. Нејзе не можете да не ја забележите и таа е вистинска награда, доколку успеете да ја уловите. Мора да сте амбициозно момче ако сакате да ја освоите лавицата, бидејќи ќе мора да вложите екстра напор и да бидете вреден за нејзиното присуство. Па, таа е кралица на џунглата. Доколку не ги исполните нејзините барања, таа ќе го вклучи копчето за својот шарм и ќе го употреби за некој друг. Не дозволувајте да ви избега.rnrnЉубовен астролошки профил за женски лавовиrnrnЖената-лав може да биде опасна. Таа ги има сите карактеристики на огнен знак и едноставно не можете да ја сопрете. Таа прво го набљудува пленот, го планира нападот и потоа напаѓа. Нема шанси да ја спречите или да ѝ го смените мислењето во врска со нејзините желби. Штом ќе намисли нешто, подобро тргнете ѝ се од патот.rnrnТаа е одлучна и ги остварува сите нејзини желби, но сепак е осамена на врвот. Кралица со толку страст и искра колку што има жената-лав заслужува достојно друштво. Се прашувате што би ве направило вам достоен за неа? Доколку сфатите дека таа треба да биде постојано обожувана, дека не можете да ја запрете и да ја контролирате, на добар пат сте да бидете нејзин придружник во кралството. Не влегувате во врска со жена родена во огнен знак за да ви биде трофеј, туку се врзувате со неа за да го освоите светот заедно, како еднакви.rnrnПред да почнете со освојувањето, мора да ви биде јасно дека ова нема да биде едноставна задача. Мора да знаете како точно да ѝ пристапите бидејќи тоа е најважната работа која ќе треба да ја направите. Жената-лав не се импресионира лесно. Во состојба е лесно да ви го сврти грбот доколку не успеете во тоа. Запомнете дека таа се доживува себеси како кралица и лесно може да ги поткрепи нејзините ставови со долгата листа на успеси. Таа не само што секогаш размислува, таа знае, па мора да знаете и вие.rnrnЉубовен астролошки профил за женски лавовиrnrnСамодовербата е клучот за сè кога станува збор за неа. Пристапете ѝ со самодоверба и со мала скромност. Забележете ги нејзините вредности и кажете ѝ ги. Ласкањето ќе ви овозможи да го постигнете она што го сакате со лавицата. На лавовите никогаш не им е доста од внимание, комплименти и ласкање. Кога ќе ја поканите на состанок, прво смислете го планот во глава. Таа сака некој што знае кога и каде планира да ја одведе пред тие да тргнат заедно.rnrnОднесете ја каде било. Таа е жена со која владее сонцето, па секакви надворешни активности се добра идеја. Не плашете се да ја однесете на места кои се одликуваат со чувство на елеганција и стил. На вакви места многу е можно таа да се чувствува удобно. Таа сака места на кои може да им ја сврти главата на сите кои се таму. Сака да се покажува, и тоа не само себеси, туку и нејзиниот партнер. Затоа погрижете се секогаш да бидете добро облечени. Првиот состанок ќе значи сè, па потрудете се да изгледате добро, да зборувате убаво и да бидете фокусирани на неа.rnrnЉубовен астролошки профил за женски лавовиrnrnТаа е жена која знае како да ги истакне нејзините вредности, без разлика на нејзината финансиска и интелектуална состојба. Ако има 300 денари во џеб, ќе го купи најдоброто за тие пари и ќе се шепури со тоа како да е злато. Таа знае дека златото изгледа добро „покрај“ неа и очекува секој со кого се гледа да може да го забележи тоа. Лавицата дури и не би се гледала со некој што не е толку амбициозен како неа.rnrnЗа време на првиот состанок таа ќе ве процени добро и нема воопшто да се воздржува да си замине ако не ѝ е интересно. Затоа, не давајте ѝ причина. Прашајте ја што сака во животот и кажете ѝ за вашиот. Кажете ѝ што сакате да постигнете и како планирате да го остварите тоа. Колку повеќе ѝ покажете дека би оделе на различни места за да ги освојувате, толку повеќе таа ќе сака да биде со вас во џунглата.rnrnЉубовен астролошки профил за женски лавовиrnrnНемојте да мислите дека ако сте поминале неколку состаноци заедно, оттука натаму сè ќе оди како подмачкано. За тоа може да бидат потребни неколку месеци, па дури и две години. Штом се смирите и ѝ оставите впечаток дека нема да се повлечете, таа ќе скокне кон вас. Ако веќе сте добиле место во нејзиниот живот, потрудете се да оставите најдобар впечаток што можете. Со неа може да ви биде многу забавно, штом таа ќе сфати дека сте нејзина лига.rnrnДел од забавата со вашата лавица е сексот. Подгответе се добро за тешка работа. Како и општо во животот, така и во сексот, таа настапува со цел да победи. Но, и двајцата ќе бидете многу среќни и заситени кога ќе заврши вашата интимна сесија. Таа дава насоки, ве возвишува и ги мултиплицира оргазмите. Но, и вие треба да дадете подеднакво. Таа ќе ви каже како точно ѝ се допаѓа. И вие можете да ѝ кажете што сакате. Слободно зборувајте валкано колку што ви душа сака. Слушајќи ја, таа ќе успее да ве задоволи само со нејзиниот секси глас. Таа нема да престане, а не престанувајте ни вие сè додека и двајцата не можете да ја дигнете главата од перница. Со лав во кревет, треба многу да се трудите, но и многу ќе си играте.rnrnЉубовен астролошки профил за женски лавовиrnrnМожеби си мислите дека за да привлечете жена во знакот лав ви треба многу работа. Но, не. Работата се состои во тоа да ја задржите. Креативноста е потребна исто колку што се потребни ласкањата и возвишувањата. За да ја водите врската кон напред, не треба да бидете фокусирани само на работата и на амбициите, туку и да си поминувате убаво заедно и да се забавувате.rnrnТаа може и да предизвикува неповолни ситуации за врската, не само заради тоа што ѝ е забавно, туку и за да ви ги оцени реакциите. Додека оваа жена не се омажи, секогаш ќе го „мери“ нејзиниот партнер, па дури и потоа.rnrnВе предупредивме дека лавицата е моќна жена која не можете да ја игнорирате. Може да има некои препреки одвреме-навреме, како и денови кога ќе се запрашате зошто воопшто се трудите, но таа е доказ дека сè што е вредно колку златото, не е ниту лесно ниту евтино.rnrnЉубовен астролошки профил за женски лавовиrnrnТаа ќе ве направи подобра личност и ќе ве научи нешто за вас самите. Таа сака сè што светот може да ѝ понуди и не се плаши да работи за да го оствари тоа. Затоа, вложувајте во врската или прекинете ја доколку не можете да се движите по патот на ѕвездите. Вашата лавица вреди да ја уловите и затоа никогаш не испуштајте ја.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Интересни факти поврзани со сите први моменти во историјата на интернетот

    Интересни факти поврзани со сите први моменти во историјата на интернетот

    Дали знаете кој го има испратено првиот имејл и кому? Ова се неколку интересни факти поврзани со сите први моменти од она што ја одбележа историјата на интернетот.rnrnИнтересни факти поврзани со сите први моменти во историјата на интернетотrnrn1. Првиот имејл го има испратено Реј Томлинсон во 1971 година. Тој мејлот си го има пратено сам на себе.rn
    rn

    „Тест пораките не се памтеа… Најверојатно првата порака беше QWERTYIOP или нешто слично“ – вели тој.

    rnИнтересни факти поврзани со сите први моменти во историјата на интернетотrnrn2. Можеме да го обвиниме ARPANET за првиот имејл спам, кој бил испратен до 393 луѓе на 3 мај 1978 година.rnrn3. Првиот регистриран домејн е Symbolics.com на 15 март 1985 година. Сега служи само како историски веб-сајт.rnrn4. Првиот веб-сајт бил посветен за информации поврзани со вебот (World Wide Web) и бил пуштен во употреба на 6 август 1991 година.rnrn5. Првата фотографија на интернет ја има прикачено Тим Бернерс Ли (креаторот на Вебот). Тоа било слика од комедијантскиот бенд „Les Horrible Cernettes“.rnrnИнтересни факти поврзани со сите први моменти во историјата на интернетотrnrn6. Првата AOL инстант порака била пратена од Тед Леонсис на 6 јануари 1993 година. Тој ѝ пишал на својата сопруга:rn
    rn

    „Не плаши се… јас сум. Те сакам и ми недостигаш“.

    rn7. Џо Меккамбли го поставил првиот банер на интернет во октомври 1994 година. Банерот бил поставен на веб-сајтот HotWired.com и промовирал 7 музеи за уметност. Кампањата била спонзорирана од AT&T.rnrn8. Првиот предмет продаден на eBay (во тоа време AuctionWeb) бил расипан ласерски покажувач. Ласерскиот покажувач бил продаден во 1995 година за цена од 14,83 американски долари, а човекот кој го купил, му кажал на основачот Пиер Омидјар дека колекционира расипани ласерски покажувачи.rnrn9. Првата книга купена на Амазон била Hofstadter’s Fluid Concepts and Creative Analogies: Computer Models of the Fundamental Mechanisms of Thought“ во 1995 година.rnrn10. Првата реченица кажана преку Скајп била на естонски јазик во април, 2003 година, од страна на еден член од тимот за развој на софтверот. Реченицата гласела:rn
    rn

    „Здраво, дали можете да ме слушнете?“

    rnИнтересни факти поврзани со сите први моменти во историјата на интернетотrnrn11. Марк Закерберг е првиот човек со профил на Фејсбук. Тоа бил четврти профил, бидејќи претходно три биле користени за тестирање. Првиот профил кој не бил креиран од некој од креаторите на социјалната мрежа, бил на Арие Хасит, кој сега е во Израел и студира за да стане рабин.rnrnИнтересни факти поврзани со сите први моменти во историјата на интернетотrnrn12. Првото видео на Јутјуб, било прикачено на 23 април 2005 година од страна на ко-основачот Џавед Карим. На него тој е во зоолошката градина во Сан Диего, а досега погледнато е околу 10 милиони пати.rnrn13. Првиот твит бил напишан од ко-основачот на Твитер, Џек Дорси на 21 март 2006 година.rnrnИнтересни факти поврзани со сите први моменти во историјата на интернетотrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кул насловни слики за вашиот Фејсбук профил

    Кул насловни слики за вашиот Фејсбук профил

    Со насловната слика на вашиот профил на Фејсбук можете да покажете колку сте кул и креативни, какви се вашите ставови, што ви се допаѓа и што сакате да им порачате на пријателите. Направивме селекција од најинтересните кавери за Фејсбук, при што има по нешто за сечиј вкус и за секаков профил на личност. Изберете и направете мала промена во вашиот онлајн-имиџ.rnrnКул насловни слики за вашиот Фејсбук профилКул насловни слики за вашиот Фејсбук профилКул насловни слики за вашиот Фејсбук профилКул насловни слики за вашиот Фејсбук профилКул насловни слики за вашиот Фејсбук профилКул насловни слики за вашиот Фејсбук профилКул насловни слики за вашиот Фејсбук профилКул насловни слики за вашиот Фејсбук профилКул насловни слики за вашиот Фејсбук профилКул насловни слики за вашиот Фејсбук профилКул насловни слики за вашиот Фејсбук профилКул насловни слики за вашиот Фејсбук профилКул насловни слики за вашиот Фејсбук профилКул насловни слики за вашиот Фејсбук профилКул насловни слики за вашиот Фејсбук профилКул насловни слики за вашиот Фејсбук профилКул насловни слики за вашиот Фејсбук профилКул насловни слики за вашиот Фејсбук профилКул насловни слики за вашиот Фејсбук профилКул насловни слики за вашиот Фејсбук профилКул насловни слики за вашиот Фејсбук профилКул насловни слики за вашиот Фејсбук профилКул насловни слики за вашиот Фејсбук профилКул насловни слики за вашиот Фејсбук профилКул насловни слики за вашиот Фејсбук профилКул насловни слики за вашиот Фејсбук профилrnrnМожете да си поставите и кавер со вашиот хороскопски знак.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Љубовен астролошки профил за машки лавови

    Љубовен астролошки профил за машки лавови

    Вие сте во некое кафуле, си го пиете вашето кафе и читате весник и оп, тој се појавува! Не можете, а да не го забележите лавот додека влегува низ вратата. Додека си ја прави неговата нарачка, не можете да си помогнете да не зјапате во него. Машкиот лав може да ја „потресе“ целата просторија со својата моќност и самодоверба. Тој го знае тоа, сака и другите да го знаат тоа и да изреагираат со восхит. Вие ќе го обожавате од првиот момент кога ќе го видите, а тој не ни планира да престане да краде воздишки од вас и понатаму.Љубовен астролошки профил за машки лавовиЛавот е кралот на џунглата, а претставниците на овој хороскопски знак се чувствуваат токму така. Тие се однесуваат исто како да се во џунглата. Работат многу напорно за да постигнат успех во сѐ на што ќе го фокусираат нивниот ум. Најчесто успешно ги остваруваат своите цели и потоа драматично се повлекуваат малку, чекајќи да добијат пофални зборови и награда за трудот. Неговото мото е: „Јас сум Кралот, слушај ме како завивам!“ Пофалбите и обожавањето не се нешто со коешто лавот сака да си го зајакне егото. Тие се како храна и вода за него. Лавовите ќе ја ценат вашата почит и ќе најдат милион начини да ви се заблагодарат за тоа. Но, пред да му пристапите на некој лав, преиспитајте си го вашиот карактер. Имајте на ум дека овие мажи не сакаат кукавици и слаби карактери.Љубовен астролошки профил за машки лавовиМашкиот лав ќе сака да основа љубовна врска со некоја која ја заслужува неговата наклонетост. Не е битно дали сте превисока, па дури и малку полничка девојка, доколку знаете да се грижите за себе и го очекувате ни повеќе ни помалку, туку најдоброто од животот, лавот ќе ве забележи и ќе му се допадне она што ќе го види. Бидете ориентирани кон остварување некаква цел. Работете на подобрување на вашиот статус, на работната позиција и сл. Доколку сте премногу самозадоволни и без амбиција, нема да заработите никаков респект во неговите очи. Запомнете дека лавовите се најчесто главни во нивното друштво. И од вас очекува да бидете алфа жена, која ќе си ја знае сопствената улога.rnrnВашата улога е да стоите покрај нив и да ги поддржувате. Како што претходно потенциравме, лавот сака да биде главен во џунглата и сака покрај себе да ја има совршената лавица која ќе лови и освојува заедно со него. Доколку сте во потрага по партнер кој е силен, посветен и див како животно во кревет – лавот е вистинскиот избор за вас. Дадете му на знаење дека го посакувате и докажете му дека сте спремни да го прифатите предизвикот.Љубовен астролошки профил за машки лавовиИзгледот е исто така многу битен за лавот. Изгледајте фино, облекувајте се убаво и зборувајте мило. Гордејте се со себеси и имајте на ум дека вие сте исто толку добра колку него. Бидете сигурни дека вие имате многу повеќе работи да му понудите, од сите други девојки кои сакаат да украдат искра од неговиот сјај. Убедете го со вашите постапки дека со вас, тој ја пронашол неговата кралица! На вашиот прв состанок, покажете му ја вашата сила и одлучност. Тој треба да знае дека вам не ви е потребен, но сепак го посакувате за себе. Сака да знае дека е доволно вреден за вас. Имајте високо мислење за себе, исто како што има и тој и ќе знае дека вие сте спремни да го освојувате неговото срце. Пофалете го, укажувајќи му дека знаете дека е вреден човек кој постигнал многу во животот и дека сакате заедно со него и понатаму да го освојувате светот.rnrnФлертувајте со него, терајќи го да почне да си замислува разни секс-сценарија со вас. До крајот на вечерата, тој ќе посака да ве добие за десерт. Но, без разлика што тој може да биде многу упорен да го земе својот десерт, немојте толку лесно да му го давате. Дајте му до знаење дека сакате да знаете колку планира да се потруди да ве заведе. Колку подолго го одложувате сексот, толку повеќе ќе направите тој да почне да се моли за истиот да се случи и ќе биде најдобар што може кога ќе дојде тој момент. Колку само забавно звучи ова?!Љубовен астролошки профил за машки лавовиСпомнавме колку лавот всушност сака да го јаде својот „десерт“? Без разлика дали е рано наутро, доцна попладне или целата преостаната ноќ после вечерата, кога еднаш ќе го „вкуси“, нема да сака да проба ништо друго. Тој секогаш е расположен да испробува нови работи во креветот и секогаш му текнуваат нови забавни работи за правење под чаршавите. Со него ќе доживувате оргазми за какви што не сте ни сонувале, а колку погласни сте во спалната, толку подобар ќе биде сексот. Играјте игри, дозволете му да ве брка гола низ куќата, натерајте го да мисли дека вие сте главната премија што може да се освои во која било игра.rnrnМашкиот лав можеби мора секогаш да биде главен, но и неговата партнерка може да стекне контрола во врската. Сѐ додека го осигурувате дека тоа била негова идеја. Дадете му го тоа што го сака, возбудата и ловот, но вие поставете ги правилата на игра. И покрај тоа што тој обожава сексуални игри, сепак колку повеќе часови поминувате надвор од спалната, толку повеќе ќе ве доживува како негова кралица. Со тек на време ќе сфатите дека без разлика што тој можеби се однесува како лав додека е надвор, кога е во ваша близина се однесува како маче стуткано во вашиот скут. Вие ќе бидете единствената која што ќе ја знае неговата вистинска точка која ќе го натера да почне да преде.Љубовен астролошки профил за машки лавовиКога веќе ќе станете негова „кралица“, тоа ќе биде сѐ што некогаш сте посакувале од љубовта. Тој ја обожава и слави посветеноста во љубовната врска. Тој ја сака гордоста и стабилноста којашто врските ја носат. Ќе ве кити со подароци и ќе се грижи за вашите потреби. За да го задржите на долги патеки, запомнете дека тој сака да биде обожаван, сака да направите да се чувствува дека вреди и сака да биде во центарот на нечиј свет. Давајте му пофални зборови, посветете му се и ценете го сето она коешто го прави за вас. Љубовен астролошки профил за машки лавовиДоколку еден ден стапите во брак со лав, знајте дека вашите деца ќе бидат обожавани и никогаш нема да им недостасува ништо во животот. Збогатувањето на семејството со деца, ќе му значи сѐ. Ќе ве штити вас и вашето семејство со гордост и достоинство. Кога еднаш ќе ја пронајде својата кралица и ќе створи мали принцови и принцезички, ништо нема да може да застане на патот кон неговиот успех и среќа.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.