(20 јануари – 18 февруари)rnrn
Водолиите се најсимпатичниот, најљубезниот и најпретставителниот знак во зодијакот. Тие се внимателни, нежни, страсни и пријателски настроени. Повеќето припадници на овој знак се многу независни и имаат страшно оригинални идеи и замисли. Може да имаат проблем во љубовните врски, како резултат на некои нивни негативни карактеристики, како непредвидливост и тврдоглавост, но во суштина тие се истрајни во љубовта и може да се очекува да бидат посветени партнери.rnrn
Независни
rnВодолиите размислуваат за она што е најдобро за нив. Тие се секогаш желни и заинтересирани да научат нови работи. Не се двоумат за тоа кој пат треба да го изберат во животот и дали оваа или онаа љубовна врска е вистинскиот избор за нив, туку веруваат дека сите нешта треба да се случуваат по својот природен тек. И покрај тоа што припадниците на овој знак се многу добродушни и срдечни, може да станат многу вознемирени и лути ако некој им ја „загрози“ нивната независност и слобода.rnrn
rnrnНиту женските, ниту машките водолии не сакаат да се чувствуваат ограничено или придушено во љубовните врски. Ним им е потребен простор и доволно слободно време, во кое ќе имаат можност активно да го живеат животот како индивидуи, а притоа истовремено останувајќи лојални кон својот љубовен партнер.rnrn
Сложни и пријатни
rnВодолијата е најчесто безгрижна и релаксирана, па поради тоа успева да оформи цврсти пријателства. Таа ретко кога се чувствува под стрес, па затоа ужива да запознава разни луѓе и да живее здрав и квалитетен социјален живот. Независни и оригинални во нивниот поглед кон животот, водолиите се и навистина драгоцени, ценети и корисни работници. Тие умеат добро да соработуваат со колегите кога работат некоја тимска работа и се срдечни и топли кога треба да се состанат со нови клиенти. Но, водолијата исто така нема да се двоуми дали да го искаже своето мислење ако има сосема обратно гледиште на работите во однос на колегите и без проблем ќе ја понуди нејзината сосема нова перспектива на ситуацијата. Поради оваа карактеристика, таа често влегува во предизвикувачки и несовладливи расправии со другите луѓе, на многу различни теми.rnrn
rn
Страсни личности
rnВодолиите се страсни личности во љубовта и во животот воопшто. Тие силно ги чувствуваат нивните емоции и сметаат дека искажувањето на истите на другите луѓе е сосема во ред. Некои луѓе може да ја доживуваат водолијата како премногу драматична особа, но во суштина таа има тенденција да биде многу логична и ретко би дозволила чувствата да ја надвладеат во доброто резонирање. Нејзините јаки емоции ја прават одличен пријател кој умее да слуша и да сочувствува со оние кои ѝ се драги. Таа исто така умее да дава и многу добри совети. Многу водолии се големи хуманитарци и активно бараат начин да им помагаат на оние луѓе на кои им е потребна поддршка.rnrnСтраста на водолијата може да постане и негативна карактеристика. Таа станува непријателски настроена ако нешто ја испровоцира на кавга и тврдоглаво ќе се придржува до својот став, дури и откако проблемот ќе биде решен. Ако во вашиот живот имате некоја водолија и сакате да ја избегнете оваа стапица, обидете се со неа да водите ведар и чисто информативен разговор и да се фокусирате повеќе на разменување мислења, отколку емоционално да бидете погодени од ваквите ситуации.rnrn
Емотивни
rnЕмоционалните искуства и справувањето со нив е тешка задача за водолиите. Емотивната разединетост на водолијата е причина зошто таа однадвор може да делува студено и отсутно во љубовта. Ова не значи дека водолиите се нечувствителни личности, туку дека ним им е потребно подолго време пред да решат да му дозволат на некој да стане дел од нивниот живот. Кога еднаш ќе го тргнат нивниот штит, водолиите во очите на другите стануваат многу лојални, верни и енергични личности.rnrn
Водолиите во љубовта
rnВодолиите се најкреативните и најиновативните знаци во зодијакот. Тие не сакаат да се чувствуваат како да се затворени во кутија во секојдневниот живот, а истото важи и во полето на љубовта. Тие сакаат постојано да го изненадуваат нивниот партнер. Еден ден водолијата може да ви предложи да одите на прошетка во парк. Наредниот ден ќе ви понуди да одите на патување во Бразил. Нејзините иновативни идеи се составен дел од начинот на кој ги изразува нејзините емоции. Љубовната врска со водолија не може да биде монотона. Во принцип водолиите не се нешто многу романтичен знак, но тие умеат да најдат креативен начин да ги изразат нивните длабоки емоции на начин на кој ним им е најудобно. На некои може водолијата да им изгледа малку ексцентрично, но таа всушност е многу природна.rnrn
rn
Лојални пријатели
rnКаде и да оди, екстравертната водолија создава пријателства. Таа обожава постојано да запознава различни карактери на луѓе. Истото важи за водолијата и на љубовен план – во врските е пред сè другар па после сè друго. Таа ќе сака да чуе каков ви бил денот и да ги дознае сите ваши проблеми. Ќе се грижи за вас кога сте болни и ќе биде заинтересирана да ви помогне на секој можен начин.rnrn
rnrnВодолиите имаат тенденција да бидат високо интелектуални личности и бараат партнери кои ја делат истата пасија. Тие сакаат само да добиваат комплименти и пофалби од нивниот партнер, но не и да даваат.rnrnВо принцип водолиите се многу лојални љубовни партнери. Тие не би ставиле крај на врска поради некои бесмислени причини. Наместо тоа, тие работат на решавањето на проблемите и се обидуваат да избегнат создавање на поголеми. Тие ќе се борат за нивната врска и во добро и во лошо и ќе настојуваат да ја задржат цврста на долг рок.rnrn
Игра на заведување
rnВодолиите се логични луѓе. Тие поминуваат голем дел од времето анализирајќи ги деталите на ситуациите во нивната глава. Како резултат на тоа, тие честопати гледаат на љубовта како на игра. Водолиите буквално кажано, уживаат во процесот на освојување на потенцијалниот партнер. Тие всушност не се брзаат да влетаат во врска, бидејќи сакаат подолг период да и се восхитуваат на фазата на додворување. Сакаат да одат чекор по чекор, за да можат добро да проценат дали имаат иднина со таа личност или не. Во секој случај не треба да се заборави дека водолиите се во потрага по љубов и партнер со кој ќе го делат животот.rnrn
Негативни карактеристики:
rnrn
Екстремно невообичаени
rnrnВодолиите се оригинални затоа што никогаш не се водат според некои општествени стереотипи. Невообичаениот поглед кон работите, водолијата не го доживува како лоша работа. Поставувањето граници на самоконтрола според неа е бесмислена работа. Таа не сака да следи никакви правила или формалности, а тоа честопати оди на штета на други луѓе. Нејзината ексцентричност ја води кон донесување екстремни одлуки и чудни заклучоци. Понекогаш е тешко да се води разговор со водолија за важни работи бидејќи таа или тој, ќе го доживува вашето гледиште на работите како „премногу безбедно“.rnrn
Тврдоглави
rnВодолиите се водат според нивната логика и брзо донесуваат одлуки. Кога овој хороскопски знак ќе донесе одлука, бидете сигурни дека таа нема да се промени уште долго време. Водолиите ги држи лутина долго време дури и за најситни кавги и недоразбирања. Ако сте неразумни и ја погодите „лошата точка“ на водолијата, таа тоа ќе го памети засекогаш. Таа се бори за нејзиниот став дури и кога не постојат изгледи за да успее во тоа. Страста која ја поседува овој знак може да претставува и негова добра карактеристика, бидејќи тој секогаш е желен да се бори за она во кое верува.rnrn
rnrn
Одвоени, затворени и осамени
rnВодени според нивниот интелект, а не според срцето, водолиите не ги изразуваат нивните емоции на начин на кој што другите очекуваат тоа да го прават. Тие ги чуваат чувствата во себе, бидејќи не сакат да бидат повредени, па поради тоа сакаат да си дадат повеќе време да запознаат некоја личност, пред да решат да ѝ се отворат.rnrnПријателите на припадниците на овој хороскопски знак често се жалат дека не можат да сфатат што се случува во главата на нивниот другар-водолија. И покрај тоа што водолиите лесно и брзо се спријателуваат, не сакаат да ги споделуваат нивните чувства. Исто така, ако водолија реши дека не сака да бидете дел од нејзиниот живот, верувајте дека така и ќе биде.rnrn
rnrnПовеќето водолии сакаат да живеат во нивниот затворен, самотен свет. Екстремните припадници на овој знак, сметаат дека да се биде одвоен од останатиот свет е одлична работа. Тие не се грижат како другите луѓе ги доживуваат или како од нив се очекува да се однесуваат.rnrn
rnrnИдеални професии за водолија: политичари, писатели, научници, астронаути, уметници, астролози, инженери, фотографи и секаков тип на хуманитарна дејностrnrnОмилени бои: сина, зелена, тиркизна, сива, црнаrnrnВодолиите најмногу си одговараат со: овен, близнаци, вага, стрелецrnrnЖивотно мото „Големите умови често наидуваат на големи спротивставувања од страна на просечните умови.“rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


Јарците се сериозни, одговорни, независни и одлучни луѓе. Нивните лични карактеристики можат да имаат големо значење за интензитетот на овие својства кај различните јарци, но како и за секој знак, и за овој има заеднички работи кои се среќаваат кај повеќето родени во тој период.rnrnЈарците се цврсто приземјени луѓе на кои другите сакаат да се потпираат. Имаат јака волја и се прилично самоуверени. Тие точно знаат кои се, па се чувствуваат комотно во разни социјални ситуации. Иако понекогаш имаат репутација на малку здодевни луѓе, тие често знаат да го изненадат друштвото со остроумна и ненадејна духовитост.rnrnЈарците се луѓе на кои можете да се потпрете, но сепак страдаат од промени во расположението кое може да варира од голема еуфорија до напади на депресија. Во повеќето ситуации, тие вешто ги маскираат овие конфликтни расположенија во јавност. Само најблиските од семејството и пријателите можат повремено да го забележат нивниот внатрешен немир.rn
Уште една карактеристика на јарците е што можете да сметате на нив дека ќе останат смирени во скоро секоја ситуација. Тие се неемоционални однадвор и се многу добри во анализата на проблемите од логичен аспект, без да ги мешаат чувствата со што избегнуваат драматичен ефект.rn
rn
rn
Штом пак јарецот стапи во брак, тој ќе гледа да остане во него без разлика на предизвиците кои можат да му застанат на патот. Тој верува во врска која ќе трае до крајот на животот, но често неговата љубомора знае да предизвика проблем.rn
rn
Јарците знаат да почитуваат авторитет, но истата почит ја очекуваат од другите кога тие се главни. Тие поставуваат високи стандарди во работата и го очекуваат истото од нивните колеги и потчинети. Заповедничката природа на овој знак ги прави јарците малку тешки за работа со други луѓе, но тоа не значи дека се нефер.
rn
Џимејл не ја препознава точката во имјел адресите, па независно дали вашата гласи:rn
Луѓето родени во хороскопскиот знак стрелец се отворени и весели луѓе, кои шират позитивна енергија на луѓето околу нив. Тие имаат религиозна и духовна природа и висок морал. Стрелците се големи оптимисти и за нив чашата е секогаш половина полна. Повеќето стрелци имаат срце полно со љубов и добрина. Не е во нивната природа да бидат злонамерни, пакосни или намќори. Тие не се ниту арогантни, ниту нарцисоидни, туку токму спротивното од тоа – позитивни и отворени личности, секогаш спремни да го живеат животот со полна пареа и да искусат нови животни авантури.rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
Тие се лојални и искрени љубовници кои ќе ја подарат сета своја љубов на оној партнер на кого ќе можат безрезервно да му веруваат. Тие бараат сродна душа со која ќе одат заедно на патувања низ светот, заеднички ќе развиваат нови идеи и ќе се смеат до солзи. Смеата, според стрелците, е решение на сите проблеми. По природа стрелците се многу страсни, меѓутоа тие додека се помлади преферираат да бидат во површни љубовни врски, сè додека не созреат и ја откријат нивната подлабока емотивна страна.rnrn

rn
rn
rn
rn
rn
rnrnЦрвена е уште една омилена боја на Скорпиите, но не е нивни чест избор за облека. Управувана од планетата Марс, скорпијата облекува црвена облека кога е подготвена и решена да стапи во акција.rn
rn
rn
rnrn rnrn
Карактерот на Скорпијата варира во зависност од конкретната индивидуа родена во овој знак. Но, одредени особини како што се истрајноста, решителноста, одлучноста, жестокоста и моќта, се јавуваат кај сите Скорпии. Тие се страсни, со многу интензивни чувства, на моменти повлечени во себе, анализирајќи ги задоволството и тагата кои животот ги носи.rnrnСкорпијата е фиксен знак, кој стои цврсто на земја и има огромно разбирање за другите луѓе. Умее да ги држи ситуациите под контрола и да ги коригира работите, со цел да воспостави ред и мир.rnrnТаа е страстен љубовник и лојален другар, кој ќе ве заштитува и брани во секој миг. Спаѓа во категоријата водни знаци, што ја прави емотивна личност и ѝ помага да се прилагоди во својата околина.rn


rn
rn
rn
Вагата постојано е во потрага по баланс, без разлика дали станува збор за односите во љубовната врска, со пријателите или изборот на боите на облека. Овој знак преферира да „носи“ розови очила, со кои нема да ги гледа негативните работи кои се случуваат околу него, со цел да го задржи оптимизмот. Се смета за еден од најљубезните знаци во зодијакот и експерт во социјализирањето со луѓе.rnrnВлијанието на водечката планета на Вагите, Венера им создава потреба за одобрение од страна на другите луѓе. Уште поважно, Вагата сака другите да имаат потреба од нејзиното друштво. Таа е способна да ги решава и најкомплексните ситуации на нејзин уникатен начин. Вагата е грациозен победник, кој размислува за оние кои ги покорила. Но, ако не внимава може да изусти многу бездушни работи кои дефинитивно нема да ѝ одат во прилог на победата.rn
rn
rn
rn
rn









Девица е единствениот хороскопски знак чиј симбол е жената. По природа девиците се најчесто срамежливи, наивни, конзервативни и воздржани луѓе, кои уживаат во состојбата статус кво.rnrnДевиците се независни луѓе кои умеат сами да си ги завршат своите работи. Често се самоанализираат и понекогаш имаат тешкотија да пронајдат мотивација. Поради тоа, потребен им е некој кој ќе им вели да не бидат толку строги спрема себе и ќе ги охрабрува да успеат во своите цели.rnrn
Тие сакаат испланирани состаноци – ништо да не е спонтано. Срамежливи се и се секираат што ќе се случи на љубовниот состанок или за што ќе се прави муабет. Додека врската се уште не е сериозна, тие не сакаат да им поставувате премногу прашања.rn
