Откачен и амбициозен маркетинг проект на групата ОК Go и на Шевролет. Се работи за музички видеоспот насловен „Needing/Getting“ на момците од Лос Анџелес. Тие во должина од над 3 километри, надвор од градот, поставиле 55 стари пијана, 288 гитари и уште 1.157 други импровизирани инструменти. Секое пијано е наштимано на ниски октави, со цел да го дава истиот тон, без разлика каде и да биде ударот. И автомобилот „Chevy Sonic“ е редизајниран за спотот, вградени се елементи, како во неговата внатрешност, така и на каросеријата. Најдобриот опис за спотот е креативно лудило, полно адреналин. За 4-минутното музичко возење, подготовката траела цели 4 месеци, а снимањето 4 дена. Погледнете како изгледа кога екстремните спортови, се претвораат во екстремни видеоспотови и уживајте во кусата турнеја и добрата музика со OK Go и со Шевролет.rn
Иако пред извесно време веќе бевме сведоци на оваа интересна техника, сепак решивме да направиме нова селекција од овие импресивни дела. Преку спојот на фотографијата и цртежот со молив во едно уметничко дело, белгискиот дизајнер Бен Хајне предизвика огромен интерес кај љубителите на уметноста. Тие никако да се заситат од оваа нова визуелна техника, која како правец Хајне ја воведе минатата година. Овие фотографии се дел од неговиот проект „Молив VS фотоапарат“.rnrnrnrnПораката на авторот е јасна. Секојдневните проблеми да ги ставите во сенка на желбите и на имагинацијата за поинакво и поубаво утре. Недвосмислено ја потенцира разликата меѓу реалноста и сонот, со тоа што цртежите му се црно-бели, а фотографиите изразено колоритни.rnrnrnrnВо неговите „доцртани“ фотографии се испреплетуваат илузијата, реалното и надреализмот. Во фокусот се луѓето, природата, животните и архитектурата, а главните теми се љубовта, слободата, пријателството и задгробниот живот.rnrnrnrn rnrn
Младиот архитект Гери Ченг живее во Хонг Конг, еден од најгусто населените градови во светот. Токму поради овој проблем, многу фамилии се приморани да живеат во мал простор. Таков бил случајот и со Ченг, кој заедно со своите родителите и трите помали сестри живееле во овој стан од 32 квадратни метри. Откако тој завршил факултет и се вработил, решил да си го откупи станот за себе.Откако го откупил малиот апартман за 45.000 американски долари, решил во него да ја искористи секоја педа, па го направил овој неверојатен подвиг. Сите ѕидови и мебелот во станот се поместуваат, благодарение на техника на лизгање, при што може да се добие спална соба, кујна, бања, гостинска соба, дневна соба, па дури и домашно кино. Вкупно можат да се направат дури 24 различни комбинации.Проектот кој Гери го нарекол „Home Transformer“ изгледа фантастично, но сепак има и свој недостаток. За неговото создавање тој потрошил повеќе од една година, а преуредувањето на апартманот го чинело 218.000 американски долари.rn
Кој не би ја посакал оваа моќна двојка? Компаниите „Дукати“ и „Мерцедес“ решија да сторат нешто посебно за нивните обожаватели пред крајот на оваа година, па за таа цел го искористија мото-шоуто во Болоња, каде што го открија својот нов феноменален проект.Од „Дукати“ го донесоа својот ѕвер, моделот „Streetfighter 848“, а од „Мерцедес“ елегантниот „SLK 55 AMG“. Двата модела обоени во жолта боја навистина ги воодушевија посетителите на настанот. Инспирирани од оригиналната боја на моделот на „Дукати“, од „Мерцедес“ се решени оваа боја да се најде на листата на опции достапни за купувачите на ова возило. Едноставно моќта и елеганцијата на двете возила примамува и тешко кој не би посакал да ги поседува во својата гаража. rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Децата, а особено тинејџерите, никогаш не ги слушаат советите кои им ги даваат нивните родители, баби и дедовци, бидејќи сметаат дека знаат сè и нема потреба ништо да им се објаснува. Но, Аргентинецот Чачо Пуебла, кој работи во маркетинг агенција во Мадрид, сфатил дека, како одминуваат годините, сè повеќе му ги кажува на неговиот син, истите совети кои ги сметал за неважни кога тој бил дете. Како што се навраќал кон спомените поврзани со вредностите на кои неговото семејство го учело, почнал да се запрашува какви совети би сакал да слушне поврзани со денешниот стил на живот.rnrn„Никогаш, ама баш никогаш не му дозволувај на партнерот да ја дознае твојата лозинка. Верувај ми.“rnrnЧачо ги искомбинирал талентот на неговата сестра за фотографија, прекрасните манекенски пози на неговата баба и неговата љубов кон типографијата и така го создал неговиот фантастичен проект „Grandmother Tips“ (Совети од баба). Советите се однесуваат на денешнава ера на технологии и социјални медиуми, кои се убаво дизајнирани на хартија, а позирањето на неговата „модерна“ баба, ги прави овие фотографии неверојатно слатки и интересни.rnrn„Немој да мислиш дека си фотограф, само затоа што користиш Инстаграм.“rnrn„Никогаш немој да играш 'World of Warcraft'. Многу, многу, многу е заразно.“rn
„Ја обожавам типографијата уште од кога бев дете. Сакав да направам нешто во врска со тоа. Фино е што на луѓето им се допаѓа.“
rn„На Вимео има подобар квалитет, но на Јутјуб има повеќе содржина.“rn
На прашањето, како неговата баба реагирала на овој проект и популарноста која ја стекнува, Чачо вели: „Таа е навистина среќна, но не бидејќи се гледа себеси на интернет (таа не ни знае што е тоа интернет)… но сака да го направи нејзиниот внук среќен, така што ќе му помогне околу работата на неговите проекти.“
rn„Синко, немој да твиташ, само колку да се рече дека си твитнал.“rnrnИ покрај тоа што неговиот проект ја потенцира разликата помеѓу генерациите, тој смета дека, во принцип нема толку големи разлики, освен во начинот на комуницирање.rnrn„Немој да купуваш апликација која има грдо лого.“rn
„Напредокот во технологијата и индустријата и промените во животниот стил, сигурно изгледале возбудливо и застрашувачки и порано, исто како што ни изгледаат нам сега, но сепак, преминувањето од радио на телевизија изгледа како помал чекор во однос на она што се случува сега. Мене ми изгледа како целата човекова раса да расте. Технологијата и новите начини на комуникација, социјализација и споделување, нè принудуваат да се втурнеме во нешто големо. Се надевам дека ваквиот начин на живот е чекор напред, бидејќи сум многу засрамен од она што ние, како човечка раса, сме го постигнале за сиве овие години и не сме еволуирале брзо како нашите пронајдоци.“
rn„Немој да веруваш во сè што ќе прочиташ и видиш на Википедија.“rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Фотографот Јан Фон Холибн е авторот на овој календар, при чија изработка учествувале стотици деца. Јан веќе го запознавме за неговиот проект наречен „Dreams of Flying“ (Соништа со летање), кој беше изработен за потребите на германското списание „ZEIT“. Овојпат интернационалната организација „Terre des Hommes“, која изработува проекти за подобрување на условите за живот на децата со посебни потреби, го најмила Јан за изработка на календар, од чија продажба, парите ќе се донираат за едно училиште во Виетнам.Сите деца кои учествувале во изработката на овој проект, доброволно ја „донирале“ својата енергија и слободното време за тој успешно да биде завршен. Ова се дел од неговите завршени фотографии и неколку од процесот на работа на проектот. Целиот календар изгледа фантастично, а може да се нарача онлајн.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Дали некогаш сте виделе помодерна библиотека од оваа? Корејскиот архитект Еун Јанг Ји победил на конкурсот, на кој биле пријавени 235 проекти и ја добил честа да ја изгради централната библиотека на Штутгарт, Германија. За изградбата на проектот биле потребни 3 години, а се потрошиле околу 108 милиони американски долари. Свеченото отворање се одржало минатиот месец.Дизајнот на Јанг Ји претставува голема коцка со девет ката над земјата и два под нивото на земјата. Скоро целата зграда е во бела боја, а на секој надворешен ѕид го пишува зборот „библиотека“ на 4 различни јазици. Средишниот дел од катовите е отворен и преку него сите девет катови се поврзани со скали. Библиотеката е фантастична и делува многу модерно и чисто. Дали вие би сакале нова модерна библиотека во вашиот град?Кога би ја споредиле со прекрасната библиотека на универзитетот во Амстердам, која ви се допаѓа повеќе?rnrn
Автор: Ивана ЛазороскаrnrnГерманскиот уметник Јан Ворман ги помина последните три години патувајќи по целиот свет, посветувајќи се на обновување рушевини. Интересно, но истовремено и чудно, е тоа што тој користи Лего коцки наместо малтер и тули.Почетокот на овој проект, наречен „Dispatchwork“ беше во Рим, а сега оваа сјајна шарена пластика краси многу градби низ светот.Пополнети се многу дупки останати како штета од Втората светска војна и тоа со помош на луѓе од секоја возраст. Во оваа акција доброволно биле вклучени деца, родители, баби и дедовци.Популарноста на овој проект растеше со брзо темпо, па луѓе од сите краишта секојдневно испраќаа слики од Лего-реконструкцијата.Во овој момент, овие Лего коцки ги красат Берлин, Амстердам, Белград, Сремски Карловци, Санкт Петербург, Цирих, Њујорк, Барселона, Тел Авив и други градови во светот.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
За уредување на домот, не се секогаш потребни многу пари. Со евтини материјали и малку креативност, можете да изработите кул предмети кои можат да имаат специфична функција и интересен дизајн.rnrnrnrnВо видеото во продолжение, Пјер Лота презентира 8 проекти кои можат да се направат за помалку од една минута, а за нивната изработка се користат рециклирани предмети. Идеите се одлични: вазна од шише и обична бела хартија, кафе-масичка од дрвена плоча и стаклени шишиња, картонска ламба…rnrnrnrnИмате ли вие направено нешто вакво?rnrn rnrn
Овој проект е дело на компанијата „Bliss Spaces“, а неговата реализација се наоѓа во северниот дел на Лондон. Уникатно замислениот проект го сочинуваат две приватни куќи, кои се на три ката, а секоја од нив е распослана на 370 метри квадратни. Во прекрасните дворови кои се наоѓаат зад градбата, двете куќи имаат и свое дополнително студио.rnrnrnrnКога на прв поглед ќе ги погледнете овие два дома, навистина е тешко да се поверува дека се изградени за само 6 дена. Сите материјали кои се употребени за куќите се монтажни, па така за нивната изградба биле потребни само 6 луѓе. При изведувањето на градежните методи и имплементирањето на целокупниот дизајн, биле применети најновите техники за енергетска ефикасност кога се во прашање огревот и осветлувањето на куќите. Двете куќи имаат подно греење, ЛЕД осветлување, дупли прозорци и камини во дневните соби.rnrnrnrn rnrn