Najmus Chowdry и Nils Remess од архитектонската фирма Znera Space осмислиле концепт кој во голема мера би го променил Дубаи. Станува збор за проектот Downtown Circle кој вклучува прстен висок 555 метри кој би ја опколил највисоката зграда во светот Бурџ Калифа.rnrnrnrnDowntown Circle е замислен како супер-ефикасен и самоодржлив урбан центар кој би се протегал на пет ката и кој би го променил начинот на кој луѓето живеат и функционираат во облакодери.rnrnЏиновскиот прстен со пречник од 3 километри би вклучувал станбени единици, деловни простории, угостителски објекти, но и културни места. Прстенот би содржел и зелен појас наречен Skypark кој би ги поврзувал катовите.rnrnSkypark ќе им овозможи на посетителите да посетат различни екосистеми на едно место – песочни дини, мочуришта, водопади и тропска вегетација. Тоа би претставувало еден вид „бели дробови“ во центарот на Дубаи.rnrnВо соработка со полската компанија Pictown, архитектите од Znera Space осмислиле и начин за поврзување на овој монументален простор во центарот на Дубаи. Од надворешната страна на прстенот патниците би се превезувале со трамвај кој би се движел со брзина од 100 километри на час, а патниците би уживале во спектакуларниот поглед на градот од 365 степени.rnrnОткако прочитавте за најновиот архитектонски проект во Дубаи, можеби ќе сакате да прочитате и за стариот дел од Дубаи кој потсеќа на не толку далечното минато.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr
Оваа фото-серија е приказна за природата и за луѓето. Според Маркус Аспегрен, фотографот зад овој проект, изработката му будела тешки емоции, но и позитивни. Тој со месеци бил прогонуван во соништата од овие мисли, на кои им дозволил да го мачат и во будните часови. Затоа и решил да направи нешто корисно од нив – тој собрал сила, време и пари и го почнал својот проект. Целта му била да ги разгори емоциите на публиката, со цел да отвори дискусија за загадувањето на водата. Погледнете ги неговите дела и дозволете му на овој фотограф да ви раскаже приказна за водите…rnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnПродолжува на следната страница…rn
Кога фотографката Хејли Морис-Кафиеро одлучила да направи фотографии од себеси во околина што ја правело да се чувствува непријатно, таа не очекувала дека ќе добие идеја за друг проект и дека токму тој ќе ѝ донесе светска слава. „Wait Watchers“ е социјален експеримент во форма на серија фотографии, собрани во една книга, што покажува како случајните минувачи реагираат на луѓето со прекумерна телесна тежина.rnrnrnrnВо 2010 година, кога фотографката правела портрет од себе на Тајмс Сквер, забележала маж што зјапал во неа додека таа позира за фотографијата. Го правел тоа некое време, па брзо ѝ станало јасно дека тој ја осудува за нејзината тежина.rn
„Имам слушано како луѓето прават забелешки за мојата тежина, но никогаш не очекував дека ќе го снимам тоа“, објаснува таа.
rnrnrnТака и настанала идејата да постави камера со статив на јавно место, каде што сметала дека ќе биде интересно и да направи фотографии од себе како прави сосема нормални нешта, како зборување на телефон или јадење сладолед. Таа не се дотерала, бидејќи не сакала алиштата да привлечат внимание, ниту пак правела нешто друго за да го привлече внимание на луѓето.rnrnrnrnПо објавувањето на фотографиите, таа добила многу коментари што ја охрабруваат да почне да вежба, да се труди повеќе при одлучувањето што да облече и можеби да почне да нанесува шминка за да не изгледа онака како што изгледа. Токму тоа ја инспирирало да продолжи со серијата фотографии и да сними што е можно повеќе реакции на странците, овој пат правејќи го тоа што Интернетот ѝ го сугерира. Резултатите биле повторно исти.rnrnrnrnФотографката, којашто се борела со нарушување на исхраната во минатото и што страда од хипотироидизам, вели дека не се грижи за тоа што луѓето го мислат за неа и дека целта на проектот не е да направи некого да се почувствува лошо.rn
„Не го правам ова од лутина. Гледам на проектот како на социјален експеримент. Тоа не е ‘те фатив на дело’ момент. Едноставно сакам да ја искористам камерата така што ќе го свртам погледот на странецот кон него. Ми делува на еден вид барометар за општеството“, објаснува таа.
rnrnrnПокрај многуте пофалби, фотографиите наишле и на контроверзниот во онлајн светот, бидејќи не сите го поддржува тоа што фотографката се обидува да го покаже. Додека фотографиите покажуваат дека случајните минувачи зјапаат во неа, никој со сигурност не може да каже дека тие погледи носат потсмев или осуда. Многумина сметаат и дека тие можеби биле љубопитни за тоа што се случува околу камерата и фотографката.rnrnrnrnПа, кои се вашите мислења за овој проект? Погледнете ги останатите фотографии на следната страница…rn
Чешкиот фотограф Јан Лангер направил неверојатен проект наречен „Лицата на векот“. Тој фотографирал луѓе кои живееле повеќе до 100 години и потоа ги споредувал фотографиите со оние од нивните домашни албуми. За време на фотографирањето тој ги прашувал овие луѓе како го гледаат животот низ годините кои ги преживеале. Повеќето од нив изјавиле дека времето се движи побрзо секоја година. Јан ги прашувал за осаменоста во староста, како и за сеќавањата кои засекогаш останале во нив. Тој сфатил дека дури и после 100 години, личноста и идентитетот на овие луѓе се исти како на првата фотографија.rn
1. Власта Чижкова, 23 години и 101 година
rnrnrnНа левата фотографија Власта само што завршила средно училиште. Подоцна работела како готвачка на аеродром. Сега живее во село, а во соседството се сите нејзини роднини. Таа е заинтересирана за политичката ситуација во светот. Понекогаш ја посетувале далечните роднини, но луѓето кои ѝ се блиски ги гледала речиси секој ден. Таа има многу неверојатни сеќавања. Таа се возела во камион кој го удрил синот на Рајнхард Хејдрих, заштитувала руски војници во нејзиниот дом по ослободувањето, нејзиниот син бил уапсен во 1948 година и читала нејзини поеми на свадби. Повеќе од сè, таа сака нејзиното семејство да биде заедно.rn
2. Мари Бурешова, 23 години и 101 година
rnrnrnТешко е да се поверува дека девојката во венчаница работела како касап. Денес таа живее во нејзината куќа сама, а нејзините ќерка, зет и внука ја посетуваат секој ден. Нејзиното најјасно сеќавање е национализацијата на нејзината компанија. Таа би сакала нејзиното семејство да се собира почесто.rn
3. Прокоп Вејделек, 22 години и 101 година
rnrnrnПрвата фотографија е направена додека бил во војска. Прокоп бил инженер, а сега живее на фарма која ја направила неговата ќерка. Луѓето кои му се најдраги, ќерка му, зет му и внукот, живеат веднаш до него. Тој признава дека омилено сеќавање од младоста му е вкусот на топлото козјо млеко. Прокоп на сите им посакува добро здравје и среќа.rn
4. Ана Почобрадска, околу 30 години и 100 години
rnrnrnАна работела на фарма, а сега живее во дом за старци. Најдобро се сеќава на периодот кога била млада и можела сама да се грижи за себе. Иако нејзината ќерка ја посетува секој викенд, таа се чувствува осамено. Таа сака да спие и вели дека еден ден сака да заспие и да не се разбуди.rnrnПродолжува на следната страница…rn
Обично транзицијата се одвива постепено, од ниту едно дете имате едно, па две. Ова ви дава време да се навикнете на хаосот. Но понекогаш луѓето се благословени со близнаци, па од ниту едно дете, веднаш имаат две, или повеќе. Во овој случај можете да почнете да паничите или пак, да се обидете да го извадите најдоброто од ситуацијата и да ги претворите животите на вашите деца во вистинска авантура со невозможни сценарија. Токму ова го направиле еден фотограф и неговата сопруга. Гај Вејнер сакал неговите деца да имаат најдобри фотографии. Проектот започнал со само една фотографија, но сега си има свој живот. Тој е наречен „Помогнете ни! Нашиот татко е фотограф!“ Уживајте во неверојатните фотографии.rn
Една жена добила интересна идеја за проект. Решила да го праша светот за вистинските приказни зад нивните фотографии на Инстаграм. Според неа, кога ја читала секоја приказна чувствувала олеснување. Ѝ станало јасно дека не е единствената личност која е несигурна и која се плаши. Проектот е наречен „Тоа што не го објавив на Инстаграм“ (#WhatIDidntPostonInstagram) и се состои од кратки есеи за вистинскиот живот и работите кои ги филтрираме пред да ги покажеме на надворешниот свет.rn
Луѓето се воодушевени од фотографиите со новороденчето
rnrn
„ Еве како навистина изгледаат првите недели од мајчинството. Бев премногу изморена дури и да си ги наместам прерамките на блузата.“
rn
Понекогаш користам тајмер за да се фотографирам
rnrn
„Можеби не се забележува, но овде сум сосема сама.“
rn
Понекогаш фотографијата е за личноста која ја објавува
rnrn
„Моето момче само што ми раскина и моите очи уште се црвени од плачење. Седев надвор, работев, се чувствував лошо, и решив да ја објавам фотографијата со инспиративна порака со надеж дека ќе ми биде подобро. Месеци подоцна повторно ја објавив фотографијата за да се потсетам дека преболувањето е возможно.“
rn
Не гледате сè што води до среќен момент
rnrn
„Мајка ми ја направи оваа фотографија и ми рече дека ова била мојата вистинска насмевка. Она што не го знаете е дека поминав 30 минути плачејќи пред да се сретнам со неа бидејќи ми го скршија срцето. Ми беа потребни неколку пијачки за да го издржам денот. Ова е среќен момент, но тој ден беше многу тежок, а никој не знае за тоа.“
rn
Ничиј живот не е совршен
rnrn
„Ова е погледот од домот на моите родители. Бев среќна што можев да живеам овде цело лето. Бев опкружена со прекрасно семејство, а сонцето постојано сјаеше. Но бев многу болна. И ментално и физички. Имам Кронова болест која се влоши ова лето. Едвај јадев. Бев премногу болна за да работам. Дури и станувањето од кревет ми беше тешко. Постојано бев анксиозна и депресивна. Погледот беше убав цело лето, но не можев да го видам бидејќи бев премногу зафатена со мојот ум и тело.“
Џон Теквреј е фотограф од Јужна Африка кој во 2010 година го започнал неговото неверојатно патување околу светот со цел да направи фотографии за проектот наречен „Проектот: Мојата соба“. Имено, тој поставувал фотоапарат на таванот од спалните соби на жителите од одредени места за да го претстави нивниот животен стил и културни карактеристики.rnrnБукурешт, РоманијаrnrnПовеќе од 1.000 луѓе од 55 различни земји учествувале во проектот. Погледнете некои од неговите највпечатливи фотографии кои можат многу да ви кажат за навиките на луѓето од земјите во светот…rnrn
„Ништо не е повидливо и ништо не е поприсутно од твоето отсуство.“ – Петре М. Андреевски
rnНема ништо потешко на светот од загубата на некоја блиска личност. Соочувајќи се со тоа болно чувство повеќе пати, фотографот Густаво Жермано посветил цел проект на луѓето кои исчезнале без трага во Аргентина и Бразил за време на периодот кога овие земји биле под власта на воените диктатури. Тој ги искористил фото албумите на 25 различни фамилии кои ги фотографирал на истите места години подоцна.rnrn1966 и 2006rnrnЕфектот е таков што веднаш ќе добиете впечаток дека постои нечие отсуство. Тоа е така бидејќи во сите фотографии ниту едно семејство не е останато целосно. Во текот на 7 години исчезнале околу 30.000 луѓе. Погледнете ги фотографиите од овој неверојатен проект кој ќе ве потсети дека сѐ се менува со текот на времето…rnrn
Книгата „Дневникот на хулиганот“ на Сашо Димоски е несекојдневен жанровски хибрид: проза во која има многу поезија, филозофски размисли, драмска предлошка и есеистички начин на пишување.rnrnrnrn„Дневникот на хулиганот“ не се состои само од издавање на книга, туку тоа е голем мултимедијален проект. Тој се реализира во неколку фази и тоа: радио драма, буто перформанс (што всушност е „естетика на грдото“ – дисциплина на источниот театар која се одликува со висока кодираност), издавање на книга и во тек е остварување на телевизиската фаза.rn
„Несомнено е дека главната и есенцијалната порака која останува по читањето на ‘Дневникот на хулиганот’ е дека преку љубовта, единствено и само преку неа растеме во нас, растеме за живот погоре, стремејќи се секогаш повисоко кон вечно доброто во нас, кон сето она што е за наше најголемо и највозвишено убаво и добро.“ – В. Зафирчев во поговорот на книгата
rnТешко е да се одберат и извлечат само неколку реченици од контекстот и тие да функционираат и циркулираат низ големите маси народ. Но, токму тоа и ја прави уметноста флуентна, односно дозволува една мисла да добие и други значења надвор од својот примарен контекст.rnrnВо продолжение извадоци од книгата кои ќе ви ги згреат и разнежнат душите.rn
„Така настанува вечноста – заради луѓето, течењето и значењето, исто како човекот кој се буди го осознава денот, заради различното присуство на светлост во неговото опкружување и така секој темен ден станува видлив и во видливоста се гледа некој случаен човек кој му дава смисла на времето тој ден: затоа само светлината е мерлива тој ден, а мракот присутен.“
rn
Љубовта мора да има двајца кои балансираат на краевите, колку она што е на средината меѓу нив никогаш да не се растури, туку само да се шири во таа најголема возможна оддалеченост меѓу тие двајца кои балансираат на краевите да се најде најголемата блискост.“
rn
„Верувам во ѕвезди, сништа и толкава среќа само затоа што среќата и љубовта се најуниверзални принципи според кои може да се живее, а ѕвездите се во сите нас.“
rn
„Јас секогаш ги препишував своите стихови во нејзините очи само затоа што во нив беше испишана онаа азбука која ја разбира сиот свет и која нема потреба од толкување.“
rn
„Ќе ти кажам дека сепак се плашат храбрите, оние за кои денот е најдолг.“
rnrnrn rn
„Добиваме колку што заслужуваме, а ако денот е расположен добиваме насмевка плус.“
rn
„Се вљубуваме во случајните неправди кои времето им ги носи на другите луѓе: за една љубов да постои мора друга претходно да умре.“
rn
„Кога еднаш ќе се скрши, не се лепи. Ако зарасне, ќе зарасне со деформитет. Ќе биде искривена. Сосема крива љубов, која ја завлекува ногата кога се движи. Излезена. Отпорна на добрина. Љубов со исчашен врат, со криви очи и испружена рака во празно. Иста љубов не може други луѓе исто да ја љубат, станува и самата отпорна на сакање.“
rn
„Празниот простор има една намена: да се пополни.rn Празното срце има една намена: да преживее.“
rn
„Со затворени очи верувај му на оној кој ја живее твојата љубов за него. Со затворени очи оди по работ на најголемата височина: ако паднеш ќе паднеш само во чиста љубов, а тоа е најдобрата работа која може некогаш да ти се случи.“
rn
„Мислев дека ја имам само таа љубов. Мислев дека нема никогаш да можам да припаѓам никаде на друго место, ниту во еден друг сон, ниту во кој било град. Кога таа љубов престана да биде, помислив дека престанав да сум. Денес знам дека таа љубов постоела за да постои некоја поголема по неа, некоја која ќе вреди колку цел еден живот кој претходел. Љубовта која доаѓа мора да се пушти да влезе, колку да се види дека постои поголем сон од оној кој се разводнил и се слеал заедно со некој случаен дожд.“
rn
„- Знаеш што е љубовта драг мој? – Ме прашаrn – Многу нешта – одговорив насмеано.rn – Љубовта е просто поклопување – рече.rn – Поклопување?rn – Да. Кога ќе го најдеш местото за својата глава на рамото на оној некој. Кога ќе ти се поклопи главата во малата вдлабнатина на нечие рамо.“
rnrnrn rn
„Мирисаше на утро во кое се разлеваат сите нешта кои му се потребни на денот за да биде совршен.“
rn
„Човек не може да има повеќе кога има сè.“
rn
„Треба да се умре како посреќен човек, а за тоа се потребни сите тажни моменти, колку јасно да се разделат емоциите.“
rn
„Кога кафето се пие студено никогаш не се ужива во пареата. Испарувањето, дури и она на луѓето, е процес кој се консумира на различни начини: пареата може да предизвика најлоши изгореници и прекрасни сетилни задоволства.“
rn
„Често во еден прост ден се случува сиот живот и животите кои треба да бидат во тој ден.“
rn
„Хулиганите ги има насекаде по светот. Тие се луѓе со стари очи чија човечка форма променила многу облици пред да биде таква каква што е денес. Луѓе со многу вистини под прстите. Со многу големи сништа. Со цели вселени по џебовите.“
Дизајнерското студио „DesignDevelop“ од Словачка е креатор на брилијантен проект со кој двостраните билборди покрај патиштата се искористуваат како мали компактни домови за бездомниците.rnrnrnrnАпартманот е изграден во рамките на триаголната структура што ја формираат двостраните билборди кои овозможуваат да се гледаат реклами од двете страни на патот. На тој начин, големината на страните, а со тоа и на рекламите, не се менува, туку само се користи екстериерот на конструкцијата во рамките на која се дизајнира апартманот. Тој пак е составен од ходник, кујна, мал работен простор, кревет подигнат на скали кои имаат функција на плакар и купатило.rnrnПроектот „Грегори“ овозможува оптимизација на конструкцијата која ги држи билбордите. Овој дом би имал сосема мали трошоци за одржување кои би можеле делумно да се покриваат со изнајмување на просторот за огласување.rnrn„Грегори“ е отворен проект, што значи дека неговите креатори дозволуваат да го менувате и надополнувате, како и да го примените во својот град. Изводливоста е загарантирана со фактот дека до билбордите веќе е спроведена електрична струја која се користи за нивно осветлување, па преостанува да се реши поврзувањето за довод и одвод, што во Словачка е прилично едноставно.rnrnrnrn rnrn