КАФЕ ПАУЗА

Tag: проект

  • Можете ли да го пронајдете кучето на фотографииве?

    Можете ли да го пронајдете кучето на фотографииве?

    Графичкиот дизајнер Ендру Кнеп од Онтарио, Канада ви поставува интересен предизвик: пронајдете го Момо, неговото четири и пол годишно куче од расата Бордер коли, кое се крие во овие фотографии. 🙂 rnrnМожете ли да го пронајдете кучето на фотографииве?rnrnЗа разлика од другите кучиња, Момо се обидува да се скрие кога фаќа стапчиња, па затоа Ендру решил да започне да го фотографира. Најпрвин, овие фотографии биле наменети за забава на неговите малечки внуци и внучки, но откако објавил една фотографија на Инстаграм, добил огромно глобално внимание. rnrnМожете ли да го пронајдете кучето на фотографииве?Можете ли да го пронајдете кучето на фотографииве?rnrnСо тек на време, Ендру направил и блог за да ги објавува фотографиите кои ги прави со Момо, а во моментов работи и на објавување на неговата сликовна книга од 100 страници со овие фотографии. Книгата веројатно ќе стане хит, со оглед на топлото добредојде кое овој проект го пречека на интернет. Ѕирнете вие на колку фотографии ќе успеете да го лоцирате Момо и пишете во коментар. :)rnrnМожете ли да го пронајдете кучето на фотографииве?Можете ли да го пронајдете кучето на фотографииве?Можете ли да го пронајдете кучето на фотографииве?Можете ли да го пронајдете кучето на фотографииве?Можете ли да го пронајдете кучето на фотографииве?Можете ли да го пронајдете кучето на фотографииве?Можете ли да го пронајдете кучето на фотографииве?Можете ли да го пронајдете кучето на фотографииве?Можете ли да го пронајдете кучето на фотографииве?Можете ли да го пронајдете кучето на фотографииве?Можете ли да го пронајдете кучето на фотографииве?Можете ли да го пронајдете кучето на фотографииве?Можете ли да го пронајдете кучето на фотографииве?
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Луѓе кои меѓусебно не се познаваат, а изгледаат како близнаци

    Луѓе кои меѓусебно не се познаваат, а изгледаат како близнаци

    Верувале или не, луѓето на следните фотографии не се во никакви роднински врски. Иако изгледаат како близнаци, тие воопшто не се ни познаваат. Станува збор за проектот „I’m not a look-alike“ на Канаѓанецот Франсоа Брунел (Francois Brunelle), чија цел е да пронајде и фотографира 200 двојници со различно потекло, од различни краеви на светот.rnrnЛуѓе кои меѓусебно не се познаваат, а изгледаат како близнациЛуѓе кои меѓусебно не се познаваат, а изгледаат како близнациrnrnСо проучување на карактеристиките на човечкиот лик, Франсоа се занимава уште од 1968 година, односно од 18-годишна возраст. Тој подготвува книга во која ќе ги објави резултатите од овој проект. Па, би учествувале ли и вие во него? Верувате ли дека некаде далеку живее вашиот двојник или пак, можеби веќе налетавте на него? :)rnrnЛуѓе кои меѓусебно не се познаваат, а изгледаат како близнациЛуѓе кои меѓусебно не се познаваат, а изгледаат како близнациЛуѓе кои меѓусебно не се познаваат, а изгледаат како близнациЛуѓе кои меѓусебно не се познаваат, а изгледаат како близнациЛуѓе кои меѓусебно не се познаваат, а изгледаат како близнациЛуѓе кои меѓусебно не се познаваат, а изгледаат како близнациЛуѓе кои меѓусебно не се познаваат, а изгледаат како близнациЛуѓе кои меѓусебно не се познаваат, а изгледаат како близнаци
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Јавни исповеди за најинтимните тајни

    Јавни исповеди за најинтимните тајни

    Знаете како велат, што се случува во Вегас, останува во Вегас? Но, што ако имате можност со целосна дискреција да погледнете во тајниот живот на луѓето околу вас? „Исповеди“ е јавен артистички проект кој ги повикува луѓето анонимно да ги споделат своите исповеди и да ги разгледаат оние на луѓето околу нив во срцето на Лас Вегас.ИсповедиКако стажист во хотелот Космополитен во Вегас, Кенди живеела таму еден месец и за тоа време ја претворила нивната галерија во место каде што секој ќе може да ги сподели своите најдлабоки мисли и грижи. Инспирирана од проектот „Post Secret“, светите Шинто ѕидови за молитви и католицизмот, таа создала место каде што луѓето ќе можат да ги напишат своите исповеди на дрвени плочи, приватно во исповеднички кабини. Потоа таа ги закачува анонимните плочки на ѕидовите во галеријата и дел од нив ги црта на големи платна. Во галеријата исто така е пуштена оригинална мисловна музика од Оливер Бленк. ИсповедиИсповедиИсповедиПри крајот на изложбата, преку 1.500 исповеди биле изложени на ѕидовите кои рефлектирале најразлични видови емоции:rn

      rn011

    • Твоето име е истетовирано на мојот задник.
    • rn011

    • Сè уште ја сакам. И по 2 девојки и 5 години.
    • rn011

    • Сакам порно филмови повеќе од мојот маж.
    • rn

    rnИсповедиrn

      rn011

    • Му продавав хероин на мојот пријател и тоа му го уништи животот.
    • rn011

    • Се плашам дека ќе умрам млада како мајка ми.
    • rn011

    • Јадам премногу кашкавал.
    • rn

    rnИсповедиrn

      rn011

    • Имам 30 години и никогаш не сум доживеала оргазам.
    • rn011

    • Украдов преку 15.000 долари од компанијата во која работам.
    • rn011

    • Не знам што правам, а времето ми истекува…
    • rn

    rnИсповедиИсповедиИсповедиИсповедиИсповедиИсповедиИсповедиИсповедиИсповедиИсповедиИсповедиИсповедиИсповедиИсповеди
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Музички инструмент од 21 лулашка

    Музички инструмент од 21 лулашка

    Секоја пролет, во прометната област во делот за спектакли во Монтреал се поставува некаква интерактивна музичка инсталација која притоа предизвикува колективен ритуал. Овие несекојдневни проекти овозможуваат нова гледна точка на идејата за соработка и на мислата дека можеме да постигнеме многу повеќе групно отколку индивидуално.Интерактивен музички проект со лулашкиОваа година Daily Tous Les Jours, направиле огромен инструмент кој е составен од 21 музичка лулашка. Секоја од нив при движење создава различни ноти и кога тие се употребуваат кооперативно се создава прекрасно музичко дело. Погледнете го видеото за да видите како поточно функционира овој музички инструмент:rn

    rnИнтерактивен музички проект со лулашкиИнтерактивен музички проект со лулашкиИнтерактивен музички проект со лулашкиИнтерактивен музички проект со лулашкиИнтерактивен музички проект со лулашки
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што се случува со култните британски црвени говорници?

    Што се случува со култните британски црвени говорници?

    Надалеку препознатливите црвени телефонски говорници кои можат да се сретнат само во Велика Британија пополека почнуваат да исчезнуваат. Но сепак, благодарение на локалните заедници и на компанијата „British Telecom“ стотици од нив почнаа да се реупотребуваат, само да се зачуваат овие иконски споменици.Што се случува со култните британски црвени говорници?Во 2002 година, на улиците низ Велика Британија имало 92.000 јавни говорници. Оваа бројка денеска е падната до 51.500, од кои само 11.000 се од традиционалните црвени говорници. Во последните 20 години, компанијата повлече илјадници говорници низ целото кралство, бидејќи луѓето почнаа да комуницираат преку мобилни телефони и преку интернет.Што се случува со култните британски црвени говорници?Но, за многу гратчиња и села, овие црвени говорници се дел од историјата, традицијата и идентитетот. Па така, за да не бидат демолирани или повлечени од компанијата, во 2009 година „BT“ започна проект наречен „Adopt a kiosk“. Овој проект дозволуваше локалните заедници да ги присвојат говорниците во нивното подрачје, плаќајќи само 1 фунта и да ги претворат во нешто друго, по нивна желба. Така компанијата кога ќе добие барање за сопственост, од кабините го вади само телефонот. Оттогаш до денеска купени се околу 1.500 говорници, кои се претворени во галерии, чајџилници, цвеќарници, продавници за овошје и зеленчук, но дефинитивно најмногу се користат за создавање јавни библиотеки.Што се случува со култните британски црвени говорници?Што се случува со култните британски црвени говорници?Повеќето од овие библиотеки се постојано отклучени и секој може да дојде да земе книга или некое дивиди за гледање, а за возврат мора да донесе нешто свое и да го остави во библиотеката. Сите книги, касети, цедеа и магазини се донација од граѓаните кои живеат во близина на овие интересни поранешни говорници.rnrnОвие црвени говорници се симбол на британската култура уште од 20-тите години на минатиот век, а локалните заедници се трудат повторно да ги употребат, иако во нив повеќе нема телефони.Што се случува со култните британски црвени говорници?Што се случува со култните британски црвени говорници?
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Корисни совети за социјалните мрежи од една бабичка

    Корисни совети за социјалните мрежи од една бабичка

    Веќе имавме можност да прочитаме за одличниот проект на Чачо Пуебла наречен „Grandmother Tips“ кој привлече огромно внимание ширум светот, па поради тоа тој решил да состави и втор дел од интересните и незаборавни совети од неговата баба.rnrn

    Корисни совети за социјалните мрежи од една бабичка
    „Никогаш не купувајте го првиот продукт од Епл, почекајте да ги поправат грешките во следниот модел.“
    rn
    rn

    „Отсекогаш сум сакал да го кажам ова: Се враќаме поради барањето на јавноста! Поради големиот успех ќе споделиме нови совети со вас. Но, овој пат сакам да биде многу поинтерактивно. Па ако имате некои совети од вашата баба, слободно споделете ги со нас на нашата фан-страна на Фејсбук,“ вели Чачо Пуебла.

    rn

    Корисни совети за социјалните мрежи од една бабичка
    „Запомни синко: вистинските пријатели никогаш не пишуваат среќен роденден на твојот ѕид.“
    rnrn
    Корисни совети за социјалните мрежи од една бабичка
    „Немојте да мислите дека сè што ќе напишете на вашиот блог може да се смета за литература.“
    rnrn
    Корисни совети за социјалните мрежи од една бабичка
    „Не грижете се за тоа колку пати ви ја виделе содржината, коментарите се многу, многу, многу поважни.“
    rnrn
    Корисни совети за социјалните мрежи од една бабичка
    „Оние кои имаат статус – комплицирано е, сакаат да кажат дека бараат нешто подобро.“
    rnrn
    Корисни совети за социјалните мрежи од една бабичка
    „Верувајте ми, следачи не значат пријатели. И обратно.“
    rnrn
    Корисни совети за социјалните мрежи од една бабичка
    „Запомнете дека луѓето кои имаат смајлиња за фотографија на профилот се воглавно грди.“
    rnrn
    Корисни совети за социјалните мрежи од една бабичка
    „Никогаш, никогаш не лајкнувајте си го својот статус. Тоа ве прави да изгледате очајни за внимание.“
    rnrn
    Корисни совети за социјалните мрежи од една бабичка
    „Не е важно што велат, вашите деца нема никогаш да ви бидат пријатели на ниедна социјална мрежа.“
    rnrn
    Корисни совети за социјалните мрежи од една бабичка
    „Девојките спијат со момци кои употребуваат Фотошоп, но се мажат со оние кои работат во Ексел.“
    rnrn
    Корисни совети за социјалните мрежи од една бабичка
    „Не мислете дека копчето Reload има моќ да го забрза времето.“
    rnrn
    Корисни совети за социјалните мрежи од една бабичка
    „Слушај синко: Tвитер – тоа се само Фејсбук статуси кои се обидуваат да звучат фенси.“

    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Супер Марио во мисија против пушењето

    Супер Марио во мисија против пушењето

    Инспириран од Супер Марио, украинскиот уметник Герман Љутаев изработил фантастична уметност, преку која испраќа силна порака до пушачите. На исклучително креативен и забавен начин, ги предупредува дека со прекумерното конзумирање цигари брзо ќе стигнат до „крајот на играта“. Станува збор за неговиот најнов проект, наречен „No games for smokers“.Супер Марио во мисија против пушењетоСупер Марио во мисија против пушењето
    rn

    „Ова е некомерцијален проект, кој го создадов чисто за забава. Идејата е да се применат елементи од добро познатите игри, како предупредување за пушачите. Се надевам, се забавувате! :)“, вели Љутаев за ваквиот уметнички потег.

    rnСупер Марио во мисија против пушењетоСупер Марио во мисија против пушењетоСупер Марио во мисија против пушењетоСупер Марио во мисија против пушењетоСупер Марио во мисија против пушењето
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неверојатни фотографии од Њујорк од 19 и 20 век

    Неверојатни фотографии од Њујорк од 19 и 20 век

    Одделот за Записи од Њујорк објави онлајн-база на податоци со над 870.000 стари фотографии од градот Њујорк во периодот од 19 и 20 век. Овој проект го подготвувале околу 4 години – започнувајќи со избирањето, развивањето и скенирањето на фотографиите, па сè до нивното „закачување“ онлајн и додавање краток опис под секоја фотографија. Тие завршиле одлична работа со оваа интересна колекција од досега необјавени фотографии од Њујорк. Еве и еден мал дел од нив:rnrn

    Неверојатни фотографии од Њујорк од 19 и 20 век
    5 јуни 1908 – Прва етапа од изградбата на мостот Менхетен
    rnrn
    Неверојатни фотографии од Њујорк од 19 и 20 век
    7 октомври 1914 – Молери на жиците на мостот Бруклин
    rnrn
    Неверојатни фотографии од Њујорк од 19 и 20 век
    29 јуни 1908 – Работници работат на улицата Диланси на Долната Источна Страна од Менхетен
    rnrn
    Неверојатни фотографии од Њујорк од 19 и 20 век
    22 декември 1936 – Човек застанува да го види погледот од мостот Џорџ Вашингтон
    rnrn
    Неверојатни фотографии од Њујорк од 19 и 20 век
    2 октомври 1930 – Работници поставуваат нов пат на 28-мата улица
    rnrn
    Неверојатни фотографии од Њујорк од 19 и 20 век
    18 мај 1940 – Човек чита весник на аголот од 40-та улица и 6-та Авенија. Веста на денот била „Нацистичката војска се наоѓа на 75 милји од Париз“.
    rnrn
    Неверојатни фотографии од Њујорк од 19 и 20 век
    30 септември 1936 – Бејзбол легендата Бејб Рут дели автограми на возбудените фанови за време на првата игра од светската серија во 1936 година
    rnrn
    Неверојатни фотографии од Њујорк од 19 и 20 век
    1940 – Њујорчани пливаат во јавниот базен Асториа, а во позадина се забележува мостот со шини Хел Гејт
    rnrn
    Неверојатни фотографии од Њујорк од 19 и 20 век
    Непозната дата – Возот од третата Авенија поминува покрај Градското Собрание
    rnrn
    Неверојатни фотографии од Њујорк од 19 и 20 век
    1937 – Главната Централна Станица како што се гледа од познатиот бар Кампбел Апартмент
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • По што најпрво би посегнале во случај на пожар?

    По што најпрво би посегнале во случај на пожар?

    Скромни, фалбаџии, сентиментални, практични…, различни сме дури и во неволја. Во тоа ќе се уверите и преку проектот „The Burning house“, кој ни поставува хипотетичко, но многу едноставно и добро прашање: „Што би понеле со себе, ако избувне пожар во вашиот дом?“ Идејата е генијална, а одговорите шаренолики.rnrnПрочитајте како на оваа тема размислуваат луѓе од различни делови на светот, на различна возраст, со различна професија…rn
    rn

    1. Брет Роговски

    rn

      rn011

    • Години: 38
    • rn011

    • Живеалиште: Пенсилванија, САД
    • rn011

    • Професија: програмер, фотограф
    • rn

    rnВо случај на пожар, по што најпрво би посегнале? rnrnЛиста: џебно ноже, дрвен украс – татко со бебе (имавме проблеми со зачнувањето на првото дете, затоа овој подарок ми е од особена важност), медали од многу маратони, паричник, моите омилени Мизуно чевли, облека за моите две девојчиња, медицинска цуцла, хартиено маче – Paper mache cat (по едно вакво имавме јас и сопругата кога се сретнавме), мојата гитара (единствениот предмет кој го чувам повеќе од 15 години), вино од 2008 година (од денот кога се роди мојата ќерка), моето верно куче Gimli, пиротехника, кутија со различни цвеќиња (што ми ги подари сопругата пред повеќе од 11 години), црвен пипер, очила, моето омилено пенкало, мемориските картички, ајфон, ајпад, фотоапарат Canon 40D, 50 милиметарски и 125 милиметарски објективи, компјутер Dell 2600 (мојот живот е речиси комплетно дигитализиран во моментов), монохроматска слика од 2005 година.rn
    rn

    2. Алекс Боениш

    rn

      rn011

    • Години: 23
    • rn011

    • Живеалиште: Филаделфија, Пенсилванија
    • rn011

    • Професија: графички дизајнер
    • rn

    rnВо случај на пожар, по што најпрво би посегнале? rnrnЛиста: фотоапарат Canon Rebel Eos T2i со Tamron 17-50 милиметарски објектив (со него фотографирам), пиштол Sig Sauer P226 (Dark Elite), инхалатор (ќе ми треба после ползењето низ чадот), преклопен нож, мултифункциско ноже, омилената фотографија со мојата девојка, клучеви, визит карти, паричник, стара фотографија од дедо ми и неговиот автомобил, фотографија од баба ми (која ја направил дедо ми), обичен мобилен телефон, а не ајфон. Чудно, нели? 15-инчен лаптоп Macbook Pro.rn
    rn

    3. Кери Пол

    rn

      rn011

    • Години: 19
    • rn011

    • Живеалиште: Њу Џерси
    • rn011

    • Професија: сè уште е студент
    • rn

    rnВо случај на пожар, по што најпрво би посегнале?rnrnЛиста: сите луѓе и домашни миленичиња, велосипед, виолина, првото издание на речникот Вебстер од 1930 (подарок од дечко ми), платна, четки, маслени бои, лаптоп, мојот портокалов паричник, телефон, ајпод, очила, бисерен ѓердан и обетки од прабаба ми, бројаница што ѝ припаѓала на баба ми, прстен од кожа (ми го направи мајка ми), полароид фотографија од моето куче, обувки за планинарење, чантата на мајка ми (купена е во источен Берлин, пред падот на Берлинскиот ѕид), две од моите омилени плишани играчки, стари каубојски чизми од мојата мајка.rn
    rn

    4. Кејт Мекаули

    rn

      rn011

    • Години: 36
    • rn011

    • Живеалиште: Австралијка која моментално живее во Лондон
    • rn011

    • Професија: писател
    • rn

    rnВо случај на пожар, по што најпрво би посегнале?rnrnЛиста: мачка, скршена школка (првото нешто кое мојот сакан ми го подари по кусо време откако се запознавме во Порт Морезби, Папуа, Нова Гвинеја), потоа жад и сребрени обетки (исто така, подарок од мојот сакан, купени се во Мускат, Оман), сребрена нараквица (повторно подарок од него, купена е на пазар во Дуала, Камерун), копии на баба ми од делата на Оскар Вајлд, брезлетна од пазар во Кипар (подарок од саканиот), растенија од градината на мајка ми во Сиднеј и од мојот двор во Дубаи, орхидеите што ги добив за роденденот, еден куп бележници (во кои ги запишувам моите планови и прозата за моите новели), лаптоп Macbook Pro (во него се сместени мојот речиси завршен роман, фотографии и музика), ајфон, бронзена статуетка (купена во Дуала, Камерун), сребро, зелена ткаена шапка од Сиднеј, врамени фотографии од мене и од саканиот (сликани сме кај Гранд Кањон и пред Лувр), кактуси од Икеа.rn
    rn

    5. Марта Васакс

    rn

      rn011

    • Години: непознато
    • rn011

    • Живеалиште: Сан Франциско
    • rn011

    • Професија: инвеститор/колекционер
    • rn

    rnВо случај на пожар, по што најпрво би посегнале?rnrnЛиста: уметничка слика од боксер од 1935 година, две стаклени човечиња (подарок кој го купив за мојот татко), сет од моливи од Tombow, стари фотографии и фотографии за лична карта, материјал за цртежите на коишто работам во моментот, папка со скици од завршени портрети, моите чизми, ајпад 2 со слушалки и ајфон.rn
    rn

    6. Кристијан Барон

    rn

      rn011

    • Години: 39
    • rn011

    • Живеалиште: Бон, Германија
    • rn011

    • Професија: фотограф
    • rn

    rnВо случај на пожар, по што најпрво би посегнале?rnrnЛиста: моите омилени плочи (Kraftwerk, Kruder & Dorfmeister, Stone Roses, Dj Shadow, Pixies, Smiths, Blumfeld), часовник, телефон, хард диск со поголемиот дел од моите фотографии, мојот leica М7 со 35 милиметарски објектив, еден долар (којшто ми остана од моето прво патување во САД од пред 20 години), омилениот ремен, фармерки ramone (не се прикажани на фотографијата, бидејќи во моментот ги носам на себе), шише џин (ограничена серија), збирка од моите омилени испечатени фотографии, емулзија, мојот Hasselblad со 80 и 180 милиметарски објективи и две папки со најважните негативи.rn
    rn

    7. Матео Сартори

    rn

      rn011

    • Години: 44
    • rn011

    • Живеалиште: Торино, Италија
    • rn011

    • Професија: фотограф, програмер
    • rn

    rnВо случај на пожар, по што најпрво би посегнале?rnrnЛиста: лаптоп, надворешен хард диск, телефон, мојата музика, најновите книги (оние кои сè уште не ми се прочитани), моите патувачки записи, неколку семејни фотографии, пасош, удобна облека и обувки, паричник, батериска ламба, повеќенаменско џебно ноже, камера.rn
    rn

    8. Емили Лорк

    rn

      rn011

    • Години: 30
    • rn011

    • Живеалиште: Далас, Тексас
    • rn011

    • Професија: блогер, писател
    • rn

    rnВо случај на пожар, по што најпрво би посегнале?rnrnЛиста: забавни игри од детството (за носење), омилената чаша за кафе, пасоши, гитарата Гибсон од 1962 година (од мајка ми), омилен ремен, изводи на родените и на венчаните, машина за пишување „Royal Quite Deluxe“ од 1941 година (подарок од драги пријатели), лаптоп Macbook, ајфон, паричник, клучеви, чековна книшка, античка виљушка од коска (подарок од татко ми), кутија со рецепти и книга на баба ми, кожен дневник (со писмата од мене и мојот сопруг, кои си ги пишувавме еден на друг во изминатите 5 години), сина марама од мајка ми (од 1960 година), омилениот соларник и сад за црн пипер (ме потсетуваат на мојата сестра близначка), старомоден сад (подарок од мајка ми), античка кутија со пари (со заштедата за 25-годишнината од нашиот брак), фотоапарат Canon 40D (со него ја направив и оваа фотографија).rn
    rn

    9. Роан Андерсон

    rn

      rn011

    • Години: 35
    • rn011

    • Живеалиште: Баларат, Австралија
    • rn011

    • Професија: фотографија и дизајн
    • rn

    rnВо случај на пожар, по што најпрво би посегнале?rnrnЛиста: Часовник за нуркање Никсон, јапонски нож со коскена дршка (го поседувам цели 22 години), батериска LED ламба, ајфон, фотоапарат Nikon и објектив од 50mm f/1.4, 500 гига хард диск, лаптоп Macbook, очила (не гледам без нив), нож, CZ 22 Магнум (омилено оружје за лов), фармерки G-Star и јакна Barbor.rn
    rn

    10. Дејвид Когинс

    rn

      rn011

    • Години: непознато
    • rn011

    • Живеалиште: Њујорк
    • rn011

    • Професија: писател, сценарист
    • rn

    rnВо случај на пожар, по што најпрво би посегнале?rnrnЛиста: првото издание од Големиот Гетсби, две добри пенкала, отворач за шише, часовник, држач за цигари, матарка, омиленото англиско одело, чевли, вратоврска, антички казино чип, картичка за телефон, календар Smythson (п.с. килимите на фотографијата не се вклучени).rn
    rn

    11. Рајли Мекмастер

    rn

      rn011

    • Години: 22
    • rn011

    • Живеалиште: Ванкувер, Канада
    • rn011

    • Професија: нема (невработен)
    • rn

    rnВо случај на пожар, по што најпрво би посегнале?rnrnЛиста: Ако мојата куќа се запали, ќе се обидам да зграбам парче пица од фрижидерот. Пламените јазици можат само да го испечат.  И додека седнат во тревникот набљудувам како се кремираат сите мои животни колекции и куп непотребни работи, ќе се тешам со вкусното парче пица. :-)rn
    rn

    12. Кенис Милер

    rn

      rn011

    • Години: 16
    • rn011

    • Живеалиште: средношколец на размена во Загреб, Хрватска (доаѓа од САД)
    • rn011

    • Професија: нема
    • rn

    rnВо случај на пожар, по што најпрво би посегнале?rnrnЛиста: дневник (мојот живот во една книга), шапка од H&M, омилените чевли, чевлите за балет, Nikon D3000, моите зум објективи, Minolta XG-M, мобилен телефон, марама, кафена кожена јакна (не е прикажана на фотографијата), пасош (имам големи амбиции, сакам да ги посетам сите места во светот… не можам да бидам долг период на една локација).rn
    rn

    13.  Викторија Торн

    rn

      rn011

    • Години: 52
    • rn011

    • Живеалиште: Калифорнија
    • rn011

    • Професија: мајчинство, уметник
    • rn

    rnВо случај на пожар, по што најпрво би посегнале?rnrnЛиста: децата, нивните уметнички дела, полароид од најмладот син (фотографиран на 3-годишна возраст), омилените книги (мои и на сестра ми), книга од мајка ми, торбата со мапи на татко ми, белегзија од еден пријател, брош направен од мојата прабаба, кучето, фотографии, намирници, прстен… Но, на крајот на краиштата, сè што навистина ви треба е љубов.rn
    rn

    14. Хариет Хортон

    rn

      rn011

    • Години: 24
    • rn011

    • Живеалиште: Лондон
    • rn011

    • Професија: препаратор на животни
    • rn

    rnВо случај на пожар, по што најпрво би посегнале?rnrnЛиста: мојата девојка (не е на фотографијата), препариран Феникс, лаптоп, ајпод, слушалки, Блекбери, паричник, скулптура од светицата Фатима, фотографии од детството, чевли.rn
    rn

    15. Памела Лопс

    rn

      rn011

    • Години: 33
    • rn011

    • Живеалиште: Париз, Франција
    • rn011

    • Професија: дизајнер
    • rn

    rnВо случај на пожар, по што најпрво би посегнале?rnrnЛиста: водич за тоа како да се изгради дрвена куќа, чекан, кабел, клинци, стари фотографии од семејството и од пријателите.rnrnПроектот е отворен и за вашите одговори, кои слободно можете да ги споделите и тука со нас…rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Потера (The Chase)

    Потера (The Chase)

    „Потера“ е 13-минутна 3Д анимирана акција од Clawer Films. Зборува за едноставноста на професијата платен убиец, но и за тоа дека работите никогаш не се одвиваат според очекуваното. Филмчето е во режија на 25-годишниот самоук 3Д уметник Томас Вергара од Чиле.Потера (The Chase)Вергара себеси се нарекува филмски фанатик. Од следната изјава, ќе видите и зошто:rn
    rn

    „Ја напуштив работата за да го создадам „The Chase“, мојот прв личен проект на кој работев во изолирана кабина во шумата, со многу чај и во друштво на имагинарни пријатели. Ми беа потребни шест месеци за да го направам филмот, но поради бавното рендерирање, тој комплетно беше готов за осум. Буџетот ми беше 700 долари“.

    rnАко сте љубители на малку акција, погледнете го неговиот труд, навистина заслужува.rn

    rnЗа целокупната работа околу проектот, за тоа како ја направил оваа 3Д анимација, тој несебично зборува на неговиот веб сајт.rn
    rn

    „Сакам да ги споделам информациите за правењето на овој филм, со надеж дека ќе се забавувате или можеби ќе ве инспирираат да направите нешто свое. Кој знае. Всушност станува збор за прилично кул работа. Во потерата се вклучени четири ликови. Сите се дизајнирани од Маурицио Галвез, најголемиот уметник кој го имам запознаено“, вели младиот режисер.

    rnПотера (The Chase)Потера (The Chase)Потера (The Chase)Потера (The Chase)Во оваа 3Д анимирана акција нема да слушнете ниту збор од ликовите, но ќе уживате во ефектите и во музиката на Џеј Тејлор.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.