КАФЕ ПАУЗА

Tag: предмети

  • Оставете го бебето да ги става играчките во уста

    Оставете го бебето да ги става играчките во уста

    Доенчето има вродена потреба со усните и јазикот да ги истражува предметите, па затоа експертите ги советуваат родителите ваквото однесување да не се ограничува или забранува. Поголемиот дел од родителите не сакаат кога детето ги става предметите и играчките во уста. Во тој момент гледаат што побрзо да им го тргнат предметот од уста, сметајќи дека тоа е нехигиенски, дека детето може да се разболи, а присутен е и страв од можно голтање на предметите.rnrnОставете го бебето да ги става играчките во устаrnrnНо, како што веќе кажавме, станува збор за вродена потреба на детето со усните и јазикот да ги истражува предметите. Па, родители, пуштете го своето бебе да ги става играчките во уста. Тоа е важен чекор во детскиот развој.rn

    Истражување со устата

    rnСтавање на предметите во уста е првиот начин на истражување на околината, односно орално истражување. Се јавува во четвртиот месец од животот и трае до осмиот месец. Тогаш детето го истражува предметот со усните, а не со очите, како што се мисли вообичаено. Децата со усните ги истражуваат предметите се до 18-от месец, а некои и подоцна.rnrnМногу е важно родителите да се запознаат со оваа фаза на развој и да се погрижат во детската околина да нема опасни и мали предмети. Важно е да се обрне и внимание на предметот со кој детето игра, односно тој треба да биде:rn

      rn011

    • Доволно голем, за да не може да се проголта
    • rn011

    • Да нема остри рабови
    • rn011

    • Да не е обоен со токсични бои или направен од токсични материјали
    • rn011

    • Да не е кршлив
    • rn

    rn

    Мануелно истражување

    rnВо шестиот месец од животот, детето во играта почнува да користи мануелно истражување, ги фрла предметите на подот, удира со предметот на подлогата, мавта со нив во воздух. Родителите, понекогаш за овој начин на игра немаат разбирање и го прекоруваат детето. Но, ваквиот начин на игра на детето му овозможува да ја истражува тежината на предметот, звуците, односно тактилно-кинестетичките функции на предметот. Оваа фаза обично трае додека детето не наврши една година, додека кај некои деца трае и до 15 месеци.rn

    Визуелно истражување

    rnДетето почнува да ги набљудува предметите од осмиот до деветтиот месец, а пред тоа ги користи очите за да го воочи предметот и да си ја приближи раката.rnrnСо истражување на околината децата користат разни начини на однесување, па некои се склони кон набљудување на предметите, додека други ги запознаваат предметите преку истражување со рацете и усните.rnrnДознајте и како да му помогнете на вашето дете да ја засака книгата…rn

     Сања Нечовска, дефектолог-логопед

  • Научниците откриваат: Секојдневни предмети што не смеете да ги позајмувате на други луѓе

    Научниците откриваат: Секојдневни предмети што не смеете да ги позајмувате на други луѓе

    Уште од детството родителите нѐ учеле дека треба да ги делиме работите со други луѓе, без разлика дали станува збор за бонбони или за нашите емоции и стравови. Меѓутоа, кога станува збор за некои лични предмети, постои една строга граница што не треба да се преминува доколку сакате да си го зачувате здравјето. Дознајте кои предмети не смеете да ги позајмувате никому, па дури ни на вашите најдраги и најблиски…rn

    Шапки

    rnНаучниците откриваат: Секојдневни предмети што не смеете да ги позајмувате на други луѓеrnrnДобро прочитавте! Позајмувањето шапки или што било друго што ви ја допира и покрива главата, како што се четките, чешелите, навлаките за перници и слично е строго забрането. Сигурно сте запознаени со магичната способност на чешелите и четките да пренесуваат вошки, особено додека сте оделе на училиште. Меѓутоа, истите непожелни гости можат да се појават доколку спиете на туѓа перница или ја носите шапката на вашиот пријател. Нареден пат кога ќе сакате да ја скриете главата од сонцето, носете си ваша шапка!rn

    Крема

    rnНаучниците откриваат: Секојдневни предмети што не смеете да ги позајмувате на други луѓеrnrnМаските, серумите и кремите за лице што се наоѓаат во тегличка се сметаат за многу лични производи за нега на кожа. Со оглед на тоа што постојано ги ставате прстите внатре, постои ризик од пренесување бактерии, особено ако ја делите со пријател. Тоа може да доведе до габични инфекции, осипи, егзема, псоријаза и многу други кожни проблеми. Немојте да ги позајмувате вашите производи за убавина никому доколку сакате да се поштедите од голем број лекарски прегледи. Еден од начините да ја заштитите вашата кожа е да купувате производи во шишенце со пумпа за да го спречите пренесувањето на бактериите.rn

    Долна облека и чорапи

    rnНаучниците откриваат: Секојдневни предмети што не смеете да ги позајмувате на други луѓеrnrnКога и онака веќе позајмувате многу работи, зошто да не ја позајмувате и вашата долна облека? Меѓутоа, мора да запомните дека некои делови од телата на луѓето се сосема различни. Ако ја делите долната облека со вашиот партнер, може да си предизвикате инфекција на уринарниот тракт, размена на генитални бактерии, осипи, чешање и слично. Што се однесува до делењето чорапи, тоа може да доведе до габична инфекција на стапалата, инфекција на петите, чешање и уртикарија. Без разлика дали станува збор за врска без обврски или за сериозна врска, секогаш носете си резервен пар гаќи и чорапи кога преспивате некаде.rn

    Забен конец, чепкалка за заби и четка за заби

    rnНаучниците откриваат: Секојдневни предмети што не смеете да ги позајмувате на други луѓеrnrnОва можеби е најличниот хигиенски производ и докторите строго го забрануваат позајмувањето четка за заби. Делењето четка за заби може да доведе до зголемен ризик од инфекции. Обичната четка (што сте ја користеле околу 3 месеца) може да содржи многу бактерии, како што се ешерихија коли, стафилококус ауреус, бактерија што пренесува орален херпес, остатоци од храна и слично. Доколку станува збор за итен случај и немате четка за заби, докторите препорачуваат да ги измиете забите со чист пешкир. Никогаш не позајмувате нечија четка за заби!rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Досетлива дизајнерка ги создава најстресните верзии од предметите што секојдневно ги користиме

    Досетлива дизајнерка ги создава најстресните верзии од предметите што секојдневно ги користиме

    Дизајнерката Катерина Кампрани од Атина ќе ви предизвика голем стрес и нервоза со нејзината колекција на секојдневни предмети изработени специјално за да ги нервираат луѓето. Колекцијата се нарекува „Неудобното“ (The Uncomfortable). Вистинско изненадување, зар не?!rnrnДосетлива дизајнерка ги создава најстресните верзии од предметите што секојдневно ги користимеrnrnДосетлива дизајнерка ги создава најстресните верзии од предметите што секојдневно ги користимеrnrnДизајните се исто толку елегантни колку што се и бескорисни. Самото гледање во нив ќе направи да се чувствувате напнато! Би сакале да имате бетониран чадор?rnrnДосетлива дизајнерка ги создава најстресните верзии од предметите што секојдневно ги користимеrnrnЦелта на овој проект е да се наруши практичноста на секојдневните предмети и да се промени нивниот изглед доволно за да ги направи комплетно апсурдни. Катерина објаснила на нејзиниот веб-сајт дека преку нејзините дела сака да им помогне на луѓето да ја ценат комплексноста и длабочината на употребата на наједноставните предмети. Исто така, нејзината цел е да ги насмее фановите и мора да признаеме дека ѝ успева и покрај тоа што постоењето на чаша за вино од која не можете да пиете е повеќе трагично одошто смешно.rnrnДосетлива дизајнерка ги создава најстресните верзии од предметите што секојдневно ги користимеrnrnКатерина ја почнала нејзината колекција во 2011 година откако решила да не ги заврши нејзините студии по индустриски дизајн. Таа немала доволно финансии за да создаде вистински модели од нејзините необични идеи, па наместо тоа направила нивни 3Д верзии со цел да привлече публика и да ја пренесе нејзината порака.rnrnДосетлива дизајнерка ги создава најстресните верзии од предметите што секојдневно ги користимеrnrnДосетлива дизајнерка ги создава најстресните верзии од предметите што секојдневно ги користимеrnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 25 најчудни митски предмети на сите времиња

    25 најчудни митски предмети на сите времиња

    Приказните ја оформуваат нашата култура. Тие ни даваат мудрост, предупредувања и надеж во темните ноќи. Понекогаш овие приказни содржат предмети чија моќ е од фасцинантна, до застрашувачка. Што претставуваат овие моќни митски предмети? Од смрт, до исполнување на желби, секоја култура има нешто што поседува огромна моќ. Погледнете ги 25-те најнеобични митски предмети.rn

    1. Чизмите од седум лиги

    rn(1)25-najchudni-mitki-predmeti-na-site-vreminja-kafepauza.mkrnrnОвие чизми му овозможуваат на носачот да направи чекор и да помине седум лиги (околу 40 километри). Тие биле популарни во европскиот фолклор и се вклучени во модерната уметност, како на пример во „Подвижниот замок на Хоул“ (Howl’s Moving Castle).rn

    2. Печатот на Соломон

    rn(2)25-najchudni-mitki-predmeti-na-site-vreminja-kafepauza.mkrnrnОвој печат, всушност бил прстен кој му припаѓал на кралот Соломон. Тој бил изгравиран со „најмоќното име на Бог“ и можел да контролира, истерува и заробува демони. Според легендата, прстенот му бил даден на Соломон од Рајот и бил направен од месинг и железо. Печатот на Соломон може да се однесува и на симбол, но оригиналниот печат е прстен од Рајот.rn

    3. Жезолот на кралот на мајмуните (Ruyi Jingu Bang)

    rn(3)25-najchudni-mitki-predmeti-na-site-vreminja-kafepauza.mkrnrnОвој жезол му припаѓал на бесмртниот мајмун Сан Вуконг. Жезолот бил висок 6 метри и бил широк колку буре. Имал златен обрач на краевите и понекогаш се смалувал колку игла и кралот го чувал зад неговото уво. Сан Вуконг го добил жезолот од кралот и кралицата Змеј.rn

    4. Дланката на славата

    rn(4)25-najchudni-mitki-predmeti-na-site-vreminja-kafepauza.mkrnrnДланката на славата е мумифицирана (најчесто лева) дланка од крадец кој бил обесен. Таа била користена како свеќа или свеќник и имала магични својства кои му дозволувале на носителот да гледа во темница без и тој да биде виден. Исто така била користена за да ги успие луѓето во некоја куќа ако таа се запали и за да ги отвори сите брави. Дланка на крадец за крадење, има смисла.rn

    5. Шлемот на темнината

    rn(5)25-najchudni-mitki-predmeti-na-site-vreminja-kafepauza.mkrnrnШлемот на темнината звучи многу поинтересно од „невидлива наметка“, но тие двете имаат иста моќ – предмет од грчката митологија кој му дозволувал на носителот да биде невидлив. Кога киклопите биле ослободени за време на големата војна помеѓу боговите и титаните, тие ги искористиле оружјата на боговите како помош. Шлемот на темнината бил еден од овие оружја, направен за Ад, богот на подземјето. Ад им го позајмувал на други богови, како на пример Персеј. Кога тој ја ловел Медуза, го носел шлемот. Бидејќи бил невидлив, погледот на Медуза немал никако ефект на него, па така тој ја убил.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • 4 научно докажани причини зошто треба да одбирате доживувања наместо материјални работи

    4 научно докажани причини зошто треба да одбирате доживувања наместо материјални работи

    Замислете си ја следнава ситуација: Конечно завршивте со напорната работа и добивте убава плата. Се обидувате да смислите на што да ги потрошите тешко заработените пари за да се наградите. Што би одбрале од следниве работи:rnrn4 научно докажани причини зошто треба да одбирате доживувања наместо материјални работиrnrn1. Нов телевизор или одмор во странство?rnrn2. Парче накит или убав оброк во ресторан?rnrn3. Најновиот модел на мобилен телефон или некаков курс за да научите нешто ново?rnrnОдговорите на овие прашања можат да ви откријат како ги трошите вашите пари. Дали ги трошите на материјални работи кои најверојатно ќе ви донесат големо задоволство или на нови искуства кои не знаете дали ќе ви се допаднат? Ако се соочите со донесување ваква одлука, секогаш одбирајте го искуството. Во продолжение прочитајте зошто тоа е вистинскиот избор според науката…rn

    1. И покрај тоа што предметите имаат подолг рок на траење, искуствата пружаат поголемо уживање

    rn4 научно докажани причини зошто треба да одбирате доживувања наместо материјални работиrnrnПредметите траат подолго време од доживувањат. Додека новиот кауч ќе можете да го користите со години, патувањето на Хаваи ќе чини исто толку пари, но ќе трае само неколку дена. Според оваа логика, најпаметно би било да купите кауч, се согласувате? Од економична гледна точка можеби, но од емотивна гледна точка, науката докажува нешто поинакво.rnrnДоктор Гилович, професор по психологија, по две децении истражување дошол до заклучокот дека искуствата носат поголема радост од предметите.rn

    „Еден од најголемите непријатели на среќата е адаптацијата. Купуваме работи за да нѐ направат среќни и успеваме да го постигнеме тоа. Но, тоа не трае долго. Новите работи се возбудливи на почетокот, но потоа се прилагодуваме на нив“, објаснил докторот.

    rnБез разлика колку сте возбудени поради што сте купиле нешто ново, порано или подоцна истиот предмет ќе стане само уште еден дел од вашиот дом. Ќе се навикнете на него. Доколку сакате повторно да ја разгорите искрата во вашиот мозок, ќе мора да купите нешто поново и подобро.rnrnДоживувањата, од друга страна, пак, се привремени. Посета во градскиот музеј, час по танцување, едномесечно патување околу Азија… На сите овие активности некогаш ќе им дојде крајот. Фактот што тие не траат долго е нивната најголема предност.rnrnДоживувањата не спаѓаат во вашата секојдневна рутина, па затоа уживате во нив додека траат. Предметите траат подолго од првичниот момент на возбуда и со текот на времето тие не се веќе толку интересни. Од емоционална гледна точка, искуствата предизвикуваат поразлични чувства од оние што ги предизвикуваат предметите.rn

    2. Доживувањата понекогаш можат да ви го сменат животот

    rn4 научно докажани причини зошто треба да одбирате доживувања наместо материјални работиrnrnКога луѓето зборуваат за нешто што им го сменило животот, најчсто мислат на некакво искуство, а не на некаков предмет што го поседувале. Постои научно докажана причина за ова. Доктор Гилович објаснил дека нашите искуства формираат многу поголем дел од нашата личност за разлика од предметите. Без оглед на тоа колку си го сакате вашиот нов автомобил или голема куќа, тие никогаш нема да станат дел од вас. Но, качувањето по карпи во Нов Зеланд или нуркањето во океан се искуства што можат да ве променат. Тие стануваат дел од вашиот идентитет.rnrnСо оглед на тоа што нашите животи се сочинуваат од настани, логично е тврдењето дека искуствата имаат поголемо влијание на нас од работите што ги поседуваме. Некој необичен настан може да ве принуди полесно да се прилагодувате на незгодни ситуации, да научите нешто ново за себе или да развиете начин на размислување кој никогаш претходно не ви ни паднал на памет.rnrnНа пример, иако смеењето заедно со некој уличен продавач во Колумбија е момент што трае една минута, сознавањето дека можете да се поврзете со човек од сосема различно потекло ќе ви ја открие универзалната природа на хуморот.rnrnОсвен тоа, Гилович открил дека луѓето повеќе се каат кога ќе пропуштат некое искуство отколку кога ќе пропуштат предмет. Тешко е да се повторат доживувањата, додека предметите можете да ги набавите подоцна. Ако пропуштите да отидете на забавна авантура со пријателите, никогаш нема да можете да ги преживеете настаните што се случиле.rnrnПроширувањето на хоризонтите и можноста да ги сведете пропуштените можности на минимум се добра причина зошто би требало секогаш да одбирате доживувања наместо предмети.rn

    3. Материјалните работи стануваат дел од вашата рутина, а доживувањата ви помагаат да излезете од неа

    rn4 научно докажани причини зошто треба да одбирате доживувања наместо материјални работиrnrnПроблемот кај доживувањата е тоа што тие подразбираат преземање ризици. Од таа причина, најчесто се двоумиме пред да започнеме нешто ново. Што ако отидеме на одмор кој нема да ни се допадне и сакаме да си одиме дома? Што ако се запишеме на некаков курс и сфатиме дека не нѐ интересира тоа? Што ако отидеме на настани и цела вечер ја поминеме сами во ќош? Ова се сосема добри причини зошто не би сакале да бидеме проактивни и да преземеме нешто.rnrnНо, истражувањата покажале дека вреди да се преземе ризик. Дури и тогаш кога одреден настан не поминал како што треба, Гилович дознал дека луѓето зборувале позитивно за него. Дури и тогаш кога ќе искусиме нешто што нема да ни се допадне, нашите сеќавања за тоа доживување се подобруваат со текот на времето.rnrnНа пример, замислете си дека сте отишле на патување со пријателите и цело време врнело додека сте биле таму. Секако дека не сте го посакувале тоа, но можете да извлечете многу позитивни работи од целата ситуација. Можете да го искористите тоа време за да се зближите со други луѓе или со насмевка да се сеќавате како сте прескокнувале вирчиња за да стигнете до продавницата со сувенири и да почекате да помине дождот.rnrnЕдна од најголемите причини зошто треба да одбирате искуства наместо предмети е фактот што доживувањата многу тешко можат да се споредат. Кога ќе купите најнов модел на мобилен телефон, можеби ќе бидете задоволни од него некое време додека не се појави некој кој има подобар модел од вашиот.rnrnДоживувањата не можат толку лесно да се споредат. Можеби ќе почувствувате завист ако чуете дека некој отишол на Малдивите и престојува во луксузен хотел, но тоа не значи дека неговиот одмор е подобар од вашето патување со автобус околу Европа. Сите искуства се различни.rnrnНовите искуства нудат безброј можности. Можеби ќе стекнете нови пријатели, ќе научите интересни обичаи или ќе развиете нов начин на размислување. Предметите, од друга страна, пак, се предвидливи. Тие се сигурни и ќе ви го дадат она што сте го очекувале.rn

    4. Доживувањата се минливи, но можат да се претворат во прекрасни сеќавања

    rn4 научно докажани причини зошто треба да одбирате доживувања наместо материјални работиrnrnИако истражувањата покажале дека секогаш треба да одбираме доживувања, нам ни требаат и предмети и искуства во животот. Нема поента да патуваме и да се впуштаме во авантури на сметка на работите што ни се неопходни за егзистенција. Истовремено, важно е да сфатиме дека сите луѓе имаат различно мислење на оваа тема. Некои трагаат по задоволството предизвикано од нови глетки, миризби и звуци, додека други се радуваат кога ќе го украсат домот со нов предмет.rnrnДоколку забележите дека постојано спаѓате во втората категорија луѓе, обидете се да направите нешто поразлично. Зошто да не отидете на патување или да се запишете на некој интересен курс? Можеби ќе имате еден блендер помалку дома, но затоа ќе создадете сеќавања што ќе ви останат за цел живот.rnrnПрочитајте ги и овие интересни факти кои ќе ве натераат почесто да патувате.

  • 15 секојдневни работи чија оригинална намена ќе ве изненади

    15 секојдневни работи чија оригинална намена ќе ве изненади

    Мислиме дека сѐ што постои има своја намена. Меѓутоа, многу од работите што ги користиме секој ден, порано се употребувале на поинаков начин. Погледнете ја историјата на секојдневните предмети за да дознаете зошто биле првично создадени пред да се претворат во она што се денес…rn

    1. Кока-кола

    rn15 секојдневни работи чија оригинална намена ќе ве изненадиrnrnФармацевтот Џон Пембертон, ветеран од американската граѓанска војна, направил мешавина од кола ореви и листови кока. Тој им препорачувал на војниците да ја користат мешавината како морфиум за нега на нервниот систем. Потоа, тој започнал бизнис продавајќи ја Кока-колата како безалкохолен пијалак, но ги продал акциите. Новите сопственици започнале да произведуваат Кока-кола со тоа што го извадиле кокаинот од листовите кока.rn

    2. Црн фустан

    rn15 секојдневни работи чија оригинална намена ќе ве изненадиrnrnСѐ до 1920-тите, црната облека се носела како симбол за тага барем 2 години. Потоа, во 1926 година, Коко Шанел го сошила нејзиниот познат мал црн фустан. Најпрво, овој фустан го носеле само филмските ѕвезди, но подоцна станал популарен и на светско ниво.rn

    3. Караоке

    rn15 секојдневни работи чија оригинална намена ќе ве изненадиrnrnДаисуке Иноу, јапонски рок музичар, свирел за посетителите на едно кафуле кои сакале да пеат помеѓу песните на бендот. Една вечер, тој не можел да дојде, па затоа им дал на колегите касета на која го снимил неговиот дел. Потоа, во 1971 година тој измислил машина која свирела музика без вокали за да можат да се одморат музичарите додека публиката ги пеела песните.rn

    4. Пластелин

    rn15 секојдневни работи чија оригинална намена ќе ве изненадиrnrnОваа супстанца најпрво се користела за чистење на тапетите во куќите кои имале камин и собирале чад. Но, со измислувањето на винилските тапети кои лесно се чистат со помош на сунѓер, пластелинот ја изгубил својата првобитна намена. Потоа, роднина на откривачот која била учителка во градинка им ја дала оваа супстанца на децата за да си играат и тие ја обожавале! По некое време, детергентот бил отстранет од материјата и бил заменет со колорант.rn

    5. Лента за трчање

    rn15 секојдневни работи чија оригинална намена ќе ве изненадиrnrnПрототипот на современата лента за трчање бил создаден од страна на Сер Вилијам Кубит во 1818 година. Нејзината намена била да ја искористи мускулната сила на мрзливите затвореници за мелење жито. Затворениците држеле хоризонтална рачка и оделе по еден вид бесконечни скали.rnrnПродолжете на втората страница за да ја дознаете оригиналната намена и на останатите предмети…rnrn

  • 6 предмети од работното биро кои откриваат некои ваши карактеристики

    6 предмети од работното биро кои откриваат некои ваши карактеристики

    Вашето работно биро е исполнето со валкани филџани од кафе? На него држите спојувалки во боја? Или пак на вашето работно биро не се наоѓа ништо друго освен едно пенкало? Изгледот на работното биро, односно предметите кои ги држите на него може да откријат многу за вашата личност!rnrn1-6-predmeti-od-rabotnoto-biro-koi-otkrivaat-nekoi-vashi-karakteristiki-www.kafepauza.mk_rn

    1. Спојувалки во боја

    rnПоминувате многу време „сурфајќи“ по порталите за животен стил и фантазирате да направите некаков бизнис од вашиот Инстаграм профил. На социјалните мрежи редовно објавувате фотографии од очилата за сонце наместени до филџанот утринско кафе кое потоа добро го филтрирате.rnrnВие сте главниот организатор на новогодишните забави и праќате имејлови во кои останатите ги потсетувате за родендените на колегите. Поради тоа, сите ве сакаат.rnrn2-6-predmeti-od-rabotnoto-biro-koi-otkrivaat-nekoi-vashi-karakteristiki-www.kafepauza.mk_rn

    2. Потсетник во кој пишувате сѐ што треба да направите

    rnКнижењето на извршените задачи во бележник доста ве исполнува што ве прави практична личност. Помили ви се физичките книги отколку електронските, кујната отколку јадењето во ресторан, гледањето филмови во кино отколку на Интернет. Исто така, на работното место сакате да носите пристојна, класична облека отколку тренди парчиња.rnrnОстанатите постојано ве прашуваат да им препорачате добро вино или книга. Можеби некои ве сметаат за сноб, но вие сте само личност која знае што сака.rnrn5-6-predmeti-od-rabotnoto-biro-koi-otkrivaat-nekoi-vashi-karakteristiki-www.kafepauza.mk_rn

    3. Неколку валкани филџани од кафе

    rnДрамата за вас започнува уште рано наутро, без разлика дали станува збор за расправија со партнерот, непослушните деца, пасивно-агресивниот цимер, сообраќајниот метеж на патот до работното место… До 8 часот наутро вие сешто сте доживеале и до детали ќе им го прераскажете тоа на вашите колеги.rnrnОд поведрата страна, експерт сте за водењето на работата, додека сѐ уште сте мамурни и во фиоката од работното биро секогаш чувате екстра блуза, фустан или пар обувки. Исто така, ги знаете сите најдобри места за забава по работата.rnrn4-6-predmeti-od-rabotnoto-biro-koi-otkrivaat-nekoi-vashi-karakteristiki-www.kafepauza.mk_rn

    4. Пенкала во сите бои

    rnГорди сте на вашите профили на Инстаграм и Пинтерест и не ви е јасно зошто некои луѓе од вашата канцеларија не се ваши следбеници на социјалните мрежи. Уверени сте дека со тоа тие губат. Експерти сте во подготвувањето здрава храна, знаете како да направите бисквити без глутен и на сите им велите дека палачинките од киноа се одлични.rnrnРазмислувате за тоа со различни бои да ги означите полиците за книги, бидејќи ќе изгледа забавно, и ве нервира кога само вие давате идеи на работниот состанок. Сепак, потајно уживате во тоа.rnrn6-6-predmeti-od-rabotnoto-biro-koi-otkrivaat-nekoi-vashi-karakteristiki-www.kafepauza.mk_rn

    5. Едно пенкало и скоро ништо друго

    rnЈа мразите вашата работа и едвај чекате крај на работното време. Во текот на паузата за ручек испраќате апликации за други работни места. Наместо да ги извршувате работните задачи, поголемиот дел од времето го поминувате „сурфајќи“ по Интернет и одржувајќи го вашиот профил на Линкедин.rnrnЖивеете од ден за ден, а утеха наоѓате во јогата, медитацијата, кафето или инспиративните цитати. Повремено си дозволувате олеснување, па плачете во тоалетот на работното место, а потоа повторно се собирате и продолжувате.rnrn7-6-predmeti-od-rabotnoto-biro-koi-otkrivaat-nekoi-vashi-karakteristiki-www.kafepauza.mk_rn

    6. Фотографии од мачки

    rnВие сте самопрогласен канцелариски чудак кој зборува со интернет речник и сите ги известувате за новостите од животот на Бијонсе. Најверојатно работите во некој социјален медиум или компанија која се занимава со поразличен вид на маркетинг каде што можете да бидете чудни колку што ќе посакате и да го нарекувате тоа „брендирање“. Сакате впечатливи ланчиња, хеланки со принтови и да ги гледате колегите како ве потценуваат само поради тоа што носите женствени фустани. rnrnНикој не ве смета за конкуренција, па со скриена насмевка со шефот водите преговори за зголемување на платата без никој од вашите колеги да знае.rnrn8-6-predmeti-od-rabotnoto-biro-koi-otkrivaat-nekoi-vashi-karakteristiki-www.kafepauza.mk_

  • 9 работи во вашиот дом кои треба секојдневно да ги чистите

    9 работи во вашиот дом кои треба секојдневно да ги чистите

    Секој сака да има чиста и уредна куќа, ама не секој е во можност секојдневно да помине неколку часа во чистење. Но, без разлика колку обврски имате, постојат одредени работи во вашиот дом на кои треба да им обрнете повеќе внимание од другите. Погледнете ги овие 9 предмети во домаќинството кои не би требало да ги оставите нечисти ниту еден ден.rn

    1. Кујнски крпи

    rn9 работи во вашиот дом кои треба секојдневно да ги чистите rnrnНекои неодамнешни студии покажале дека крпите за садови се највалканиот предмет во кујната. Истото важи и за малите крпи во вашата бања. Ако ги користите повеќе од еднаш на ден, тогаш тие се валкаат многу брзо, па затоа треба да ги менувате на неколку дена, а ако имате поголемо семејство, тогаш тоа треба да го правите секој ден.rn

    2. Клучеви

    rn9 работи во вашиот дом кои треба секојдневно да ги чистите rnrnКлучевите собираат повеќе бактерии отколку копчињата на лифтот. По правило, речиси никој не ги чисти и секогаш ги допирате со валкани раце. Вие ги ставате во валкани џебови, а честопати ви паѓаат и на земја. Како резултат на тоа, со клучевите носите неверојатни заразни бактерии во вашиот дом. Затоа, нивното чистење со антисептик е од витално значење.rn

    3. Плочките во бања

    rn9 работи во вашиот дом кои треба секојдневно да ги чистите rnrnЗа да го поедноставите процесот на чистење на плочките во вашата бања, практикувајте секогаш кога ќе завршите со туширањето истите да ги избришете. Одржувањето сува бања ќе ви помогне да го спречите растот на бактериите и мувлата.rn

    4. Сунѓери во кујна

    rn9 работи во вашиот дом кои треба секојдневно да ги чистите rnrnИсто така и сунѓерот може да биде највалканиот предмет во вашата кујна. Со него миете садови, а понекогаш ги бришете и трошките од масата. Најдобар начин да го дезинфицирате е микробрановата печка. Едноставно измијте го темелно и додека уште е влажен ставете го во микробрановата печка една до две минути, на ниска температура. Внимателно надгледувајте го овој процес и веднаш исклучете ја микробрновата ако забележите каков било чад. Но, внимавајте, сунѓерите кои имаат метал на нив не треба да бидат дезинфицирани на овој начин.rn

    5. Мијалник

    rn9 работи во вашиот дом кои треба секојдневно да ги чистите rnrnГрешите ако мислите дека со миењето на рацете или садовите исто така ќе биде измиен и мијалникот. Всушност, постојат голем број микроби и бактерии кои се насобираат на неговите страни.rnrnПреминете на наредната страница, за да видите уште нешта во домаќинството што треба секојдневно да се чистат.rn

  • Неколку начини секојдневните предмети да ги искористите покорисно и попаметно

    Неколку начини секојдневните предмети да ги искористите покорисно и попаметно

    Многу секојдневни предмети, покрај нивната основна употреба, може да имаат и друга корисна страна. Понекогаш, некои мали предмети може да направат голема разлика во вашето секојдневие. Погледнете ги овие корисни трикови кои ќе ви бидат од голема помош.rn

    1. Гумената лента околу конзервата со боја може да ви послужи за отстранување на вишокот боја од четката

    rnНеколку начини како секојдневните предмети да ги искористите покорисно и попаметноrn

    2. Ставете го ѓерданот во мала цевка за да го спречите неговото заплеткување. Ова е одлично решение додека сте на патување, а можете да го ставите во кутија од четка за заби

    rnНеколку начини како секојдневните предмети да ги искористите покорисно и попаметноrn

    3. Спојницата на внатрешниот дел на вашите ногавици ќе го спречи електрицитетот

    rnНеколку начини како секојдневните предмети да ги искористите покорисно и попаметноrn

    4. Стиснете пластично шише од вода и искористете го како вакуум за да ги одвоите јајцата

    rnНеколку начини како секојдневните предмети да ги искористите покорисно и попаметноrn

    5. Користете копче за да ги заштитите вашите обетки од губење

    rnНеколку начини како секојдневните предмети да ги искористите покорисно и попаметноrn

    6. Гумата за бришење е одлична за отстранување на трагите од обувките на дрвото и светлата кожа

    rnНеколку начини како секојдневните предмети да ги искористите покорисно и попаметноrnrnПогледнете уште креативни начини, на наредната страница…rn

  • Креативни кујнски помагала кои веднаш ќе посакате да се најдат во вашата кујна

    Креативни кујнски помагала кои веднаш ќе посакате да се најдат во вашата кујна

    Добрите идеи се ретки, па затоа кога ќе налетаме на нив, веднаш сакаме да ги споделиме со вас. Па така, ги откривме најдобрите 20 кујнски помагала кои воедно се функционални, но и естетски неодоливо привлечни. Како такви можат да бидат одличен подарок за роденден или пак за вселување во нов дом. Погледнете ги овие занимливи и преслатки ОТОТО дизајнирани продукти.rnrn0-sjajni-kujnski-pomagala-koi-vednash-kje-posakate-da-se-najdat-vo-vashata-kujna-www.kafepazua.mk_rnrnОри Саиди и Даниел Гаснер се запознале во Тел Авив на Факултетот за уметност и дизајн во 1999 година. Во 2004 година одлучиле да отворат свое дизајн студио кои го нарекле ОТОТО што на хебрејски значи „само што не е (готово)“, баш како и идеите кои се наоѓаат зад аголот и чекаат да бидат откриени. Денес нивното уникатно студио се занимава со масовно производство, а производите се лесно достапни преку Интернет, се доставуваат низ целиот свет и она што е најважно, тие непрекинато работат на нови идеи.rnrnНам најмногу нè воодушевија лажиците за мерење во облик на цреши, садот за шпагети кој мери количина, гумениот отворач за стаклени тегли и чадорчињата како најдобри другари на чајот. Сите производи се достапни на нивната официјална страница на Амазон, а во продолжение погледнете ги дваесетте најдобри.rn

    1. Лажици за мерење во облик на цреши

    rn1-sjajni-kujnski-pomagala-koi-vednash-kje-posakate-da-se-najdat-vo-vashata-kujna-www.kafepazua.mk_rn

    2. Чудовиштето од Лох Нес во улога на филтер за чај

    rn2-sjajni-kujnski-pomagala-koi-vednash-kje-posakate-da-se-najdat-vo-vashata-kujna-www.kafepazua.mk_rn

    3. Тапи за шишиња во форма на штрафови

    rn3-sjajni-kujnski-pomagala-koi-vednash-kje-posakate-da-se-najdat-vo-vashata-kujna-www.kafepazua.mk_rn

    4. Држач за кујнски сунѓер во форма на брачен кревет

    rn4-sjajni-kujnski-pomagala-koi-vednash-kje-posakate-da-se-najdat-vo-vashata-kujna-www.kafepazua.mk_rn

    5. Мерач на шпагети во форма на кула каде што секој кат мери одредена количина (за едно до четири лица)

    rn5-sjajni-kujnski-pomagala-koi-vednash-kje-posakate-da-se-najdat-vo-vashata-kujna-www.kafepazua.mk_rnПогледнете повеќе неодоливи кујнски помагала на наредната страница…rn