КАФЕ ПАУЗА

Tag: предмети

  • Исфрлете ги веднаш од вашиот дом: 7 предмети и растенија кои носат кавги и сиромаштија

    Исфрлете ги веднаш од вашиот дом: 7 предмети и растенија кои носат кавги и сиромаштија

    Според фенг шуи и народните верувања, постојат одредени предмети и растенија кои е потребно да ги исфрлите од вашиот дом. Се верува дека тие носат несреќа или ја задржуваат лошата енергија во куќата. Погледнете кои се сметаат за особено лоши, затоа што може да донесат кавги и сиромаштија.rn

    1. Скршен часовник

    rnИсфрлете ги веднаш од вашиот дом: 7 предмети кои носат кавги и сиромаштијаrnrnСпоред фенг шуи, треба да ги исфрлите сите скршени работи од вашиот дом, а особено скршените часовници. Тие наводно укажуваат на несреќни случувања во иднината.rn

    2. Црна врата

    rnИсфрлете ги веднаш од вашиот дом: 7 предмети кои носат кавги и сиромаштијаrnrnКинеското верување вели дека црната врата повикува лоша среќа во вашиот дом, но не и ако е свртена кон север.rn

    3. Стар календар

    rnИсфрлете ги веднаш од вашиот дом: 7 предмети кои носат кавги и сиромаштијаrnrnСпоред старите суеверија, не е добро доколку ја немате свртено страницата на календарот на тековниот месец или пак ознаката за датум ви останала на погрешно место. Календарот е симбол за поминување на времето, а ако го користите на погрешен начин, се смета дека тоа може негативно да влијае на вашиот живот.rn

    4. Скршени садови

    rnИсфрлете ги веднаш од вашиот дом: 7 предмети кои носат кавги и сиромаштијаrnrnСпоред кинеското верување, садовите симболизираат богатство и семејство. Ако јадете од малку скршени чинии, потсвесно повикувате проблеми во својот живот. Затоа, штом нешто ќе ви се скрши, фрлете го веднаш.rn

    5. Кактуси и растенија со трње (освен рози)

    rnИсфрлете ги веднаш од вашиот дом: 7 предмети кои носат кавги и сиромаштијаrnrnСе смета дека тие внесуваат негативна енергија во вашиот дом.rn

    6. Мртви растенија

    rnИсфрлете ги веднаш од вашиот дом: 7 предмети кои носат кавги и сиромаштијаrnrnИсто како и вештачкото цвеќе, така и мртвите растенија се верува дека носат лоша среќа, па, според фенг шуи, треба да ги исфрлите од вашата куќа што е можно порано.rn

    7. Бршлен

    rnИсфрлете ги веднаш од вашиот дом: 7 предмети кои носат кавги и сиромаштијаrnrnСпоред старите верувања, отровниот бршлен кој расте во куќата, носи несреќа.rnrnДоколку сте суеверни и сакате да ја отфрлите несреќата на какви било начини, погледнете и кои броеви треба да ги избегнувате, затоа што ја носат титулата несреќни броеви.

  • Талентирана уметница ги оживува предметите и храната преку забавни илустрации

    Талентирана уметница ги оживува предметите и храната преку забавни илустрации

    Чарли Клементс е илустраторка од Англија која гледа лице на секој предмет што ќе го забележи. „Вооружена“ со нејзиниот Ајпед Про таа ја изразува нејзината креативност и досетливост. Илустрациите се многу едноставни, но забавни и несомнено ќе ви го разубават денот. Нејзината цел е обичните предмети да ги стави во сцени од секојдневниот живот и притоа да ги изложи на најразлични проблеми и емоции како што се болка, нервоза, љубов, среќа и слично.rnrn

    Талентирана уметница ги оживува предметите и храната преку забавни илустрации
    Разговор меѓу две смудиња:
    – Јас сум еднорог!
    – Брат, тоа е сламка!
    rnrnПогледнете ги нејзините интересни илустрации кои ќе ви помогнат да ги запознаете предметите во друго светло…rnrn

  • Колку често треба да ги заменувате работите во вашиот дом?

    Колку често треба да ги заменувате работите во вашиот дом?

    Во вашиот дом се наоѓаат многу работи кои на некој начин може да бидат погодно место за бактерии. Со оглед на ова, животниот век на предметите и уредите не е неограничен. И покрај тоа што редовно ги чистите, тие по одреден период бараат да бидат заменети. Некои траат подолго, други пократко, но сепак, некогаш ќе мора да го направите тоа. Погледнете ја ова листа која има за цел да ви покаже колку често треба да ги менувате предметите и уредите во вашиот дом.rnrnКолку често треба да ги заменувате работите во вашиот дом?rn

    1. Перниците на секои две до четири години

    rnОва многу зависи од тоа колку ги употребувате, но ако ги чистите секои четири до шест месеци и ги заменувате навлаките кога ќе се појават дамки, тогаш ќе им го продолжите животниот век.rn

    2. Душекот на секои седум години

    rnАко редовно го чистите душекот со правосмукалка, со што ќе ја отстраните прашината, тогаш тој би требало да трае подолго.rn

    3. Перниците за спиење на секои две години

    rnИсто како и душекот, така и перниците се погодно место за насобирање прашина и бактерии, а истите може да предизвикаат развој на алергија и слично.rn

    4. Јорганот на секои пет години

    rnСамо не заборавајте да го перете барем еднаш во сезоната.rn

    5. Крпите на секои две до три години

    rnДоколку забележите дека тие ја губат нивната апсорпција, или уште полошо, почнуваат да имаат непријатен мирис, тогаш време е да ги замените.rnrnКолку често треба да ги заменувате работите во вашиот дом?rn

    6. Чергата во бањата на секои две години

    rnНеа треба да ја замените од истите причини како и крпите, односно, доколку веќе не може да апсорбира или има чуден мирис.rn

    7. Патиките на секои шест до дванаесет месеци

    rnПо одреден период користење и поминати километри, патиките треба да бидат заменети за да ги заштитите вашите стапала од инфекции.rn

    8. Градниците на секои осум месеци

    rnПерете ги правилно и тие ќе ја задржат својата удобност и еластичност.rn

    9. Телефоните на секои две до три години

    rnИ покрај тоа што постојано излегуваат нови модели, сѐ додека тој е функционален и оперативниот систем е добар, вашиот телефон е во добра форма.rn

    10. Пластичните садови за храна на секои две до пет години

    rnВнимавајте садовите да немаат пукнатини, затоа што на овој начин бактериите лесно може да навлезат во вашата храна.rnrnКолку често треба да ги заменувате работите во вашиот дом?rn

    11. Филтрите за вода на секои два месеци

    rnАко ги оставите подолго, ќе почнете да чувствувате разлика во вкусот.rn

    12. Четката за заби на секои три до шест месеци

    rnАко влакната на четката почнуваат да се уништуваат, тогаш време е за нова.rn

    13. Четките за шминкање на секои две години

    rnНо, настојувајте да ги миете барем еднаш неделно.rn

    14. Маскарата на секои три месеци

    rnОва е колку отприлика може да ви трае една маскара, под претпоставка дека ја користите секојдневно. Во спротивно, таа или ќе се исуши или ќе биде извор на бактерии.rn

    15. Микробрановата печка на секои десет години

    rnАко забележите чуден звук, тогаш можеби микробрановата има некој проблем, што значи дека време е да купите нов апарат.rnrnКолку често треба да ги заменувате работите во вашиот дом?rn

    16. Аспираторот на секои десет години

    rnИсто така ако и аспираторот има чуден звук, тоа значи дека треба да го замените.rn

    17. Клима уредот на секои десет до петнаесет години

    rnОва се однесува на енергетската ефикасност. Колку понов уред, толку помала ќе биде вашата сметка за струја.rn

    18. Фенот за коса на секои пет години

    rnАко вашиот фен почнува да се тресе или пак ви треба подолго време за да ја исушите косата, тогаш време е да го замените.rn

    19. Фрижидерот на секои десет години

    rnАко забележите прекумерна кондензација и вашиот фрижидер ви изгледа како да е погоден од снежна бура, почнете да размислувате за купување нов.rn

    20. Зачините на секои шест месеци

    rnАко ви е потребно да додадете поголема количина зачини за да го постигнете посакуваниот вкус, тогаш тоа значи дека тие изгубиле од својата корисност, при што треба да ги замените.rnrnКолку често треба да ги заменувате работите во вашиот дом?

  • 15 начини да ги складирате работите во домот, така што ќе имате простор за сѐ

    15 начини да ги складирате работите во домот, така што ќе имате простор за сѐ

    Нередот во домот најчесто не е предизвикан од мрзеливоста или пак недостатокот на самопочит, туку едноставно затоа што некои луѓе не можат да најдат доволно простор за да ги складираат сите нивни работи, особено ако просторот за живеење е релативно мал. Но, постојат неколку совети кои ќе ви помогнат полесно да ги складирате работите, при што ќе можете да пронајдете место за речиси сѐ. Погледнете како да го направите тоа.rn

    1. Виткајте ги работите за да ви се ослободи простор во плакарот

    rnЗа да го средите вашиот плакар и истовремено да имате повеќе слободен простор, не само што треба да знаете кои работи повеќе не ви се потребни па истите да ги отстраните, туку исто така треба да научите да ги виткате останатите работи, при што ќе имате простор повеќе да складирате.rnrn15 начини за да ги складирате работите во домот, така што ќе имате простор за сѐrn

    2. Користете прегради во фиоките и полиците

    rnПреградите ќе ви овозможат ефикасно да ги зачувате вашите работи, во согласност со нивната големина и намена, што значи дека ќе потрошите помалку време за да го најдете она што ви треба.rnrn15 начини за да ги складирате работите во домот, така што ќе имате простор за сѐrn

    3. Секогаш постои дополнителен простор којшто можете да го искористите

    rnНе е тајна дека просторот под креветот е одлично место за да се чува постелнината и други работи. Некои луѓе тука создаваат и цел плакар, а исто така доколку сте во можност можете да направите и фиоки под вашите скали. Ова ќе направи голема разлика доколку живеете во мал простор.rnrn15 начини за да ги складирате работите во домот, така што ќе имате простор за сѐrn

    4. Искористете го канцеларискиот материјал за во кујната

    rnМожете да ги искористите старите цедиња и во улога на подметнувачи за вашите тенџериња и тави. Исто така можете да искористите некоја од старите папки во улога на организатор за вашите капаци и слично.rnrn15 начини за да ги складирате работите во домот, така што ќе имате простор за сѐrn

    5. Декоративните кутии се одлични за складирање работи кои не ги користите секојдневно

    rnОва звучи многу очигледно, но многумина забораваат на тоа колку оваа идеја може да биде корисна. Уште подобро е да ставите етикета на секоја кутија, при што ќе можете полесно да ги најдете работите кои сте ги користеле одамна и сте заборавиле каде сте ги ставиле. Не мора специјално да купувате кутии за оваа намена, туку истите можете да ги направите самите со користење картон и леплива лента или материјал.rnrn15 начини за да ги складирате работите во домот, така што ќе имате простор за сѐrn

    6. Не мора да ги чувате чевлите во нивните оригинални кутии

    rnАко имате голем број чевли, но не и доволно простор за нивните кутии, тогаш треба да се обидете да направите полица за нив. Лесно е и доста практично.rnrn15 начини за да ги складирате работите во домот, така што ќе имате простор за сѐrn

    7. Не кријте ги работите кои ги користите секојдневно

    rnНе треба да ги чувате надвор од дофат работите што ги користите секојдневно, како на пример вашиот накит или вашите шминки. Можете да ги ставите на посебен држач кој самите ќе си го направите или ќе го купите од продавница. Не чини многу, а ќе ви биде од голема корист.rnrn15 начини за да ги складирате работите во домот, така што ќе имате простор за сѐrnrnПогледнете уште 8 предлози на наредната страница…rnrn

    8. Постои место за секој мал предмет

    rnЗакачалката за вашите вратоврски или каиши зазема мал простор во плакарот или на ѕидот, а на овој начин никогаш повеќе нема да ги губите овие мали додатоци. Можете да купите некоја или самите да ја направите.rnrn15 начини за да ги складирате работите во домот, така што ќе имате простор за сѐrnrn

  • Што би ви кажале неживите предмети кога би можеле да зборуваат?

    Што би ви кажале неживите предмети кога би можеле да зборуваат?

    Во нашиот секојдневен живот постојано сме опкружени со голем број неживи предмети. Секој од нив служи за одредена цел. Толку многу сме навикнати на мебелот, облеката, алатите и другите вообичаени предмети од нашите домови и работни места што речиси и не ги ни забележуваме.rnrn

    Што би ви кажале неживите предмети кога би можеле да зборуваат?
    Високите потпетици: „Вчера бевме на театар.“; Машките чевли: „Имате среќа! Ние моравме да седиме 3 часа на состанок!“; Патиките: „Ништо не се случи…“
    rnrnНо, сте се запрашале ли каков би бил животот кога овие предмети би можеле да зборуваат? Дознајте го тоа од следните интересни и смешни цртежи…rnrn

  • Непотребни предмети што веднаш треба да ги исфрлите од вашиот дом

    Непотребни предмети што веднаш треба да ги исфрлите од вашиот дом

    Свесни сте дека треба да го исчистите вашиот дом и да го ослободите од старите предмети, кои ви зафаќаат многу простор, но не знаете од каде да почнете. Ние ќе ви помогнеме со листа од 21 работа кои веднаш, без размислување треба да ги исфрлите од вашиот дом.rnrn(0) 21 предмет што треба веднаш да ги исфрлите од вашиот домrn

    1. Стари пластики и слични садови

    rnОвие пластики зафаќаат многу простор во вашите кујни. Исфрлете ги веднаш.rn

    2. Шишиња со ликери и други пијалаци кои се стари неколку години

    rnВо сечија кујна или бифе може да се најдат отворени шишиња со пијалаци, кои можат дури и да му наштетат на здравјето. Зошто воопшто ги чувате?rn

    3. Мали пакувања со сосови, мајонез и кечап

    rnТие не зафаќаат многу место, па затоа можат да останат во фрижидерите и со месеци. Затоа погледнете го добро датумот и доколку му поминал рокот на производот веднаш исфрлете го од дома.rn

    4. Стари кујнски апарати на кои им недостига некој дел

    rnНе ви е потребен таков апарат во домот. Фрлете го тој миксер, блендер или соковник и ќе си ослободите простор за нов и употреблив.rn

    5. Отворени стари пакувања со замрзнат зеленчук

    rnПризнајте, никогаш нема да подготвите јадење зеленчукот што стои во вашиот фрижидер изминативе неколку месеци.rn

    6. Полначи за телефоните кои сте ги користеле пред 5 или повеќе години

    rnДа. Телефоните одамна сте ги фрлиле, а полначите стојат како сеќавање за нив?rn

    7. И, стариот телефон, доколку уште е во вашиот дом

    rnПрифатете ја реалноста. Можеби ви значел во 2004 година и во него сте ги примиле најубавите пораки и повици, но време е да оди на рециклирање.rn

    8. Далечински управувачи

    rnНаоѓате далечински управувач и не знаете дали е од телевизорот кој го исфрливте пред 6 години или од клима уредот што го заменивте пред 3 години. Доколку ви се случи ова, зошто би го чувале и понатаму тој правоаголен пластичен предмет?rn

    9. Кабли

    rnКаблите се потребни, но не сите. Има и кабли кои се стари, искинати, оштетени…rnrn(4) 21 предмет што треба веднаш да ги исфрлите од вашиот домrn

    10. Стари списанија

    rnПризнајте дека нема никогаш повеќе да го отворите весникот кој сте го купиле пред 5 години и заедно на куп со други списанија зафаќа еден агол од вашата дневна соба кој може да се искористи за нешто многу поубаво.rn

    11. Книги кои не прилегаат на вашата полица

    rnСите сме имале моменти во животот кога сме се одлучувале за лесна литература. Но, повеќе не треба таквите „романи“ да фаќаат прашина на вашите полици. Заменете ги со нови, а старите донирајте ги или подарете ги некому.rnrn(1) 21 предмет што треба веднаш да ги исфрлите од вашиот домrn

    12. ВХС касети

    rnДоколку на нив имате домашни видеа, преснимете ги, а на огромните видео касети конечно е време да им кажете„Чао“.rn

    13. Креми за лице и тело, тоници и други средства за нега и хигиена

    rnКолку вакви празни и полупразни шишенца имате во плакарот во бањата? Соберете ги во една вреќа и право во канта.rn

    14. Четка за тоалетна шолја

    rnПоминала една година, а вие уште ја користите истата? Овие четки се полни со бактерии и треба редовно да се менуваат.rnrn(2) 21 предмет што треба веднаш да ги исфрлите од вашиот домrn

    15. Лекови со истечен рок на употреба

    rnЛековите чијашто употреба завршила, стануваат отрови. Исфрлете ги сите таблети, сирупи и чаеви кои некогаш ви помогнале, но веќе одамна се надвор од употреба.rn

    16. Шминка постара од една година

    rnДоколку имате шминки постари од една година исфрлете ги. Многу често и забораваме што сè имаме во нашите тоалетни маси и фиоки. Затоа не двоумете се. Ќе си ослободите место за нови, а и ќе се заштитите од можна појава на алергии и несакани дејства на кожата.rn

    17. Бесплатни примероци и тестери

    rnОвие нешта ги чувате без некоја особена причина. Сте ги добиле како бесплатен примерок и сте заборавиле на нив. Сигурно веќе им е поминат и рокот на употреба.rn

    18. Стари патики

    rnШкафчињата за чевли ви се неуредни токму заради старите патики, папучи, сандали. Знаете дека никогаш нема да ги ставите на нога, но упорно не се откажувате од нив.rn

    19. Фустан за свадба

    rnТоа е парче облека кое носи сеќавања во себе, но соочете се со фактот дека никогаш повеќе нема да го облечете.rnrn(3) 21 предмет што треба веднаш да ги исфрлите од вашиот домrn

    20. Облека со дамка

    rnДоколку една блуза на себе има дамка којашто не сте успеале да ја извадите, зошто би ја чувале во вашиот плакар?rn

    21. Дупнати чорапи

    rnПризнајте, колкумина од вас имаат полна фиока со чорапи кои имаат дупче? Ќе ги облечете повторно? Не. Зошто да ви зафаќаат место, исфрлете ги.

  • 9 предмети кои не смеете да ги чувате во автомобилот

    9 предмети кои не смеете да ги чувате во автомобилот

    Дали по навика чувате очила за сонце и шише вода во автомобилот? Постојат многу важни причини зошто тоа би требало да го промените. Во тој контекст откријте кои 9 предмети не смеете да ги оставате во автомобилот, особено кога надвор е топло…rnrn9 предмети кои не смеете да ги чувате во автомобилотrn

    1. Лекови

    rnВо принцип лековите треба да се чуваат на собна температура, а кога надвор е топло, температурата во автомобилот и тоа како ја надминува собната. Топлината нема да ги направи лековите штетни, но ќе ја намали нивната ефикасност.rn

    2. Електроника

    rnОсвен тоа што се вредни, електронските уреди како што се лаптопот, мобилниот и УСБ стикот содржат информации кои многу лесно можат да се украдат. Ако се најдете во ситуација кога морате да го оставите лаптопот или мобилниот без надзор, внимавајте информациите да ви бидат кодирани. На тој начин, крадецот нема да може да ги види информациите без да го внесе кодот. Кодирањето на уредите е добра заштита која тешко може да се пробие и е многу посигурна од лозинката.rn

    3. Крема за сончање

    rnМожеби ќе ви звучи контрадикторно, но високите температури ги уништуваат активните состојки во кремата. Ако ја оставите кремата со заштитен фактор во автомобилот на голема жештина, тоа може да ја намали нејзината ефикасност. Освен тоа, поради топлината кремата може дури и да експлодира и да ви го извалка автомобилот.rn

    4. Шише вода

    rnАко оставите пластично шише вода во жежок автомобил, тоа може да предизвика развој на микроорганизми во водата кои се штетни за здравјето. Затоа секогаш имајте шише со свежа вода.rn

    5. Рачна чанта

    rnОставањето на рачната чанта или паричникот на седиштето, односно на кое било видливо место, е отворена покана за крадците да ви го обијат автомобилот и да ви ја украдат чантата. Не е воопшто важно дали од чантата сте ги извадиле сите вредни работи, крадците не знаат дека во неа нема ништо и веројатно ќе ризикуваат.rn

    6. Очила

    rnПоради топлината во автомобилот, пластичните рамки на очилата можат да се деформираат, а металните рамки толку да се загреат што очилата ќе станат жешки и нема да можете да ги носите. Доколку ги оставате очилата (и оние со диоптер и оние за сонце) на возачката табла, може да предизвикате уште поголема штета бидејќи стаклото на шофершајбната ги привлекува сончевите зраци.rnrn9 предмети кои не смеете да ги чувате во автомобилотrn

    7. Важни документи

    rnДоколку со себе носите важни лични документи кои морате да ги испратите по пошта, таа обврска нека ви биде приоритет. Односно, одбегнувајте да ги возите документите наоколу со автомобилот. Што побрзо ги извадите од автомобилот, толку посигурни ќе бидете дека никој нема да ви ги украде.rn

    8. Пасош

    rnНикогаш не го оставајте пасошот во автомобил кога патувате. Да се украде нечиј идентитет е многу полесно преку пасош отколку преку возачка дозвола. Сите документи кои ги содржат вашите податоци за идентификација мора да ги сметате за многу вредни, исто како што го правите тоа со вашиот мобилен телефон.rn

    9. Вино

    rnАко треба да купите вино, направете го тоа после работа или откако ќе ги завршите сите дневни обврски. Доколку шишето се загрее премногу, тоа може да го расипе вкусот на виното, а и течноста може да го прошири волуменот и да почне да истекува од тапата или да ја поттурне, така што ќе го контаминира виното во шишето.

  • Хиперреалистични цртежи на предмети кои ќе ве натераат да верувате дека се вистински

    Хиперреалистични цртежи на предмети кои ќе ве натераат да верувате дека се вистински

    19-годишниот Сушант Ране е самоук уметник кој стана хит на социјалните мрежи со неговите хиперреалистични цртежи. Користејќи само пенкало, маркери и дрвени бои, Ране ја трансформира хартијата пред него да изгледа како тридимензионален предмет. За комплетно да заврши еден цртеж потребен му е цел ден, но резултатите дефинитивно вредат и ќе ве извадат од памет. Погледнете.rnrn rnrn

  • Креативни идеи да ги искористите старите предмети од кујната на сосема нов начин

    Креативни идеи да ги искористите старите предмети од кујната на сосема нов начин

    Бидете креативни во вашата кујна и искористете ги старите предмети за да направите нови нешта со нова функционалност. Не само што ќе заштедите пари, туку исто така и ќе ги зачувате старите садови, прибор и други елементи од кујната за кои ве врзуваат многу спомени. Погледнете ги овие мудри идеи и дозволете да проработи вашата имагинација.rnrn(2)-kreativni-nachini-da-gi-reiskoristite-starite-predmeti-od-kujnata-kafepauza.mkrnrn

  • 7 предмети кои постојано прават заговори против нас

    7 предмети кои постојано прават заговори против нас

    Сте забележале како одредени предмети од нашето секојдневие постојано ни го отежнуваат животот? На пример, клучевите. Колку често ги губите? Сте помислиле ли некогаш дека можеби не сте вие оние кои се заборавени, туку дека токму клучевите можеби прават заговор против вас? Погледнете ги следниве 7 предмети кои без сомнение имаат скриени намери зад нивните постапки…rn

    Лажици

    rn

    Си ја работам мојата работа, подготвена да служам Еј, оваа супа делува многу топло и убаво Мислам дека малку ќе се слизнам надолу Ах, да...
    Си ја работам мојата работа, подготвена да служам
    Еј, оваа супа делува многу топло и убаво
    Мислам дека малку ќе се слизнам надолу
    Ах, да…
    rn

    Ледени коцки

    rn

    Почнува да се лизгам тука! Не можам да се додржам! ОК, ако одиме, одиме заедно!
    Почнувам да се лизгам тука!
    Не можам да се додржам!
    ОК, ако одиме, одиме заедно!
    rn

    Клучеви

    rn

    Неее, закачалката за клучеви е здодевна - стави нè на друго место! Добра идеја, многу сум уморен Хехехехехехехехехе
    Неее, закачалката за клучеви е здодевна – стави нè на друго место!
    Добра идеја, многу сум уморен
    Хехехехехехехехехе
    rn

    Пенкала

    rn

    Долго време сум во џебов - мислам дека тој заборави на мене. Морам... Да покажам... Што можам... Да направам! Ох не, моето пенкало! Да, сè уште ме бива
    Долго време сум во џебов – мислам дека тој заборави на мене.
    Морам… Да покажам… Што можам… Да направам!
    Ох не, моето пенкало!
    Да, сè уште ме бива
    rn

    Слушалки

    rn

    - Се кладам дека можам да направам тројно салто! - Ха! Можам да го победам тоа, гледај! - Тргни се! На моето место си! Сериозни сте вие двајца? - Колку да се знае, јас победив!  - Не!
    – Се кладам дека можам да направам тројно салто! – Ха! Можам да го победам тоа, гледај! – Тргни се! На моето место си!
    Сериозни сте вие двајца?
    – Колку да се знае, јас победив! – Не!
    rn

    Чашки за кафе

    rn

    Моето капаче е многу цврсто! Не се истура од лево! Не се истура од десно! Знаеш, во ретроспектива, можеби требаше да го провериме и предниот дел.
    Моето капаче е многу цврсто!
    Не се истура од лево!
    Не се истура од десно!
    Знаеш, во ретроспектива, можеби требаше да го провериме и предниот дел.
    rn

    Течни сапуни (иако можеби ова не е нивна вина)

    rn

    Еј, ти треба сапун? Подготвен? Ох, нее Извини, нервозен бев! Прв ден на работа.
    Еј, ти треба сапун?
    Подготвен?
    Ох, нее
    Извини, нервозен бев! Прв ден на работа.