Веројатно не размислувате премногу за тоа, но сигурно сте насобрале безброј непотребни работи во вашиот дом. Бидејќи пролетта е совршен период за чистење на домот, погледнете од кои предмети е најдобро да се ослободите.rnrn
rn
1. Чаши и шолји
rnРечиси сите луѓе имаат премногу чаши и шолји. Овие предмети ги собираме со години, ги купуваме, ги добиваме како подарок, а некои сме ги наследиле од родителите или бабите. Сигурно не можете да испиете толку кафе колку што имате шолји во домот. За да добиете малку повеќе простор, зачувајте ги најубавите чаши и шолји, а другите можете да ги подарите. За неколку денови нема ни да забележите дека дел од нив недостасуваат.rn
2. Торби и вреќи
rnМожеби ги сакате платнените торби за купување бидејќи можете да ги користите повеќе пати. Но, сигурно не ви се потребни 10 торби за купување. Па, зачувајте ги оние што ги сакате најмногу, а другите подарете ги. На истиот начин би требало да се ослободите и од пластичните кеси.rn
3. Пенкала и моливи
rnКолку пенкала и моливи имате расфрлано низ домот? Сигурно не ги употребувате сите, па слободно исфрлете го поголемиот дел.rn
4. Хартија и кеси за подароци
rnСите сакаме да даваме подароци, но тоа не значи дека треба да го претворите домот во оддел за завиткување подароци. Сосема во ред е да имате малку хартија и неколку кеси за подароци, но не треба да претерувате.rn
5. Крпи
rnИма нешто магично во крпите што не ни дозволува да ги фрлиме. Најверојатно најстарите крпи ги користите за вежбање или за на базен, а дома сепак ги користите оние 2-3 кои ви се на дофат во орманот.rn
6. Садови за чување храна
rnНема дом кој не е полн со разновидни садови за складирање храна. Голема е веројатноста и дел од садовите да немаат капак. Добро размислете колку вакви кутии ви се потребни и ослободете се од останатите.rn
7. Книги
rnОној што сака да чита, во еден момент од животот ќе има премногу книги. Сигурно на вашата полица се наоѓаат книги кои нема никогаш да ги отворите или книги кои ви немаат никакво значење. Слободно донирајте ги или подарете ги и ослободете место на полиците.rn
8. Закачалки
rnВеројатно кога купувате облека, со неа земате и закачалки. Уште поверојатно е дека во гардероберот имате безброј закачалки кои воопшто не ги употребувате. Па, фрлете ги.rn
9. Шампони и гелови за туширање
rnДисциплинираните луѓе имаат по еден шампон и еден гел за туширање, а купуваат нов откако ќе се потроши. Доколку имате неколку шампони во домот, истрошете ги сите пред да купувате нови.rn
10. Весници
rnБез разлика колку ги сакате весниците, факт е дека зафаќаат многу простор. Изгледа како постојано да се множат. Дали навистина ќе почнете да читате весник стар 3 години?rnrnПогледнете и кои се останатите непотребни предмети што веднаш треба да ги исфрлите од вашиот дом.


rn
rn
rn
rn
rn
rnrnПродолжува на 
rnrnПрвото појавување на маслената слика позната како „Очајниот човек“ е во една приказна од Северна Англија. Шон Робинсон тврдел дека неговата баба ја чувала оваа слика на нејзиниот таван цели 25 години. Покрај тоа постојано зборувала за натприродните нешта што се случувале во нејзиниот дом. Таа гледала темна фигура на маж и слушала чудни звуци и плачење. Изјавила дека мажот се самоубил и ја употребил неговата крв во сликата.rnrnОткако баба му умрела, Шон ја зел сликата. Стоела во неговиот подрум сè додека не почнале да се случуваат чудни работи во неговиот дом. Тој ги слушал истите звуци и плачење како и баба му. Таа го предупредила дека сликата е злобна, но Шон и неговото семејство не биле подготвени за тоа.rnrnНекогаш оваа слика се продавала за 1.700 евра. Наводно веќе не е за продажба.rn
rnrnОваа морничава кукла се продавала на eBay. Сопственикот тврдел дека е опседната од духот на 20-годишна девојка по име Дијана. Иако и самиот рекол дека искуствата се за забава и не гарантира дека ќе работи исто за секого, куклата сепак е морничава и навистина скапа.rnrnСпоред сопственикот, поради куклата неговите соседи гледале „фантомски деца“, а можела и самата да се движи. Доколку сте заинтересирани, цената на куклата е 1.080 евра.rn
rnrnОва е стар метален лонец што му припаѓал на Ед Гејн. Тој бил познат сериски убиец во 1950-тите кој убивал луѓе, ги дерел нивните исечени делови од телото и ги претворал во облека и покуќнина. Токму ова е лонецот во кој ги чувал деловите од неговите жртви.rnrnПриказната за Ед е инспирација за многу класични холивудски хорор филмови. Овде не станува збор за реплика, туку за вистинскиот лонец што го користел Ед. Бил купен од Зак Баганс, од жена која го користела како саксија, по цена од 2.400 евра.rn
rnrnОва е еден од најскапите предмети на листата. Последен пат бил продаден на аукција во 2006-та година по цена од неверојатни 306.000 евра. Неговата цена постојано расте и денес можеби вреди 1 милион. Иако наводно клетвата на дијамантот е скршена, мрачната историја не се заборава.rnrnСо потекло од Индија, се смета дека во дијамантот Орлов има едно од очите од статуа на Брама, богот создател во Хиндуизмот. Дијамантот бил украден и директно поврзан со три мистериозни самоубиства на неговите претходни сопственици. Дијамантот бил одново обработен во 1950-та година, и наводно со ова се прекинала клетвата. Актерката Фелисити Хофман го носела дијамантот на Оскарите во 2006-та година.rnrnПродолжува на 
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
Продолжува на 
rnrnАуди веќе го најави лансирањето на својата серија автомобили без ретровизори, во 2019 година. Наскоро и останатите производители на автомобили ќе го следат овој иновативен пример. Сите автомобили ќе имаат вградени камери и паметен систем којшто би го предупредил возачот во случај на опасност.rnrnВо истата ситуација, се рачните менувачи и моторите на бензин. Од почетокот на годинава, сите нови згради во Англија ќе имаат електрични станици за полнење на автомобилите и до 2035, надлежните планираат поголемиот дел од популацијата да вози еколошки возила кои не ѝ наштетуваат на природата.rn
rnrnТехнологијата на паметен дом станува дел од нашиот секојдневен живот. Сите уреди можат да бидат управувани преку вашиот таблет или паметен телефон и наскоро, нема да имаме потреба од користење стандардни далечински управувачи.rn
rnrnВо 2017, компанијата TSYS направила истражување за да го одреди најпопуларниот метод за плаќање. Само 120 луѓе од 1000 кажале дека би платиле во готово, додека останатите одбрале метод на плаќање со кредитни картички. Но, и на времето на кредитните картички ќе му дојде крајот бидејќи веќе подолго време имаме можност за плаќање со паметни часовници, паметни телефони и слични уреди.rnrnВо иднина, ќе имаме можност да управуваме со новата технологија на Мастер Кард таканаречена „Селфи Плаќање“ (Selfie Pay) благодарение на која ќе можеме да направиме исплата со само едно трепкање во предната камера од нашиот телефон. Во ноември, 2018 година, луѓето ќе имаат можност да ја тестираат оваа технологија во Европа.rn
rnrnЗа само 20 години, комплетно ќе заборавиме како изгледале стандардните клучеви за врати или автомобили. Технологијата за стартување на автомобили со притискање на копче веќе ни е одамна позната, но замислете да имате можност да го отворите вашиот стан користејќи само апликација на вашиот телефон, говорна команда или преку скенирање на ретината.rn
rnrnПолначите за телефони наскоро нема повеќе да ве нервираат бидејќи се искинале и жиците излегле на површина. Замислете да ги извадите слушалките од вашиот џеб и да не се заплеткани… Во блиска иднина, ќе имаме можност да користиме радио бранови и безжичен Интернет, за да ги полниме нашите уреди. Сите тие досадни кабли што само сметаат и прават неред во нашите домови ќе ги снема и сè околу нас ќе стане пофутуристичко.rnrnПродолжува на 
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
Продолжува на 
rnrnДури и на напуштено место без банкомати, кредитната картичка може да ви биде од корист. Таа е одлична алатка за отстранување осило или трн. Едноставно „гребете“ кон трнот за да го извадите полесно.rn
rnrnКонзервата туна не само што ќе ви го задоволи гладот, туку во неа има доволно масло за да гори 2-3 часа. Сè што треба да направите е мала дупка на врвот на конзервата. Во дупката вметнете памучен конец и оставете го да се накисне. Потоа само запалете го конецот и имате свеќа која гори 2-3 часа. Исто така туната ќе можете да ја јадете и откако ќе изгори.rn
rnrnБалсамот за усни не само што може да ви послужи како свеќа, туку создава доволно топлина за да ја зголеми температурата во просторијата за неколку степени. Ова може да биде клучно во критични ситуации. Заврзете мало парче материјал на врвот на балсамот кој пак ќе биде како гориво. Оваа свеќа може да гори и до 2 часа.rn
rnrnАко има мала осекотина што крвави, можете да нанесете тенок слој супер-лепак. Ова ќе ја затвори раната и ќе ги спречи инфекциите. Исто така ќе запре и крвавењето. Но потребно е да бидете внимателни со лепакот. Пред сè може да предизвика чешање ако навлезе во раната. Покрај тоа не сакате да ја комплицирате раната со тоа што ќе нанесете лепило длабоко во неа.rn
rnrnАко се најдете во ситуација каде што е отежнато дишењето, има лесно решение и за тоа. Можете да ги искористите корпите од градникот за да го покриете лицето. Експертите сметаат дека ова ги спречува токсичните честички да навлезат во устата и носот бидејќи корпата добро ги покрива. Можете да ги искористите и рамките за да ја прицврстите маската.rnrnПродолжува на 
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rnrnПогледнете повеќе фотографии на 
rnrnОстатоците од вашиот ручек припаѓаат во фрижидерот, а не на вашата работна маса. Покрај тоа што ова може да им пречи на вашите колеги, трошките и заборавената храна можат да привлечат еден куп инсекти и животинки. За да го избегнете овој проблем, фрлајте го ѓубрето од храната во корпата што се наоѓа во кујна, а не во таа под вашето биро. Ѓубрето од кујната сигурно се исфрла многу почесто.rn
rnrnОнаа урнебесна фотографија од вас и вашите пријателки на луда моминска вечер дефинитивно не би требало да стои во вашата канцеларија. Можете да ставите фотографија од вас и вашиот партнер, сопруга и деца или пак најдобар пријател. Ако не сакате шефот да ја види вашата фотографија, тогаш не ја чувајте на вашата работна маса.rn
rnrnОдредени миризби (како што се пеперминт и лимон) навистина можат да направат чуда за вашата продуктивност и концентрација. Иако можеби идејата да ги вклучите овие мириси во вашата канцеларија ви звучи одлично, освежувачите не се најдобриот начин да го сторите тоа, особено ако вашите колеги немаат ист вкус. Наместо тоа, чувајте мало шише со миризливо масло по ваш избор на вашата работна маса. Кога ќе сакате да го почувствувате мирисот, ставете една капка на памукче и помирисајте.rn
rnrnЗа време на изборите, можеби ќе сакате да покажете кој е вашиот омилен кандидат со беџ или налепница. Но, освен ако не работите во политичка канцеларија, задржете ги вашите преференции за себе.rn
rnrnГолемиот број лепливи белешки можат да предизвикаат повеќе штета отколку корист. Секако дека треба да залепите белешка на вашиот компјутер за да објасните зошто ве нема на бирото, но ако целата рамка на екранот е пополнета со овие белешки, време е да размислите за вашиот начин на организација.rn
rnrnПредметите како што се спреј за коса, крема и шминка, можете да ги чувате во фиока во биро, но не ги оставајте на работната маса. Вашата работна маса треба да ви помогне да останете организирани и концентрирани, а не да ве потсетува дека треба да си ги средите ноктите или косата.rn
rnrnДали телефонот на вашата работна маса ве примамува да проверите што се случува на Фејсбук на секои 5 минути? Дали вашите списанија ве тераат да сонувате со отворени очи? Ваквите предмети го одвлекуваат вниманието, па затоа чувајте ги настрана и вадете ги само за време на претходно испланираните паузи.rn
rnrnНема ништо лошо во тоа да грицкате на работа, ако јадете бадеми, наместо чипс. Чувајте само здрава храна на бирото за да можете да си ја вратите енергијата секогаш кога се чувствувате изморено. Ако ви треба нешто слатко, темното чоколадо е вашиот најдобар избор. Некои истражувања покажале дека овој десерт ја зголемува концентрацијата.rnrnВо продолжение, 
rn