КАФЕ ПАУЗА

Tag: прашања

  • Дајте го најдоброто од себе на интервјуто за работа

    Дајте го најдоброто од себе на интервјуто за работа

    Можеби не треба на овој настан да му пристапуваме со преголема количина на стрес, но сепак, станува збор за интервју за работа, кое може да ви го донесе посакуваното работно место. Многу текстови, книги и прирачници даваат совети за ваквите видови интервју.rnrnСтив Шипсајд (Steve Shipside), во еден дел од својот прирачник „Ефективна комуникација“, детално му пристапува на овој проблем, решавајќи многу дилеми и давајќи совети за поуспешно интервју за работа.Дајте го најдоброто од себе на интервјуто за работаrnrn

    1. Соодветна подготовка

    rnНавидум интервјуто за работа би требало да биде лесно, треба да зборуваме за себе, а кој не сака да зборува за своите доблести? Како и да е, нервозата и тремата навистина можат да застанат на патот.rnrnКако да се подготвите? – Вежбајте дома, како ќе седнете, како ќе се движите, што би можеле да кажете. Подгответе одговори на прашањата кои би можеле да ви бидат поставени. Вежбајте со пријател или член на вашето семејство, тој нека биде вашиот работодавач и нека ви поставува прашања. Она што никогаш не смеете да го прескокнете, без разлика за каква работа станува збор, е секогаш да бидете информирани за компанијата и работното место. Истражете нешто повеќе за фирмата каде одите на интервју за работа, од кога постои, што работи, кои се најпознатите проекти или производи и сл.rnrnКои се вашите квалитети? – Бидете подготвени да ги наведете вашите квалитети и добри страни, всушност бидете свесни за тоа кои се вашите вештини соодветни за таа работа. Што ќе биде кога ќе ве прашаат кои се вашите квалитети, а вие не знаете што да одговорите? Кога ќе ги кажувате вашите квалитети и добри карактеристики, внимавајте да не звучи како фалење, вие ги поседувате тие квалитети зошто сте се труделе да ги стекнете.rnrnКако да се справите во последните минути пред интервјуто? – Еден ден пред интервјуто може да се чувствувате како да сте целосно спремни и опуштени, но како што интервјуто се приближува, вашата трема ќе расте. Земете контрола и не дозволувајте да ве надвладее. Само запомнете колку ја сакате таа работа и колку не вреди заради тремата да си ги упропастите шансите. Клучни се петте минути пред интервјуто. Еве што советува Стив:rn
    rn

    „Проверете како изгледате, дали е сè во ред со вашата облека и вашата коса. Така ќе имате поголема самодоверба во текот на интервјуто.rnrnПовторете си ги главните информации и податоци кои сте ги спремиле.rnrnЗемете воздух и полека издишете. Повторете го ова неколку пати за да се смирите и релаксирате.“

    rn
    rn

    2. Ефективен тек на интервјуто

    rnИнтервјуто е најдобра шанса да зборувате за себе и бидете сигурни дека оној кој ве слуша, во случајов навистина сака да знае многу работи за вас. Зборувајте ефективно и направете секој ваш кажан збор да значи нешто.Дајте го најдоброто од себе на интервјуто за работаКако да зборувате? – Зборувајте полека и смирено. Темпото на зборување прилагодете го според она на личноста која ве интервјуира. Не зборувајте ни погласно, ни побрзо од неа. Концентрирајте се на прашањето, а не на тоа колку сте нервозни во моментот. Доколку не сте сигурни дали сте го разбрале прашањето, побарајте да ви биде повторено. Тоа е многу подобро отколку да зборувате работи кои не се поврзани со прашањето. Секогаш давајте сè од себе, не трудете се да одговорите најкратко што можете па да молчите. Дајте им до знаење дека сте информирани, способни и дека навистина ја сакате работата. Запомнете, колку и да сакате да ја добиете работата, личноста која интервјуира уште повеќе има желба да го најде вистинскиот човек за таа работна позиција.rnrnКако да се мотивирате? – Внимавајте на работите кои треба да ги кажете и секогаш мотивирајте се мислејќи на погодностите кои ви следуваат од добивањето на таа работа. Секогаш кога барем малку ќе „заглавите“ во текот на интервјуто, запомнете дека мора да ја добиете работата, мотивирајте се и изборете се за саканата цел!rnrnКако да се облечете? – Тука најчесто настанува дилема, но најмногу зависи работното место за кое сте аплицирале. Не претерувајте со деловниот изглед, особено ако не станува збор за канцелариска работа. Но од друга страна, не се однесувајте како да ви е сеедно и како воопшто да не сте обрнале внимание на вашиот изглед. Најголема грешка која девојките и жените ја прават е премногу разголеност на интервјуто за работа. Совесниот менаџер, без разлика дали е машко или женско, ги сака вистинските кандидати за работното место. Дури и да сте паметни и квалификувани, со провокативност ќе оставите впечаток како да сакате да привлечете внимание со својата облека, а не со своето знаење.rn
    rn

    3. Најчести прашања на интервју за работа

    rnМожеби многу работи зависат од видот на работното место, но постојат стандарди прашања кои се поставуваат скоро во сите интервјуа за работа. Дајте го најдоброто од себе на интервјуто за работаВежбајте ги одговорите на следните прашања:rnrnЗошто ја сакате оваа работа? – Овде нагласувате зошто сакате да ја добиете работата и како вашите вештини би можеле да ви донесат голем успех на таа работна позиција.rnrnЗошто сакате да работите за нас? – Дадете комплименти за нивниот углед, менаџерското уредување, нивниот успех и слично. Но не претерувајте, тие можат да ги препознаат вашите лаги и лицемерие. Бидете искрени. Мора да постојат причини зошто сте се одлучиле да аплицирате токму за тоа работно место, кажете ги.rnrnШто мислиш, какви вештини бара оваа работа? – Набројте ги квалитетите кои соодветствуваат со работното место и ненаметливо дајте им до знаење дека вие ги поседувате истите.rnrnКако можете да придонесете за развој? – Дадете пример за нешто во што сте навистина добри и како компанијата може да стане поуспешна поради таа ваша вештина.rnrnКои се вашите слаби точки? – Штом ве прашуваат кои се вашите доблести, сигурно дека ќе ве прашаат и кои се вашите маани. Никогаш не одговарајте дека немате слаби точки. Секогаш нагласете дека може лесно да управувате со своите слабости и да се подобрите.rn
    rn

    3. За и против на интервју за работа

    rnОдредени работи ќе придонесат до поголем успех, други пак можат да ви ги уништат шансите за добивање на работата.Дајте го најдоброто од себе на интервјуто за работаДобро е да го направите следново:rn

      rn011

    • Прашајте за искуството на оној кој ве интервјуира во таа фирма.
    • rn011

    • Прашајте за шансите и можностите кои таа работа ви ги дава за да се развиете како личност.
    • rn011

    • Поставете прашање базирано на вашето знаење за работната организација, можеби податоци од некакво истражување и слично.
    • rn

    rnНегативно е следново:rn

      rn011

    • Да преминете во интервјуер. Внимавајте, вие сте тие кои треба да одговараат на прашања. Добро е да поставите неколку прашања, но секогаш во склоп со некое нивно прашање или кон крајот на интервјуто кога и атмосферата ќе биде поопуштена.
    • rn011

    • Не прашувајте за плата, не нагласувајте дека парите се единствен мотив. Во интервјуто гледајте да ги нагласите вашите доблести и квалификации.
    • rn011

    • Не бидете пасивни, не одговарајте само со „Да“ или „Не“ и не изгледајте како умот да ви е на друго место.
    • rn

    rn
    rn

    4. Панел интервју

    rnМногу е важно да знаете да се снајдете кога има повеќе луѓе кои ви поставуваат прашања. Групните интервјуа им даваат можност на оние кои ве интервјуираат да дознаат какви сте во група од луѓе, како се однесувате и како ги искажувате своите мислења. Секогаш нагласете дека сте тимски играч и дека совршено се снаоѓате во поголема група на луѓе.Дајте го најдоброто од себе на интервјуто за работаИако за многумина групното интервју е стресно, не дозволувајте стресот да ве надвладее. Замислете си дека зборувате со ваши другари и познаници. Најважно е да го вклучите секој член од оние кои ви поставуваат прашања. Дури и некој кој навидум е пасивен и не ве прашува ништо, ве анализира вас и вашето однесување. Кога одговарате прашања, не го гледајте само оној кој ви го поставил прашањето. Гестикулирајте и воспоставувајте контакт со очи со останатите членови.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Ефективен почеток на денот – разбудете се на врвот на светот

    Ефективен почеток на денот – разбудете се на врвот на светот

    Автор: Ели РадескаrnrnКоја е првата мисла со која се будите? Некои луѓе се будат со помислата: „Проклетство, веќе е 6 часот!“, а други: „Колку прекрасен ден е на повидок!“ Каков ментален статус ќе заземете наутро, таков ќе ви биде и остатокот од денот.rnrnЗа денот да ви биде ефективен и продуктивен, искористете го утрото и направете го моќно! Разбудете се со чувство дека сте на врвот на светот.Ефективен почеток на денот – разбудете се на врвот на светотМоќни утрински прашања – Секогаш си поставуваме прашања, дури и тогаш кога не сме свесни за тоа. Додека појадуваме, или го пиеме утринското кафе, безброј мисли ни се вртат низ глава.rnrnНаучете да ги контролирате. Ако ги контролирате овие мисли и прашања, вие имате целосна контрола над вашата психа. Стопирајте ги негативните мисли, земете контрола, мислете позитивно.rn

      rn011

    • Прашања кои треба да си ги поставите секое утро:
    • rn011

    • Што можам да очекувам од денешниов ден?
    • rn011

    • Како да си го направам денов совршен?
    • rn011

    • Која е најдобрата работа која би можела да ми се случи денес?
    • rn011

    • Што е совршено во мојот живот?
    • rn011

    • Во што сум добар/ра?
    • rn011

    • Дали денес ќе примам некаква заслуга?
    • rn

    rnСо поставувањето на овие прашања ги насочувате мислите кон оние работи кои сакате да ви се случат. За некои прашања не мора да имате реална основа, вашиот мозок по автоматизам ќе се стреми кон одговорите.rnrnНе заборавајте го основното прашање: За што треба да бидам благодарен/на? Сите ние имаме толку работи за кои треба да бидеме благодарни.rnrnТриесетдневен тест – Во текот на наредните 30 дена поставувајте си ги горенаведените прашања. Може да земете ливче и да запишувате. Наместо да се фокусирате на она што ви се случило претходниот ден, или на она што сте го сонувале, фокусирајте се на денешниот ден.rnrnСменете ја вашата утринска рутина – но не менувајте ги работите кои ви се допаѓаат и ве прават среќни.rnrnНе вклучувајте го веднаш компјутерот или телевизорот – тоа не е здраво будење. Мозокот наутро буквално „впива“ информации бидејќи е свеж и одморен. Зошто тоа да не го искористите правилно?rnrnМедитирајте – не е лесно да го „одвоите“ телото од умот. Потребни се тренинг и вежби. Но секогаш можете да најдете методи за релаксација. Разбудете се порано од предвиденото, опуштете се подготвувајќи се за обврските кои следуваат. Зошто да не се разбудите половина час порано, па наместо брз туш да уживате во пенеста купка? Не заборавајте дека на вашето тело и вашиот ум, секогаш треба да им угодувате и да ги „разгалувате“.rnrnСлушајте музика – сите знаеме дека моќта на музиката е огромна. Наутро слушајте нешто што ќе ве „подигне“, инспирира и мотивира.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 митови и вистини поврзани со сезонските алергии

    5 митови и вистини поврзани со сезонските алергии

    Автор: Бојана МандевскаrnrnПролет! Сѐ цвета и раззеленува. Свежиот мирис на цвеќињата е толку нежен и пријатен, дрвата расцутеа, на пазарите сѐ повеќе и повеќе е застапен свеж зеленчук и свежо овошје. Со нетрпение чекавте да помине ладната зима за да може повеќе време да поминувате во прошетки низ природа, да се ослободите од зимската облека и да јадете посвежа храна.rnrnСè навидум е убаво, но оваа пролет нешто се случи со вас. Веќе неколку дена кивате, очите ви солзат, се борите за здив, јазикот ви е црвен, ни пудра не ви помага во сокривањето на подочниците околу очите. Бевте на лекар,  подлегнавте на безброј испитувања и крајниот резултат беше алергија? Сега се прашувате како ќе продолжите понатаму, дали има лек? Не паничете, веќе сме 21 век кога медицината е толку напредна и секојдневно сме сведоци на нови изуми, лекови, сѐ со цел да се подобри здравјето на луѓето.rnrn5 митови и вистини поврзани со сезонските алергииrnrnОдвојте неколку минути за да се запознаете со основните елементи на алергиите, неколку митови и вистини поврзани со нив, кои ќе ви бидат од голема корист.rnrnАлергија е преосетливост на организмот кон некои супстанци, додека пак алергиската реакција е одговор на имуниот систем на организмот кон внесените алергиски супстанци. Носечките супстанци (алергени), кои предизвикуваат алергиска реакција може да бидат: храна, полен, микро-крлeжи, делови од тело на животните, отров од инсектите и многу други. Постојат многу видови алергии и голем број нивни причинители. Ова се 5 најзастапени митови/прашања поврзани со алергиите и вистините за нив.rnrnМит: Јадењето мед може да ги спречи или излекува сезонските алергии?rnrnОвој мит потекнува најверојатно од размислувањето кое постои кај луѓето дека во медот има минимални количини полен. Доколку во текот на годината се внесува секојдневно мед ќе се смали сензитивноста на организмот од полен и ќе се излекува сезонската алергија. Вистината е дека стварно во медот има одредено количество полен, кое пчелите го собираат од растенијата. Проблемот е во тоа што поленот кој предизвикува алергии, што првенствено го има во дрвјата, тревите и плевелта, не е од растенијата кои пчелите ги користат за производство на мед. Но, доколку сте љубител на медот, алергијата не треба да биде причина која ќе ве спречи во уживањето на неговиот вкус.rnrn5 митови и вистини поврзани со сезонските алергииrnrnМит: Возрасните не можат да се „разболат“ од алергијаrnrnВистината е дека и возрасните може да се „разболат“ од алергија. Тоа што сте возрасни не значи дека не може да бидете подложни на антитела кои ќе ви предизвикаат алергиска реакција. Нивото на антителата „IgE“, предизвикувачи на алергии, во организмот на човекот со текот на годините почнува да опаѓа, но тоа не значи дека не постои можност за појава на алергија во повозрасните години. Доколку се појави алергија, тоа значи дека извесен период организмот бил изложен на некој алерген.rnrn5 митови и вистини поврзани со сезонските алергииrnrnМит: Цветните растенија се најголемите причинители на алергијаrnrnВистината е  дека цвеќињата како розите и лилјаните поседуваат т.н. тежок полен, односно полен кој потешко се пренесува бидејќи луѓето не се во близок секојдневен контакт со нив. За разлика од цвеќињата кои ги споменавме, постојат други растенија кои поседуваат т.н. лесен полен и тие се „виновниците“ за појавата и развојот на алергиите. Растенијата содржатели на лесен полен се дрвјата, плевелот, тревите кои што ги има насекаде околу нас. Поленот од овие растенија се пренесува многу лесно особено преку ветерот.rnrn5 митови и вистини поврзани со сезонските алергииrnrnМит: Алергиите не претставуваат сериозен здравствен проблемrnrnВистината е дека алергијата не преставува едноставна моментална непријатност. Тие се состојба на која ѝ треба соодветен лекарски третман. Можна е појава на одредени здравствени компликации доколку не се третира алергијата. Компликациите се појавуваат во вид на кашлица, астма, главоболка, прекини во вечерното спиење и дневна поспаност, омалаксаност. Постои можност од појава на синуситис.rnrn5 митови и вистини поврзани со сезонските алергииrnrnМит: Земањето лекарства е единствениот начин за борба против алергиските симптомиrnrnВистина е дека земањето лекарства ги ублажува и намалува алергиските симптоми. Но, во поново време е измислен нов начин на лекување на пациентите преку процес на имунотерапија. За пациентите кои консумираат поголемо количество на медикаменти, се предлага замена на апчињата за алергија со имунотерапија. Имунотерапијата е процес кој трае неколку години, но во голем процент ги намалува и лекува алергиите. Посоветувајте со вашиот лекар и доколку постои можност, заменете ги лекарствата со имунотерапија.rnrn5 митови и вистини поврзани со сезонските алергии
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 12 златни животни правила

    12 златни животни правила

    Покрај популарните мисли овековечени со перото на познатите философи, постојат и мудри анонимуси, како оној што ги напишал следните животни правила… 🙂12 златни животни правила1. Кога нешто ќе отворите, погрижете се истото и да го затворите.

    rn2. Ако нешто вклучите, не заборавајте и да го исклучете.rnrn3. Ако отклучувате, треба и да заклучувате.rnrn4. Ако нешто расипете или скршите, признајте го тоа.rnrn5. Ако нешто не можете да поправите, побарајте помош од некој што може.rnrn6. Ако нешто сте позајмиле, вратете го.rnrn7. Ако нешто навистина вреди, грижете се за него.rnrn8. Ако направите забуна, разјаснете ја.rnrn9. Кога нешто несоодветно ќе поместите, вратете го назад.rnrn10. Ако ви е потребно нешто што му припаѓа на друг, побарајте дозвола за негово користење.rnrn11. Ако нешто не ви оди, баталете го.rnrn12. Кога нешто не е ваша работа, не поставувајте прашања.rnrnИмате ли и вие некое животно правило кое сте го зацртале како резултат на вашето досегашно искуство, а кое би сакале да го споделите тука?rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 80 прашања кои секој треба да си ги постави себеси

    80 прашања кои секој треба да си ги постави себеси

    На крајот од секој ден, недела, месец или година, повеќето луѓе погледнуваат наназад да видат што направиле и размислуваат за иднината и за она што им претстои. Во тие моменти ги сумираме впечатоците, ги анализираме реакциите и учиме од искуствата. Овој процес ни помага да се издигнеме и да собереме мотиви за остварување на целите и за долготрајна среќа. Следниве 80 прашања ќе ви помогнат да си направите една себе-анализа и да си ги дадете себеси одговорите на многу едноставни, но важни прашања.rnrn80 прашања кои секој треба да си ги постави себесиrnrn1. Во една реченица, кои сте вие?rn2. Што ви е најважно во животот?rn3. Кое е вашето животно мото?rn4. Што е тоа што вие го поседувате, а другите мечтаат за тоа?rn5. Што недостасува во вашиот живот?rn6. Во последно време за што најмногу размислувате?rn7. Што е според вас среќата?rn8. Што најчесто стои помеѓу вас и среќата?rn9. Што ви е најмногу потребно во овој момент?rn10. За што мечтае детето во вас?rn11. За која работа сте најсигурни во овој момент?rn12. Се плашите ли до нешто?rn13. Дали стравот од неуспех ве сопрел да направите нешто?rn14. Од што никогаш нема да се откажете?rn15. Што сакате засекогаш да остане во вашето сеќавање?rn16. Што прави да се чувствувате сигурно?rn17. Од која активност губите чувство за простор и време?rn18. Која е најтешката одлука која некогаш сте ја донеле?rn19. Која е најдобрата одлука која некогаш сте ја донеле?rn20. За што сте најмногу благодарни?rn21. За што вреди да се трпи болка?rn22. Доколку ги наредите по важност следниве поими: среќа, пари, љубов, здравје, слава, како би изгледала листата?rn23. Што е тоа за кое отсекогаш мечтаете, а сè уште го немате?rn24. Кој момент од измината година ви претставуваше вистинско уживање?rn25. Која е најважната работа што морате да ја промените во следните 12 месеци?rn26. Која е најважната цел што сакате да ја достигнете во наредните 5 години?rn27. Кој е најголемиот мотиватор во вашиот живот моментално?rn28. Што никогаш не би сториле?rn29. Дали постои нешто за кое сте рекле дека никогаш нема да го сторите, а сепак сте го направиле?rn30. Што најново сте научиле за себеси?rn31. Дали некогаш се преправате дека нешто разбирате, а всушност немате поим за што ви зборуваат?rn32. Во една реченица, што си посакувате себеси?rn33. Што најмногу ве мачи за иднината?rn34. Кога ќе погледнете во минатото, што најмногу ви недостасува?rn35. Кога ќе погледнете во минатото, што најмалку ви недостасува?rn36. Во последно време, што ве потсетило дека времето лета?rn37. Кој е најголемиот предизвик за вас во овој момент?rn38. Со еден збор, како би го опишале вашиот карактер?rn39. Што секогаш успева да ве налути?rn40. По што сте препознатливи помеѓу семејството и пријателите?rn41. Што вашите блиски луѓе не знаат за вас?rn42. Која е најчестата погрешна слика, која луѓето ја добиваат за вас?rn43. Што луѓето најчесто прават, со што вие воопшто не се согласувате?rn44. Во што верувате, а останатите луѓе околу вас се скептични за тоа?rn45. Што за вас е тешко, а останатите го прават брз проблем?rn46. Кои топ три квалитети ги барате во еден пријател?rn47. Кое е највредното нешто што го поседувате?rn48. Доколку се отселите 5.000 километри подалеку од дома, што најмногу ќе ви недостасува?rn49. Што би ве насмеало во моментов?rn50. Што правите во ситуација, кога ништо не ве расположува?rn51. Што не треба да се подобри во вашиот живот?rn52. Без што не можете да издржите во текот на еден ден?rn53. Која е најголемата лага во која сте поверувале?rn54. Кое е најлошото нешто што ви се случило, а ве направило посилен/а?rn55. Кое нешто другите никогаш нема да можат да ви го одземат?rn56. Дали постои некоја навика, за која ви е мило што сте се одвикнале од неа?rn57. На која активност треба да посветите повеќе време?rn58. На што најмногу треба да внимавате?rn59. На што треба да му се пристапува сериозно, но без страв?rn60. Од кои три работи во животот никогаш не е доста?rn61. Што во животот би сториле поинаку доколку не би ви било страв од осудувања?rn62. Што најмногу ве фасцинира?rn63. Што би правеле секој ден доколку би можеле?rn64. Што е полошо, да не успееш или да не се обидеш?rn65. Што прави да се чувствуваш некомплетно?rn66. Дали точно можете да посочите ситуација која претставува пресврт во вашиот живот?rn67. До што или до кого посакувате да живеете поблиску?rn68. На кого можете да се потпрете во секое време?rn69. Што прави да се чувствувате удобно?rn70. Што кај вас никогаш не се има променето?rn71. Што мислите дека ќе биде различно во вашиот живот за една година од денеска?rn72. Кои грешки упорно ги повторувате?rn73. На што ви е најтешко да кажете „не“?rn74. Што порано ве плашело, а сега не?rn75. Дали постои ветување кое сте си го дале себеси, а сè уште си го немате исполнето?rn76. Кое е наједноставното нешто што може да изнуди насмевка на вашето лице?rn77. Како знаете дека е време да се продолжи понатаму?rn78. Кое нешто би сакале да го доживеете повторно?rn79. Кога ќе навлезете во длабока старост, што мислите, што ќе ви биде најважно?rn80. За што би жалеле доколку не го сторите тоа во животот?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како разговарањето со непознати луѓе да ви биде помалку незгодно?

    Како разговарањето со непознати луѓе да ви биде помалку незгодно?

    Стоите во крукче од 5-6 луѓе. Случајно се најдовте таму, но се впуштивте во дискусијата и сè е добро до тука. Наеднаш заминуваат сите по нова порција јадење, а вие останувате во присуство на само една личност, која не ја познавате од претходно, на која дури ни името не ѝ го знаете. Незгодно… Како да го продолжите муабетот? Што да зборувате со некој за кого немате никакви сознанија? Дали и вие да појдете по нова порција јадење?rnrnКако разговарањето со непознати луѓе да ви биде помалку незгодно?rnrnСигурно многупати сте се нашле во ваква ситуација, без разлика дали сте на конференција од работа, на роденден кај другар/ка или на свадбата на вашиот втор братучед. Победете ги непријатните тишини и благото учтиво подигнување на врвовите на устата со сила. Еве неколку совети..rnrn1. Разговарајте за вас, за луѓето кои ги познавате од настанот на кој присуствувате, за да утврдите кој ви е заеднички познаник, дали некој колега, пријател или роднина.rnrn2. Поставувајте му прашања на соговорникот. Прашајте го нешто општо за животот, од каде е, со што се занимава, дали има некое хоби. Актуелните настани се секогаш добар двигател на разговори со непознати, па и со подобро познати луѓе. Нова градба, културна манифестација, актуелност од големо значење… Почнувајте ги речениците со: „Што мислиш за…“; „Имаш слушнато…“ и сл. Но, избегнувајте контроверзни теми и воздржувајте се од долги здодевни приказни.rnrn3. Ако забележите дека ви станува здодевно од она што го зборувате, веднаш престанете и преминете на друга тема.rnrn4. Слушајте повеќе одошто зборувате.rnrn5. Кога се среќавате со луѓе кои не ги знаете од порано, ограничете ги приказните што имате да им ги раскажете, зборувајте за скорешни случувања од вашиот живот. Од време на време, спомнувајте нешто во врска со она што моментално ве опкружува, интересната музика во позадина, вкусната храна што е сервирана итн.rnrn6. Имајте во ракав неколку интересни историски факти, на пример:rn

    Како дете, Алберт Ајнштајн ретко зборувал. Кога зборувал, тоа го правел многу бавно, дури ја вежбал секоја реченица во главата пред да ја каже како што треба на глас. Ова му се случувало до деветгодишна возраст. Неговите родители биле загрижени. Но, на крајот, една вечер додека јаделе, ја прекинал тишината велејќи: Супава е премногу жешка. На родителите многу им олеснило, па веднаш го прашале зошто дотогаш не проговорил ни збор, а тој одговорил: Бидејќи досега, сè беше како што треба.

    rn7. Сепак, не претерувајте. Никој не сака човек кој мисли дека знае сè.rnrn8. Долгите паузи се најдобар момент за „уфрлување“ некој историски факт. Повеќето луѓе би ве слушале со задоволство што и да имате да кажете, отколку да ја слушаат непријатната тишина.rnrn9. Следете си го сопствениот говор на телото. Луѓето кои изгледаат како да паднале од небо им предизвикуваат непријатно чувство на другите. Делувајте самоуверено и удобно во сопствената кожа, дури и кога не се чувствувате така.rnrn10. Дозволете им на непознатите луѓе да ве прекинат. Тие не се непристојни, туку ви помагаат во меѓусебното запознавање. Дозволете им да зборуваат и почекајте сигурен знак од нив за да ја продолжите вашата приказна.  Добро е ако тие ве поттикнат на ова, значи дека сакаат да ве слушаат.rnrn11. Ако сè друго не успее, зборувајте за времето бидејќи луѓето секогаш со леснина се поврзуваат на оваа тема. Секако, имајте предвид од какво место доаѓа соговорникот. Не сакате да му дадете несоодветен коментар за заладувањето на некој кој живее на север и во моментот седи спроти вас со кратки ракави.rnrn12. Имајте резервни изговори за културно да се тргнете настрана. Ова може да е нешто од типот: „Извини, ќе појдам да земам уште една пијачка“; „Ќе одам да земам нешто за јадење“ или „Би требало да одам да се поздравам со…“rnrnСè додека избегнувате лични, политички или контроверзни теми, барем додека се запознавате со луѓето, и имате идеја за прашањата кои сакате да ги поставите, вие можете да разговарате како вистински социјална личност.rnrnДополнително, може да ви бидат од помош и 12-те златни правила за пријатен разговор и 5-те чекори до поздрав социјален живот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 8 мудри начини да продолжите напред во работата

    8 мудри начини да продолжите напред во работата

    Колку и да го сакате она што го работите, сигурно некогаш сте се нашле во тешка ситуација. Дури и ако сте многу добри во работата, таа може да ви стане рутинска и досадна или пак, можеби сакате да се докажете дека сте одлични на работното место за да имате повод да побарате покачување. Во каква и ситуација да се наоѓате, еве неколку мудри совети како да продолжите напред:rn.rn

    1. Работете различни задачи

    rn

    Ако ви изгледа дека единственото нешто што се менува во текот на неделата е само денот, време е да поразговарате со претпоставениот да ви ги прошири работните задачи. Така, може да ви се зголеми и платата. Понудете им ја својата помош на некои колеги, па дури и на оние кои не се во вашиот оддел. Или, ако поседувате некоја способност која не е во описот на работното место, пробајте да ја откриете, завршувајќи некоја задача за која токму вие сте вешти. Луѓето ќе ја ценат вашата иницијатива да помогнете, а вие во исто време ќе се докажете уште повеќе.8 мудри начини како да продолжите напред во работата

    rnrn

    2. Навреме препознајте го проблемот

    rnИзвестете го претпоставениот или шефот веднаш штом ќе препознаете некој проблем кој е од витално значење за фирмата. Тогаш, претпоставените ќе увидат дека се грижите за фирмата, а воедно и за вашето работно место. Ако нешто не ви штима, слободно прашајте.8 мудри начини како да продолжите напред во работатаrn

    3. Поставувајте прашања

    rn

    Кога веќе сте во канцеларија со шефот и тој ви поставува прашања за вашата работа, искористете го добро тој момент и поставете му и вие неколку прашања нему. Ова особено се однесува ако ви е доделена нова работна задача. Прашајте за сè што не ви е јасно, како подобро би ја исполниле задачата.8 мудри начини како да продолжите напред во работата

    rnrn

    4. Учете повеќе од колегите

    rnАко сакате да бидете повидливи на работното место, запрашајте се: кого овде најмногу го забележуваат? Што прави тој/таа на што и вие би можеле да се угледате? Откако ќе најдете некој колега на кого му се восхитувате поради неговото работење, дајте му до знаење дека сте расположени за соработка и отворени за помош доколку некогаш му е потребна за некоја задача или проект. Соработувајте со веќе докажани колеги и учете од нив.8 мудри начини како да продолжите напред во работатаrn

    5. Преминете на главното

    rnЧестопати ни се случува да претераме со зборување кога нè прашале само едно прашање. Без оглед дали се работи за пренесување добри или лоши вести, бидете јасни и прецизни.8 мудри начини како да продолжите напред во работатаrn

    6. Вашата кариера треба да е во ваши раце

    rnАко сметате дека сте исполнителни во работата повеќе одошто е потребно, не двоумете се да разговарате со шефот за ваше унапредување во кариерата. Пред да го направите овој чекор, пожелно би било дополнително да се докажете, да извршите некоја екстра работна задача како шефот би бил уверен и би ве унапредил.8 мудри начини како да продолжите напред во работатаrn

    7. Внимавајте на вашето однесување

    rn

    Однесувањето на вработените е број еден на листата на претпоставените. Ако сте отворени за нови предизвици, секоја работа ја примате со насмевка и со позитивен став, сите ќе сакаат да работат со вас. Доколку пак наидете на проблем, секако дека треба да го истакнете, да побарате мислење од претпоставениот и на крајот да дадете предлог за негово решавање.8 мудри начини како да продолжите напред во работата

    rnrn

    8. Предочете ги сопствените достигнувања

    rnВажно е шефот да биде известен за сите ваши постигнувања на работното место, но не претерувајте со тоа. Од време на време закажувајте состанок со шефот и известувајте го за сопствените постигнувања во однос на работата.8 мудри начини како да продолжите напред во работатаrnrn——————————————————————————————————————————————————————–rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Прашања кои треба да си ги поставите на крајот од неделата

    Прашања кои треба да си ги поставите на крајот од неделата

    Рефлексијата е главен клуч за прогресија. Одговарајќи на овие прашања, ќе си го организирате остварувањето на вашите соништа, цели и потреби.rnrnПрашања кои треба да си ги поставите на крајот од секоја неделаrn

    1. Што научив изминатава недела?

    rnАко имате проблем при одговарање на ова прашање, време е за промена. Без разлика колку години имате, не заборавајте дека секој ден треба да учите по нешто ново.rn

    2. Што беше моето најголемо достигнување минатата недела?

    rnПогледнувајќи им на достигнувањата во очи, на здрав начин го подигнувате нивото на својата самодоверба и задоволство. Исто така, тоа е ефикасен начин да го следите сопствениот прогрес.rn

    3. Кој миг од изминатава недела длабоко се врежа во моето сеќавање и зошто?

    rnТоа може да го отвори вашиот ум и да увидите нови страсти и цели кои ќе сакате да ги постигнете.rn

    4. Која е најважната работа која сакам да ја остварам во неделата која следува?

    rnСè друго треба да има споредна важност во однос на оваа работа која ќе ја определите како најважна. Секако, и други работи ќе излезат приоритетни, но важно е да не заборавате споредните да ги третирате како такви.rn

    5. Што можам да направам за неделава која следува да ми биде помалку стресна од претходната?

    rnСтавете си потсетници во календарот, исперете ги валканите алишта, наполнете го резервоарот со бензин. Организирајте се навреме за неделата што следува.rn

    6. Со што се борев изминатава недела, а може да ми влијае и наредната?

    rnИдејата на ова прашање е да се соочите со работите кои не ви оделе од рака.rn

    7. Што ми одзеде многу време изминатата недела?

    rnНе дозволувајте ништо да ви го одвлече вниманието од важните работи.rn

    8. Дали носам дополнителен товар кој можам да го оставам во наредната недела?

    rnЕлиминирајте го непотребното и фокусирајте се на најважното. Ако треба, поставете си и физички бариери пред она што ви го одвлекува вниманието.rn

    9. Што е тоа што го избегнував, а треба да го исполнам следната недела?

    rnНа лист напишете ги тие работи. Уште од понеделник запоочнете со нивно исполнување.rn

    10. Кои работи сè уште можам да ги направам?

    rnАко нешто сакате да направите и имате можност за тоа, работете на случајот да го остварите во текот на оваа недела.rn

    11. Дали со некого планирав да разговарам, а не го направив тоа?

    rnРедовната комуникација може да ги реши проблемите. Секогаш отворено комуницирајте со најблиските.rn

    12. Дали има некој што заслужува едно големо „Благодарам“?

    rnРазмислете дали има луѓе кои оваа недела ви помогнале. Не дозволувајте тоа да остане незабележано од ваша страна. Еве како да се заблагодарите.rn

    13. Како можам да му помогнам некому следнава недела?

    rnПомогнете им на другите кога им е потребна помош. Тие ќе се сетат да ви помогнат кога помошта вам ќе ви биде потребна.rn

    14. Кои се моите 3 најбитни цели кои треба да ги остварам наредните 3 години?

    rnНикогаш нема да имате личен прогрес ако не си поставите реални цели.rn

    15. Дали некои од моите активности ме доведоа поблиску до остварување на моите цели?

    rnАко одговорот е не, некои работи треба да се променат.rn

    16. Кој е мојот следен чекор за остварување на секоја цел?

    rnАко го знаете следниот чекор, полесно ќе ја остварите вашата желба во целост.rn

    17. На што се радувам однапред?

    rnТоа може да е некаков настан, средба или обврска која може да ве мотивира. Ако немате нешто такво во план, преземете нешто – испланирајте.rn

    18. Кои се моите стравови?

    rnСвесно прифатете ги вашите стравови и постепено почнете да работите на нивно совладување. Не загризувајте преголеми залаци. Сè е во малите чекори.rn

    19. За што сум најмногу благодарен?

    rnДобро е да имате претстава за ова и никогаш да не дозволите да заборавите да гледате од таа перспектива.rn

    20. Ако знам дека имам уште една недела да живеам, на што ќе ја потрошам?

    rnЖивотот е краток. Поминете повеќе време со луѓето кои ги сакате.rnrnОдвојувајте по 30 минути секоја недела и одговарајте ги овие прашања. Правете го тоа полека, во мирна околина.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 12 златни правила за пријатен разговор

    12 златни правила за пријатен разговор

    Без разлика дали сте на состанок со некој од спротивниот пол, на средба со колега од работа или пак едноставно сте излезени да се дружите со некој од вашите пријатели, добриот и пријатен разговор е клучот за започнување или зацврстување на односот кој го имате со таа личност, а е и предуслов за добар помин. За да бидете добар соговорник и за луѓето околу вас повеќе да ве ценат, секогаш на ум имајте ги следниве 12 златни правила за пријатен разговор.rn12 златни правила за пријатен разговор1. Избегнувајте непотребни детали. Не излегувајте од колосек на разговорот. Обидете се да не скокате од тема на тема, само затоа што ви текнало нешто друго од минатото кое не сте го кажале. rnrn2. Не прашувајте ново прашање пред да ви биде одговорено првото. Сè додека од соговорникот не добиете соодветен одговор на прашањето, не избрзувајте да прашате ново, за кое можеби би добиле одговор доколку би биле малку потрпеливи сослушувајќи го соговорникот до крај.12 златни правила за пријатен разговор3. Не прекинувајте никого дур зборува. Исто така, обидувајте се секогаш да раскажувате кратки приказни, за да му дадете шанса и на соговорникот да зборува и да не ве прекине.rnrn4. Не бидете контрадикторни, особено за нешто неважно. Избегнувајте да додавате непотребни детали во вашата приказна, но и во приказната на лицето од другата страна. Луѓето кои се контрадикторни, обично знаат после некое време истото нешто да го кажат на сосема нов начин оставајќи го слушателот збунет. Никој не го сака ова.rnrn5. Никогаш не зборувајте само вие. Прашувајте прашања за да ги најдете работите за кои имате заеднички интереси и теми на разговор.rn12 златни правила за пријатен разговор6. Немојте секогаш да бидете главниот херој во вашата приказна, иако приказната треба да има херој. Обидете се да ги истакнете и пофалите и останатите исто толку добро како да сте вие во прашање.rnrn7. Секогаш одбирајте тема од заеднички интерес. Извлечете ги интересите на соговорникот и гледајте да не го свртите муабетот на политика, доколку соговорникот сака да зборува за поезија и уметност. Избегнувајте да зборувате на теми кои ви лежат само вам и притоа несвесно да нарушите некое од останатите правила од оваа листа.rnrn8. Бидете добар слушател. Следејќи ги правилата на оваа листа сослушувањето ќе ви стане природна работа.rn12 златни правила за пријатен разговор9. Разговорот треба да е во хармонија со околината. Секогаш внимателно анализирајте што се случува околу вас. Понекогаш и тишината не треба да се потценува.rnrn10. Не претерувајте. Понекогаш не е сè „најдобро“, „најсмешно“ или „најлошо“ како што вам ви изгледа.rnrn11. Немојте погрешно да цитирате. Кога цитирате некого, треба да ја пренесете точната информација и чувството со која е кажана. Погрешното пренесување може да предизвика лажно обвинување на личноста.12 златни правила за пријатен разговор12. Имајте мерка. Не ширете невистини и не чувствувајте потреба да повредите некого. Внимавајте што кажувате, бидејќи не сите нешта идат во прилог на добриот тек на разговорот. Запомнете дека тишината е секогаш опција. Кажете го вистинското нешто или молчете.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Тест: Дали си одговарате со вашиот партнер?

    Тест: Дали си одговарате со вашиот партнер?

    Кога првпат излегуваме со некого на состанок, најчесто не знаеме што ќе произлезе од тоа, долга врска или забава за една ноќ. Но, доколку сакате да дознаете дали исто размислувате со вашиот актуелен партнер, има 3 едноставни прашања кои доколку ги одговорите исто, постои голема веројатност дека ќе опстанете како пар.rnrnТест: Дали си одговарате со вашиот партнер?rnrn1. Сакаш хорор филмови?rn2. Имаш патувано некогаш сам/а надвор од земјата?rn3. Нели би било забавно да баталиш сè и да одиш да живееш на брод?rnrnПрашањата на прв поглед делуваат прости и нереални, но анализата направена од страна на блогот OkCupid опфатила 34.260 успешни љубовни двојки од кои 32% се согласиле на сите прашања.rnrnРазмислете малку наназад, можеби ќе си ги најдете причините за неуспехот на минатите врски, како и повод да ги расчистите овие прашања уште на следниот прв состанок. Секако, никогаш не е доцна да му направите минитест и на вашиот сегашен партнер. Пишете ни го резултатот.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.