КАФЕ ПАУЗА

Tag: прашања

  • 16 работи кои луѓето на диета не сакаат да ги слушнат

    16 работи кои луѓето на диета не сакаат да ги слушнат

    Луѓето кои држат диета имаат една цел – да ослабат. Секој коментар кој ќе им го дадете додека се обидуваат да го постигнат тоа треба да биде во насока на поддршка за тоа што решиле да го прават. Диетите не значат гладување и не сите луѓе ги враќаат килограмите потоа. Ако вие немате проблем со дебелината и покрај тоа што јадете многу, не е баш коректно да им го кажете тоа на луѓето кои моментално се борат со килограмите, но нема потреба ни да ги тешите дека добро изгледаат и да им кажувате како треба да јадат за да не бидат дебели или дека треба да вежбаат ако сакаат навистина да ослабат.rnrnАко вие отсекогаш толку супер изгледате, сигурно не сте имале потреба да поминувате низ диети, режими и напорни тренинзи, па затоа не правете се експерт пред луѓето кои многу веројатно, прочитале нешто пред да почнат со диетата.rnrn16-raboti-koi-lugjeto-na-dieta-ne-sakaat-da-gi-slushnat-kafepauza.mkrnrn1. Не си гладен/на?rnrn2. Не ти треба диета, супер изгледаш.rnrn3. Си ја пробал [некоја] диета?rnrn4. Тешко ти е? Издржуваш?rnrn5. Треба само да намалиш на количините и ќе ослабеш.rnrn6. Си пробал/а да вежбаш?rnrn7. И, како оди со диетата?rnrn8. Зошто си правиш вакви работи?rnrn9. Не ти недостига храната?rnrn10. Смееш да пиеш?rnrn11. Знаеш дека 90% од луѓето ги враќаат килограмите после 3 месеци од диетата?rnrn12. Ама има торта. Не можеш барем едно мало парче да пробаш?rnrn13. Постои нешто што можеш да нарачаш во ресторан?rnrn14. Баш читав пред некој ден во весник дека не треба да се држат диети заради…rnrn15. Јас среќа не се дебелеам. Јадам нормално, ама ете…rnrn16. Диетите никогаш не успеваат. Џабе се мачиш.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 8 начини да го импресионирате вашиот шеф

    8 начини да го импресионирате вашиот шеф

    Автор: Игор Божинов, FactsAll.comrnrnСте почнале со работа на ново работно место, или со години сте на истото, но не можете да напредувате во кариерата? Ќе ви покажеме 8 ефикасни начини како да го импресионирате вашиот шеф.rnrn8 начини да го импресионирате вашиот шефrnrn1. Често бидете насмеани. Ако работите насмеани, вашето тело ќе мисли дека работата и не е толку лоша. Затоа кога ќе се најдете во тешка ситуација со вашиот шеф, бидете насмеани, а во останатиот дел од работното време не заборавајте да бидете ведри, хумористични и позитивни.rnrn2. Поставувајте прашања. Уште од самиот почеток поставувајте прашања за сè што не ви е јасно. Бидете конструктивни и јасни во тоа што сакате да прашате. Така ќе дадете до знаење дека ве интересира вашата работа и ќе покажете желба дека сакате да научите нешто повеќе.rnrn3. Бидете точни. Ова е многу важен момент. Секогаш бидете на вашето работно место пред да ви започне работното време, трудете се да не доцните за да морате да давате глупави објаснувања за тоа. Ако сте почетник во компанијата, доцнењето може да создаде сомнеж кај вашиот претпоставен за вашите навики и ќе ви биде потребно доста време за да го убедите во спротивното.rnrn3. Фаќајте белешки. Како студент сигурно сте запишувале разни работи во вашата тетратка на предавањата. Применете го истото и на вашето работно место, доколку вашата позиција ви го дозволува тоа. Со овој студиозен пристап ќе учите побрзо, ќе бидете поефикасни и ќе избегнете повторување на прашањата ако нешто повторно не ви е јасно.rnrn4. Бидете одговорни, признајте ги вашите грешки. Не секој шеф има толеранција кон грешење. Но ако пристапите со решение за проблемот, тогаш сè би требало да биде во ред. Од грешките се учи и вашиот шеф би требало да ја препознае оваа ваша доблест и да биде среќен што сте преземале одговорност врз вашите постапки. Запаметете, секој греши, но не секој признава.rnrn5. Завршете ги задачите кои секој ги заборава. На работното место постојат ситни обврски или задачи кои секогаш некој заборава да ги заврши. Не сугерираме вие да чистите и одите по секој, туку да завршувате обврски кои нема да ви одземат многу време, а ќе ви донесат авторитет и почит од вашите соработници, па и од вашиот шеф.rnrn6. Секогаш изгледајте добро и бидете средени. Како што вели една позната изрека: Дотерај се како за работата што ја сакаш, а не како за работата што ја имаш. Вашата облека зборува доста за вашиот стил. Бидете елегантни, средени и со модерен изглед. Носењето стари и излитени работи и парчиња облека кои не се во мода даваат впечаток дека не се грижите премногу за вашиот изглед, а со тоа и за самите вас.rnrn7. Секогаш бидете подготвени. Ако отидете на работа подготвени за вашите обврски, тогаш сте на вистинскиот пат. Секогаш треба да бидете подготвени за вашите идни состаноци и проекти.rnrn8. Бидете информирани и заинтересирани. Ова е најлесниот и најбрзиот начин да дојдете до унапредување на вашето работно место.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Никогаш не треба да прашувате за…

    Никогаш не треба да прашувате за…

    Љубопитноста е дел од човековата природа, но има одредени прашања кои ја преминуваат границата на културното однесување и создаваат непријатност. За да бидете пријатен соговорник, никогаш не треба да прашувате за следниве неколку нешта.rnrnНикогаш не треба да прашувате за...rn

    Заработка

    rnИако е непристојно, многу луѓе без срам сѐ уште прашуваат „Колку пари заработуваш?“ Колку и да сте љубопитни, избегнувајте го ова прашање бидејќи навистина е непријатно за другата страна. Доколку самите не кажат ништо за тоа, ваше е да молчите.rn

    Тежина

    rnИ ова е едно од прашањата што треба да ги избегнувате. Поставувањето прашање за нечија тежина, може да го направи соговорникот уште понесигурен. Ќе се почувствува осудувано, а тоа е крајно непристојно. Ако некој/а ви каже дека ослабнал/а, само честитајте му/ѝ, и не поставувајте други прашања.rn

    Возраст

    rnОсвен ако личноста со која зборувате е помала од 15 години, тогаш не прашувајте за возраста. Возрасните не го сакаат ова прашање. Поштедете ги соговорниците од непријатност и уживајте во разговорот на други теми.rn

    Брачна состојба

    rnВоопшто не е културно да прашате „Зошто не си женет/мажена?“ Поставувањето на вакво прашање асоцира на тоа дека нешто не е во ред со тоа да си сингл, а тоа воопшто не е така. Се работи за животен избор и сопствени приоритети, кои можеби се разликуваат од размислувањата на мнозинството. Доколку не сакате некого да осудувате и обвинувате за личните постапки, тогаш не поставувајте вакво прашање.rn

    Боја на коса

    rnПрашањето дали нечија боја на коса е природна или не, може да биде многу разочарувачко за соговорникот. Луѓето се фарбаат од две причини: за промена или за да ги сокријат белите влакна. Бидејќи вие не ја знаете причината, подобро е да молчите. Доколку пак, сте премногу љубопитни, тогаш само кажете „Посакував да имав таква боја на коса“ и ќе видите како ќе изреагираат.rn

    Бременост

    rnЕдно од најболните и најнепријатните прашања што може да ги поставите на жена која всушност не е бремена. Доколку е бремена, таа сигурно самата ќе ви ја соопшти веста, не избрзувајте.rn

    Цена

    rnГенерално, прашувањето за цената на одредена работа се смета за некултурно однесување. Прашањата поврзани со пари се многу непријатни, особено ако го осудувате самиот производ и цената. Во вакви ситуации ако и вам ви се допаѓа производот тогаш прашајте од каде е купен и ќе бидете упатени. Така, ќе постапите културно, а и соговорникот нема да се чувствува глупаво.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дали го имате пронајдено принцот на белиот коњ?

    Дали го имате пронајдено принцот на белиот коњ?

    Автор: Моника ДимитровскаrnrnСите девојки ги забораваат своите критериуми и очекувања од идеалниот партнер кој сакаат да го запознаат кога ќе се заљубат. Тогаш партнерот за нив е најсовршениот, најсоодветниот, најпривлечниот кој дотогаш го запознале. Но, што се случува кога еуфоријата околу новата личност која влегла во вашиот живот ќе згасне и почнувате вистински да го запознавате партнерот со кој го делите поголемиот дел од денот?rnrnrnrnДали тој е вашиот принц на бел коњ? Поставете си ги следните прашања и ќе дознаете.rn

    Дали вашиот сакан е целосно искрен кон вас?

    rnИскреноста е една од најважните фактори за успешна врска. Доколку забележите дека вашиот сакан не е целосно искрен со вас, ви раскажува една иста приказна на 23 различни начини, тоа значи дека вашата врска е пропадната инвестиција. Истото важи и за вас драги читателки, бидејќи искреноста е темелот на една успешна врска.rn

    Дали се слушате барем еднаш во текот на денот?

    rnДоколку вашиот партнер не покажува никаков интерес за вас преку ден, ако не го интересираат вашите активности кои ги вршите без него и знае да го заврти вашиот број само после 21 часот или само во пијана состојба, тогаш драги мои, кажете им на ваквите дечковци да си побараат друга играчка за вечерните часови откако нивната крв ќе се претвори во алкохол.rn

    Дали и после 3 месеци од вашата врска, тој е сè уште загреан за вас како на почетокот?

    rnНормално дека врската не може вечно да го задржи својот жар, некогаш тој ќе згасне, по одреден период доволна ќе биде и мала искра за повторно да го разгори доколку љубовта е вистинска. Но, ако вашиот партнер после само 3 месеци, кога врската е сè уште кревка, го изгуби својот интерес, не постои причина да продолжите со него, тој не е за вас!rn

    Дали ве запознал со неговите пријатели и семејството по одреден период од врската?

    rnДоколку вашиот принц не сака да ја претстави својата принцеза на своите пријатели или на семејство, тоа покажува дека не е сигурен дали сака да остане со вас и дали сте вие навистина неговата принцеза.rn

    Дали имате зборувано за вашата можна заедничка иднина?

    rnСлично како запознавањето, незаинтересираноста за разговор поврзан со иднината на вашата врска дава знак дека вашиот принц прави планови за иднината во кои не ве гледа вас.rn

    Дали имате взаемна доверба?

    rnДовербата се гради со години, но потребена е само 1 минута да се сруши. Па, дали во вашиот случај има темел за градење взаемна доверба или пак таа уште на почетокот ја достигнала таа 1 минута за рушење?rn

    Дали вашиот љубен е љубоморен?

    rnИако знаеме дека љубомората не е добра особина, сите девојки и жени имаат потреба да осетат дека нивниот партнер стравува од губење на тоа што е нивно. Од овој аспект љубомората во здрави рамки е нешто што е дозволено и треба да го има.rn

    Дали ги изразува неговите емоции и чувства?

    rnКратко и јасно: „Љубовта не може долго да се крие таму каде што ја има ниту пак долго да се глуми таму каде што ја нема.“ Доколку вашиот партнер не ги изразува неговите чувства голема е веројатноста да ги нема.rn

    Дали сте раскинале неколку пати претходно?

    rnТоа што се случило еднаш не мора да се повтори, но тоа што се случило 2, 3 или повеќе пати ќе продолжи да се случува. Тоа значи доколку вашиот партнер си дозволил да ве изгуби неколку пати и не почувствувал страв дека ве губи засекогаш ќе си го дозволи тоа пак и пак и пак…rn

    Дали тој ве прави подобра личност?

    rnНајважното од сите прашања… rnrn1. Дали вашиот принц ве прави да се чувствувате како принцеза?rnrn2. Дали покрај него вие чувствувате дека заедно може да го освоите светот?rnrn3. Дали тој го вади од вас максимумот на вашите квалитети?rnrnКога ќе си ги одговорите овие 3 прашања ќе одговорите на насловот на оваа статија.rnrnЗапомнете, секоја девојка сака да го запознае својот принц на бел коњ кој ќе направи таа да се чувствува како принцеза. Па затоа девојки, доколку вашиот сегашен партнер не ги исполнува вашите очекувања и критериуми кои сте ги поставиле пред да се вљубите во него, НЕ ЗАДОВОЛУВАЈТЕ СЕ СО ПОМАЛКУ, пуштете го коњот на пасење, а вашиот принц ќе дојде! Како рекле старите трпение – спасение.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 4 прашања кои треба да ги поставите пред да простите неверство

    4 прашања кои треба да ги поставите пред да простите неверство

    Велат неверството е полесно да се опрости отколку да се заборави. Еве 4 прашања кои задолжително треба да ги поставите доколку планирате да го направите првиот чекор кон надминувањето на оваа непријатна состојба.rnrn4 прашања кои треба да ги поставите пред да простите неверствоrn

    rn1. Дали било само еднаш?

    rnВременскиот период е многу важен, иако можеби би рекле дека неверство си е неверство и секако подеднакво боли. Не е лесно да се преболи дури и ако се случило само еднаш, но долготрајните афери значат изневерување и на физички и на емоционален план. Ова второво ги прави работите многу посериозни и потешки.rn

    2. Дали прељубникот признал?

    rnМногу е важно дали тој што изневерил сам му кажал на партнерот или вие сте дознале на друг начин, преку трети лица или чепкајќи по неговиот мобилен. Чувството на предавство е многу полошо доколку се работи за вториот начин.rn

    3. Ќе ви даде ли простор и време за да простите?

    rnПосле ваква случка, најдобро е да се остави малку време за да слегнат работите и за да можете двајцата да размислите за постапките и ефектите кои тие ги имаат врз чувствата. Оној што го извршил неверството треба да биде трпелив и подготвен да помине низ природниот процес на надминување на таквата случка, а не да брза и да сака да го прескокне тој дел за да се вратат работите што побрзо во нормала. На тој начин и прељубникот самиот ќе има време да размисли за причините кои довеле до самата потреба за неверство.rn

    4. Дали ќе можете да заборавите?

    rnОпростувањето е полесниот дел. Заборавањето од друга страна… Да се заборави е тешко дури и ако сторителот на неверството се кае и ветува дека никогаш повеќе нема да го стори тоа. Но, едно е сигурно, ќе има многу моменти кога и тоа како ќе се сомневате во верноста на партнерот. Ова дури може да ве доведе до параноја. Па дали сте спремни да тргнете по тој пат?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Разрешени мистериите за оние од Венера

    Разрешени мистериите за оние од Венера

    Еве да ви откријам нешто за себе. Кога наближува зима а времето е студено, се претворам во екстремно флегматична личност и единствено немам проблем кога станува збор за јадење и спиење – сè останато правам со потешкотии. Па како резултат на мојата „сезонска“ мрзливост, за денешната колумна решив едноставно да собирам мислења од повеќе паметни девојки кои ги познавам и да ги склопам во еден текст.rnrnКога станува збор за љубовните врски, сите ние помалку или повеќе сме минале низ доволно патешествија за човек да може да напише книга. Ако во викторијанското време изразената сексуалност и отвореното зборување за сексот биле забранети, срамни дела казнувани со закон, во новото време сексот и љубовните врски не се табу тема. rnrnНеодамна наидов на многу интересно истражување кое ги издвојува десетте најголеми мистерии на мажите поврзани со припадничките на поубавата половина. Забавно беше, признавам. Ајде да ги сумираме одговорите.rnrnРазрешени мистериите за оние од Венераrnrn

    Зошто мојата бивша пробува да ми биде пријателка?

    rnСè уште те сака или пак не знае што сака. Можеби е само желна за внимание. Нема расчистено со своите чувства и пробува да стои блиску во случај да ѝ биде отворена нова шанса. Можеби само сака да добие соодветен завршеток на врската или пак овој пат таа да биде онаа која става крај.rnrn

    Кој е најдобриот начин да ѝ се пристапи на убава жена/девојка?

    rnСекоја жена сака да биде третирана како посебна и оригинална, затоа не ѝ пристапувај со клише изрази туку со нешто што вистински и конкретно се однесува само на неа. Едноставно – без глумење лудило, кажи нешто паметно и симпатично, но не биди нападен. Не труди се премногу – оставаш впечаток дека си очаен. Најважно од сè – пристапи ѝ со широка насмевка.rnrn

    Кој дел од машкото тело жените го преферираат?

    rnНие жените ја гледаме целата слика, така што погрешно би било доколку мислите дека се концентрираме само на еден дел од вашето тело. Но ако треба да сумираме, сакаме искрен поглед, убава насмевка, јака вилица (дури не го прочитав овој одговор не знаев дека всушност и мене ме привлекува, што може да звучи чудно но така е), плочкички на мешето и добар задник не се одмет.rnrnНајважно од сè, речиси и да немаше девојка која не одговори дека кај машко гледа: држење на телото, големи дланки, грб и рамена. Да да да, сакаме широки и секси рамена кои прават да се чувствуваме заштитено и безбедно. rnrnНо слушнете го и ова: „преку надворешниот изглед читаме цврстина на карактер, тоа е она што сите ние потсвесно го правиме“.rnrnrn

    Важно им е на жените дали се бричиме и средуваме?

    rnДа, да, да.rnrnВажна е хигиената и грижата за изгледот – тоа ми кажува со каква личност си имам работа. Нејќам да ме боцка со брадата!rnrnДа се средува доволно – да, да се средува повеќе од жена – не!rnrn

    Како да направам мојата девојка да биде послободна и „подива“ во кревет?

    rnДа ѝ покажеш дека ја сакаш… а може и малку да ја поднапиеш. Направи да се чувствува самоуверено и сугурно за себе и за убавината на нејзиното тело. Впрочем, ние не се вклучуваме на дугме, на нас треба да „поработиш“.rnrnКористете го погледот и допирот за да ја „вжештите“ атмосферата. Правете го она што ви доаѓа природно, не сте во порно филм!rnrnПокажи дека тебе ти е важно и таа да биде задоволна. Посвети ѝ време и внимание. Ќе се опушти кога ќе те почувствува близок на повеќе „нивоа“.rnrn

    Колку долго да чекам пред да ѝ се јавам откако ќе ми даде број?

    rnНе мора одма да ѝ се јавиш, но наредното утро прати ѝ едно пораче. Не очајно, туку весело и природно.rnrnНе повеќе од еден ден. После тоа веќе знаеме дека „одбројувате“ за да не изгледате очајни.rnrnЕдноставно нема правило, кога ќе почувствуваш дека е вистинско време крени слушалка!rnrn

    Кој е најдобриот начин да ја импресионирам на првиот состанок?

    rnОдведи ме на добар концерт, филм или театарска претстава (тоа дополнително ми дава до знаење дека си се информирал за мојот вкус), и направи да не почувствувам кога поминало времето.rnrnБиди оригинален, одбери најмалку две места каде ќе одиме, направи нешто што никој досега не го сторил за мене.rnrnНаправи ми искрен муабет и гледај ме во очи. Сакам да ми кажеш нешто паметно, нешто што држи вода, сакам да се почувствувам инволвирана во тој муабет на интелектуално ниво. Немој да мелеш цела вечер како очите ми светкале како ѕвезди! Свесна сум дека немам такви моќи.rnПокажи добри манири!rnrn

    Постои сигурен начин да знам дали навистина ѝ се допаѓам или само е фина со мене?

    rnrnСекако! Доколку наоѓа начини да биде што поблиску до тебе, дури и да те допре спонтано низ муабет, знај дека ѝ се допаѓаш!rnrnВиди како се однесува со нејзините машки пријатели и дали ти имаш некоја привилегија плус.rnrnАко е паметен, ќе ме погледне во очи и ќе ми ги прочита мислите.rnrnПа би требало да сфатиш – ако не сфаќаш тогаш всушност не ми се допаѓаш. Повлечи се малку и види дали таа ќе те побара (но не изигрувај недостижен).rnrn

    Зошто мојата девојка не доживува оргазам? Правам нешто погрешно? До мене е или…?

    rnrnНајверојатно не е опуштена доволно. Пробај да се зближиш со неа, да те почувствува многу близок, смејте се за време на сексот или предиграта.rnrnПреокупиран си со себе или таа не е заинтересирана.rnrn

    Пријател сум ѝ. Како да станам нешто повеќе од тоа?

    rnАко веќе сте многу блиски најверојатно нема да бидне ништо. rnrnТреба да сте пријатели доволно долго за да не испаднеш нападен и доволно кратко за да не си заглавил веќе во „пријателската зона“ засекогаш.rnrnБиди храбар, нели мајка ти ти велела дека си СИН на мајка?! Покани ја на состанок, нема да е крај на свет ако рече „не“.rnrnВсушност, да не се лажеме. Ние можеме да ви дадеме многу одговори, но ни една мистерија за жените нема да биде целосно откриена.rnrnЕлиrnrnП.С. Женски, ви благодарам што завршивте дел од работата за мене. :)rn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Генијална реклама за гуми за џвакање

    Генијална реклама за гуми за џвакање

    Производителот на гуми за џвакање „Beldent“ спровел едно интересно истражување во Музејот на современа уметност во Буенос Аирес, со цел да си го промовира својот производ. Посетителите на музејот имале можност да одговараат на прашања, анализирајќи идентични близнаци седнати пред нив.rnrnГенијална реклама за гуми за џвакањеrnrnЕдинствена разлика била тоа што едниот од нив имал гума за џвакање во уста. Какви одговори давале посетителите на музејот на прашањата за близнаците, погледнете во интересната реклама.rnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како се однесува секој хороскопски знак во студентската клупа?

    Како се однесува секој хороскопски знак во студентската клупа?

    Кој од хороскопските знаци е најдобар студент? Кој поставува милион прашања за време на предавањата? Кој мисли дека знае повеќе од професорот? Прочитајте како се однесува секој хороскопски знак на факултет.rnrnКако се однесува секој хороскопски знак во студентската клупаrn

    Овен

    rnСе расправа со професорот и се обидува да поттикне страсна дебата помеѓу колегите, дури и ако темата на дискусија (на пример алгебра) не е баш спорна.rn

    Бик

    rnТрудољубиво си фаќа белешки и тивко се жали за недостатокот на структура на часот и за тоа како професорот ставил некое прашање во тестот минатата недела, кога рекол дека нема да го стави.rn

    Близнаци

    rnИмате некој колега кој постојано поставува еден тон прашања, а пред секое од нив дава вовед со некоја негова лична приказна во времетраење од 10 минути? Мора да е близнаци!rn

    Рак

    rnРаковите најчесто седат на средина од предавалната или се кријат зад нечиј грб, обидувајќи се да не бидат на радар, доколку професорот сака да им постави некое прашање на студентите. Претставниците на овој знак делуваат смирено и спокојно, но однатре всушност се постојано под стрес, поради можноста да треба да зборуваат пред целата група студенти.rn

    Лав

    rnЛавот е секогаш кловнот во групата, постојано кажува некои откачени смешки и вицови и така ја претвора најдосадната презентација на светот, во фантастичен перформанс, кој ќе го натера целиот клас да се смее на цел глас.rn

    Девица

    rnЖестоко фаќа забелешки и е целосно фокусирана на предавањата. За секоја нова лекција има пенкало во различна боја и постојано прашува за потврда кога ќе биде следниот тест, а симултано го проверува паметниот телефон, за да види што прават неговите/нејзините пријатели на социјалните мрежи.rn

    Вага

    rnМуабети со луѓето околу неа за сѐ и сешто, од оценки до планови за викендот. Дури на третото предупредување од професорот се смирува и почнува да следи со внимание.rn

    Скорпија

    rnСекогаш седи во последните клупи, набљудува и слуша внимателно. Можете да не чуете глас од неа, сè додека не се случи нешто за кое има цврсто изграден став. Тогаш гласно и јасно ќе чуете што има да каже.rn

    Стрелец

    rnБез разлика за што се дискутира, стрелците секогаш имаат да додадат нешто. Иако седат во школските клупи, со оглед на нивното знаење и сигурноста со која настапуваат, слободно можат да го заменат професорот.rn

    Јарец

    rnСекогаш седат во првите неколку клупи, обидувајќи се да ја следат лекцијата и запишувајќи сè што зборува професорот, за да не пропуштат нешто. Инстантно стануваат омилен студент на професорот.rn

    Водолија

    rnСекогаш се во улога на адвокат на ѓаволот, особено доколку е вмешано и мислењето на професорот. Постојано поставуваат предизвикувачки прашања и наоѓаат начин како да го привлечат вниманието кон другата страна на проблемот.rn

    Риби

    rnПостојано чкрткаат, обидувајќи се да воспостават контрола на нивниот ум кој постојано размислува. До крајот на часот, можеби немаат запишано ништо што кажал професорот, но сигурно имаат нацртано некое ремек-дело.

  • Топ 6 грижи кои жените ги имаат за сексот

    Топ 6 грижи кои жените ги имаат за сексот

    Вашите најинтимни прашања во врска со сексот се конечно одговорени. Без разлика дали се тоа прашања поврзани со постигнувањето оргазам, со сексуално-преносливите болести или со намаленото либидо, експертите ви помагаат подобро да ги разберете овие работи. Заштитете се подобро, уживајте повеќе и изненадете се од работите кои досега не сте ги знаеле за сексот.rnrnТоп 6 грижи кои жените ги имаат за сексотrnrn1. Имав небезбеден секс. Колкави се шансите да сум закачила некоја болест? – Ова е солидна причина за загриженост. Според „Центарот за превенција и контрола на болести“, бројот на сексуално-преносливите болести се зголемува секоја година за 19.000 случаи. За жал, инфекциите не можат да се забележат веднаш, па треба да чекате една недела за да отидете да се проверите за кламидија и гонореја, а потоа и да ги чекате резултатите. Со антибиотици може да се уништат овие бактерии, но ако не се лекувате и ги оставите така, тоа може да има долготрајни последици и негативно да влијае на плодноста. Исто така, по три месеци треба да направите преглед за хепатитис, сифилис и ХИВ, бидејќи на овие болести им треба подолго време за да се покаже дека ги имате во системот.rnrnДоколку не користите таблети за контрацепција или спирала, веднаш треба да купите таблета „утрото потоа“ за да спречите несакана бременост. Можете да реагирате 72 часа после незаштитениот секс, но најефикасно е доколку го направите тоа поскоро. Во иднина, секогаш носете резервен кондом.rnrn2. Имам 30 години и никогаш не сум имала секс. Дали е тоа лошо? – Дефинитивно сте дел од малцинство. Но нема ништо лошо во тоа да се чека, било од религиозни причини или затоа што го чекате совршениот маж. Друга работа е ако сакате да сте сексуално активни, но не сте. Доколку ве вознемирува помислата да бидете интимни со некого, посетете терапевт за да откриете што е тоа што ве спречува да започнете да бидете сексуално активни. Може да е резултат на страв од интимност, ниска самодоверба или проблем од детството. Работејќи со професионалец, можете да стекнете повеќе самодоверба, како и да ги искусите задоволството и емоционалната поврзаност кои доаѓаат со сексот.rnrn3. Не сум заинтересирана да имам секс толку често како моето момче. Дали е ова нормално? – Нормално е едниот од партнерите во врската да има почеста потреба од секс во одредени периоди. Плус, желбата за секс кај жените е повеќе зависна од емоциите, па стресот на работа или некои други лични проблеми можат да имаат влијание. Затоа на пример 9% од жените на возраст 18-44 години признаваат дека имаат намалено либидо според истражувачите од „Општата болница во Масачусетц“. Но, ако со месеци немате сексуална желба, тогаш можеби се работи за недостаток од физичка привлечност.rnrnМногу лекови како антидепресивите, таблетите за контрацепција и антихистамините може да имаат негативни ефекти на сексуалната желба. Проверете си го хормоналното ниво, што може да се помести под влијание на дијабетис, покачен крвен притисок и други проблеми. Кремите на база на естроген или тестостерон може да помогнат. Штом вашиот гинеколог ќе ги открие или отклони причинителите, работете на подигнување на либидото на природен начин. Со вежбање и со правилна исхрана можете да го подобрите изгледот на вашето тело, да си го покачите нивото на енергија и едноставно да го направите тоа. Сексот ги зголемува хормоните кои ја создаваат желбата. Тоа е најдобриот афродизијак кој постои.rnrn4. Ме боли кога имам секс – Добредојдовте во клубот. 60% од жените имаат искусено болка за време на сексуален однос според истражувањето на „Научното списание за акушерство и гинекологија“. Во најчест случај се работи за недостаток од лубрикација. Лекарствата за контрацепција, антихистамините и други може да влијаат на вагиналната сувост, но најчесто не постои друга медицинска причина. Тоа може да се случи на секоја возраст.rnrnТриењето за време на сексуалниот чин може да се користи како природен лубрикант. Дополнително чувајте шишенце со лубрикант базиран на вода, кој може да се користи во комбинација со латекс и не е многу скап. Но, ако продолжите да се чувствувате непријатно или ако ви се појават рани и крвавење, треба да се консултирате со гинеколог. Иритациите кои се јавуваат во вагиналниот отвор може да се сигнал за инфекции на карлицата, бешиката и на уринарниот тракт и тоа мора медицински да се третира. Болката при подлабока пенетрација може да е резултат на оваријална циста.rnrn5. Не сум љубител на орален секс – Има две причини поради кои жените не сакаат да добиваат орален секс: ако тоа не го прави добро нивниот партнер или поради чувството дека нивниот мирис и вкус таму долу не се ОК. Во првиот случај треба да го водите вашиот партнер кажувајќи му каде и како ви се допаѓа да го прави тоа. За второто едноставно туширајте се пред сексуалниот однос.rnrnВо однос на пружањето орален секс пак, многу жени сметаат дека е тоа понижувачки, но многумина го чувствуваат токму спротивното – кога ги задоволуваат своите партнери, тоа им дава некакво чувство на моќ. Сепак, запомнете дека некои сексуално-преносливи болести се префаќаат и преку орален секс, така што пред да почнете да го практикувате, разговарајте со вашиот партнер.rnrn6. Никогаш не сум доживеала оргазам – Како и 10% од сите жени. Тешко е да се опуштите и колку повеќе се оптоварувате со ова, толку потешко може да станува да се фокусирате на доживувањето оргазам. Но вреди да се потрудите. Истражувањата покажуваат дека не само што тие пружат добро чувство, оргазмите делуваат на намалување на стресот, ублажување на болки и на предменструалните симптоми, па дури може и подолго да живеете.rnrnНема конкретно упатство како да стигнете до тоа, бидејќи секој е различен, но клучот е во истражувањето и спознавањето на вашето тело. Со мастурбирање најдобро ќе го постигнете ова. Штом успеете да постигнете оргазам со самозадоволување, ќе знаете како подобро да го водите партнерот. Исто така, често самиот однос не е доволна стимулација за оргазам, па експериментирајте со рацете и во различни позиции. Не вознемирувајте се околу времето кое ви е потребно да доживеете оргазам. Сè што е од 7 до 30 минути е нормално. Само лежете и опуштете се.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Друштвена игра за ужасни луѓе

    Друштвена игра за ужасни луѓе

    Друштвената игра „Cards Against Humanity“ (Карти против човештвото) не е наменета за оние луѓе кои не можат да прифатат навредлива шега. Во описот на кутијата стои „Друштвена игра за ужасни луѓе“.Друштвена игра за ужасни луѓеИграта е многу едноставна. Секој учесник на почетокот на играта влече по 10 бели карти на кои се наоѓаат можни одговори. Потоа во секој круг еден од натпреварувачите влече прашање од црниот куп карти, на кое останатите одговараат со својата најсмешна бела карта. За некои прашања можат да бидат потребни и повеќе одговори. Натпреварувачот со најсмешната комбинација добива поен. Целосните правила можете да ги најдете на официјалниот сајт на играта.Друштвена игра за ужасни луѓеСетот со картите чини 25 долари, а интересното е тоа што можете да ги направите и сами, бидејќи достапна е бесплатна онлајн-верзија од сите карти, која е споделена под Криејтив Комонс лиценца.Друштвена игра за ужасни луѓе Друштвена игра за ужасни луѓе
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.