КАФЕ ПАУЗА

Tag: прашања

  • Што е забрането на интервју за работа?

    Што е забрането на интервју за работа?

    Сте се потрудиле околу личната биографија и писмото за мотивација. Работодавецот е импресиониран од тоа и следниот чекор е да ве повика на интервју. Помислата од тоа да се сретнете лице в лице со работодавецот или некој од неговите подредени, неретко знае да предизвика нервоза, нетрпеливост и вознемиреност.Што е забрането на интервју за работа?Треба да знаете дека постојат неколку работи на кои апликантите треба да обрнат поголемо внимание за време на интервјуто за работа. Еве листа на грешки кои треба да гледате да не ги направите наредниот пат кога ќе отидете на интервју за работа:rn
    rn

    Доцнење

    rnШто е забрането на интервју за работа?Прво и најважно правило од кое нема ниеден исклучок! Доцнењето, во која било држава е знак на непочитување. Затоа, подобро е да дојдете неколку минути порано на договореното место и да се напиете кафе некаде во близина, отколку да задоцните. Се разбира, понекогаш се случуваат чудни работи токму на денот кога нешто важно ви се случува – метеж во сообраќајот, неодложна семејна работа и сл. Во таков случај, јавете му се на лицето кое ве контактирало за интервјуто и известете го за можното доцнење или во краен случај недоаѓање и воедно замолете го да ви го презакаже интервјуто за друг ден.rn
    rn

    (Не)запознаеност со светот на бизнисот

    rnАко сте невработени не значи дека не треба да ги знаете основите во светот на бизнисот и тоа како тече еден работен ден. Потрошете малку време за да се запознаете со овие работи пред самото интервју. Работодавците скоро секогаш закажуваат интервју за работа за време на работниот ден, а не после него. Затоа, ако чекате да ве поканат на интервју или веќе ви се јавуваат, треба да имате неколку слободни часови од 9 до 17 часот.rn
    rn

    (Не)професионален изглед

    rn

    Што е забрането на интервју за работа?Треба да обрнете внимание на тоа како ќе бидете облечени кога одите на интервју. Облеката, говорот на телото и гестикулациите се клучни за да делувате професионално. Откако ќе се вработите, веќе можете да се подослободите и да се обидете да се вклопите со стилот според кодексот на облекување кој важи во работната околина.rn
    rnrn

    (Не)заблагодарување за дадената шанса

    rnШто е забрането на интервју за работа?Ако ви се посреќило и сте се покажале во најдобро светло, интервјуто може да резултира со потпишување договор за работа. Доколку насетувате дека ова ќе се случи, убаво е да се заблагодарите за укажаната шанса да бидете дел од работниот тим. Немојте долго да чекате за ова. Преку електронска пошта или рачно напишано писмо, изборот е ваш, но сторете го тоа. Ако се одлучите да пратите имејл до повеќе луѓе кои учествувале на интервјуто, тогаш никако не користете ја опцијата cc (carbon copy) за да пратите една порака до повеќемина. Пратете посебни пораки.rn
    rn

    Ѕвонење на телефонот

    rnВо сите професионални ситуации, вработените им се покоруваат на оние со поголема моќ. Тоа значи дека ако му заѕвони мобилниот телефон на шефот додека ве интервјуира, не значи дека и вам ви е дозволено да ви се случи истото. Не залажувајте се. Телефонот исклучете го (не на бип, ниту на вибрации) уште пред да влезете во канцеларијата. Плус, играјте на сигурно – не дозволувајте да ве фатат како скришно зборувате на мобилниот телефон ниту додека чекате во ходникот.rn
    rn

    (Не)покажување почит кон вработените

    rnШто е забрането на интервју за работа?Вработените од административниот персонал, од правната служба и секретарите се често срцето и душата на компанијата. Нивното мислење се цени од „врвот“, така што треба да внимавате како ќе се однесувате со нив. Исто така, тие често се хиперчувствителни поради тоа што се помалку платени од другите. Не ги омаловажувајте и не им ја отежнувајте работата. Можеби наскоро ќе ви станат колеги.rn
    rn

    Кој кого тука интервјуира?

    rnШто е забрането на интервју за работа?Некои мислат дека ако почнат да прашуваат многу прашања за време на интервјуто, така ќе ги импресионираат оние кои интервјуираат. Грешка! Кога сте повикани на интервју за работа, многу добро се знае кој е кандидатот, а кој го врши интервјуто. Неколку пристојни прашања со кои ќе се нагласи вашето познавање за компанијата е она на што треба да се посветите.rn
    rn

    (Не)нормален однос

    rnРаботодавачите треба да определат дали можете да се вклопите во организационата култура што е воспоставена во компанијата. Пред да влезете во просторијата за интервјуирање, анализирајте го однесувањето на другите вработени кои поминуваат во холот, од јачината и темпото на зборување, до говорот на телото и потоа искористете го ова за време на разговорот.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што го нервира вашиот шеф?

    Што го нервира вашиот шеф?

    Сите ние имаме „жолти“ минути. Намерно или не, сигурно некогаш сте разлутиле некого. Можеби вашиот шеф или газда? Следува листа на 8 работи што ги нервираат вашите надредени. Земете ги предвид!Што го нервира вашиот шеф?rn

    Недоволен ентузијазам за работата

    rnГолемо незадоволство кај шефовите предизвикува кога вработените не покажуваат ниту минимално ниво на ентузијазам за одреден проект кој е исклучително важен, особено откако претходно се изјасниле дека се супер возбудени за идната работа. На крајот, проектот завршува со милион ситни и не толку ситни грешки кои надередениот треба да ги поправа, а сето ова можело навремено да се спречи. Дополнително, шефовите се чудат зошто вработените мислат дека ваквото нивно фолирање нема да биде забележано.rn.rn

    Заобиколување во дискусии за време на состанок

    rnШто го нервира вашиот шеф?Фокусирајте се и прејдете на поентата. Времето може да значи правење или трошење пари. Кое од овие две мислите дека му е важно на вашиот газда?rn.rn

    Поставување прашања пред целосно да се докаже реченицата

    rnДодека некој зборува, треба да почекате тој целосно да се искаже. Така е и во врската помеѓу вас и вашиот шеф. Ако почнете да поставувате прашања, а притоа го прекинувате во средина на реченица, тоа дава многу лош впечаток за вас, како нестрплив и невоспитан човек и вработен. Плус, одговорот на вашето прашање можеби сепак ќе сте го добиеле од вашиот шеф, да не сте го прекинале додека зборувал.rn.rn

    Несогласување со колегите

    rnШто го нервира вашиот шеф?Верувале или не, ова ги нервира вашите надредени. Тие сакаат сите вработени да се согласуваат и да работат во хармонична средина. Ако шефот гледа дека вие ни малку не се трудите да имате коректен однос со вашите колеги, тоа прави лоша слика за вас во неговите очи. Истиот впечаток го оставате доколку според вас секогаш другите се криви зашто некоја работа не е добро завршена.rn.rn

    Вработени кои забораваат дека без оглед која е нивната работна позиција, тие работат во фирма чија првична цел е да прави пари

    rnШто го нервира вашиот шеф?rn

    Вработени кои секојдневно доцнат

    rnВо секоја фирма има по некои вработени кои константно доцнат неколку минути на работа или пак си заминуваат од работното место неколку минути порано. Ако мислите дека вашиот шеф или газда нема да го забележи вашето доцнење, сте се излажале. Тие гледаат сè… или пак имаат некои луѓе кои ги известуваат за тоа.rn.rn

    Ѕвонење на телефон за време на состанок

    rn

    Што го нервира вашиот шеф?Ова е недопустливо! И во случај шефот да не ве опоменал пред состанокот да го исклучите телефонот, вие треба да знаете дека треба да го направите тоа пред започнување на истиот. Ако дозволите вашиот телефон да ѕвони, светка или вибрира за време на состанок, само ќе покажете некултура и непочитување кон присутните.rn.

    rnrn

    Прво истражи, па потоа прашај

    rnШто го нервира вашиот шеф?Бидете сигурни дека вашиот шеф ќе се изнервира ако му поставите прашање во врска со некој проблем за кој претходно не сте се ни потрудиле да најдете решение.

  • Како да бидете личноста која сакате да бидете?

    Како да бидете личноста која сакате да бидете?

    Верувате ли воопшто дека човек може да се промени? Веројатно и да не верувате, потајно се надевате штом прашањето во насловот ви го привлече вниманието. Ние веруваме дека е возможно, но и дека многу зависи од личната мотивација и јачината на желбата тоа да се случи.Како да бидете личноста која сакате да бидете?rn

    1. Сфатете што ве вади од такт

    rnПрвиот чекор кон постанувањето личност каква што сакате да бидете е да си одговорите на прашањето: „Што е она што ме вади од такт?“ Дали е тоа нечие однесување, непочитување, безобразие? Дали работите дома не се одвиваат како што би сакале? Дали колегите на работа ви одвраќаат на вашите зборови? Или пак, нема некоја посебна причина за тоа?Како да бидете личноста која сакате да бидете?Бидете искрени. Ако знаете што ве вади од такт ќе можете подобро да се подготвите за идните такви случки пред да се случат.rnrnПоседувајте ја ситуацијата. Скоро во секоја ситуација можете да се запрашете: „Што можев јас да направам?“ Обвинувајќи ги домашните или колегите нема да ви помогне да ја совладате ситуацијата, туку само ќе ви ја намали моќта и самодовербата. Имајте контрола во ситуацијата и поседувајте ја во свои раце најдобро што можете.rn
    rn

    2. Соодветно поставете си ги очекувањата

    rnКако да бидете личноста која сакате да бидете?Една од причините поради која се вознемируваме и лутиме е бидејќи не сме го очекувале тоа што се случило. Ако сте постојано вознемирени од своите колеги, размислете, тие се само луѓе кои сакаат да си ја работат работата исто како и вие. Можеби очекувате премногу од нив.rnrnСменете си ја перспективата. Почнете да го очекувате соодветното. Запрашајте се: „Што мислев дека ќе направат колегите или како мислев дека ќе се постават домашните во конкретната ситуација?“rnrnСекогаш запрашувајте се искрено и реално што е она што го очекувавте. Кога вашите очекувања ќе се остварат, разликата помеѓу она што сте мислеле дека ќе се случи и она што всушност се случило ќе се изгуби. Тоа пак не значи дека секогаш ќе ви се допаѓа она што се случува. Но, бидете реални за она што се случува во моментот.rn
    rn

    3. Планирајте однапред

    rnКако да бидете личноста која сакате да бидете?Кога веќе сте сфатиле кои се нештата што ве вадат од такт, почнете да планирате како ќе се справите со нив кога ќе се случат повторно.rnrnЗамислете си, работите тивко на вашето работно биро и влегува вашиот шеф за да ви каже дека проектот на кој работевте последните 2 месеци се прекинува. Што ќе направите? Ако не ви се допаѓа начинот на кој сте се поставиле во слична ваква ситуација во минатото, едноставно заборавете на тоа и размислувајте за нови идеи. Размислете за тоа што би рекле или ако не знаете што би кажале, планирајте ја вашата реакција со тишина. Многу полесно се добиваат добри идеи кога сме смирени и кога стимулаторот на нашата нервоза не ни е вперен во фацата.rn
    rn

    4. Разлика помеѓу реагирање и одговарање

    rnРеагирање е првата работа што ни паѓа на памет да ја направиме во дадена ситуација. Ова обично не е добро, ве прави да се чувствувате лошо и да се каете подоцна. Голема е веројатноста дека вашата првична реакција ќе ги направи и другите луѓе околу вас да се чувствуваат непријатно, глупаво или заплашено, без разлика дали тоа била вашата намера или не.rnrnНе е лошо да имате првична реакција, но важно е што правите со неа. Можете да и се препуштите или пак свесно да ја потиснете за да изберете некое поконструктивно решение.rnrnОдговарањето е подобра опција. Ако си дадете време да размислите што да направите во дадена ситуација, ќе бидете поподготвени соодветно да одговорите.rnrnГенерално одговарањето е подобар пристап од реагирањето. Одговарањето ви овозможува да си поставите временска дистанца од стимулаторот на вашата нервоза до вашето решавање на таа ситуација. Колку повеќе време си дадете помеѓу овие две работи, толку поголеми се шансите дека ќе одговорите соодветно за сите да си заминат од ситуацијата среќни и задоволни, вклучително и вие.rn
    rn

    5. Како одговарате?

    rnПотребна е дистанца, и тоа не само временска, туку и физичка. Понекогаш мора да избегаме од ситуацијата за да си ја изладиме главата или за да не кажеме нешто за што ќе зажалиме во иднина. Искористете го ова време за да ги сфатите намерите на личноста, што всушност таа мислела со тоа што го кажала или направила. Па дури и ако оваа ситуација е вредна за битка, понекогаш самите луѓе не се.rnКако да бидете личноста која сакате да бидете?Ставете се во улога на другиот. Размислете како би сакале да се однесуваат со вас во таква ситуација. Би сакале ли да ви викаат, да ве омаловажуваат и да не ве почитуваат? Веројатно не. Па, сигурно тоа важи и за личноста на која треба да и одговорите, без разлика на нејзината возраст.rnrnrnВнимавајте на вашиот тон. Често ги навредуваме луѓето не со тоа што го кажуваме туку со начинот на кој го правиме тоа.Како да бидете личноста која сакате да бидете? Оставете ја ситуацијата во минатото кога веќе сте се справиле со неа. Нема поента да се тегавите размислувајќи за некаква казна или да го покажувате вашето налутено лице со денови. Справете се со проблемите. Решете ги најбрзо и пријателски за да можете да продолжите понатаму. Направете нешто фино за другата личност за да покажете дека не сте лути. Ова ќе направи двајцата да се чувствувате добро.rnrnИ со сите овие умствени подготовки, повторно не значи дека никогаш нема да ја оплескате работата. Ќе се случуваат и такви ситуации. Не можете сосема да се смените преку ноќ. Сигурно ќе оплескате многу пати додека да ја почувствувате промената кај себе, но притоа важно е како ќе се носите со оплескувањата.rn
    rn

    6. Извинете се

    rnНикој не е совршен, но ако ги прифаќате вашите грешки и се обидувате да ги поправите, сите околу вас ќе се чувствуваат подобро.Како да бидете личноста која сакате да бидете?Имате избор да одлучите како ќе реагирате или одговорите. Не е оправдување ако сте избувливи луѓе со слабо трпение. Контролирајте се и ако навистина сакате да се смените, верувајте дека тоа е возможно. Однесувајте се со луѓето како што заслужуваат и избирајте да одговарате во ситуациите, а не да реагирате.rn
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Тест: 7 прашања кои треба да си ги поставите пред да заврши годината

    Тест: 7 прашања кои треба да си ги поставите пред да заврши годината

    Декември, се одбројуваат деновите до Новата година. Како се чувствувате? – Нестрпливо, возбудено, разочарано? Потрошете 30-ина минути и искрено одговорете на овие 7 прашања. Тестот ќе ви открие некои важни работи и ќе ви даде добри насоки за да бидете позадоволни и посреќни следната година.rnrnТест: 7 прашања кои треба да си ги поставите пред да заврши годинатаrn

    1. На скала 1-10, колку сте задоволни од себе за оваа година?

    rnОценете се себеси во оваа година. Ова е едноставна вежба со која ќе дојдете до прецизен одговор, а бројката ќе ви биде показател за многу работи во вашиот живот.rn

    2. Зошто се оценивте така?

    rnВажно е да разберете која е причината за таквото себе-оценување. На пример, ако си дадовте оценка 3/10, дали е тоа заради запоставувањето на вашиот љубовен живот и здравјето на сметка на работата или пак бидејќи не ги остваривте сите цели кои ги зацртавте? Кои и да се причините, запишете ги некаде.rn

    3. Кои беа вашите најголеми достигнувања изминатава година?

    rnОвде одговорите опфаќаат какви било успеси на кои сте горди: унапредување во кариерата, влегување во долго-посакуваната врска, доследност во физичките активности…rnrnТест: 7 прашања кои треба да си ги поставите пред да заврши годинатаrnrnОва за некои луѓе може да биде тешко бидејќи треба строго да се погледне кон 365 изминати дена и да се даде оценка дали тие биле добро искористени. Благодарение на одговорите, ќе можете да се ослободите од неважните работи и да го фокусирате вниманието само на она што е вистински важно.rnrnПонекогаш, веруваме дека сме успеале во нешто, но и тогаш треба да се запрашаме дали со тој успех сме си помогнале себеси или на некој друг. Можеби сакате да им помагате на другите и нема ништо лошо во тоа, но не заборавајте на вашите соништа. Искреирајте ги во вашата глава и догодина повторно запрашајте се истово. Ќе се изненадите колку можете да успеете во остварување на своите соништа.rn

    4. Кои се најзначајните лекции кои ги научивте годинава?

    rnШто сè научивте од сè што ви се случи изминатава година?rnrnСекојдневните искуства не прават помудри, сите го знаеме тоа. Но, не сите се однесуваат исто со работите кои им се случуваат во секојдневното опкружување. Без разлика дали добри или лоши, новите искуства ни додаваат нов слој мудрост врз постоечкиот. Запишувајќи ги научените лекции од секојдневните искуства ќе бидете свесни за големата мудрост која ви се натрупала низ годините.rnrnТест: 7 прашања кои треба да си ги поставите пред да заврши годинатаrn

    5. Кои се целите кои сакате да ги постигнете следната година?

    rnОва прашање можете да си го поставите уште во 2 други варијанти:rn
    rn

    „Како можам да направам следната година да ми биде најдобра во животот?“rnrn„Ако сега е 31 декември следната година, што би сакал/а да видам во својот живот?“

    rnОткако ќе си одговорите на прашањата, поставете си ги целите со согласност со нив.rnrnШто би требало да ви се случи за да си дадете оценка 10/10 кога следната година ќе го правите истово? Кои се целите кои сакате да ги постигнете и соништата кои сакате да станат реалност? Запишете си ги одговорите како цели за следната година.rn

    6. Кои нови навики би сакале да ги стекнете/одржите?

    rnЗа да ги остварите вашите цели со успех, мора прво да си создадете добри навики. Кои нови навики би сакале да ги стекнете? Луѓето обично се одлучуваат за медитација, вежбање, рано станување, рано легнување, пиење повеќе вода, откажување од цигарите… Кога ќе почнете да негувате одредени позитивни навики, природно станувате подобра личност, за себе и за другите.rnrnТест: 7 прашања кои треба да си ги поставите пред да заврши годинатаrn

    7. Кои се вашите идни итни чекори кои треба да ги преземете?

    rnОткако ги запишавте вашите намери за следната година, одредете ги оние кои се однесуваат на најитниот период. Што би требало да почнете да правите за да почнат работите да течат во одредена насока? Закажете си точни датуми за овие планови и запишете ги.rnrnНа крајот, не заборавајте да почнете веднаш. Почнете од почеток уште пред да заврши старата година. Размислувајте однапред за работите кои ќе ве очекуваат во иднина. Така ќе бидете пред сите.rnrnТест: 7 прашања кои треба да си ги поставите пред да заврши годинатаrnrnАко ви помогна тестот во прецизирање на вашите цели за следната година, споделете ги размислувањата и чувствата во коментар.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Многу прашања, малку одговори, создадете решенија!

    Многу прашања, малку одговори, создадете решенија!

    Автор: АнаrnrnОна што сакам да го споделам со вас денес е поставено под секторот „Уметност“; ликовна уметност, театар, кино, опера и балет… Пред некоја вечер почнав да размислувам: Зошто изложбите, претставите и културните случувања се многу ретко посетувани од народов? Сосема легитимно си го поставив прашањево. Знам од лично искуство дека на ваквите случувања се појавуваат само одредени луѓе, една група на љубители на уметноста. Да постојат, но се малку! Па оттука се запрашав, зошто само тие? Зошто да не дојдат и оние кои немаат големо познавање за уметноста? Зарем ќе им пречи да погледнат парче уметност?Многу прашања, малку одговори, создадете решенија!Од друга страна пак, ми текна… Можеби и не се доволно информирани за ваквите случувања низ градот… Можеби треба да постои поголем ангажман за рекламирање на истите… Како и да е, тажно ми е што иако можеме самите да си помогнеме за подигање на културното ниво во земјава, ние си одмагаме. Тажно е што нашите уметници прават повеќе изложби надвор од Македонија и таму им се попосетувани од тука, тажно е што нашите театарски претстави се повеќе гледани и ценети од странската публика, отколку од  домашната. Искрено, се сомневам во тоа  дека луѓево и ги знаат воопшто овие работи…rnrnСвесна сум дека нашава музичка естрада не е нешто посебно, но сепак имаме неколку кои вредат за нашето внимание и поддршка, а сепак се појавуваат еднаш во пет години, со концерт или нов албум кој и така нема да биде нешто посебно баран. На крајот на краиштата, па и самите артисти губат желба да креираат и создаваат, кога на крај нивното дело не е доволно ценето. На прашањето „Зошто не ги посетувате театрите?“ , скоро секогаш истиот одговор „Нема услови, театарот е пред распаѓање “. Да пред распаѓање е, но поради ваквите размислувања! Па вие не одите таму да ги гледате столиците и да видите дали избришале прашина! Одите да погледнете и уживате во она што актерите го спремиле за вас…rnrnИсто така се запрашав што се случува со младите уметници, глумци, артисти…? Што се случува со нивната иднина…? Како реагираат тие, кога гледаат каков одзив дава народот на она што тие го љубат и почнуваат да го создаваат…? Тажно е. Воопшто не ме радува фактот дека не постојат многу луѓе кои ќе им посветат внимание какво што всушност заслужуваат.rnrnМногу прашања, многу размислувања, а малку одговори. Сепак има решенија. Не треба да се откажуваме. Уметноста е секаде околу нас. Треба да ја цениме и почитуваме. За нас младите уметници и покрај сè, не постои место за грижа, ако некој не сака да дојде и да го испочитува вашето дело, вие однесете го кај него. :)rnrnДраги мои, ви дадов тема за размислување… Можеби токму некој од вас некогаш ќе ја има можноста да ги промени овие работи, ако се случи тоа не се двоумете да преземете нешто… Дотогаш, посетувајте ги театрите, изложбите, претставите! Сите тие луѓе кои работеле на нив, дале дел од себе за да ви го направат вам денот поинтересен, дале дел од себе за да ви пренесат нешто, не го одбивајте!rnrnНедела е прекрасен ден за да ја посетите уметноста во вашиот град. Направете си кафе и пиејќи го размислувајте што ќе посетите. Има многу настани кои чекаат на вас!rn.rn

    Пабло Пикасо рекол:rn„Уметноста ја брише прашината од секојдневниот живот.“

    rnДајте му свежина на вашиот!rnrnДо следното читање,rnrnВи посакувам убав ден,rnrnСо љубов насликана од сè срце,rnrnАна