КАФЕ ПАУЗА

Tag: прашања

  • Што е секси според ангелите од „Victoria’s Secret“?

    Што е секси според ангелите од „Victoria’s Secret“?

    Која славна дама има најсекси тело, а која најсекси нозе или усни?  Токму на овие и на многу други прашања, одговорот ќе ви го дадат ангелите од „Victoria’s Secret“.Што е секси според ангелите од „Victoria's Secret“Неодоливите ангели во ова видео откриваат кои славни холивудски личности се најсекси, а бидејќи станува збор за најубавото жири во светот, тогаш треба да им се верува. Погледнете го нивниот избор.rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Книга: „Девојката со портокали“ – Јустејн Гордер

    Книга: „Девојката со портокали“ – Јустејн Гордер

    „Животот е една огромна лотарија во која се видливи само добитните лозови. Ти, читателе, си еден таков лоз.“

    rnrnНаслов на оригиналот: Appelsinpiken – Jostein GaarderrnrnДевојката со портокали - Јустејн ГордерЈустејн Гордер е роден во Осло, во семејство на интелектуалци што само по себе имало огромно влијание врз неговата желба за учење, читање и пишување. Неговиот татко бил директор на училиште, а неговата мајка учителка, но и автор на неколку детски книги, па со голема умешност ја негувале неговата љубов кон книгите уште од мали нозе.rnrnАвтор е на неколку новели, кратки приказни и детски книги, а меѓу нив е и незаборавната „Светот на Софија“ која што е преведена на 53 јазици. Неколку години предавал филозофија во средно училиште и неговата љубов кон децата и приказните успешно ја пренесува во книгите кои што ги пишува. Најчесто неговите дела се поврзани со длабоки прашања за постоењето, универзумот, човештвото, но сето тоа многу суптилно го пренесува низ раскажувањето.rnrnАктивно е вклучен во разни кампањи за човекови права, а заедно со неговата жена ја имаат основано и меѓународната награда за животна средина и развој – Софи (Sophie Prize), именувана по неговата најпопуларна книга.rnrnДевојката со портокали - Јустејн Гордерrn

    Синопсис

    rnГеорг Ред никогаш не го запознал својот татко, дури и многу малку се сеќава на него затоа што тој починал кога Георг имал само четири години. Сега, момчето има 15 години и неговиот живот целосно се менува кога дознава дека црвената детска количка во која го шетал неговиот татко кога бил бебе, не е само количка туку и поштенско сандаче. Во неа Георг наоѓа писмо од неговиот татко кое го пишувал за него додека бил болен и сега, после толку години писмото конечно завршува во неговите раце. А во него, мудриот татко на Георг пишува за сè, почнувајќи од прекрасните моменти кои ги поминале заедно додека бил жив, па сè до телескопот Хабл, и секако, девојката со портокали.rn
    rn

    „Треба да знаеш дека ме пече како удар со прачка тоа што му пишувам на синот што сум го оставил зад себе, а веројатно и за тебе е малку болно да го читаш ова. Но ти си сега млад човек. Кога јас најдов сила да ги ставам овие редови на хартија, мора и ти да се потрудиш да ги прочиташ.“

    rnДевојката со портокали - Јустејн ГордерrnrnПриказната која неговиот татко започнува да му ја раскажува е обвиткана со мистерија и го заробува Георг во некое друго време, во времето кога татко му имал само 19 години и ја запознал необичната девојка од трамвајот. Внимателно го води низ мистериозните средби во неговата младост, откривајќи му по некој мал детаљ само за да го заинтересира и полека, но сигурно го менува животот на неговиот син, којшто никогаш немал шанса вистински да го запознае. Иако раскажува љубовна приказна, прашањата кои му ги поставува и начинот на којшто го тера да размислува водат само кон еден заклучок, тоа не е писмо за љубовта, тоа е писмо за животот.rnrnБазиран на книгата, во 2009 година е снимен и норвешкиот филм „Appelsinpiken“.rnrnДевојката со портокали - Јустејн Гордерrn

    Лична критика

    rnЈустејн Гордер е писател чии книги или ги сакаат или ги мразат, а јас со сигурност спаѓам во првата група. Можеби затоа што филозофијата ми беше еден од омилените предмети, можеби затоа што знам да си се запрашам одвреме-навреме некои чудни прашања од типот како е можно да е вистина дека „никогаш нема да згазнеме пак во истата река“, зашто нели, и реката и ние ќе бидеме различни, доколку е во право МекТагарт (етернализам, филозофијата на времето) и дали причината поради која размислувам за ова е всушност моја волја, и некои слични прашања кои дефинитивно ми одземаат премногу време.rnrnКако и да е, за сите оние вечни деца со вечни прашања и потпрашања, доколку вашите родители и учители немаа доволно време и волја да ви одговорат, Јустејн Гордер можеби не ги нуди одговорите, но со сигурност ќе ве дружи во размислувањето. „Девојката со портокали“ е постара книга која е можно да сте ја прочитале и заборавиле, а можеби никогаш не сте ја ни отвориле, но верувајте, дете во вас чека да го направите тоа. А откако ќе ја завршите, сигурно нема повеќе да бидете тој возрасен сезнајко кој чекори низ животот убеден дека ги има сите одговори и сите решенија. Дозволете оваа книга малку да го разниша вашиот свет…rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Двете најважни прашања во вашиот живот

    Двете најважни прашања во вашиот живот

    Многумина трагаат по смислата на своето постоење, знаејќи дека мора да е тука некаде. Честопати си поставуваме прашања, како на пример: Дали го направив тоа исправно? Дали можев да го направам подобро? Каде погрешив? Што да сторам со своето слободно време?Поставувањето прашања кон самите себеси е добра навика која позитивно влијае врз нашето размислување. Со одговорите на вакви прашања, чувствуваме дека имаме контрола над самите себе. Станува збор за најважните монолози на секој човек.rnrnДвете најважни прашања во вашиот животrnrnНо, постои едно прашање кое не смеете, а да не си го поставите во својата глава. Прашање чиј одговор би требало секогаш да го знаете, одговор кој сигурно нема да биде секогаш ист, но мора да постои. Тоа прашање е: Поради што се будам наутро?rnrnСтанува збор за возбуда, страст, ваша цел или план. Тоа е кога имаш причина да станеш од кревет и да направиш нешто важно во текот на денот. Тоа е кога имаш толку силна цел, што ти се чини дека би успеал/а да го промениш светот со нејзиното остварување. Во ред е, бидејќи „Оние кои мислат дека се доволно луди за да го променат светот, обично се тие кои го прават тоа.“rnrnДвете најважни прашања во вашиот животrnrnОна поради кои се будите наутро е вашата страст кон животот. Страста претставува сè. Тоа е она што ве мотивира, ве тера да си поставите цели, ви помага да ги изработите задачите до совршенство, ви помага да останете полни со ентузијазам. Внесете страст:rn

      rn011

    • во вашата професија
    • rn011

    • во вашите дела
    • rn011

    • во разговорите со вашите пријатели
    • rn011

    • во пиењето на вашето кафе
    • rn011

    • во читањето книги
    • rn011

    • во посетувањето на нови места
    • rn011

    • во новите утра
    • rn

    rnСтраста е она што сакате да го почувствувате и да го споделите. Дали ја пронаоѓате во верата, работата, љубовта, природата, не е ни важно, важно ја чувствувате. Тоа е чувството кога се будите секое утро со огромна желба за живот, со љубов кон она што го правите и со знаење дека она што го правите би можело да го промени светот, барем малку.rnrnВторото прашање, со еднаква важност како и првото, гласи: Што важно направив денес?rnrnДвете најважни прашања во вашиот животrnrnНасмеавте нечие лице? Научивте нешто ново? Искусивте нешто различно? Добивте покачување на работа? Завршивте важен проект во вашиот живот или конечно научивте да ги подготвувате вкусните колачиња по рецептот на вашата баба? Сето тоа е успех, и сè додека можеме да кажеме макар една работа како одговор на ова прашање, знаеме дека денот не е залудно потрошен. Тоа се нашите остварени сни и планови, работи во кои сме вложиле труд и време и ни се исплатело на крајот. Тоа е чувството кога ќе ве полазат морници од возбуда, поради самата помисла дека сте УСПЕАЛЕ. Вие заслужувате да ги почувствувате тие морници.rnrnНе заборавајте да го започнете и завршите секој ваш ден со овие две прашања, но и со одговори на истите. Ќе видите како лесно вашиот живот ќе добие повеќе смисла, ќе сфатите дека ВИЕ сте ОВДЕ со причина.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Подобрете ја самодовербата со помош на вашата имагинација

    Подобрете ја самодовербата со помош на вашата имагинација

    Нашата имагинација може да биде многу моќно оружје при промените во нашиот живот. Најчесто нашите најголеми ограничувања не се во нештата кои сакаме да ги направиме, туку во оние за кои никогаш не сме размислувале. Со употребата на имагинацијата, ние можеме да пронајдеме нови можности и нови начини за живеење. На пример, како би се чувствувале доколку бевте личност со малку поголема самодоверба?rnrnПодобрете ја самодовербата со помош на вашата имагинацијаrnrnОва е одлично прашање кое секој би требало да си го постави. Тоа ќе ви помогне да дефинирате што точно значи самодовербата за вас. И исто така ќе ја активира и вашата имагинација за да ви помогне во размислувањето и ќе ве натера веднаш да се почувствувате како личност со поголема самодоверба.rnrnЗатворете ги очите и размислете подобро за наредниве неколку прашања. Ако имавте поголема самодоверба:rn

      rn011

    • како поразлично би размислувале од сега?
    • rn011

    • како поразлично би дејствувале од сега?
    • rn011

    • како поразлично би се чувствувале од сега?
    • rn

    rnОткако ќе ги одговорите прашањата, можете да поминете и на наредниот чекор. Пронајдете одредена област од вашиот живот каде што би сакале да бидете со поголема самодоверба – во домот, на работа, во дискотека, или на кое било друго место. Потоа замислете како би се однесувале доколку имате поголема самодоверба. Како би размислувале и како би се чувствувале? Што би направиле ако забележите девојка или момче со кои би сакале да разговарате? Како би ја одржале својата презентација на работа?rnrnЗамислувањето на овие сценарија може да биде одлична ментална вежба. Таа ќе го подготви вашиот мозок и во реална ситуација да размислува и да се однесува на начинот кој сте го замислиле. Можете да ја подобрите оваа ментална вежба така што ќе внесете повеќе ситуации и повеќе имагинација во однос на видот, слухот, допирот, вкусот и миризбата. Не обесхрабрувајте се ако не ви успее од прва, за ова е потребно вежбање. Идејата е што подетално да ја замислите ситуацијата, за потоа да можете така и да се однесувате во секојдневниот живот. Едноставно научете го вашиот мозок како да размислува со поголема самодоверба и потоа и вие самите ќе се однесувате на истиот начин.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Моќта на поставувањето прашања на самите себе

    Моќта на поставувањето прашања на самите себе

    Луѓето имаат неверојатна способност за насочување на своите мисли, емоции, навики и врски кон себе. Токму оваа самосвест нè прави интелигентни и ни овозможува успешно да се адаптираме на нашата околина. Една од најкорисните „алатки“ кои ги поседуваме е моќта да си поставиме прашања сами на себе.Моќта на поставувањето прашања на самите себеМожеби ви изгледа логично дека би требало да ги знаете одговорите на сите прашања за себе, па тогаш која е целта за нивното поставување? Вистината е дека овие прашања можат да ни помогнат да размислуваме на нови начини, кои ќе нè насочат кон одговори кои не се веднаш видливи и очигледни. Поголемиот дел од нашето размислување се случува несвесно. Но, со поставувањето на прашањата ги донесуваме овие внатрешни мисловни процеси во „центарот на настаните“.rnrnНа пример, одберете некое ваше цврсто верување и пробајте да го анализирате преку наредниве неколку прашања:rn

      rn011

    • Зошто го имам ова верување?
    • rn011

    • Со какви докази можам да го поддржам ова верување?
    • rn011

    • Како ова верување влијае на начинот на кој размислувам?
    • rn011

    • Како ова верување влијае на начинот на кој се чувствувам?
    • rn011

    • Како ова верување влијае на начинот на кој дејствувам?
    • rn011

    • Како би можело ова верување да е погрешно или бескорисно?
    • rn011

    • Кои други верувања би можеле да бидат вистинити?
    • rn011

    • Каков вид докази би можеле да го променат ова верување?
    • rn011

    • Како би можела промената на перспективата кон ситуацијата да го промени моето верување?
    • rn011

    • Какви други верувања би можеле да бидат покорисни?
    • rn

    rnВаков вид прашања можете да си поставувате на себеси за да откриете повеќе за начинот на кој вашиот ум функционира. Нема потреба да ги имате сите одговори, но добро е ако се потрудите најмногу што можете. Доколку сметате дека е потребно, составете свои прашања кои ќе ви помогнат да навлезете подлабоко во вашиот мисловен процес. Предизвикајте се себеси. Преземете ја улогата на „адвокатот на ѓаволот“. Испрашувајте се себеси исто како што би разговарале со непознат.Моќта на поставувањето прашања на самите себеГолем број од одговорите на најважните прашања во животот мораме да ги пронајдеме ние самите. Не можеме да очекуваме дека другите ќе можат да ги одговорат наместо нас. На пример, секој би требало сам да го знае одговорот на прашањата како:rn

      rn011

    • Кој/а сум јас?
    • rn011

    • Што е тоа што навистина го вреднувам во животот?
    • rn011

    • Што значи „среќата“ и „успехот“ за мене?
    • rn011

    • Што можам да направам за да се подобрам себеси?
    • rn011

    • Каде се замислувам себеси за 5, 10, 20 или 50 години од сега?
    • rn011

    • Што е добро, а што лошо?
    • rn011

    • Ако денес ми е последниот ден од животот, за што би се каел/а?
    • rn011

    • Што во мојот живот не би го продал/а за ниедна сума пари во светот?
    • rn

    rnОва се неколку одлични прашања кои можеме да го употребиме за подобро да се запознеме себеси. И тие се само почеток. Сè на сè, зависи од вас и вашиот ум за да одлучите што навистина вреди подетално да се истражи и анализира. Можеби имате проблем на факултет, на работа или дома за кој што е потребно да одвоите повеќе време…rnrnПсихолозите сметаат дека поставувањето на вистинските прашања е поважно од тоа да ги имате сите одговори. Како прво, затоа што никогаш никој не може да ги има сите одговори. И како второ, вистинските прашања имаат моќ да го натераат нашиот ум да размислува на нови и подобри начини кои ќе ни помогнат да сфатиме нешто што претходно можеби целосно сме го игнорирале…rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Одговори на смешни прашања кои ги поставуваат дечињата

    Одговори на смешни прашања кои ги поставуваат дечињата

    Дали понекогаш ви се случило да останете збунети кога вашето дете или внуче одеднаш ќе се сврти кон вас со некое прашање и љубопитно ќе почне да трепка? Магазинот „Real Simple“ за таа цел, приготвил краток прирачник кој ги нуди вистинските одговори на мистериите на детскиот универзум.rnrnОдговори на смешни прашања кои ги поставуваат дечињатаrn

    „Дали рипчињата спијат?“

    rnПа може да се рече дека спијат, но никогаш нема да ги „уловите“ со затворени очи, бидејќи тие едноставно не ги затвораат очите. Повеќето видови риби имаат одредени фази во текот на кои нивниот метаболизам се забавува, така што и тие секако се одмораат, иако и тогаш очите им се ширум отворени.rn

    „Зошто тревата e зелена?“

    rnПоради хлорофилот, односно зелениот пигмент кој им овозможува на билките да се хранат.rn

    „Зошто икаме?“

    rnИкањето обично се појавува кога од некоја причина ќе се иритира дијафрагмата, мускулот на дното од градниот кош. Потоа, дијафрагмата брзо ќе се повлече, така што воздухот силно ќе навлезе во белите дробови, а кога тој воздух ќе „удри“ во говорниот апарат, се случува икањето – објаснува д-р Норман Еделман од Здруженијата на американските пулмолози. Икањето ќе престане кога ќе се опушти дијафрагмата.rn

    „Зошто зевањето е заразно?“

    rnИталијанските научници минатата година се занимавале со овој феномен. За заразност на зевањето е заслужна емпатијата. Произлегло дека поголема е веројатноста дека и ние ќе се проѕевнеме доколку зева некој што ни е нам близок, како на пример член на семејството или близок пријател, отколку ако зева некој кој не го познаваме. Според тоа, слободно можете да му кажете на вашето дете, дека ако почне да зева откако вие сте се проѕевнале, тоа всушност значи дека вам со тоа ви вели: „Мамо/тато те слушнав, и јас сум уморен“.rn

    „Зошто мастиката не се лепи на забите?“

    rnОбјаснете му на детето дека тоа е иста ситуација како кога може да се слизне кога паѓа дожд или кога подот е мокар од некоја причина. Мастиката допира на забите кои се влажни од плунката, чие излачување е додатно зголемено поради џвакањето мастика – вели Де Ирвин Шмигел од Американската асоцијација на стоматолози.rn

    „Зошто ни кркорат цревата?“

    rnАко не сме јаделе некое време, мозокот му испраќа порака на желудникот дека е време за јадење. Тој сигнал предизвикува „грмотевици“ бидејќи се ослободуваат желудочни сокови за да може храната која се очекува да се свари. Ако видиме или помирисаме храна, „одговорот“ на нашиот стомак ќе биде уште поинтензивен.rn

    „Зошто не можеме да се скокоткаме сами себе?“

    rnКога некој ќе нè заскокотка, почнуваме да се смееме, подвикнуваме и се обидуваме да се оттргнеме, но ние всушност повеќе реагираме на ефектот на изненадување, отколку на самото скокоткање. Ако се обидеме да се заскокоткаме самите себе, ние однапред знаеме што ќе се случи, па поради тоа ефектот на изненадување изостанува и скокоткањето нема никакво влијание.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дали сте доволно паметни да работите за Гугл?

    Дали сте доволно паметни да работите за Гугл?

    Гугл спаѓа во групата на најпосакувани работодавци, но судејќи според прашањата кои им се поставуваат на кандидатите за вработување, тешко се стига до некое од работните места.rnrnДали сте доволно паметни да работите за „Гугл“?rnrnВилијам Паундстон, авторот на книгата „Дали сте доволно паметни да работите за Гугл?“ објаснува какви сè задачи и загатки им се поставуваат на потенцијалните вработени во компанијата. Тој во својата книга открива како да бидете брилијантни на вашето интервју, доколку конкурирате во оваа компанија, а открива и некои од можните прашања кои можат да ви бидат поставени.rnrnКако што тој тврди во книгата, одделот за човечки ресурси од одговорите може да утврди дали некој од кандидатите со задоволство би ја работел понудената работа. На листата се наоѓаат и овие неколку прашања:rn

      rn011

    • Зашто капаците од шахтите се округли?
    • rn011

    • Колку тоалетна хартија е потребна за да се прекрие цел Тексас?
    • rn011

    • Ве смалуваат во големина на една монета и ве фрлаат во миксер кој ќе почне да работи за 60 секунди. Што ќе направите?
    • rn011

    • Колку би наплатиле за бришењето на сите прозорци во Сиетл?
    • rn011

    • Колку правосмукалки се произведуваат годишно?
    • rn011

    • Смислете план за евакуација на Сан Франциско.
    • rn011

    • Кој број е следен во низата: 10, 9, 60, 90, 70, 66 ?
    • rn011

    • Во што побрзо се плива, во вода или во сируп?
    • rn011

    • Колку пати во денот стрелките на часовникот се преклопуваат?
    • rn011

    • Маж го туркал својот автомобил до некој хотел и го изгубил целото свое богатство? Што се случило?
    • rn

    rnСега за сега од компанијата немаат коментар за оваа книга и задачите кои се опишани во неа, но една поранешна вработена во Гугл тврди дека никогаш на интервју не се давале такви загатки за решавање.

  • Прашања кои треба да си ги поставите пред да ја прекинете врската

    Прашања кои треба да си ги поставите пред да ја прекинете врската

    После многу кавги и неслога помислувате дека прекинувањето на врската е единствено решение? Не брзајте со донесување на вакви одлуки. Ова се прашањата кои треба да си ги поставите доколку размислувате за крај.rnrnПрашања кои треба да си ги поставите пред да ја прекинете врскатаrn

    Дали партнерот е причина за мојата состојба?

    rnСтресот и нервозата може да нè натераат да избрзаме со нашите постапки. Доколку се чувствувате лошо не барајте ја веднаш вината во вашиот партнер. Некогаш поради проблеми од секојдневието, со факултетот или работата, се чувствуваме лошо и мислиме дека сè тргнало по ѓаволите, па често знаеме бесот да го истуриме на партнерот. Доколку се чувствувате лошо размислете дали партнерот ви стои на патот кон среќата и задоволството или други проблеми ве натерале да размислувате дека на вашата врска ù нема спас.rn

    Колкава е празнината помеѓу нас?

    rnПонекогаш претеруваме со нашите очекувања и забораваме дека никој не е совршен, па не сме ни ние. Често ни се наметнуваат прашања како: „Дали уште постои страст меѓу нас?“ или „Дали сè уште физички ме привлекува?“ и можат да влијаат многу врз начинот на кој размислуваме и донесуваме одлуки. Најчесто овие прашања и дилеми се појавуваат поради сексуално незадоволство или недостиг на комуникација. Пробајте да ги подобрите овие аспекти, потрудете се, не кревајте веднаш раце од сè.rn

    Дали неговите/нејзините лоши навики би можел/а да ги поднесам?

    rnСекој си има иритирачки навики, но некогаш е добро да направите компромис. Размислете дали станува збор за нешто за што вреди да направите компромис, навика која ве нервира, но би можеле да ја прифатите со цел вашата врска да опстане. Едно е да бидете на сосема различна бранова должина во интересите и сфаќањата, а сосема друго е да донесете одлука базирана на моментална нервоза. Некогаш е жално да прекинете врска во која сте вложувале и сте се труделе само поради моментална фрустрација.rn

    Дали имам резервирано време за самиот/самата себе?

    rnМожеби сè што ви треба е да бидете сами со себе. Одвојувате еден час од денот кога ќе бидете сами, одете на прошетки и пешачење, разбистрете си ги мислите. Вашиот партнер можеби ви одговара, но се чувствувате задушени. Издвојувајте си време за себе. Можете дури и самите да заминете на викенд на некое тивко место и добро да размислите пред да ја донесете одлуката.rn

    Дали сум подготвен/а да бидам без него/неа?

    rnФакт е дека не знаеме што имаме сè додека не го изгубиме. Кога ќе сфатиме дека нештото или личноста би можеле да ја изгубиме засекогаш, можеби ќе знаеме да ја цениме повеќе. Замислете си каков би бил вашиот живот без вашиот партнер? Се гледате себеси како посреќни и поуспешни?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 40 прашања кои се плашиме да си ги поставиме

    40 прашања кои се плашиме да си ги поставиме

    Созревањето и здравиот ментален живот подразбираат бескомпромисно преиспитување на состојбите во нашиот живот. Тоа не е лесно, бара голем напор и храброст, па затоа следните четириесет прашања сите се плашиме да си ги поставиме. Прочитајте ги и обидете се да си ги одговорите, а штом го добиете одговорот некои заблуди и стравови можеби ќе исчезнат од вашиот живот.rnrn40 прашања кои се плашиме да си ги поставимеrnrn1. Ако денес беше последниот ден од твојот живот, ќе сакаше ли да го правиш она што планираш да го правиш денес?rnrn2. Кој дел од иднината најмногу те загрижува?rnrn3. Дали упорно се надеваш на нешто кое мораш да го оставиш зад себе?rnrn4. Да имаше пријател кој ќе ти зборуваше онака како што понекогаш самиот си зборуваш со себе, колку долго ќе се дружеше со него?rnrn5. Која е разликата меѓу живеење и постоење?rnrn6. Ако учиме од грешките, тогаш зошто се плашиме да ги правиме?rnrn7. Какво влијание сакаш да имаш врз околината?rnrn8. Нешто ти е вон дофат? Или само не се истегна доволно кон тоа?rnrn9. Што забораваме да видиме во секојдневното брзање?rnrn10. Ако животот е толку краток, зошто и понатаму правиме многу работи што не ги сакаме и зошто сакаме толку многу работи кои не ги правиме?rnrn11. Ако можеш да ѕирнеш во срцето на твојот непријател, што е тоа што очекуваш да го видиш, а е различно од она што се наоѓа во твоето срце?rnrn12. Животот е премногу краток за да се толерира ___________?rnrn13. Ако сè уште ништо не си добил, што имаш да загубиш?rnrn14. Како знаеш кога да продолжиш да се надеваш на нешто, а кога да го оставиш тоа зад себе?rnrn15. Зошто си ти важен/а?rnrn16. На колку пријатели безрезервно им веруваш?rnrn17. Дали си задоволен/а со себе?rnrn18. Имаш ли некој страв за кој си свесен/а дека ти пречи во остварувањето на целите?rnrn19. Како го трошиш најголемиот дел од твоите пари?rnrn20. Имајќи ги предвид твојата секојдневна рутина и навиките, каде се гледаш по пет години?rnrn21. Би сакал твоето дете да биде помалку привлечно и повеќе интелигентно или повеќе привлечно и помалку интелигентно?rnrn22. Си направил ли нешто со кое не се гордееш?rnrn23. Освен пари, што друго си стекнал од работата која ја работиш?rnrn24. Дали понекогаш се преправаш дека разбираш работи кои всушност не ги разбираш?rnrn25. Која е првата промена која ти е потребна во следните дванаесет месеци?rnrn26. Дали некогаш си молчел кога требало да зборуваш?rnrn27. Која обврска ја одложуваш во овој момент?rnrn28. На кој начин си наштетуваш себеси?rnrn29. Посакуваш ли да не знаеше нешто?rnrn30. Од што си се откажал?rnrn31. Која лекција можат другите да ја научат од твојот живот?rnrn32. Кои грешки постојано ги повторуваш?rnrn33. Како се однесуваш кога не ти е возвратена љубовта?rnrn34. Што ја уништува твојата среќа?rnrn35. Што најмногу сакаш да постигнеш пред да умреш?rnrn46. Што ти вели оној глас во твојата глава во последно време?rnrn37. Што е полошо од смртта?rnrn38. Колку краток би требало да биде твојот живот за да направиш некаква промена уште денес?rnrn39. Како се однесуваш кога не им се допаѓаш на другите?rnrn40. Кој е најлесниот начин да се потроши животот?

  • Дали сте доволно паметни за да работите за најголемите светски компании?

    Дали сте доволно паметни за да работите за најголемите светски компании?

    Во најголемите светски компании од типот на Гугл, Мајкрософт и Фејсбук работат извонредни работници кои поминуваат низ жесток и внимателен процес на избор. Во интервјуата, кандидатите треба да одговорат на некои необични прашања кои многу зборуваат за нивниот начин на размислување. Ако и вие сте спремни да ги одговорите, тогаш сте спремни за кариера во некоја од нив.Дали сте доволно паметни за да работите за најголемите светски компании?1. Зошто шахтите имаат округла форма? Ова прашање прво почнале да го користат во Мајкрософт, а целта е да видат како размислува кандидатот кога е соочен со проблем кој има повеќе можни решенија. На тој начин тие ја покажуваат својата креативност и самодоверба.rnrn2. Во три реченици, објаснете му на вашиот осумгодишен внук што е датотека. Вака Гугл проверува дали апликантот може на едноставен и разбирлив начин да ги доближи производите на компанијата до потрошувачите на кои технологија не им е јака страна.rnrn3. Објаснете ми што се случуваше во земјава во последните десет години. Преку одговорот на ова прашање во Бостон Консалтинг можат да видат на кој начин кандидатот може да ги сумира фактите и да ги пренесе на клиентот. Покрај тоа, може многу да се научи за еден човек кога ќе каже кои настани биле важни во последната декада.rnrn4. Штотуку сте наследиле пицерија од вујко ви. Што ќе правите со неа? Вака Фолксваген проверува што сметаат кандидатите за позицијата бизнис аналитичар дека е клучно за успех во бизнисот. Тие треба да истакнат дали веднаш ќе ја продадат пицеријата, дали ќе го разгледаат финансискиот извештај или ќе направат нешто сосема друго.rnrn5. Што имаат заедничко дрвото и алкохолот? Најголемата компанија за обезбедување во САД, Гардсмарк, ги прашува апликантите што е заедничко за дрвото и алкохолот за да добие претстава како тие ги класифицираат информациите и како ги издвојуваат сомнителните од нив. Покрај тоа, покажуваат и како комуницираат со другите луѓе.Дали сте доволно паметни за да работите за најголемите светски компании?6. Како ќе истражите одредена технологија без другите да дознаат дека го правите тоа? Епл секогаш успеваат своите чуда од технологија да ги држи во најголема тајност сè додека самите не ги промовираат. Апликантот што ќе одговори правилно на ова прашање ќе докаже дека може да го стори истото. Покрај тоа, ќе даде слика и за способностите за креативно размислување.rnrn7. Автомат за купување храна, за производ од 75 центи ќе ви земе банкнота од еден долар без да ви врати кусур. Каде е проблемот во системот? Напорното интервју во Епл го содржи и ова прашање, а намерата им е да видат како кандидатот го лоцира проблемот, како ги бара причините кои го создаваат и како прави план за негово надминување.rnrn8. Колку топчиња за голф собира во школски автобус? Никој не знае колкав волумен има автобусот, а топчињата за голф се користат само ако единица мерка. Гугл поставува вакво прашање, не за да го натера апликантот да постави математичка формула, туку за да добие претстава за процесот преку кој што тој ги решава проблемите.rnrn9. Користејќи „поголемо“ и „помало“, кој е минималниот број на обиди да погодиш број помеѓу 1 и 1.000? Одговорот на ова прашање ги покажува математичките вештини и начинот на којшто размислува кандидатот за софтверски инженер во Фејсбук во насока на пронаоѓање решение.rnrn10. Вие сте со големина на молив и сте ставени во блендер кој ќе почне да работи за 60 секунди. Што ќе направите? Голдман Сакс инвестира на пазари на кои многу често се менуваат условите. Нивните вработени постојано наидуваат на проблеми со кои не се соочиле претходно, а ова прашање го става апликантот токму во таква улога. Покрај тоа, проверува како тој пронаоѓа нови невообичаени решенија за тие проблеми.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.