КАФЕ ПАУЗА

Tag: позитивно

  • Пролетна енергија во вашиот дом

    Пролетна енергија во вашиот дом

    Доколку вашата соба или дом не зрачи со топлина и енергија, не вознемирувајте се. Со овие неколку трикови брзо и лесно можете да го трансформирате во вистински пролетен рај.Пролетна енергија во вашиот домrn

    1. Пресонализирајте го просторот

    rnПовикувањето на луѓе во вашиот дом значи и отворање на вратата на вашата интима. Затоа наредете неколку ваши драги предмети на видно место, како на пример омилените книги, колекција плочи и слично. Сепак треба да внимавате, бидејќи тенка е границата помеѓу оставање личен печат и натрупување на просторот. Доколку сакате да се пофалите со одредени интересни предмети, погрижете се тие да бидат убаво распоредени низ повеќе делови од просторот. Тоа е многу подобро, отколку да направите хаос во едно ќоше од домот.rn
    rn

    2. Дозволете сонцето да продре во просторот

    rnРаширете ги завесите и дозволете сонцето да ви го наполни домот со позитивна енергија. Исто така, дозволете да влегува и свеж воздух во просторот, па редовно проветрувајте.rn
    rn

    3. Одлучете се за една боја

    rnЗа да направите релаксирачки будоар, експертите советуваат бојата на ѕидовите, подот и плафонот да бидат во иста нијанса. Ако се држите до еднобојна шема, ќе ги одбегнете незгодните граници помеѓу различните бои, а просторот ќе изгледа визуелно поблизок, како и поотворен и слободен, велат експертите. Белата, сината и сивата боја делуваат смирувачки, па се препорачливи особено за спална соба.Пролетна енергија во вашиот домrn

    4. Внимателно одбирајте ламби

    rnЗаборавате на ламбите кои се целосно изработени од метал или кои даваат придушено светло. Тие изгледаат многу ладно и стерилно. Наместо тоа одберете нежни варијанти и природни материјали. Стаклените лустери ќе му дадат посебен шмек на вашиот простор.rn
    rn

    5. Набавете големи, меки перници

    rnНеколку перници од мазни и пријатни материјали како што е памукот ќе додадат топлина во вашиот дом, а ќе ви бидат корисни во текот на целата година. Направете ги поголеми, но не целосно полни за да можете да пропаднете во нив.rn
    rn

    6. Бушави черги

    rnМногу важно за секој дом е како другите луѓе се чувствуваат кога ќе влезат во него. Идеално решение за да му дадете топлина на вашиот ладен под се бушавите черги, кои одлично прилегаат во секој дом.Пролетна енергија во вашиот домrn

    7. Одберете прекрасен букет

    rnСекој додаток од природата, особено цвеќињата, визуелно ќе го направи вашиот дом позитивен.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Фенг шуи за вашиот дом

    Фенг шуи за вашиот дом

    Фенг шуи е традиционален кинески метод или уметност на одредување на најпропорционалниот дизајн и декорирање на просторот за да можете да ја постигнете максималната хармонија како резултат на протокот на позитивна енергија помеѓу вас и околината.rnrnФенг шуи за вашиот домrnrnСе верува дека вистинското фенг шуи е од голема корист за вашето здравје, богатство и среќа. Тоа е и начин на живеење, бидејќи ги вклучува сите аспекти од вашата дневна рутина, почнувајќи од вашиот работен простор, па сè до вашата спална соба, дневна или тоалет. Фенг шуи не е само обично сместување на одредени објекти, туку е наоѓање на вистинското место, боја и осветлување за секоја соба со цел да постигнете максимална рамнотежа и хармонија.rnrnНо, пред дури и да почнете да размислувате за фенг шуи објектите, прво мора да го исчистите вашиот дом од сè она што не ви е потребно. Мора да се ослободите од сè што претставува лоша енергија. Откако ќе завршите, можете да се префрлите на боите, формите и основните фенг шуи елементи.rn

    Петте елементи

    rnФенг шуи за вашиот домrnrnЗемја, оган, дрво, метал и вода се 5-те основни фенг шуи елементи. Дрвото се претставува со зелена и кафена, огнот со црвена, силни нијанси на жолта, портокалова, виолетова и силна розова. Белата и сивата се употребуваат за металот, сината и црната за водата, додека пак земјата е нежно жолта, светло кафена или боја на песок.rnrnЗелената е одлична за подобрување на вашето здравје и би требало да биде искористена во Источната фенг шуи багуа област во вашиот дом. Белото би требало да има свое место во Северната багуа област за раст на кариерата, во Источната може да помогне за фамилијата и здравјето, додека пак местото во југоисточната е резервирано за богатството.rn

    Тројството

    rnГлавните енергетски центри во вашиот дом се во спалната, тоалетот и во кујната. И покрај тоа што овие соби се клучни за протокот на позитивната енергија, не значи дека не би требало да ги средите и другите простории, од подрумот па сè до ходниците. Започнете со мали фенг шуи објекти, бидејќи целта не е одеднаш да го пренатрупате вашиот дом. Погрижете се да обрнете поголемо внимание на осветлувањето и не заборавајте на боите.rn

    Фенг шуи објекти за тоалетот

    rnФенг шуи за вашиот домrnrnВо фенг шуи филозофијата, тоалетот се смета за место каде што се акумулира негативната енергија. Доколку сакате да го направите ова место попозитивно, мора да се погрижите да изгледа како мини спа. Користете огледала, но погрижете се да не можете да го видите одразот на тоалетната школка во нив. Одржувајте го многу чист, поставете некое растение како бамбус и користете миризливи стапчиња или масла за да создадете мирно место. Свеќите исто така се добредојдени, како и релаксирачката музика. Вашата бања би требало да биде местото каде што ќе се ослободите од негативните мисли и стресот.rn

    Фенг шуи објекти за кујната

    rnКујната се смета за срцето во вашиот дом, но исто така е и симбол за богатство и напредок. Свежи цвеќиња или овошја се добредојдени. Нежната жолта боја е најсоодветен избор за ѕидовите. Кујната е комбинација од сите елементи: имате рерна како оган, дрвени елементи кои ја претставуваат земјата, водата поминува низ мијалникот, металот може да се пронајде во кујнските додатоци за готвење.rnrnМијалникот би требало да биде веднаш до прозорот, бидејќи сината на небото е и бојата на водата. Дрвените елементи, вклучувајќи ги и масата или шанкот би требало да имаат нежни рабови. Сè во кујната би требало да биде позитивно, па би можеле да си поиграте со боите, како и со елементите, но пазете да не претерате и да направите да изгледа пренатрупано.rn

    Фенг шуи објекти за спалната

    rnФенг шуи за вашиот домrnrnУпотребувајте само слики, фотографии или уметнички дела кои сакате да ги доживеете во вашиот живот. Избегнувајте да го наместите креветот во линија со вратата и погрижете се тој да ви биде достапен од двете страни. Свеќите се одлично фенг шуи осветлување за во спалната, но погрижете се секогаш да имате свеж воздух – отворајте го прозорот почесто.rnrnНе треба да имате ни телевизор ни компјутер во вашата спална соба. Употребувајте различни нијанси на црвена за страст и љубов, но пазете да не претерате, па за да го одржите балансот, комбинирајте со пастелни бои. Исто така можете да декорирате со статуи од Буда, бамбуси што носат среќа или багуа приврзоци.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Секој ден по нешто позитивно

    Секој ден по нешто позитивно

    Клубот на уметнички директори од Денвер секоја година организира приредба на која им оддава признание на неколку талентирани студенти кои веќе се истакнале со својата работа на полето на уметноста. Годинава една од наградите ја доби 26-годишниот студент Бади Браво за својата серија од 5 инспиративни постери наречена „Секој ден по нешто позитивно“.rnrnrn

    Секој ден по нешто позитивно
    Пеј додека се тушираш
    rnrnЗа своите постери тој вели дека се обидел да им пренесе оптимизам на гледачите.rn
    rn

    „Тоа се огласи. Јас не продавам некаков производ или настан. Наместо тоа, јас ‘продавам’ став или изглед. Мислам дека едноставниот оптимизам може да стигне далеку. Едноставно, ако можеш да направиш нешто позитивно за да се почувствуваш подобро, тогаш можеш тоа да го пренесеш и на другите. Сакам луѓето да се чувствуваат убаво,“ вели Бади Браво.

    rn

    Секој ден по нешто позитивно
    Помирисај ги розите
    rnrn
    Секој ден по нешто позитивно
    Донирај тоа што имаш
    rnrn
    Секој ден по нешто позитивно
    Танцувај сам
    rnrn
    Секој ден по нешто позитивно
    Фати капка дожд

    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто работата е сепак добра за вашето здравје?

    Зошто работата е сепак добра за вашето здравје?

    Во низата вести кои го поврзуваат работното опкружување со лоши последици врз здравјето, тешко е да ги препознаеме добрите страни на состојбата на стална вработеност.Зошто работата е сепак добра за вашето здравје?Кога станува збор за здравјето, работата обично има лоша репутација и се врзува со разните проблеми предизвикани од прекумерното седење, растроеното спиење поради работењето во смени и ред други негативни последици. Но, новото истражување кое го спровело британското министерство за труд и пензии, покажало дека вработените лица помалку се разболуваат, имаат помал ризик од заболување од хронични болести, помали се шансите да патат од ментални болести и генерално, имаат пониска стапка на смртност.rnrnСе разбира, овие позитивни последици се однесуваат на оние кои имаат добра работа, со солидна плата, редовен годишен одмор, разумно работно време, се чувствуваат задоволни и сметаат дека припаѓаат во таа околина.rnrnВоедно, оние кои имаат добар однос со колегите, ќе живеат подолго – покажало истражувањето. Чувството на припадност на некоја група претставува друштвена „сигурносна мрежа“, која се поврзува со долгиот животен век кај луѓето.rnrnИсто така, вашата работа ви помага да се чувствувате корисни. Некои истражувања покажуваат дека сѐ поголем е бројот на луѓе кои одлучуваат да работат и во својата длабока старост, бидејќи сакаат да имаат причина да станат наутро од својот кревет, а тоа му дава смисла на човечкиот живот.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 20 причини да се насмеете

    20 причини да се насмеете

    Насмевката прави да сме поубави, поздрави, помлади, посреќни, позитивни. Затоа смејте се! Верувајте, нема подобар начин да се расположите и да имате уште еден прекрасен ден. Доколку барем една од овие фотографии успее да ви изнуди насмевка, нашата цел е постигната 🙂
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Пронајдете ја вашата внатрешна инспирација

    Пронајдете ја вашата внатрешна инспирација

    Дизајнирањето и развивањето на одредена идеја е одлична способност. Но, понекогаш сите ние се бориме со еден основен проблем – пронаоѓањето на таа идеја. И покрај тоа што донекаде постои вистина во изреката „идеите едноставно сами ни доаѓаат,“ истражувачите предложуваат неколку техники со кои ќе си ја зголемите креативноста и ќе ги заобиколите „блокадите“ кои ви го отежнуваат патот кон напред.rnrnПронајдете ја вашата внатрешна инспирацијаrnrnНадминете го вашиот страв од креативност – Верувале или не, доколку имате проблеми со смислување нови идеи – тоа е затоа што се плашите од нив. Истражувачите од Универзитетот во Пенсилванија демонстрирале дека ако се чувствувате несигурни за вашата иднина, вие всушност потсвесно ги поврзувате вашите креативни идеи со зборови како „неуспешно“ и „пекол“. Најлошо од сè е што овој страв од креативност е целосно невидлив за нас и поради тоа се убедуваме дека нашите креативни идеи, всушност воопшто не се креативни. Доколку се најдете во ситуација во која ги отфрлате сите ваши идеи, застанете малку, земете длабоко воздух и пробајте да не бидете толку критични кон себе. Многу брзо ќе забележите дека вашите идеи всушност и не се толку лоши колку што сте мислеле.rnrnНе постои само едно решение – Истите истражувачи откриле дека доколку на некој му дадете задача да напише есеј на темата „Постои само едно решение за секој проблем“, тој почнува да се чувствува нервозно и го губи своето чувство за креативност. Опуштете се и оставете ги вашите мисли слободно да се движат. Прифатете ги сите свои идеи и потоа одберете ги оние кои најмногу ви се допаѓаат. Не ограничувајте се само на една идеја.rnrnИстражете ги спротивностите – Истражувачите откриле дека парадоксалното размислување ја поттикнува нашата креативност. Во една студија, Ела Мирон Спектор (водачот на истражувањето) побарала од една група испитаници да напишат барем 3 парадоксални изјави, а од друга група да напишат само неколку интересни изјави. Резултатите покажале дека кај првата група се појавиле поголеми шанси за решавање на креативен проблем. Парадокс е нешто кое истовремено изгледа како вистинито и невистинито или пак кое се спротиставува на очекувањата. Размислувањето на овој начин со сигурност ќе ви помогне при пронаоѓањето на нови идеи.rnrnКомбинирање на различни идеи – Голем број студии покажуваат дека одличните идеи се формираат при комбинирање на други две споредни идеи, кои повторно покажуваат дека парадоксалното размислување е добро за нашата креативност. Една теорија, според Пол Тагард, вели дека идеите се комбинираат преку комплексен процес наречен „конвулација“, така што се создава нова идеја која мозокот многу лесно може да ја разликува од старите. Пробајте да се изложите себеси на идеи надвор од вашата „удобна зона“ и потоа размислете како би можеле да ги поврзете. На овој начин ќе добиете многу иновативни решенија за вашите проблеми.rnrnРазмислувајте позитивно – Според една необична студија, Алис Исен и нејзините колеги ги тестирале ефектите на филм – комедија врз група испитаници. Оние кои добро се изнасмеале, имале многу повисоки резултати на тестот за креативност, за разлика од останатите. Изложете се себеси на хумор и разбудете ги „добрите“ емоции во вас, бидејќи на тој начин се подобрува вашата способност за креативно решавање проблеми.rnrnТехники со бура од идеи – И покрај тоа што истражувањата за бура од идеи (brainstorming) се комплицирани и полни со контрадикции, сепак постојат неколку многу позитивни резултати кои се потврдени. Изгледа како најдобрите идеи да доаѓаат кога некој употребува бура од идеи сам на себе, откако претходно се инспирирал од други луѓе. Разговорите со личности надвор од вашата рамка на размислување влијае на вашата способност за пронаоѓање нови идеи кога сте сами.rnrnДозволете им на вашите мисли да „талкаат“ – Неколку студии сугерираат дека фокусот е лош за вашата креативност. Оние кои не се доволно сконцентрирани изгледа како да се подобри во пронаоѓање на нови и уникатни решенија. Накратко, доколку имате проблем со пронаоѓањето на нова идеја, едноставно пуштете ги вашите мисли да „талкаат“ и пробајте воопшто да не ги контролирате. Резултатите кои ќе ги добиете со сигурност ќе ве изненадат.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Позитивните луѓе живеат подолго

    Позитивните луѓе живеат подолго

    Едно истражување спроведено во САД покажало дека позитивниот став кон животот и смислата за хумор се наоѓаат помеѓу причините за долговечноста на многу луѓе.rnrnПозитивните луѓе живеат подолгоrnrnНаучниците од колеџот „Алберт Ајнштајн“ ја анализирале структурата на личноста и генетската наследност на 243 лица на возраст од 95 до 107 години. Се покажало дека долговечноста е поврзана со човековите особини, како екстравертност, оптимизам, полесното искажување на емоции и склоност кон смеење.rnrnСпоред прибраните податоци во САД, дури 0,2% од населението имаат над 100 години, а бројот од година во година се зголемува. Некои претходни истражувања покажале дека структурата на личноста може да има големо влијание на физичкото здравје на поединецот. Спрема други процени на научниците, генетското наследство за една третина ги зголемува шансите за долговечност.rnrnТокму затоа не заборавајте секој ден да го поминувате во смеа и во позитивна атмосфера.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да го подобрите впечатокот кој луѓето го имаат за вас?

    Како да го подобрите впечатокот кој луѓето го имаат за вас?

    Автор: Горана КоневскаrnrnВо човечката природа е секој да посакува да остави добар впечаток кај другите, луѓето да имаат позитивна перцепција за него или да биде одличен пример за останатите и да биде запаметен како позитивна личност. Еве неколку совети кои ќе ве направат попопуларни меѓу пријателите и ќе ви помогнат при оставање одличен впечаток кај соговорниците.rnrnКако да станете впечатлива личностrnrnБидете заинтересирани за случувањата во животот на соговорникот. Секој сака да зборува за себе, за работите кои го тангираат во секојдневието, без разлика дали станува збор за личниот или за деловниот живот. Кога покажувате интерес за личноста со која разговарате преку прашања и теми поврзани лично со нејзе, вие директно покажувате дека ја почитувате, дека работите кои ѝ се случуваат ви се битни, а со тоа му создавате на соговорникот чувство дека ви е важен.rnrnНаучете активно да слушате. Никој не сака да биде прекинат додека зборува. Активното слушање ви овозможува постигнување поголемо почитување кај соговорничката страна, како и време во кое можете внимателно да размислите за тоа што се говори, без притоа да ја следите само сопствената мисла. На крајот, можеби ќе соберете повеќе информации или ќе го промените своето мислење кога соговорникот ќе ја постигне својата поента. Не претпоставувајте дека знаете што точно соговорникот сака да каже. Активно и внимателно слушајте и ќе станете еден од најдобрите соговорници.rnrnБидете свои, бидете искрени. Искреноста е една од карактеристиките што секој човек многу ја цени кај другите. Дури и да сте погрешиле или нешто да не знаете во моментот кога сте прашани, искрената реакција нема да наиде на осудување. На осудување може да наиде обидот за прикривање или глумата. Бидете искрени. Бидете свои. Никој не сака луѓе кои копираат или кои немаат свое мислење и свој став. Вашиот уникатен став и јасното изразување на мислењето без напад на соговорничката страна, како и искрениот пристап, ќе ве направи личност со која секој сака да соработува и да се дружи.rnrnКако да станете впечатлива личностrnrnПоставете добар пример. Луѓето се воодушевуваат на добрите примери на кои потајно посакуваат да се огледаат. Една од карактеристиките на луѓето кои претставуваат добар пример за другите е позитивниот дух. Да се гази цврсто на земја, да се биде реалистичен и притоа да се задржи позитивниот дух и енергичноста е исклучително важно. Никој не ги сака намуртените личности околу себе, а од друга страна секогаш сакаме да бидеме во присуство на луѓе кои ни влеваат позитивна енергија и кои дури и во тешките моменти знаат дека „ќе дојдат и подобри времиња“ и дека „во секое зло има и добро“.rnrnИсто така, во се што работите вложувајте го својот максимум. Работата завршувајте ја со љубов, без разлика дали станува збор за готвење, работа на шалтер, фризерски салон и слично. Вашите клиенти секогаш ќе бидат задоволни, а верувајте дека и кај вашите претпоставени тоа нема да остане незабележано, така што напредокот ќе биде гарантиран.rnrnБидете дарежливи во однос на парите и времето. Дарежливите луѓе се посреќни, поисполнети, поздрави и позадоволни од другите. Дарежливоста, во секого предизвикува чувство дека е важен и дека со своите добри дела може да направи макар и мала промена во животот на другите. Тука не се мисли само на финансиска помош за некое лице кое има потреба од тоа, туку и за волонтирање во непрофитна организација, одвојување на дел од своето време за помош на пријател, сосед, постаро лице или за други слични цели.rnrnВложувајте во она во кое верувате. Многу успешни и влијателни луѓе делат исти карактеристики: напорно работење, добри идеи, солидна едукација и голема социјализација. Направете шема за оние работи кои се важни за вас и постојано надградувајте се себеси. Вложувајте ја својата енергија за работите во кои верувате и кои ги посакувате, за да ги постигнете своите цели. Никој не ги цени луѓето кои лутаат, кои не знаат што сакаат и кои се недефинирани, затоа поставете си цели и работете да ги остварите.rnrnСигурно постојат личности на кои во овој момент можете да се сетите, а кои ви претставуваат добар пример. Тоа може да биде родител, пријател, писател, бизнис лидер или друга личност која е дел од вашиот живот. Но, во истовреме, постојат луѓе околу вас кои претставуваат и негативни примери. Можеби вашиот шеф кој никогаш не е тука за да поразговарате за некој проблем, вашиот пријател кој никогаш не ве сослушува, вашиот комшија кој секогаш наоѓа причина за да ви префрли нешто или вашиот колега кој секогаш е негативен.rnrnОбидете се и од нив да научите нешто – на пример како не треба да се однесувате ако сакате да постигнете ниво на забележителна личност на која сите ѝ се воодушевуваат.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Инспиративни и мотивирачки пораки

    Инспиративни и мотивирачки пораки

    Инспиративните и мотивирачки пораки можат да ги сменат нашите размислувања и гледишта на одредена тема. Познато е дека позитивните мисли мотивираат и поттикнуваат позитивни дејства, па затоа инспиративните пораки денес сè почесто се користат. Споделете ги следниве инспиративни пораки и поттикнете ги креативноста и успехот.rnrnИнспиративни и мотивирачки поракиrnrn1. Нека твојата верба биде поголема од твојот страв!rnrn2. Не задоволувај се со тоа што си, стреми се кон тоа што можеш да бидеш!rnrn3. Не плаши се да бидеш поинаков!rnrn4. Престани да ја бараш магијата. Таа е во тебе!rnrn5. Вљуби се кога ќе бидеш подготвен/a за тоа, а не кога си осамен/a!rnrn6. Кога треба да донесеш тешка одлука – фрли паричка. Уште пред да падне паричката, ќе знаеш на што се надеваш.rnrn7. Започни го и заврши го денот со насмевка!rnrn8. Посвети се на некоја твоја идеја. Надмини го стравот, насмевни се и бори се за да ја реализираш затоа што тоа е твојот сон.rnrn9. Најромантичната приказна не е за Ромео и Јулија кои умреа заедно, туку за бабата и дедото кои остареле заедно.rnrn10. Единствено ти можеш да ги користиш твоите способности!rnrn11. Не срами се од сопствениот неуспех. Тие што доживеале неуспех, ќе те разберат, а тие што не доживеале, немаат право да те критикуваат.rnrn12. Кога животот е добар – прославуваш, а кога е лош – созреваш.rnrn13. Не тагувај за она што си го изгубил, затоа што кога дрвото ќе изгуби еден лист, на негово место расте нов.rnrn14. Минатото не може да биде сменето, заборавено, додадено или избришано. Минатото може да биде само прифатено.rnrn15. Понекогаш е многу подобро да не го добиеш тоа што го посакуваш.rnrn16. Не откажувај се од работите што сакаш да ги постигнеш!rnrn17. Вистинскиот начин да запознаеш некого е да се скараш со него. Тогаш тој ќе го покаже својот карактер.rnrn18. Вистинската љубов започнува кога не очекуваш ништо за возврат.rnrn19. Тешко е да веруваш некому, кога тој веќе еднаш ти дал причина да не му веруваш.rnrn20. Смеењето е универзален јазик.rnrn21. Секој ден кажувај нешто убаво!rnrn22. За да имаш повеќе контрола над својот живот, престани да ги контролираш другите!rnrn23. Биди позитивен/а!rnrn24. Ако некој те омаловажува, тогаш тој самиот е малку важен.rnrn25. Најубаво е да живееш на пола пат помеѓу здравиот разум и лудилото.rnrn26. Многу малку е потребно за да бидеш среќен.rnrn27. Кога некој ќе ти каже дека не можеш да успееш, заврти се и кажи му да те гледа како успеваш.rnrn28. Ако знаеш која е твојата крајна дестинација, тогаш веќе си поминал половина од патот.rnrn29. Да беше животот лесен, авантурите немаше да постојат.rnrn30. Вистинско знаење е да знаеш дека ништо не знаеш.rnrn31. Твојот живот е креација на твоите мисли.rnrn32. Патот до успехот е секогаш во изградба.rnrn33. Животот е одраз само на тоа што ти си дозволуваш да го видиш.rnrn34. Направи добро дело и осветли нечиј темен живот!rnrn35. Ако песимистот ја гледа тешкотијата во секоја шанса, биди оптимист и види ја можноста во секоја тешкотија!rnrn36. Не поигрувај си со туѓите чувства, ако ни самиот не си сигурен во сопствените емоции.rnrn37. Не чекај твојот брод да доплови до тебе, туку ти пливај до него!rnrn38. Радоста е таков вид среќа која не зависи од случувањата.rnrn39. Ако твоите соништа не те плашат, можеби не се доволно големи.rnrn40. Секој родител треба да знае дека детето еден ден ќе го следи неговиот пример, а не неговиот совет.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да ја вратите изгубената мотивација на работното место?

    Како да ја вратите изгубената мотивација на работното место?

    Без разлика колку си ја сакате вашата работа, постојат периоди кога вашата мотивација паѓа на минимум. Може да имате милион различни причини зошто се чувствувате така, но она што е важно, е дека на сите им се случува понекогаш. Следете ги истрајно следниве 11 чекори и научете како да ја регенерирате вашата мотивација, која длабоко ви недостигала.Како да ја вратите изгубената мотивација на работно место?rn

    1. Бидете искрени со себе

    rnПрвиот чекор е признавањето пред сами себе дека ви недостасува мотив да ги завршувате секојдневните работни обврски и фактот дека треба да преземете нешто во врска со тој проблем. Започнете да се ослободувате од ваквата незаинтересираност, на начин што после работното време ќе почнете да го користите секој слободен момент да ги правите оние активности кои отсекогаш сте ги сакале. Спорт? Љубов? Дружење? Шетање? Што и да ви треба – реализирајте го.rn .rn

    2. Зошто работите токму во оваа фирма?

    rnЛесно е да се препуштате на чувството дека претставувате само еден мал забец од големата машинерија. Наместо да дозволите да ве надвладее, потсетете се од колкаво значење е вашата работна позиција за компанијата во која работите. Извештаите кои секојдневно ги добивате можеби не ви изгледаат важни, но тие се дел од процесот на донесување одлуки во фирмата, кои можат да влијаат на нејзиниот раст и развој во целина. Секој ден запишувајте си на лист по една причина, зошто сте вие важна алатка за таа фирма.Како да ја вратите изгубената мотивација на работно место?rn

    3. Од која причина работите?

    rnДали работите за да го прехраните вашето семејство, за да им помогнете на вашите родители или за, чекор по чекор, да ја изградите вашата кариера? Без разлика од која причина сте биле мотивирани да ја прифатите оваа работа, запишете ја на лист или во вашиот мобилен. На тој начин, секојдневно пред вашите очи ќе имате афирмација зошто го работите она што го работите, а тоа ќе ви ја поврати вербата во себе.rn .rn

    4. Читајте мотивациски книги

    rnМожеби ви звучи смешно, но читањето квалитетни мотивациски книги, може повторно да го запали жарот за работа во вас. После работното време, тркнете до најблиската книжарница и купете 2-3 мотивациски книги за градење самодоверба, позитивно размислување и постигнување успех во кариерата. Можеби ќе научите некој нов трик, кој досега ве кочел да успеете да се претставите во вашето најдобро светло.rn .rn

    5. Избегнувајте негативни колеги

    rnЕден од најголемите „цицачи“ на вашата позитивна енергија се колегите кои гледаат „црно“ на животот и на нивната работа. Има и таков тип, кои воопшто не се намуртени, туку на суптилен начин се обидуваат да ве „згазат“ за тие да се покажат и истакнат пред претпоставениот. Ако забележите дека тоа ви се случува вам, реагирајте во најбрз можен рок. Ако имате услови, побарајте преместување во друга канцеларија или на друго биро, а доколку тоа не е возможно, избегнувајте премногу разговори со тој колега, кои ќе резултираат со губење на вашата верба во себе.rn .rn

    6. Читајте инспиративни мисли

    rnМожеби звучи малку клише, но денес на интернет можат да се прочитаат разни мотивациски пораки или мисли од големите мудреци, кои потсвесно можат да ви го направат денот попозитивен. Наместо кога ќе станете наутро на работа, веднаш да почнете да се напнувате со обврските кои ве чекаат денес или да мислите на шефот кој ќе ве критикува дека не сте сработиле нешто добро, сварете си кафенце и прочитајте неколку позитивни, инспиративни мисли. На крајот на краиштата, подобро е да бидете опкружени со позитивни, отколку со негативни мисли, нели?! Да се биде циничен е лесно, но да се има верба, е нешто на кое треба да се работи.rn .rn

    7. Избегнувајте канцелариско озборување

    rnНајмногу што можете, избегнувајте да бидете дел од разни озборувања. Ваквите муабети се најчесто испровоцирани од луѓе кои немаат попаметна работа од тоа да ве дефокусираат од она што треба да го правите – да ги вперите очите во она на кое што работите. Канцелариското озборување нема никаква функција, може да биде екстремно штетно и плус, истата личност со која сте озборувале, најверојатно утре ќе го збори истото за вас на некој друг.Како да ја вратите изгубената мотивација на работно место?rn

    8. „Избегајте“ од проблемот накратко

    rnАко се борите со некој конкретен проблем во вашиот работен проект, тогаш немојте да се трескате од ѕид секојдневно поради тоа. Потрошете час-два правејќи нешто друго, кое ќе ви ги одвлече мислите и ќе го намали притисокот кој го чувствувате и потоа навратете се назад на задачата. Ваквата кратка пауза, ќе му даде шанса на вашиот мозок да дојде до решението на проблемот кој треба да биде решен. Човековиот ум е фантастичен решавач на проблеми, се разбира, ако му дозволите да го стори тоа.rn .rn

    9. Проверете го вашето држење

    rnДали седите подгрбавени над вашето биро и се чувствувате очајно секој ден? Ова е тотално погрешниот физички сигнал кој му го испраќате на вашето тело. Ако усвоите депресивна и демотивациска поза на вашето тело, така ќе се чувствувате и на психолошки план. Пробајте да седите исправено и гордо и следете ги инстантните позитивни промени во вашето расположение.rn

    Како да ја вратите изгубената мотивација на работно место? 10. Пијте вода

    rnНеверојатен е фактот колку дехидратацијата може да направи да се чувствувате исцрпено, незаинтересирано, млитаво и без грам мотивација за работа. Човечкото тело се состои од 50-65% вода, што значи дека секојдневно му требаат нови количини. Пиењето по неколку чаши вода на ден, може да направи да се чувствувате поенергично отколку што верувате. Чувајте си едно шишенце на вашето биро секој ден. Водата е вашето гориво – искористете го.rn .rn

    11. Започнете го денот онака како што планирате да го завршите

    rnСтанувате наутро и си го удирате палецот од ногата во масата. Потоа ги миете забите и сфаќате дека сте се извалкале со паста на кошулата. Влегувате во вашиот автомобил и моторот не пали или ако користите јавен превоз – автобусот доцни. Си велите: „Супер, ова ќе биде еден од оние денови“. Со таквата мисла вие ќе ја определите вашата емоционална состојба за цел ден и речиси ќе уживате гледајќи како работите стануваат уште полоши во наредните часови, бидејќи тие се доказ дека сте биле во право кога сте помислиле дека „денес не ви е денот“.Како да ја вратите изгубената мотивација на работно место?Можете да ја промените лошата емоционална состојба која ја предизвикале неколкуте глупави ситуации кои ви се случиле, така што ќе погледнете во фотографијата од вашето дете или милениче. Ако немате ни едно ни друго, никогаш не е на одмет да погледнете смешно или мотивационо видео какво што е „Каде по ѓаволите е Мет?“rnrnНа крај, не заборавајте, вие сте онаа личност, која мислите дека сте, па затоа одберете ја најдобрата верзија од себе.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn