Овие афирмации се создадени со цел да одговараат на општите карактеристики на секој хороскопски знак, но имајте го предвид и вашиот подзнак, односно изберете ја онаа која најмногу ве мотивира и инспирира.rnrn
rn
Овен
rnВие сте бистри и храбри. Вашата душа е прекрасна. Што и да допрете го исполнувате со позитивна енергија. Сега само минувате низ тежок период и наскоро ќе се ослободите од тој притисок. Имате причини за да се смеете и да продолжите да се борите. Поминете низ тоа.rn
Бик
rnВашата истрајност е вашата најдобра карактеристика. Во вас пронаоѓаат утеха и заштита оние кои се вознемирени, изгубени и на кои им е потребен некој што ќе ги сослуша. Вашето срце е големо и несебично, а вашата грижливост не минува незабележано. Само продолжете да бидете она што сте, бидејќи вие носите мир и надеж на сите околу вас.rn
Близнаци
rnСекој разговор во кој учествувате е благословен со вашиот љубопитен и отворен дух. Умеете да им се приближите на луѓето, а нив ги зајакнува вашата подготвеност да им се отворите и да им овозможите пристап. Понекогаш сте премногу изложени, но светот не може да го затемни вашиот сјај. Вие ги поврзувате срцата и тоа е драгоцено.rnrn
rn
Рак
rnВие сте секогаш оние кои го носат целиот товар, секогаш ги ставате другите пред себе, секогаш се повлекувате и стивнувате за да им дозволите на другите да се изразат и да се истакнат. Храбрите и емотивни духови како вашиот се ретки во овој свет. Треба да бидете горди што сте толку силни и несебични.rn
Лав
rnНа светот му е потребна вашата сила, убедување, истрајност во борбата за она во кое верувате. Вашата смелост е природна и ако понекогаш сте арогантни, не постои личност која толку смело донесува одлуки, толку посветено се држи до нив и презема одговорност за сите свои избори. Можете да бидете горди, бидејќи нема многу луѓе како што сте вие.rn
Девица
rnПотребно е да го процесирате она што ви е на ум. Вдишете длабоко и сетете се кои сте. Вие сте мирни, собрани. Светот може ќе се обиде да ве затресе, да ве саботира, да ве повлече на дното… но, вие имате трпение и сила која ретко кој ја познава и способни сте за многу повеќе отколку што мислите. Немојте да го заборавите тоа.rnrn
rn
Вага
rnСакате ред. Сакате стабилност. Сакате чувство на смисла во однос на сето она што ве опкружува. Вие умеете да го создадете тоа. Постојат работи кои се надвор од вашата контрола, но нив треба да ги препуштите на вишите сили со целосна доверба и да ја свртите силата на вашиот ум кон разубавување на светот околу вас. Вие знаете кои сте, без разлика со кој или со што се соочувате, и излегувате на крај со секоја ситуација. Милоста е на вашата страна.rn
Скорпија
rnЖивотот не ве штеди, но вие сте стабилни, сигурни во себе, спремни на сѐ. Во моментите кога чувствувате слабост, посегнете кон вашата длабочина, откријте што чувствувате со целата ваша душа и во себе ќе пронајдете сила да се изборите со работите кои само на изглед ве победуваат и ве збунуваат. Во секој момент можете да се пронајдете себеси, без разлика низ што минувате.rn
Стрелец
rnВе привлекува непознатото, со задоволство ги избирате патиштата низ кои поретко се минува и предизвикувате чудење и револт. Но, тоа е само уште еден предизвик за вас да бидете онакви какви што сте, да не дозволите никој да ве осудува, да им покажете на сите како се живее по своја волја и мера. Вашиот живот е роман кој токму сега го пишувате, а вие сте негов главен јунак.rnrn
rn
Јарец
rnЖивејте ги вашите денови еден по еден. Поминете низ нив чекор по чекор. Трошете ги со доверба и смиреност. Иако сте способни за сѐ, и вие сте само човек. Не морате да правите сѐ сами. Доверете му ја на космосот таа тежина на сериозноста и бидете нежни кон себе. Вие сте неверојатна личност.rn
Водолија
rnСекогаш сте подготвени да давате, да делите, да се поврзувате и да бидете отворени. Нема ништо погрешно во желбата да сакате и да бидете сакани, за на сите да им давате сѐ од себе, дури и кога тие немаат да ви понудат ништо за возврат. Вашиот дух лета високо, вашето срце е големо, а вас ве водат моќни работи над обичниот свет.rn
Риби
rnДозволено ви е да ја чувствувате целата ваша страст и сите ваши емоции. Посегнете по она што го сакате, бидејќи го заслужувате. Остварете ја таа желба која ја чувате во тајност, тој сон што ве буди во ноќта. Овој свет е ваш, па земете го она што ви е потребно.rnrnИсто така, погледнете ги најпозитивните особини на секој хороскопски знак.