КАФЕ ПАУЗА

Tag: позитивно

  • Моќен психолошки метод за справување со негативните мисли

    Моќен психолошки метод за справување со негативните мисли

    Станува збор за едноставна, но моќна вежба која ќе ви помогне да ги трансформирате вашите негативни мисли во позитивни и на тој начин ќе можете да ги подобрите сите области од вашиот живот. Сè што треба е да се фокусирате на вашите мисли и потоа со одредени зборови, полека, да го смените нивното значење. Еве како можете да го сторите тоа…rnrnМоќен психолошки метод за справување со негативните мислиrn

    Прв чекор

    rnОдберете една од областите во вашиот живот која сакате да ја подобрите така што ќе ја евалвирате вашата сегашна ситуација. Можете слободно да изберете помеѓу кариерата, љубовната врска, здравјето, парите… Сè што сметате дека би можело да се подобри. Ајде заедно да го направиме ова, така што во овој случај ќе ја земеме кариерата како пример.rn

    Втор чекор

    rnЗапишете ги првите 3 мисли кои ќе ви паднат на памет, а се поврзани со оваа област од вашиот живот. Тие може да бидат слични на следниве примери, или пак, нешто сосема различно, кое ја отсликува вистинската слика за вашата моментална ситуација.rn

      rn011

    • Ја мразам мојата работа.
    • rn011

    • Немам иднина во оваа кариера.
    • rn011

    • Не заработувам доволно пари.
    • rn

    rn

    Трет чекор

    rn

      rn011

    • Сега обидете се да ги претворите овие мисли во попозитивна верзија, фокусирајќи се на добрите нешта кои произлегуваат од нив. На пример:
    • rn011

    • Јас сум многу благодарен/благодарна што имам работа и сигурен/сигурна сум дека ќе најдам подобра во блиска иднина.
    • rn011

    • Јас сум многу благодарен/благодарна за мојата сегашна работна позиција и секојдневно се обидувам да бидам што подобар/подобра во неа.
    • rn011

    • Јас сум многу благодарен/благодарна затоа што имам доволно пари да ги платам трошоците и да заработам нешто плус за мене.
    • rn

    rnМожеби нема да почувствувате позитивни резултати во истиот момент кога ќе ја завршите оваа вежба, но со нејзиното повторување и доволно време вие ќе ги промените вашите мисли и ќе добиете многу пооптимистичен и позитивен поглед кон светот. На овој начин вие ќе создавате моќни мисли кои не само што ќе ве направат посреќни, туку и ќе ви помогнат полесно да напредувате во секоја област од вашиот живот.

  • Слатки фотографии кои веднаш ќе ви го подобрат расположението

    Слатки фотографии кои веднаш ќе ви го подобрат расположението

    Сите ние имаме лоши денови: Сте накиснале на дождот, вашиот шеф е опресивен диктатор, сте ги заборавиле клучевите, сте се скарале со партнерот… Катастрофата се чини како само да станува поголема и сè што се обидувате да направите како што треба излегува од ваша контрола.rnrn24 слатки фотографии кои веднаш ќе ви го подобрат расположениетоrnrnНормално дека лошите денови се неизбежни, но знајте дека не е крај на светот. Има милион работи што можат да ве насмеат кога се чувствувате како сите бродови да ви потонале и ние денес би сакале да споделиме 24 од нив. Овие фотографии ќе извлечат насмевка од вашето лице дури и во најлошите моменти и ќе ви помогнат да се ослободите од темниот облак што ви виси над главата.rnrn

  • Зошто е важно да имате хоби?

    Зошто е важно да имате хоби?

    Хобито е активност која уживате да ја работите, тоа е сопствен избор, единствено и по ваш вкус, одбрано во однос на вашите таленти и познавања. Хобито може да ја подобри состојбата на нашиот дух и може да има повеќе позитивни значења во нашиот живот. Слично како што е вежбањето важно за нашето тело, опуштањето е важно за нашиот ум. Креативната енергија која се наоѓа во секој од нас не смее да биде потисната. Еве неколку причини зошто хобито е важно во вашиот живот.rnrnЗошто е важно да имате хоби?rnrn1. Хобито е најлесен начин за враќање на позитивниот дух кога не се чувствувате добро и кога се наоѓате под стрес. Активноста која сами ќе ја одберете како хоби секогаш ќе ви нуди задоволство и ќе ви помогне да се опуштите.rnrn2. Хобито претставува еден од најдобрите активни начини да бидете во контакт со самите себеси и да се изразувате полесно. Тоа е приватно време кое го имате само за себе. Интересно е што кога имате некое хоби, секогаш ќе настојувате да најдете време за себе.rnrn3. Многу луѓе го доживеале врвот во своите кариери преку хобито. Посебно радува фактот што кариерата и работата се извор на релаксација, па ако хобито ви е алтернатива за кариерата, тогаш никој нема да биде посреќен од вас.rnrn4. Хобито е важно за да одржувате контрола врз себе. Но, исто така ви даваи чувство на слобода во начинот како сакате да го потрошите вашето драгоцено време.rnrn5. Вашата работа може да ги препознае и искористи вашите способности до одредена мера, но потребно е повеќе од тоа за да дознаете каде се крие талентот кај одредени личности. Занимавањето со некое хоби ќе открие дека поседувате необичен талент за кој досега не сте биле свесни.rnrn6. Хобито е можност за запознавање луѓе со кои делите исти вкусови и интереси. Зарем има подобро поминато време од она во кое сте опколени со личности како вас?rnrn7. Кога имате хоби, имате што да споделите со другите. Музиката и театарот ви овозможуваат да споделувате искуства за уметност. Луѓето кои сакаат фотографија, сакаат да ги споделат своите дела со други фотографи.

  • Цитати кои ќе ве поттикнат на позитивна промена

    Цитати кои ќе ве поттикнат на позитивна промена

    Најјаките мотиви доаѓаат од неопходноста за промена. Но, не секогаш чувствуваме дека нешто мора да направиме, да постигнеме, да постанеме. Некогаш ни треба само мало поттурнување нанапред за да го издржиме денот, друг пат потребно е нешто многу посилно за да предизвика коренита промена во нас, која знаеме дека ни е потребна, а сами немаме сила да ја направиме.rnrn1-citati-koi-kje-ve-pottiknat-na-pozitivna-promena-kafepauza.mkrnrnВи претставуваме 10 цитати кои се толку мотивирачки што и самите ќе изберете бар еден како пат по кој сакате да одите или цел која сакате да ја остварите.rn

    „Ако некој ви каже ‘Не можеш!’, всушност мисли ‘Јас не можам.’“ – Шон Стефансон

    rn

    „Постои мала разлика помеѓу луѓето, но таа мала разлика прави голема разлика. Малата разлика е во ставот. Големата разлика е во тоа дали е позитивен или негативен.“ – Клемент Стон

    rn

    „Што и да сакате да направите, направете го тоа веднаш. Толку малку утрежи преостануваат.“ – Мајкл Ландон.

    rn

    „Среќата, како и несреќата, е работа на проактивен избор.“ – Стивен Кови

    rn

    „Бидете меки. Не дозволувајте светот да ве направи крути. Не дозволувајте болката да ве натера да мразите. Не дозволувајте горчината да ви ја украде сладоста. Бидете горди на тоа што и понатаму верувате дека светот е убаво место, дури и кога остатокот од светот не се согласува со вас.“ – Курт Вонегут

    rn2-citati-koi-kje-ve-pottiknat-na-pozitivna-promena-kafepauza.mkrn

    „Мора да донесете одлука дека ќе продолжите понатаму. Тоа нема да се случи автоматски. Ќе мора да станете и да кажете ‘Не ми е гајле колку е ова тешко, не ми е гајле колку сум разочаран, нема да дозволам тоа да го украде најдоброто од мене. Продолжувам со својот живот.’“ – Џоел Остин

    rn

    „Следниот пат кога ќе се чувствувате малку непријатно поради притисокот во вашиот живот, сетете се дека без притисок нема ни дијаманти. Притисокот е дел од успехот.“ – Ерик Томас

    rn

    „Кога веќе не можеме да ја промениме ситуацијата, предизвикани сме да се промениме себеси.“ – Виктор Френкл

    rn

    „Среќата често се протнува низ вратата која сте заборавиле дека останала отворена.“ – Џон Баримор.

    rn

    „Најдобриот начин да стекнете самодоверба е да го правите она што се плашите да го правите.“ – Непознат автор.

    rn3-citati-koi-kje-ve-pottiknat-na-pozitivna-promena-kafepauza.mk

  • 8 навидум безначајни работи според кои луѓето ве проценуваат

    8 навидум безначајни работи според кои луѓето ве проценуваат

    Сосема е неизбежно секој од нас да формира одредено мислење за луѓето во негова близина, оние кои не ги познава или допрва ќе ги запознае, случајни минувачи и луѓе со кои разменил неколку збора. Но она кое малку од нас го забележуваат е дека мислењето кое го формираме најчесто се базира на работи за кои не сме ни свесни дека влијаат на нас. Истовремено, останатите луѓе формираат мислење за нас базирано на овие неколку навидум безначајни нешта.rnrn(1)-8-navidum-beznachajni-raboti-spored-koi-lugjeto-ve-osuduvaat-kafepauza.mkrn

    1. Ракувањето

    rnНачинот на кој се ракувате со луѓето може да открие дел од вашата личност. Додека силниот стисок одразува силна и самоуверена личност, слабото ракување е одраз на личност која нема самодоверба, која е срамежлива и која веројатно би го одбрала полесниот пат во животот. Постојат многу истражувања кои укажуваат на ова, меѓу кои се истакнува едно според кое силното ракување е одлика на екстровертите, луѓе кои не се плашат да се изразат емоционално и физички.rn

    2. Доцнењето

    rnДоцнењето е една од најлошите карактеристики на луѓето. Чекањето од друга страна, е една од најиритирачките ситуации во кои некој може да се најде. Токму затоа, доколку доцните, огромна е веројатноста дека оние кои ве чекаат веќе формирале негативно мислење за вас. Зошто? Бидејќи доцнењето за вас кажува дека сте личност која сака да ги одложува работите, најверојатно завршувајќи сѐ во последен момент. Од друга страна, доаѓањето навреме укажува на тоа дека го цените и своето, а и туѓото време, дека сте мотивирани и добро организирани личности.rnrn(2)-8-navidum-beznachajni-raboti-spored-koi-lugjeto-ve-osuduvaat-kafepauza.mkrn

    3. Односот кон луѓе кои работат во ресторани и кафулиња

    rnОдносот кон луѓе кои се наоѓаат во позиција да ве услужат кажува многу повеќе за вас отколку што мислите. Многу луѓе на моќни позиции кажуваат дека никогаш не би можеле да имаат интимен и/или професионален однос со некој кој не се однесува убаво со келнери, чистачки и сл. Рон Шеик, главен извршен директор на „Panera Bread“, изјавил дека му се случило да одбие да вработи жена која била културна со него, но безобразна со жената која ги бришела масите покрај нив.rn

    4. Каде гледате кога пиете од чаша

    rnВерувале или не, луѓето често судат на база на овој момент. Така на пример, некои истражувања покажале дека луѓето кои гледаат во чашата додека пијат од неа се фокусирани, идеализираат, тие се самосвесни и инстроспективни. Наспроти нив, оние кои додека пијат од чашата гледаат некаде настрана, имаат поразвиена свест за околината, потпаѓаат под влијание на други луѓе, екстровертни се, безгрижни, но и луѓе на кои може да им се верува. За разлика и од првите и од вторите, има и такви кои ги држат очите затворени. За нив, истражувањата покажале дека се луѓе кои веројатно чувствуваат некаква болка или едноставно не се чувствуваат удобно во дадената ситуација, па се преокупирани со тоа да се чувствуваат подобро.rnrn(3)-8-navidum-beznachajni-raboti-spored-koi-lugjeto-ve-osuduvaat-kafepauza.mkrn

    5. Грицкањето нокти

    rnКако една од најлошите навики на луѓето, грицкањето нокти дефинитивно не се оценува како позитивна одлика. Нервоза, перфекционизам, немирен дух – ова се само дел од особините кои ја карактеризираат личноста која гризе нокти. Не само што не делува убаво, туку е и целосно нехигиенски. Затоа не чудете се доколку луѓето веќе имаат некое мислење за вас на база на оваа ваша лоша навика.rn

    6. Ракописот

    rnПостојат повеќе истражувања направени на оваа тема кои покажале дека ракописот открива многу за личноста која го поседува. Читко или хиероглифски, лесно или со силен притисок, ракописот е и те како одраз на човековата личност. Кети Мекнајт, светски познат графолог, смета дека големите букви во пишувањето се карактеристични за луѓе кои се дружељубиви, додека малите се одраз на интровертна личност. Буквите накосени на десно можат да кажат дека покрај дружељубива, вие сте и чувствителна личност, а оние накосени на лево дека сте интроспективни. Од друга страна, пак, целосно исправените букви откриваат дека сте прагматични.rnrn(4)-8-navidum-beznachajni-raboti-spored-koi-lugjeto-ve-osuduvaat-kafepauza.mkrn

    7. Проверување на телефонот

    rnПовеќе истражувања, чија цел била да најдат поврзаност помеѓу карактеристиките на личностите и тоа колку често и каде го проверуваат својот телефон, успеале да доловат некои факти кои сигурно ќе ви помогнат да препознаете со каква личност си имате работа. Од разговори на телефон, па до проверување на нотификациите на Фејсбук, од чекање во ред и сѐ до излегување со пријателите, проверувањето на телефонот најчесто се поврзува со емоционалната состојба на човекот. Имено, едно истражување покажало дека постојаното проверување на мејловите или Фејсбук укажува на тоа дека личноста е емоционално нестабилна, па постоењето нови нотификации би го подобриле нејзиното расположение.rn

    8. Гледање во очи

    rnПсихологот Адријан Фурнам, доктор по науки, го искажува своето мислење на оваа тема во едно списание за психологија, велејќи дека основната поделба на луѓето во оваа смисла е меѓу екстроверти и интроверти. Така, екстроверите се луѓе кои почесто и подолго гледаат во очите на оној со кој зборуваат, додека инровертите брзо би го тргнале погледот. Во глобала, оние кои гледаат во очи додека зборуваат или слушаат некого се луѓе со поголема самодоверба и се социјално доминанти, додека наспроти нив се оние кои покажуваат послаба самоконтрола, немање волја и неудобност.

  • 7 причини зошто есента е најдобро време за промени

    7 причини зошто есента е најдобро време за промени

    Многумина мислат дека есента е сезона на депресија, токму поради облачните и врнежливи денови што следат по крајот на летото. Некои веруваат дека пролетта или пак почетокот на новата година се вистински периоди за промена, но не се свесни за моќта на есента. Пробајте оваа есен, наместо да му се муртите на тмурното време, да се загреете за вистински промени во својот живот.rnrn7 причини зошто есента е најдобро време за промениrn

    1. Имате можност целосно да се фокусирате на вашите цели

    rnВрнежливото време е вистинска шанса да им се посветите на своите цели и интереси. Наместо денот да го минете пред телевизор, посветете се целосно на вашите цели. На оние кои се борат со есенската депресија, добро ќе им дојде да се фокусираат на една работа и да го дадат најдоброто од себе што ќе им ги тргне мислите од сè друго. Есента е вистинско време да бидете попродуктивни дома, да се унапредите на работното место, да го направите она што веќе долго го одлагате. Смислете добар план и тргнете кон вашите соништа.rn

    2. Природата навистина ќе ве инспирира

    rnТоплите бои на природата, жолтите и црвени лисја на дрвјата, есенските овошја и зеленчуци се вистинска и незаменлива инспирација. Кога и да се соочувате со тежок предизвик или сте ставени пред голема одлука, излезете до најблискиот парк и разбистрете ги мислите, заминете на долга прошетка и оладете ја главата. Есента е мирно и сталожено време, а ладното ветре и капките дожд го смируваат притисокот на кој сте изложени.rnrn7 причини зошто есента е најдобро време за промениrn

    3. Имате можност да научите како да бидете позитивни

    rnТогаш кога сите се жалат на лошото време, вие бидете благодарни за сите предности на есента. Научете да го извлечете најдоброто од оваа сезона и да не ја доживувате како разочарување. Поставете си предизвик да стекнете нова животна навика и вистински да го вдишувате животот со полни гради.rn

    4. Полесно е да се храните здраво наесен

    rnПодобрување на лошиот режим на исхрана е голем предизвик за повеќето од нас. Многу е полесно да почнете интензивно да се грижите за своето здравје кога на пазарот има толку свежи есенски плодови. Овошјето и зеленчукот во есен имаат достапни цени, а лесно ќе најдете многу вкусни рецепти кои вклучуваат свежо овошје и зеленчук.rnrn7 причини зошто есента е најдобро време за промениrn

    5. Есента е најдобрата сезона да почнете со вежбање

    rnДоколку сакате да стекнете навика за поголема физичка активност, есента е најдоброто време за почеток. Го нема топлото летно сонце и кога не врне може да пешачите, а во врнежливите денови да се упатите кон теретаната или конечно да се качите на справата во соба која досега ви служела за чување облека.rn

    6. Имате повеќе време за себе

    rnПогледнете ја есента како голема топка со можности. Што сакате да правите, а веќе долго го одложувате? Може да започнете со фотографирање, одржување блог, да започнете да пишувате и што ли уште не. Нели е тоа прекрасно? Кога ќе се посветите целосно на вашето хоби ако не наесен?rn

    7. Полесно ќе заштедите пари во есен

    rnНе треба да планирате одмор ниту свечен дочек на новата година, така што можете да направите финансиски план кој ќе ви заштеди некој денар. Што е она што го сакате но не можете да си го дозволите бидејќи секој денар плус некако магично ви испарува? Зацртајте си го во главите и почнете со есенско штедење.

  • Да живееме, цел живот!

    Да живееме, цел живот!

    Автор: Петар ЛазаровrnrnНеколку пати во последниве недели во различни ситуации се отвора дискусија или некоја ситуација каде што главен фокус е „животот“ и „живеењето“. Меѓутоа посебно ме изненади и позитивно поттикна да споделам со вас една ситуација која се случи пред некој ден. Собрани неколку пријатели во кафуле, еден мој пријател наздрави со здравицата „да живееме, цел живот“. Сите изреагиравме многу позитивно, и нормално се разви пријатна дискусија.rnrn0-da-zhiveeme-cel-zhivot-kafepauza.mkrnrnАко ја анализираме убаво таа порака и малку подлабоко навлеземе во нејзината суштина, ќе видиме дека во неа се крие еден цел универзум на прашања, сознанија, идеи, техники, методи, стратегии, вештини и што уште не. Овде не ставува збор само да живееме додека не умреме (што генерално сите знаеме и го правиме, т.е. преживуваме), туку нешто многу поголемо. Една цела ЗЕН концепција се крие зад таа мудрост. Овде станува збор за среќен и мирен живот, исполнети и задоволни од себе, исполнети со љубов, реализирани, балансирани во умот и нашите постапки, се мисли на остварување на своите зацртани планови, формирање на задоволно и среќно семејство и многу други работи што ни го прават животот убав.rnrnВо секој случај, да не се правам паметен, многу филозофи, автори, мудреци знаени и незнаени го разработувале прашањето за среќен и исполнет живот, и пак не е најдена некоја едноставна формула како да го постигнеме тоа. Ако некој знае таква формула за успех, го молам да ми ја пише веднаш. Но, мислам дека ќе мора да се задоволиме со фактот дека нема едноставна и брза формула за успех, и со цел да го оствариме тоа, ќе мора да ги засукаме ракавите и да работиме напорно на самите нас. Еве неколку практични совети, кои јас пробувам да ги следам (иако тешко оди) и верувам дека ако работиме на нив напорно и континуирано, може да влијаат позитивно на нашиот живот:rnrn1-da-zhiveeme-cel-zhivot-kafepauza.mkrnrn1. Свесност и искреност со себе: Нема, свесен или не, сите ние сме некаде на скалата на свесноста. Некој повисоко, некој пониско. Идејата е да бидеме што повеќе будни, со отворени очи, и реални за состојбата, случките околу нас и емоциите кои ги развиваме. За жал, опкружувањето, системот, медиумите, родителите, образованието, влијаат на нашата реалност и ни креираат слика која не е секогаш наша. Свесноста е контрола врз умот. Свесност е кога знаеме дека играме безбедно бидејќи ни е страв да не погрешиме, или кога го затвораме срцето, за да не бидеме повредени. Но, не и да се лажеме во тие ситуации дека ние така намерно правиме и дека отсекогаш така сме постапувале. Свесност е да не се лажеме себеси за нашите инстинкти и мотиви. Да бидеме искрени со себе.rnrn2. Следете ја вашата вистинска природа (вредности): Кои сме ние вистински? Кои се нашите желби, мотиви, вредности, потреби? Сето тоа го знае вашето срце, но за жал мозокот е тој што ни ги прави сите пречки. Слушајте го повеќе срцето, и намалете го рациото. Правете го тоа што го сакате и што ве прави среќни. Не (помалку) слушајте ги другите што ќе решат или избегнувајте го концептот „затоа што така треба“. Ако не ви се допаѓа нешто, променете го.rnrn3. Престанете да ја барате љубовта на вашиот живот: Таа ќе се појави кога ќе почнете да правите работи што ги сакате и уживате во нив. Но, прво преиспитајте се дали профилот што го креирате и ви треба е навистина тој или е креиран од вашата имагинација и се базира само на вашите желби.rnrn4. Не се изложувајте на непотребни информации: Намалете на ТВ, вести, весници и други информативни алатки. Читајте повеќе книги и литература од вашата област на специјализација. Тоа многу повеќе ќе ви помогне во животот отколку да ги знаете сите информации од денешните вести, по неколку пати.rnrn5. Отворете се повеќе: Отворете го умот, срцето и рацете. Отворете се за нови искуства и нови луѓе. Ако ви е тешко, почнете со експериментирање со нови вкусови (храна), облека, места за излегување, ситни работи што не ги правите секој ден, а нема да ви се одразат драматично на животот и работата.rnrn6. Бидете оптимисти: Оптимизмот дава надеж. А надежта последна умира. Одете до крај. Оптимизмот води кон ентузијазам.rnrn2-da-zhiveeme-cel-zhivot-kafepauza.mkrnrn7. Живејте во моментот: Овој совет е најЗен! Времето не постои, постои само моментов! Цел живот го поминуваме во мислење за тоа „што се случило“ и „што ќе се случи“. Но, едното поминало, а другото не знаеме дали ќе дојде. Уживајте во моментите, повеќе.rnrn8. Не глумете маченици: Секој си го има својот товар со себе. Како ти е тебе, така му е и на другиот.rnrn9. Страдања: ПРИФАТЕТЕ дека тешки и лоши ситуации, проблеми, несреќи и други неубави работи имало, има и ќе има. Тоа е прво, да прифатиме. Следно е да пробаме да не се фокусираме на тоа што било, туку на пронаоѓање на најдобро и најефикасно решение како да се справиме со новонастанатите ситуации.rnrn10. Не се врзувајте за материјалното: Знам дека ова е многу тешко, посебно кога цел свет промовира и подржува материјалност, но не треба многу да се врзуваме со некои ситници и неважни предмети.rnrn11. Немојте да сте многу строги кон себе: Критичкиот родител кај секој од нас е присутен. Секогаш ќе биде нашиот најголем критичар. Нека се опушти малку.rnrn12. Бидете благодарни на она што го имате: Бидете дете и радувајте се на сите ситници како што тие се радуваат. Гледајте ги децата.rnrn3-da-zhiveeme-cel-zhivot-kafepauza.mkrnrn13. Сите грешиме: Види бр. 11rnrn14. Простете: Сите ние ја чуваме во себе лутината на тие што сме им лути. Нема потреба.rnrn15. Карма: Има секакви објаснувања за кармата. Јас ќе го искористам објаснувањето што се поистоветува со 3-от Њутнов закон и кој вели дека кармата е акција-рекација на животот, односно акциите што ги правиме ни се рефлектираат преку реакциите што ги добиваме. Внимавајте на вашите акции.rnrn16. Натпреварувајте се со себеси: Другите се интересни, но вистинскиот натпревар треба да е со нас самите. Да бидеме подобри од она што сме биле вчера.rnrn17. Вежбајте некоја ментална или физичка активност: Физичката активност ќе ви ја потроши негативната енергија и ќе ве врати во живот, а менталната ќе ве научи како да го избегнете или да се справите со стресот.rnrn18. Животот е краток, живејте го својот сон. Мудро!rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]

  • 10 работи кои треба да ги научиме од децата

    10 работи кои треба да ги научиме од децата

    Откако ќе влеземе во светот на возрасните мислиме дека треба да го избркаме детето од нас за сериозно да се соочиме со животните предизвици. Но верувале или не, многу навики, мислења и ставови на децата, можат многу да им бидат од корист на возрасните. На што нè учат децата? Ова се 10 работи кои секој возрасен мора да ги научи од најмладите ако сака да биде успешен во светот на постарите.rnrn10 работи кои треба да ги научиме од децатаrn

    1. Срушете ги ѕидовите околу себе

    rnКако што растеме животот ни наметнува многу предизвици и неретко се случува да бидеме разочарани од некоја личност. Со цел да се заштитиме себеси од повредувања, издигнуваме ѕидови околу себе и се повлекуваме. Стануваме ладни и дистанцирани само за да изгледаме силни. Вистината е дека постојат многу луѓе на кои не смее да им се верува, вистина е дека треба да се заштитиме себеси и својата приватност, но исто така постојат и личности кои заслужуваат да нè видат во вистинско светло. Дајте им можност наместо да се повлекувате во себе и да делувате ладно и дистанцирано. Дајте им шанса на луѓето наместо предвреме да претпоставувате дека ќе ве разочараат. Сетете се како бевте отворени за нови познанства кога бевте деца.rn

    2. Слободно изразете се себеси

    rnДецата не ги преиспитуваат своите мисли пред да ги кажат, не се плашат дека нема да бидат сфатени, не се трудат да ги менуваат своите ставови со цел да му се допаднат некому. Бидете слободни онакви какви што сте, па кој е совршен? Слободно изразете се себеси, своите чувства, ставови, мислења. Секој има право да не се согласува со вашето мислење, но вие му должите на детето во вас да бидете свои и слободни во својата кожа.rn

    3. Бидете искрени

    rnДецата не лажат. Тие се искрени кон себе, а и кон другите. Возрасните ова го сметаат за наивност, но во суштина е една прекрасна особина која може да ви донесе само позитивни исходи. Престанете да лажете за да избегнете некоја обврска, не лажете за да му се допаднете некому, не лажете се себеси кога длабоко во себе знаете дека не е така. Бидете отворени и поставете ги картите на маса. Бидете искрени за она што сте и како се чувствувате. Не работете со кодови и престанете да се обидувате да го декодирате светот околу вас. Во суштина сè е многу поедноставно, но возрасните сакаат да го прават комплицирано.rn

    4. Секогаш бидете љубопитни

    rnЉубопитноста е мудрост. Децата секогаш прашуваат „зошто“, и тоа им помага да растат, да учат и да созреваат. Наместо да прифаќате статус кво, запрашајте се зошто е така и што може да сторите за да ги придвижите работите кон подобро? Никогаш не е доцна за да се научат и искусат нови нешта во животот. Бидете гладни за авантура и жедни за нови знаења. Така секогаш ќе откривате нови светови за кои порано сте мислеле дека ви се недостижни.rn

    5. Бидете оптимисти за иднината

    rnПаметите ли колку бевте возбудени пред Божиќ или пред вашиот роденден? Таа детска радост никогаш не смее да нè напушти. Како возрасни се грижиме за трошоците и сите оние нешта кои би можеле да тргнат наопаку. Затоа е корисно да го послушаме детето во нас кое ни вели дека сè ќе биде добро. Нема проблем за кој не постои решение.rnrn10 работи кои треба да ги научиме од децатаrn

    6. Сонувајте и поставувајте си големи цели

    rnСигурно сте чуле дека секогаш треба да целите кон месечината. Можеби нема да ја достигнете, но ќе дофатите некоја ѕвезда. Децата не се плашат да поставуваат големи цели и планови за себе. „Еден ден ќе бидам астронаут“, често ќе го чуете ова од некое дете. Но умот на возрасните веднаш прави пресметки – колку е нелогично, тешко, речиси невозможно, дека целта не е реална, дека ќе бидат потребни многу пари и слично. Секогаш кога ќе си поставите некоја цел која ќе ви изгледа недостижна и нереална, не заборавајте дека многумина го направиле невозможното и дека секогаш може да пробате повторно дури и ако не успеете.rn

    7. Позитивностите нека ги надраснат негативностите

    rnДетето се фокусира на тоа како да си ја исполни својата желба. Возрасниот се фокусира на сè она што може да тргне наопаку. Ако на цела бела површина има само една црна точка, возрасниот ќе одбере да се фокусира на точката. Не е сè розово, но со сигурност не е сè сиво.rn

    8. Некогаш е во ред да се биде несериозен

    rnСекако дека сме возрасни и дека имаме обврски кои мора да ги сфаќаме сериозно, но да се биде возрасен не значи да се заборави што значи да се смееш. Секогаш наоѓајте време за забава и дружење. Не само што преголемата сериозност ве прави здодевни личности, туку прави работите да ви изгледаат многу пострашни од што навистина се.rn

    9. Живејте во сегашноста

    rnКако возрасни или се каеме за минатото или се грижиме за иднината. Децата живеат сега, го користат моментот. Играат, трчаат и се дружат и целосно уживаат во сегашноста. Нивниот осет за времето, за минатото и иднината не е развиен и затоа умеат да го искористат моментот. Иако секогаш е добро да се има план за иднината, никогаш не смееме да заборавиме дека она врз што најмногу можеме да влијаеме е токму сегашноста. Ни минатото може да се измени ни иднината може побрзо да ја донесеме.rn

    10. Без скриени намери

    rnУмееме да го минуваме времето мислејќи зошто некој се однесувал на одреден начин, пробуваме да скроиме планови, да го разбереме она што ни се случува, да изнајдеме начини како да го добиеме она што го сакаме без отворено да го побараме. Постојано си поставуваме прашања „Што ако се случи тоа и тоа?“ Но вистината е дека понекогаш треба да го доживуваме светот онаков каков што е и себеси да се претставиме во вистинско светло – она што го гледаш е тоа што го добиваш.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Слатки животинчиња кои ќе ви го направат денот поубав

    Слатки животинчиња кои ќе ви го направат денот поубав

    Доколку ви е потребна дневна доза позитивизам, овие фотографии ќе завршат работа. Слатките бебиња-животни се преслатки и со сигурност ќе ви го направат овој ден поубав. Кое животинче ви е најслатко?rnrnСлатки животинчиња кои ќе ви го направат денот поубав Слатки животинчиња кои ќе ви го направат денот поубав Слатки животинчиња кои ќе ви го направат денот поубав Слатки животинчиња кои ќе ви го направат денот поубав Слатки животинчиња кои ќе ви го направат денот поубав Слатки животинчиња кои ќе ви го направат денот поубав Слатки животинчиња кои ќе ви го направат денот поубав Слатки животинчиња кои ќе ви го направат денот поубав Слатки животинчиња кои ќе ви го направат денот поубав Слатки животинчиња кои ќе ви го направат денот поубав Слатки животинчиња кои ќе ви го направат денот поубав Слатки животинчиња кои ќе ви го направат денот поубав rnrnГалеријата продолжува на втората страница.rn

  • Како да бидете опкружени со личности кои позитивно влијаат на вас?

    Како да бидете опкружени со личности кои позитивно влијаат на вас?

    „Бидете опкружени со луѓе кои ве прават среќни. Луѓе кои ве засмејуваат и ви помагаат кога имате потреба. Луѓе кои навистина се грижат. Тие се оние кои вреди да ги зачувате во животот. Сите останати се само на минување“. – Карл Маркс

    rn

    Луѓето со кои сме опкружени влијаат на нас и повеќе отколку што мислиме. Нивните сфаќања и ставови за животот, нивните размислувања и перспективи, нивното расположение и енергијата која ја пренесуваат, влијаат на нашата среќа, но и на нашата целокупна благосостојба. Луѓето околу нас може да нè мотивираат, да нè поттикнат да создадеме повеќе, да нè насочат кон вистинскиот пат, или да го направат токму спротивното. Затоа е многу важно како ги одбирате луѓето со кои сте опкружени.

    rn

    Како да бидете опкружени со личности кои позитивно влијаат на вас?

    rnrn

    „Пролетно чистење“

    rnКога одвојувате време да го средите својот плакар, сфаќате дека дел од облеката која ја поседувате веќе не ве собира, не ви стои добро или излегла од мода. Како што не е логично да задржувате облека која веќе не е во употреба, не треба во вашиот живот да ги задржите ни оние личности во чие друштво не се чувствувате пријатно или кои на каков било начин ве онерасположуваат и покрај тоа што некогаш ви биле добро друштво. За да направите место во вашиот живот за позитивни личности кои ќе донесат промена кон подобро, треба да се ослободите од оние кои влијаат негативно на вас.rnrnВремињата се менуваат, сфаќањата на луѓето се менуваат, а и нашите потреби во животот не остануваат исти, затоа понекогаш е потребно да се тргнеме настрана од одредени личности. За пријателството, како и за многу други работи во животот, важи добро познатата вистина дека квалитетот е поважен од квантитетот. Не е битна бројката на блиски луѓе со кои сте речиси секојдневно опкружени, битен е квалитетот и нивното влијание врз вас.rn

    Колку пати ви се случило да го задржите фустанот кој ви се смалил, мислејќи дека еден ден ќе ослабете и ќе го облечете повторно, но тоа не се случило? Не заборавајте, ако упорно се држите до старите алишта во кои веќе не се чувствувате удобно и самоуверено, ќе заборавите на оние кои придонесуваат да се чувствувате убаво и привлечно.

    rn

    Како да бидете опкружени со личности кои позитивно влијаат на вас?

    rnrn

    Креирајте филтер

    rnОткако ќе се ослободите од негативните личности, време е да создадете еден замислен филтер. Какви биле сите оние луѓе од кои решивте да се ослободите? Дали правеле да се чувствувате дека не вредите доволно, дали штетно влијаеле на вашата самодоверба, дали влијаеле премногу депресивно на вас? Сега од искуство ќе знаете да ги детектирате таквите личности и да не им дозволите да влезат во вашиот круг на блиски личности.rnrnПовторно да се навратиме на метафората со плакарот. Веќе со години носите црвена боја за конечно да сфатите дека не ви стои добро. Од тоа искуство ќе знаете да одбегнувате црвени парчиња во иднина. Не мора да значи дека нешто не е во ред со црвената боја, едноставно вам не ви одговара.rn

    Привлечете ги вистинските личности

    rnЗа да привлечете околу себе позитивни луѓе кои позитивно ќе влијаат на вас, треба да бидете свои. Можеби е милион пати полесно да се рече отколку да се направи, но штом еднаш ја извежбате техниката, нема да бидете принудени постојано да се преправате дека сте нешто што не сте. Слушајте онаква музика каква што сакате, облекувајте се како што сакате, правете го она за што имате желба, кажете го она што навистина го мислите. Наскоро ќе забележите како луѓето кои се привлечени од вашата оригиналност се исто така свои и лесно ќе најдете заеднички јазик.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.