КАФЕ ПАУЗА

Tag: поука

  • Поучна приказна: Лажните човечки верувања

    Поучна приказна: Лажните човечки верувања

    Еден човек поминувал покрај слонови и одеднаш застанал, збунет од фактот дека овие огромни суштества се чувани со само едно мало јаже заврзано на нивната предна нога. Тие немале ниту синџири, ниту кафези. Беше очигледно дека доколку сакале, тие би можеле во кое било време да се ослободат од своите окови, но поради некоја причина не го правеле тоа.rnrnПоучна приказна: Лажните човечки верувањаrnrnТој во близина го забележал нивниот тренер и му пристапил со прашањето зошто овие животни воопшто не се ни трудат да избегаат. Па, почнал да зборува тој. Кога беа многу млади и многу помали од сега, ги користевме истите јажиња за да ги врземе и на тие години беа доволни за да ги задржат. Како што растеа, така тие сè повеќе веруваа дека не можат да избегаат. Затоа сега, како возрасни, воопшто не се ни обидуваат да го направат тоа.“rnrnЧовекот останал без зборови. Овие животни би можеле во кое било време да се ослободат од своите јажиња, но не го прават тоа бидејќи веруваат дека не можат и дека се заглавени онаму каде што се.rnrnИсто како животните, колкумина од вас поминуваат низ животот држејќи се за верувањето дека не можете да направите нешто само затоа што не сте успеале во минатото?rnrnПоука: Неуспехот е дел од учењето. Вие никогаш не треба да се откажете од борењето во вашиот живот. Можеби нема секогаш да успевате, но не затоа што не можете да ја остварите вашата цел, туку затоа што е потребно да научите одредени лекции пред да можете да продолжите понатаму со вашиот живот.

  • 6 поучни приказни од менаџерскиот свет кои ќе ви користат во секојдневниот живот

    6 поучни приказни од менаџерскиот свет кои ќе ви користат во секојдневниот живот

    Да се биде менаџер или човек на висока функција не е воопшто лесно. Големиот број обврски, стресот и сличните нешта ги прават овие професии исклучително тешки. Да се биде менаџер е голем предизвик, но после овие 6 приказни, тоа станува многу полесно. Освен на менаџерите, овие приказни ќе им користат и на секојдневните луѓе во разни секојдневни ситуации. Погледнете за што всушност станува збор.rnrn0-6-pouchni-prikazni-od-menadzherskiot-svet-koi-kje-vi-koristat-vo-sekojdnevniot-zhivot-kafepauza.mkrn

    Прва лекција:

    rnМаж влегува да се тушира, во истиот момент кога неговата жена завршува со туширањето. Ѕвони ѕвончето. Жената брзо се завиткува во крпа и трча да отвори. Кога ја отвора вратата, таму стои Боб, нивниот сосед. Пред таа да успее да изусти збор, Боб ѝ вели: „Ќе ти дадам 800 долари за да го тргнеш пешкирот.“rnrnОткако размислила, жената го тргнала пешкирот и стоела гола пред Боб. По неколку секунди, Боб ѝ ги дава парите и си заминува. Жената повторно се завиткува во пешкирот и се качува горе. Кога влегува во бањата, нејзиниот маж прашува: „Кој беше на вратата?“ „Тоа беше Боб, соседот“ – таа возвраќа. „Одлично, ти спомна нешто за 800-те долари кој ми ги должи?“rnrnПоука од приказната: Ако ги споделите критичните информации во врска со долгот и ризикувате со вашите акционери на време, можеби ќе бидете во позиција да го спречите евентуалното разоткривање.rn

    Втора лекција:

    rnСвештеник превезува калуѓерка. Таа влегува во автомобилот и ги скрстува своите нозе, отскривајќи ја нејзината нога. Свештеникот за малку не предизвикува сообраќајна несреќа. Откако успеал да одржи контрола врз воланот, тој полека ја лизга неговата рака нагоре по нејзината нога. Калуѓерката рекла: „Оче, го паметите Псалм 129?“ Свештеникот ја тргнал неговата рака.rnrnКога менувал брзини, тој повторно ѝ ја допрел ногата, а калуѓерката уште еднаш рекла: „Оче, го паметите ли Псалм 129?“ Свештеникот се извинил: „Извинете сестро, но телото не може да се воздржи.“ Пристигнувајќи во манастирот, калуѓерката воздивнала и си заминала по нејзиниот пат. При пристигнувањето во црквата, свештеникот побрзал да види што е Псалм 129. Тој гласел: „Оди напред и барај погоре, таму ќе најдеш слава.“rnrnПоука од приказната: Ако не сте добро информирани околу вашата работа, можете да пропуштите прекрасна можност.rn

    Трета лекција:

    rnПродавач, службеничка и менаџер одат на ручек и пронаоѓаат стара газиена ламба. Тие ја тријат и од неа излегува дух. Духот вели: „Сите имате право на една желба.“ „Јас прва! Јас прва! – вели службеничката. „Јас сакам да бидам на Бахамите, да се возам со глисер, без да имам грижи! Ја снемува.rnrn„Јас сум следен, јас сум следен! – извикува продавачот. „Јас сакам да бидам на Хаваите, одмарајќи се на плажа со мојата лична масерка, бесконечни залихи на пинаколада и љубовта на мојот живот.“ И него го снемува.rnrn„Во ред, ти си следен“ – духот му се обраќа на менаџерот. Менаџерот рекол: „Сакам тие двајца да се вратат на работа одма после ручекот.“rnrnПоука од приказната: Секогаш оставете го вашиот шеф прв да каже.rn

    Четврта лекција:

    rnОрел се одмара на дрво и не прави ништо. Малото зајче го гледа орелот и го прашува: „Може и јас да си седам и да не правам ништо?“ „Може, зошто да не“ – возвратил орелот. Зајчето си седнало на земјата под орелот и се одмарало. Одненадеж се појавила лисица, го нападнала и го изела зајчето.rnrnПоука од приказната: За да седите и да не правите ништо, мора да седите многу, многу високо.rn

    Петта лекција:

    rnМисирка разговара со бик: „Многу би сакала да се качам на врвот од тоа дрво, но немам толку енергија“ – воздивнала мисирката. „Па зошто не јадеш малку од мојот измет? Полн е со хранливи материи“ – ѝ возвратил бикот. Мисирката каснала малку од изметот и открила дека навистина ѝ дава сила, но само за да ја достигне најниската гранка од дрвото. Следниот ден, по конзумирање уште измет, мисирката стигнала до повисока гранка. Конечно, после четири дена, мисирката се истопорила на врвот од дрвото, но ја забележал фармер кој пукал во неа и ја бутнал на земја.rnrnПоука од приказната: Гомната можеби ќе те донесат до врвот, но нема да те одржат таму.rn

    Шеста лекција:

    rnМала птица летала кон југ за да презими. Било толку ладно што птицата замрзнала и паднала во големо и пространо поле. Додека лежела, поминала крава и исфрлила измет на птицата. Како што лежела, птицата почнала да се загрева од изметот. Птицата продолжила да се грее, целата среќна и затоплена и набрзо почнала да пее од среќа. Во тој момент, поминувала мачка која слушнала звуци. Следејќи ги звуците таа ја открила птицата. Прво го тргнала изметот, а потоа ја изела птицата.rnrnПоуки од приказната:rnrn1. Не секој што ќе се посере врз вас ви е непријател.rnrn2. Не секој што ќе ве извади од гомната е ваш пријател.rnrn3. Кога сте во гомна до гуша, најдобро е да молчите!

  • Мајки, искористете го секој момент! 16 инспиративни филмови кои треба да ги погледнете заедно со вашето дете

    Мајки, искористете го секој момент! 16 инспиративни филмови кои треба да ги погледнете заедно со вашето дете

    Ова не се само обични филмови. Тие во себе содржат силни пораки кои ќе ги научат вашите деца како да донесуваат добри одлуки, да го зголемат својот морал и како да станат најдобрата верзија од себе. Задоволни сме што компаниите како „Дизни“ и „Пиксар“ ги праќаат истите пораки кои ние сакаме да им ги пренесеме на нашите деца. Па затоа, одвоите малку време и погледнете ги овие филмови заедно со вашите деца.rnrn0-majki-iskoristete-go-sekoj-moment-16-inspirativni-filmovi-koi-treba-da-gi-poglednete-zaedno-so-vasheto-dete-www.kafepauza.mk_rn

    1. „Мулан“ – Никогаш не откажувајте се!

    rnМулан е млада девојка кој дознава дека нејзиниот татко е повикан во војска. Знаејќи дека тој никогаш не би преживеал под строгите мерки на војната во својата држава, таа одлучува да се маскира и да се приклучи во војната на негово место.rnrn1-majki-iskoristete-go-sekoj-moment-16-inspirativni-filmovi-koi-treba-da-gi-poglednete-zaedno-so-vasheto-dete-www.kafepauza.mk_rn

    „Цветот кој цути во тешки околности е најредок и најубав од сите.“

    rn

    2. „Кралот лав“ – Учете од своите грешки!

    rnМладиот наследник на престолот учи како да ја балансира одговорноста со забавата преку обиди и грешки, патем создавајќи прекрасни пријателства.rnrn2-majki-iskoristete-go-sekoj-moment-16-inspirativni-filmovi-koi-treba-da-gi-poglednete-zaedno-so-vasheto-dete-www.kafepauza.mk_rn

    „Ах, да, минатото може да боли. Но, од моја гледна точка, може да бегаме од него, или пак… да научиме од него.“

    rn

    3. „Пепелашка“ – Трпението е доблест

    rnПосле ненадејната смрт на нејзиниот татко, младата Ела се препушта на милост и немилост на својата маќеа. И покрај сите околности, Ела одбива да очајува. Една покана за бал ја враќа надежта на Ела дека повторно ќе го види странецот кој го запознала во шумата, но нејзината маќеа нема да ѝ дозволи да замине. Помошта пристигнува од една жена која со помош на магија обичните работи ги претвора во волшепство.rnrn3-majki-iskoristete-go-sekoj-moment-16-inspirativni-filmovi-koi-treba-da-gi-poglednete-zaedno-so-vasheto-dete-www.kafepauza.mk_rn

    „Дури и за чудата е потребно време.“

    rn

    4. „Аладин“ – Не судете ја книгата по кориците!

    rnАладин е уличен крадец кој живее во голем, бучен град заедно со својот најверен пријател, мајмунчето Аби. Кога на принцезата Јасмин ќе ѝ досади животот во палатата, таа тајно ќе побегне и случајно ќе го запознае Аладин. Аладин е фрлен во затвор, но успева да побегне со помош на магичната ламба. Легендата вели дека само еден човек кој се издвојува од останатите може да ја добие старата ламба од „пештерата на чудата“. Аладин можеби одговара на тој опис…rnrn4-majki-iskoristete-go-sekoj-moment-16-inspirativni-filmovi-koi-treba-da-gi-poglednete-zaedno-so-vasheto-dete-www.kafepauza.mk_rn

    „Нека не ве залажува надворешниот изглед. Како и за многу други работи, не е важно она што е однадвор, туку она што се крие однатре.“

    rn

  • Поучна приказна: Лисицата и јарецот

    Поучна приказна: Лисицата и јарецот

    Еднаш една лисица лутала во темнината. За несреќа, таа паднала во бунар, но дури и покрај своите најдобри обиди сепак не успеала да излезе од таму. Токму затоа и морала да почека до наредното утро со цел да ѝ се отвори нова можност за бегство.rnrnПоучна приказна: Лисицата и јарецотrnrnСледниот ден, еден јарец поминувал по истиот пат. Тој погледнал во бунарот и ја забележал лисицата. „Што правиш тука?“ – ја прашал. Итрата лисица одговорила: „Се симнав да се напијам малку вода. Оваа е најдобрата која некогаш сум ја пробала. Дојди ако сакаш да се увериш.“ Без воопшто да размислува, јарецот скокнал во бунарот, ја изгасил својата жед и почнал да бара излез. Но, исто како лисицата, така и тој се нашол во беспомошна ситуација.rnrnВо тој момент лисицата предложила, „Имам идеја, застани цврсто на твоите нозе, јас ќе се качам врз твојата глава и ќе излезам надвор, а потоа ќе ти помогнам и на тебе. Јарецот бил доволно невин да не ја сфати вистинската намера на лисицата, па токму затоа и ѝ помогнал.rnrnДодека се оддалечувала од бунарот, лисицата рекла, „Да беше доволно интелигентен, никогаш немаше да влезеш во бунарот без прво да побараш излез.“rnrnПоука: Гледајте пред да скокнете. Не влегувајте слепо во сè на што ќе налетате.

  • Поучна приказна: Уште 5 минути…

    Поучна приказна: Уште 5 минути…

    Еден ден, една жена седнала покрај маж на клупа во парк. Тие биле во близина на детско игралиште. Ене го мојот син, рекла таа покажувајќи кон малото момче во црвената маичка кое се лизгало на тобоган. Слатко момче, рекол мажот. Мојата ќерка е на велосипедот во белиот фустан.rnrnПоучна приказна: Уште 5 минути...rnrnВо тој момент, мажот гледајќи во својот саат ја повикал ќерка му. Што велиш на идејата да си одиме, Мимоза?“ Таа застанала на момент и го замолила својот татко, Уште 5 минути тато. Те молам? Само уште 5 минути. Мажот кимнал и таа продолжила да го вози својот велосипед. По некое време тој станал и повторно ја повикал својата ќерка, но од неа го добил истиот одговор. Само уште 5 минути… Тој повторно се насмевнал и се согласил.rnrnВие сте многу трпелив татко, му рекла жената.rnrnНа тоа мажот одговорил: Нејзиниот постар брат, Тино, почина минатата година додека возеше велосипед во близина. Го удри пијан шофер. Јас не поминував доволно време со мојот син и сега би дал сè само за уште 5 минути со него. Токму затоа и се заколнав дека нема да го направам истото со Мимоза. Таа мисли дека има уште 5 минути возење велосипед, но вистината е дека јас имам уште 5 минути плус да ја гледам како игра.rnrnПоука: Животот зависи од одредувањето приоритети, а семејството е единствениот приоритет кој мора да се најде на врвот. Токму затоа поминувајте колку што е можно повеќе време со вашите љубени.

  • Поучна приказна: Дрвена чинија

    Поучна приказна: Дрвена чинија

    Еден истоштен стар човек отишол да живее со синот, неговата сопруга и 4-годишниот син. Рацете на старецот се треселе, неговиот вид бил заматен, а неговото движење бавно. Тие секогаш јаделе заедно на трпезариската маса, но треперливите раце и лошиот вид на старецот предизвикувал многу проблеми. Храната паѓала од неговата лажица на подот, чашата млеко се слизнувала од неговите раце и се истурала врз масата…rnrnПоучна приказна: Дрвена чинијаrnrnСинот и неговата сопруга почнале да се нервираат поради нередот. „Мора да направиме нешто за татко ми“, рекол синот. „Не можам да издржам повеќе истурено млеко, гласно јадење и храна на подот“. Токму затоа тие поставиле мала маса во аголот од просторијата каде што дедото ќе јаде додека останатите уживаат во ручекот на големата маса. Бидејќи тој скршил неколку чинии, неговата храна била сервирана во дрвена чинија. Времето поминувало и понекогаш кога тие го погледнувале за време на ручекот можеле да забележат мала солза во неговото око додека седел и јадел сам. Сепак, единствените зборови кои парот му ги кажувале биле остри критики кога ќе му паднела виљушката или пак, кога ќе истурел храна. 4-годишното дете набљудувало во тишина.rnrnЕдна вечер, пред вечерата, таткото забележал како синот си игра со дрвени остатоци на подот. Тој љубезно го прашал „Што правиш?“ Исто толку љубезно и синчето му одговорило, „Ох, правам мали чинии за тебе и мама со цел да можете да ја јадете вашата храна кога ќе пораснам“. Детето се насмеало и се вратило назад на работа.rnrnОваа изјава толку силно ги погодила неговите родители, што тие останале без зборови и се расплакале. И покрај тоа што не изговориле ниту еден збор, и двајцата знаеле што треба да се направи. Истата вечер мажот му подал рака на дедото и внимателно го одвел до фамилијарната маса каде што тој јадел со останатите до крајот на својот живот. И поради некоја чудна причина, ниту сопругот ниту сопругата веќе не се грижеле за паднатите виљушки, истуреното млеко или дамките врз чаршафот.rnrnПоука: Вие го жнеете тоа што сте го сееле. Без разлика на вашата врска со родителите, тие многу ќе ви недостасуваат кога нема да бидат повеќе дел од вашиот живот. Секогаш почитувајте ги, грижете се за нив и сакајте ги!

  • Поучна приказна: Што или кого сакаме повеќе?

    Поучна приказна: Што или кого сакаме повеќе?

    Додека еден човек го средувал својот нов автомобил, неговата 4-годишна ќерка земала камен и го изгребала страничниот дел на автомобилот. Лутиот и гневен човек, ја земал раката на девојчето и ја удрил неколку пати, без да сфати дека ја удира со клуч за затегнување. Девојчето завршило во болница и поради голем број фрактури ги изгубило сите прсти.rnrnПоучна приказна: Што или кого сакаме повеќе?rnrnКога девојчето видело што ѝ направил нејзиниот татко, со тажни очи прашало: Тато, кога ќе ми пораснат пак прстите?“ Кога го слушнал ова прашање, мажот останал без зборови и со скршено срце. Токму затоа и се вратил кај својот автомобил и многу пати удрил во него. Очаен од тоа што го направил, тој седнал покрај автомобилот и ги погледнал гребаниците. Неговата ќерка напишала: Те сакам тато.rnrnПоука: Запомнете, ниту гневот ниту љубовта имаат граници. Исто така обидете се да не заборавате дека нештата треба да се користат, а луѓето да се сакаат. Проблемот со денешниот свет е дека луѓето се користат, а нештата се сакаат…

  • Инспиративно и поучно: Кои се вистинските победници?

    Инспиративно и поучно: Кои се вистинските победници?

    Погледајте околу вас и кажете си во себе дека сте преживеале. Овие зборови треба да ве охрабрат. Но, доколку се растажите, тогаш тоа може да биде знак дека вие сте едни од оние луѓе кои не успеваат да ја спознаат својата внатрешна сила, па токму затоа кај нив преовладува мислата дека се изгубени. За разлика од нив, првата група луѓе никогаш не патат кога ќе доживеат пораз или кога ќе бидат понижени од страна на победници кои зборуваат за нив. Тие можат да си допуштат и по некоја солза, но никогаш не се сожалуваат.rnrnПоучна приказна: Кои се вистинските победници?rnrnТие знаат дека тоа е само мала пауза во борбата и дека тие на само еден момент ја изгубиле предноста. Тие се свесни дека стравот ги одржува нервозни. Но, кога размислуваат за својот живот, тие го разбираат, дури и покрај стравот, во нивната душа постои верба која ги води напред. Тие се трудат да откријат што направиле добро, а што лошо.rnrnОваа пауза која настанала со поразот ја користат за да се одморат, да ги залечат своите рани, да осмислат нова стратегија и подобро да се подготват. А потоа, кога ќе дојде новиот ден, нова борба ќе чукне на нивната врата. Тие сè уште се исплашени, но мора да делуваат или засекогаш да останат да лежат на земја.rnrnТие сепак стануваат и се соочуваат со својот противник, но се сеќаваат на болката која ја претрпеле и не сакаат повторно да ја доживеат. Нивниот претходен пораз значи дека овој пат тие мора да победат бидејќи не сакат да ја преживеат истата болката по втор пат. Но, доколку и овој пат не постигнат победа, тоа ќе го сторат следниот пат. Ако ни тогаш не успеат, тогаш можеби малку подоцна. Важно тие секогаш откако ќе паднат повторно застануваат на своите нозе.rnrnСамо оној кој се откажува е победен. Сите останати се победници!rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Поучна приказна: Луѓето сакаат да живеат како паразити

    Поучна приказна: Луѓето сакаат да живеат како паразити

    Некогаш не така одамна си живеела една среќна мравка која секој ден доаѓала прва на работа. Била вредна и весела. Работата ја правела најсреќна. Си пеела весели песнички, а резултатите од нејзината работа биле одлични.rnrnПоучна приказна: Луѓето сакаат да живеат како паразитиrnrnСлушајќи ја песната на мравката, стршленот, инаку директор на фирмата, заклучил дека мравката премногу се забавува и не работи доволно затоа што нема добар шеф кој би ја насочувал во вистинскиот правец. Затоа ја вработил бубамарата. Таа имала големо искуство со менаџирање. Првата задача на бубамарата била прецизно да го следи времето во кое мравката доаѓа и си оди од работа и да води евиденција за тоа. За таа цел, таа воспоставила систем на документација за доаѓањето и одењето од работа. Со текот на времето бројот на документи се зголемувал и поради тоа морале да вработат некого да води грижа за документите. Затоа го вработиле пајакот, кој бил одговорен за архивирање на документите и примање на телефонските повици. За тоа време мравката си работела вредно исто како и претходно.rnrnИзвештаите кои ги изготвувала бубамарата биле извонредни. Директорот стршлен бил воодушевен и наскоро почнал да бара и споредбени анализи со графикони, анализи на трендовите и на развојот итн. За да се исполнат барањата на директорот било неопходно да се вработи хрчакот, кој бил десна рака на директорот. Нему веднаш му купиле нов компјутер со печатач.rnrnСреќната и вредна мравка и понатаму работела како и претходно. Единствено што се пожалила е дека би ѝ било полесно кога би имала компјутер. Не ѝ дале. Ова било првпат мравката да се пожали и да побара нешто и директорот сфатил дека мора брзо и мудро да се реагира. Креирал ново работно место за надзор на работата на мравката и за таа цел го вработил скакулецот. Штом дошол на работа тој го сменил целиот мебел во неговата канцеларија и добил нов современ компјутер.rnrnСо тоа се зголемил бројот на компјутери и морало да се купи и инсталира мрежен сервер. Новиот шеф сфатил дека треба да се вработи негов помошник, кој инаку му бил помошник и во претходната фирма каде што работел и затоа ја вработил лебарката. За тоа време мравката била сè понесреќна и помалку продуктивна. Пак побарала компјутер и пак не го добила.rnrnНовата ситуација со мравката го збунила скакулецот и затоа тој побарал да се изработи студија за задоволството на вработените во фирмата. Тоа му го кажал и на стршленот кој имал разбирање за неговото барање и одобрил да се ангажира агенција за таа потреба. Откако скапата студија била изработена, скакулецот почнал да ги применува предложните мотивациони методи. Затоа насекаде залепил мотивациони плакати. Потоа ги одвел пајакот, бубамарата, хрчакот и лебарката на мотивациони тренинзи во скапи летувалишта, а за тоа време мравката вредно, но безволно работела. Ги читала мотивационите пораки на плакатите, но не можела да ги најде надредените кои ѝ требале. Едноставно, не биле тука или немале време за неа. Таквата ситуација продолжила и понатаму.rnrnСтршленот и понатаму добивал извештаи, но сега забележал дека фирмата веќе не е толку рентабилна како што била некогаш. Тоа многу го загрижило и решил да реагира. Го најмил молецот, кој бил најелитниот консултант кој можел да го ангажира. Негова задача била да изврши целосна анализа на работата на фирмата и да предложи мерки за таа пак да работи рентабилно. По три месеци анализа, молецот на стршленот му дал извештај во кој пишувало дека во фирмата има премногу вработени. Директорот стршлен ја прифатил анализата и веднаш ја отпуштил мравката.rnrnПоука бр. 1: Ако си вредна и весела мравка, не очекувај воодушевување затоа што нема оправдување за твојата љубов кон работата и среќата што таа ти ја носи. Другите не сакаат да го гледаат тоа и затоа не се исплати секогаш да се биде најспособниот и најдобриот работник. Ако сакаш да бидеш таков, основај своја фирма за да не мораш да работиш за стршlенот, бубамарата, пајакот, хрчакот, скакулецот, лебарката и молецот. Но имај предвид дека сепак ќе мора понекогаш да се дружиш со нив за да ја одржиш фирмата на нозе.rnrnПоука бр. 2: За жал, оваа приказна е заснована на научни истражувања кои потврдуваат дека големо мнозинство од луѓето се склони кон паразитски начин на живот.

  • Поучните зборови на Јохан Волфганг фон Гете

    Поучните зборови на Јохан Волфганг фон Гете

    Јохан Волфганг фон Гете е еден од најпознатите германските новелисти и поети на германската литература и Вајмарскиот класицизам. На нашата публика ѝ е веројатно познат по делата Фауст, Гец фон Берлихинген, Страдањата на младиот Вертер, Торквато Тасо, како и многу други, но во текот на својот живот тој се испробал и како сликар, драматург, научник, хуманист, филозоф и политичар (десет години бил премиер на Вајмар). Неговите дела се украсени со многу поучни зборови, па како такви тие биле инспирација за создавање музички и драмски дела, филозофски трудови и сл. Едни од најинспиративните се следниве.rnrn(1)-pouchnite-zborovi-na-johan-volfgang-fon-gete-kafepauza.mk.jpgrn

    „Добриот човек се извинува за грешките од минатото, но големиот човек ги исправа.“

    rn

    „Мислењето е лесно, однесувањето е тешко, а нечии мисли да се преточат во дела е најтешката работа на светот.“

    rn

    „Знаењето не е доволно; мора да се примени. Да се сака не е доволно; мора да се направи.“

    rn

    „Коригирањето прави многу, но охрабрувањето прави повеќе.“

    rn

    „Однесувањето е огледалото во кое сите ја покажуваат својата слика.“

    rn

    „Секој ден треба да чуеме барем една кратка песна, да прочитаме една добра поема, да видиме една исклучителна слика и, ако е можно, да кажеме неколку разумни зборови.“

    rn

    „Начинот на кој ги гледаш луѓето е начинот на кој се однесуваш со нив, а начинот на кој се однесуваш со нив е она што тие стануваат.“

    rn

    „Никој не би зборувал многу во општеството кога би знаел колку често е погрешно разбран од другите.“

    rn

    „Не е голем подвиг да се биде брилијантен ако не почитуваш ништо.“

    rn

    „Постојат само две наследства кои можеме да се надеваме дека ќе им ги дадеме на нашите деца. Едното од нив е корени, а другото, крилја.“

    rn

    „Ништо не вреди повеќе од овој ден.“

    rn

    „Во царството на идеите сѐ зависи од ентузијазмот… Во реалниот свет сѐ се заснова на упорноста.“

    rn

    „Личноста родена со талент за кој е створена да го користи ќе ја најде најголемата среќа во користењето на тој талент.“

    rn

    „Животот им припаѓа на живите и тој кој живее мора да биде подготвен за промени.“

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.