КАФЕ ПАУЗА

Tag: поука

  • Поучна приказна за справување со проблемите

    Поучна приказна за справување со проблемите

    Еден ден еден човек прошол покрај некоја куќа и здогледал старица која седи на столица за лулање. Покрај неа, во иста таква столица, се лулал и старец додека читал весник. Помеѓу нив, на прагот од куќата, лежело куче кое тивко завивало, како нешто да го боли. Тој се изненадил и се запрашал зошто кучето жалосно завивало а старците не преземале ништо.rnrnrnrnСледниот ден, тој повторно поминал покрај куќата и повторно ги здогледал старците во столиците за лулање, како и кучето што лежело цвичејќи. Загрижениот човек си ветил дека ако и утре ја види истата слика, тој ќе ги праша старците што се случува.rnrnТретиот ден, на свое изненадување, тој поминал покрај истата сцена – старицата се лулала, старецот читал весник, а кучето на истото место жалосно завивало. Не можејќи да издржи тој им пристапил на старците, велејќи:rnrn„Извинете госпоѓо, што се случува со вашето куче?“, ѝ се обратил тој на старицата.rnrn„Со кучето? Ах, па лежи на шајка“, одговорила таа без многу грижа.rnrnЧовекот уште повеќе се изненадил, па прашал:rnrn„Ако кучето лежи на шајка и тоа толку многу го боли, зошто едноставно не го тргнете од таму?“rnrnСтарицата се насмеала и со пријатен, нежен глас одговорила:rnrn„Драг мој, го боли толку многу за да може да завива, но не доволно за да се тргне од тоа место?“

  • Поучна приказна за малиот славеј што ќе ве поттикне да го чуете вашиот внатрешен глас

    Поучна приказна за малиот славеј што ќе ве поттикне да го чуете вашиот внатрешен глас

    Си бил еднаш еден мал славеј кој се изгубил во шумата. Ги барал родителите долго време, но не успеал да ги најде. Така растел осамен без никого и ништо. Кога пораснал, станал свесен дека не знае да пее, бидејќи никој не го научил. Одлучил да научи да пее по секоја цена. Барал некого кој би можел да го научи. Го сретнал петелот и го прашал:rnrnПоучна приказна за малиот славеј што ќе ве поттикне да го чуете вашиот внатрешен гласrnrn„Можеш ли да ме научиш да пеам како славеј?“rnrn„Ако повторуваш по мене, ти гарантирам дека ќе пееш подобро од кој било друг славеј“, гордо одговорил петелот.rnrnПочнал да го подучува да го пее неговото „ку-ку-ри-ку“. Славејот почнал да пее, но му одело толку добро што пеел подобро од петелот. Одлетал во шумата пеејќи го неговото „кукурику“.rnrnЕдно утро, патката го слушнала и го прашала изненадено:rnrn„Кој те научил да пееш толку лошо?“rnrn„Можеш ли ти да ме научиш да пеам како славеј?“, ја замолил славејот.rnrnПатката арогантно му одговорила:rnrn„Немој да губиш време и да учиш да пееш како славеј. Јас пеам многу подобро од славеј. Следи ме и ќе пееш како ангел!“rnrnТака таа почнала да го подучува на нејзиното „ква, ква, ква“. Славејот се трудел и научил да пее подобро од патката. Си отишол, весело пеејќи „ква, ква, ква“.rnrnКога бувот од едно стебло го чул славејот дека пее како патка, му довикнал:rnrn„Зар ти не знаеш да пееш како славеј?“rnrn„Една патка ми рече дека ова пеење е поубаво“, одговорил славејот.rnrn„Мораш да прашаш некој друг славеј, како тебе, и тој ќе те научи како се пее“, му рекол бувот.rnrn„Да, но во оваа шума нема никој како мене“, тажно одговорил славејот.rnrn„Тогаш мораш да го пуштиш гласот што го имаш внатре во себе. Вдиши длабоко, дозволи му на срцето да те води и запеј ја првата мелодија што ќе ти дојде. Само така ќе знаеш какво е твоето пеење“, го советувал бувот.rnrnСлавејот така и направил. Се качил на највисоката гранка од едно стебло, му се препуштил на срцето и почнал да пее како вистински славеј. Неговата песна одекнувала во целата шума. Никој никогаш немал слушнато толку убава песна!rnrnОттогаш, славејот никогаш не се обидувал да имитира некого за да пее убаво. Открил дека не треба никого да копира, туку да биде таков каков што е. Доволно било само да му се препушти на срцето и песната што живеела во него сама излегла надвор и ја освоила целата шума.rnrnПрочитајте ја и следнава поучна приказна која ќе ве убеди дека секое лошо носи и нешто добро.

  • Поучна приказна: Само лудите размислуваат со својата глава

    Поучна приказна: Само лудите размислуваат со својата глава

    Во 1932 година, Јунг имал можност да разговара со индијанскиот поглавар Очвајај Биано, познат и како поглаварот Планинско езеро. Овој разговор, кој бил многу поучен за Јунг, бил запишан во неговата книга „Сеќавања, соништа, рефлексии“ (Memories, Dreams, Reflections). Добро запомнете ги зборовите на поглаварот, бидејќи тие изобилуваат со мудрост што одамна сме ја заборавиле.rnrnПоучна приказна: Само лудите размислуваат со својата главаrnrn„Колку се сурови белците – нивните усни се тенки, нивните носови остри, лицата им се избраздени и изобличени од дупки. Нивните очи имаат загледан израз. Тие секогаш се во потрага кон нешто. Што бараат? Белците постојано сакаат нешто, тие постојано делуваат немирно и како да им е непријатно. Ние не знаеме што тие сакаат, ние не ги разбираме, ние мислиме дека се луди.“rnrnНа прашањето од Јунг зошто тој смета дека сите белци се луди, поглаварот му одговорил:rnrn„Тие размислуваат со нивните глави.“rnrnЈунг се изненадил. Нормално дека луѓето би размислувале со нивните глави, со што друго би можеле да го прават тоа? Трите зборови што поглаварот следно ги изговорил целосно му го промениле начинот на размислување…rnrn„Ние размислуваме тука“, одговорил тој, покажувајќи кон срцето.rnrnПрочитајте ги и овие 10 древни мудрости од Американските Индијанци!

  • Банкнота од 20 долари: Прочитајте ја оваа поучна приказна доколку се чувствувате безвредно

    Банкнота од 20 долари: Прочитајте ја оваа поучна приказна доколку се чувствувате безвредно

    Еден познат говорник го започнал својот семинар така што подигнал банкнота од 20 долари. Во просторијата имало 200 луѓе и тој го поставил следново прашање: „Кој ја сака оваа банкнота од 20 долари?“rnrnБанкнота од 20 долари: Прочитајте ја оваа поучна приказна доколку се чувствувате безвредноrnrnЛуѓето почнале да креваат раце. Потоа, говорникот додал:rnrn„Ќе му ја дадам оваа банкнота на некој од вас, само прво дозволете ми да направам нешто.“rnrnГоворникот ја истуткал банкнотата и ги запрашал луѓето:rnrn„Дали има некој кој сѐ уште ја сака банкнотава?“rnrnРацете сѐ уште биле кренати во воздух.rnrn„А, што ако го направам ова?“, ја спуштил банкнотата на подот и ја изгазил со чевелот.rnrnЈа подигнал од подот и банкнотата била целата истуткана и валкана.rnrn„Има ли некој кој и понатаму ја сака оваа банкнота?“, запрашал говорникот повторно.rnrnЛуѓето повторно ги кренале рацете.rnrn„Пријатели мои, вие сега научивте една многу вредна лекција. Што и да направев со банкнотата, вие и понатаму ја сакавте, бидејќи тоа не ја намали нејзината вредност. Таа сѐ уште вредеше 20 долари“, завршил говорникот.rnrnМногу пати во нашиот живот ќе бидеме, згазени, истуткани, ќе паднеме на земја и ќе се извалкаме поради одлуките што ќе ги донесеме и околностите што ќе ни го попречат животниот пат. Ќе се чувствуваме безвредно. Но, без разлика што се случило или што ќе се случи, никогаш нема да ја изгубите својата вредност. Вие сте неверојатни и никогаш немојте да го заборавите тоа!rnrnПрочитајте ја и следнава поучна приказна за да дознаете колку навистина вредиме.

  • Поучна приказна со длабоко филозофско значење: Дамокловиот меч

    Поучна приказна со длабоко филозофско значење: Дамокловиот меч

    Приказната за Дамокловиот меч е многу кратка, но интересна и поучна. Дамокло бил еден од најблиските и најлојалните соработници на Дионисиј Постариот, тиранот кој владееле со Сиракуза во Стара Грција. Дионисиј живеел во раскошен дворец, бил многу богат и влијателен, а со своето држење предизвикувал стравопочит кај сите негови поданици.rnrnПоучна приказна за Дамокловиот меч со длабоко филозофско значењеrnrnСите му завидувале поради неговата положба и луксузен живот, а најмногу неговиот близок соработник Дамокло. Својата завист Дамокло ја искажувал на многу лукав начин. Тој го фалел неговиот господар, ги истакнувал неговите доблести и среќата што му ја подариле боговите за да живее мирен живот во изобилство и благосостојба.rnrn„Ти си најсреќниот човек на светот!“, му зборувал Дамокло на тиранот Дионисиј.rnrnНо, самиот Дионисиј знаел дека на сите владетели им се закануваат големи опасности. Тоа му го покажал и на ласкавецот Дамокло во една прилика на многу очигледен и духовит начин. Тој приредил богата гозба во неговиот замок и ги поканил сите угледни луѓе од околината, меѓу кои и Дамокло.rnrnНа големо изненадување на сите присутни, а најмногу на самиот Дамокло, Дионисиј го поставил него на свое место и му овозможил во таа прилика да го почувствува задоволството од неограничената власт и почит. За време на гозбата, Дамокло здогледал еден остар меч како виси над неговата глава, закачен на тенко коњско влакно, кој делувал како да ќе се откачи во секој момент и ќе го удри право во темето.rnrnВо таа ситуација, Дамокло почувствувал голем страв. Не сакал веќе ни да јаде ни да пие, а задоволството што го обземало поради почестите што му биле укажани се претворило во ноќна мора. Тогаш му се приближил Дионисиј и му објаснил дека мечот кој виси на тенок конец над неговата глава е симбол на опасностите што му се закануваат на секој владетел, па затоа мора да знае дека владетелската среќа е само привидна.rnrn„Ете, во такви услови уживам јас во моето богатство и моќ“, завршил Дионисиј.rnrnОд оваа приказна потекнува изразот „Дамоклов меч“ што значи „постојана закана за опасност“. Приказната за Дамокловиот меч има свое филозофско значење за лажното задоволство и среќа на владетелите, но и за непостојаноста на сите власти и сили ширум светот.rnrnДамокловиот меч постојано им се заканува на сите власти. Добро е кога владетелите се свесни за тоа како тиранот Дионисиј, кој му покажал на завидливиот Дамокло какви се последиците од владетелската среќа и задоволство.rnrnДоколку ви се допадна приказната за Дамокловиот меч, прочитајте ја и следнава поучна приказна за да дознаете што вреди повеќе од најскапоцениот дијамант на светот.

  • Поучна приказна: Злото со зло се враќа!

    Поучна приказна: Злото со зло се враќа!

    Еднаш одамна живеел еден сиромашен и стар пустиник. Гледајќи го истоштен и без сила за живот, селаните секојдневно му давале милостина. За возврат, тој делел сè што добивал со бездомници и луѓе што имале потреба за помош.rnrnpouchna-prikazna-zloto-so-zlo-se-vrakjarnrnЕден ден тој стигнал до една голема куќа каде што живеела постара жена. Таа била позната по својата злоба и скржавост. Сепак, со надеж, пустиникот ѝ побарал милостина и таа луто му фрлила малку храна. Следниот ден тој повторно се вратил кај неа, но кога таа го видела, толку многу се изнервирала што ставила отров во оризот што му го дала со надеж дека тој никогаш повеќе нема да се врати на нејзината врата.rnrnКога пустиникот пристигнал до својата колиба, го отворил оризот и планирал да почне да јаде но го прекинал млад човек што влегол внатре велејќи му: „Многу сум гладен. Имаш ли да ми дадеш нешто за јадење?“rnrnТој му го дал целиот ориз на гладниот човек, кој брзо го изел. Но во истиот момент штом го голтнал последниот залак, тој се струполил на подот и умрел.rnrnКога се раширила веста за смртта на младиот човек, дознала и злобната жена во големата куќа која го препознала по описите. Тој би нејзиниот син што се враќал дома по долг пат.rnrnПрочитајте ја и оваа поучна приказна за бескрајниот круг на злобата.

  • Необична посета: Поучна приказна за влијанието на туѓите очекувања

    Необична посета: Поучна приказна за влијанието на туѓите очекувања

    Луѓето постојано имаат некакви очекувања од нас. Најголемите очекувања потекнуваат токму од семејството и од нашите најблиски. Иако нивните намери се добронамерни, родителите, роднините, пријателите и професорите понекогаш се обидуваат да ги остварат сопствените цели преку децата. На тој начин, децата го губат личниот идентитет и почнуваат да се претвораат во нешто што не се. Прочитајте ја следнава поучна приказна за да го разберете негативното влијание што го имаат туѓите очекувања на човечката психа…rnrnНеобична посета: Поучна приказна за влијанието на туѓите очекувањаrnrnВо дворот на една психијатриска болница еден човек сретнал младо момче, со бледо, убаво и зачудено лице.rnrn„Зошто си тука?“, го запрашал.rnrnМомчето изненадено го погледнало човекот и му одговорило:rnrn„Прашањето ти е непристојно, но сепак ќе ти одговорам. Татко ми од мене сакаше да направи негова копија, а истото го сакаше и чичко ми. Мајка ми сакаше да бидам како нејзиниот почитуван татко. Сестра ми го истакнуваше нејзиниот сопруг морепловец како совршен пример на кого би требало да се угледам. Брат ми мислеше дека треба да бидам добар спортист како него. Така и моите учители, докторот по филозофија и професорот по музичко, сакаа моето лице да го покажува нивниот одраз во огледалото. Токму затоа дојдов овде. Средината ми делува поздрава. Барем можам да бидам она што сум.“rnrnПотоа, момчето ненадејно се свртело кон човекот и го прашало:rnrn„Туку, кажи ми, дали и тебе те одведоа тука образованието и добриот свет?“rnrnЧовекот одговорил:rnrn„Не, јас дојдов во посета.“rnrn„Значи ти си од оние што живеат во лудницата од другата страна на ѕидот“, рекло момчето и продолжило да гледа во далечина со збунет и зачуден поглед.rnrnПрочитајте ја и оваа трогателна приказна која ќе ве научи дека не треба да им судите на луѓето.rnrn 

  • Поучна приказна: Злато без вредност

    Поучна приказна: Злато без вредност

    Еден човек го закопал целото свое богатство на тајно место во својата градина и потоа секој ден одел таму, го откопувал богатството, го броел парче по парче и проверувал дали сè е на своето место. Тој толку многу го посетувал ова место, што еден крадец, кој го набљудувал периодот, сфатил каде е скриено богатството па една вечер тивко го откопал и избегал со него.rnrnПоучна приказна: Злато без вредностrnrnКога човекот ја открил својата загуба, го облеала тага и очај. Тој плачел гласно и ја корнел косата. Во тој момент случаен минувач го забележал и го прашал што се случило.rnrn„Моето злато! Ох, моето злато!“, врискал човекот. „Некој ме ограбил!“rnrn„Вашето злато? Во таа дупка? Зошто сте го ставиле таму? Зошто не сте го чувале во домот каде што ќе ви биде на дофат секогаш кога ќе посакате да си купите нешто?“rnrn„Да купам нешто!?“, извикал тој. „Јас никогаш не би го допрел моето злато. Не можам ни да помислам да го трошам.“rnrnНепознатиот минувач подигнал еден голем камен од земјата и го фрлил во дупката.rnrn„Ако е таква работата, тогаш закопајте го овој камен. Тој ќе ви вреди исто толку колку и богатството што го изгубивте.“rnrnПоука: Штедењето има смисла само ако планирате мудро да го трошите, бидејќи во спротивно парите ја губат својата вредност повеќе одошто мислите.rnrnАко ви се допадна оваа приказна, прочитајте ја и приказната за Астрологот и ѕвездите!

  • Најдобрите лекции од детските приказни (што и возрасните не смеат да ги заборават!)

    Најдобрите лекции од детските приказни (што и возрасните не смеат да ги заборават!)

    Понекогаш најдобрите лекции се кријат токму во детските приказни. Можеби тогаш не сте ги сфаќале на тој начин како што би ги сфатиле денес, па затоа е многу важно да се потсетите на нив! Мудроста што можете да ја црпите од овие приказни е едноставно бесценета за сите возрасти.rnrnnajdobrite-lekcii-od-detskite-prikazni-shto-i-vozrasnite-ne-smeat-da-gi-zaboravatrn

    Мравката и штурецот: Важноста на планирањето!

    rnПриказна: Тим од мравки цело лето напорно работи за да се подготви за суровата, студена зима. Во меѓувреме, еден штурец го минува летото пеејќи, смеејќи се и чудејќи се зошто мравките толку многу работат. Кога ќе дојде зимата, штурецот нема што да јаде и за малку ќе умре од глад (застрашувачка приказна за деца, се согласувате?). Тогаш мравките го спасуваат и тој сфаќа зошто тие го правеле тоа што го правеле.rnrnЛекција: Само затоа што нешто не ни е потребно во моментот, не значи и дека треба да се одложува. Сосема е во ред да се одвои малку време за забавни нешта, но големи се шансите дека нема да сретнете метафорички мравки што ќе ве спасат кога ќе западнете во неволја. Вие не треба да чекате до зима за да купите грејач, бидејќи не знаете какви ќе бидат околностите тогаш. Обидете се да размислувате однапред и престанете да одложувате бидејќи нема друг начин на кој можете секогаш да бидете подготвени за тоа што следува.rn

    Кучето и неговиот одраз: Бидете задоволни со тоа што го имате!

    rnПриказна: Едно куче се враќало кон дома откако нашло голема, сочна коска. На патот кон дома, тоа наишло на река каде што го видело својот одраз во водата. Мислејќи дека друго куче пред него има поголема и подобра коска, тоа почнало да лае, испуштајќи ја својата коска од уста. На крај, морало да се врати дома без коска.rnrnЛекција: Ние секогаш сакаме повеќе од тоа што го имаме, особено ако често ги преиспитуваме оние работи што ги поседуваме – со тоа што се фокусираме на нештата што ги немаме, почнуваме да мислиме дека ништо не ни е доволно. Не треба да престанете да посакувате подобри нешта за себе, туку едноставно да бидете внимателни да не почнете постојано и за сè да посакувате повеќе.rn

    Враната и стомната: Не се откажувајте кога нештата изгледаат невозможно!

    rnПриказна: Една врана летајќи барала вода на претерано топол летен ден. Таа нашла стомна, но кога се обидела да го пикне клунот во неа, отворот бил премал и не можела да достигне до водата. Долго време се обидувала да се пробие, сè повеќе дехидрирајќи се и таман да се откаже ѝ дошла една идеја – таа почнала да фрла камчиња во стомната, на тој начин покачувајќи го нивото на водата сè додека тоа не се подигне доволно високо за таа да може да се напие.rnrnЛекција: Каде што има волја, има и начин! Упорноста е клучна за решавање на проблемите, без разлика колку невозможна изгледа некоја ситуација – вие секогаш можете да најдете решение. Вашата идеја можеби и не е толку лоша колку што мислите, само понекогаш ѝ е потребен малку поинаков пристап. Што и да сакате да направите, едноставно направете го тоа и „напијте се од водата“.rnrnДознајте и која е едноставната мудрост од непроценливо значење на книгата „Малиот Принц“.

  • Поучна приказна што ќе ве замисли и ќе ви ја открие тајната на вечната љубов

    Поучна приказна што ќе ве замисли и ќе ви ја открие тајната на вечната љубов

    Постои една стара индијанска приказна која говори за двајца млади Индијанци, момче и девојка. Еден ден, тие заедно се упатиле кај големиот поглавар на нивното племе и одлучно му соопштиле:rnrnПоучна приказна што ќе ве замисли и ќе ви ја открие тајната на вечната љубовrnrn„Ние се сакаме! Сакаме да ни го дадеш твојот благослов и да нѐ подучиш што треба да правиме за да може нашата љубов да трае вечно.“rnrn„Добро, ќе ви кажам што да направите. Но, прво мора да дојдете со мене горе на планина. Пред да појдеме, најдете ми два орли и понесете ги со себе, а потоа ќе видиме што ќе правиме“, им одговорил поглаварот.rnrnДвајцата млади тргнале во различни правци и по кратко време секој од нив донел по еден орел. Кога стигнале на врвот од планината, поглаварот им рекол:rnrn„Земете го сега ова кратко јаже и со едниот крај заврзете ја ногата на едниот орел, а со другиот крај заврзете ја ногата на другиот.“rnrnВљубените го послушале и ги врзале нозете на птиците.rnrn„Сега пуштете ги да летаат!“, извикал поглаварот.rnrnМомчето и девојката ги фрлиле птиците кон небото, но орлите не можеле да полетаат, бидејќи нозете им биле врзани една со друга. Тие паднале на земја и почнале да се клукаат меѓу себе, обидувајќи се да се ослободат од јажето со кое биле врзани. Тогаш стариот Индијанец рекол:rnrn„Сега пресечете го јажето!“rnrnМладите ја извршиле и таа наредба, го пресекле јажето и повторно ги фрлиле орлите кон небото. Овој пат тие брзо се издигнале, направиле неколку кругови и полетале кон снежните врвови на блиските планини. Мудриот поглавар рекол:rnrn„Ете, тоа е тајната на вечната љубов и среќа. Ако луѓето се врзани едни со други, никогаш нема да успеат да полетаат. Вие можете слободно да летате заедно, но не и да бидете врзани. Ако сепак се врзете, никогаш нема да можете да ја спознаете љубовта и среќата.“rnrnИако станува збор за индијанска приказна, нејзината поука може да се примени и во денешно време. Немојте да се врзувате со личноста која ја сакате, туку дајте си доволно простор во врската за да можете да летате слободно и да ги достигнете сите врвови во животот.rnrnДоколку ви се допадна текстот, прочитајте ја и следната поучна приказна.