Одвојте неколку минути за да ги прочитате овие поучни приказни. Со сигурност ќе ве натераат на размислување.rnrn
rn
Што е тоа?
rnРодителите се наша заштита, наши пријатели и советници, чекорат заедно со нас во животот и нѐ упатуваат кон вистинските патишта. Но дали секогаш правилно ја вреднуваме нивната љубов, дали секогаш соодветно им возвраќаме за нивната грижа?rnrnЕден постар човек заедно со својот син седел во дворот на еден старечки дом, каде што тој бил згрижен. Одеднаш на една гранка слетало врапче. Покажувајќи кон врапчето, стариот човек го прашал синот „Што е тоа на дрвото?“rnrnСинот му одговорил: „Татко, тоа е врапче“rnrnНе минало долго време, а таткото повторно го прашал синот: „Што е она?“rnrnНа ова синот повторно му одговорил: „Тоа е врапче“.rnrnПо некое време таткото го поставил истото прашање. На ова синот нервозно одговорил: „Врапче е татко, тоа е врапче!“rnrnПоминале неколку минути кога таткото повторно прашал: „Што е она на дрвото?“rnrnСинот започнал да вика: „Колку пати треба да ти повторам дека тоа е врапче!“rnrnТаткото смирено заминал во својата соба и по неколку минути излегол држејќи стар дневник. Отворил една страница и почнал да чита:rnrn
„Денес мојот малечок син наполни 4 години. Седевме заедно во дворот од нашата куќа, кога на една гранка слета врапче. Мојот син 20 пати ме праша каква е таа птица, а јас 20 пати смирено му одговорив дека тоа е врапче. Бидејќи чувствував искрена љубов и грижа за својот син, ќе му повторев и уште 20 пати ако ме прашаше.“
rn
rn
Кутија со бакнежи
rnЧестопати го истураме бесот врз своите најблиски, потоа се каеме што сме ги повредиле.rnrnЕдно семејство било во многу тешка финансиска ситуација. Се ближеле празниците, а таткото забележал дека неговата ќерка ја потрошила целата украсна хартија за подароци. Нервозно почнал да вика по малото девојче.rnrnНаредниот ден девојчето му донело подарок на својот татко, завиткан во украсната хартија. Таткото ја наведнал главата поради својата претходна реакција. Но, кога ја отворил кутијата, забележал дека во неа нема ништо. Се свртел кон девојчето и почнал да вика: „Зарем не знаеш дека кога даваш подарок внатре треба да има нешто?“rnrnНа ова девојчето возвратило: „Па тато, тоа не е празна кутија. Нели гледаш колку бакнежи имам ставено во неа?“. Таткото се засрамил од своите постапки. Неговата малечка ќерка, која едвај имала 5 години, знаела повеќе за вистинските вредности во животот од него самиот.rnrn
rn
Ручек со Бог
rnЧесто забораваме што е она што нѐ одржува во живот. Нечија насмевка, допир, подадена рака, комплимент и поддршка. Различни луѓе секојдневно влегуваат во нашите животи. Треба да им ги отвориме портите, да им покажеме внимание и да ги третираме еднакво.rnrnЕдно момче тргнало да го бара Бог. Во случај да огладне патем, си го наполнил ранецот со кутија колачиња и овошен сок. Одејќи така стигнал до еден парк каде седел постар човек. Му се причинило на момчето дека човекот е гладен, па му понудило од своите колачиња. Старецот прифатил насмевнувајќи се. Потоа момчето му понудило и од сокот. На ова старецот уште повеќе се насмевнал. Така седеле во паркот со часови, јаделе колачиња и пиеле сок. По некое време момчето тргнало да си оди, но се навратило за да го прегрне старецот. Старецот раширил голема, искрена насмевка на своето лице, а на момчето насмевката му се причинила како да е волшебна.rnrnКога момчето се вратило дома мајката го прекорила што се враќа толку доцна, па го прашала каде се задржал. На ова момчето одговорило: „Мамо, денес ручав со Бог. Тој има најубава насмевка.“rnrnКога старецот се вратил дома, неговите синови забележале дека е многу радосен, а тој им рекол: „Денес јадев колачиња со Бог во паркот, тоа ме направи многу среќен.“rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на
Кафе пауза. Следете нè
на Твитер или пак станете фанови на
нашата страница на Фејсбук.