КАФЕ ПАУЗА

Tag: поука

  • Поучна приказна: Најважните нешта во животот

    Поучна приказна: Најважните нешта во животот

    Еден професор стоел пред својот клас со неколку објекти на масата покрај него. Кога започнал часот, тој земал една многу голема тегла која била празна и почнал да ја полни со камења со големина од 5 сантиметри. Откако завршил, се завртел кон студентите и ги прашал дали теглата била полна. Тие одговориле позитивно.rnrnПоучна приказна: Најважните нешта во живототrnrnПотоа професорот земал кутија со мали камчиња и ја истурил во теглата, а потоа нежно ја затресол. Камчињата се стркалале покрај големите камења и го пополниле просторот помеѓу нив. Потоа повторно ги прашал студентите дали теглата била полна. Тие се согласиле.rnrnПрофесорот држејќи ја теглата во својата рака посегнал по кутија со песок и повторно ја дополнил теглата. Ситната песок брзо ги пополнила сите празни дупки во неа. Тој за последен пат ги прашал студентите дали теглата е полна. Тие едногласно одговориле „Да“. Професорот почнал да зборува:rn

    „Би сакал да замислите дека оваа тегла го претставува вашиот живот. Камењата се најважните нешта – вашето семејство, партнер, здравје, деца – дури и да изгубите сè останато, сите овие нешта би го исполнувале целосно вашиот живот. Каменчињата се другите важни нешта, како работата, домот, автомобилот. А песокот е сè останато, сите оние мали нешта во животот. Доколку прво го турите песокот во теглата, нема да има место за камчињата и камењата. Истото се случува и со вашиот живот. Доколку целото ваше време и енергија ги вложувате во малите нешта, нема да имате место за оние работи кои ви се важни. Обрнувајте внимание на нештата кои се клучни за вашата среќа. Играјте си со вашите деца. Однесете го партнерот на танцување. Секогаш ќе има време за работа, чистење, готвење или поправање на остатоците.“

    rnГрижете се прво за камењата – за оние нешта кои навистина ви значат. Поставете ги вашите приоритети. Останатото е песок.

  • Таа ѝ кажала на својата баба дека сопругот ја изневерил и добила сосема неочекуван одговор

    Таа ѝ кажала на својата баба дека сопругот ја изневерил и добила сосема неочекуван одговор

    Како реагирате на животните проблеми? Дали станувате сè поогорчени или пак, едноставно не им дозволувате да ви го уништат духот? Оваа инспиративна приказна која се шири онлајн ни го покажува најдобриот начин на кој сите ние треба да се носиме со препреките кои животот ни ги поставува на нашиот пат.rnrnТаа ѝ кажала на својата баба дека сопругот ја изневерил и добила сосема неочекуван одговорrnrnЕдна млада жена ја посетила својата баба и ѝ раскажала за потешкотиите во нејзиниот живот. Неодамна нејзиниот сопруг ја изневерил и таа била многу разочарана. Не знаела како тоа ќе го преживее и токму затоа сакала да се откаже од сè. Таа била изморена од борба и ѝ изгледало како секој пат кога ќе реши нешто во нејзиниот живот дека се појавува нов проблем.rnrnНејзината баба ја одвела во кујната каде што наполнила 3 сада со вода и ги ставила на шпорет. Во првиот сад ставила морков, во вториот јајце, а во третиот мелено кафе, а потоа ги оставила да зовријат. По 20-тина минути го исклучила шпоретот и ги извадила морковот, јајцето и кафето и ѝ ги послужила на својата внука, прашувајќи ја што гледа.rnrn„Морков, јајце и кафе“, одговорила таа.rnrnПотоа бабата ѝ рекла да го допре морковот. Таа го направила тоа и ѝ кажала дека е мек. Бабата побарала од неа да го скрши јајцето и откако ја отстранила лушпата забележала дека тоа е тврдо варено. На крајот, бабата ѝ рекла да се напие една голтка кафе. Внуката се насмеала кога ја вкусила богатата арома на кафето.rnrn„Што значи ова?“ – ја прашала таа својата баба.rnrnБабата ѝ објаснила дека секој од овие нешта биле соочени со истиот проблем – врелата вода. Но, секој од нив реагирал на друг начин. Морковите кои се тврди, под влијание на водата станале меки и слаби. Јајцето има тврда лушпа која ја заштитува неговата течна внатрешност, но по стоењето во водата и таа станала тврда. Од друга страна пак, кафето се однесувало уникатно. За време на варењето, тоа ја променило водата.rnrn„Што си ти? Кога неволјата ќе чукне на твојата врата како реагираш? Дали си морков, јајце или кафе?“ – ја прашала таа својата внука.rnrnРазмислете за ова. Што сте вие? Дали сте морков кој на прв поглед е силен, но соочен со болка станува мек и ја губи својата сила? Дали сте јајце кое ја менува својата внатрешност поради тешките ситуации? Дали по соочување со голем проблем вие станувате тврди и вкочанети? Дали вашата надворешност изгледа исто, додека вашата внатрешност целосно се менува? Или пак, сте како кафето кое го менува она кое пробува да го смени него? Кога водата станува врела, кафето испушта мирис и вкус. Ако сте како него, тогаш кога нештата се најлоши вие станувате подобри и ја менувате ситуацијата околу вас.rnrnСе надеваме дека сите вие во животот сте како кафето.

  • Ти посакувам доволно: Единствените зборови кои треба да ги кажете при збогување

    Ти посакувам доволно: Единствените зборови кои треба да ги кажете при збогување

    Една жена присуствувала на тажно разделување на аеродром. Мајка и ќерка стоеле прегрнати, сè додека не се чул повикот сите патници да влезат во авион. Стоејќи во близина на излезот кон авионот, тие се прегрнале уште еднаш и мајката ѝ рекла на својата ќерка: Те сакам и ти посакувам доволно.“ На тоа ќерката одговорила: Мамо, нашиот заеднички живот беше и повеќе од доволно. Твојата љубов е сè што некогаш ми требаше. И јас на тебе ти посакувам доволно.“rnrnТи посакувам доволно: Единствените зборови кои треба да ги кажете при збогувањеrnrnТие се бакнале и ќерката отишла. Мајката се приближила до прозорецот каде што стоела жената која ги набљудувала. Таа изгледала како во секој момент дека ќе заплаче. Иако жената посакувала да ѝ пријде и да ја прегрне, сепак ја оставила да биде сама со своите мисли. На нејзино изненадување, мајката ја изненадила со едно прашање: Дали некогаш сте рекле некому збогум, знаејќи дека тоа би можело да биде засекогаш?“rnrnДа, ѝ одговорила таа. Извинете што прашувам, но зошто ова збогување е засекогаш?“rnrnСтара сум, а таа живее многу далеку. Ме очекуваат големи предизвици во иднината, а реалноста е дека нејзиното следно враќање ќе биде за мојот погреб, рекла старата мајка.rnrnКога се збогувавте, чув дека ѝ рековте ‘Ти посакувам доволно.’ Смеам да прашам што точно значи тоа?“rnrnСтарицата почнала да се смее. Тоа е желба која се пренесува со многу генерации. Моите родители им ја кажуваа на сите…rnrnТаа замолчила на момент и погледнала нагоре како да се обидувала да се сети на сите детали, а потоа уште поубаво се насмеала…rnrnКога кажувавме ‘Ти посакувам доволно’, ѝ посакувавме на другата личност живот исполнет со онолку добри нешта колку што ѝ се потребни за убаво да живее и да може да ги поднесе сите проблеми.“rnrnТи посакувам доволно сонце за да го осветли твоето расположение и свет.rnrnТи посакувам доволно дожд за да можеш да го цениш сонцето уште повеќе.“rnrnТи посакувам доволно среќа за да го одржи твојот дух жив и вечен.“rnrnТи посакувам доволно болка за дури и најмалите задоволства во животот да ти изгледаат големи.rnrnТи посакувам доволно добивки за да ги задоволиш твоите желби.“rnrnТи посакувам доволно загуби за да ги цениш сите оние нешта кои ги поседуваш.“rnrnТи посакувам доволно поздрави кои ќе те доведат до конечниот збогум.“rnrnВелат дека е потребна само минута со цел да ја најдеме посебната личност, еден час да почнеме да ја цениме, ден за да ја засакаме, а потоа цел живот за да ја заборавиме…

  • Писмо кое ќе ви ги насолзи очите: Како е да имате, а како да немате?

    Писмо кое ќе ви ги насолзи очите: Како е да имате, а како да немате?

    Какво е чувството да имате нешто, а потоа да го изгубите? Веројатно знаете дека на тој начин повеќе боли одошто воопшто да сте го немале тоа нешто. Оваа приказна е токму за оние кои немаат, како и за оние кои имаат, а не се благодарни за тоа и токму затоа длабоко ќе ве замисли. Секој од нас има способност да помогне нечиј живот да стане барем малку подобар и токму тоа е целта на ова писмо…rnrnПисмо кое ќе ви ги насолзи очите: Како е да имате, а како да немате?rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnГледам како низ контејнерот излегува девојче со потемна кожа и долга виткана коса. Таа наликува на ангелите од Ботичели додека излегува од ѓубрето како мала Венера од школка и матна морска пена која ја исфрлил градот. Девојчето ѝ вели на својата мајка: „Нема…“ Дали постојат пократки и пострашни зборови во нашиот јазик од вечното „нема“? Тој збор предолго трае. Мајката ѝ одговара: „Побарај уште малку…“ и девојчето повторно исчезнува во ѓубрето.rnrnСтојам вчудовиден од овој поглед. Мојот пријател, кој и самиот е многу сиромашен, никогаш не фрла остатоци од лебот во ѓубре. Тој ги става во пластична кеса и ги закачува покрај контејнерот. Лебот волшебно исчезнува уште пред тој да влезе во својот дом. Гладот има 4 очи.rnrnБидејќи сме биле гладни со векови, ние денес купуваме повеќе леб одошто ни е потребен. А потоа го фрламе. Лебот во ѓубрето воопшто не изгледа убаво. Тој укажува на зло. И злото доаѓа. Нашите родители нè учеле да го подигнуваме лебот кој паѓа на земјата, да дувнеме во него, да го бакнеме и потоа да се прекрстиме. Добар, но заборавен обичај, кој е полн со почит кон лебот. Заборавен, исто како и стариот збор – задужбина.rnrnСтарите трговци, кои после војните биле прогласени за тврди капиталисти, оставиле зад себе задужбини. Денес има многу побогати од нив, но сепак, никој ништо не остава. Тие се стискаат и молчат. Оние кои успеале во белиот свет: банкари, индустријалци, луѓе кои се занимаваат со нафта… Никој од нив не му подарува на својот град чешма, јавна зграда, скулптура, стипендија, топол оброк за сиромашните… На кој ќе го остават она кое го имаат? На своите деца? Но, се знае, секогаш постои генерација која гради и онаа другата, која расипува. Никој ништо нема да однесе со себе на другиот свет, кога ќе го напушти овој. Изгубени се сите вери, освен религијата за стекнување.rnrnДури и покрај тоа што земале, краделе и експлоатирале, старите трговци, тогашните контроверзни бизнисмени, сè тоа го оставале на татковината, за барем некако да ја искупат својата грешна душа. А што оставаме ние? Кои се нашите задужбини? Можеби треба да се почне од нешто мало, нешто сосема неважно? Светот не се поправа со големи гестови, туку со ситници. Можеби, за почеток, треба да се остави стар леб во пластична кеса покрај контејнерот? Две варени виршли, половина испиен јогурт? Дотрајани чевли? Какво време, такви задужбини. Сите тие можат многу убаво да се сместат во пластична кеса. Ја оставам покрај контејнерот и се вртам назад по неколку чекори. Исчезнала! Таа наша мала задужбина некогаш се викала себап.rnrnШто е себап? Тоа е кога правите добро дело, но останувате непознати. Нечија благодарност би ја нахранила вашата суета. Старите господини, во долги капути, шетале низ пазарите и собирале лисја зелка, понекогаш и скапани компири, заборавени моркови… Тие од контејнерите извлекувале весници и недопушени цигари. Нив ги нарекувале селектори на ѓубре! Не заборавајте на оние прекрасни мисли кои мојот покоен пријател постојано сакаше да ги повторува: „Наше е само она кое ќе го подариме на другите.“rnrnОд ѓубрето повторно излегува девојчето со темна кожа и сјајни очи, велејќи ѝ на својата мајка: „Нема!“ И покрај сè, убава и насмеана, таа излегува од внатре како заштитниот знак за надежта. Во тој момент, некој, кој поради којзнае каква причина, се засркнува со залак во грлото.rnrn[/message_box]

  • Тинејџерка која е прекриена со бенки споделува моќна порака за животот

    Тинејџерка која е прекриена со бенки споделува моќна порака за животот

    19-годишната Сиера Своринген која живее во Роквел, Северна Каролина, страда од ретка болест позната како „Гигантски вродени меланоцитни невуси“. Таа има стотици белези во вид на бенки кои прекриваат 2/3 од нејзиното тело, од кои најголемиот се протега од нејзиниот папок до долниот дел од бутините. Оваа ретка состојба на кожата се појавува на секои 500.000 луѓе.rnrn(7) Тинејџерка која е прекриена со бенки споделува моќна порака за живототrnrnСиера ја поседува оваа состојба од бебе и постојано трпи вербално насилство поради неа. Но, во одреден момент од нејзиниот живот таа одлучила дека треба да развие позитивен став и да почне да го сака своето тело, без разлика што другите ѝ зборуваат. Таа вели:rn

    „Секој е роден различен и на крајот на денот сите ние имаме нешто што нè прави необични, без разлика дали тоа е од внатре или од надвор.“

    rn(2) Тинејџерка која е прекриена со бенки споделува моќна порака за живототrnrnНо, луѓето, а особено децата, понекогаш знаат да бидат навистина сурови.rn

    „Еден ден се сеќавам дека бев во училишниот автобус и слушнав како младо момче ми се смее и ме нарекува куче со дамки. Тоа навистина ми ја урна самодовербата. Бев многу млада и оваа состојба правеше да се издвојам од другите деца, како нешто да не е во ред со мене. Со текот на времето научив како да ги отфрлам негативните коментари и да се потсетувам дека повеќето зјапаат и кажуваат злобни нешта бидејќи едноставно не се навикнати да гледаат некој со мојата состојба.“

    rn(3) Тинејџерка која е прекриена со бенки споделува моќна порака за живототrnrnЕдна од причините поради која Сиера има позитивно гледиште кон нештата е поради силната поддршка и љубов која ја добива од нејзините родители. Тие овие бенки ги нарекуваат бакнежи од ангелот. Бидејќи таа пораснала во мал град, со популација од 600 луѓе, нејзините соседи се навикнале да ги гледаат нејзините бенки и да се чувствуваат удобно во нејзино присуство.rn

    „Луѓето во мојот град веќе не зјапаат во мене кога ќе поминам покрај нив, бидејќи ме познаваат. Но, кога одам на ново место, не е толку лесно.“

    rn(4) Тинејџерка која е прекриена со бенки споделува моќна порака за живототrnrnЗа нејзината состојба нема лек и бидејќи точките го прекриваат поголемиот дел од нејзиното тело и постојано се развиваат, таа нема да може да ги отстрани. Таа исто така има и многу голем ризик од развивање рак.rn

    „Кремата за сончање е мојот најдобар пријател. Кога е топло носам шорцеви и маичка, но мора да внимавам со цел да бидам сигурна.“

    rn(5) Тинејџерка која е прекриена со бенки споделува моќна порака за живототrnrnСиера предизвикува огромно позитивно влијание со споделувањето на нејзината приказна на социјалните медиуми. Таа не се крие, туку гордо ги покажува своите фотографии и прави сè она кое секој друг тинејџер на нејзини години го прави – се дружи со пријателите, се забавува и оди на журки. Со тоа ни покажува дека сите луѓе се исти, без разлика на нивната внатрешност или надворешност, па токму затоа и не треба никој да се осудува. Таа е многу млада за да се справува со олку сериозен здравствен проблем, но со нејзиниот позитивен став, самодоверба и среќа сигурно има светла иднина.rnrn(8) Тинејџерка која е прекриена со бенки споделува моќна порака за животот

  • Прекрасна поема која ќе ве потсети колку всушност животот е краток

    Прекрасна поема која ќе ве потсети колку всушност животот е краток

    Сите знаеме дека животот е краток и дека треба максимално да се посветиме да го проживееме што е можно подобро, но некако голем број од нас заглавуваат во работа која баш и многу не ја сакаат само за да можат да го прехранат семејството, да ги платат сметките, со мала надеж дека ќе остане нешто вишок за по некој одмор или некое ново искуство.rnrnЖивотот е премногу краток за да го потрошиме на материјалните нешта. Оваа поема нѐ учи токму на тоа и нѐ потсетува колку многу се посветуваме на неважните ситници од нашиот живот, заборавајќи вистински да живееме.rnrnrnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnСе жениш пред 30-тите, затоа што така треба.rnНормален си.rnИмаш две деца.rnДиплома.rnРабота.rnСметки за струја.rnСметки за телефон.rnЛетување од десет дена.rnМожеби 15.rnВикенд одмор во Виена.rnПлус здравствено осигурување.rnПлус животно осигурување.rnПензиско осигурување.rnСметки за греење.rnБрзаш дома од канцеларија.rnДенес е недела.rnВодиш љубов на секои две недели.rnСо изгаснато светло.rnМирно.rnМисионерски.rnНекогаш и во четврток кога ќе ти откаже психијатарот.rnБиди нормален.rnПеток е денот кога твојата едноставна жена готви боранија.rnСе откажа од сонот да одгледуваш пчели.rnИ од тоа често да се смееш.rnОдиш во вежбалница, затоа што така треба.rnВозиш во колона.rnНикого не претекнуваш.rnНешто не можеш повеќе да сакаш.rnБи сакал.rnПодоцна и тоа исчезнува.rnЛажеш дека си добро.rnЛажеш дека се смееш.rnЛажеш.rnНе ти смета прашината на омилената плоча.rnНа целиот грамофон.rnКришум пушиш.rnГи пцуеш возачите.rnГи пцуеш пешаците.rnГи пцуеш велосипедистите.rnГи пцуеш соседите.rnЈа пцуеш жената.rnГи пцуеш децата.rnГо пцуеш ГосподrnГо пцуеш животот.rnСметки. Сметки. Сметки.rnИмаш премногу брчки.rnИмаш неколку години поминати во странство.rnНекое бегство од вистинскиот ти.rnНекогаш се опиваш.rnНикогаш сам.rnСо друштво.rnЗатоа што така треба.rnПееш, затоа што велат дека таквите луѓе се радосни.rnВо август го отплаќаш кредитот.rnИмаш 20 години вишок.rnЧекаш лифт.rnМорничаво си мирен кога се расипува.rnЧекаш во ред.rnЧекаш во банка.rnЧекаш жена ти повторно да ти каже „те сакам“.rnЧекаш повторно да ја засакаш.rnЧекаш лето.rnЧекаш децата да завршат со образование.rnЧекаш да ја омажиш ќерката.rnЧекаш да го ожениш синот.rnЧекаш да се пензионираш.rnЈа чекаш следната година.rnЈа чекаш следната година.rnЈа чекаш следната година.rnЈа чекаш следната година.rnЈа чекаш следната година.rnЧекаш подобри времиња.rnЧекаш подобро утре.rnДа бидеш среќен.rnИсклучи се.rnОди бос.rnТогаш смееш да одиш и по тревата.rnКапи се додека не зазори.rnЗборувај за нештата што ги сакаш.rnНикогаш не ги превртувај палачинките со нож или со рака, само со фрлање во воздух.rnНе грижи се, ќе ја одлепиш од плафонот.rnНаучи да кршиш јајца со една рака.rnИграј си со услужната каса во супермаркет, тоа е благодат.rnЛулај се во три часот наутро.rnПорачај 5 топки сладолед.rnНасмевни се на предупредувањето „Само за деца, пројди под прскалките во паркот!“rnЗастани пред врата со сензор, плесни со рацете и преправај се дека се отворила на твоја заповед.rnПушти капка-две на врела рингла и замислувај дека си магионичар кој фрла магии (ако немаш врата на сензор во близина на куќата).rnШетај покрај река.rnПикни прст во неа, нема да останеш без него.rnВоди љубов.rnНаутро.rnНапладне.rnНа самрак.rnНавечер.rnВо два.rnВо три не можеш, тогаш треба да одиш да се лулаш.rnПостојано води љубов.rnСекаде.rnИ не со секого.rnНикако не со секого.rnАко имаш прилика да водиш љубов на некој кров од зграда или на сликарско платно целиот покриен со боја и косата потопена во темпера НАПРАВИ ГО ТОА.rnАко ја немаш таа можност, прво купи платно – создади ја.rnСликај – со неа.rnИли со него.rnЗакачете ја сликата над каминот.rnНека вашите гости секогаш ве прашуваат од кого е сликата.rnМистериозно насмевнете се.rnДржете се за рака под масата.rnПогали ја по стомакот каде што се наоѓа ремек-делото на вашата сликарска техника.rnБакнувај.rnПрегрнувај.rnСкокоткај.rnИграј.rnОпростувај.rnСонувај.rnПатувај.rnНе пропуштај правење фигури од пластелин.rnНе го пропуштај првиот јоргован.rnНи последната лубеница.rnИ да се намачкаш со јогурт.rnИли да причуваш нечие милениче.rnСмеј се.rnСмеј се многу.rnИ не ја покривај устата со рака затоа што имаш еден крив заб, само нека е здрав.rnПовеќе болат кривите патишта во животот.rnПрави мусака.rnПрави семеен турнир во карти.rnЧитај цел викенд.rnПокисни.rnСлушај музика со ризични децибели.rnОбој ја собата во жолто.rnПеј, ако така се чувствуваш.rnПлачи, ако така се чувствуваш.rnКупи шатор.rnНајголемиот во продавницата.rnИ опрема за кампување.rnСложувај сложувалки.rnРедовно јавувај им се на родителите, затоа што така сакаш.rnЈави се иако е премногу доцна.rnПосоли ако не е солено.rnНЕ заборавај на пријателите.rnНе заборавај работи по „џебовите“, таму се наоѓаат некои важни ситници.rnСтави малку вишок пена во бањата.rnУуу и прави балончиња.rnЗборувај „старински“.rnНекогаш само прелажи се.rnЗборувај за нештата што ги сакаш.rnЗборувај за луѓето што ги сакаш.rnНе е тешко да најдеш луѓе кон кои не си рамнодушен.rnНе е тешко да љубиш.rnЗборувај за нештата што те мачат.rnЗборувај. И слушај.rnБиди грижлив и милостив.rnПомоли се кога искрено чувствуваш.rnНегувај ја љубовта.rnКажувај „НИЕ“ наместо „јас“.rnНЕ бегај од себеси. Не плаши се.rnУбав си и насмеан и намуртен.rnИ што ако знаеш само два акорди на гитара.rnГради во себе, не околу себе.rnЗасади хектар калемени цреши.rnДонеси ѝ на баба ти семе за нане и оригано од службен пат.rnЧекај, па ти не си бил на службен пат.rnСи станал она што сакаш.rnПа тогаш оди на пазар и купи.rnБиди креативен, НИШТО НЕ Е ГЛУПАВО ако е со вистинска намера.rnОбој го својот свет.rn[/message_box]

  • Поучна приказна: Пари без вредност

    Поучна приказна: Пари без вредност

    Еден старец продавал различни нешта со цел да заработи за живот. Тој често оставал впечаток на приглуп човек бидејќи луѓето скоро секогаш му плаќале со лажни пари или пак, му кажувале дека веќе му платиле, иако тоа не било вистина. Но, тој секогаш одбирал да им верува.rnrnПоучна приказна: Пари без вредностrnrnКога дошло време да умре, тој погледнал кон небото и кажал:rnrnГосподе, многу лажни пари примив од луѓето, но никогаш не ги судев за тоа. Сакав да мислат дека не знам што прават. И јас сум пара без вредност, затоа те молам, немој да ме осудуваш.“rnrnТогаш тој чул глас:rnrnКако е можно да го судам оној кој никогаш не ги судел другите?“rnrnЛесно е да најдете некој кој работи нешто со љубов, но многу е тешко да најдете некој кој размислува со љубов.

  • Поучна приказна: Научете како да цените

    Поучна приказна: Научете како да цените

    Еднаш одамна, живеел еден маж кој имал големо и дарежливо срце и кој многу сакал да помага. Овој маж би му помогнал секому, дури и без да побара ништо за возврат. Тој помагал затоа што го едноставно го сакал тоа. Еден дел додека одел по својот пат, тој пред своите нозе забележал чанта, па ја подигнал и видел дека е празна. Одеднаш една жена со полицаец се појавила пред него и потоа го уапсиле.rnrnПоучна приказна: Научете како да ценитеrnrnЖената постојано вознемирено прашувала каде се парите, но мажот цело време ѝ велел дека ја нашол нејзината чанта празна. Жената непрекинато му викала да ѝ ги врати парите, бидејќи ѝ биле потребни за училиште на нејзиниот син. Мажот забележал дека таа била тажна, па токму затоа и ѝ ги дал сите негови пари. Тој претпоставувал дека таа е сама со синот и дека постојано се борат за пари.rnrnЗеми ги овие пари и се извинувам за непријатностите, ѝ одговорил тој смирено.rnrnЖената во тој момент си отишла, а полицаецот го задржал мажот на испрашување. Таа била пресреќна кога се вратила дома, но подоцна кога ги пребројала парите сфатила дека се дупло повеќе одошто таа имала претходно. Но, решила да го игнорира тоа.rnrnДента кога тргнала да ги плати долговите на училиштето во кое учело нејзиниот син, таа забележала дека слаб маж одел зад неа. Од страв да не биде повторно ограбена му пристапила на истиот полицаец кој ѝ помогнал за нејзината чанта. Во истиот момент кога му кажала за мажот кој ја следел, тој се онесвестил. Тие се стрчале накај него и во тој момент забележале дека станува збор за истиот оној кој ѝ ги дал парите кога беше уапсен.rnrnТој делувал многу слабо, па затоа и жената била збунета. Тогаш полицаецот ѝ рекол дека тој не ѝ ги вратил нејзините пари, туку дека ѝ ги дал сите негови бидејќи му било жал за нејзината ситуација. Кога се вратил при свест, тие му помогнале на мажот да се исправи, а тој тивко ѝ рекол:rnrnВе молам платете ги вашите долгови. Јас ве видов како одите и почнав да ве следам за да се погрижам дека нема повторно да ве ограбат.“rnrnЖената останала без зборови.rnrnПоука: Животот ви дава чудни искуства, кои понекогаш ќе ве шокираат, а некогаш ќе ве изненадат. Токму затоа и во лутина, очај или фрустрација може да направиме погрешна проценка или грешка. Но, кога ќе добиете втора шанса, поправете ги вашите грешки и возвратете ја услугата. Бидете дарежливи и љубезни. Научете како да го цените она кое го имате.

  • Поучна приказна: Справување со проблемите и болката во животот

    Поучна приказна: Справување со проблемите и болката во животот

    Еднаш еден несреќен млад човек го посетил стариот учител и му рекол дека има многу проблеми во животот, па го прашал за совет. Стариот учител му рекол да стави шака сол во чаша вода и да ја испие.rnrnПоучна приказна: Справување со проблемите и болката во живототrnrnКако ти се допаѓа водата?“ – го прашал учителот.rnrnГрозна е, одговорил младиот човек.rnrnУчителот се насмеал, а потоа му рекол на младиот да земе уште една шака сол и да ја стави во езеро. Тие се движеле во тишина до езерото во близина и кога пристигнале, ученикот ја фрлил солта во него.rnrnСега испиј малку вода од езерото, му рекол учителот.rnrnДодека тој ја пиел водата, учителот го прашал: „Како ти се допаѓа?“rnrnДобра е, одговорил младиот.rnrnИма ли вкус на сол?“ – повторно прашал учителот.rnrnНе, рекол младиот.rnrnУчителот седнал покрај напатениот млад човек, ја земал неговата рака и му рекол: Болката во животот е оваа сол, ни помалку, ни повеќе. Количината на болката во животот секогаш останува иста, потполно иста. Но, чувството за болка кое ние го доживуваме зависи од садот во кој ја сместуваме. Токму затоа, кога ќе те боли, единствено нешто што можеш да направиш е да го прошириш своето чувство за овие нешта. Престани да бидеш чаша. Стани езеро.

  • Поучна приказна: Што слуша вашето срце?

    Поучна приказна: Што слуша вашето срце?

    Еден ден, еден човек го поканил својот пријател, Индијанец, во посета. Тој живеел во голем град и сакал да го одведе својот пријател на прошетка.rnrnПоучна приказна: Што слуша вашето срце?rnrnДодека тие шетале, Индијанецот одеднаш застанал и извикал: „Слушам штурец!rnrnНа тоа човекот му одговорил: Не е можно на олкава бука од луѓе и автомобили да чуеш штурец.“rnrnВо тој момент Индијанецот се наведнал покрај тревата и со прстот покажал кон едно мало штурче.rnrnКако?“ – го прашал човекот.rnrnИндијанецот му побарал една паричка и потоа ја пуштил врз тротоарот. Паричката при ударот на земјата испуштила звук која го привлекла вниманието на сите околу нив. Случајните минувачи одеднаш застанале и го насочиле погледот кон местото од каде доаѓал звукот од паднатата паричка. „Ти го слушаш она кое си научил да го слушаш, без разлика каде си или колкава е бучавата“, му рекол Индијанецот. Како што можеш да видиш, сите овие луѓе во истата бука успеаја да ја чујат паричката, но не и штурецот.“rnrnНајважно е да слушате, па токму затоа и обидете се да го чуете она на кое не сте навикнати да обрнувате внимание. Којзнае што може да откриете. Отворете ги вашето срце и ум за нови и различни нешта, бидејќи доколку нешто не забележувате, не значи и дека тоа не постои или пак, дека е невозможно.