Зборуваме за љубов, почит и разбирање до крајот на животот. Ова се најважни карактеристики кои треба да ги барате кај вашиот/ата сопруг/а.rnrn
rnrn
Искреност
rnВашиот животен сопатник мора да биде отворен и искрен со вас, но и кон самиот себе. Треба да знае кој е, кои му се јаките и слабите страни, какви ограничувања има во животот и кои препреки може да ги помине.rnrnИскреноста е секогаш најдобра опција. Не можете да планирате иднина со човек кој е склон кон криење на вистината поради која било причина.rn
Да знае да ви биде потпора
rnБракот е единство на двајца кои совршено се надополнуваат, ги делат своите обврски и задолженија и знаат да си бидат потпора еден на друг и во тешки и во лесни времиња. Може ли да му верувате на вашиот партнер? Колку често си ги исполнува ветувањата и обврските?rnrn
rnrn
Љубезност
rnНе би поверувале колку е ретка љубезноста како особина и баш затоа е карактеристика која треба да ја барате во вашиот партнер. Тој/таа треба да биде трпелив и љубезен како кон останатите така и кон вас.rn
Моногамија
rnЗошто би стапиле во брак со личност која смета дека не треба да остане со еден партнер до крајот на животот? Дали би можеле да го/ја промените некогаш или пак да се носите со нејзините неверства? Оној кој не смета дека бракот е единство на двајца, а не на повеќе личности, со сигурност не знае да го вреднува ни бракот а ни вам.rnrn
rnrn
Слични гледишта во животот
rnДа, вие не го губите идентитетот со влегувањето во брак и правилно е да стоите на своите ставови, но што се случува кога ни една страна не знае да направи компромис? Што ако имате сосем различни гледишта и очекувања во животот? Ако тој сака 5 деца а вие ни едно, тогаш можеби би требало да размислите подобро пред да речете „да“.rn
Сексуална привлечност
rnСексуалната привлечност е важна. Вие ќе бидете заедно до крајот на животот, па треба да бидете задоволни и на сексуален план. Да, постојат секакви периоди во животот, но доколку таа хемија воопшто не постои тогаш речиси се невозможни шансите да се појави во иднина.rnrn
rnrn
Смисла за хумор
rnЖивотот има подеми и падови и во тешките моменти ќе ви треба личност која ќе знае да се пошегува и да ве насмее. Кога ќе имате тежок ден не ви треба некој кој ќе ве потсети колку животот е комплициран, туку колку е убав и дека вреди да се живее.rn
Добар однос со деца
rnКако се однесува со децата на вашите пријатели или роднини? Колку е толерантен/на и колку има трпение? Доколку сакате да имате деца во иднина, со сигурност треба да размислите каков родител би бил вашиот партнер.rnrn
rnrn
Семејни вредности
rnКолку го вреднува семејството? Колку би ве вреднувал вам како негов/а сопруг/а? Го памети ли роденденот на неговата мајка, колку често му се јавува на својот дедо или татко? Ако не го вреднува семејството како во иднина би го вреднувал она што сте го создале заедно?rn
Почит
rnЉубовта и почитта се поврзани и не одат една без друга. Ако вашиот партнер не знае да го цени вашето мислење, не знае да ве поддржи и помогне кога ви е тешко, тогаш со сигурност не е „материјал“ за брак. Вие треба да бидете на исто рамниште. Тогаш кога ќе почувствувате дека се поставува супериорен/на и не ве почитува како личност, може да запишете кога и последната искра љубов и почит згаснала.rnrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

rn

Потоа, доаѓаат на ред оние кои од своето его направиле тепих. Кои буквално се однесуваат како без`рбетници, кои се одделуваат од друштвото штом фатат девојка, мора да бидат секогаш и сегде каде таа ќе им каже и не одлучуваат за ништо. Јавно ѝ признаваат дека имаат намера да се убијат ако ги остави.rnrnИ секако, тука се и добро воспитаните момци и мажи, кои ги почитуваат девојките и жените, и замислете, НЕКОГАШ ДУРИ ИМ ПОМАГААТ НИЗ ДОМА! Или како што се наречени, ПАПУЧАРИ.rnrnМалограѓанштината, и секако, влијанието на балканското воспитување, ги тера мажите да покажуваат јавно кој е газда дома или што би се рекло, да се знае кој носи панталони, (чисто информативно и жените носат, така што не ја разбирам поентата). Дали кај мажите кои се во долга врска или брак значително опаѓа нивото на тестостерон? Дали си помалку маж ако покажеш почит кон жена?rnrnВидете вака, кога ќе видам маж кој ѝ помага на жената во домашните обврски, не го гледам како „помалку маж“ туку напротив. Тој има многу поголема машкост од сите балкански алфа мажјаци помножени по сто.rnrnВо денешно време, кога еманципираната жена треба да работи, чува деца и чисти по дома, нема место за пердашење и покажување на машкост. Туку има помагање, почит и разбирање. А сите дами кои се патријархално воспитувани и бараат маж кој знае да викне, и кој ќе ѝ го покаже патот кон кујната, нека им е на помош оној Господ во кој веруваат.rnrnНема покажување на машкост или истакнување на оној кој е глава на куќата. Ни мажите не смее да се однесуваат како лигуши. Нема зошто да трчаат по жената како кутре и да го изгубат сопственото јас по пат. Ти не влегуваш во врска или брак за да си лечиш комплекси. Туку за да споделиш љубов, почит, разбирање. Нема главен и потчинет, барем ако сакаш да оформиш здрав однос во иднина. Има огромна разлика меѓу маж – лигле, и маж на кој му е додаден епитетот „папучар“.rnrnПапучар не постои во речник. Можеби е измислен од оние „мажишта“ кои му завидуваат на другарот кој покрај себе има убава и паметна девојка. Па ќе му купат папучи за роденден, и што? Би убиле да се на негово место.rnrnЈас да бев маж, со задоволство ќе кажував дека ја слушам и почитувам девојката и дека ѝ помагам по дома. Да бе, папучар сум и што? Па ставете прст на чело. Таканаречениот папучар, има здрава врска со љубов и разбирање, и секогаш кога неговата девојка ќе го спореди со неговите другари „мажишта“, верувајте, тој е соодветно награден.rnrnЕлиrnrn rn
Можеби ќе речете дека сме речиси рамноправни, со оглед на тоа каква била состојбата на жената во минатото, а каква е денес. Но да не забораваме дека и денес постојат жени кои се принудени да им се потчинуваат на мажите во семејството, и се третирани како нивни робови, на буквален или посуптилен начин. Би се изненадиле дека татковците кои во денешно време земаат пари за да ја дадат ќерката, и не се толку далеку од вас.
rn
rnrn
rnrnСекако, туѓото мислење до некој степен е важно. Не би смееле да се претвориме во бесчувствителни суштества кои не се грижат апсолутно за ништо и воопшто да не го почитуваме туѓото мислење. Она што треба да научиме е кои се луѓето чие мислење вреди да го почитуваме. Најважно е да знаеме каде е границата, односно кога ги слушаме туѓите мислења за наше добро, а кога дозволуваме целосно да ја обликуваат нашата личност.rnrn rnrn
rn
rn
rn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn