Вашите родители не ве учеле на добри манири и културно однесување само за да не ги усрамите во јавност. Напротив, со годините доаѓа искуството, па така родителите знаат дека доброто однесување носи многу бенефиции општо во животот, во врските кои ги воспоставуваме со пријателите, но и во романтичните врски. Дали се плашите дека целата магија ќе исчезне по првите месеци од врската? Нема потреба од страв. Погледнете ја врската на вашите родители или земете некој друг пример и анализирајте го нивното однесување. Ќе сфатите дека толку долго се во успешен брак токму поради тоа што внимаваат на своето однесување. Еве како добрите манири помагаат во градењето на стабилна и долготрајна љубовна врска.rnrn
rn
Се почитувате еден со друг
rnЕден од главните проблеми во една врска е кога партнерите ќе изгубат почит еден кон друг. Да речеме дека вашиот партнер на почеток на врската бил прекрасен, внимавал на своето однесување, секогаш бил културен и со добри манири, но како што минувало времето тој заборавал на манирите и почнал да се ослободува пред вас до толку што ги преминал сите граници. Кога едниот партнер ќе почне да прави нешто што на другиот му пречи и одбива да престане со тоа, покажува колку не се грижи и не ги почитува туѓите чувства. Така тој/таа ќе престане да ги раскрева валканите садови или ќе продолжи да ги остава валканите чорапи на земја или ќе се однесува лошо и некултурно пред пријателите на партнерот. Токму тогаш и двете страни престануваат да негуваат почит еден кон друг. Добрите манири носат почит, а со почитта во пакет одат љубовта и разбирањето. Токму затоа оние кои ги знаеме како „невоспитани“ имаат проблеми во своите врски.rn
Се вреднувате
rnКога ќе ви ја отвори вратата од својот автомобил тој покажува дека ве гледа како негова дама, а со тоа што ќе му речете „благодарам“ покажувате дека ги забележувате и вреднувате неговите мали „витешки“ потези. Редовно кажување „те молам“ и „благодарам“ во врската е многу важно. Така покажувате дека го вреднувате вашиот партнер и сè она, дури и најмалите нешта, кои ги прави за вас. Кога ќе речете „извини“ покажувате каење за она што сте го направиле и во никој случај не го земате вашиот партнер здраво за готово туку знаете да го вреднувате она што го имате.rn
Добрите дела и зборови никогаш не избледуваат
rnТешко е да почитувате или сакате некој кој не ве почитува вас, а кога еден од партнерите има лоши манири, нема многу што да се почитува или пак вреднува во врската. Не можете да бидете фини со некој кој е безобразен или бесчувствителен. При лош период во врската, моментите кога еден од партнерите покажал непочитување само ќе го разгорат огнот, но моментите на почит и трпеливост се оние кои ќе ја смират тензијата.rnrn
rn
Добрите манири спречуваат ситни кавги
rnДали некогаш сте биле сведок на ситни но непријатни кавги кои некои парови ги прават во јавност? Може само да замислите што се случува со нив зад затворени врати ако покажуваат такво непочитување еден за друг во јавност. Ако мажот не знае да ѝ даде комплимент на жената, или жената да го пофали мажот за добрата вечера што ја зготвил, сите тие пропуштени искази на вреднување се пластат еден на друг и често избувнуваат жестоки кавги за мали работи. Никој не сака да се чувствува искористено ниту пак недоволно вреднуван во врската, а токму тоа се случува кога партнерите забораваат да си кажат добри зборови за нешто што едниот го направил за другиот. А без манири, почит и трпение, вакви мали кавги ќе избувнат и во јавност.rn
Служите како пример за вашите деца
rnАко сега немате деца, ќе имате некогаш. Тогаш ќе ги учите на добри манири и културно однесување, но доколку тие не ве гледаат како секојдневно го применувате она на што ги учите, не очекувајте тие да постапуваат така. Со добрите манири и почитта еден кон друг служите како добар пример за другите околу вас, а кога ќе дојде време и за вашите деца. Вистински благодет е да се живее во семејство каде родителите се сакаат и почитуваат и после години минати во брак знаат да си дадат комплимент, да речат „благодарам“ и „извини“.rnrnАко родителите упатуваат пцовки еден кон друг, не треба да бидат изненадени кога и нивните деца ќе кажат лош збор, ниту пак кога и нивите деца ќе имаат лоши и нестабилни врски. Врската меѓу родителите е првата љубовна врска што децата ја имаат за пример, зошто би им покажале лоша врска наместо да поставите добар пример?rnrn
rn
Добрите манири прават да се чувствувате како на почеток на врската
rnРечиси секој покажува добри манири на почеток од врската, но кога ќе продолжите со таквото однесување вие не дозволувате времето минато заедно да ја уништи вашата љубов ниту почитта која ја имате еден за друг. Кога вашиот дечко ќе ви бакне рака и ќе ви отвори врата, или вашата девојка ќе ви каже убав збор, чувствувате како да сте на почеток на врската и се трудите да ја освоите другата личност.rn
Вашите семејства ја поддржуваат вашата врска
rnНе заборавајте дека вашето однесување е набљудувано од страна на вашето семејство и семејството на вашиот партнер. Со културно однесување и добри манири оставате добар впечаток кај вашите семејства и веројатноста е голема дека и од двете страни ќе добиете зелено светло и поддршка.rnrn
rn
Посреќни сте
rnКултурата не е стереотипно однесување од 50-тите, ниту пак е преправање пред другите. Оние партнери кои негуваат почит и разбирање и имаат добри манири секогаш се поисполнети и посреќни во врската. Добрите манири во денешно време се речиси истребени, но тоа не значи дека нема такви кои внимаваат на тие мали зборови и постапки во врската. Добрите манири, културните изрази, покажувањето почит, дури и кога никој не ве гледа, ве прави посреќни во друштво на вашиот партнер и поставува стабилни темели за здрава и исполнета врска во иднина.

rn
rn
rn
rnrnИако фустанот на Делејни може да изгледа дека не е соодветен за приликата, приказната позади тоа сосема добро го објаснува неговиот избор. Сите кои присуствувале на погребот знаеле за ветувањето кое Делејни му го дал на Елиот, па не го осудувале, туку напротив биле емотивно соборени од она што тој го направил во име на цврстото пријателство.rnrn
rnrnКолку тажно оддавање почит. Не може да не се воодушевите на исполнителноста на Делејни. Војникот Елиот направил голема жртва, па што е губењето на малку достоинство во споредба со тоа?rnrn rnrn
rn
rn
rn



rn
rn
rn
rn
rn
rn

rnrn
rnrn
rnrn