КАФЕ ПАУЗА

Tag: почит

  • Сегашноста е подарок

    Сегашноста е подарок

    За да користите услуги кои ви се потребни, треба да платите, за да го купите посакуваниот производ треба да имате пари, но за да го искористите сегашниот момент не ви се потребни никакви парични средства. Како да го искористиме сегашниот момент најдобро што можеме?Сегашноста е подарокrn

    Сакајте!

    rnЉубете ја поради тоа што е оригинална, насмеана, весела и поради тоа што и таа ве љуби. Сакајте ја нејзината убавина, таа се труди да биде убава за вас. Дајте ѝ комплимент за нејзиниот изглед, потрошила часови за да ја погледнете со восхит и насмевка. Вреднувајте ја нејзината верност и трудете се да бидете мажот кој таа го заслужува!rnrnЉубете го зошто е силен и подготвен да ве одбрани од сè што ви создава бол и ви влева страв. Затоа што е тука покрај вас со намера да ви ги избрише солзите, а не да ги предизвика. Зошто ви е верен и подготвен во секој момент да го претрча градот само за да ве гушне кога ви е тешко. Ценете го неговиот труд да биде достоен за вас и трудете се да бидете жената која тој ја заслужува!Сегашноста е подарокrn

    Бидете благодарни!

    rnЗа вашите родители вие сте број еден, секогаш најдобри и секогаш на прво место. Зошто биле способни да створат живот на човечко суштество кое ќе го сакаат повеќе и од самите себе. Бидејќи се секогаш тука за вас, секогаш ви мислат добро и секогаш ја имате нивната поддршка. Зошто родителите се едни од многу ретките личности во вашиот живот кои се подготвени во секој момент да се жртвуваат за вас и да го скратат сопственото задоволство, за вие да го имате она што ви треба. Бидете благодарни што ја чувствувате нивната љубов и заштита.rn
    rn

    Вреднувајте и чувствувајте!

    rnВреднувајте ги убавите утра и пријатните ноќи, почувствувајте го ветрот, оставете сонцето да посегне по вас со своите зраци и дозволете му на дождот да ве намокри. Вреднувајте ги вашите искрени и позитивни пријателства. Убавите спомени и мигови исполнети со среќа и задоволства. Чувствувајте ги благодетите на сè што ве опкружува, сè со што сте благословени, сè што имате сега, во овој момент. Чувствувајте среќа, радост, благодарност, инспирација и надеж, дозволете им да ве водат низ животот.Сегашноста е подарокrn

    Почитувајте!

    rnПочитувајте ги сите оние кои ви прават добро, почитувајте ги оние кои ви посветуваат внимание и оние кои и вас ве третираат со почит. Покажете почит кон оние кои издвојуваат време за вас, оние кои би ви помогнале во секое време. Оние кои ви упатуваат искрена насмевка и ве ценат како личности. Почитувајте го секое добро дело направено за вас и правете добри дела без желба да бидете почитувани поради тоа.rnrnВдишете го сегашниот момент, со длабок здив апсорбирајте ги задоволсвата што ви ги носи животот и убавите моменти кои сами сте ги створиле, сепак сегашноста е подарок кој треба да се искористи!rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Драги читатели, време е за…

    Драги читатели, време е за…

    Dear blank, please blank – ироничен и супер забавен проект на Џеред Вунш и Ханс Џонсон, кој ве предизвикува да ја испробате вашата креативност и досетливост, преку пишување куси и измислени пораки. Тука можете да прочитате од смешни до непристојни работи, да гласате за нив или пак, да оставите свој печат. Прочитајте дел од најинтересните:rnrnСмешни и креативни измислени поракиrnrnДраги Глечери,rnrnЖал ми е што слушам за глобалното затоплување, но кармата е кучка.rnrnСо почит,rnТитаникrnrn


    rnrnДраг Хитлер,rnrnТе молам врати ми ги назад моите мустаќи. Правиш да изгледам лошо.rnrnСо почит,rnЧарли Чаплинrnrn


    rnrnДрага Марија,rnrnПризнај дека си спиела со друг. Ова излегува надвор од контрола.rnrnСо почит,rnЈосипrnrn


    rnrnДраго момче,rnrnМожам да направам девојка ти да вреска погласно, отколку што можеш ти да ја натераш.rnrnСо почит,rnПајакrnrn


    rnrnДраги луѓе на светот,rnrnНе сакам да звучам како проститутка, но ве молам користете ме кога и да посакате.rnrnСо почит,rnГраматикаrnrn


    rnrnДрага Кока-кола,rnrnЧувствувам како претерано бурно да реагираш.rnrnСо почит,rnМентос бонбонаrnrn


    rnrnДраг Ное,rnrnБи можеле да се заколнеме дека ни рече арката нема да замине пред 5 часот.rnrnСо почит,rnЕднорозитеrnrn


    rnrnДраго дете,rnrnБез разлика што и да слушнеш, ние немаме никаква врска со забременувањето на мајка ти.rnrnСо почит,rnПтиците и пчелите rnrn


    rnrnДраги филмаџии,rnrnВашите родители само што не влегле.rnrnСо почит,rnЕдинствената секс-сцена во филмотrnrn


    rnrnДраги девојки што ме малтретиравте во 7-мо одделение, бидејќи бев попаметен од вас,rnrnУтре ќе работите прекувремено.rnrnСо почит,rnВашиот шефrnrn


    rnrnДраг Фејсбук,rnrnПочекај, еден ден и тебе сите ќе те напуштат.rnrnСо почит,rnМајспејсrnrn


    rnrnДраг човеку на бензинската пумпа,rnrnСамо заради тоа што носам маица со Боб Марли, не значи дека сакам да одам со тебе во Јамајка.rnrnСо почит,rnДевојката на која никогаш повеќе нема да ѝ полниш гориво!rnrn


    rnrnДраги пушачи,rnrnТоа што конзумирате по кутија цигари на ден, значи дека ќе морам да ве посетам.rnrnСо почит,rnРакrnrn


    rnrnДраги Штрумфови,rnrnМе интересира каква е вашата боја кога се давите?rnrnСо почит,rnЉубопитниrnrn


    rnrnДрага мотивација,rnrnКаде си?rnrnСо почит,rnСтудент кој наскоро има испитrnrn


    rnrnДраги 6 и 9,rnrnВе молам престанете да ме озборувате. Ве предупредувам, знам за „недоличните“ работи што ги правите заедно.rnrnСо почит,rn7-каrnrn


    rnrnДраго 2-ро место,rnrnЧеститки, ти си прво меѓу губитниците.rnrnСо почит,rn1-во местоrnrn


    rnrnДрага одговорност,rnrnНе можам да те слушнам! Не можам да те слушнам!rnrnИскрено,rnСè уште неподготвен за дипломаrnrn


    rnrnДрага мамо,rnrnНаполнив 16 години. ТЕ МОЛАМ, смеам ли веќе да почнам да носам градник?!rnrnСо почит,rnтвојот син Џастин Биберrnrn


    rnrnДраг Џастин Бибер,rn

    Ариел навистина си го сака својот глас назад.

    rn

    rn

    rn

    Со почит,rnКралот Тритон

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук

  • Причини поради кои го губите кредибилитетот кај луѓето околу вас

    Причини поради кои го губите кредибилитетот кај луѓето околу вас

    Потребно е многу време да се изгради репутација, а само една мала, навидум незначајна акција за да изгубиме сè што сме граделе со години. Еве ги тие „мали нешта“ кои треба да се избегнуваат, и во приватниот и во деловниот живот.rnrnПричини поради кои го губите кредибилитетот кај луѓето околу васrn

    1. Неценење на туѓото време

    rnДоцнењето на закажаните состаноци и средби, на почеток може да се толерира, но со текот на времето ќе почне да зборува за други ваши маани, покрај навиката да доцните. Ќе ги доведе во прашање вашата искреност, способноста за организација и за менаџирање на времето, вашите лидерски способности и воопшто способноста да ги завршувате работите. Доцнејќи, всушност на другите бесрамно им велите „Не те ценам и не те почитувам“.rn

    2. Необрнување внимание на она што се зборува

    rnНе мора да фаќате забелешки во текот на разговорот, но можете да се обидете да го тргнете погледот од телефонот кој постојано го чепкате и наместо тоа, да остварите контакт со очите. Кога давате несоодветни одговори на прашања кои сте ги чуле до половина, другата страна го забележува тоа, а кога барате да се повтори сè што било кажано претходно, куртоазно покажувате колку не ви било гајле, и за потрошеното време на соговорникот, и за неговиот вложен труд.rn

    3. Невклучување во толпата

    rnКога вашите колеги организираат некој настан или подготвуваат проект, обидете се да се вклучите подеднакво во спроведувањето на планираните активности. Поместувањето на столчињата не е доволно и јасно покажува дека не сакате да се свиткате во кичмата.rn

    „Само добрите лидери поминуваат време работејќи помалку гламурозни работи заедно со луѓето кои се надеваат дека во иднина ќе ги водат.“

    rn

    4. Ги микроменаџирате сите, освен себеси

    rnМожете да ја следите работата на другите одблизу, постојано да ги проверувате, да ги враќате заради „влакно во јајце“ и да им кажувате како точно треба да ја работат својата работа. На крајот, кога ќе ги проценувате резултатите, можеби ќе сфатите дека не сте го постигнале максималниот ефект, веројатно поради премногу ситничарење, притоа несвртувајќи се кон себеси.rn

    5. Игнорирање на договореното

    rnАко мора да ветите или да се обврзете за нешто кон луѓето околу вас, погрижете се и да ги исполните исполните ветувањата. Во спротивно, доколку не останувате доследни на договорените работи, луѓето со време ќе сфатат дека не можат да сметаат на вас и во иднина ќе го променат односот.rnrnПричини поради кои го губите кредибилитетот кај луѓето околу васrn

    6. Изговори

    rnСекогаш имате изговори за да кажете зошто не сте успеале да го реализирате договореното. Некој од овие ви звучи познато?rn

      rn011

    • Заборавив
    • rn011

    • Ау, па мислев дека е на друг датум (или место)
    • rn011

    • Не знаев дека ти треба за денес
    • rn011

    • Го завршив, ама не го понесов со себе
    • rn011

    • Го имам во глава, само треба да седнам и да го напишам. Ако сакаш можам сега.
    • rn

    rn

    7. Неподдржување

    rnКога на вашите колеги им оди тешко при презентацијата на вашиот заеднички проект, слободно дистанцирајте се. Не мора да „скокнете“ за да им помогнете. Или?rnrnПричини поради кои го губите кредибилитетот кај луѓето околу васrn

    8. Светлото е секогаш насочено кон вас

    rnСте забележале како секогаш ги вртите разговорите ставајќи се себеси во фокусот? Вашите постигнувања и вашите успеси се најважни и најинтересни, нели? Многу скромно.rn

    9. Обвинување

    rnПонекогаш се случува работите да не испаднат добро на крајот. Доколку се работи за вашиот важен проект на работа, не мора да значи дека виновни биле вашите асистенти, соработниците кои биле многу бавни или машината за производство. Патем, уште полошо е ако при сите овие „препреки“, вие сте го дале најдоброто од себеси.rn

    10. Злоупотреба на односите со луѓето

    rnИмате обичај да ги контактирате луѓето само кога ви треба нешто од нив. И тоа, им се јавувате, започнувате со прашања за нивниот живот, немате доволно информации за да ги прашате за некои детали кои и онака воопшто не ве интересираат, потоа вртите на „па 100 години не сме се виделе“, за на крајот да ја пуштите бомбата и да ја откриете целта на повикот. Како и да е, ова може да ви успее еднаш или максимум двапати.rnrnПричини поради кои го губите кредибилитетот кај луѓето околу васrn

    11. Откажување од започнати проекти

    rnНормално е дека ги поддржувате проектите кои се успешни, но штом дојде тешко, се откажувате, со добро познатите изговори за негативниот исход (6) и воопшто не ви е грижа што и други луѓе вложиле труд во процесот.rn

    12. Не прифаќате критика

    rnНе им дозволувате на другите да ве критикуваат и да ви кажат дека некаде грешите. Се слушате само себеси и едноставно го игнорирате она што другите имаат да го кажат.rnrnПочитта, лојалноста и кредибилитетот се важни. За да ги стекнете, почнете од точка број 1 и пишете ни кога ќе дојдете до број 12. Тогаш ќе ви кажеме „браво!“

  • Кога ќе се почитуваат мажите, тогаш ќе се вратат и џентлмените

    Кога ќе се почитуваат мажите, тогаш ќе се вратат и џентлмените

    Автор: АлександарrnrnЏентлмени – загрозен вид во изумирање – текст кој ме инспирираше да ја напишам првата статија во мојот живот. Пробав ред по ред да одговорам на сите скриени прашања и мислам дека повеќето би се сложиле со исклучок на оние личности од понежниот пол кои нема да се препознаат во текстот. Па да почнеме…rnrnКога ќе се почитуваат мажите, тогаш ќе се вратат и џентлменитеrnrnДури и глумците кои би требало да изгледаат како „совршени џентлмени“, кои навистина може да се видат само на телевизија, стануваат ретки. Толку се ретки што се дигна нивната цена ненормално високо за да самите се спуштат на најниското морално ниво и да глумат совршени џентлмени. Во денешно време многу е тешко да се глуми совршен џентлмен кога пред тебе стои нискоинтелигентна особа.rnrnКако да сакаш да отвориш врата од кола кога она ми вика: Шо кола возиш? Сигурно нема да се возиме во крнтијата на татко ти… или те глеа дека навистина добро се носиш и прво што ù текнува во глава е: Овој мора да има БМВ или Мерџо… а ти возиш Астра 97 година и се радуваш што имаш клима и нема да се скуваш док излезеш у град. Пробуваш да помогнеш на девојка у град дигната на 12-ка штикла, натоварена со кеси потешки од неа со реномирани копии од Бершка, Мона и Теранова и уште ти вика: Бегај море манијак еден… Хелоууу мислиш дека сум толку лесна па со ова ќе ме ќариш? МАРШШШ… или едноставно ти одмавнува со поглед и те прави да се чувствуваш као кретен. Влага во 5-ка дотерана пиц-пец со нога ко ќумец и ти вика: Дечко пази малце, не глеаш дека влагам??? Или се вози во државен во вторник и петок и ти се врти тебе и ти вика: Дечкооо… Шо се буташ???rnrnВака сеа, добро е што жените почнаа да се залагаат за нивните права, но да разграничиме омаловажување од добронамерни џентлменски гестови. Твоето его нема да биде повредено ако некој ти отвори врата и ти влезеш прва, ама твоето его нема да биде повредено и доколку се заблагодариш на дечкото кој се потрудил да те испочитува како дама. Доколку си и самата способна да ја отвориш вратата, значи способна си и да се заблагодариш или едноставно пријатно да се насмевнеш во чест на почитта што ти ја пружил, без прво да помислиш во глава дека со тоа ќе ти се наруши твоето его и ќе дозволиш за жал на, не твој тип на маж, да се насмевнеш и ти ги види твоите „добро наредени заби“. Како што жените го изменија зборот женствени, така и мажите го изменија истакнувањето на машкоста.rnrnКолку само ни недостигаат сите оние ситници на кои се радуваа жените од 80-тите и 90-тите години. Скинато цвеќе од градината на комшијата, крадење кола од дома за да ја изненади девојката и да ја однесе на место каде сонувала да биде, да отвори врата од кола, да ù подаде рака да се качи на коњ, да ù го подаде марамчето паднато на под, да помогне на старата изнемоштена жена која се натоварила со кромид и лук за дедото и слични работи што ги гледаме само на филм и станаа неблагодарни гестови за кои те озборуваат и те оцрнуваат како човек.rnrnНишто друго не бараме, туку почит каква што мажите имале до почетокот на новиот милениум, насмеано лице за подареното цвеќе, а не повратен одговор: И шо да му правам сега? Кај да го ставам? Или: Кај ти текна да ја земеш крнтијава, едвај ќе стигнеме сеа… Ај не ми се прави џентлмен, можам и сама… Го гледа инструкторот за јавање и се моли да ја придржи и дигне за да ја качи на коњ. И, треба нешто да значи ова ако си ми го подал марамчево? …rnrnМажите веќе се свесни дека и со намера нешто да направиш нема да го добиеш, затоа ова почнаа да го практикуваат само за да го направат животот поинтересен, применувајќи некои од овие ретро џентлменски трикови, но за жал веќе изветреани. Башка, што и да направиш за жените веќе е видено на филм и не е интересно.rnrnСе надевам дека понатака и на првиот состанок мажите нема да треба да прават будали од себе кога битно е првиот впечаток на девојчето за тебе, а тоа навидум стана практика кај сите:rn

      rn011

    1. Дали добро ја носи косата?rn
    2. rn011

    3. Дали носи часовник од позната марка? …што укажувало на фактот дека навистина се грижи за својот имиџ, а не дај Боже да носиш и каиш од Мона, тогаш си совршен, но сепак ќе размислам додека не ме качиш во кола.rnА да и најбитното…
    4. rn011

    5. Какви патичиња носиш? (цел град е преплавен со Најк и Адидас патичиња, без разлика на тоа дали им стои на панталоните и маичката или на сакото што го носат у секоја прилика)
    6. rn

    rnШто и да пробате да направите друго, немојте да зажалите ако на крај се почувствувате као кретен.rn

    Така да мажи, сè додека оваа практика не им излезе на девојчињата од глава и почнат да ги гледаат реалните можности на македонското момче, никогаш не пробувајте да бидете џентлмени со избледени џентлменски фори, зашто нема да бидете испочитувани како правилен маж.

  • Што сакаат девојките во врската?

    Што сакаат девојките во врската?

    Признаваме дека сме многу комплицирани и нашиот начин на дејствување не е ни најмалку едноставен. Она што го сакаат девојките, за мажите може да биде вистинска мистерија. Но, доколку се грижите за вашата девојка, ќе се потрудите да ѝ го обезбедите следново во вашата врска:rnrnСигурност и заштита – Девојките сакаат да се чувствуваат сигурно и безбедно. Нема девојка која не сака силен човек покрај неа, кој ќе ја штити од секој кој може да ѝ нанесе болка. Штом девојката ќе ја најде својата заштита во вашата прегратка, бидете сигурни дека ќе ја добиете нејзината љубов.rnrnРазбирање – Дури и да не можете да го разберете нејзиното однесување, трудете се да сфатите како се чувствува. Секогаш нека знае дека ја разбирате и ги почитувате нејзините одлуки. Начинот на кој размислуваат мажите и жените е сосема различен, но луѓето во врска наместо да избувнуваат за секоја ситница, треба да имаат разбирање.rnrnШто сакаат девојките во врскатаrnrnТелесна поврзаност – Можеби најважно е да се разбирате и да имате заеднички ставови и многу теми на разговор, но важноста на телесната поврзаност не треба да се потцени. Дел од секоја здрава и успешна врска е добриот секс. Можеби девојките не размислуваат на оваа тема онолку колку што тоа го прават мажите, но не можат да одречат дека им е потребен добар сексуален живот.rnrnОдговорност – Незрел и неодговорен дечко кој сè сфаќа на шега, може да е интересен само на почетокот. Девојките сакаат одговорни личности кои се грижливи, вложуваат во иднината и ги исполнуваат своите обврски. Тоа им влева чувство на сигурност и безбедност. Никој не сака покрај себе нестабилен човек на кој не може да се потпре кога има проблем.rnrnПоддршка – И кога навидум нешто изгледа како навистина луда идеја, поддржете ја! Верувајте, таа секогаш би ве поддржала вас, па вратете ѝ со иста мера. Поддржете ја во остварување на своите соништа, не ја враќајте назад и не ѝ ја одземајте надежта за успех. Па нели и вие сакате вашата девојка да биде успешна и силна личност?rnrnРамо за плачење – Не сме толку големи плачки колку што вие мислите, но кога ќе се разнежниме сакаме да бидете покрај нас. Бидете ѝ рамо за плачење на вашата љубена, нека осети дека колку и да е лош денот, на крајот од бурното попладне може да се врати кај вас и да најде мир и нега.rnrnМажественост – Бидете џентлмени, со секој ваш гест истакнете ја машкоста. Верувајте, тоа може да направи девојката да полуди по вас. Обрнете внимание на ситниците како: отворање врата, дозволување да седне прва, злобен поглед упатен кон момчето од спротивната страна кој чудно ја гледа…rnrnВнимание за важните датуми – Никогаш не го заборавајте денот кога сте ја запознале, кога сте ја бакнале за првпат, вашата годишнина и слични важни датуми. Сте слушнале за начинот на кој може жената да ве натера никогаш да не ја заборавите вашата годишнина? Само пробајте да ја заборавите еднаш. :)rnrnСмисла за хумор – Човек кој знае да ја насмее и во најтмурните мигови е она што секоја девојка го посакува. Оној кој ѝ носи насмевка на лицето има голема шанса да биде човекот на нејзиниот живот.rnrnПочит – Почит кон нејзините желби и кон нејзините права како жена. Почит кон нејзините соништа и благодарност за она што го вложува во врската. Исто така, бидете свесни дека колку и да ве сака, ќе се откаже од вас доколку немате почит кон нејзиното семејство и најблиските.rnrnДоверба и слобода – Добри се оние знаци дека се грижите за неа и ја сакате за себе, но претераната љубомора нема да ве однесе никаде. Со обид да ѝ ја скратите слободата ќе направите само лошо за вашата врска. Довербата треба да е обострана. Влевајте ѝ доверба и почувствувајте ја истата и од нејзина страна.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Приказната на Џош и Грејс која ќе допре до сечие срце

    Приказната на Џош и Грејс која ќе допре до сечие срце

    Од време навреме, се случува да наидеме на едноставна приказна која ќе ни донесе насмевка на лицето и солзи во очите. Приказна која ќе нè натера да сфатиме колку е важно да имаме надеж за иднината, како и разбирање и поддршка од најблиските.rnrnПораката која Џош и Грејс сакаат да ја споделат со сите нас е токму таква – полна со љубов, разбирање, отвореност и почит. Погледнете ги овие фотографии и ќе сфатите за што станува збор…rnrn

    Запознајте ги Џош и Грејс
    Моето име е Џош и имам 18 години!
    rnrn
    Запознајте ги Џош и Грејс
    Ова е мојата најдобра другарка и постара сестра Грејс.
    rnrn
    Запознајте ги Џош и Грејс
    Некои велат дека имам хендикеп…
    rnrn
    Запознајте ги Џош и Грејс
    Грејс вели дека имам способност на која може да ù се завидува…
    rnrn
    Запознајте ги Џош и Грејс
    Способност да сакам безусловно, да не осудувам.
    rnrn
    Запознајте ги Џош и Грејс
    И НЕ се плашам да бидам ЈАС 🙂
    rnrn
    Запознајте ги Џош и Грејс
    Имам Даунов Синдром
    rnrn
    Запознајте ги Џош и Грејс
    Имам дополнителен хромозом.
    rnrn
    Запознајте ги Џош и Грејс
    Грејс вели „Вистинските пријатели не ги бројат хромозомите“
    rnrn
    Запознајте ги Џош и Грејс
    Луѓето некогаш употребуваат многу лоши зборови, но МНОГУ луѓе ме сакаат.
    rnrn
    Запознајте ги Џош и Грејс
    Ова значи дека зборовите БОЛАТ, но тие воопшто не ме опишуваат мене.
    rnrn
    Запознајте ги Џош и Грејс
    ЈАС СУМ… БУДАЛЕСТ
    rnrn
    Запознајте ги Џош и Грејс
    СМЕШЕН
    rnrn
    Запознајте ги Џош и Грејс
    ПОЛН СО ЉУБОВ
    rnrn
    Запознајте ги Џош и Грејс
    ЖЕЛЕН ДА ПОМАГАМ
    rnrn
    Запознајте ги Џош и Грејс
    ПАМЕТЕН
    rnrn
    Запознајте ги Џош и Грејс
    И имам чувства исто како вас и вашите пријатели
    rnrn
    Запознајте ги Џош и Грејс
    Ќе ви дадам шанса, ако и вие ми дадете мене.
    rnrn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како татковците им даваат добар пример за врските на своите деца?

    Како татковците им даваат добар пример за врските на своите деца?

    Децата учат од татковците како еден маж треба да се однесува кон жената и какво однесување треба жената да очекува од својот маж. Кога таткото им дава лош пример на своите деца најчесто доаѓа до емоционална злоупотреба во нивните врски кога ќе пораснат, а во потешки случаи и до физичко насилство. Затоа е неопходно татковците да им дадат добар пример за врските на своите деца, а тоа ќе го постигнат преку следниве чекори.rnrnКако татковците им даваат добар пример за врските на своите децаrnrn1. Мора да ја ценат нивната мајка. Децата го впиваат односот помеѓу нивните родители, а својата вредност ја осознаваат преку начинот на којшто родителите ги почитуваат децата, и секако преку начинот на кој што родителите се ценат меѓу себе.rnrn2. Татковците треба да покажат дека можат да ги гледаат работите и од туѓа перспектива. Мора да ја покажат важноста на почитувањето на туѓото мислење, дури и кога не се сложуваат со тоа.rnrn3. Децата учат од родителите како активно да соработуваат во решавањето на проблемите и да помагаат во извршувањето на разни задачи.rnrn4. Татковците можат да им дадат добар пример на децата ако им покажат како да ги решаваат проблемите почитувајќи ги сопствените и потребите на другите.rnrn5. Кога кај татковците има мотив да се направат работите подобри, децата тоа веднаш ќе го прифатат и ќе ги прифаќаат предизвиците во врските и воопшто во животот со намера да ги подобруваат работите, а не за да се одмаздуваат да ги усложнуваат.rnrn6. Сочувствувањето со мајката е неопходно. Кога децата ќе видат дека таткото сочувствува со болката или вознемиреноста на нивната мајка, така што сака да помогне и да ја заштити, но не и да ја контролира, ќе сфатат дека мајката има своја личност со свој карактер, темперамент, чувства, мислење и вредности кои се заштитени од него.rnrn7. Добриот став кон другите луѓе ќе се преслика кај децата и ќе немаат проблем да засноваат здрави врски кога ќе пораснат.rnrn8. Покажувањето на приврзаност кон мајката ќе ги направи децата да се чувствуваат заштитени и многу посигурни.rnrn9. Татковците и мајките им даваат одличен пример на своите деца кога прават добри работи еден за друг, односно кога секојдневно се грижат за себе.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кога почнав да се сакам себеси – Чарли Чаплин

    Кога почнав да се сакам себеси – Чарли Чаплин

    Се претпоставува дека поемата „Кога почнав да се сакам себеси“, Чарли Чаплин ја напишал на својот 70-ти роденден, на 16 април 1959 година.rnrnКога почнав да се сакам себеси - Чарли ЧаплинrnrnКога почнав да се сакам себеси,rnсфатив дека секогаш и во секоја приликаrnсум на вистинското место, во вистинското време,rnи дека сè што се случува е така како што треба да биде.rnОттогаш можам да бидам спокоен.rnДенеска знам: тоа се нарекува ВЕРБА.rnrnКога почнав да се сакам себеси,rnсфатив колку може да биде навредливо за некојrnкога се обидувам да му ги наметнам моите желби,rnиако знам дека моментот не е вистински и дека таа личност не е подготвена за тоа,rnпа дури и тогаш кога таа личност сум јас.rnДенеска знам: тоа се нарекува ПОЧИТ.rnrnКога почнав да се сакам себеси,rnможев да препознаам дека емотивната болка и страдањетоrnсе предупредување да не живеам против сопствената вистина.rnДенеска знам: тоа се нарекува АВТЕНТИЧНОСТ.rnrnКога почнав да се сакам себеси,rnпрестанав да копнеам за друг животrnи можев да видам дека сè околу мене беше повик за растење.rnДенеска знам: тоа се нарекува ЗРЕЛОСТ.rnrnКога почнав да се сакам себеси,rnпрестанав да се лишувам од моето слободно време,rnпрестанав да планирам грандиозни проекти за иднината.rnДенеска го правам само она што ми причинува задоволство и радост,rnона што го сакам и заради кое моето срце се смее.rnГо правам на мој начин, со мое темпо.rnДенеска знам: тоа се нарекува ИСКРЕНОСТ.rnrnКога почнав да се сакам себеси,rnпобегнав од сè што не е здраво за мене,rnод јадења, луѓе, работи, ситуации…,rnод сè што ме влечеше надолу и ме оттргнуваше од самиот себе.rnНа почетокот тоа го нарекував „здрав егоизам“,rnно денеска знам: тоа е ЉУБОВ КОН САМИОТ СЕБЕ.rnrnКога почнав да се сакам себеси,rnпрестанав да сакам секогаш да сум во право,rnа на тој начин помалку грешев.rnДенеска знам: тоа се нарекува СКРОМНОСТ.rnrnКога почнав да се сакам себеси,rnодбив да живеам во минатотоrnи да се грижам за мојата иднина.rnЖивеам овде и сега.rnДенеска знам: тоа се нарекува СВЕСТ.rnrnКога почнав да се сакам себеси,rnвидов дека моите мислиrnможат да ме направат мизерен и болен.rnНо, кога моите мисли побараа сила од срцето,rnмојот ум доби важен партнер.rnДенеска знам: тоа се нарекува МУДРОСТ НА СРЦЕТО.rnrnКога почнав да се сакам себеси,rnсфатив дека нема потреба да се плашиме од дискусии, конфликти и проблеми,rnбидејќи дури и ѕвездите понекогаш се судираат,rnно потоа создаваат нов свет.rnДенеска знам: тоа се нарекува ЖИВОТ.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 50 брзи начини да станете личноста која ќе ја сакате

    50 брзи начини да станете личноста која ќе ја сакате

    Времето и вниманието кои си ги посветуваме себеси покажуваат колку си се сакаме и си се воодушевуваме на она што сме. За да се сакаме себеси, прво треба да се поставиме себеси на врвот од листата со приоритети. Еве неколку идеи за тоа:rnrn50 брзи начини да станете личноста која ќе ја сакатеrnrn1. Елиминирај ги сите искази кои почнуваат со „треба“ и „би требало“.rnrn2. Уживај во паузите.rnrn3. Соочувај се директно со твоите стравови.rnrn4. Биди личност на која другите можат да сметаат.rnrn5. Биди одговорен/а кон себеси.rnrn6. Биди комплетно искрен/а.rnrn7. Ставај ги твоите потреби на прво место.rnrn8. Забележувај ги убавите работи околу себе.rnrn9. Нека твојот ум биде отворен за промени.rnrn10. Поставувај остварливи цели.rnrn11. Прави ги работите со темпото кое тебе ти одговара.rnrn12. Цени ја својата индивидуалност.rnrn13. Биди отворен/а за неограничени можности.rnrn14. Забележувај го хуморот во секојдневните нешта.rnrn15. Прифати ги своите недостатоци.rnrn16. Наградувај се себеси.rnrn17. Биди флексибилен/а.rnrn18. Биди благ/а кон себеси.rnrn19. Прифати дека постои можност да не си во право.rnrn20. Смеј се и без посебна причина.rnrn21. Биди трпелив/а.rnrn22. Уживај во природата.rnrn23. Појди на масажа.rnrn24. Честитај си на самиот/а себеси за секој твој успех.rnrn25. Знај се себеси.rnrn26. Цени ја состојбата во која се наоѓаш денес.rnrn27. Комуницирај со сопствените чувства.rnrn28. Дај си простор.rnrn29. Научи да се опушташ.rnrn30. Научи да се смируваш.rnrn31. Слушај музика.rnrn32. Почесто кажувај „не“.rnrn33. Искусувај нови нешта.rnrn34. Прави кратки паузи во текот на денот.rnrn35. Дружи се со позитивни и среќни луѓе.rnrn36. Планирај си време за лична забава.rnrn37. Биди беспрекорно дотеран/а – облекувај се за успех.rnrn38. Искористувај ја максимално секоја прилика.rnrn39. Полни си ги батериите.rnrn40. Не расправај се.rnrn41. Балансирај го начинот на исхрана.rnrn42. Спиј здраво.rnrn43. Чувствувај и изразувај благодарност.rnrn44. Развиј ја својата интуиција.rnrn45. Прифати го својот физички изглед.rnrn46. Кажувај убави работи за себе.rnrn47. Престани да се критикуваш.rnrn48. Биди храбар/а.rnrn49. Биди кул.rnrn50. Почнувај од почеток секој нов ден.rnrn+1* Наместо да коментираш на овој пост, искористи го времето за себе.rn

  • 8 очигледни знаци дека водите здрава љубовна врска

    8 очигледни знаци дека водите здрава љубовна врска

    Која е вашата дефиниција за здрава љубовна врска? Најверојатно секој од вас има различна, бидејќи истата ја креирате врз основа на вашите лични желби и потреби, но доколку сакате вашата врска да потрае и да биде исполнета со страст, љубов, нежност и позитивна енергија, најверојатно треба да прoверите дали ги почитувате осумте знаци на водење здрава љубовна врска.rnrn8 очигледни знаци дека водите здрава љубовна врскаrn

    1. Помеѓу вас постои обострана почит

    rnНаједноставен начин за да се уверите дали вашата врска е добра или не, е степенот на почит кој постои помеѓу вас и вашиот партнер. Ако ги почитувате желбите, интересите, потребите и ставовите на вашиот партнер и тој ви возвраќа со иста мера, тогаш вашата врска е на добар пат. Но, доколку постојано се напаѓате, критикувате и не го разбирате јазикот на кој зборува вашиот партнер, вашата врска најверојатно нема здрав корен.rnrn

    2. Возбудени сте пред да го видите вашиот партнер

    rnОние партнери кои се во добра љубовна врска, едвај чекаат да се видат следен пат. Без разлика колку време сте заедно, секогаш треба да постои малку страст и возбуда во вашето срце пред да се видите. Можеби убаво сте си го поминале времето додека сте биле одвоени на различни места, со различни луѓе, но битно е двајцата да чувствувате потреба да поминете време заедно.rnrn

    3. Тежнеете меѓусебно да се инспирирате, а не да се навредувате

    rnКога сте дел од една здрава љубовна врска, треба природно да ви доаѓа да го поддржите вашиот партнер, да ги истакнете неговите/нејзините јаки страни и квалитети, како и да ги надополните сите карактерни недостатоци кои ги има. Вашиот љубен/а треба ви да возврати со иста мера. За да се чувствувате среќни, треба со партнерот меѓусебно да се надградувате, да ги проширите вашите хоризонти и да сакате да ги откриете тајните кои ги крие животот. Среќни врски не се оние кои се исполнети со драма и емоционално растројство на партнерите.rnrn

    4. Помеѓу вас постои вистинска хемија

    rnМожеби оваа фраза ви звучи малку „плитка“ но она што вистински ја одржува една љубовна врска е искрата, хемијата која постои помеѓу вас. Тоа не значи дека добриот секс е најважната работа во една врска, но да се соочиме со реалноста – сексот е важна работа. Ако помеѓу вас нема телесна привлечност и потреба за размена на љубовни страсти, тогаш постои голема шанса дека вашиот партнер ви претставува нешто повеќе од пријател, но помалку од љубовник, а таквиот однос не ветува добра брачна заедница во иднина.rnrn

    5. Искрени сте еден со друг

    rnДобра љубовна врска не може да биде заснована на лаги и манипулации, така што ако имате навика да криете работи од вашиот партнер или тој од вас, тогаш вашата врска не е изградена на здрава основа. Ако ви е битно да ја задржите вашата врска, почнете да ја кажувате вистината. Веднаш!rnrn

    6. Сакате да избегнувате драматични ситуации

    rnРечиси е невозможно да имате добра љубовна врска, ако еден од вас внесува драма во вашата врска или што е уште полошо, некој од вас се однесува како „куче пуштено од ланец“ кога не сте заедно. Пред да помислите дека сакате да имате убава љубовна врска, имајте на ум дека треба прво да си го средите вашиот сопствен живот, за да чувствувате доволно простор да запознаете нечиј друг. Ретко на кој од нас би му текнало на овој факт, но вистина е – партнерот не може да ви го подобри вашиот живот, ако не умеете самите да се погрижите добро за него.rnrn

    7. Љубовната врска која ја имате не е креатор на вашата среќа, туку само ја надополнува

    rnДа повториме уште еднаш: ако не сте задоволни од животот кој го живеете, започнувањето врска со личност која е прекрасна со вас, се труди да ве направи среќни и вашите карактери се поклопуваат, сепак нема да ви биде доволна. Морате прво да бидете среќни со животот кој го живеете и вашиот партнер да биде среќен со својот, за да бидете способни меѓусебно да се усреќите во вашата врска.rnrn

    8. Уживате во моментот, но размислувате и за иднината

    rnЖивотот е најубав кога ќе научите да живеете за моментот, а не во минатото или иднината. Но, ако се уловите себеси како размислувате за развитокот на вашата врска во иднина, тогаш тоа е добар знак. Желбата да бидете со некој во иднина е доволен показател дека вашата врска нема потенцијал да биде лоша или краткотрајна.