Еднаш одамна, живеел еден маж кој имал големо и дарежливо срце и кој многу сакал да помага. Овој маж би му помогнал секому, дури и без да побара ништо за возврат. Тој помагал затоа што го едноставно го сакал тоа. Еден дел додека одел по својот пат, тој пред своите нозе забележал чанта, па ја подигнал и видел дека е празна. Одеднаш една жена со полицаец се појавила пред него и потоа го уапсиле.rnrn
rnrnЖената постојано вознемирено прашувала каде се парите, но мажот цело време ѝ велел дека ја нашол нејзината чанта празна. Жената непрекинато му викала да ѝ ги врати парите, бидејќи ѝ биле потребни за училиште на нејзиниот син. Мажот забележал дека таа била тажна, па токму затоа и ѝ ги дал сите негови пари. Тој претпоставувал дека таа е сама со синот и дека постојано се борат за пари.rnrn„Земи ги овие пари и се извинувам за непријатностите“, ѝ одговорил тој смирено.rnrnЖената во тој момент си отишла, а полицаецот го задржал мажот на испрашување. Таа била пресреќна кога се вратила дома, но подоцна кога ги пребројала парите сфатила дека се дупло повеќе одошто таа имала претходно. Но, решила да го игнорира тоа.rnrnДента кога тргнала да ги плати долговите на училиштето во кое учело нејзиниот син, таа забележала дека слаб маж одел зад неа. Од страв да не биде повторно ограбена му пристапила на истиот полицаец кој ѝ помогнал за нејзината чанта. Во истиот момент кога му кажала за мажот кој ја следел, тој се онесвестил. Тие се стрчале накај него и во тој момент забележале дека станува збор за истиот оној кој ѝ ги дал парите кога беше уапсен.rnrnТој делувал многу слабо, па затоа и жената била збунета. Тогаш полицаецот ѝ рекол дека тој не ѝ ги вратил нејзините пари, туку дека ѝ ги дал сите негови бидејќи му било жал за нејзината ситуација. Кога се вратил при свест, тие му помогнале на мажот да се исправи, а тој тивко ѝ рекол:rnrn„Ве молам платете ги вашите долгови. Јас ве видов како одите и почнав да ве следам за да се погрижам дека нема повторно да ве ограбат.“rnrnЖената останала без зборови.rnrnПоука: Животот ви дава чудни искуства, кои понекогаш ќе ве шокираат, а некогаш ќе ве изненадат. Токму затоа и во лутина, очај или фрустрација може да направиме погрешна проценка или грешка. Но, кога ќе добиете втора шанса, поправете ги вашите грешки и возвратете ја услугата. Бидете дарежливи и љубезни. Научете како да го цените она кое го имате.
Tag: почит
-

Поучна приказна: Научете како да цените
-

Поучна приказна: Дрвена чинија
Еден истоштен стар човек отишол да живее со синот, неговата сопруга и 4-годишниот син. Рацете на старецот се треселе, неговиот вид бил заматен, а неговото движење бавно. Тие секогаш јаделе заедно на трпезариската маса, но треперливите раце и лошиот вид на старецот предизвикувал многу проблеми. Храната паѓала од неговата лажица на подот, чашата млеко се слизнувала од неговите раце и се истурала врз масата…rnrn
rnrnСинот и неговата сопруга почнале да се нервираат поради нередот. „Мора да направиме нешто за татко ми“, рекол синот. „Не можам да издржам повеќе истурено млеко, гласно јадење и храна на подот“. Токму затоа тие поставиле мала маса во аголот од просторијата каде што дедото ќе јаде додека останатите уживаат во ручекот на големата маса. Бидејќи тој скршил неколку чинии, неговата храна била сервирана во дрвена чинија. Времето поминувало и понекогаш кога тие го погледнувале за време на ручекот можеле да забележат мала солза во неговото око додека седел и јадел сам. Сепак, единствените зборови кои парот му ги кажувале биле остри критики кога ќе му паднела виљушката или пак, кога ќе истурел храна. 4-годишното дете набљудувало во тишина.rnrnЕдна вечер, пред вечерата, таткото забележал како синот си игра со дрвени остатоци на подот. Тој љубезно го прашал „Што правиш?“ Исто толку љубезно и синчето му одговорило, „Ох, правам мали чинии за тебе и мама со цел да можете да ја јадете вашата храна кога ќе пораснам“. Детето се насмеало и се вратило назад на работа.rnrnОваа изјава толку силно ги погодила неговите родители, што тие останале без зборови и се расплакале. И покрај тоа што не изговориле ниту еден збор, и двајцата знаеле што треба да се направи. Истата вечер мажот му подал рака на дедото и внимателно го одвел до фамилијарната маса каде што тој јадел со останатите до крајот на својот живот. И поради некоја чудна причина, ниту сопругот ниту сопругата веќе не се грижеле за паднатите виљушки, истуреното млеко или дамките врз чаршафот.rnrnПоука: Вие го жнеете тоа што сте го сееле. Без разлика на вашата врска со родителите, тие многу ќе ви недостасуваат кога нема да бидат повеќе дел од вашиот живот. Секогаш почитувајте ги, грижете се за нив и сакајте ги! -

8 работи кои можеме да ги научиме од Кинезите
Филип Мања е од Белград и има дипломирано кинески јазик и книжевност, а за време на студиите се заинтересирал и за кинеската медицина. Така открил многу работи кои можеме секојдневно да ги учиме од Кинезите.rnrn
rnrnВо 2008 година, кога престојувал во Кина, тој се запознал со кинеските вештини чи гонг и таи џи чуан, а после три години повторно се вратил во Кина за да пронајде учител со кого би ги совладал овие вештини како и кинеската медицина.rnrnПоминал 8 месеци под кровот на стариот мајстор Дуан Зилианг, за потоа да одлучи својот живот да го помине во изучување на кинеската медицина.rnrnФилип кажува дека премногу научил додека бил во Кина, но патот до знаењето нема почеток и крај, туку постојано се надградува.rn1. Фокус и упорност
rnКога Кинезите прават нешто, тоа го прават со внимание и не постои ништо што може да им го одвлече. Ако имаат некаква цел, тогаш секој нивен потег ќе биде фокусиран на остварување на целта, без разлика колку време тоа ќе трае или дали е лесно или тешко.rn
2. Скромност
rnСкромноста помеѓу Кинезите отсекогаш била високо вреднувана и таа е доблест која никогаш не ја напуштиле, дури ни денес покрај големите промени во модерното кинеско општество. Интересно е тоа што порано во кинескиот јазик постоеле зборови за „јас“ во скромна форма.rn
3. Почит кон постарите и учителите
rnПрофесорите, лекарите, спортистите, луѓето кои нешто постигнале се крајно почитувани во Кина. Со тоа покажуваат дека се благодарни.rn
4. Поддршка на другите
rnСпоред Филип, ако во Кина се изразите на каков било креативен начин – со зборови, со песна, со игра, со слика – секогаш ќе добиете поддршка и тие ќе ви се приклучат во тоа што го правите. Исто како што прават малите деца.rn
5. Староста не е болест
rnКина е рај за пензионерите. Кинеските пензионери се многу креативни и среќни. Наутро или во текот на денот се во парковите, а навечер на плоштадите. Секаде ќе видите група од постари луѓе кои пеат, свират, се забавуваат со игри или се движат за да ја подобрат циркулацијата во телото.rn
6. Балансирани оброци на време
rnКинезите појадуваат наутро околу 7 или 8 часот, ручаат во 12 или 13 часот, а вечераат околу 18 часот. За разлика од кај нас, таму нема оброк кој се состои од огромно парче месо. Зеленчукот доминира, а месото е издробено на мали парчиња. Имаат обичај да зборуваат за храната додека јадат, а тоа е одличен начин мозокот во моментот да се фокусира на самиот процес на јадењето.rn
7. Вежбањето е патот до здравјето
rnКинезите не вежбаат со цел да ослабат, да го затегнат телото, да го подобрат изгледот или да се исцрпат максимално, тие вежбаат за да бидат здрави. Тие практикуваат брзо одење, лесно трчање, флуидни движења и истегнување. Целта им е да ја подобрат циркулацијата на крвта, да го покачат нивото на енергија, да ја стимулираат работата на внатрешните органи, да го истегнат телото и да ги зајакнат тетивите и мускулите.rn
8. Чи гонг и таи џи чуан
rnОва се традиционални системи за статички и динамички вежби со цел да се унапреди физичкото и менталното здравје, да се постигне подобар фокус на мозокот и да се стекнат посебни вештини.
-

Ниту една жена која се почитува доволно не треба да ги трпи овие 12 видови однесувања од мажите
Доколку игнорирате одредено непочитување од мажите, тогаш тоа со сигурност ќе продолжи. Жената не треба да прифаќа да биде понижувана, ниту пак кон неа да се однесуваат на никој друг начин освен со почит. Таа не треба да толерира било каков вид лошо однесување од мажите. Токму затоа погледнете ги следниве 12 суптилни однесувања без почит од страна на мажите на кои треба да ставите крај веднаш.rnrn
rnrn1. Врска од типот 50/50. Тој води сметка за сè што правите со цел да се осигури дека вие сте го „платиле“ својот дел.rnrn2. Тој бара да платите на првиот љубовен состанок или пак, на сите состаноци на кои досега сте биле. Никој не вели дека мажите треба да плаќаат секогаш за време на вашата врска, ниту пак дека жените треба тоа постојано да го бараат од нив. Но, кога станува збор за првиот состанок, тогаш кавалерски е да се понуди.rnrn3. Доцнење без изговор или претходна најава. Доколку од самиот почеток на вашата врска постојано го чекате сами, тогаш големи се шансите тој да продолжи со ова однесување до бескрај. Ништо чудно доколку се случи и некогаш целосно да ве заборави. Со тоа само ви дава до знаење дека не ве почитува, ниту пак се грижи за вас.rnrn4. Извисување. Дури и ако следниот ден ви се јави за да ви се извини и без разлика на тоа колку добра причина имал, сигурно можел да најде 3 секунди слободно време за да ви пише дека нема да може да дојде.rnrn5. Постојано откажување или презакажување. Во овие ситуации не можете да не се почувствувате дека сте неговиот втор, па можеби дури и трет избор.rnrn6. Лажење за местото на кое се наоѓа. Всушност сите видови лаги се неприфатливи и неоправдани. Особено ако знаете дека станува збор за лага, а тој упорно се обидува да ве убеди во спротивното.rnrn7. Криење дека се гледа и со други жени. Дури и сè уште да не сте дел од сериозна врска, добро е да знаете точно на што сте со оваа личност. Токму затоа било какво криење информации од негова страна за неговиот живот е исто толку лошо како и директното лажење за нив.rnrn8. Сарказам кој предизвикува потиштеност во вас. Вие не сте должни да трпите никаков вид забелешки и шеги кои се насочени кон вашата тежина, интелигенција или изглед.rnrn9. Флертување со други жени во ваше присуство. Зарем треба да се каже нешто повеќе?rnrn10. Ветувања до кои не се придржува. Доколку тој не се придржува до најмалите ветувања, како можете да очекувате од него да ги одржи оние големите, кои би можеле да имаат силно влијание врз врската?rnrn11. Постојано ви бара пари. И никогаш не помислува да ви ги врти. Зарем вие му изгледате на банка?rnrn12. Ве претставува како пријателка, а не како девојка. Штом тој не сака другите да знаат каков е вашиот статус, тогаш големи се шансите дека крие нешто многу повеќе во врска со неговиот љубовен живот.rnrnПостојат и други видови однесувања, кои можеби се суптилни и на прв поглед не изгледаат страшно, но како што поминува времето така сè повеќе ќе сфаќате дека во нив нема ниту грам почит. Токму затоа ако се двоумите, едноставно запрашајте се како вие се чувствувате кога вашето момче ги прави овие нешта. Ако се чувствувате вознемирено или непочитувано, тогаш имате право да го искажете тоа. Разговарајте за овие чувства и ако нема промена, тогаш можеби би требало да продолжите понатаму. -

Што е она што жените навистина го бараат во врската?
И додека на сите ни е добро позната изреката Жените не знаат што сакаат, факт е дека вистинскиот проблем е тоа што тие се комплицирани. Целата фрка настанува во моментот кога жената се обидува да го побара од мажот тоа што го сака, па наместо лесно и едноставно, тоа излегува комплицирано и мажот во глава добива мешавина од триста мисли. За сите оние мажи кои се соочуваат со овој проблем, следниве неколку состојки се оние кои ќе ја направат магијата, па вие покрај себе ќе имате среќна и задоволна жена.rnrn
rnПочит
rnБез почит нема ни љубов. Заедницата, каква што е врската (во најмала форма), бара меѓусебно почитување на партнерите. Почитување на мислењето, ставовите, акциите. Кога некого цените и на тој некој му ги признавате оние нешта кои тој ви ги дава, тогаш и вие ќе го добиете тоа од него. Ова особено се однесува на љубовните врски. Жените најмногу од сѐ бараат да бидат почитувани од својата посилна половина бидејќи почитта е знак дека некого вреднувате како човек пред сѐ останато.rn
Внимание
rnОна нешто кое на секоја жена без исклучок ѝ е потребно во врската за таа да биде среќна е вниманието. Можеби звучи малку сурово, но реалноста е таква што вниманието „купува“ сѐ. Иако толку очигледно, многу мажи токму ова го забораваат откако ќе влезат во врска. Да, направивте сѐ и сешто за да го освоите нејзиното срце, но за да го задржите ќе треба да направите уште многу повеќе.rn
Секс
rnПостои една поговорка од оние поискусните врскаџии според која врската не може да опстои без секс. Можеби звучи површно и бесчувствително за некои, но во најголем број случаи навистина е вака. Како една од основните човекови потреби, сексот е витален дел од секоја врска, но кога е жената во прашање сексот е многу повеќе од тоа. Сексот е за неа е истовремено и физичко задоволство и доказ за љубов, па затоа мажи, сфатете го ова сериозно и направете жената покрај вас да се чувствува посебно и сакано.rn
Романтика
rnПа која жена може да ѝ одолее на романтиката? Која жена нема да се воодушеви кога ќе види постела од рози, милион свеќички кои совршено ја осветлуваат собата и ќе ја слушне нејзината најубава балада која свири во позадина? Ниту една, освен онаа која тоа го гледа после многу разговори во доцните часови кога му кажувала на својот маж колку ѝ е тоа потребно. Романтиката не е неопходно потребна секој ден, но одвреме-навреме, секоја жена сака да биде романтично изненадена.rn
Време
rnЖените сакаат да бидат приоритет во животот на нивните мажи. Иако свесни дека тоа е невозможно 100 проценти од денот, одвоеното време, особено за оние важните работи, ќе си го заврши своето. Посветеното време значи многу, значи љубов, значи грижа, значи желба. А тие може да ве одведат далеку.rn
Комуникација
rnЖените обожаваат да зборуваат. Сѐ што се случува, сѐ што чувствуваат, сѐ што им се мота низ глава… Едноставно мора да се изјаснат и да кажат што им лежи на душа, а покрај себе сакаат некој со кој може да ги споделат тие моменти. Тие сакаат некој кој ќе биде искрен и со кој ќе можат да ги споделат дури и своите најстрашни стравови и најпосакувани желби, но и некој кој ќе го направи истото. Сакаат да слушнат дека се убави, сакаат да слушнат дека се сакани, сакаат да слушнат дека мажите ги гледаат сите оние нешта кои тие ги прават за нив.rn
Постојаност
rnЧувството дека имате некој на кој може да се потпрете е непроценливо. Иако можеби не секогаш жената делува заинтересирано, таа сака да знае дека има некој покрај себе. И не, стабилноста и постојаноста не се досадни доколку не го дозволите тоа. Тие можат да бидат шармантни и непредвидливи, весели и необични… Сѐ што треба е да бидете присутни и желни, полни со поддршка и љубов.rn
Посветеност
rnВрската не е нешто кое, откако ќе го добиете, може само да го оставите на страна и тоа да си стои таму. Врската бара работа, врската бара многу работа. И на неа мора да се посветени и двајцата партнери бидејќи кога само еден е задолжен за сѐ, порано или подоцна ќе пукне. Жените имаат потреба да почувствуваат дека нивниот маж се залага за врската, дека таа му е важна и тој е подготвен да направи сѐ што може за таа да биде убава и здрава.rn
Забава
rnКој ужива и кому му е убаво кога се досадува? Никому. Врската не е ништо поинаква во оваа смисла. Затоа е сосема очекувано да забележите незадоволство и почести расправии кога врската ќе влезе во некоја рутина. Бидејќи, додека рутината си има своја убавина, а сериозноста е неопходна во поголем дел од денот, сепак хуморот, шегите и насмеаните лица се оние кои ја прават врската убава.rn
Предизвик
rnСѐ е позабавно и попривлечно кога претставува некаков предизвик нели? Така е и со врските. Жените сакаат покрај себе некој кој ќе ги предизвикува и возбудува, некој кој ќе ги мотивира да бидат повеќе и подобри, некој кој е расположен за промени и авантури. Иако ова не е неопходно на дневна база, сепак слободниот дух на мажот е нешто што е неверојатно секси и привлечно.
-

5 фрази кои се многу поважни од „Те сакам“
Чувството кое го предизвикуваат зборовите Те сакам е за многу луѓе едно од најубавите. Постојат многу љубовни приказни во кои е опишан самиот момент и што сѐ луѓето прават за да го чујат тоа Те сакам. Но она што многумина го забораваат е дека овие два збора не се доволни за една врска да опстане. Колку што постојат приказни кои сведочат за бескрајната љубов меѓу поединци, толку постојат и приказни кои покажуваат дека Те сакам само по себе не е доволно за среќен крај. Следниве 5 фрази се всушност многу поважни зборови до кои треба да се придржувате доколку копнеете по вашата среќна љубовна приказна.
rn1. „Ти простувам“
rnПростувањето е многу тешко. Кога некој ќе ве повреди повеќе одошто сте очекувале, вие сте лути и гневни, но и разочарани и повредени. Во тие моменти не ни можете да замислите да простите и да продолжите како ништо да не се случило. И веројатно никогаш нема да можете. Но токму поради тежината која ја носи со себе простувањето, неговото значење е неверојатно големо. Добивањето втора шанса е многу важно, бидејќи секој, буквално секој, може да згреши во даден момент.rn
2. „Те почитувам“
rnМеѓусебното почитување е многу поважно во споредба со многу работи во врската, не само од љубовта. Вистина е дека за романтична врска потребно е да постои љубов, но тоа е можно ако и само ако постои почитување меѓу партнерите. За да сакате некого вие прво треба да го почитувате тој некој. Постојат многу врски кои опстоиле само поради меѓусебното почитување на партнерите и токму затоа зборовите Те почитувам значат многу повеќе отколку Те сакам. Тие ќе ѝ кажат на саканата личност дека ја прифаќате таква каква што е и дека сакате да бидете со неа и со сите нејзини предности и недостатоци.rn
3. „Те поддржувам“
rnВо врската е многу важно да знаете дека партнерот е покрај вас и во добро и во лошо и дека е секогаш подготвен да ве поддржи во тоа што го правите. Поддршката значи многу, особено кога се обидувате да направите нешто за кое сте сонувале долго време, но дури и тогаш кога станува збор за едноставни работи како издржување на секојдневните работни обврски. За сѐ што правиме во животот, потребна ни е нечија поддршка, бидејќи без неа, дури и најмалата пречка на патот може да нè спречи во нашата цел. Кога имате некој покрај себе, сѐ е полесно бидејќи знаете дека тоа што ви е вам важно, важно му е и нему и тоа само поради вас.rn
4. „Посветен/а сум на тебе и нашата врска“
rnКому му е потребен партнер кој би се откажал при првите знаци на тешкотии во врската? Никому. Ниту пак некој кој не сака да работи на врската и не е способен да ѝ го пружи на саканата личност потребното внимание. Затоа овие зборови зад кои стојат дела кои ги поддржуваат значат многу. Значат дека имате покрај себе личност која е подготвена да се посвети и да даде максимум за вас и за вашата врска и која е решена да направи сѐ за да бидете среќни.rn
5. „Би се жртвувал/а за тебе“
rnУбаво е кога сте нечиј прв избор. Убаво е да имате некој покрај себе кој секогаш би ве избрал вас пред кој било друг. Убаво е да знаете дека на таа личност вие сте ѝ секогаш приоритет и ништо не ѝ е поважно од вас. Затоа и не ѝ е тешко да жртвува дел од своето време за вас. Не ѝ претставува проблем да се откаже од нешто што сака да го прави само за да прави нешто заедно со вас бидејќи тоа ве прави вас среќен/на. Секому е потребен таков човек во животот бидејќи ако е подготвен да жртвува свој ќеиф за вас, тогаш навистина сте огромен и важен дел од неговиот живот.
-

Заслужуваме некој за кој ќе бидеме целиот свет и ништо помалку
Ако научивме нешто од шпанските серии, покрај шпанскиот јазик секако, тоа е дека љубовта секогаш победува на крај. Двајцата главни ликови поминуваат низ сито и решето само за на крајот, после добри 250 епизоди плачење и карање, да завршат заедно и среќни до крајот на животот. Колку и реалноста да е различна од сериите, а ѐ прилично многу, сепак останува таа логика дека љубовта победува сѐ и сешто и дека никогаш не треба да се откажувате од неа.rnrn
rnrnДоколку сте биле доволно среќни да бидете опкружени со луѓе кои ве сакаат и ви покажале што навистина е љубовта, тогаш знаете дека нема поубаво чувство на светот. Тие се подготвени да дадат и направат што и да е потребно за вас, а и вие би го направиле истото за нив и повеќе. Па, знаејќи како е да се чувствувате сакани и важни некому, дали би можеле да се согласите на нешто помалку од вистинска љубов и некој кој би дал сѐ за вас, кога би зборувале за романтична врска? Одговорот е дека животот е суров и не секогаш имаме можност да го направиме изборот кој го сакаме. За жал и без разлика дали ни се допаѓа тоа или не, љубовта сама по себе не е доволна. Па кога би можеле да изберете, изберете го оној на кој ќе му бидете сѐ.rnrn
rnrnЖивотот е еден и немаме втора шанса да го живееме по прв пат. Знаејќи го ова, тежнееме кон што подобар живот и што повеќе насмеани лица во него. Покрај сите лоши работи кои се случуваат, сите мизерни нешта и луѓе околу нас, на сите ни е потребна онаа личност покрај која ќе се чувствуваме сигурни и заштитени. Некој кој знаеме дека е секогаш тука за нас, некој кој ќе дојде дури и ако забележи мала промена во тонот со кој зборуваме, а која му навестила дека можеби нешто не е во ред. Потребна ни е личност на која знаеме дека може да се потпреме кога ни е најтешко, која ќе биде нашиот најдобар пријател и најголем критичар со кој ќе можеме да споделуваме што и да ни лежи на срце и која ќе биде отворена и слободна да го направи истото, не плашејќи се да нè спушти на земја кога е тоа неопходно. Ова не е возможно ако сме со некој кому ќе му биде лесно да се сврти и да замине во секое време, некој кој не е подготвен да се бори за нас и нашата врска, па лесно се откажува. Зошто би се помириле да бидете со некој/а кој/а е таков/ва доколку можете да изберете поинаку?rnrnАко сме целосно искрени, тогаш реално е да признаеме дека секогаш имаме избор. Само не секогаш изборот кој го правиме ѐ или може да биде во согласност со сите наши желби и потреби. Совршен маж или жена не постојат и сите имаме свои доблести и недостатоци кои нè прават тие што сме. Постои една изрека која вели дека не треба да го избереме подобриот човек, туку оној кој нè прави подобра личност. Па колку треба да сме среќни ако и двете овие работи ги најдеме во истиот маж или жена? Знаејќи дека таква личност постои и нè обожава, не би ни можеле да се согласиме на ништо помалку. Ништо помалку од некој кој нè сака со цело срце и на кој секогаш ќе му бидеме прв и единствен избор, кој го гледа целиот свет во нас и ни дозволува да бидеме рамноправен дел од него. Сакаме и заслужуваме внимание, промисленост, спонтаност, некој кој е доволно искрен да признае кога ќе погреши и доволно зрел да ни прости кога ние сме тие што погрешиле.rnrn
rnrnЗаслужуваме да бидеме секојдневно потсетувани колку сме сакани и посебни некому, а една силна прегратка која за неколку секунди нè враќа во живот го прави тоа. Всушност, многу малку е потребно за да бидеме среќни и тоа никогаш не се материјалните нешта. Со други зборови, повеќе ќе ни значи грижливо избраниот цвет од неговата градина или подарокот за кој одвоила време самата да го направи отколку што било друго што може да се купи со пари.rnrnЗаслужуваме ден исполнет со насмевки бидејќи знаеме дека постои некој кој е тука да остане и ноќи исполнети со страст бидејќи сме со човек кој не може да замисли да ги одвои прстите од нашето тело.rnrnЗаслужуваме некој кој безусловно нè сака не сомневајќи се за миг дека и ние го чувствуваме истото, некој кој е подготвен да го помине остатокот од животот со нас и нашите будалаштини и кој ќе нè умре од зафркавање кога ќе направиме или кажеме некоја глупост. Во животот ни е потребно да имаме некој со кој ќе можеме да правиме секакви лудории и на кој нема да му биде срам од тоа бидејќи знае дека една од најважните работи во животот, ако сакаме да останеме нормални, е да се забавуваме.rnrn
rnrnНајмногу од сѐ, заслужуваме некој кој ќе нè почитува и разбере. Човекот подготвен да ни даде поддршка во секое време и да не крене на нозе кога ние самите не го можеме тоа е човек кој ретко се наоѓа.rnrnЗаслужуваме некој кој ќе нè предизивикува да бидеме повеќе бидејќи знае дека го можеме тоа, па ќе ни ги отвори очите пошироко кога сме слепи да го видиме она што е пред нас.rnrnЗаслужуваме некој со кој ќе бидеме толку среќни, што таа позитивна енергија ќе се шири околу нас и кон сите луѓе во наша околина, па никому нема да му биде потребно да слушне колку се сакаме бидејќи јасно и гласно ќе може да го почуствува тоа.rnrnНо она што е најважно е дека заслужуваме некој кој е свесен дека и тој го заслужува сето ова. Некој кој се цени себеси доволно за да прекине нешто кога тоа повеќе не е добро за него. Некој кој нема да се согласи на помалку од тоа што го дава, бидејќи врската е рамноправна заедница. Таа е заедно во секоја смисла на зборот бидејќи она што важи за едниот важи и за другиот и сѐ правиме заедно. Врските не се и не треба да бидат лесни бидејќи кога нешто оди како подмачкано, тогаш некаде нешто навистина не е во ред.rnrnПа така, заслужуваме некој кој знае кој е и што е и кој ќе се обиде да го направи и невозможното за нас бидејќи знае дека и ние ќе го направиме тоа. Тој некој ќе стои исправено покрај нас кога заедно ќе поминуваме низ сето она што животот ни го приредил, цврсто држејќи нè за рака знаејќи дека ние само посилно ќе ја стегнеме неговата.rnrn
-

6 нешта кои не би требало да ги очекувате од луѓето околу вас
Кога очекувате нешто од некого, најчесто останувате разочарани. Личноста можеби и го исполнила очекуваното, но не на начинот на кој вие сте го замислиле или посакувале тоа, а можеби и се случило сосема спротивното. Во секој случај, вие сте разочарани, а тогаш чувствувате сѐ освен среќа, задоволство и исполнетост. А нели би било поубаво кога би постоело начин тоа разочарување да се минимизира и во идеален случај да се елиминира?rnrn
rnrnЕдинственото нешто кое можете да го направите доколку не сакате да се разочарате е да престанете да очекувате луѓето да направат некои работи или да се такви какви што вие ги имате замислено. Една работа која е пожелно да ја имате на ум е тоа дека секој функционира на свој начин и не би требало од никој да барате да го смени тоа. Со оглед на ова, очекувањата кои ги имате не ви се поддржани ниту, пак, оправдани. Бидете подготвени на сѐ и сешто од секого и помирете се со фактот дека она што вие го давате не секогаш е она што го добивате.rn1. Не очекувајте да ве почитуваат доколку вие самите не се почитувате себеси и другите, па ни тогаш
rnОдносот кој вие го имате самите кон себе е неверојатно важен. Сликата која вие ја претставувате е онаа преку која луѓето комуницираат со вас, која ги привлекува или одбива. Ако вие не се почитувате себеси тогаш зошто воопшто и би помислиле дека другите ќе го прават тоа? Сакајте се и почитувајте се себеси такви какви што сте и на другите ќе им биде многу полесно да го направат тоа. Исто така, доколку вие почитувате некого не мора да значи дека таа личност ќе ве почитува вас. Не очекувајте почит од никого, но доколку ја добиете тогаш тоа е само позитивно.rn
2. Не очекувајте луѓето да знаат што размислувате
rnАко сакате некој да знае нешто, кажете му го тоа. Јасно и гласно. Никој не може да ги прочита вашите мисли. Па наместо да очекувате дека тоа сепак ќе се случи, скратете си ги маките и на себе и на другите и искажувајте ги вашите ставови. Така поедноставно ќе им биде на сите да ги пресретнат вашите желби и барања, што не би било случај кога би губеле време на објаснување што, зошто и како. Вака си заштедувате многу време, нерви и недоразбирања како на себе, така и на другите.rnrn
rn3. Не очекувајте други да ве направат среќни
rnВашата среќа е само ваша одговорност. Вие сами одлучувате што ве прави среќни и што сакате од животот, а кога имате зацртани цели тогаш е многу полесно истите да ги достигнете. Не можете да се потпирате на идејата дека некој друг наместо вас ќе го направи потребното за вие да бидете среќни. А уште помалку да го очекувате тоа од некого. На крајот на краиштата, среќата доаѓа само тогаш кога знаете дека самите сте направиле сѐ што е во ваша моќ да постигнете нешто. Затоа пронајдете што ве прави среќни и дозволете си себеси да уживате во тоа.rn
4. Престанете да се потпирате на другите кога станува збор за вашето добро
rnМоментот кога станувате зависни од некој друг да се грижи за вас, вие престанувате да се грижите самите за себе. Што ќе се случи кога таа личност ќе престане да го прави тоа или веќе нема да биде во можност да биде тука за вас? Престанете да очекувате дека некој секогаш ќе се грижи за вас. Потребно е самите да се погрижите за себе, за вашите потреби и желби. Мора да сте способни самите да го правите тоа бидејќи во спротивно постојано ќе бидете во исчекување и очекување на другите да ве стават вас на прво место и да се погрижат вас да ви биде добро. Никој не треба да има поголема контрола врз вас од самите вие.rnrn
rn5. Не очекувајте дека луѓето секогаш ќе бидат добро
rnКога ќе се навикнеме на некој секогаш да биде насмеан и среќен, многу е тешко да прифатиме дека постојат моменти кога не е. Но ние не сме секогаш со таа личност и не можеме да знаеме низ што сѐ поминува ниту, пак, зошто се чувствува како што се чувствува во некој момент. Тогаш зошто воопшто би очекувале секогаш да биде расположена и среќна? Како и самите ние, секој се соочува со некои свои работи. Некогаш луѓето се среќни, некогаш се тажни, некогаш опуштени и насмеани, некогаш загрижени и намуртени. Бидете подготвени на секакво расположение и однесување, но немојте веднаш да судите и донесувате одлуки базирани на одредени моменти. Секој има причина и право да се чувствува и однесува како што сака и има потреба.rn
6. Престанете да очекувате луѓето да ги исполнат вашите очекувања за тоа кои се и што се
rnПосакувајте подобри верзии од луѓето, но не очекувајте дека тоа и ќе се случи. Луѓето се тие што се, а карактери се менуваат многу тешко. Наместо да очекувате дека ќе се сменат и ќе ги задоволат вашите идеи за тоа какви треба да бидат, обидете се да ги прифатите какви што се. Неверојатно непријатно и тешко е и за двете страни кога едната чувствува потреба да се прилагоди на очекувањата од другата. На крајот најчесто тоа не се ни случува. Бидете тие што сте и не очекувајте од другите ништо помалку ни повеќе од тоа. Бидејќи веројатноста е дека ни тогаш не би ви се допаѓале.rnrnВклопувањето во нечиј круг на очекувања е многу комплицирана работа. Може да предизвика многу расправии и недоразбирања кои знаат да имаат непосакувани последици и за двете страни. Следниот пат подобро размислете. Дали сте се запрашале воопшто што тоа барате од некого? Дали сте свесни кои се вашите очекувања и дали најпрво вие самите ги исполнувате? Обидете се да се ставите во нечија кожа пред да поставите некакви очекувања пред таа личност. И никогаш не очекувајте другите да го направат она што можеби ни вие самите не го правите.
-

10 причини зошто пријателите се многу важен дел од нашиот живот
Автор: Сања ПетровскаrnrnВо свет во кој сè помалку се ценат вистинските вредности, неверојатно е тешко да најдеш вистински пријатели. Тие се составен дел на нашиот живот. Кога и да сме тажни, тие се нашето рамо за плачење. А кога сме среќни, тие се првите на кои им кажуваме зошто. Никој не може да живее сам и изолиран од светот. Затоа тука се пријателите. Секому е потребна личност со која ќе ги споделува тајните, која ќе го советува кога тоа му е потребно, личност која ќе биде тука дури и кога ни е само потребно да не бидеме сами. Тие се луѓето со кои можеме да бидеме луди, свои и слободни. Можат да нè искараат и да нè налутат, но без нив животот би ни бил досаден, монотон и осамен. Да, семејството секогаш доаѓа на прво место, но покрај нив, пријателите се нашата најголема поддршка.rnrn
rnrnСледниве неколку причини објаснуваат зошто пријателите се многу важен дел од сечиј живот.rn1. За да се опуштиме и да уживаме
rnСо никого не сме поопуштени и послободни отколку со пријателите. Со нив можеме да ги правиме и најлудите работи, да се смееме на секакви зезанции и дури и најдосадните моменти да ги направиме забавни.rn
2. За да бидеме во својата комфорна зона
rnСо пријателите можеме секогаш да бидеме тоа што сме. Тие нè познаваат и, штом се сè уште тука, нè прифаќаат такви какви што сме. Прават да се чувствуваме убаво и опуштено, дури и во најтешките моменти.rn
3. За да добиеме искрено мислење
rnВистинскиот пријател нема да нè излаже. Колку и неговото мислење да се коси со нашето, тој го кажува тоа што го мисли и чувствува за дадена ситуација. Дали се работи за некој проблем или едноставно ни е потребен совет, вистинскиот пријател ќе биде тука да нè посоветува. И без разлика на сè, да ни ја каже вистината. А тоа е реткост овие денови.rnrn
rn4. За да споделиме тајни и да бидеме некому лојални
rnСо пријателите споделуваме сè. Од наједноставните секојдневни случувања, до нашите најголеми тајни и проблеми. Секому му е потребна таква личност, некој кому ќе можеме да му кажеме сè без да се грижиме дека нашите зборови ќе бидат прекажани. Таквата личност нè прави посилни.rn
5. За да ни помогнат и да нè поддржат
rnБезусловна поддршка во секој момент. Секогаш се на наша страна, дури и кога ние самите не сме. Можеби имаме различни мислења, но секогаш можеме да се потпреме на нив, тие се секогаш тука за нас и се подготвени да ни помогнат во секој момент и во секое време.rn
6. Безусловно да нè сакаат и да се грижат за нас
rnПонекогаш ни е потребна само една прегратка. Не зборови, не совети, туку безусловна љубов од некој кој се грижи за нас. Некој кому му значиме. Некој кој е тажен кога сме ние тажни, кој е среќен кога сме ние среќни. А тоа се пријателите.rn
7. За да научиме животни лекции и да ги почитуваме меѓусебните разлики
rnПријатели не се луѓе кои за сè мислат исто како нас, кои се согласуваат со нас постојано или кои се однесуваат како и ние во секоја ситуација. И тоа е позитивна работа. Секој треба да е своја личност. Покрај вистинските пријатели ќе научиме да ги почитуваме меѓусебните разлики, да се прифаќаме без разлика на нив и секогаш, да научиме нешто ново еден од друг.rnrn
rn8. За да ни понудат нова перспектива на работите
rnЕдна од попозитивните работи е токму оваа. Кога имаме некој проблем ние разговараме со нашите пријатели. Некогаш сме свесно или несвесно слепи за некои наши грешки, работи кои ги правиме, а не би требало или нешта кои ги кажуваме, а повредуваат некого. Тогаш на сцена настапуваат пријателите кои, бидејќи ни мислат добро и сакаат да сме среќни, ни даваат нова и свежа перспектива. Доколку станува збор за некоја расправија, ќе ни помогнат да го согледаме проблемот од страната на личноста со која се караме. Ако сме можеби разочарани од нешто, ќе ни кажат како тие гледаат на нештата. Нивниот збор знае да смени многу нешта.rn
9. Ни ја зголемуваат самодовербата и самопочитта
rnСекој се нашол во ситуација кога самодовербата му е на ниско ниво. Дали некој направил да се чувствуваме лошо или само сме имале лош ден, тие ќе нè расположат и ќе нè натрупаат со мал милион работи поради кои ќе се чувствуваме подобро. Способни се да не подигнат дури и кога не сакаме самите себе да се погледнеме во огледало.rn
10. За да созрееме индивидуално
rnЗаедно, но сепак разделени. Секој со свој живот и на своја страна, но сепак заедно кога и да ни е најпотребно. Тие се фактор кој има огромно влијание врз нашиот живот, директно или индиректно. Добриот пријател го прави денот поубав. Да знаеш дека постои некој на кој можеш да се потпреш за сè и секогаш е непроценливо. А таквите личности те прават подобра и поуспешна личност.rnrnВелат дека не знаеш кој ти се вистински пријатели сè додека не се искараш со нив. А ако успеете да го решите проблемот, тогаш пријателство ќе биде посилно од кога било. Тие те познаваат и те сакаат. Способни се да те расположат кога ти е најпотребно. Да те научат нешто кога се однесуваш како мало дете. Пријателите имаат неверојатно големо влијание на тоа каква личност си, а со самото тоа нивната улога во нечиј живот е непроценлива. Дали можеш воопшто да си замислиш како твојот живот би изгледал доколку ги немаш пријателите?rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

rn