КАФЕ ПАУЗА

Tag: планирање

  • Мислите дека се заљубувате пребрзо? Ако се присутни овие знаци, тогаш сте во право!

    Мислите дека се заљубувате пребрзо? Ако се присутни овие знаци, тогаш сте во право!

    Љубовта не треба да ја брзате, барем така велат, но ретко кој може да се придржува до тоа. Некои жени се заљубуваат пребрзо, а ако сте вие една од нив, ова се знаците кои покажуваат дека можеби треба да успорите.rnrnLoving young couple on road triprn

    1. Не ви се јавил…

    rn…И вие мислите дека тоа е крајот на светот. Ако само што сте го запознале и сè уште сте во фаза на мување, тогаш нема потреба да се слушате почесто. Ако тој не ви се јавил еден ден и вие мислите дека е потребно да направите драма, најверојатно премногу брзо се загревате и на тој начин ги плашите мажите.rn

    2. Вие имате испланирано сè

    rnТој планира евентуално да се најдете на кафе во текот на неделата, а вие веќе испланиравте заедничко летување за следната година? Намалете малку, кој знае каде ќе бидете тогаш.rn

    3. Сакате да го запознаете со пријателките

    rnПред да го запознаете новото момче со пријателките, можеби ќе биде паметно најпрво вие да го запознаете доволно добро и потоа да одлучите дали ќе го претставите и пред нив или пак не.rn

    4. Мислите дека тој е оној „вистинскиот“

    rnНе велиме дека не е, но не може да го знаете тоа после само неколку недели. Особено ако на неколку недели запознавате ново момче за кое мислите дека е оној „вистинскиот“.rn

    5. Сакате сè што сака тој

    rnУбаво е да се прилагодите, но ако после неколку недели се претворите во девојка која ги слуша сите негови омилени бендови и оди на сите места каде што оди тој, бидете сигурни дека малку претерувате. Не мора да се претворите во негов клон за тој да ве засака.

  • 5 нешта кои ќе ги разберат само анксиозните личности

    5 нешта кои ќе ги разберат само анксиозните личности

    Анксиозност. Многумина ја категоризираат како болест на модерното време или измислена ментална состојба од која лесно може да се излезе само што луѓето сакаат да преувеличуваат. Вистината е дека стресот и брзото темпо на живот ја носи таа анксиозност со која не секогаш е лесно да се справиш. Анксиозните личности се соочуваат со многу грижи, проблеми и очекувања за иднината, чувствувајќи дека нештата лесно би им избегале од контрола.rnrnДенес наголемо се пишува за анксиозноста, но и за справување со неа и нејзино надминување. Овој пат се фокусираме на главните проблеми со кои се соочуваат анксиозните личности. Олеснителна околност е тоа што по читањето на ова ќе сфатите дека не сте единствени, сите ние кои за најверна „пријателка“ ја имаме анксиозноста се соочуваме со овие 5 проблеми.rnrn5 нешта кои ќе ги разберат само анксиозните личностиrn

    1. Премногу се грижите за работата

    rnОва не е новост за вас. Уште од средно и факултет вие бевте преокупирани со резултатите кои ќе ги покажете и со тоа дали сте доволно добри. Дававте и давате сè од себе истовремено постојано стравувајќи дека не е доволно. За некој кој не е запознаен со овој проблем, решението е едноставно – даваш сè од себе и затоа си добар во она што го работиш, тогаш што е проблемот? За сите оние кои го мислат ова, фер е да им кажеме дека и ние се согласуваме. И ние на моменти мислиме дека нашите грижи се глупави, со таа разлика што не можеме да излеземе од таа состојба на мислите.rnrnЗнаеме дека е глупаво тоа што се преоптоваруваме, дека ретко кога живееме во моментот и дека по секоја успешно завршена задача ние не му се радуваме на успехот туку размислуваме за тоа што сме можеле да направиме подобро и веднаш преминуваме во грижи за следниот предизвик. Знаеме дека е напорно и дека нема смисла, но сè што можеме да направиме е да почекаме таа неподнослива грижа да спласне малку.rn

    2. Најголемиот проблем е кога ќе завршите некоја задача

    rnСлично со првиот проблем, може слободно да кажеме дека грижите продолжуваат и откако ќе jа завршиме работата. Тука спаѓаат најситните но и најголемите нешта. Не ви се случило да испратите мејл без макар два пати да се вратите во фолдерот на испратени мејлови и да ја препрочитате пораката. Вашата радост на денот на дипломирањето, како и на денот на каков било успех била измешана со чувството дека сте можеле подобро. Во тие моменти повеќе од сè на светот потребна ни е поддршката од најблиските кои треба да ни кажат дека сè е во ред и дека никој не е суперхерој.rn

    3. Размислувањето за иднината е исцрпувачкo

    rnКога размислувате за иднината веднаш помислувате на сите оние нешта кои треба да ги направите со цел да станете она што сакате да бидете, па помислувате на сите нешта кои би можеле да тргнат наопаку. Најмногу од сè ве плаши губењето на контрола и претекувањето на времето. Како да му помогнете на ваш близок кој се соочува често со ваква анксиозност? Прво, сфатете дека велењето „Сè ќе биде во ред, ќе се наместат коцките“, не помага многу. Иако не можете да ја избркате анксиозноста од луѓето, може да ја направите поподнослива. Помогнете им да минат низ тежок период со тоа што ќе бидете тука за нив.rn

    4. Проблемот не е помал и кога размислувате за блиската иднина

    rnОпседнати сте со пост-ит ливчиња и потсетници и дури и најмалите задачи како подигнување на пратка од пошта може да ви предизвикаат грижи бидејќи сакате да ги планирате. Опседнати сте со планирање на времето и со тоа дека сè треба да мине во најдобар ред. Вашата теорија е дека доколку не ги направите перфектно малите нешта, тогаш што останува за големите?rn

    5. Се трудите да ги задоволите другите

    rnСо намера да бидете најдобри во сè, природно се наметнува вашата желба луѓето да ве сакаат. Давате сè од себе, како некој тоа не би го сфатил? Затоа се трудите да ги задоволите желбите на другите, во што нормално, не успевате бидејќи никој никогаш не успеал да биде обожуван од сите. Како резултат станувате гневни и таа личност ви станува одбивна што го поттикнува чувството на депресија. Натерајте се себеси да сфатите дека обидот за задоволување на сечии апетити секогаш завршува катастрофално. Не секој ќе ве сака или разбира и не секој ќе ве вреднува соодветно, но размислете дали и вие ги третирате сите луѓе како што треба? Престанете да се чувствувате како жртва постојано и сфатете дека едноставно, не секој ќе ве сака. Фокусирајте се на оние кои се фер со вас, кои ве сакаат и прифаќаат.

  • Зошто треба да живеете во моментот наместо многу да планирате?

    Зошто треба да живеете во моментот наместо многу да планирате?

    Живеј во моментот! Толку е лесно да се каже, а сепак, сите ние повеќе или помалку се фокусираме на иднината или минатото наместо на сегашниот момент. Модерното време на живеење само по себе ни наметнува стрес и анксиозност, кои нè тераат упорно да живееме во иднината, да го планираме секој наш потег, наместо едноставно да се фокусираме и да уживаме во сегашноста. Иако корисно е и важно да се имаат планови за во иднина, од друга страна е многу лошо кога си преокупиран со тие планови. Еве зошто е неопходно да престанете постојано да планирате и вистински да живеете во сегашниот момент.rnrnЗошто треба да живеете во моментот наместо многу да планирате?rn

    Сегашниот момент е единствениот кој може да го контролирате

    rnСегашниот момент е тука и ви е на располагање. Може да одберете да го игнорирате, да го занемарите или максимално да му се посветите и да го искористите. Изборот е ваш. Може да го контролирате само она што ви се случува во моментов. Вие може да ја планирате иднината, но во никој случај нема да знаете што точно ќе биде. Планирањето нема да ви помогне да избегате од сегашноста. Може да ви помогне да остварите некои цели, но нема да ви помогне да го подобрите квалитетот на вашиот живот во моментов. Значи, планирањето не може да ви гарантира дека ќе го добиете она што го сакате во иднина, тогаш зошто да не го прифатите она што може да го контролирате сега?rn

    Секој момент е непроценлив подарок

    rnОва е многу важно. Никогаш не знаете кога ќе биде вашиот последен момент. Сите ние имаме ограничен број моменти на располагање. Времето не можеме да го купиме со пари. Времето го добиваме на подарок и доколку не знаеме правилно да го искористиме, едноставно ќе нè одмине со сите убави моменти кои ги носи сегашниот миг.rn

    Живеењето во сегашниот момент го редуцира стресот и ве прави посреќни

    rnТолку многу грижи имаме на ум, како товар. Минатото, иднината, што ќе правиме, што ќе биде и сл. Ако едноставно се фокусираме на сегашниот момент и оставиме простор за малку спонтаност во иднина, ќе се поштедиме од многу стрес.rnrnЖивеењето во сегашноста е едно од најважните нешта од кои зависи вашата благосостојба. Само со свеста за сегашниот момент може да си дозволите себеси вистински да ги видите малите убави нешта кои ви се случуваат и да живеете среќен живот.rnrnЗошто треба да живеете во моментот наместо многу да планирате?rn

    Плановите често не излегуваат по предвиденото

    rnКолку често ви се случува да планирате нешто што воопшто нема да испадне по планираното? Најчесто нештата не излегуваат баш онака како што сме ги планирале. Затоа имајте некоја замисла за утрешниот ден, но примарно живејте го денешниот и бидете подготвени да поднесете сè што тоа утре може непланирано да ви донесе.rn

    Со постојаното планирање вие не живеете вистински

    rnСамо размислете. Ако постојано планирате за тоа што ќе правите или што ќе биде утре, колку вистински живеете денес? Факт е дека животот се случува сега, а ако навикнете постојано да планирате и кога ќе дојде тоа утре вие ќе бидете зафатени планирајќи го следниот ден. На крај ќе испадне дека сте живееле во една голема илузија и фантазија наместо во реалноста. Секогаш кога вашиот мозок ќе почне да размислува за иднината, фокусирајте се на она што се случува сега и вистински живејте во сегашноста.

  • Олеснете ја преселбата: 4 совети кои е добро да ги запомните

    Олеснете ја преселбата: 4 совети кои е добро да ги запомните

    Автор: Софија СионоваrnrnПреселбите се напорни, здодевни, исцрпувачки и се троши многу време на нив. Ако се селите првпат може да бидете многу неорганизирани. Еве неколку совети за преселбата да биде песна.rnrn200270148-001rn

    1. Однапред испланирајте

    rnОва е најважно и најочигледно правило при преселување. Сепак, ова не важи само за големи преселби, кога ги молиме сите кои ги познавате да ви помогнат. Вистинскиот план се состои од листи и распореди како и испланирани оброци. Напишани,  а не да лебдат во вашата глава. Вака ќе останете организирани, нема да заборавите на ниеден детаљ и ќе успеете мирно да се преселите, што е права реткост.rn

    Овие неколку работи исто треба да ги земете предвид:

    rn1. Кој и кога може да ви помогне околу преселбата? Распрашајте се по пријателите (ветете им пица и пиво) и ставете ги на смени. Затоа што колку и убаво да звучи, многу се мали шансите некој навистина да остане цел викенд вам да ви помогне.rnrn2. Испланирајте ги првите неколку дена (недели) откако ќе се пресилите. Реално, секој момент кога не работите ќе се обидувате да го вклопите животот во новото место на живеење и ќе потрошите многу време на организација во просторот. Важно е да се наполните со енергија и однапред да испланирате што ќе јадете.rnrn3. Кои предмети ви се веднаш потребни? Помислете на полнач за телефон, четка за заби, шишето вино… Ќе сакате овие работи да ги земете веднаш со вас за да не ги изгубите во текот на преселбата.rn

    2. Направете листа кој треба да биде известен

    rnКолку и да мислите дека најважни се само поштата и мајка ви, постојат многу луѓе/институции кои мора да бидат известени за вашата преселба. Направете листа на луѓе на кои би им била потребна вашата адреса. Тука се вашите најдобри пријател/ки  и банката, но тие не се единствените кои треба да го знаат вашето ново месото на живеење. Веднаш променете ја вашата адреса на сите места каде што била старата. Кога веќе ќе се сместите во новиот дом, веднаш јавете се на луѓето од списокот или пак пишете им имејл во кој ги известувате за вашето ново место на живеење. Потоа уживајте во топлината на новиот дом.rn

    3. „Пролетно“ чистење

    rnПреселбата во ново место е веројатно и најдобриот изговор кога станува збор за ослободување од непотребните работи. Тука спаѓаат книгите, чинии и сѐ останато што секојдневно не го користите. Одредете време и направете распоред за секоја соба. Кога ќе соберете сѐ што не ви е потребно, тогаш можете:rn

      rn011

    • Да направите забава за разменување со другар(к)ите.
    • rn011

    • Да заработите некој денар од продажба на тие предмети меѓу познаници или огласувајќи ги онлајн.
    • rn011

    • Да ги подарите ги во хуманитарни организации.
    • rn

    rnИскористете ја ваквата можност за да направите попис на сето она што го поседувате. Колку го користите на месечна, неделна или дневна база. Ако акумулиравте многу работи со текот на годините и ви треба повеќе време да смислите што да им направите, тогаш подарете ги некому. Вашето „ѓубре“ може да биде нечие богатство.rnrn2-olesnete-ja-preselbata-kaepuazarn

    4. Истражете го вашето ново маало

    rnПред да се вселите, истражете го вашето маало. Запишете ги најблиските продавници, ресторани кои би сакале да ги пробате, паркови за рекреација. Доколку имате можност истражете го маалото уште пред да се вселите. Направете листа на местата кои често би ги посетувале и запиштете интересни места кои би сакале да ги истражите. Така, сигурно добро ќе се вклопите.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дали ги правите работите најдобро што можете?

    Дали ги правите работите најдобро што можете?

    Автор: Калин БабушкуrnrnКолку пати досега сте си рекле: Е ова е најдоброто што можев да го направам. Или колку пати сте слушнале некој да ви каже: Ова е најдоброто што можев да го направам. Но, дали е тоа доволно и дали е тоа навистина така?rnrndali-gi-pravite-rabotite-najdobro-shto-mozhete-kafepauza.mkrnrnДа направите работи кои најдобро можете да ги направите, не значи дека сте направиле сè за да бидат како што треба. Значи, сте ги истражиле сите опции за да можете да кажете дека сте направиле некоја работа најдобро што може.rnrnСакам да споделам со вас некои мои практични работи кои јас и ние во нашата компанија ги практикуваме за да може да направиме некоја работа најдобро што може:rnrnПрашања – За да може да направите некоја работа најдобро што можете, тогаш треба да си поставите многу прашања (на себеси, пријателите, колегите, фамилијата, итн.) и да стигнете до вистинските одговори. rnrnКреативност – Разбудете ја креативноста во вас и пробајте повеќе начини да го направите тоа што сакате или е побарано од вас на најдобар начин. Си страдаме од рутина, па не дозволуваме креативноста да навлезе во нашите животи при извршување на работите.rnrnТим – Пробајте со тимска работа. Доколку сте во можност, работете во тим затоа што така ќе имате можност за повеќе идеи за извршување на зададената задача.rnrnПланирање – Пред да започнете со работа, имајте повеќе опции пред вас. Секоја опција разработете ја до перфекција и изберете ја најдобрата што вие мислите дека може да е соодветна за таа работа. Споделете ја со вашите колеги/пријатели/фамилија, можеби ќе добиете друга.rnrnФокусираност – Многу е важно за да направите некоја работа најдобро што можете. rnrnПодобрувања – Настојувајте да се подобрувате секој пат. Не се задоволувајте со тоа на што сте. Секогаш стремете се кон повеќе.rnrnИскреност – Бидете искрени кон себе и кон другите. Ако не знаете, признајте си дека не знаете. rnrnЕвалуација – После завршената работа направете евалуација на сработеното (без оглед дали сте дома или на работа) и прашајте се самите себеси: дали е ова најдоброто што можев да го направам?rnrnНо, што и да правите, секогаш имајте го пред вас прашањето: А, зошто да го направам тоа најдобро што можам? Многу е едноставно, затоа што со тоа секој пат сте сè подобри и подобри. Не знаете кои сè промени тоа предизвикува кај вас. Па, само погледнете ги горенаведените точки и ќе видите барем неколку од нив. rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да го испланирате вашето прво викенд патување?

    Како да го испланирате вашето прво викенд патување?

    Заедничкото викенд патување е одлична можност да се релаксирате, но и да се зближите со својот партнер. Самото излегување од постојаното место на живеење како и одморот од работата е секогаш добредојдена промена. Нечесто љубовните парови го користат викендот надвор од градот за да ја зајакнат својата врска. Но што доколку станува збор за вашето прво заедничко викенд патување?rnrnКако да го испланирате вашето прво викенд патување?rnrnВашата врска е „млада“ и досега не сте минале ни една ноќ заедно надвор од градот? Сигурно чувствувате мал притисок при планирањето на викендот мислејќи на сите нешта кои би можеле да тргнат наопаку. Без паника. Ова се 7 чекори кои ќе ви помогнат да го испланирате вашето прво викенд патување со вашето/ата момче/девојка.rn

    1. Одредете го буџетот со кој располагате

    rnПарите се секогаш чувствителна тема, особено на вашето прво заедничко патување. Не знаете колку тој/таа е во можност да потроши на еден викенд, а не ни знаете каков тип „викендаш“ е. На пример, дали преферира ручек во ресторан или пикник кој ќе го подготвите заедно? Во раната фаза на вашата врска најсигурна опција е да бидете скромни и да одбегнувате луксузи. Исто, добро размислете со колкав буџет располагате вие самите и колку може да си дозволите. Не тргнувајте никаде без чиста претстава за вашиот буџет.rn

    2. Одберете ја соодветната локација

    rnБидејќи станува збор само за еден викенд, избегнувајте посета на далечни места. Дури е и побезбедно за вашето прво патување воопшто да не ја напуштате земјата. Гледајте пристигнувањето до локацијата како и враќањето од истата да не зазема голем дел од викендот. Исто, обрнете внимание на желбите на вашиот партнер. Дали тој/таа преферира прошетки по планина или релаксирање на езеро?rnrnЗа да ви помогнеме, ова се дел од прекрасните дестинации во нашата земја кои би можеле да ги посетите:rn

    rn

    3. Направете мало истражување

    rnМало истражување не е на одмет. Откако ја одредивте локацијата, истражувајте на интернет што сè би можеле да посетите додека сте таму. Можеби некоја историска знаменитост, ресторан со одлични препораки и слични места. Доколку патувате со ваше возило, добро информирајте се како да стигнете до посакуваната дестинација.rnrnКако да го испланирате вашето прво викенд патување?rn

    4. Составете распоред

    rnОткако знаете со што располага вашата викенд-дестинација, направете распоред. Секако, не мора да го запишете, едноставно во мислите креирајте си мал план што би правеле во текот на викендот. Нашата земја располага со многу природни „луксузи“, па искористете ги максимално. На пример, првото утро би прошетале покрај брегот на езерото, потоа би го посетиле оној ресторан за кој прочитавте добри препораки, па би го посетиле манастирот во близина и сл.rn

    5. Обрнете внимание на деталите

    rnКомпилација со романтична музика, свеќи, црвено вино… романтиката не е на одмет. Доколку ги искористите малите детали за да го „зачините“ викендот, имате добитна комбинација. Вашата девојка сигурно ќе го цени утринското кафе донесено во кревет, додека пак на вашето момче ќе му биде мило што сте понеле неколку лименки од неговото омилено пиво.rnrnКако да го испланирате вашето прво викенд патување?rn

    6. Одберете нешто по што ќе го паметите викендот

    rnМоже тоа да биде песната/ите кои сте ги подготвиле за по пат, дури и лосионот за тело кој сте го спакувале. Верувајте, таквите ситници остануваат запаметени. Секогаш кога ќе ја чуете песната или ќе го почувствувате мирисот на лосионот, на пример, и двајцата ќе се сеќавате на вашето прво викенд патување.rn

    7. Бидете флексибилни

    rnИспланиравте сè, и тоа е прекрасно бидејќи така покажувате дека викендот заедно е голем чекор и дека личноста ви значи. Но, не секогаш ќе излезе како планираното, затоа бидете флексибилни. Планот може да трпи промени, не значи дека викендот веднаш ќе се претвори во катастрофа. Ако нешто тргне наопаку, без грижа, така ќе го паметите своето прво патување и сигурно тоа ќе биде случка која потоа ќе ја раскажувате на своите пријатели.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да останете продуктивни во текот на целото работно време?

    Како да останете продуктивни во текот на целото работно време?

    Навистина е голем предизвик да останете продуктивни за време на целиот ден додека сте на работа. Но, постојат неколку начини на кои можете да успеете во тоа. „Личната продуктивност е клучната разлика помеѓу оние кои се успешни во своето поле и оние кои не се“, вели Брајан Трејси, автор на книгата „Изеди ја жабата: 21 начин да престанете да ги одложувате работите и да почнете да завршувате повеќе за помалку времеКако да останете продуктивни во текот на целото работно времеГолем дел од луѓето се жалат дека не се успешни и постојано бараат некои трикови како да се подобрат, но тајната е дека всушност нема тајна. Доколку сакате да успеете едноставно треба многу да работите, да останете продуктивни и паметно да го користите вашето време. Погледнете ги наредниве неколку начини благодарение на кои можете да ја подобрите вашата продуктивност и со тоа да бидете еден чекор поблиску до успехот.rn
    rn

    Без појадок – без енергија

    rnОдреден вид храна за појадок може да ја подобри вашата продуктивност и да ви даде повеќе енергија за добар почеток на вашиот ден. Ако имате добар извор на витамин Б ќе ја подобрите вашата концентрација и со тоа ќе можете да размислувате подобро за време на утрата. Доколку сте во брзање, обидете се да ја замените шолјата кафе на празен стомак со барем една чаша вода и една чаша свежо цеден џус. Ова ќе му помогне на вашиот организам да не дехидрира и истовремено ќе ви овозможи доволна количина на витамини.rn
    rn

    Планирајте ја вашата работа

    rnНаправете листа од нештата кои треба да ги завршите во текот на денот. Дајте им приоритет на оние задачи кои се поитни и довршете ги оние нешта кои сè уште чекаат од претходниот ден. На овој начин многу полесно ќе можете да се сконцентрирате на поголемите проекти и задачи. Доколку немате план за работа, ризикувате да ја намалите концентрацијата и да пропуштите дел од вашите најважни задачи. Токму затоа ви препорачуваме да ги завршите прво малите, итните или иритирачките задачи, а потоа да го имате останатиот дел од денот слободен за покреативните задачите.rn
    rn

    Кажете НЕ

    rnСекогаш е добро доколку им помагате на вашите колеги и пријатели, но еден ден има само 24 часа. Голем дел од луѓето имаат проблем со кажувањето „не“ и токму затоа си преземаат поголем товар отколку што можат да поднесат во текот на еден ден. Кога еднаш ќе ве прекинат и ќе ви го одвлечат вниманието на некоја друга задача, потоа многу е тешко да се вратите на она што претходно сте го правеле, а уште потешко е да продолжите продуктивно да работите. Меѓу другото, за да останете продуктивни исто така ќе мора и да се одмарате па затоа обидете се да не го исполнувате целиот ден со работни задачи. Најдете време и за одмор.rn
    rn

    Земете воздух и опуштете се

    rnЛуѓето можат да останат фокусирани на одредени задача максимум до 90 минути без прекин. Правењето кратки паузи може да ја подобри продуктивноста во работата и токму затоа пробајте да развиете навика со која ќе се опуштате. Доволно е одвреме-навреме да станете од вашата работна маса, разговарајте со вашите колеги, земете си нешто за јадење, правете мали вежби или кои било други активности кои ќе му помогнат на вашиот мозок да се релаксира. rnrnНо, бидете внимателни да не претерате со должината на паузите. За одмарање доволни ви се 5-10 минути после кои ќе можете да останете активни подолго време и да се вратите на вашата работа со свеж ум. Доколку сте под стрес, обидете се да ги затворите очите и да дишете длабоко неколку минути. Ќе се изненадите колку брзо ќе успеете да се смирите.rn
    rn

    Употребувајте ги соодветните алатки за работа

    rnПостои голем избор на софтвери кои се бесплатни и лесни за употреба а можат да ја зголемат вашата креативност и да ја направат вашата работа полесна. Можете да ги користите Dropbox, Cubby или Google Drive за да ги чувате вашите документи онлајн. Забележувајте ги вашите идеи или снимете ги проблемите на кои треба да работите на едно место со помош на Evernote. rn
    rn

    Користете тајмер

    rnПоделете ги вашите работни часови во сесии од по 90 минути. За да останете фокусирани употребувајте тајмер. Pomodoro може да ви помогне за таа цел. Или пак, доколку сакате нешто покомплексно, како на пример, да ја зачувате историјата на вашите задачи и работни часови, можете да ја пробате и апликацијата за Андроид Mobile Worker.rnrnПа, дали мислите дека е можно да се остане продуктивен во текот на целиот ден? Одговорот е „да“. За да можете да го постигнете тоа мора да научите константно да ги слушате вашите лични потреби и во истата онаа минута кога ќе забележите дека нешто не е во ред, веднаш сменете ја активноста за да не се заглавите во моментот. Бидете свесни за време на сите ваши активности, исхранувајте се здраво, одмарајте се добро, правете паузи, планирајте однапред и одберете соодветни алатки за работа со кои ќе можете да бидете многу попродуктивни од претходно.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Совршениот момент

    Совршениот момент

    Сигурно сте ја чуле изреката „Животот е она што се случува додека сме зафатени со планирање.“ Да, сме ја чуле сите, и таа и многу други слични на неа, ама ретко ги почитуваме и ретко се сеќаваме на нив тогаш кога треба.rnrnИмаме планови, цели, намери да створиме нешто, да направиме нешто поинакво, нешто големо, нешто различно. Можеби не е во ред да немаш никакви цели и да не си ориентиран кон нешто, но многу често забораваме да го оствариме она што сме го испланирале.Совршениот моментСекогаш треба да имате цели, една од моите филозофии за животот е дека ако немаш цели не ни знаеш каде одиш, сигурно сум ви го споменала ова и претходно. Но ако имаш соништа, единствениот начин за да ги оствариш е најпрво да се разбудиш.rnrnВо ред е да сонуваме и планираме, да замислуваме и да се надеваме на успех, но не е во ред тоа да остане само една замисла. Постојано го чекаме совршениот момент за остварување на нашите планови и цели, за спроведување во пракса на нашите идеали, но треба да сфатиме дека совршениот момент е СЕГА!rnrn„Сè на овој свет е создадено со намера, секоја болест има билка која ќе ја излечи, а секој човек има мисија која треба да ја реализира!“ Која е вашата мисија? Што е она што треба да го направите?rnrnЗапомнете, животот е исполнет со толку многу совршени моменти, некои траат само секунда, а се паметат цел живот. Среќни се луѓето кои знаат да ги забележат совршените моменти, кои не ги чекаат туку ги создаваат!rnrnВе поздравувам драги мои, и се надевам дека за многумина од вас токму овој ден е денот кога ќе остварат некој свој план. Ова е моментот, совршениот момент, не поминувајте го животот во чекање, поентата е да се живее, а не да се преживува.rnrnДо следното читање, ви посакувам совршени моменти со вашето неделно кафе и вашите најблиски,rnrnВашата Ели.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да бидете секогаш на време?

    Како да бидете секогаш на време?

    Автор: Александар НиневскиrnrnТочноста е многу важна за градење професионален имиџ и оставање позитивни први впечатоци. Иако сите сме слушнале многу смешни изговори, доцнењето е најчесто последица на нешто обично. Доколку честопати сте се нашле во ситуација да сте во трка со времето, сега е моментот да подзастанете и да размислите што е тоа што ве задржува.rnrn

    Проблеми со алармот

    rnДали воопшто не заѕвонил или сте го наместиле во погрешно време, или едноставно цврсто сте спиеле цело време додека ѕвонел – како и да е, избегнете ги ваквите проблеми со малку планирање. Најпрво погрижете се да склопите очи седум до осум саати секоја вечер и наместете два или три различни аларми за да имате гарантирано будење. Може да бидат физички различни направи (мобилен, будилник и сл.) или едноставно различни мелодии на вашиот телефон. Доколку имате проблем наутро да станете од кревет, наместо да го поставите мобилниот или будилникот на дофат до вашата рака, поставете го на другиот крај од собата за да мора да станете за да го исклучите.rnrnКако да бидете секогаш на време?rn

    Спремањето станува хаотично

    rnКаде ви е чантата или ранецот? А клучевите? Ја однесовте ли облеката на хемиско? Овие стресни моменти лесно може да ги избегнете со само малку планирање. Вечерта пред да легнете да спиете, подгответе сè што треба да понесете пред да излезете и ако можете изберете облека за наредниот ден. Исто така пресметајте колку време ќе ви треба за туширање, средување на косата и јадење за соодветно да го наместите алармот.rnrnКако да бидете секогаш на време?rn

    Порака, имејл или повик на телефон

    rnНе дозволувајте случајни работи предолго да ви го одвлекуваат вниманието. Ако ви заѕвони телефонот, јавете се и разговарајте минута до две и потоа прекинете. Ако е битно ќе го продолжите разговорот подоцна. Ако добиете имејл или порака на која треба итно да одговорите, направете го тоа најбрзо што можете и веднаш исклучете го мобилниот или компјутерот пред да започнете да си проверувате Фејсбук, Твитер итн.rnrn

    Интернетот ви го краде вниманието

    rnСите знаеме дека е примамливо да го проверувате вашиот мобилен или компјутер на секои 5 минути, но избегнете ги непотребните проверувања кога се брзате за некаде. Зачувајте го објавувањето на вашите статуси за кога ќе пристигнете на вашата дестинација и оставете го бесцелното сурфање за подоцна.rnrnКако да бидете секогаш на време?rn

    Ви избега автобусот

    rnКако што се приближувате на аголот на улицата гледате како вашиот автобус ви заминува пред очи. На сите ни се случило ова барем еднаш, така што не вознемирувајте се. Во зависност од условите размислете и проценете дали е најдобро да повикате такси, да го почекате следниот автобус или да се јавите кај некој пријател. Најдобро е да ви стане навика да одите порано на автобуската станица, за да можете без да задоцните да го почекате следниот автобус, ако првиот сте го пропуштиле или не дошол на време.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вистината за Рубиковата коцка

    Вистината за Рубиковата коцка

    Една од заблудите на минатиот век е дека култната Рубикова коцка е направена за детска забава. Точно е дека ја создал Унгарецот Ерно Рубик, затоа и го носи неговото име, но целта не му била да ги забавува луѓето низ светот, туку да ги објасни принципите на тродимензионалното планирање.rnrnВистината за Рубиковата коцкаrnrnРубик во тој период предавал архитектура и дизајн на мебел. Во 1974 година, обидувајќи се да направи 3Д визуелизација за своите студенти, тој ја дизајнирал коцката, не знаејќи дека всушност направил сложувалка. Таа се состоела од дваесет и седум мали коцки, врз кои ставил налепници во шест бои. Тогаш, никому не му било важно боите да бидат подредени, ниту на професорот, ниту на студентите.rnrnВистината за Рубиковата коцкаrnrnЗа правилно да се подредат сите шест страни на Рубиковата коцка, која на почетокот била нарекувана магична, постојат четириесет и три квинтилиони варијанти. Дури и самиот Ерно Рубик едвај ја решил сложувалката, после многукратни обиди. Но, откако го сторил тоа, дошол до идеја да го патентира пронајдокот како детска играчка. Тоа го направил по една година од дизајнирањето на коцката.rnrnВистината за Рубиковата коцкаrnrnИграчката немала посебен успех сè до 1980 година, кога за неа се заинтересирала американската компанија „Ideal Toys“ и го откупила патентот за пронајдокот. За кратко време компанијата успеала да продаде над 100.000 оригинални рубикови коцки, со што Ерно станал првиот легален милионер во социјалистичките земји. rnrnВистината за Рубиковата коцкаrnrnОваа култна играчка на осумдесеттите години и ден денеска е популарна. Се организираат бројни натпревари за нејзино брзо сложување. Засега, рекордот го држи Австралиецот Феликс Земндегс. Тој успеал да ја сложи за само 5,66 секунди.rnrnВистината за Рубиковата коцкаВистината за Рубиковата коцкаВистината за Рубиковата коцкаrnrnНајмалата Рубикова коцка изнесува само 8 милиметри. Покрај основниот облик на сложувалката, денеска на пазарот можат да се најдат и други, најразлични форми. Досега се продадени над 300.000.000 оригинални рубикови коцки и нејзини најразлични имитации.rnrnВистината за Рубиковата коцкаВистината за Рубиковата коцка
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.