КАФЕ ПАУЗА

Tag: планирање

  • 5 совети за како да не го занемарите здравјето во новата година

    5 совети за како да не го занемарите здравјето во новата година

    Ова е период од годината кога не само размислуваме за сите важни нешта кои ни се случиле во текот на годината што полека изминува, туку и си поставуваме нови цели за годината што претстои во поглед на професионалниот развој и кариерата. Сепак, во целиот тој процес важно е да не го занемариме здравјето. Во продолжение прочитајте ги нашите совети како да посветите повеќе внимание на себеси во годината што доаѓа.rnrnКако да не го занемарите здравјето во новата годинаrn

    1. Нови навики

    rnЕден од најдобрите начини да останете здрави е да ги замените старите навики со нови. Одлучете се за поздрави опции. На пример, овошјето и зеленчукот можат да ви бидат замена за обработената закуска; наместо да патувате со автомобил можете да пешачите или да возите велосипед доколку се работи за кратко растојание.rn

    2. Редовна рутина за спиење

    rnСпиењето игра важна улога за одржување на имунитетот. Многу експерти сугерираат дека воспоставувањето редовна рутина за спиење ќе ви помогне да го подобрите квалитетот на сонот. Обидете се секоја вечер да заспивате во исто време и да се будите во исто време.rn

    3. Вежби за умот

    rnДа не заборавиме дека менталното здравје е исто толку важно како и физичкото. Еден од начините да го подобрите менталното здравје е преку зајакнувањето на функцијата на вашиот мозок. Тоа не значи дека секогаш мора да учите нови работи и да решавате крстозбори. Понекогаш доволно е да ги правите работите што ги сакате и да се забавувате.rn

    4. Повеќе физичка активност

    rnОбидете се да додадете повеќе активности во вашата секојдневна рутина оваа година. Изберете скали наместо да се качувате со лифт, пешачете наместо да се возите со автомобил… Постојат многубројни начини да бидете физички активни во текот на денот. Тоа ќе ви помогне да останете во форма, но и да го подобрите расположението.rn

    5. Планирање однапред

    rnПланирањето однапред е одличен совет за одржување на здравите навики. Кога купувате намирници, направете список и држете се до него за да не се најдете во ситуација да купувате непотребни работи. Доколку готвите, планирајте ги оброците однапред за цела недела за да знаете што ќе готвите секој ден. Доколку пак вежбате, планирајте ги однапред сесиите и запишете си ги во календарот што ќе ви послужи како потсетник за вашата фитнес рутина.rnrnОткако ги прочитавте нашите навики за воспоставување здрави навики во новата година, можеби ќе сакате да прочитате и кои 7 работи морате да ги завршите на почетокот на новата година.rnrnИзвор: allwomenstalk.com

  • Зошто е потребно децата да научат како да го планираат времето?

    Зошто е потребно децата да научат како да го планираат времето?

    Воспоставувањето рамнотежа помеѓу училиштето/професионалниот и приватниот живот е исто толку важно за возрасните како и за децата. Кога ќе пораснат тие ќе бидат соочени со предизвикот да го планираат своето време на ефикасен начин. Тоа ќе им помогне да ги постигнат своите цели и да ги реализираат своите планови. Постојат безброј начини на кои можеме да го трошиме времето и затоа е важно да усвоиме одредени вештини за негово управување. Тие ќе ни помогнат да донесеме правилни одлуки со тоа што ќе им посветиме време на оние нешта што се важни за нас.rnrnЗошто е потребно децата да научат како да го планираат времето?rnrnСвеста за концептот на времето е нешто што се развива подоцна во развојот на личноста и не постои човек кој не ги искусил негативните последици од непрепознавањето на неговата важност. Како да го научите детето да се справи со многубројните обврски – училиште, домашни работи, спорт, хоби? Децата учат доколку сте трпеливи со нив, но во голем дел од случаите тие ги имитираат родителите кога станува збор за управување со времето. Важно е да се знае дека управувањето со времето не е само одговорност на децата, туку тоа е колективна обврска на целото семејство, особено на родителите.rnrnЕве на кој начин децата можат да станат повеќе свесни за концептот на трошење на времето.rn

    1. Поставување реална цел

    rnТреба да им поставите реална цел на децата во согласност со нивните способности. За таа цел треба да бидете свесни за тоа што можат децата да постигнат во даден временски период.rn

    2. Развивање свест за времето

    rnИзгубеното време не се враќа. Помогнете им на децата да развијат поголема свест за времето со тоа што ќе ги научите како да направат проценка на потребното време за извршување на рутинските задачи. Притоа, важно е да ги разберат и потенцијалните последици од доцнењето. За децата кои имаат потешкотии да се префрлат од една на друга активност, родителите треба да ги потсетат за преостанатото време од активностите.rn

    3. Време за спиење

    rnДецата на возраст од 5 до 12 години имаат потреба од 10 часа сон дневно. Поставете разумно време за одење в кревет и придржувајте се до него.rn

    4. Планирање и организирање

    rnДобро би било доколку ги поттикнувате вашите деца самите да си ги планираат активностите. Дали детето треба да ги пакува своите книги, тетратки и училишен прибор? Дали му треба спортска опрема после училиште? Можете да почнете на тој начин што ќе го насочите самото да си го спрема училишниот ранец, како и да си ги подготвува облеката и обувките.rn

    5. Утврдување на работниот простор

    rnРаботниот простор е важен за стекнување работни навики кај децата, затоа потребно е да биде добро осветлен и проветрен. Децата треба самите да го спознаат својот ритам на учење. Кога ќе се утврди оптималното време за учење во текот на денот, важно е детето да го почитува секој ден. На тој начин тоа ќе создаде навика да ги извршува училишните обврски секој ден во истото време. Поттикнете ги децата да развијат своја рутина.rn

    6. Отстранете ги „крадците на времето“

    rnДоколку детето е зависно од телевизија, телефон, компјутерски игри или социјални мрежи, неопходно е да наметнете ограничувања. Интернетот може да биде добра алатка кога станува збор за истражување, но и причина за одложување на важни задачи.rn

    7. Планирајте време за одмор

    rnПокрај толкуте многу обврски, децата заслужуваат и одмор. Организирајте активности во природа каде децата ќе можат да се релаксираат и да ги наполнат батериите.rnrnОткако дознавте на кој начин да го доловите концептот за ефикасно справување со времето кај децата, можеби ќе ве сакате да прочитате и кои се 8-те методи на воспитување што ги користат родителите на успешните деца.rnrnИзвор: centarzdravlja.rs

  • Непланиран, спонтан, страсен: Кој секс е најдобар?

    Непланиран, спонтан, страсен: Кој секс е најдобар?

    Како вие го замислувате добриот секс? Непланиран, спонтан или страсен? Во практиката, добриот секс не е како на филм.rnrnНепланиран, спонтан, страсен: Кој секс е најдобар?rnrnИстражувањата покажаа дека најдобриот секс е всушност оној што е планиран. Истражувањето било спроведено во Германија, а резултатите биле објавени во „Магазин за сексуални истражувања“.rnrnВо истражувањето учествувале 966 парови (претежно хетеросексуалци) кои отворено зборувале за своите сексуални активности. Покрај квалитетот на сексот, биле испитани и нивните карактеристики.rnrnКрајниот резултат на истражувањето покажа интересен резултат.rnrnИмено, луѓето кои се дисциплинирани, амбициозни и насочени кон успех се позадоволни од планираниот секс отколку од спонтаниот. Најзадоволни се жените кои се во брак со одговорен маж, кој се обидува да ја задоволи својата партнерка.rnrnИстражувањето покажало дека договорениот секс дотура масло на огнот и дозволува фантазирање што наскоро ќе стане реалност.rnrnПрочитајте како ќе изгледа водењето љубов во 2021 година.

  • Како да испланирате патување без стрес за навистина да се одморите?

    Како да испланирате патување без стрес за навистина да се одморите?

    Одвреме-навреме, на секој му е потребен одмор. Патувањето е одличен начин да направите мала пауза од вашиот секојдневен живот и да го добиете потребниот одмор. Без сомнение барањата на работа, училиште, семејство, пријатели и животот можат да бидат премногу. Лесно е да се почувствувате затрупани помеѓу сето ова.rnrnКако да испланирате патување без стрес за навистина да се одморите?rnrnПоради тоа, важно е добро да се грижите за себе и да направите одмор кога тоа ви е потребно. Патувањето е секогаш одлична идеја, па погледнете како да организирате одмор без стресrn

    1. Не го проверувајте деловниот имејл

    rnМоже да биде вистинско искушение, но најдобро е да не го допирате имејлот од работа ако навистина сакате да се одморите. Вашиот мозок автоматски ќе се подготви за работа, па нема да можете навистина да бидете присутни на вашиот одмор.rn

    2. Направете резервација за вечера

    rnДоколку со години сте сакале да посетите некој ресторан, закажете маса уште пред патувањето. Сигурно нема да сакате да пристигнете и да откриете дека е зафатен за целиот викенд. Кога однапред ќе закажете, ќе се спасите од стресот и ќе се опуштите.rn

    3. Одете на помирна дестинација

    rnБегајте од гужвата и упатете се кон некоја мирна дестинација ако навистина сакате да се тргнете од сè. Гужвите за време на патување се стресни и понекогаш станува потешко да уживате во одморот. Наместо да ги барате најпопуларните места, посетете некоја скриена дестинација.rn

    4. Не носете премногу багаж

    rnСигурно сакате да го спакувате целиот гардеробер, но ќе си бидете благодарни ако носите малку багаж. Испланирајте ги однапред модните комбинации и спакувајте ги само неопходните нешта. На овој начин нема да се грижите за голем куфер.rn

    5. Тргнете на патувањето без очекувања

    rnКога станува збор за патувања, секогаш е најдобро да тргнете без никакви очекувања. Не можете да предвидите какви ќе бидат дестинацијата и патувањето. Важно е да бидете оптимисти, но и да имате отворен ум. Кога одите без очекувања, постојат поголеми шанси да се изненадите, а помали да се разочарате.rn

    6. Најдете туристичка агенција

    rnОткако сте поминале часови во планирање на патувањето и закажување активности, самиот одмор може да ви изгледа како работа. Наместо сето ова да го правите сами, зошто да не одите преку агенција или со некоја група? Сè што ќе треба да направите е само да се појавите и да уживате.rn

    7. Не споредувајте

    rnЛесно е да се почувствувате како да испуштате нешто кога ги гледате фотографиите на другите на социјалните мрежи. Поради ова најдобро е да не го споредувате вашето патување со некое туѓо. Сите имаме различни интереси и она што му се допаднало на некого, не значи дека ќе ви се допадне и вам. Планирајте го патувањето според вашите уникатни потреби и интереси.rn

    8. Истражете што е можно повеќе

    rnВо природата на патувањата им е да не одат секогаш по планот. Иако не можете да ја предвидите секоја пречка, правилното истражување и планирање ќе ви помогнат да бидете подготвени за сè. Проверете го времето, услугите, најдобрите ресторани и слично.rn

    9. Не претерувајте со планирање

    rnПонекогаш мора да им дозволите на нештата едноставно да се случуваат. Одморот е за да бидете безгрижни, а строгиот распоред само ќе направи да се чувствувате како да сте на работа. Испланирајте неколку нешта што морате да ги направите, а другите препуштете ѝ ги на можноста. Ќе го избегнете стресот и ќе имате време навистина да се релаксирате.rn

    10. Поставете цели во патувањето

    rnРазмислете што сакате да постигнете со овој одмор. Дали сакате целото време да уживате во кујната на вашата дестинација, или пак сакате да одите по музеи? Поставете и неколку цели за вашето патување и поверојатно е да бидете задоволни со резултатите. Наместо да се обидувате да направите сè, подобро е да целите кон неколку работи што навистина ќе ве исполнат.rnrnДоколку сакате нешто необично, пробајте ги овие забавни начини на патување и откривање нови места.

  • Експертите откриваат: Која е идеалната возраст за првата бременост?

    Експертите откриваат: Која е идеалната возраст за првата бременост?

    Некои жени го планираат мајчинството, додека некои чекаат тоа да се случи кога ќе дојде време, но експертите потенцираат дека жените кои би сакале две или три деца и тоа како би требало да испланираат кога ќе го родат првото. Британските научници извршиле анализа на податоците за плодноста на 58.000 жени и дошле до интересни заклучоци.rnrnЕкспертите откриваат: Која е идеалната возраст за првата бременост?rnrnНаучниците од британскиот универзитет во Шефилд, со цел да им помогнат на жените кои сакаат деца да ја одредат идеалната возраст за основање семејство, ги собрале и анализирале податоците за плодноста на повеќе од 58.000 жени. Тие дошле до заклучок дека жените кои сакаат големо семејство, односно барем три деца, првото дете треба да го родат најдоцна на 23 години.rnrnСпоред експертите, доколку жените почнат да работат на првото дете на 23 години, ќе имаат 90% повеќе шанси да го родат третото, ако имаат таква желба. Ако чекаат до 31 година, шансите да станат мајки на три деца паѓа на 75%, а ако се чека до 35 години, шансите се 50%.rnrnЖените кои сакаат две деца треба да почнат да работат на мајчинството до 27 години, а оние кои сакаат едно дете не би смееле да чекаат да им помине 32-иот роденден за да станат мајки.rnrnАнализите исто така покажале дека оплодувањето со ин витро, односно медицински потпомогнатото оплодување не е гаранција за мајките кои го одложуваат мајчинството, односно можноста за бременост се продолжува само за една или две години.rnrnЕкспертите нагласуваат дека овие податоци не мора да важат за секоја жена, но дефинитивно можат да им помогнат на жените кои сакаат да планираат семејство и да го остварат нивниот сон за голема фамилија со многу деца.

  • Што треба да направите со вашиот партнер пред да стапите во брак?

    Што треба да направите со вашиот партнер пред да стапите во брак?

    Некои млади луѓе решаваат да се фокусираат на градењето кариера и не брзаат со основањето семејство. Други, пак, сакаат што побрзо да стапат во брак и да станат родители. Доколку вие спаѓате во оваа група, колку и да сте сигурни во љубовта на вашиот партнер и колку и да се чувствувате подготвени за овој голем чекор, треба да ги имате предвид следниве неколку работи…rnrnКои работи треба да ги направите пред да стапите во брак?rn

    Заедно работете на тоа да ги подобрите вашите комуникациски вештини

    rnДоколку и двајцата сте способни да ги споделувате вашите чувства и потреби, голема е веројатноста дека бракот ќе трае. Кога ви е тешко да кажете нешто, мора да бидете подготвени да се соочите со партнерот. Мора да бидете способни да ја искажувате вашата лутина, фрустрација, разочарување или незадоволство на начин кој нема да направи вашиот партнер да се чувствува како да го напаѓате. Кога ќе можете да го направите сето ова, бидете сигурни дека вашиот брак ќе биде успешен и среќен.rn

    Разговарајте за вашите семејни планови

    rnНемојте веднаш да претпоставите дека и двајцата размислувате исто кога станува збор за важните одлуки, како што се децата. Разговарајте за тоа дали и кога би сакале да имате деца, колку деца би сакале и дали и двајцата ќе работите кога ќе дојде до тоа. Децата ќе ви го променат животот. Бидете сигурни дека и двајцата се согласувате за истите дискутабилни прашања и тоа ќе ве поштеди од многу потенцијални проблеми во иднина.rn

    Бидете свесни за вашите недостатоци

    rnНе постои совршен партнер. Многумина ја немале таа привилегија да имаат добар пример за успешен и среќен брак. Отворено признајте му ги вашите недостатоци на партнерот и кои особини би сакале да ги подобрите. Потоа дадете си ветување дека и двајцата ќе работите заеднички на тие проблеми.rn

    Подобрете ги односите со меѓусебните пријатели и семејства

    rnБракот е една од најтешките врски во животот. Многу е важно е да имате мрежа на роднини и пријатели кои ќе ви дадат поддршка и со кои ќе можете да ги споделите брачните радости и предизвици. Така што, доколку не сте во добри односи со пријателите и семејството на вашиот партнер, време е да поработите на тоа. Факт е дека не се венчате со нив, но тие му се важни на вашиот партнер. Партнерот ќе го цени тоа што ќе покажете интерес и ќе се обидете да се зближите со луѓето кои му значат.rnrnКои работи треба да ги направите пред да стапите во брак?rn

    Договорете се да имате брачни состаноци уште пред да се венчате

    rnНеделните брачни состаноци подразбираат кратки разговори во кои ќе зборувате за вашите чувства, одговорности, ќе ги планирате вашите состаноци и ќе дискутирате за вашите грижи. Наместо да држите лутина и да се оддалечувате, овие брачни состаноци ќе ви помогнат да се зближите и да спречите малите проблеми да прераснат во криза. Нека не ве исплаши зборот „состанок“. Излезете, одете на кафе или прошетајте. Поентата на брачните состаноци е да зборувате и да се поврзете, околината не е важна.rn

    Разговарајте за финансиите

    rnНаправете план за тоа како ќе ги организирате финансиските средства и тоа ќе ви помогне да спречите многу потенцијални несогласувања во иднина. Некои парови ги здружуваат финансиите откако ќе се венчаат, а некои имаат одвоени сметки. Транспарентноста е од клучно значење кога станува збор за парите во бракот. Корисно е да одредите сума на пари која можете да ја потрошите без да се консултирате со сопружникот. Доколку постои тајност околу трошењето пари, тоа е показател дека треба да разговарате за одредени проблеми околу довербата. Ако сакате да заштедите, разговарајте до која сума на пари сакате да стигнете и кои се вашите финансиски цели. Функционирајте како тим за да имате среќен брак.rn

    Не ги игнорирајте сериозните проблеми

    rnСите парови се соочуваат со одредени предизвици и проблеми. Среќните бракови не се ништо поразлични, но она што ги одвојува од другите и начинот на кој се справуваат со нивните проблеми. Ако ги игнорирате проблемите или се преправате дека не постојат, тие нема магично да исчезнат. Успешните двојки разговараат за проблемите веднаш штом се појават.

  • За нашата опсесија со времето: Дали постои вистинскиот тајминг?

    За нашата опсесија со времето: Дали постои вистинскиот тајминг?

    Време. Темпирање. Тајминг. Мали зборови со огромен ефект. Сѐ што се случува околу нас се заснова на тајмингот. Го користиме како изговор, како причина да се објасниме себеси, како чувство за ориентација и правец. Нашето општество нѐ фокусира на идејата дека тајмингот е клучен и како последица, ние дозволуваме тој да има многу поголема контрола врз нашите животи, многу повеќе отколку што сме свесни.rnrnЗа нашата опсесија со времето: Дали постои вистинскиот тајминг?rnrnНо, треба да се знае дека иако тајмингот не изгледа како да е вистинскиот, сепак кои сме ние за да велиме дека нешто ќе биде или нема да бидете добро за нас поради него. Често се наоѓаме во тешки ситуации на изгубени и пропуштени шанси само затоа што сме имале лош тајминг и кога тој конечно ќе биде точен, веќе е предоцна.rnrnНие, како генерација, сме опседнати со фактот дека имаме план и кога работите нема да се одвиваат по тој наш план, велиме дека се должи на нашиот лош тајминг. Опседнати сме со изреката дека сѐ се случува со причина, но сепак упорно размислуваме и се навраќаме на изгубените можности и прилики. Ги фокусираме нашите животи околу концептот на тајмингот, кога треба да ги фокусираме на преземањето ризици и шанси.rnrnПостојано ќе ги губиме сите добри работи како работата од нашите соништа, совршениот партнер, успехот во кариерата и приватниот живот и шансата за среќа ако постојано се прашуваме дали сега е вистинскиот момент. Дали нашиот тајминг е точен. Вистина е што нашиот тајминг никогаш нема да биде точен и моментот никогаш нема да биде вистински. Но, тоа е поентата на живеењето.rnrnТреба да бидеме храбри и да се осмелиме да ризикуваме дури и кога не ни е удобно и кога не сме доволно подготвени. Се разбира, нема сѐ да биде совршено на крајот и поразот и неуспехот се неизбежни, но ние живееме и учиме и нема да можеме тоа да го исполнуваме во целост доколку не се ослободиме од идејата за тајмингот. Излезете, зграпчете го денот и шансите! Дури и кога работите не се онакви какви што сте ги планирале или „тајмингот е лош“, направете го она што сакате да го направите пред да изгубите нешто добро. Којзнае, можеби ќе се изненадите, бидејќи вашиот лош тајминг понекогаш може да биде совршениот тајминг, но маскиран.

  • Еве зошто ќе бидете многу поуспешни кога ќе сфатите дека ништо не е трајно

    Еве зошто ќе бидете многу поуспешни кога ќе сфатите дека ништо не е трајно

    Не постои начин да предвидиме каде ќе бидеме утре, ниту метафорично ниту географски. Има многу работи кои не можеме да ги испланираме и уште толку работи кои не можеме да си претпоставиме дека ќе се случат. Па, каква лекција се крие тука? Ништо не е трајно. Можете да се обидете да ги испланирате наредните 5 години, но независно колку е добар тој план, треба да го избришете бидејќи може да има сосема спротивен ефект и да ве спречи при постигнувањето на многу неверојатни работи. Верувањето во кој било тип трајност може да биде вашиот неуспех и дури во оној момент кога ќе научите да ги пуштите работите, да земате ризици и да се адаптирате на големите животни промени, ќе ги искусите и најголемите успеси.rnrnЕве зошто ќе бидете многу поуспешни кога ќе сфатите дека ништо не е трајноrn

    Вашата работа не е трајна, па започнете да работите

    rnНие не сме како постарите генерации кои работеле за една иста компанија цели 40 години и потоа се пензионирале. Ние сакаме да се движиме наоколу, независно дали под тоа се подразбира работење на други места или целосна промена на кариерата. Или тоа, или се откажуваме од работата и нѐ отпуштаат поради скорешната ситуација со економијата. Затоа е секогаш добро да се има план Б и барем уште еден дополнителен извор на паричен доход. Не мора да станете блогери или Интернет вработени и така да заработувате пари, но анализирајте ги своите способности и пронајдете ги вашите посилни страни со цел да го најдете и соодветното решение.rn

    Вашите работи не се трајни, па ослободете се од нив

    rnДоколку им давате важност на материјалните работи и не можете да престанете со таа практика, тогаш запрашајте се каде можете да ги сместите тие нешта и дали навистина ви се неопходни. Ако одговорот е позитивен, тогаш најдете им соодветно место и приберете ги. Но, ако одговорот е негативен, тогаш ослободете се од сите непотребни работи кои само можат да ви ја нарушат организацијата. Минимализмот е добар начин на живот. Колку помалку работи чувате кои ви тежат, толку поголема слобода ќе имате во животот и ќе можете подобро да се фокусирате на вашите цели. Ова може да биде одлична шанса да го преуредите вашиот дом и да ги исфрлите сите работи кои сметате дека немаат никаква друга намена освен да зафаќаат простор и да собираат прашина. Чувството кога велите „збогум“ на минатото и „добредојде“ на иднината е непроценливо.rn

    Вашиот живот не е траен, па искористете го до максимум

    rnЖивотот не треба да се зема здраво за готово. Со самиот факт дека го читате овој текст, покажувате дека имате добар и пристоен живот. Имате компјутер, телефон или каков било друг електронски уред, имате пристап до Интернет и се интересирате за сите начини на кои можете да се подобрите себеси. Треба да бидете горди на себе и на местото на кое што денес се наоѓате, но не дозволувајте тоа да ве запре да се стремите за повеќе. Дали отсекогаш сте сакале да го посетите Париз, но никогаш не сте можеле финансиски да си дозволите да го направите тоа? Одредете еден датум за една година отсега и започнете да заштедувате дел од вашата плата и префрлајте го во вашиот фонд за патување. Никогаш нема да дознаете што ве очекува ако не ја искористите шансата која ви се нуди.

  • Живејте го животот во полн ек: Науката вели дека спонтаните луѓе најмногу се забавуваат

    Живејте го животот во полн ек: Науката вели дека спонтаните луѓе најмногу се забавуваат

    Постојат луѓе кои го организираат секој момент од својот живот. На пример, кога ќе одлучат да одат на патување, тие сакаат да ги испланираат сите свои активности. Од друга страна пак, постојат и луѓе кои сакаат работите да ги прават спонтано, на пример такви кои го импровизираат своето патување и искусуваат работи кои никогаш не очекувале да ги видат или искусат.rnrnЖивејте го животот во полн ек: Науката вели дека спонтаните луѓе најмногу се забавуваатrnrnЕдно ново истражување од факултетот за бизнис Олин, дел од Универзитетот Вашингтон, ни предложува дека доколку сакате да се забавувате, тогаш најдобро е ако ги оставите сите планери и календари настрана. Габриела Тонието, кандидат за докторат во областа на маркетингот и Селин Малкоч, професор по маркетинг, спровеле 13 социјални експерименти за да проучат како луѓето го поминуваат и искусуваат слободното време. По спроведените истражувања, резултатите покажале дека кога слободното време било планирано, се зголемиле очекувањата, но се намалило уживањето.rn

    „Проучувајќи различни активности во слободно време, постојано откривавме дека планирањето може да направи луѓето да ги чувствуваат забавните задачи како работни задачи и да го намали уживањето“, вели Тонието.rnrn„Откривме и дека детерминантата на планирањето на слободното време произлегува од тоа колку структурирано е нашето време“, додава професорот Малкоч.

    rnКлучниот елемент во пронаоѓањето рамнотежа во планирањето и забавата е грубо да го планирате своето слободно време и активностите кои ќе ги правите во него. На пример, можете да планирате нешто за некој ден без да одредите конкретно време. Со тоа знаете дека активноста е сѐ уште вклучена како план за денот, но ја држите флексибилна бидејќи немате одреден час за нејзиното извршување. Така, правите таа да изгледа повеќе како нешто забавно отколку како работна обврска.rn

    „Со намалувањето на структурата на плановите, грубото планирање не прави слободното време да се чувствува повеќе како работа и со тоа не се намалува ниту уживањето“, објаснува професорот Тонието.

    rnНо, не заборавајте дека не треба секогаш да бидете безгрижни и спонтани, посебно за оние настани кои имаат голема важност за вас и вашиот живот. Понекогаш е добро да се има план, бидејќи така ќе ја зголемите вашата продуктивност. Затоа обидете се да го балансирате своето време и сѐ ќе биде во најдобар ред.rn

    „Од друга страна, заклучивме дека планирањето ни помага подобро и побрзо да ги завршиме работите. Но, штом ќе го сториме тоа, обично уживаме помалку“ заклучува професорот Малкоч.

  • Девојки, признајте: 9 чудни работи кои ги правите додека вашето момче не е покрај вас

    Девојки, признајте: 9 чудни работи кои ги правите додека вашето момче не е покрај вас

    Колку и да сме искрени со нашите момчиња, постојат работи кои никогаш не би му ги признале, како на пример што правиме кога тој не е покрај нас. Кога го велиме ова не мислиме на изневерување или играње игри, туку на оние мали слатки работи кои нè врзуваат за него… Сеќавањето на првиот состанок, пораките, првиот бакнеж… Затоа ви ги претставуваме овие 9 работи кои девојките ги издвоија дека сакаат да ги прават кога нивните момчиња не се покрај нив.rnrn1-devojki-priznajte-9-chudni-raboti-koi-gi-pravime-dodeka-nasheto-momche-ne-e-pokraj-nas-www.kafepauza.mk_rn

    1. „Повторно ги читам сите пораки кои ги имам добиено од него“

    rnОоо, тотално сте заборавиле на моментот кога тој ви предложи да одите заедно на концерт и дека таа вечер си поминавте феноменално. Утредента, штом се разбудивте имавте добиено порака од него за тоа колку убаво си поминал претходната вечер. Ги читате старите пораки на кои тотално сте заборавиле. Тоа мора да биле луди денови!rn

    2. „Ги прелистувам сите примени пораки, а потоа некои од нив ги сликам за полесно да се присетувам на сите слатки работи кој ми ги напишал“

    rnНа овој начин не морате да влегувате во сите пораки за да ги барате оние примени од пред пет месеци и патем да ги читате сите оние досадни и чудни работи кои ви делувале интересни во тоа време. Сето тоа се чини досадно во однос на моментите кога ви напишал дека му недостигате.rn

    3. „Се присетувам на моментот кога прв пат го сретнав, заедно со сите мали и смешни детали“

    rnДали веднаш „паднавте“ кога го здогледавте? Чекајте, дали воопшто се сеќавате на моментот кога за прв пат го сретнавте? И како се чувствувавте тогаш? Како и да е, тоа беше прекрасен и неверојатен ден.rn

    4. „Правам тајна Пинтерест табла за венчавка, за секој случај“

    rnДали сте спремни за венчавка оваа година? Најверојатно не. Но, признавате дека со ова момче ви е толку добро, што одвреме-навреме одите на Пинтерест и ги пребарувате најубавите венчаници, декорации, цветови и садови кои би сакале да ги имате на вашата венчавка.rn

    5. „Одам на неговиот Фејсбук профил и го гледам неговото слатко лице“

    rn„О боже, колку е сладок на оваа фотографија од 2007 година! Ова му е најубава слика. А оваа од 2009? Но сепак, тука е најсладок. А чекај да видам како изгледа две години покасно. Ох, веќе два часа сум на неговиот профил.“rnrn2-devojki-priznajte-9-chudni-raboti-koi-gi-pravime-dodeka-nasheto-momche-ne-e-pokraj-nas-www.kafepauza.mk_rn

    6. „Размислувам за сите потенцијални начини на коишто може да ме запроси“

    rnМожеби размислува за малиот ресторан во кој има хартиени светилки и за кој мислите дека е најромантичното место што сте го посетиле. Можеби ќе ве однесе во парк веднаш после работа, кога најмалку ќе очекувате. Идеите се бесконечни.rn

    7. „Гледам фотографии од верничкиот прстен на мојата другарка и размислувам каков сакам јас да добијам“

    rnНикогаш не сакате да добиете прстен каков што доби таа. Вашето момче никогаш не би ви купило таков прстен. Тој знае дека тоа не е вашиот стил. Чекајте, дали тој знае дека тоа не е вашиот стил? Што ако тој воопшто не го знае стилот што го сакате?rn

    8. „Размислувам која песна би ја одбрала за нашиот прв танц на свадбата и како би се чувствувала тој ден“

    rnДали би се движеле бавно, танцувајќи на некоја романтична балада? Исто така, тука е фактот дека вие и вашето момче никогаш не сте играле заедно (освен пијаниот танц во дискотеката), па можеби би требало да земете часови. Мило ви е што се сетивте на ова порано.rn

    9. „Размислувам за сценариото ‘што ако се сретневме порано’“

    rnШто ќе се случеше ако вие и вашето момче се сретневте додека бевте деца? Дали би се сложувале и би биле најдобри пријатели? Дали вие прва би го забележале и би го поканиле на состанок и тогаш не би морале да одите на 9.000 пропаднати состаноци со други момци? Не постои начин да го дознаете одговорот на овие прашања, но барем знаете дека повеќе не мора да излегувате со други. Сигурни сте дека вашето момче е одлично. А сега одете и прочитајте ги неговите стари пораки додека тој не дојде.