КАФЕ ПАУЗА

Tag: планирање

  • 7 идеи за планирање новогодишна забава во последен момент

    7 идеи за планирање новогодишна забава во последен момент

    Автор: Моника ТрајковскаrnrnПолагам до 30-ти, работам и на 31-ви, можам да се одморам само 2 дена и после почнувам пак со учење/работа… ова се одговорите кои се слушаат периодов на прашањето: „Каде за Нова година?“ Но, сепак, немањето време за организирање не значи дека морате да ја поминете новата година сами дома гледајќи филмови. Еве неколку идеи како на брзина да испланирате добра забава со вашите пријатели.7 идеи за планирање новогодишна забава во последен моментrn

    1. Тема

    rnСмислете тема на забавата – бидејќи е во последен момент мора да биде нешто едноставно за да можат пријателите да имаат време да се подготват. На пример, сите мора да бидат облечени во бело-црвена комбинација, бал под маски како во 40-тите (доколку немате маска можете лесно да ја нацртате на лицето со помош на сенки и моливчиња за очи),  казино-вечер  или пак пижама-парти.rn.rn

    2. Музика и танцување

    rnНајдете музика што ќе одговара на темата која сте ја избрале. Без добра музика и танцување не може да има добра забава. Ако имате пријатели кои свират на гитара, замолете ги да одржат мал концерт на почетокот на вечерта. Погрижете се и за осветлувањето, доколку имате сијалички за кои немало место на елката, распоредете ги низ просторијата.7 идеи за планирање новогодишна забава во последен моментrn

    3. Декорации

    rnБалони, украси, светилки, свирчиња, капи, конфети и како најважно – жижици… сè што останало од минатите новогодишни прослави и роденденски забави може повторно да се искористи. Исто така, на чашите можете да нацртате или залепите броеви од 1 до 10. На тој начин вашите пријатели полесно ќе ја препознаваат својата чаша, но истовремено и ќе се зголеми очекувањето за одбројувањето до новата година.rn.rn

    4. Колачиња

    rnБидејќи нема доволно време за готвење, можете да направите различни видови колачиња украсени со шлаг. Дел од нив нека содржат интересни пораки кои ќе „предвидуваат“ настани во текот на наредната година.7 идеи за планирање новогодишна забава во последен моментrn

    5. Друштво

    rnПишете им порака на најблиските пријатели – покана во која накратко ќе ја опишете својата забава. Секако, пишете им и што да донесат со себе, на пример дополнителни декорации, колачиња, музика, фотоапарат… сè што нема да успеете вие да најдете или направите до вечерта.rn.rn

    6. Коктели

    rnИзненадете ги пријателите со шарени коктели. Потребни ви се овошни сирупи во неколку бои и безбоен пијалак по ваш избор. Од овошните сирупи можете да направите и коцки лед. Останатото оставете го на имагинацијата.7 идеи за планирање новогодишна забава во последен моментrn

    7. Фотограф

    rnЕден од пријателите нека добие задача да фотографира цела вечер. Нека прави рандом фотографии од целиот настан. Веруваме дека наредниот ден токму тие ќе бидат главна тема на разговорите.rnrnСреќна Нова година!rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Насмевнете му се на денот!

    Насмевнете му се на денот!

    Автор: АнаrnrnДраги мои, вие кои од другата страна, ги читате моите мисли, вие, на кои им подарувам дел од мојот свет, мало парче душа за да ве стопли во овие ладни моменти, тука започнува нашето дружење.rnrnКако што кажал Виктор Борг:rn.rn

    „Насмевката е најблиската оддалеченост помеѓу двајца“.

    rnПа јас ќе се обидам да ви украдам по една насмевка и да направам денот да ви почне со ведрина.Насмевнете му се на денот!Спонтаноста е една од најважните работи во мојот живот. Не сакам да планирам, искуството ме научило дека плановите понекогаш знаат да разочараат. Дали не се исполнил тој план? Дали не завршил како што сме замислувале? Неважно, во слободните денови и моменти, оставам спонтаноста да биде мојот водич.rnrnВо една статија поврзана со медицински истражувања, прочитав дека кај многу луѓе неостварениот план причинува стрес, разочарување, тага. Се запрашав зошто? Зошто да се разочаруваме за такви работи? Сосема непотребно… Па нели тематиката на животот е што посреќни, тоа поздрави, што поздрави, подолг живот.rnrnНасмевнете му се на денот, пред вас има време кое треба максимално да го искористите. Љубете и некој ќе ве љуби вас, смејте се и некој ќе ви ја возврати насмевката. Ако едно нешто не успеало, наредното сигурно ќе добие висока оцена.rn.rn

    „Сомнителни нешта, навики. Луѓето, самите по себе, не секогаш се свесни дека ги имаат“rn- рекла Агата Кристи.

    rnЈас велам, не сите навики се сомнителни. Створете навика за која ќе бидете и повеќе од свесни, навика која ќе прави телото да ви заигрува, да сакате да запеете, што ќе го разбуди вашиот дух и ќе ви даде енергија за целиот ден.rnrnСтавете ја вашата омилена песна да ви ѕвони како аларм, така ако наутро немате огромна желба да ја напуштите вашата топла постела, нема да ви биде толку тешко да го поздравите денот… Сварете го вашето омилено кафе и наздравете за она што следува.rnrnНе чекајте посебни пригоди за да се почестите себеси, најважна е вашата насмевка, вашата среќа, зошто ако вие сте исполнети со позитивна енергија, вашата околина ќе ја почувствува моќта и позитивноста која ја ширите. Гледајте низ шарени прозорци, секој момент нека ви биде различен. Безличното е досадно. Бидете свои. Креирајте го вашиот ден. Насмевнете се.rnrnДо наредно читање,rnrnСо љубов, насликана од сè срце,rnrnАна

  • Водич: Како да купувате облека?

    Водич: Како да купувате облека?

    Автор: Д. Џ.rnrnНа многумина од нас често им се случува, и покрај тоа што знаат како сакаат да изгледаат и каква комбинација од облеки да направат, кога ќе влезат во продавница (особено голема), сосема да се изгубат и да не можат да се одлучат кое парче им се допаѓа и што да купат. За да го избегнете ова запомнете ги нашите 5 правила за мудро купување со средени мисли и идеи.rnrnВодич: како да купувате облека?rn

    1. Запишувајте ги комбинациите кои ќе ви се допаднат

    rnКога на интернет, на телевизија или пак на улица, ќе налетате на некоја комбинација која ви го одзема здивот, веднаш запишете ја! Имајте на располагање нешто што ќе го користите за инспирација и за да се потсетите што ви се допаѓа и како сакате да изгледате, пред да појдете на шопинг. Има толку многу начини да го направите ова, на пр.: креирајте нова папка со слики на компјутерот која ќе биде само за облеки, зачувувајте слики од вашата омилена модна икона (муза), славни личности во облека која ви се допаѓа… едноставно сè што ве инспирира!rnrnВодич: како да купувате облека?rn

    2. Замислите ги комбинациите парче по парче

    rnОткако насобравте слики од повеќе комбинации кои ви се допаѓаат, треба да почнете да размислувате поситно. Навлезете во деталите, разгледајте сè што сте „запишале“ и  потрудете се да дојдете до неколку заклучоци за типот на парчиња кои ви се допаѓаат. Можеби после неколку разлистувања низ вашата папка за инспирација, ќе забележите дека на голем дел од сликите кои сте ги одбрале има кафени, кожни чевли или пак класични сакоа и слично.rnrnПристапете и од друг агол, за секоја слика поставете си неколку прашања. „Што е тоа што толку ми се допаѓа во оваа комбинација? Кое е најубавото парче на оваа слика?“ Верувајте, ќе се изненадите колку ова може да ви помогне во дефинирањето на вашиот вкус и работите кои ги посакувате.rnrnВодич: како да купувате облека?rn

    3. Елиминирајте ги парчињата од листата кои не се за таму

    rnОткако ја направивте таа огромна листа, прејдете на елиминирање на работите кои не припаѓаат таму. Избришете ги работите кои не се за вас, тоа би биле оние кои едноставно не одговараат со вашиот стил или пак се премногу скапи. Размислете убаво, дали за некое парче кое е моментално во тренд вреди да платите толку многу пари за да го носите само една сезона? Или пак за парче кое ќе го облечете малку пати? Дефинирајте ја вистинската цена на производот пред да го купите! Нема поента во давањето многу пари за нешто кое ќе го помине поголемиот дел од годината во задниот дел од вашиот гардеробер. Земете ја вашата листа и поделете ја во две колони – колона со облеки за кои би дале повеќе пари и колона со облеки за кои не вреди да платите многу.rnrnВодич: како да купувате облека?rn

    4. Имајте план на игра пред да влезете во продавницата

    rnНа секој му се случило да купува без план и без листа на парчиња кои сака да ги купи. Никој не е љубител на импулсивно купување кое предизвикува плакар полн со парчиња кои нема да ги обожава и нема да сака да ги носи! Заклучок – секогаш имајте план за купување!rnrnИмајте на ум (или на хартија) што сакате да купите и каде. Бар имајте идеја кое парче каде би можеле да го најдете.rnrnВодич: како да купувате облека?rn

    5. Одете во продавница и пробувајте!

    rnОткако се сложивте дека имањето план ќе ве спаси од главоболка, отидете во продавницата која ја имате на ум и не штедете се себеси! Пробувајте, пробувајте, пробувајте! Ако премногу сте мрзеливи за да пробувате или купувате парчиња без да го направите тоа – правите огромна грешка! Некои парчиња може да изгледаат сосема различно откако ќе ги облечете одошто сте мислеле според тоа како изгледале на закачалката. Некои парчиња ќе ве изненадат, но некои и ќе ве разочараат! Затоа пробувајте додека не ви се смачи, и додека не го најдете парчето кое најмногу ви се допаѓа како изгледа НА ВАС.rnrnВодич: како да купувате облека?Водич: како да купувате облека?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Од 1 до 101

    Од 1 до 101

    Автор: Високо ЦrnrnВеќе подолго време се прашувам, која е поентата на правење листи и „To Do“ списоци? Некаде прочитав дека повеќе од половината американски граѓани не можат да функционираат без нив.rnrnРазбирам ако, поради некој психолошки фактор, сте добиле задача да составите список на желби и соништа кои сакате да ви се исполнат, кои подоцна некој академик, фројдовски ќе се обиде да го спореди со вашите спомени, што пак ќе му овозможи да ги пронајде вашите стравови и така да ви помогне (доколку воопшто имате проблем). Ама да составите листа и потоа да се „убиете“ од правење сѐ што е во ваша моќ да го исполните зацртаното…rnrn(1) Од 1 до 101rnrnОк ајде, можеби и има смисла. Моќта на потсвеста. Зборував за тоа. Ама сепак.rn

      rn011

    • „…8. До наполнети 10 години мора да имам велосипед…
    • rn011

    • …13. До наполнети 16 години мора да имам девојка/дечко…
    • rn011

    • …22. До наполнети 25 години мора да имам скокано со падобран…
    • rn011

    • …35. До наполнети 30 години мора да имам 2 деца (по можност момче и девојче)…“
    • rn

    rnШто е многу, многу е!rnrnШто ако до наполнети 10 добиете и велосипед и тротинет? Ќе го фрлите едниот? А што ако до 25 години станете пилот? Што ако додека наполните 30, добиете 3-4 дечиња или не добиете ниту едно? Што ако наместо адвокат, станете судија? Што ако наместо актер, станете режисер или писател?rnrnСе прашувам што би имало во листата на еден Французин на пример.rn.rn

    „..16. Утре мора да изедам два кроасани и да испијам една чаша вино…“

    rnА кај Италијанец?rn.rn

    „…1. До недела мора да „запознам“ (чекај да видам: три на ден, седум дена во неделата = …) 21 девојка/жена…“

    rnКај Русин…rn.rn

    „…од 1 до 101. Вотка!?…“

    rnКај Јапонец…rn.rn

    „…од 1 до 1001. Работа, роботи, работа, роботи…“

    rnЗнаете дека се зезам нели? Не сакам никого да навредам. Ниту да осудам. Немам право на тоа. Секој на свој начин го живее животот.rnrnНо, нели сето тоа е малку заморно? Нели е малку напорно? Нели одзема време? Scrapbook со вашите свадбени желби, однапред испланирано време за кога ќе отидете во пензија, кога ќе одите во пензија…rnrnЗошто ги броите деновите? Зошто беспотребно губите време кога токму тоа време можете да го искористите за исполнување на вашите желби? Зошто да чекате?rnrnCarpe diem my friends!!!rnrnНе правете планови до 101 и назад. Направете план од денес за вечер или најдоцна за утре. Не треба да се плашите да нишаните високо, ниту треба да ве плаши старата „Кој високо лета, ниско паѓа.“ Битно е после тоа да станете, да го истресете коленото, да ги измиете дланките и да почнете одново.  И одново и одново, ако треба. Сѐ додека не одлучите дали ќе се борите за да победите, или ќе се откажете. Ама одлуката треба да биде ваша.rnrnЗатоа мои драги, одлучете да не одлучувате предвреме. Тоа е веројатно еден од начините да не се разочарате. Не велам да не сонувате, не велам да не се надевате. Велам, не се ограничувајте.rnrnАко нешто ве прави среќни, уживајте. Ако нешто ви пречи, сменете го.rnrnНа мојата „To Do“ листа, следно е кафе со ореви и добар филм за релаксација.rnrnУтре… утре е сосема нов ден. И ново изненадување!rnrnЕдно е сигурно. Ќе изобилува со љубов!rnrnВисоко Ц

  • Планирајте ги состаноците со помош на онлајн апликации

    Планирајте ги состаноците со помош на онлајн апликации

    Иако може да делува како непотребна помошта од апликација за контактирање со луѓето со кои треба да се видите заради бизнис или дружба, сепак некогаш организирањето на повеќе од тројца луѓе во одредено време, на одредено место, може да претставува значителен проблем. Еве неколку онлајн апликации, кои ќе ви ја олеснат работата при договарањето, а ќе ви скратат на телефонски разговори и долги скајп дискусии:rn.rn

      rn011

    • rn

      NeedtoMeet

      rn

    • rn

    rnПланирајте ги состаноците со помош на онлајн апликацииNeedtoMeet е супер онлајн алатка за закажување состаноци и нивно организирање. Креирајте средба, испратете го линкот до пријателите или колегите кои треба да учествуваат, а штом тие го прецизираат времето што најмногу им одговора, вие лесно ќе можете да го лоцирате терминот кој кој ќе биде погоден за сите.rn.rn

      rn011

    • rn

      Doodle

      rn

    • rn

    rnПланирајте ги состаноците со помош на онлајн апликацииDoodle е втората алатка на оваа листа која организирањето на состаноците го овозможува на поинтерактивен начин. Со Дудл имате можност да креирате анкети кои потоа се споделуваат со пријателите. Тие ги добиваат, гласаат за термините во кои се најслободни и со тоа работата е завршена. Постои и платена верзија од апликацијата со повеќе можности.rn.rn

      rn011

    • rn

      MeetWithAgenda

      rn

    • rn

    rnПланирајте ги состаноците со помош на онлајн апликацииКако што самото име укажува, MeetWithAgenda,овозможува креирање на агенда за средбата за која истовремено ги каните и кандидатите за присуство. Дополнително, можете да одредите временски рамки на средбата и да го споделите ова со останатите.rn.rn

      rn011

    • rn

      Presdo

      rn

    • rn

    rnПланирајте ги состаноците со помош на онлајн апликацииPresdo се разликува од останатите планери на состаноци поради тоа што овозможува брзо закажување средба со користење на неформален јазик. Голема предност е и што се интегрира со Google Maps и Calendar apps.rn:rn

      rn011

    • rn

      TimeToMeet

      rn

    • rn

    rnПланирајте ги состаноците со помош на онлајн апликацииTimetoMeet им овозможува на сите да го одредат времето кога се слободни, а вградениот календар автоматски ги покажува интервалите кои се преклопуваат, со што избирањето на најсоодветниот термин за состанокот станува секунда работа.