Во денешно време, внесувањето кофеин во организмот претставува неопходност поради темпото на живеење и за да може да се постигне со сите обврски во текот на денот. Сепак, секојдневно низ светот се прават разни истражувања кои презентираат различни резултати за ефектите од кофеинот. Според некои, кофеинот има многу добри страни, според други треба максимално да се избегнува. Ова се само неколку тези кои погрешно се пренесени и разјаснување на ефектите кои (не) ги предизвикува кофеинот.
rnrn
Кофеинот создава дехидрација
rn
Всушност ова не е вистина. Порано се верувало дека кофеинот има дијуретски ефект, бидејќи ја зголемува потребата за уринирање и притоа ги зголемува шансите за дехидрација. Како и да е, денешните истражувања укажуваат дека кофеинот го нема овој ефект, сè додека не почнете да пиете повеќе од 500 милиграми кофеин дневно, што е еднакво на огромна количина кафе (околу 7 шолји). Пијалаците кои содржат кофеин, имаат и други состојки, како што е солта, кои можат да доведат до дехидрација, но доколку пиете обично кафе тоа е многу тешко.rn
rnrn
Кофеинот создава зависност
rn
Ова исто така не е вистина, но ако се консумира во умерена доза. Кофеинот се смета за благ стимулант, односно состојка која го подигнува нивото на физиолошка или умствена активност на телото. Во превод, кофеинот ја зголемува стапката на загревање на невроните кај човекот. Токму затоа и потоа се чувствувате целосно будно и подготвено. Сепак, тој не создава хемиска зависност. Но, доколку сакате да ја прекратите дозата која секојдневно ја пиете, во наредниот период од 2 недели можеби ќе почувствувате неколку симптоми како што се раздразливост и редовни главоболки.rn
rnrn
Кофеинот создава несоница
rn Секако дека ова во голема мера зависи од тоа колку кофеин консумирате на дневна база. На телото треба да му оставите простор од четири до шест часа пред да си легнете на спиење по консумирањето кофеин. Во спротивно може да си имате проблеми. Препорачливо е да се избегнува консумирање кофеин по 16 часот. Препорачлива здрава доза, за возрасен човек, е околу 200 милиграми кофеин дневно или 2-3 шолји кафе, но во утринскиот дел од денот.rnrn
Кофеинот помага при слабеењето
rn
Според клиниката „Mayo“, не постојат докази дека консумирањето кофеин е значајно или перманентно во однос на губењето килограми. Доказите велат дека кофеинот ја покренува работата на метаболизмот за одреден степен, а истовремено и го потиснува гладот. Сепак, за да се осети некој ефект од слабеењето, ќе треба да пиете многу голема количина кафе дневно (според некои истражувања, околу 35 шолји кафе дневно, што во ниеден случај не е здраво). Доколку кофеинот го примате преку некој друг засладен пијалак, тогаш со сигурност внесувате и голем број калории, па ефектот од кофеинот значајно се намалува.rn
rnrn
Кофеинот го спречува растењето
rnОва може да е вистина само во случај кога ефектот од кафето се користи за да се избегнува или манипулира со квалитетното спиење. Избегнувањето на сонот, може да доведе до престанување на растот и развивањето, но причината не е кофеинот директно.rnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на
Кафе пауза. Следете нè
на Твитер или пак станете фанови на
нашата страница на Фејсбук.rn