КАФЕ ПАУЗА

Tag: пиење

  • Како го доживуваме алкохолот на различна возраст?

    Како го доживуваме алкохолот на различна возраст?

    Откако ќе влезат во своите тинејџерски години, па сè до нивната 30-тата година, сите девојки поминуваат низ неколку фази во кои им се менува вкусот и ставот за алкохолот. Дали и вас ви се случило истото?rnrnКако го доживуваме алкохолот на различна возраст?rn

    14-15 години

    rnВие сте на слава со вашите родители, опколени со сите роднини и одеднаш се наоѓате во ситуација каде што вашиот дедо ве убедува да пробате од неговата ракија. По некое време тој успева да ве убеди, па пиете неколку голтки ракија која ви го гори грлото и во тој момент одлучувате дека никогаш повеќе нема да пиете алкохол.rn

    16 години

    rnВие сте претерано пијани од едниот овошен (едвај алкохолен) коктел кој сте го нарачале, па токму затоа можеби и ќе му дозволите на момчето кое потајно ви се допаѓа, а глумите дека не сте заинтересирани, да ве бакне. Виното и пивото ви се одвратни, исто како вотката.rn

    17 години

    rnОдеднаш претерано многу сакате пиво. Дали може некоја од постарите сестри на вашите пријателки да ви купи? Без пивото вие се чувствувате депресивно, бидејќи тоа за вас се претворило во течно злато. Сè што сакате да правите е секоја вечер да пиете пиво со вашите пријателки во гаража кај едната од нив. Зарем премногу барате?rnrn(1) Како го доживуваме алкохолот на различна возраст?rn

    18 години

    rnДали е тоа вотка? Да, секако дека ќе се напиете една пијачка со згодното момче кое ви пристапило во дискотеката. Додека ја пиете вотката, вие му објаснувате на ова момче дека можете да го испиете целото пиво на светот без потоа наредното утро да бидете мамурни. Вие сте едноставно од оние луѓе чие тело одлично го процесира пивото.rn

    19 години

    rnСосема е здраво да испиете 7 чаши вотка со сок од боровинки по половина салата која сте ја јаделе за вечера. Се прашувате зошто? Бидејќи вотката е добра за вашата душа, а боровинките се добри за вашата женственост. Дали е тоа мартини? Можеби би требало да бидете отмени и да го пробате.rn

    20 години

    rnВие веќе сте пробале поголем дел од алкохолите, но во моментов најмногу ги сакате оние „женствените“ и розови комбинации кои ве прават да се чувствувате како дама. Дури и по 10-тина испиени чашки…rnrnКако го доживуваме алкохолот на различна возраст?rn

    21-22 години

    rnМолам? Да, секако дека сакам виски (му зборувате на згоден тип кој се обидувате да го импресионирате), благодарам. Јас не сум од оние девојки кои пијат само „женски“ пијалаци или слично. И дефинитивно не сум една од оние кои се многу пијани по само 3 чашки. Јас знам како да се справам со алкохолот! И по овие изјави одите дома и повраќате додека цел свет се врти околу вас.rn

    23-24 години

    rnВие сте многу среќни што сте ги откриле сите комбинации на жестоки пијалаци, но во последно време сè повеќе размислувате за виното. Сите дами пијат вино, тоа е отмен пијалак, па зошто и вие да не се обидете?rn

    25-26 години

    rnВиното е совршенство! Не ви е јасно како никогаш претходно не сте го забележале тоа…rnrn(2) Како го доживуваме алкохолот на различна возраст?rn

    27 години

    rnПочнувате да сфаќате дека пивото го дуе вашиот стомак, а жестоките пијалаци предизвикуваат да се чувствувате премногу тажно. Или можеби премногу пијано за прекратко време. Токму затоа решавате да пиете само вино. Не сте сигурни кога привлекувањето кон виното ви преминало во љубов, но во моментов сте во ред со тоа. И реално, физички веќе не можете да издржите повеќе шотови.rn

    28-30 години

    rnПретераното пиење за викендите е нешто што само младите го прават. Вие сте сега возрасна и созреана личност, па затоа пиете една до две чаши вино за вечера и потоа си легнувате да спиете.

  • 12-те фази на опивање со вашите најдобри пријателки

    12-те фази на опивање со вашите најдобри пријателки

    Дојде петок. Целиот викенд е пред вас. Вие уште рано од сабајле сте почнале да ја планирате заедно оваа вечер, зборувајќи што ќе носите, каде ќе одите и колку многу ќе пиете. Планот е подготвен, а сега преостанува само уште да завршите со дневните обврски, да се избањате и да се соберете кај една од вас за да почнете со подготвувањето…rnrn12-те фази на опивање со вашите најдобри пријателкиrn

    1. Планирање на предиграта

    rnМагично и прекрасно време поминато со анксиозни прашања како „Дали мислиш дека Марко ќе дојде?“ и разговори за видовите алкохол кои би ги пиеле вечерва. Вие дури и си поставувате граници иако знаете дека подоцна нема да ги почитувате.rn

    2. Предигра исполнета со ентузијазам

    rnОва е можеби најклучниот чекор за целата вечер. Вие веќе сте ја пробале целата облека во вашите шкафови, сте размениле неколку модни комбинации и сега сте подготвени за одличен помин. Ова е моментот кога пуштате музика додека се шминкате и СЕ ВОЗБУДУВАТЕ И ТАНЦУВАТЕ И ЕДВАЈ ЧЕКАТЕ ДА ЈА ИМАТЕ НАЈДОБРАТА ВЕЧЕР ВО ВАШИОТ ЖИВОТ!rn

    3. Фотографирани докази

    rnВечерта само што почнала и вие изгледате прекрасно! Но, да бидеме искрени, тоа нема долго да трае. Па, токму затоа правите колку е можно повеќе фотографии и ги објавувате на сите социјални мрежи.rn

    4. Танцувачки будалштини

    rnСекоја група има една пријателка која едноставно не може да престане да танцува. Кога во неа ќе влезе малку „течна храброст“, таа почнува да танцува и не престанува додека не се врати дома. Не е важно дали сте во бар или во вашата дневна соба, оваа личност танцува како Шакира!rn

    5. „Те сакааам мнооогу!“

    rnВо овој момент, пијалаците изобилуваат со чувства на љубов. Вие почнувате да делите комплименти на сите страни и одеднаш имате потреба да ја искажете вашата љубов кон вашите најдобри пријателки. Вие им велите дека ги сакате многу и дека тие ќе ви бидат вашите деверици. Понекогаш дури и почнувате да плачете.rn

    6. Досието на бившите

    rnВо овој момент алкохолот е во полн замав и токму тогаш настанува разговорот за бившите каде што вие ги исфрлате сите оние нешта кои ви тежат на душата.rn

    7. Внатрешни шеги

    rnДојдовме до делот кога се враќате во минатото и се чувствувате малку носталгично. Секоја шега која некогаш сте ја направиле си го наоѓа својот пат до овој разговор, дури и ако нема смисла.rn

    8. Премногу матни фотографии

    rnВашиот вид е веќе нарушен, па токму затоа ви е намалена координацијата очи – раце. Во овој момент секогаш може да се слушне како некој вели, „Во ред сум! Не сум пијана! Ајде да ја направиме фотографијата!“ И убедени сте дека изгледате добро, но реалноста е дека сте изгледале подобро. Многу подобро.rn

    9. Шотови за најдобрите пријателки

    rnВие решивте да престанете да пиете, но токму тогаш некоја од вас предложува уште една рунда шотови. И наздравувате, повторно. За вас, гласно за да слушнат сите. Вие можеби сте неподносливи за оние околу вас, но не се грижите. Вие сте заедно и тоа е тоа што е важно!rn

    10. „Го правам ова за твое добро!“

    rnДобрата пријателка секогаш ќе ви каже дека не треба да му пратите порака на тој идиот. Но, најдобрата пријателка ќе ви го земе мобилниот телефон и нема да ви го даде сè додека не се отрезните, без разлика на тоа колку многу ја молите и преколнувате.rn

    11. Пополноќна вечера

    rnХрана. Оваа вечер толку многу ве истрошила што мора да најдете колку што е можно помрсна храна со цел да си ја вратите енергијата. Уште подобро ако келнерот или доставувачот е сладок. Тоа би било совршено, нели?rn

    12. Пристигнувањето дома

    rnНекаде во текот на вечерта сте одлучиле сите да преспиете кај една од вас и сте пристигнале во нејзиниот дом неколку секунди пред да се онесвестите. Вие се погрижувате секоја од вас да испие доволно вода и потоа се местите на каучот пред телевизорот и пуштате неколку епизоди од ТВ серијата „Пријатели“. Убедени дека до изгрејсонце ќе гледате, вие заспивате една покрај друга…rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • НИКОГАШ не пијте алкохол во комбинација со енергетски пијалак!

    НИКОГАШ не пијте алкохол во комбинација со енергетски пијалак!

    Можеби оваа комбинација ви изгледа како добра идеја. Сте решиле да излезете уморни, по напорен ден на работа, па со цел да се забавувате и танцувате подолго време порачувате и енергетски пијалак покрај алкохолот. Но, дали знаете како оваа комбинација од кофеин и алкохол влијае врз вас?rnrnНИКОГАШ не пијте алкохол во комбинација со енергетски пијалак!rnrnСама по себе, комбинацијата е опасна бидејќи постои ризик од неверојатни 600% за прескокнување во отчукувањата на срцето. Уште поголема опасност се крие и во илузијата дека вие сте многу потрезни отколку што навистина сте.rnrnЛуѓето кои мешаат енергетски пијалаци со алкохол редовно имаат субјективен впечаток дека не се многу пијани, за разлика од луѓето кои имаат консумирано иста количина на алкохол. Чувството на умор е знак дека треба да престанеме да пиеме, но енергетските пијалаци целосно го отстрануваат, па токму затоа во овој случај ние би пиеле многу повеќе мислејќи дека алкохолот не допира до нас.rnrnПоради оваа илузија на трезност, поголемиот број од шоферите би решиле да седнат позади волан, бидејќи веруваат дека се во состојба да возат. Токму оваа ситуација често доведува до трагични последици.rnrnПогледнете го следново видео кое ќе ви ги открие сите причини поради кои би требало да избегнувате да мешате алкохол со кофеин…rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 15 работи кои ги прават само пијаните девојки

    15 работи кои ги прават само пијаните девојки

    Кога девојките пијат, на забавата ѝ нема крај. Тие се гласни, искрени, имаат голема желба да јадат пица и секако, да танцуваат. Прочитајте ги овие 15 работи кои ги прават девојките кога се пијани. Во колку се пронаоѓате?rn

    1. Стекнуваат нови пријатели во тоалетот

    rn15 работи кои ги прават само пијаните девојкиrn

    2. Викаат на цел глас „Ова е мојата песна“ и ја носат најдобрата другарка на подиумот

    rn15 работи кои ги прават само пијаните девојкиrn

    3. Оној танц каде што бавно го движите вашето тело и ја подигате едната рака во воздух

    rn15 работи кои ги прават само пијаните девојкиrn

    4. Зборувате за огромната количина на пица која ќе ја изедете кога ќе излезете од дискотеката

    rn15 работи кои ги прават само пијаните девојкиrn

    5. Ѝ кажувате на својата најдобра пријателка дека таа е ваша најдобра пријателка и дека многу ја сакате

    rn15 работи кои ги прават само пијаните девојкиrn

    6. Ставате Снепчет приказна од 109 секунди, но во неа има замаглени слики и темни видеа

    rn15 работи кои ги прават само пијаните девојкиrn

    7. Се повторувате во она што го кажувате, одново и одново

    rn15 работи кои ги прават само пијаните девојкиrn

    8. Скокате горе-долу и викате „шотови“

    rn8-15-raboti-koi-gi-pravat-samo-pijanite-devojki-kafepauza.mkrn

    9. Сликате 400 селфи фотографии

    rn9-15-raboti-koi-gi-pravat-samo-pijanite-devojki-kafepauza.mkrn

    10. Твитате неразбирливи шеги

    rn10-15-raboti-koi-gi-pravat-samo-pijanite-devojki-kafepauza.mkrn

    11. Го прашувате таксистот за неговата животна приказна

    rn15 работи кои ги прават само пијаните девојкиrn

    12. Вршите нужда во некоја уличка или на кое било друго несоодветно јавно место

    rn15 работи кои ги прават само пијаните девојкиrn

    13. Му пишувате на симпатијата порака за која дефинитивно ќе се каете утредента

    rn15 работи кои ги прават само пијаните девојкиrn

    14. Паѓате со штиклите и за малку не си ги повредувате глуждовите

    rn14-15-raboti-koi-gi-pravat-samo-pijanite-devojki-kafepauza.mkrn

    15. На крај, ги убедувате вашите пријатели одново и одново дека не сте пијани

    rn15 работи кои ги прават само пијаните девојки

  • 10 грешки кои е добро да ги направите во вашите 20-ти

    10 грешки кои е добро да ги направите во вашите 20-ти

    Ако некогаш треба да ги направите овие грешки, тогаш тоа треба да биде во вашите 20-ти. Секако, никој не сака да прави грешки, но тоа е неизбежно. Некогаш нештата што ќе ги научиме од сопствените грешки се најдобри лекции за животот.rnrnЕве кои грешки ги правиме сите во нашите 20-ти, но и зошто тоа е во ред.rnrn10 грешки кои е добро да ги направите во вашите 20-тиrn

    1. Излегување со манипулативен партнер

    rnДа, најверојатно ќе се гледате со тип кој нема да ве третира како што заслужувате, но затоа ќе знаете како во иднина никому да не му дозволите да ве третира лошо и да си игра со вас и вашите чувства.rn

    2. Одмор со пријател(к)ите кој ќе излезе вистинска катастрофа

    rnБидејќи сега знаете кои ви се вистински пријатели а кои не.rn

    3. Добивање отказ од работното место

    rnМоже бидејќи сте погрешиле нешто или бидејќи мислите дека заслужувате подобра работа. Во секој случај, сега ќе знаете да не ја правите истата грешка и да си ја побарате работата која навистина ви одговара. Ако некогаш треба да промените кариера, најдобро да биде во 20-тите.rn

    4. Држење лоша диета

    rnЧии последици се нарушување во исхраната. Но, подобро да поминете низ тоа и да знаете да си го цените сопственото тело такво какво што е, но и сопственото здравје.rn

    5. Пиење многу при секое излегување

    rnЗошто едноставно не можете да поминете со само една чаша вино? Ги знаете последиците, мамурно утро а можеби и лошо варење. Нека ни мине таа фаза во 20-тите.rn

    6. Купување неквалитетна облека

    rnБидејќи е на попуст или бидејќи е „кул“. После тоа конечно ќе научите да го гледате квалитетот и да бидете попрактични.rn

    7. Имитирање туѓ стил

    rnСите сме минале низ фаза во која не успеваме да се пронајдеме себеси па носиме она што се смета за модерно и тренди. Во 20-тите исто така ќе научиме кој е нашиот стил, кога сме свои и кога ни е најудобно.rn

    8. Останување пријатели со токсични личности

    rnСите сме биле заглавени во лошо друштво. Но, после многу непријатности конечно ќе научиме како да им речеме „не“ еднаш засекогаш на токсичните пријатели.rn

    9. Обидување да промениме некого

    rnВо ред е неуспешно да пробувате да промените некого. Така на рани години ќе научите дека луѓето не се менуваат и нема да си трошите време во иднина.rn

    10. Останување во лоша врска

    rnЕдна од најголемите грешки што речиси секој 20-годишник ја прави е останување во лоша врска. Зошто? Затоа што веќе долго сте заедно или се плашите да го/ја повредите. Но, со тек на време сфаќате дека ќе мора да ставите крај за ваше добро. Вие заслужувате подобро, па заборавете што другите велат или мислат. Така многу повеќе ќе се цените и себеси а и новата врска кога ќе дојде време за тоа.

  • 10 работи кои НЕ смеете да ги правите на првиот состанок

    10 работи кои НЕ смеете да ги правите на првиот состанок

    Момчето што го набљудувавте неколку недели конечно ве покани да одите на состанок, нормално вие сте возбудени. Но почекајте! Пред да одлучите што ќе облечете, ова се работи кои не смеете да ги направите на првиот состанокrnrn1-10-raboti-koi-ne-smeete-da-gi-pravite-na-prviot-sostanok-www.kafepauza.mkrnrn1. Не зборувајте само за себе. Посветете внимание и на она што тој сака да ви го каже, во спротивно тој ќе умре од досада.rnrn2-10-raboti-koi-ne-smeete-da-gi-pravite-na-prviot-sostanok-www.kafepauza.mkrnrn2. Немојте да бидете премногу директни. Секс на првиот состанок? Подобро не.rnrn3-10-raboti-koi-ne-smeete-da-gi-pravite-na-prviot-sostanok-www.kafepauza.mkrnrn3.  Не зборувајте за вашиот бивш. Тој не сака да слуша како вие сè уште не можете да поверувате зошто воопшто сте ја прекинале таа врска.rnrn4-10-raboti-koi-ne-smeete-da-gi-pravite-na-prviot-sostanok-www.kafepauza.mkrnrn4.  Не претерувајте со емоциите. Некои момци не можат да поднесат премногу чувствителни девојки.rnrn5-10-raboti-koi-ne-smeete-da-gi-pravite-na-prviot-sostanok-www.kafepauza.mkrnrn5.  Не претерувајте со реакциите кога тој ќе ви каже дека не ја сака серијата што вие моментално ја гледате.rnrn6-10-raboti-koi-ne-smeete-da-gi-pravite-na-prviot-sostanok-www.kafepauza.mkrnrn6.  Ако одите во бар, немојте да претерувате со пиењето. Никој не сака да биде на состанок со пијана девојка.rnrn7-10-raboti-koi-ne-smeete-da-gi-pravite-na-prviot-sostanok-www.kafepauza.mkrnrn7.  Немојте тотално да се „закочите“. Во ред е на првиот состанок да бидете нервозни, но пробајте тоа да не биде надвор од границата.rnrn8-10-raboti-koi-ne-smeete-da-gi-pravite-na-prviot-sostanok-www.kafepauza.mkrnrn8.  Не осудувајте премногу. Тој е човек, а луѓето прават грешки.rnrn9-10-raboti-koi-ne-smeete-da-gi-pravite-na-prviot-sostanok-www.kafepauza.mkrnrn9.  Не зборувајте за брак. Сепак ова е ваш прв состанок.rnrn10-10-raboti-koi-ne-smeete-da-gi-pravite-na-prviot-sostanok-www.kafepauza.mkrnrn10.  На крај, ако состанокот и не е бил онаков како што сте очекувале, не дозволувајте да заврши непријатно. Ако тој ве прегрне, само бидете добри и возвратете.rnrn11-10-raboti-koi-ne-smeete-da-gi-pravite-na-prviot-sostanok-www.kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 8 видови храна кои е подобро да ги избегнувате додека сте под дејство на алкохол

    8 видови храна кои е подобро да ги избегнувате додека сте под дејство на алкохол

    Најчесто онаа храна за која имате потреба кога сте пијани е најлошата идеја. Токму затоа наместо да научите на потешкиот начин, прочитајте кои видови храна е подобро да ги избегнувате кога сте под дејство на алкохол…rnrn8 видови на храна која е подобро да ја избегнувате додека сте под дејство на алкохолrnrn1. Пица Маринара – За жал, овој рецепт е катастрофа во секој поглед. Алкохолот ги опушта мускулите кои ги туркаат храната и дигестивните сокови надолу, па токму затоа киселините од доматниот маринара сос може да создаде болки во желудникот, киселини во стомакот и болки во градите. Оваа пица исто така е многу лош избор и кога ја јадете пред спиење, бидејќи гравитацијата престанува да ви помага при туркањето на храната надоле.rnrn2. Чоколадо – Кофеинот, маснотиите и какаото во чоколадото имаат ист ефект како и пицата врз вашиот дигестивен систем. Токму затоа, одбегнувајте го по секоја цена.rnrn3. Переци – Солената храна ќе ве направи жедни, а тоа може да доведе до консумирање повеќе алкохол за пократко време. Но, многу е подобро да јадете додека пиете, бидејќи на тој начин храната го апсорбира алкохолот и со тоа се намалува неговото влијание. Токму затоа обидете се да најдете нешто што не е премногу солено и што нема да ве тера да испиете повеќе од планираното.rnrn4. Помфрит – Со тешко срце кажуваме дека пржената храна содржи премногу сол која дополнително ќе ве дехидрира, па токму затоа се препорачува да избегнувате помфрит или кој било друг вид пржена храна додека пиете алкохол.rnrn5. Десерти со ликер – Можеби ви изгледа како добра идеја да завршите со пиењето така што ќе се почестите со „пијан“ десерт, но никогаш со сигурност не можете да знаете точно колку алкохол има во она што го јадете. Доколку имате потреба за благо, одберете нешто полесно, како сладолед од ванила. Млекото и млечните производи најчесто го заштитуваат вашиот стомак и спречуваат дел од хемиските реакции кои го иритираат вашиот црн дроб додека пиете алкохол.rnrn6. Портокали – Здрави за вашето тело? Да. Добра идеја за покрај алкохол? Не. Киселините во портокалите и другите овошја кои се слични на нив можат да покренат различни дигестивни проблеми. Доколку навистина имате желба за овошје додека сте под дејство на алкохол, одберете банана. Таа содржи високо ниво на калиум кој може да ви помогне да им се спротивставите на дехидрирачките ефекти од алкохолот.rnrn7. Бонбони – Исто како солените работи, така и оние кои се премногу благи можат да ве натераат да пиете повеќе течности, па наместо вода да посегнете по повеќе алкохол. Не заборавајте дека тие се преполни и со празни калории. Но, ако едноставно не можете да се изборите со оваа потреба, одберете еден вид десерт и држете се само до него, бидејќи ќе изедете повеќе од колку што сте сакале, а тоа само дополнително ќе ви ја искомплицира ситуацијата.rnrn8. Лут сос – Лутата храна која ви влијае лошо на стомакот додека сте трезни ќе има уште поголем ефект врз вашиот систем кога сте пијани. Секогаш кога пиете алкохол, обидете да се потсетите себеси дека: „Алкохолот ќе направи да ви биде полошо!“

  • 8 разоткриени митови за алкохолот

    8 разоткриени митови за алкохолот

    Автор: Маја ЛинковаrnrnПиењето е забавно. Алкохолот нè прави среќни и нè тера да правиме работи за кои претходно никогаш не би се осмелиле. За жал, по една ноќ придружена со алкохол, ние мора да се справиме со несаканите последици (убиствен мамурлак кој нѐ казнува за нашите гревови). За да се спречат различните ефекти на алкохолот, ние употребуваме свои убедливи техники мислејќи дека ќе ни помогнат. На пример не пиеме пиво поради пивскиот стомак, или пиеме кафе за да се отрезниме. Проблемот е во тоа што ова се обични митови за алкохолот и тие не ни помагаат. Па, пред да испиете огромна количина кафе за да се отрезните, подобро прочитајте ја вистината за осумте најпознати митови за алкохолот.rnrn8-razotkrieni-mitovi-za-alkoholot-kafepauza.mkrn

    Пиење пиво пред да се напиете жесток алкохол ќе ве опие побрзо

    rnВсушност, редот на алкохолни пијалаци кои ги пиете не е битен. Ќе имате мамурлак бидејќи сте испиле премногу. Секоја пијачка што ќе ја испиете, сè додека е иста количина ќе ги предизвика истите ефекти кои ги предизвикува претераното пиење – дехидрирање, губење меморија, гадење и чувствителност на светлина.rn

    Пиењето пиво резултира со пивски стомак

    rnЗголемувањето на тежината позната како „пивски стомак“, не се случува само од пивото. Секој алкохолен пијалак има високо ниво калории и празни јаглехидрати, па така пивскиот стомак може да биде предизвикан од кој било алкохолен пијалак, сеедно дали станува збор за вино, вотка, ликер или некој друг вид алкохол. Па, следниот пат кога ќе избегнете пиво, знајте дека не треба да го обвинувате само него.rn

    Кафето ќе ви помогне да се справите со мамурлакот

    rnСо цел да се отрезните, телото треба целосно да се ослободи од алкохолот што го има во вашето тело. Меѓутоа, кафето нема да помогне во забрзувањето на тој процес. За да се справите со мамурлакот, треба да почекате вашето тело природно да го уништи алкохолот во телото и за ова може да бидат потребни неколку часа. Пиењето кафе може да ги наостри вашите сетила и да ве натера да се чувствувате како да се справувате со мамурлакот. Дури и да испиете голема количина кафе, тоа нема да го забрза процесот и препорачливо е да се избегнуваат опасни активности, како што е возењето автомобил наредното утро.rn

    Алкохолот ги уништува мозочните клетки

    rnПиењето може да го забави процесот на размислување и може да ја спречи активноста на вашиот мозок. Но, не грижете се, мозочните клетки не се уништуваат целосно поради тоа. Сепак, важно е да разберете дека алкохолот ги уништува и оштетува нервните клетки, ја променува нивната структура и предизвикува некои симптоми кои се случуваат кога сме пијани. Ова може да биде краткорочна појава, но колку повеќе пиете, толку повеќе мозокот ја губи способноста да се „поправи“ по пијана ноќ.rn

    Ќе се чувствувате повеќе пијано ако помешате алкохол со енергетски пијалак

    rnНема да се чувствувате многу пијано, само поразлично. Ако пиете алкохол со кофеински енергетски пијалак, ќе бидете во чудна состојба која е наречена „тотално будно пијанство“. Ќе ја имате истата количина алкохол во крвта, како да сте пиеле само алкохол, но ќе се чувствувате потрезно поради кофеинот. Ова е потсетник за тоа како кафето не ви помага да се отрезните. Не е препорачливо да мешате енергетски пијалак со алкохол. Оваа мешавина може да биде многу штетна.rn

    Повраќањето може да ве отрезни

    rnПовраќањето ќе ви помогне да го исфрлите алкохолот од дигестивниот систем, кој ќе го спречи тој да навлезе во крвотокот. Но, вашата крв сè уште ќе содржи алкохол кој вашето тело мора да го исфрли. Па, може да помогне да се ослободите од алкохолот во вашиот стомак, а со тоа повеќе нема да бидете пијани. Сепак треба да почекате неколку часа за телото целосно да се ослободи од алкохолот во вашето тело.rn

    Светлите пијалаци (по боја) ќе ве спасат од мамурлак

    rnПосветлите алкохолни пијалаци ќе ја подобрат целата состојба. Образложението е тоа дека ферментираните производи кои се потемни алкохолни пијалаци, го прават вашиот мамурлак посилен.rn

    Мажите и жените кои имаат иста висина, можат да испијат иста количина алкохол

    rnДури иако сте иста висина и тежина со мажот кој седи до вас, вие сепак ќе се опиете многу побргу доколку испиете иста количина алкохол. Тоа се случува така бидејќи мажот има повеќе мускулни ткива и масти од жената, а мускулите содржат повеќе вода отколку масти. Тоа значи дека алкохолот се проширува повеќе во машкото тело. Ова значи дека жените ќе имаат повисоко ниво на алкохол.

  • Последиците врз вашето тело од само една ноќ претерано пиење алкохол

    Последиците врз вашето тело од само една ноќ претерано пиење алкохол

    Само една ноќ претерано конзумирање алкохол може да направи повеќе штета од очигледната главоболка наредното утро. Всушност, според една неодамнешна студија една ваква ноќ може да предизвика бактериите од вашите црева да преминат во вашиот стомак и да ослободат штетни токсини низ вашиот крвоток.rnrnПоследиците врз вашето тело од само една ноќ претерано пиење алкохолrnrnЗа оваа студија, истражувачите барале од 25-те учесници (11 мажи и 14 жени) да испијат доволно во текот на 2 часа (колку што би пиеле за време на едно вечерно излегување) за алкохолот во нивната крв да биде барем 0,08 проценти. Кога тие ја достигнале оваа точка, требало да престанат со пиење. Потоа на секои половина час во наредните 4 часа земале примерок од нивната крв и го повториле ова уште еднаш по 24 часа.rnrnРезултатите се следните… Тие откриле дека алкохолот во крвта поспоро се намалувал кај жените отколку кај мажите. Дури и по еден ден, кај жените сѐ уште имало поголемо количество алкохол. Тие исто така откриле и дека нивото на ендотоксини, штетни токсини кои се отпуштаат од цревата кога се во влошена состојба, успеале да навлезат во крвотокот и останале таму во текот на целото времетраење на експериментот. И исто како и кај количеството на алкохолот, нивното количество било повисоко кај жените, дури и по 24 часа.rnrnПа, зошто би требало да бидеме загрижени за ова? Ендотоксините можат да го променат имуниот одговор на вашето тело. Тоа може да предизвика болки во мускулите и да го натера вашето тело да повлекува хранливи материи од нив, а како резултат на тоа ќе се чувствувате како сѐ да ве боли. Продолженото претерано пиење алкохол може да доведе до поголемо количество ендотоксини во вашиот крвоток и со тек на време да ви предизвика алкохолен хепатитис (воспаление на црниот дроб).rnrnЗапомнете, ова се случува по само една ноќ. Неодамнешната студија која била објавена во журналот Алкохол открила дека постојаното претерано пиење за време на викендите може дури и да ѝ наштети на вашата ДНК. Токму затоа бидете мудри и обидете се да се контролирате наредниот пат кога ќе излезете со пријателите. И не заборавајте, после секоја чаша алкохол пијте една чаша вода, никогаш не пијте на празен стомак и обидете се да пиете само 3 или помалку чаши во текот на една вечер.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како кучињата пијат вода?

    Како кучињата пијат вода?

    Ако досега сте гледале со чудење на тоа како кучињата можат само да гo исплазат јазикот кон водата и бргу да ја изгасат жедта, забавената снимка нa ова видео ќе ви ги расчисти дилемите. Ова е извадок од документарецот „Тајниот живот на кучињата“ (Secret Life of Dogs).rnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn