КАФЕ ПАУЗА

Tag: пиење

  • Кои професии пијат најмногу кафе?

    Кои професии пијат најмногу кафе?

    Според истражување спроведено од „Dunkin’ Donuts“ вработените во хотел, адвокатите и судиите најмногу го сакаат своето кафе црно. Вработените во човечки ресурси и медицинските сестри кои работат во домашна нега најмногу сакаат да пијат кафе со крем и шеќер. Додека пак, уредниците/писателите, вработените во државна установа и професорите уживаат кога додаваат арома во своето кафе. Од сите оние кои учествувале во ова истражување, 46% изјавиле дека се помалку продуктивни без кафе, 61% пиеле барем 2 кафиња дневно за да ја издржат својата работа и 49% признале дека имале голема потреба од пиење кафе во текот на денот.rnrnКои професии пијат најмногу кафе?rnrnИ покрај тоа што истражувањето е од минатата година, секогаш е интересно да се забележи поврзаноста на видот на кафето со одредена професија. Погледнете ги и наредниве статистики и размислете дали се совпаѓаат со вашите досегашни искуства за количината на кафе која ја конзумирате со вашите пријатели и соработници…rnrn1. Научници и лаборантиrnrn2. Маркетари и професионалци за односи со јавностrnrn3. Раководството во образовните институцииrnrn4. Уредници и писателиrnrn5. Раководството во здравствените институцииrnrn6. Докториrnrn7. Готвачиrnrn8. Професориrnrn9. Социјални работнициrnrn10. Професионалци во областа на финансиитеrnrn11. Медицински сестри за домашна негаrnrn12. Координатори за човечки ресурсиrnrn13. Медицински сестриrnrn14. Вработени во државни установиrnrn15. Искусни трговциrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Пивопијски мудрости

    Пивопијски мудрости

    Отворете го вашето омилено пиво и почнете со читање. П.С. Дозволен е и друг вид алкохол. :)rnrnПивопијски мудростиrnrn

    „Во виното има мудрост, во пивото сила, во водата бактерии.“ – германска поговорка

    rn

    „Оној што пие пиво, спие добро, тој што е добро наспан, не може да згреши, а тој што не греши, оди во рајот. Амин.“ – непознат германски свештеник

    rn

    „Реалноста е илузија предизвикана од недостаток на алкохол.“ – Н. Ф. Симпсон

    rn

    „Кога читав за лошите последици од алкохолот, одлучив да се откажам од… читањето.“ – Хенри Јангмен

    rn

    „Овците блеат кога се жедни, а луѓето кога се пијани.“ – афоризам

    rn

    „Алкохолот е нашиот најголем непријател, но само кукавиците бегаат од непријателот.“ – афоризам

    rn

    „Алкохолот не ги решава проблемите, но не ги решава ни млекото.“ – непознат автор

    rn

    „Најмногу може да испие најнеискусниот пивопиец.“

    rn

    „Подобро стомак од пиво, отколку грпка од работа.“

    rn

    „Ако во зборот СТРАСТ, замените четири букви, а две отфлите, ќе го добиете зборот ПИВО.“ – афоризам

    rnПивопијски мудростиrnrn

    „Некои пијат од радост, некои од тага, а некои од сабајле.“ – руска поговорка

    rn

    „Пијанството има три добри особини: нè прави богати без пари, јаки без сила и паметни без разум.“ – австриска поговорка

    rn

    „На пијаниот, морето му е до коленици, а вирот до уши.“ – руска поговорка

    rn

    „Лагата е како алкохолизмот, постојано влетувате во неа.“

    rn

    „Најлошо пиво е последното.“ – анонимен автор

    rn

    „Во пивото има многу малку витамини, затоа мора да испиете многу.“ – анонимен автор

    rn

    „На седмо небо е кога ќе испие десет пива.“ – Стивен Ликок

    rn

    „Подобро пиво во желудникот, отколку вода во белите дробови.“ – Јара Цимерман

    rn

    „Првото пиво носи здравје, второто задоволство, третото срам, а четвртото лудило.“ – Сер Волтер Рајли, англиски поет и истражувач

    rn

    „Дајте му на народот квалитетно и евтино пиво во доволни количини, и никогаш нема да има револуција.“ – Викторија, англиска кралица

    rnПивопијски мудростиrnrn

    „Постојат две причини за пиење: кога сте жедни за да ја изгасите жедта, и кога не сте, тоа да го сторите превентивно.“ – Томас Лав Пикок, англиски хуморист

    rn

    „Татко ми е најголем пијаница во градот. Во најголемиот број случаи тоа и не е толку лошо, но кога живееш во Њујорк…“ – Хенри Јангмен

    rn

    „Алкохоличар е оној што не го сакаш, а може да испие повеќе од тебе.“ – Дилан Томас

    rn

    „Подобро мало пиво, отколку големо благодарам.“ – афоризам

    rn

    „Подобро мртов пијан, отколку мртов трезен.“ – афоризам

    rn

    „Кога ќе се случи нешто лошо, пиеш да го заборавиш. Кога ќе се случи нешто добро, пиеш за да го прославиш. Ако пак, ништо не се случува, пиеш за да се случи.“ – Чарлс Буковски

    rn

    „Ферментацијата и цивилизацијата се неразделни.“ – Џон Чиарди

    rn

    „Шест пива прават еден оброк, затоа нарачај седум. Мора нешто и да се напиеш.“ – германска поговорка

    rn

    „Девојка ми бараше да престанам да пијам. Ми недостасува.“ – анонимен автор

    rn

    „Пивото им помага на грдите луѓе да имаат секс, уште од 300 п.н.е.“ – В. К. Филдс

    rn

    „Пријателството склопено со чашка, најчесто е стаклено.“ – латинска поговорка

    rnПивопијски мудростиrnrn

    „Клаустрофобија е страв од затворена просторија. На пример, тргнуваш во кафана и страв ти е дека е затворена.“ – анонимен

    rn

    „Млекото е за деца. Кога ќе пораснеш, треба да пиеш пиво.“ – Арнолд Шварценегер

    rn

    „Врв на мрзеливоста е кога пивопиецот го пие пивото на екс, само за да не мора два пати да ја крева криглата.“ – афоризам

    rn

    „Културата е само шминка, која брзо се раствора во алкохол.“

    rn

    „И доброто пиво прави лоши луѓе.“ – холандска поговорка

    rn

    „Кај што владее пијанството, нема никакви тајни.“ – латинска поговорка

    rn

    „На светот има повеќе стари пијаници, отколку стари лекари.“ – анонимен

    rn

    „Жедта е полоша и од носталгијата.“ – напис  во пивница во Минхен

    rn

    „Пијам за да ги потопам сите свои проблеми. Но, проклетите знаат добро да пливаат.“ – графит

    rn

    „Мислам дека јас повеќе извлеков од алкохолот, отколку алкохолот од мене.“ – Винстон Черчил

  • Водич низ светот за зависниците од кафе

    Водич низ светот за зависниците од кафе

    Кафето е многу повеќе од напиток со млеко и шеќер. Од селата во Етиопија, каде за првпат започнало да се одгледува, до кафулињата низ цела Европа и улиците на Токио, кафето стана дел од сечие секојдневие и се прилагодува на секаква култура.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrnrnНа многубројните обожаватели на кафето, кога патуваат не им е потребна карта на светот, толку колку што им е потребен водич за конзумирање кафе. Сите ние имаме свои ритуали и начини на конзумирање на кафето. Би биле изненадени на колку различни начини тоа се прави во светот. Сите кафе зависници, подгответе се, одиме на една мала турнеја!rn

    Италија – Espresso (Еспресо)

    rnОпис – Совршеното италијанско еспресо, на површината треба да има слој со боја на карамела, кој е доволно дебел да го задржи неколку секунди шеќерот пред да пропадне надолу.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrnrnКако да го пиете – Еспресото во Италија се пие на една голтка. Колку и да изгледа невообичаено, луѓето го пијат стоејќи во кафе барот.rnrnКаде да го пиете – Експертите тврдат дека најдоброто еспресо во Италија може да го вкусите во Рим, во близина на Пантеонот, поради изворите од каде ова подрачје се снабдува со вода.rn

    Австрија – Melange (Меланж)

    rnОпис – Станува збор за популарното виенско кафе Меланж, кое е вид капучино со многу млечна или шлаг пена на површината.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrnrnКако да го пиете – Со кафето задолжително побарајте чаша вода, и тоа од чешма. Не само што е безбедна за пиење, водата во Виена е добра и препорачлива.rnrnКаде да го пиете – Се разбира, каде ако не во Виена! Со кафето не прескокнувајте да порачате некоја од познатите виенски торти, како тортата Захер.rn

    Етиопија – Buna (Буна)

    rnОпис – Во родното место на кафето, нека не ве чуди фактот што жителите го конзумираат со сол и путер, наместо со млеко и шеќер.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrnrnКако да го пиете – Ако сте поканети кај некого дома, покажете почит кон целата церемонија на подготвување на кафето. Напијте се макар три филџани кафе! Бројот три (наречен bereka) се смета за благослов.rnrnКаде да го пиете – Посетете некој од рестораните во главниот град на Етиопија, Адис Абеба, каде церемонијата за подготовка на кафе се одвива на отворено во сламени колиби.rn

    Мексико – Café de Olla (Кафе Ди Ола)

    rnОпис – Традиционално зачинето кафе, кое се служи во земјен сад, а се додаваат и стапчиња цимет.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrnrnКако да го пиете – Доколку патот ве однесе во Мексико и сакате да си го порачате ова кафе, не додавајте шеќер пред да го пробате, и онака е доволно засладено.rnrnКаде да го пиете – Мексико Сити се смета за централно место на традиционалната мексиканска храна и пијалаци, па затоа оригиналното Кафе Ди Ола може да го вкусите токму овде. Најдобро би било да одберете место во периферијата на градот, каде би можеле да уживате во прекрасната глетка и вкусот на мексиканско кафе.rn

    Саудиска Арабија – Kahwa (Кава)

    rnВкусете го кафето на Бедуините. Ќе ве послужат и со слатки суви урми кои ќе ја засладат горчината на ова јако кафе. Заедно со кафето, порачајте си сок од роза или бадемово лиснато печиво.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrn

    Куба – Café Cubano

    rnИталијанското еспресо добива посебен и уникатен вкус со додавање на кубански шеќер, што резултира со слатка кафеава пена на врвот, наречена espumita.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrn

    Индија – Kaapi

    rnКафе-напитокот, кој оригинално доаѓа од Јужна Индија, се приготвува на висока температура, а на површината има дебел слој пена која се добива при процесот на ладење. Кафето се сервира со претурање од еден сад во друг неколку пати.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrn

    Индонезија – Kopi Luwak

    rnОва традиционално индонезиско кафе е едно од најскапите во светот, ако не и најскапо. Она што е посебно е начинот на кој се произведува. Кафето Копи Лувак се собира од измет на азиското животно дива цибетка, кое јаде зрна кафе. Колку и да звучи необично, светската побарувачка за ова кафе сè повеќе расте, па дивата цибетка почна да се одгледува во кафези со цел да се покачи производството на ова кафе, чија цена достигнува и до 11 долари од филџан.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrn

    Малезија – Pak Kopi/Kopi Putih/Bai Ka-fe

    rnУште е наречено бело кафе, се приготвува со печење на зрната кафе со маргарин.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrn

    Аргентина – Cortado

    rnЕдна од најстарите култури за одгледување кафе е токму во Буенос Аирес, Аргентина. Ова нивно традиционално кафе се прави со додавање мала количина млеко во кафето еспресо.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrn

    Шпанија – Café Bombón

    rnОваа слатка комбинација на еднаква количина кафе и млеко, потекнува од Валенсија и е позната насекаде низ светот.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrn

    Мароко – Café des Épices

    rnВкусот на ова кафе варира во зависност од количината на додатоците, како: ѓумбир, црн пипер, сусам, ким, цимет и други, кои можат да се најдат на мароканските пазари.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrn

    Финска – Kaffeost

    rnОсобено популарно кај локалното население, ова кафе се приготвува со млеко од крави или ирваси. Во чаша црно кафе се додаваат парчиња кајмак кои се вадат пред да почнете да го пиете кафето.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrn

    Ирска – Irish Coffee

    rnТрадиционалното ирско кафе е нешто што мора да се проба. Направено е од топло кафе, шеќер и ирско виски, со многу шлаг на површината на чашата.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrn

    Америка – Frappuccino

    rnСтарбакс е дефинитивно симбол за американската кафе-култура, а овој вид милкшејк кафе е еден од најпродаваните низ цела Америка.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrn

    Холандија – Bakkie Troost

    rnБуквално преведено, неговото име значи „чаша удобност“, може да го најдете под името kaffe, а се служи со колачиња. Доколку сакате млеко, ќе треба да порачате „koffie verkeerd“ или „coffee wrong“.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrn

    Полска – Kawa Parzona

    rnИсто познато под името „kawa naturalna“, ова традиционално полско кафе се прави со ставање на кафето во врела вода, без употреба на филтер.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrn

    Хонг Конг – Yuanyang

    rnОвој пијалак е мешавина од кафе и чај. Направено од повеќе видови млеко и чај, може да се служи и топло и ладно. Ова кафе е симбол за тоа како две некомпатибилни состојки можат да се измешаат и да се добие прекрасен вкус.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrnrnКако што можеме да заклучиме, кафето е вистинска магија, разни вкусови, мешавини и додатоци симболизираат различни традиции ширум целиот свет. Затоа каде и да одите не заборавајте да пробате традиционално кафе и да го збогатите вашето животно искуство за уште една шолја.

  • Дали треба да се пие кафе наутро?

    Дали треба да се пие кафе наутро?

    Со сонливи очи, полубудни, сè уште во пижами го подготвувате вашето утринско кафе. Дали ви е познат овој утрински ритуал? Сигурно! Колку пати само сте слушнале или пак самите сте кажале, дека едноставно денот не ви почнува без шолја кафе. Ако ви е потребна таа доза кафе наутро за да се активирате, тогаш спаѓате во огромна група луѓе кои денот го почнуваат со енергетската бомба – кафето.Дали треба да се пие кафе наутро?Според истражувањата направени на отсекот за психологија на Универзитетот Колумбија, луѓето кои по природа се вредни и мотивирани, ќе функционираат полошо доколку се напијат кафе наутро, додека оние кои се помрзеливи ќе добијат позитивен ефект од него.rn
    rn

    „Секој ден милиони луѓе користат кафе да се расонат и да бидат концентрирани, од возачи до студенти. Нашите истражувања покажуваат дека кафето како стимуланс наутро дефинитивно има одличен ефект кај луѓето и нивната продуктивност во утринските часови“ – потенцира Џеј Хоскинг, магистер по психологија од Универзитетот Колумбија.

    rnСпоред истражувањето на Нестле и брендот Нескафе спроведено од „ГФК Скопје“, македонските кафеџии кафето го консумираат најмногу поради социјализација, но голем е процентот и на утрински кафе-пијачи.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 8 совети за одговорно консумирање алкохол за време на празниците

    8 совети за одговорно консумирање алкохол за време на празниците

    Новогодишните и божиќните празници се денови кои се исполнети со веселба, дружба, гласна музика и многу алкохол. Но, ако испиете премногу пијачки, можете да ја претворите вашата забавна вечер, во патување кон одделот за токсикологија.rnrnИдејата за одговорно консумирање алкохол звучи смешно за повеќето луѓе, бидејќи сите сакаат да се опуштат и да заборават на грижите во овој период од годината. Но, за жал многу луѓе не се ни свесни за ефектот кој алкохолот може да го има врз телото и умот, особено кај оние кои не се навикнати на пиење многу алкохол во краток период. Доколку не сакате на 1 јануари да се разбудите гушкајќи ја веце шолјата, а сепак да се чувствувате и да си поминете одлично во најлудата ноќ, прочитајте ги следниве едноставни совети за безбедно алкохолизирање.8 совети за одговорно консумирање алкохол за време на празницитеrn

    1. Познавајте ја вашата граница

    rnФакт е дека доколку добро се забавувате, големи се шансите после третата чашка да престанете да ги броите сите наредни. Обидете се да пиете побавно, а не една доза алкохол во две голтки, доколку сакате да ги избегнете вртоглавиците, повраќањето и непристојното однесување.rn. rn

    2. Јадете пред, во текот и после пиењето

    rnНа сите ви е добро познат фактот дека ако добро сте се најале пред да консумирате алкохол, помалку и ќе се опијаните. Тоа е така бидејќи храната го впива алкохолот кој кружи низ вашиот циркулаторен систем. Штом храната помага, тогаш не заборавајте да јадете пред да почнете да пиете, каснувајте нешто измеѓу пијачките и пред да си легнете пак јадете, за да немате киселини наредното утро.rn. rn

    3. Немојте да пиете ако не ви се пие

    rnСамо поради тоа што дошла Нова година, не мора да значи дека вие сте толку добро расположени за да испиете десет пијачки и да лумпувате до шест наутро. Не прифаќајте уште една вотка, само затоа што вашиот пијан пријател кој се смее хистерично, ве принудува да продолжите да пиете. Ако сметате дека ви е доста пиење за вечерта или дека ви треба пауза од еден час, нарачајте кисела вода или некој сок за да ја изгаснете жедта која алкохолот ја предизвикува.rn. rn

    4. Пијте бавно, но безбедно

    rnКога сте жедни, пиете две чаши вода на екс без проблем, но кога не ви се пие, чашата ви стои полна до вас, со часови. Истото се случува и со алкохолот. Ако вашиот стомак во моментот може да поднесе повеќе алкохол, можеби ќе си ја препознаете вашата граница и ќе си поминете одлично. Но, доколку се форсирате и со сила испиете многу пијачки во краток временски период, ефектите нема да бидат позитивни.rn. rn

    5. Не пијте пијачки кои ги немате никогаш пробано

    rnНе би се осмелиле да шетате низ дел од градот кој ви е непознат, така? Зошто тогаш би пиеле пијалак во кој не знаете какви состојки има? Пијачките кои содржат разни благи или овошни ликери и сокови, го маскираат количеството на алкохол што го има во нив, па вие во суштина не сте свесни колку сте испиле. Затоа, не експериментирајте испробувајќи разни пијачки чие дејство не ви е познато.rn. rn

    6. Алкохолот не е најбитната работа на Нова година

    rnПиењето алкохол треба да создава релаксирачка атмосфера на новогодишната прослава, но оваа вечер не треба да се сфаќа како идеален повод за неограничено и неконтролирано пиење. Доколку знаете која е вашата граница за пиење или ако не консумирате алкохол воопшто, тогаш вие знаете како да си поминете убаво за дочекот на Новата година. Но, ако сметате дека оваа вечер можете да испиете сè што има зад шанкот, бидејќи и онака, сите ќе бидат пијани, па никој нема да забележи колку не сте биле при себе, само се залажувате. Празниците се слават за да се видите со пријателите и членовите на семејството и за да си поминете одлично, а не за да се опијаните толку многу и да не паметите ни каде сте биле, ни што сте правеле, ни кој бил таму со вас.rn.rn

    7. Држете се настрана од дуплите пијачки

    rnАко секојпат кога пиете, нарачувате обична доза алкохол, зошто оваа вечер да биде исклучок? Пиењето дупли дози, ќе ве направи дупло пијани. Ако сакате да останете пристојни, држете се до вообичаените дози, а дуплите пијачки препуштете му ги на некој ваш пријател, кој може да поднесе повеќе алкохол.rn. rn

    8. Останете дома кога сте болни

    rnСите со душа ја чекаат Новата година за да се забавуваат цела ноќ, не грижејќи се дека имаат обврски наредниот ден. Но, кога не се чувствувате добро, не ви е дојдено до журки нели? Ако сте малку настинати, отидете на забавата, поседете до 12:30 и потоа извинете се и отидете дома да одморате. Ако пак горите од температура и сте неспособни да станете од кревет, верувајте нема да е крај на светот ако не сте ја прославиле „најлудата“ ноќ во годината. Ќе ве очекуваат уште многу луди ноќи во текот на 2012 година, нели?!rn.rnrnЗаклучок: Овие совети може да ви помогнат да го одржите вашето здравје во добра состојба и да се заштитите од чувство на срам и пониженост ако сте направиле некоја глупост додека сте имале многу алкохол во крвта. Пиењето во умерени количини не значи дека нема да се забавувате со „полна пареа“. Секој сака празниците да ги памти по убаво поминатите мигови со луѓето кои ги сакаат, а не по неподносливиот мамурлак, гадењето во стомакот и срамот од луѓето кои биле потрезни од вас и ве гледале додека правите будала од себе.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Каде се пие најмногу кафе во светот?

    Каде се пие најмногу кафе во светот?

    Ова истражување е направено врз база на податоци кои биле прибирани од 1977 до 2008 година. Спроведено е од „Меѓународната организација за кафе“ во Лондон, а резултатите покажуваат колку кафе се пие по глава на жител низ земјите во светот.rnrnКаде се пие најмногу кафе во светот?rnrnТие го имаат следено порастот на побарувачката на кафе во секоја земја одделно, па така во 2008 година се забележани интересни бројки. Имено во Европа убедливо најмногу се пие кафе, особено во скандинавските земји. Погледнете ги добиените бројки.rnrn1. Финска 12 кгrn2. Норвешка 9,9 кгrn3. Исланд 9,0 кгrn4. Данска 8,7 кгrn5. Холандија 8,4 кгrn6. Шведска 8,2 кгrn7. Швајцарија 7,9 кгrn8. Белгија 6,8 кгrn9. Луксембург 6,8 кгrn10. Аруба 6,8 кгrn11. Канада 6,5 кгrn12. Германија 6,4 кгrn13. Австрија 6,1 кгrn14. Босна и Херцеговина 6,2 кгrn15. Италија 5,9 кгrn16. Словенија 5,8 кгrn17. Бразил 5,8 кгrn18. Грција 5,5 кгrn19. Франција 5,4 кгrn20. Хрватска 5,1 кгrn21. Кипар 4,9 кгrn22. Либан 4,8 кгrn23. Србија 4,5 кгrn24. Шпанија 4,5 кгrn25. Естонија 4,5 кгrn26. Португалија 4,3 кгrn27. САД 4,2 кгrn28. Македонија 4,2 кгrn29. Литванија 4,1 кгrn30. Словачка 4,0 кгrnrnДоколку сакате да ги дознаете податоците и за другите земји низ светот, погледнете ја интерактивната мапа каде што се прикажани информациите за секоја одделно.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неколку причини зошто виното го подобрува вашето здравје

    Неколку причини зошто виното го подобрува вашето здравје

    Листата на придобивки од виното е навистина голема, секако доколку се консумира во мали количини. Докторите препорачуваат да се пие по една чаша вино дневно, бидејќи преминувањето на оваа граница може да се одрази негативно врз здравјето.rnrnНеколку причини зошто виното го подобрува вашето здравјеrnrnСледуваат неколку бенефиции кои ќе ги осетите доколку редовно пиете умерена количина.rn

    1. Ја подобрува меморијата

    rnЕдно истражување направено на лица постари од 70 години, покажало дека оние кои пијат по една чаша вино дневно, паметат повеќе од останатите. Исто така, докторите објаснуваат дека тоа спречува згрутчување на крвта и го намалува воспалението на крвните садови.rn

    2. Помага при согорување калории

    rnПраксата покажува дека луѓето кои пијат вино редовно, имаат помала телесна тежина од оние кои го консумираат ретко. Докажано е дека испиената чаша вино, може да го натера вашето тело да согорува калории цели 90 минути.rnrnНеколку причини зошто виното го подобрува вашето здравјеrn

    3. Го зајакнува имунитетот

    rnЕдна Британска студија вели дека љубителите на вино го намалуваат ризикот од инфекција со бактеријата Хеликобактер пилори, која може да предизвика гастритис, чир или рак на стомакот. Исто така, помага и при заштитата од труење со храна, како на пример од салмонела.rn

    4. Заштитник на женските јајници

    rnЕдна чаша дневно го намалува ризикот од рак на јајници за 50%. Научниците веруваат дека ова се должи на антиоксидансите кои ги има во виното, а кои имаат антиканцерогени својства.rnrnНеколку причини зошто виното го подобрува вашето здравјеrn

    5. Ги зајакнува коските

    rnВо просек, луѓето кои се редовни консументи на вино, имаат поголема коскена маса од оние кои не го консумираат. Алкохолот го зголемува нивото на естроген, хормон кој го забавува разронувањето на старите коски.