Секогаш кога некој ќе испие повеќе се случува да направи некоја глупост, а следниот ден да го обвинува неговото пијано „јас“ поради лошите одлуки. Но, науката вели дека кога сте пијани, тогаш сте вистинските вие. Според истражување од Универзитет во Мисури, никој освен вие самите, не може да направи разлика помеѓу вашето трезно и пијано јас.rnrn
rnrnИстражувачите ги поделиле волонтерите во групи. На некои им дале алкохол, а на некои само сок. Потоа ги замолиле да изведат неколку активности пред набљудувачи. Резултатите биле зачудувачки! Испитаниците кои пиеле алкохол ја почувствувале промената кај нив, но набљудувачите не забележале ништо.rnrnПијаните испитаници забележале промена во нивните сетила, но тоа не го забележале набљудувачите. Овие испитаници кажале дека имаат пониско ниво на свест, дека полесно се согласувале, дека биле отворени кон нови искуства и се чувствувале екстровертно. Сепак, набљудувачите единственото нешто кое го забележале била екстровертноста на пијаните испитаници.rnrnЗначи, луѓето може ќе забележат дека сте погласни и позборливи после неколку пијачки, но сето останато е само во вашата глава. Па, следен пат кога ќе се разбудите мамурни и кога ќе се прашувате колку ужасна била претходната вечер, добро е да знаете дека можеби и не била толку лоша колку што мислите.rnrnВистинска утеха е да знаете дека нема да се најдете во многу непријатни ситуации кога ќе испиете повеќе. Ова исто така не значи дека алкохолот ве претвора во некој кул дечко што секој го сака. Едноставно си останувате исти, само малку подружељубиви. Во виното е вистината, се согласувате?rnrnСепак, на секој од нас му се има случено да каже нешто додека е пијан, а утредента да зажали за тоа. Следниот пат немојте да го обвинувате вашето пијано „јас“ бидејќи сте пратиле порака на поранешниот партнер, или пак сте се скарале со пријателот кој го мразите. Тоа секогаш сте вие, не вашето пијано алтер его.rnrnПогледнете и зошто не смеете да го мешате алкохолот со енергетски пијалак.
Tag: пиење
-

Кога сте пијани, вие сте вашата реална верзија
-

7 придобивки од секојдневното пиење маслиново масло
Иако звучи дека една чаша маслиново масло е премногу за вашето тело, дефинитивно има придобивки од неговото консумирање. Всушност, маслиновото масло е многу корисно – можете дури да го користите и за чистење и мали поправки.rnrn
rnrnМногу лекари препорачуваат да користите здрави масти кога ја готвите вашата храна, како на пример, маслиново масло. А потем можете и да голтнете една лажичка од него. Па, што се случува кога ќе почнете да пиете маслиново масло?rnШто всушност е маслиновото масло и зошто треба да го пиете?
rn
rnrnМаслиновото масло, како што си кажува името, се добива од маслинки. Плодот на маслинките се мели, а потоа се притиска и се цеди маслото. Постојат повеќе видови маслиново масло со различен квалитет. Најквалитетното е екстра девствено маслиново масло.rnrnСовет за купување: Квалитетното девствено маслиново масло секогаш се продава во темно шише, а датата на производство треба да е скорешна. rn1. Добро е за мозокот
rn
rnrnМаслиновото масло е одлично за вашиот мозок бидејќи е полно со здрави масти. Липидите во маслото помагаат при одржувањето на нервните патишта во вашиот мозок, а ова им овозможува на мозочните импулси да се движат поефикасно.rnrnНа кратко: Маслиновото масло ќе ви помогне да размислувате побрзо.rn2. Му помага на вашето срце
rn
rnrnМаслиновото масло е суперхрана за вашето срце. Нашето тело има потреба од масти, но многу често ги добиваме од погрешни извори. Премногу црвено месо, пржена храна и сирење можат да ги блокираат вашите артерии. Од друга страна, мастите што ги добиваме од маслиновото масло го подобруваат здравјето на срцето и ги одзатнуваат артериите – ако го комбинирате со вистинската храна.rnrnКога го комбинирате маслиновото масло со зелен лиснат зеленчук, вие создавате нитро масни киселини кои ги намалуваат воспаленијата и го намалуваат крвниот притисок.rn3. Ја подобрува работата на цревата
rn
rnrnНе треба да ве изненади фактот дека маслиновото масло е одлично за вашиот дигестивен систем. Ако сте склони кон констипација, една лажичка маслиново масло секој ден ќе направи огромна разлика. Секако, треба да пиете и многу вода.rnrnМаслиновото масло ги „подмачкува“ цревата, па отпадот се движи полесно низ нив. Но, немојте да консумирате повеќе од една лажица бидејќи постои ризик од дијареја.rnrnПродолжува на следната страница…rn -

Бидете внимателни: 5 ситуации кога не е добро да пиете вода
Сите знаеме дека водата е од витално значење за животот и здравјето, но тоа не значи дека треба постојано да пиеме многу вода. Исто така, многу е важно и каква вода пиеме. Доколку се најдете во следните 5 ситуации, размислете два пати пред да посегнете по чашата вода…rnrn
rn1. Веќе сте испиле вода во поголема количина
rnИако ова се случува многу ретко, сосема возможно е да се испие преголема количина вода која е штетна по здравјето. На пример, луѓето паѓаат во искушение да испијат многу вода одеднаш ако се занимаваат со напорен спорт или ако мислат дека пиењето голема количина ќе им помогне при детоксикација.rnrnНе треба да се пие многу вода одеднаш, бидејќи така во телото се нарушува рамнотежата на солите, односно на натриумот, што може да доведе до мачнина и повраќање. Многу поздраво е да се пие вода рамномерно во текот на целиот ден, но во помали количини.rn
2. Урината ви е бистра
rnАко урината ви е проѕирна, бистра и светла (како боја на лимонада), тоа значи дека вашето тело е снабдено со доволно течности и нема потреба да претерувате со пиењето вода. Но, ако урината има темно жолта боја, тоа е знак дека можеби е време за чаша вода.rn
3. Сте изеле обилен оброк
rnЕден од наједноставните начини да го намалите бројот на калории што ги внесувате е да се напиете чаша вода пред оброкот и на тој начин ќе изедете помалку храна од вообичаено, бидејќи течноста зазема одреден простор во желудникот. Но, од истата причина пиењето преголема количина вода пред или во текот на оброкот може да го забави варењето на храната и да предизвика непријатност и подуеност.rnrnПиењето вода непосредно по оброкот исто така не се препорачува, бидејќи треба да му дозволиме на дигестивниот систем на мира да ја обработи храната пред повторно да го „залиеме“ со течности.rnrn
rn4. Подолго време сте вежбале интензивно
rnТоа не значи дека не е пожелно да пиете течности во текот на вежбањето, но мора да го имате предвид следново: При голем телесен напор, телото се поти и на тој начин губи важни електролити како што се калиум и натриум. Тоа значи дека ќе треба да го надоместите нивниот недостаток, а чистата вода не ги содржи во големи количини.rnrnНо, внимавајте со спортските пијалаци кои содржат електролити, бидејќи тие честопати се и зашеќерени. Внимателно проверете кои состојки ги содржи напивката со електролити што планирате да ја испиете. Наместо тоа, можете да се напиете кокосова вода која е нискокалорична, но природно богата со калиум, натриум и магнезиум.rn
5. Сте купиле вода со „слатка тајна“
rnПонекогаш чистата, обична вода ни се чини премногу обична кога постои толку голем избор на интересни води збогатени со различни вкусови. Но, таквите пијалаци неретко содржат многу шеќери или вештачки засладувачи кои не се добри за вашата линија.rnrnИстражувањата покажале дека таквите засладувачи не се добри ниту за варењето на храната, а воедно и го зголемуваат чувството на глад и можат да доведат до дебелеење. Ако сакате да ја збогатите водата со некаков вкус, направете го тоа сами, со природни додатоци. Одличен избор се лимонот, лиметата, краставицата, лубеницата и нането.rnrnВо продолжение прочитајте зошто е добро да се пие топла вода со лимон.
-

Кога е најдобро да го испиете вашето кафе?
Утринската рутина на повеќето луѓе изгледа вака: Будење, проверување што има ново на социјалните мрежи, а потоа подготвување кафе. Но, според една нова студија, пиењето кафе наутро не секогаш е најдобра идеја.rnrn
rnrnИстражувачите од колеџот во Бостон потврдиле дека оптималното време од денот за да консумирате кофеин е токму моментот кога чувствувате најголема потреба за тоа (односно кога чувствувате дека вашиот мозок е изморен и забавен), а не веднаш откако ќе се разбудите. Кога станува збор за кофеинот, повеќе не значи и подобро. Всушност, кога ќе се разбудите наутро и веднаш ќе се напиете кафе, тоа нема секогаш да ви даде дополнителен поттик. Наместо тоа, подобро е да ја оставите дневната количина кофеин за кога навистина ќе ви треба.rnrnПричината зошто не треба да пиете кафе наутро е високото ниво на кортизол во вашето тело. Имено, консумирањето кофеин кога нивото на кортизол е високо, создава два проблеми. Првиот е дека кофеинот се меша со производството на кортизол во телото, хормон кој е одговор на стресот и ниското ниво на шеќер во крвта. Така, телото произведува помалку кортизол и за да компензира повеќе се потпира на кофеинот. Другиот ефект од пиење кафе наутро им е добро познат на оние кои имаат ваква утринска навика. Всушност, кафето ја зголемува толеранцијата на личноста на кофеин, затоа што го заменува природниот поттик на кортизолот, наместо да го додава. Затоа, ако имате ваква утринска навика, треба да размислите за промена на вашиот распоред за подобро да ја искористите ефикасноста на кофеинот.rnrnСекако, ако чувствувате дека на вашиот мозок му е потребно освежување уште рано наутро, сигурно нема да ја прескокнете шолјата кафе, но доколку не, тогаш оставете го кафето да го испиете подоцна во текот на денот со вашите колеги на работа. -

Како сингл статусот влијае на вашето пиење алкохол?
Спротивно од општото верување, сингл луѓето не ја поминуваат секоја сабота пиејќи цело шише водка и плачејќи поради нивниот бесмислен живот. Но, неодамнешното истражување спроведено од страна на Универзитетот во Вирџинија, не придонесува многу за разбивање на стереотипите кои кружат за сингл животот. Резултатите покажале дека сингл луѓето пијат повеќе од нивните пријатели кои се во брак или сериозна врска.rnrn
rnrnНа психолозите им е неверојатно тешко да го дефинираат ефектот што го има бракот на другите животни области. Тешко е да се спореди животот на луѓето пред и по бракот, поради тоа што се менува возраста, а факторите кои влијаат на тоа дали еден човек ќе биде сингл или во брак се неверојатно комплицирани. За среќа, тука се близнаците. Нивниот идентичен генетски материјал и слични детства се сонот на секој психолог.rnrnИмено, истражувачите ги споредиле навиките за пиење алкохол и брачната состојба на повеќе од 2.000 истополови близнаци и резултатите не се баш утешителни. Според извршените анализи, сингл или разведените близнаци пиеле најмногу во однос на квантитет и зачестеност.rnrnРезултатите се малку комплицирани. Венчаните испитаници пиеле најмалку, па по нив следуваат оние кои живееле со нивните партнери. Учесниците кои живееле заедно со нивниот партнер пиеле почесто од оние во брак, но женетите мажи пиеле повеќе одеднаш за разлика од оние кои само живееле со партнерот. Исто така, кога истражувачите ги анализрале навиките за пиење алкохол на разведените близнаци, откриле нешто интересно: Луѓето кои биле во сериозна врска не пиеле почесто од луѓето во брак, но пиеле повеќе количински одеднаш.rnrn
rnrnТоа не значи дека женетите мажи и разведените луѓе се изложени на ризикот да претераат со пиење. Треба да се спомене дека претераното пиење не е предзнак за распад на бракот. Според едно истражување од 2013 година, кај брачните парови во кои едниот од сопружниците пие многу постои поголема веројатност за развод отколку кај паровите во кои и двајцата партнери претерувале со пиење. Изворот на конфликтот лежи во разликите кај консумацијата на алкохол, а не во самата консумација.rnrnМеѓутоа, голем број истражувања покажале дека луѓето во брак пијат помалку од сингл луѓето. Истражувачите од Универзитетот во Вирџинија овие резултати ги припишуваат на ефектот што се јавува како последица од постојаното надгледување на брачниот партнер. Наводно, љубовните врски можат да имаат позитивно влијание кога станува збор за пиењето алкохол.rnrnЗаклучокот е дека ако сте сингл, немате кој да внимава на вашето пиење како што тоа е случајот со луѓето во сериозна врска. Без разлика дали ова ќе делува ослободувачки или депресивно на вас, станува збор за откритие кое оди одлично со чаша добро вино. На здравје! -

Уметноста на пиењето вода: 10 совети од древните мудреци
Во овие топли летни денови, кога потребата за пиење вода е значително зголемена, не е лошо да се земат предвид значајните совети од древната Ајурведа. Луѓето сметаат дека не се потребни никакви техники за нешто толку секојдневно како што е пиењето вода. Но, како што постојат правила за исхрана, така постои и правилен начин на пиење вода кој најмногу му користи на нашето тело.rnrn
rnrnПиењето вода е повеќе од едноставно потпирање на стаклената чаша на усните и голтање. Начинот на кој ја пиете може многу да го промени вашиот живот. За некои луѓе тоа значи дека нема да мораат да трчаат во тоалет цел ден, некои ќе го решат масовното подригнување по јадењето, а некои ќе се ослободат од болното чувство на прејаденост и надуеност по оброците. Потребни се само некои мали и едноставни промени. Во продолжение прочитајте ги 10-те совети на индиските мудреци…rnrn1. Пред сѐ, седнете, па потоа напијте се вода (исто како кога седите за да јадете).rnrn2. Земете мала голтка, не ја пијте цела чаша одеднаш. Голтнете, па земете воздух. Повторете го тоа.rnrn3. Пијте вода во текот на целиот ден. Ако испиете премногу вода одеднаш, вашето тело нема да ја впие целата таа течност. Поголемиот дел од неа само ќе помине низ вас.rnrn4. Температурата на водата треба да биде како собната. Топлото е секогаш подобро. Ладната вода буквално ја гаси храната што сте ја внеле.rnrn5. По јадењето, земете мала голтка вода. Ако пиете премногу додека јадете, вашиот стомак нема да има доволно простор за дигестивниот процес. Запаметете го следново правило: Наполнете го желудникот 50% со храна, 25% со вода и оставете 25% празен простор за процесот на варење.rnrn
rnrn6. Од истата причина не пијте многу вода пред или по оброкот. Како што веќе кажавме: 50% храна, 25% вода и 25% оставете празен простор.rnrn7. Пијте кога сте жедни. Жедта е природна потреба која треба да се исполни. Тоа значи дека на телото му треба вода.rnrn8. Што се однесува до количината, сите луѓе се различни со различна тежина, различна исхрана и начин на живот. Универзалното правило од осум чаши дневно не може да се примени кај секого. Чудесното човечко тело има сопствен вграден мерен систем: Жед. Ако сте жедни, пијте вода. Кога ќе ги слушате сигналите што ви ги праќа жедта и ќе пиете вода во текот на целиот ден, ќе ја најдете вистинската мерка.rnrn9. Вашата урина може да ви послужи да проверите дали вашето тело е доволно хидрирано. Таа би требало да биде прилично бистра и со боја на слама. Доколку е темно жолта, треба да пиете повеќе вода.rnrn10. Вашите усни се уште еден показател. Ако се суви, вашето тело е веројатно дехидрирано.rnrnОвие правила се многу едноставни, дури и очигледни. Но, можат да внесат огромни промени во вашиот живот и да влијаат на тоа како се чувствувате. Важно е да станете свесни за тоа што го јадете и пиете и да ги слушате сигналите што ви ги праќа телото. Не ја занемарувајте жедта. Послушајте ја големата мудрост на Ајурведата и веднаш ќе забележите значително подобрување на квалитетот на вашиот живот и здравје. -

Митови поврзани со алкохолот кои сме мислеле дека се вистинити
Кога станува збор за алкохолот многумина мислат дека знаат сѐ што може да се знае за него. Сите сме прочитале милион пати за штетните последици, сме ги слушале советите на лекарите и нашите родители, а и самите сме имале лично искуство со него. И покрај тоа, сепак постојат голем број популарни митови поврзани со алкохолот кои воопшто не се вистинити. Доколку ги знаете вистинските факти кои стојат зад овие митови, не само што би можеле да го подобрите вашето здравје, туку и би научиле како да пиете без тоа да остави негативни последици на вас. Во продолжение прочитајте ги најчестите митови за алкохолот кои не содржат ни малку вистина…rnrn
rnРазлични видови алкохол имаат различно дејство
rnМожеби сте чуле дека текилата ве прави пооткачени или дека виното го поттикнува филозофот во вас, но не постои научен доказ кој би можел да го потврди ова. Алкохол си е алкохол и тој ќе го има истиот ефект на вас, доколку го консумирате во иста количина. Разликата во тоа како се чувствувате е последица од начинот на кој го пиете алкохолот. Можеби текилата ја пиете побрзо, или виното го пиете со сок, што значително го менува неговото дејство.rn
Сулфатите предизвикуваат главоболка
rnИ покрај тоа што е научно докажано дека сулфатите не предизвикуваат главоболка, митот и понатаму продолжува да постои. Помалку од 1% од луѓето се вистински чувствителни на сулфати. Кога таа чувствителност се манифестира, реакцијата е во вид на алергија како на пример отежнато дишење. Главоболката е последица од додадените шеќери или други хемиски супстанции како што се хистаминот и тираминот.rn
Белото вино е поздраво од црвеното
rnМногу луѓе веруваат дека белото вино е поздраво и дека содржи помалку калории затоа што не содржи толку шеќер колку црвеното. Сувите бели вина навистина имаат помалку шеќер од сувите црвени, но разликата не е воопшто значителна и не доведува до никакви последици. Доколку пиете вино поради вашето здравје, одберете црвено, бидејќи содржи повеќе антиоксиданси.rn
Кафето ќе ве отрезни
rnНе постои доказ дека кофеинот ќе ви помогне да се отрезните побрзо. Кофеинот нема да го забрза обработувањето на алкохолот во вашето тело. Кафето можеби ќе ви помогне да се чувствувате побудни, но нема да ви го излечи мамурлакот.rn
Можете да го надмудрите алкомерот
rnНе сакаме да ви го скршиме филмот, ама не можете да го надмудрите алкомерот. Постојат одредени митови според кои ако шмукате паричка, јадете зачинета храна или излижете многу бонбони, ќе успеете да го скриете присуството на алкохолот во вашиот здив. Алкомерот е создаден да го измери количеството на алкохол во крвта. Можете колку сакате да се обидувате да го маскирате мирисот на алкохол во вашиот здив, но тоа нема да ја намали количината на алкохол во крвотокот. Постои само едно докажано решение: Не пијте кога возите!rn
Ако пиете прво пиво, а потоа жесток алкохол, ќе ви биде полошо
rnСите сме чуле дека ако пиеме прво пиво или вино, а потоа продолжиме со нешто жестоко, ќе ни биде многу лошо. Вистината е дека редоследот воопшто не е важен. Дали ќе ви се слоши зависи само од тоа колку ќе испиете, така што не претерувајте со алкохолот без разлика на видот.rnrn
rnАко земете ибупрофен пред да пиете, ќе го спречите мамурлакот
rnЗа жал, главоболката како последица од мамурлакот ќе настапи откако ефектот на апчињата ќе биде веќе одамна поминат и секогаш треба да одбегнувате да земате какви било апчиња кога пиете. Ибупрофенот може да го оштети вашиот желудник и да предизвика воспаление на црниот дроб.rn
Алкохолот ги уништува мозочните ќелии
rnМожеби се чувствувате малку глупави по цела вечер помината во пиење, но не плашете се бидејќи не сте изгубиле ниту една од вашите мозочни ќелии. Алкохолот ја нарушува мозочната функција, но не преку уништување на ќелиите, туку со тоа што ги оштетува дендритите на невроните во малиот мозок кој е одговорен за учењето и моторната координација. Ова малку ќе ве забави, но не може да уништи цели мозочни ќелии.rn
Можете да пиете многу црвено вино затоа што содржи антиоксиданси
rnПостојат повеќе истражувања кои покажале дека црвеното вино е корисно за здравјето до одредена мера, но ако претерате тоа нема да резултира со зголемени здравствени придобивки. Клучот е во умереноста. Држете се до една или две чаши на ден за најдобро да го почувствувате позитивниот ефект.rn
Ако еднаш го скршите мразот со тоа што ќе отидете во тоалет, нема да престанете со мокрење
rnИако алкохолот навистина ве тера почесто да одите во тоалет, тој нема никаква врска со тоа кога прв пат ќе отидете. Количината на течноста што ја внесувате е она што ве носи во тоалетот, а треба да знаете дека алкохолот е диуретик што значи дека предизвикува почесто да уринирате.
-

4 причини, инспирирани од убавината, зошто водата е вашиот најдобар пријател
Поголемиот дел од луѓето кои пијат многу вода за време на летото знаат дека таа е многу важна кога температурите се високи, но не знаат дека треба да продолжат со истото темпо и кога ќе дојде зимата, па не пијат доволно вода и со тоа си создаваат проблеми. Ако помагањето на вашето тело да функционира оптимално, како и спречувањето на главоболките не ви се доволна причина, тогаш погледнете ги следниве 4 причини кои се инспирирани од убавината и кои ќе ве натераат да пиете вода поредовно.rnrn
rn1. Поубава кожа
rnЗаборавете на скапите креми и третмани, бидејќи водата е најдоброто нешто кое можете да го направите за вашата кожа. Ако пиете повеќе и поредовно, вашата кожа ќе изгледа млада и сјајна во текот на целата година. Соодветната хидратација овозможува секој систем да работи подобро, вклучувајќи ја и кожата. Со пиењето вода вие се погрижувате сите хранливи материи да се пренесат до клетките како и да се одржуваат хидрирани, резултирајќи со поцврста кожа.rn
2. Намален апетит
rnПиењето вода пред оброк може да ви помогне да јадете помалку, бидејќи понекогаш телото погрешно го идентификува гладот како жед. Всушност, студиите откриле дека оние луѓе кои редовно пијат повеќе вода, исто така и консумираат помалку калории во текот на денот. Ова е одлична техника за оние кои имаат тенденција да се прејадуваат кога им е здодевно.rn
3. Рамен стомак
rnВашиот стомак нема да се дуе ако не јадете солена храна и млечни производи, но еден од најдобрите начини да го спречите задржувањето на водата во областа на стомакот е доколку пиете многу вода. Можеби не ви звучи логично, но со пиењето многу вода и со одржувањето на вашето тело хидрирано ќе го одржувате и вашиот стомак рамен.rn
4. Подобрен метаболизам
rnСигурно веќе знаете дека за најдобри резултати, треба да пиете вода пред, за време на и после вежбањето, но дали сте знаеле и дека самата вода помага при согорувањето на калориите? Една студија покажала дека оние луѓе кои пиеле до 12 чаши вода дневно согорувале многу повеќе калории од оние кои пиеле само 4.
-

15 мисли кои ќе ви поминат низ глава ако вечерва пиете вино
Денес сте решени дека нема никакви шанси да пиете вино. Едноставно не ви се пие. Но, ајде, ќе се напиете една чаша за да му го истерате меракот на пријателот.rn
1. „Ќе се напијам само една чаша.“
rn
rnrnИмавте долг ден, но нема да го оставите пријателот сам да пие. Ќе му правите друштво само со една чаша. Тоа е добро и за вашата макробиотичка диета.rn2. „Ох, ова е домашно црвено и е одлично.“
rn
rnrnОд вчера немате пиено вино, а ова е толку добро. Но, вие ќе пиете само една чаша. Само една, запомнете!rn3. „Сè уште планирам да пијам само една чаша.“
rn
rnrnПрекрасни сте и сè уште ги држите работите под контрола.rn4. „Време е да си ја отворам душата.“
rn
rnrnИмате милион размислувања и сега е моментот да ги споделите. Но, пред сè…rn5. „Ќе се напијам уште една чаша.“
rn
rnrnПа, главното јадење сè уште не пристигнало, ви треба нешто да се напиете.rn6. „Можеби треба да нарачаме шише.“
rn
rnrnСепак ќе биде поевтино, па дури и да не го испиете.rn7. „Лелеее, многу сум секси!“
rn
rnrnСе прашувате кој сè има тука, тажно е вашиот сексапил да го однесете дома.rn8. „Чекајте, сега сум тажна.“
rn
rnrnОва беше тежок период, сè ви се насобра, едноставно ви треба да се исплачете.rn9. „Изморена сум.“
rn
rnrnЕдинствено што сакате во моментов е кревет! Зошто вашата пријателка толку многу зборува? Па веќе ја имате слушнато приказнава.rn10. „Сакам благо!“
rn
rnrnИ нема да го делите. „Може уште вино?“rn11. „Што збориш, го испивме шишето?“
rn
rnrnПа, денес не требаше ниту да пиете.rn12. „За многу работи во животот се каам.“
rn
rnrnИ шишето вино е едно од нив.rn13. „Не знам како ќе станам и ќе си отидам од овде.“
rn
rnrnМорате! Креветот ве чека. Престанете да се лигавите!rn14. „Дефинитивно нема да пијам цела недела“
rn
rnrnДа, ќе пиете само вода со лимон.rn25. По 24 часа…
rn
rnrnАх, може да се напиете една чаша.rnrnСамо една! -

Древна јапонска терапија со вода: Го прочистува организмот, дава енергија и помага со еден куп болести
Водата е вистински извор на животот и основен елемент на секоја функција во организмот. Без доволна хидратација невозможно е да се замисли здрав крвоток, бубрези, мускули и особено прочистувањето, односно елиминацијата на штетните материи од организмот. Пиењето вода генерално е добро за здравјето и тоа е првата работа која им се препорачува на многу луѓе кои не се чувствуваат добро. За жал, модерното доба е преплавено со разни хемикалии и лекови кои го потиснаа во заборав фактот колку е всушност водата здрава за нашиот долг живот.rnrn
rnrnНаидовме на една интересна препорака која е позната помеѓу Јапонците. Се работи за јапонска водена терапија од древните времиња, а која е актуелизирана за време на Втората светска војна. Тогаш во јапонските весници се појавила препораката извлечена од традиционалната медицина која советувала денот да се започне со пиење поголема количина чиста вода.rnrnЈапонската традиционална медицина препорачува пиење вода веднаш по будењето, како најважна природна здравствена навика, а научниците ги имаат потврдено позитивните ефекти од оваа практика.rnДелување на јапонската водена терапија
rnЈапонската водена терапија дава одлични резултати како природно средство за третирање менингитис, дијабетес, гастритис, главоболки, астма, бронхитис, артритис, епилепсија, болки, проблеми со срцето, масти во крвта, болести на бубрезите и мочните канали, нервни нарушувања, хемороиди, болести на очите, менструални тегоби, општа слабост, губење енергија, како и за чистење на организмот.rnrn
rnИзведување на јапонската водена терапија
rnНаутро, веднаш по будењето и миењето заби, потребно е да се напиете 4 чаши млака вода, односно околу 640 мл. Откако ќе ја испиете водата, следните 45 минути не треба ништо друго да пиете или јадете. Потоа продолжете нормално со своите ритуали.rnrnТерапијата препорачува и конзумирање млака вода во текот на сите 3 оброци и до 15 минути по нив, а пота пауза од 2 часа јадење и пиење дополнителна количина вода.rnrnТерапијата дава одлични резултати за повеќето тегоби и чистење на организмот веќе по 30 дена применување.rnrnПрепораката е ваквиот начин на конзумирање вода да се усвои како животно правило, односно да стане дел од вашиот животен стил.rnrn
rnrnНе постојат никакви последици нити опасности од овој вид терапија освен што може да предизвика зачестено мокрење.rnrnОние на кои им е тешко да го започнат денот со повеќе од половина литар вода, а посебно старите и болните лица, се препорачува да започнат со помалку и постепено да ја зголемуваат количината до 4 чаши наутро.rnrnНа интернет можете да прочитате за бројните сведоштва на луѓето кои значително си го подобриле здравјето, енергијата и физичкиот изглед со примена на оваа едноставна терапија.rnrnЖителите на Јапонија, за разлика од западниот свет скоро никогаш не користат ладна вода во исхраната и често пијат топол чај додека јадат.rnrnЈапонците се една од најздравите и најдолговечните нации во светот, а во 2008 година имале регистрирано преку 33.000 лица постари од 100 години.