КАФЕ ПАУЗА

Tag: пиење

  • Работи кои треба да ги научите од Италијанците

    Работи кои треба да ги научите од Италијанците

    Италијанците надалеку се познати по својот опуштен став кон животот. Тие знаат да живеат убав живот, кој не подразбира само луксуз, туку живот фокусиран на убавите нешта и фамилијата. Ова се неколку работи кои може секој од нас да ги научи од Италијанците.rnrnРаботи кои треба да ги научите од Италијанците rn

    1. Јадете полека и никогаш сами

    rnВо Италија не постои брза храна во вистинската смисла на зборот, иако постојат такви синџири на ресторани. Таму се јаде полека, во кругот на семејството или пријателите, а не пред телевизор или компјутер. Покрај тоа тие секогаш практикуваат природна и локално произведена храна.rn

    2. Пијте, но не претерувајте

    rnИталијанците си го обожуваат своето вино, но никогаш не претеруваат во консумирањето. Тие знаат да пијат со стил.rn

    3. Престанете да брзате и почнете да живеете опуштено

    rnЖивотот во оваа земја не е ни приближно брз како што налага новото време. Луѓето не трчаат по улици со кафето во рака, туку секогаш имаат време да застанат и да се напијат едно еспресо. Тие не обрнуваат толку внимание на максималната точност, туку повеќе се фокусираат времето да го поминат во добро друштво.rn

    4. Најдобрата работа на светот е да живеете блиску до семејството

    rnФамилиите во Италија секогаш гледаат да живеат што поблиску едни до други, наместо да се селат во различни краеви. На овој начин, фамилијата секогаш е блиска и владее почитување. Собирањето на целата фамилија на неделен ручек е исто така одлична традиција која го зближува семејството.rn

    5. Грижете се за „својата појава“

    rnОва не се однесува толку на физичкиот изглед, туку на јавниот имиџ. Ретко може да видите пијан Италијанец на улица, човек како јаде на нога дур шета во град или некој цел ден да го помине во пижами. Сите овие работи можат да го нарушат нивниот имиџ. Ова е начин на живеење кој ја фаворизира естетиката и убавото однесување.

  • Би пиеле ли алкохол од вакви шишиња?

    Би пиеле ли алкохол од вакви шишиња?

    Кога купуваме шише со алкохолен пијалак, го купуваме заради пијалакот што е внатре. Но, овие шишиња ќе ве натераат да ги купите без да ви е гајле каква течност има во нив.rn

    Кристален череп

    rnВотката сместена во овој кристален череп се произведува во Канада низ многу софистициран процес кој дава пијалак со одличен квалитет. Се филтрира седум пати, а последните три пати низ дијаманти, на кои им се припишуваат некои лековити својства. Едно шише е достапно за нешто над 30 евра.rnrnБи пиеле ли алкохол од вакви шишиња?rn

    Шаховската табла на Џек Дениелс

    rnЗа 105 евра можете да си купите шаховска табла со која одат фигури полни со виски од брендот Џек Дениелс. Со неа би можеле да одиграте партија шах која не се заборава, освен ако не ги испиете шотовите виски премногу брзо.rnrnБи пиеле ли алкохол од вакви шишиња?rn

    Вотка Калашников

    rnНе само што шишето е многу несекојдневно, туку доаѓа во пакување во кутија наменета за вистинска пушка. Произведени се 13.000 вакви шишиња, а секое чини по 450 долари.rnrnБи пиеле ли алкохол од вакви шишиња?rn

    Медеа

    rnОна што го издвојува ова шише од другите е ЛЕД екранот на кој може да се испишуваат пораки. Чини 45 долари.rnrnБи пиеле ли алкохол од вакви шишиња?rn

    Макалан

    rnМакалан е виски кое е сместено во ова прекрасно шише. Има луксузен изглед, а се појави и во Скајфол, последниот филм од серијалот за Џејмс Бонд.rnrnБи пиеле ли алкохол од вакви шишиња?rn

    Хукри

    rnОвој „нож“ е дизајниран во Непал и е наполнет со рум. Чини 50 долари.rnrnБи пиеле ли алкохол од вакви шишиња?rn

    Абсолут Диско

    rnОва е шише кое може да ви понуди диско атмосфера без разлика каде ја пиете течноста што е во него. Може да го набавите за 20 долари.rnrnБи пиеле ли алкохол од вакви шишиња?rn

    Самурај

    rnШишето кое изгледа како да е пресечено на половина од меч на самурај е дизајнирано во Русија и е уште едно во низата прекрасни шишиња за вотка.rnrnБи пиеле ли алкохол од вакви шишиња?rn

    Милагро

    rnВо овој „шише во шише“ дизајн има два пијалака: најголемиот дел е полн со текила Милагро, а трите мали комори содржат созреано сино агаве. Изгледа примамливо, но воопшто не е евтино. Чини 170 долари.rnrnБи пиеле ли алкохол од вакви шишиња?rn

    Смрзнат дух

    rnШишето содржи холограф од дух кој сака да избега. Инспирирано е од легенда за човек кој го убил својот сосед на некој извор, по што неговиот дух го прогонувал. Наводно денес токму водата од тој извор се користи за производство на вотката.rnrnБи пиеле ли алкохол од вакви шишиња?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Шокантни факти за водата

    Шокантни факти за водата

    Додека светот се расправа поради баналности од типот на националност и религија, постојат некои многу поголеми проблеми за кои не се дига премногу врева во медиумите. Недостатокот на чиста вода за пиење е еден од тие проблеми, а овие факти ќе ви покажат зошто.rnrnШокантни факти за водатаrn

      rn

        rn011

      • Повеќе од 1,5 милијарди луѓе немаат пристап до чиста вода која е безбедна за пиење.
      • rn011

      • Речиси 4 милиони луѓе умираат секоја година поради болести поврзани со чистата вода за пиење.
      • rn011

      • Една веце-шолја користи речиси 8 литри чиста вода при едно пуштање.
      • rn011

      • Во секое време, речиси половина од сиромашните луѓе во светот се борат со некоја болест предизвикана од лоша хигиена или нечиста вода.
      • rn011

      • Потребни се 11.000 литри вода за да се произведе еден килограм кафе.
      • rn011

      • Дури половина од училиштата во светот немаат пристап до чиста вода, ниту располагаат со адекватни санитарни услови.
      • rn011

      • Потребни се 300 литри вода за да се испечати еден неделен магазин.
      • rn

      rn

    rnШокантни факти за водатаrn

      rn

        rn011

      • 70% од водата која се употребува оди за земјоделски цели, а индустријата користи 22%.
      • rn011

      • Сите деца заедно губат 443 милиони училишни денови поради болести поврзани со нечиста вода.
      • rn011

      • Жените во некои подрачја од Африка и Азија пешачат во просек по 6 километри секој ден за да набават чиста вода за пиење.
      • rn011

      • Машината за миење садови во просек користи 100 литри за едно миење.
      • rn011

      • Потребни се неверојатни 5.000 литри вода за да се произведе еден килограм ориз.
      • rn011

      • Дури 80% од сите болести во неразвиениот свет доаѓаат од причини поврзани со водата.
      • rn011

      • За ископување на нов извор на чиста вода се потребни од неколку стотини до околу 20.000 евра.
      • rn011

      • Преку 2,6 милијарди луѓе во светот не живеат во достојни хигиенски услови.
      • rn011

      • Просечен Американец користи повеќе вода за едно туширање отколку човек од неразвиениот свет во текот на целиот ден.
      • rn011

      • Една третина од луѓето кои немаат пристап до чиста вода живеат со помалку од еден долар (45 денари) на ден. Две третини од нив живеат со помалку од два долари дневно.
      • rn

      rn

    rnШокантни факти за водатаrn

      rn011

    • Просечно американско домаќинство троши осум пати повеќе вода во споредба со просечно индиско домаќинство.
    • rn011

    • Индиското стопанство губи работници поради боледувања поврзани со водата во вкупен збир од 73 милиони денови годишно.
    • rn011

    • Децата во субсахарска Африка имаат 500 пати поголеми шанси да умрат од дијареја во споредба со децата кои живеат во Европа.
    • rn011

    • Дури 2,6 милијарди луѓе во светот немаат пристап до адекватни санитарни објекти. 1,2 милијарди немаат пристап до никаков санитарен објект.
    • rn011

    • Вообичаено, бројот на смртни случаи во Африка предизвикани од дијареја е за 5-10 пати поголем од оние кои животот го загубиле во војна.
    • rn011

    • Само едно миење на рацете го намалува ризикот од дијареја за 35%.
    • rn011

    • Компаниите кои продаваат флаширана вода заработуваат помеѓу 60 и 80 милијарди долари годишно.
    • rn011

    • На секои 15 секунди умира по едно дете поради болест поврзана со нечиста вода. Тоа се околу 12 деца откако почнавте да го читате овој текст. До утре ова време уште 2.500 деца ќе умрат.
    • rn011

    • Само еден долар е доволен за да се обезбеди чиста вода за пиење за едно дете од неразвиениот свет за цела година.
    • rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто треба да останете хидрирани преку целата година?

    Зошто треба да останете хидрирани преку целата година?

    Автор: Сања СтојковскаrnrnНа сите ни е добро познато дека треба да пиеме многу вода и дека тоа е добро за нашето здравје. Но, честопати не ни се јасни точните причини зошто треба да пиеме вода. И иако во основа знаеме зошто треба да пиеме вода, кај многумина тоа не е вообичаена пракса.Зошто треба да останете хидрирани преку целата година?Во суштина, нам ни е потребна вода за да ја одржува телесната температура и да овозможи хранливите материи да си го најдат својот пат до органите и ткивата. Исто така, го потпомага транспортот на кислородот до клетките, ги елиминира непотребните материи и ги чува сите органи и зглобови.rnrnКонзумирањето на многу малку вода или губење на големи количества без да се направи нов внес, доведува до дехидрирање на организмот. Состојбите на блага дехидрација вклучуваат чувство на жед, непријатности во мускулите и зглобовите, болки во долниот дел од грбот, главоболка или запек.rnrnПокрај овие причини постојат и некои други причини што пиењето вода го прават прекрасно за вашата добра здравствена состојба преку целата година.rn
    rn

    Губење на тежината

    rnВодата е една од најдобрите алатки за губење на тежината, првенствено затоа што може да замени многу високо-калорични пијалаци како газираните сокови, џус-соковите, алкохолот и слично. rnrnВодата е исто така одличен потиснувач на гладот. Нашиот мозок функционира на тој начин што честопати не може да направи разлика, па така кога мислиме дека сме многу гладни, всушност мозокот нè пренасочува да мислиме дека едноставно сме само жедни, па пиеме вода. Водата нема калории, нема масти, нема шеќер и не содржи јаглехидрати, што ја прави идеален напиток. Всушност, водата не содржи ништо лошо.Зошто треба да останете хидрирани преку целата година?rn

    Срцево здравје

    rnПиењето доволно количество вода може да ја намали опасноста од кардиоваскуларни болести.rn
    rn

    Лек за главоболка

    rnДополнителен симптом на дехидрацијата е главоболката. Во секојдневието и во реалноста, честа причина за главоболката е неконзумирањето доволно вода. Постојат и многу други причини за главоболка, но непиењето вода е доста типичен пример.rn
    rn

    Здрава кожа

    rnПиењето вода значително влијае на чистењето на кожата на телото, а во многу случаи е голем фактор и за инстантно добивање на убав сјај.Зошто треба да останете хидрирани преку целата година?rn

    Зголемено ниво на енергија

    rnДехидрираноста тотално ја исцрпува нашата енергија, па може да направи да се чувствуваме уморно.rn
    rn

    Решава дигестивни проблеми

    rnНашиот дигестивен систем бара пристојно количество вода за да може храната да се апсорбира соодветно.rn
    rn

    Чисти од отрови

    rnВодата е идеален партнер на човековото тело во процесот на отфрлање на сите отрови и непотребни материи од телото.rn
    rn

    Ја подобрува функцијата на мозокот

    rnМозокот содржи отприлика 78% вода, и во него не може да се складира вода. Па затоа доста важно за здрав мозок е да конзумираме големо количество вода.Зошто треба да останете хидрирани преку целата година?rn

    Го намалува ризикот за појава на рак

    rnПиењето доволно количество вода го намалува ризикот за рак на дебелото црево за неверојатни 45%, го намалува ризикот за појава на рак на мочниот меур за 50% и дејствува на намалување на заканата од рак на дојки.rn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 20 неверојатни факти за кафето

    20 неверојатни факти за кафето

    На многумина од нас, кафето ни е секојдневна рутина, но има и луѓе на кои им е и повеќе од тоа. Некои луѓе се вљубеници во кафето. Ако сте и вие еден од нив, веројатно не ви е доволно само да го пиете – вие сакате да знаете што повеќе за вашата омилена напивка без која не можете да поминете ниту еден ден.rnrn20 неверојатни факти за кафетоrnrn1. За време на турските свадбени церемонии, младоженците морале да дадат завет дека секогаш ќе ѝ овозможуваат кафе на својата невеста, а доколку не успеат, тоа можело да резултира со развод.rnrn2. Бетовен бил толку жесток пијач на кафе, што броел 60 зрна пред да си подготви шолја со својата омилена напивка.rnrn3. Бостонската чајанка резултирала Американците да се префрлат од чај на кафе во знак на слободата.rnrn4. Кафето не нè буди само нас луѓето. Овој ефект го чувствуваат и пчелите кога пијат кафе и тоа им помага за нивното долготрајно помнење. Како тие поинаку би знаеле постојано да се враќаат до едно исто растение? :)rnrn5. Користете смеса од мелено кафе и вода како ексфолијант за вашата кожа. Нанесувајте двапати неделно, потоа измивајте се и забележете го сјајот на вашето лице.rnrn20 неверојатни факти за кафетоrnrn6. Францускиот новелист и писател на драми Оноре де Балзак, наводно конзумирал по 50 шолји кафе на ден за да ја одржува инспирацијата додека пишувал. Смртоносната доза е 100 кафиња на ден.rnrn7. Во 1674 година имало голем бунт против кафето. Женската петиција против кафето ги уверувала масите дека кафето ги претвора британските мажи во „бескорисни лешови“, после што тоа било забрането за оние под 60 години.rnrn8. Во 1511 година, кафето било забрането во Мека заради превенција од слободно размислување и собирање на луѓето заради дружба.rnrn9. Најскапото кафе Kopi Luwak е направено од зрна кафе кои ги јаде и потоа ги лачи Суматранската дива мачка. Во еден момент, тоа достигнало цена од над 300 долари за фунта (~1/2 кг.)rnrn10. За време на Втората светска војна, американските војници го нарачувале еспресото разредено со вода бидејќи им било премногу јако.rnrn20 неверојатни факти за кафетоrnrn11. Англискиот термин „cup of Joe“ (шолја радост) потекнува од Американски војници кои биле големи уживатели во кафето.rnrn12. Кафето било прогласено за нелегално, и тоа не еднаш, не двапати, туку неверојатни 3 пати од три различни култури. Првиот пат во Мека во 1511, после што следел Чарлс II во Европа во обид да го потисне тековниот бунт и последниот пат од страна на Фредерик Велики во Германија во 1677 кој бил загрижен за економските последици кои би ги трпела земјата кога би се купувала оваа напивка.rnrn13. Постојат најави дека кафето ќе може да се користи како гориво за автомобилите. Не сега, но можеби некој ден во иднината. Можете да си замислите да полните кафе во вашиот автомобил?rnrn14. Во 1906 година, еден Белгиец кој живеел во Гватемала и се викал Џорџ Вашингтон, го пронашол инстант кафето. Не се работи за американскиот претседател кој го носи истото име.rnrn15. Во античката арапска култура, жената можела да се разведе од нејзиниот сопруг само ако тој не го сакал доволно кафето. Зарем тоа не е екстремна љубов кон кафето? :)rnrn20 неверојатни факти за кафетоrnrn16. Зборот кафе потекнува од Арапскиот јазик, каде се нарекувало „qahhwat al-bun“, што потоа било скратено на „qahwa“. Турците го презеле како „kahve“, Холанѓаните го направиле „koffie“. Дури потоа бил преведен на англиски како „coffee“.rnrn17. Во 17-от век имало голема дебата околу тоа дали католиците смеат да пијат кафе. Им било дозволено откако Папата Климент VII рекол дека е во ред да пијат.rnrn18. Ние сега пиеме кафе за појадок, но во 17-от век, луѓето пиеле пиво додека појадувале.rnrn19. Теди Рузвелт, 26-от американски претседател, пиел по 1 галон (3,8 литри) кафе секој ден.rnrn20. Кафето било толку дефицитарно во Германија за време на Втората светска војна, што од авионите се фрлале „бомби од кафе“ само за да се сврти народот против владата.rnrn(4) 20 неверојатни факти за кафетоrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Пијанството и астрологијата

    Пијанството и астрологијата

    Секој си има своја мерка и своја граница, кога станува збор за алкохолот. Но, не секогаш работите се одвиваат онака како што сакаме, па лесно може да се случи да се изгуби контрола. Прочитајте како се однесува вашиот хороскопски знак кога е во близина на алкохол.rnrnПијанството и астрологијатаrn

    Овен

    rnИмпулсивниот овен сака да се забавува и понекогаш не знае кога е доста. Неговиот натпреварувачки дух го тера да се забавува натпреварувајќи се со пријателите кој може повеќе да испие. Кога пијат тие се забавни и сакаат да флертуваат. Кога доволно ќе се напијат, од нив можете да дознаете сè што сте сакале, а не сте можеле да го извлечете кога биле во трезна состојба. Сè лошо што ќе направат во пијана состојба, до утрото го сметаат за заборавено.rn

    Бик

    rnБиковите сакаат да пијат мала количина алкохол и често доволно им е да се опијат. Кога навистина се пијани, тие се како вистинско стампедо. Често знаат да ја истурат пијачката по луѓето, а знаат и да се однесуваат невкусно со своите претпоставени. Кога се пијани сакаат да бидат во центар на вниманието, а во таа состојба најдобро е да се однесат на караоке забава. Со нив забавата е загарантирана.rn

    Близнаци

    rnБлизнаците се забавни и можат да се опијат без премногу да го сменат својот вообичаен карактер. Дури и кога се пијани, близнаците се расположени за разговор, а вниманието често оди во некои други насоки. Понекогаш нема ни да сфатите дека се пијани. Способни се да флертуваат со неколку луѓе одеднаш, а во секоја рунда нарачуваат различен пијалак бидејќи едноличноста секогаш им е здодевна, дури и кога пијат.rn

    Рак

    rnТие се нежни души, кои најчесто пијат за утеха. Тие сакаат да се напијат некоја чаша вино по вечерата, а понекогаш и пет-шест пива по работниот ден. Тие се одлични кога треба да одат на тајни ВИП забави на кои не се поканети. Во вистински гламурозен стил, раковите никогаш не се целосно пијани, туку често се „уморни и емотивни“. Сепак, нема ништо позабавно од тоа да испиете шише црно вино со вашиот омилен пријател роден во знакот рак.rn

    Лав

    rnЛавовите сакаат да пијат и да танцуваат, секако доколку се добри во танцување. Кога се пијани, стануваат мили и драги, но секогаш се свесни како се однесуваат. Ги знаат своите граници бидејќи се плашат да не ја изгубат контрола. Кога претеруваат со пиење, тогаш флертуваат, но никогаш не ја преминуваат границата. Утредента, обично се мамурни и се обидуваат да се извинат доколку направиле нешто лошо.rn

    Девица

    rnДевиците се познати како претерано чисти, па така нивниот карактер не им дозволува да се опуштаат со алкохолот. Тоа значи дека внимателно го одбираат пијалакот кој го пијат. Ретко губат контрола, но доколку ја изгубат, очекувајте спектакл. Тогаш се забавни и сексапилни, благодарение на тоа што во пијана состојба помалку размислуваат и не се оптоваруваат со ситници.rn

    Вага

    rnСимпатичните ваги често ќе ви кажат дека пијат од забава и дружељубивост. Вагата најмногу сака забава, флертување и запознавање нови луѓе. Кај нив, некои видови алкохол ја поттикнуваат подобрата, а кај некои полошата страна. Бидејќи се многу шармантни и без самоконтрола, вагите можат да флертуваат со сите во просторијата, а понекогаш знаат и на половина вечер да се онесвестат.rn

    Скорпија

    rnНа скорпија никогаш не ѝ кажувајте дека и е доста, бидејќи ќе се навреди и тајно ќе продолжи да пие додека целосно не се опие. Тие сакаат да пијат, а ако тоа не ви одговара, подобро тргнете ѝ се од пред очи. Тие се одлично друштво за пиење, со нив ќе водите интересни разговори и ќе флертувате на посебен начин. Исто така, ќе се сеќаваат на сè што сте направиле, па затоа пијте само со скорпии што ве сакаат.rn

    Стрелец

    rnЗа нив важи поговорката In vino veritas (Во виното е вистината). Кога ќе се напијат, стрелците ќе ги кажат сите ваши, а и многу свои тајни. Доколку ова го тргнеме на страна, со стрелците е многу интересно да се пие. Во вој знак се родени голем број забавувачи, како Френк Синатра, Кит Ричардс и Ана Никол Смит. Стрелците се луѓе кои зборуваат со сите во просторијата, а знаат да го убедат цело друштво да направи некој нов и чуден подвиг. Немојте да се зачудите ако во текот на пиењето со стрелец се најдете во некоја нова земја или барем на непозната локација во вашиот град.rn

    Јарец

    rnНајчесто јарците се практични, сакаат пари и општествен статус, па не е чудно што често не се на списокот за некоја луда забава. Сепак, ова е знакот во кој се родени Елвис Присли, Ени Ленокс и Дејвид Боуви, што кажува дека јарците сепак знаат да се забавуваат. Тие се вистински рок ѕвезди, независни се, моќни и харизматични, а не сакаат премногу да им досадуваат на луѓето околу нив.rn

    Водолија

    rnВодолиите и алкохолот не одат едно со друго. Кога се пијани имаат чувство дека знаат сѐ, а доколку во таа состојба добијат некоја идеја, нема да се откажат по ниту една цена. Но, доколку приредуваат забава или организираат излегување, преокупирани се со детали од кои не се откажуваат до крај. Во овој случај тие се слатки и шармантни. Во голем број случаи, тие се грижат за оние кои навистина претерале со алкохолот. Инаку, тие сакаат пијани луѓе и обожаваат да водат чудни разговори со нив.rn

    Риби

    rnДоколку сте родени во овој знак, веројатно веќе знаете дека го делите со некои најпознати зависници на сите времиња. Во знакот риби родени се Курт Кобејн, Елизабет Тејлор и Лајза Минели. Рибите не само што сакаат да отпатуваат во светот на соништата креиран со помош на алкохол, туку многу брзо и стекнуваат толеранција на него. Од друга страна тие се одлични партнери, без разлика дали станува збор за обичен разговор или нешто навистина лошо. Со рибите можете да ја почнете вечерта со пијачка и да завршите во кревет со денови. Зборот „зависници“ може да се сфати на повеќе начини.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Грешки кои ги правиме во 20-тите години од животот

    Грешки кои ги правиме во 20-тите години од животот

    Нема причина да се срамите, сите ги прават овие грешки додека се млади. Не за џабе старите рекле „младост-лудост“. :)rnrnГрешки кои ги правиме во 20-тите години од живототrn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Застрашувачка кампања против возењето во пијана состојба

    Застрашувачка кампања против возењето во пијана состојба

    Кампањите за пиење и возење знаат да бидат моќни во пренесувањето на пораката. Кампањата Think! е и повеќе од моќна. Таа е застрашувачка.rnrnЗастрашувачка кампања против возењето во пијана состојбаrnrnКампањата е дело на Лео Барнет Лондон кои ја реализираат за британскиот оддел за транспорт. Последната видео реклама во оваа кампања се вика „Pub Loo Shocker“ и буквално е шокантна за мажите кои ќе го посетат тоалетот во еден лондонски бар.rnrnrnrnЛуѓето во видеото се актери кои во кратката приказна се соочуваат со ефектот на вистинска сообраќајна несреќа во која пред нив се удира девојка (кукла).

  • Науката против мамурлакот

    Науката против мамурлакот

    Не можете да го поднесете мамурлакот, но сè уште не сте подготвени да се откажете од лудориите за време на викендот? Сигурно досега сте ги слушнале сите митови и сте ги пробале сите апчиња, но сепак ништо не ви помага во неговото спречување или лекување.rnrnНауката против мамурлакотrnrnПогледнете го наредново видео и следете ги овие научно анализирани чекори кои со сигурност ќе ви помогнат по викендот да се разбудите како нормален и функционален човек, подготвен за уште една недела напорна работа…rnrnrnrn1. Пред да започнете со пиење, јадете високо калорична храна. Таа го намалува апсорбирањето на алкохолот и помага против иритацијата на желудникот. Исто така, тој ден зголемето го и внесувањето на јаглехидратите, тие го спречуваат паѓањето на шеќерта во крвта и помагаат со мачнината која често се појавува наредното утро.rnrn2. Пијте многу вода! Таа е вашиот најдобар пријател пред, за време на пиењето и потоа. Бидејќи алкохолот на некој начин го дехидрира вашето тело, останатите органи „крадат“ вода од мозкот и поради тоа тој буквално се смалува. Така настануваат утринските главоболки.rnrn3. Аспирин. Доколку сепак се одлучите за апчиња утрото по бурната вечер, најдобар избор е аспиринот. Останатите аналгетици во комбинација со алкохол можат негативно да влијаат на вашиот црн дроб.rnrn4. Доручекот е клучниот чекор при справување со мамурлакот. Направете некоја комбинација од банана, јајце и овошен сок.rnrn5. И за крај, најважно од сè, научете да ја препознавате својата граница. И покрај тоа што постои разлика помеѓу полот, расата и возраста кај луѓето во однос на толеранцијата на алкохолот, овие научно докажани чекори можат многу да ви помогнат по завршувањето на викендот.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10-те најважни правила за пијанење

    10-те најважни правила за пијанење

    Пиеме за да се развеселиме, на излегување, на прослави, на домашни собири. Пиеме од тага за да заборавиме некого или да надминеме нешто. Пиеме и за да „утепаме“ време. Но, од која причина и да пиеме, мора да ги знаеме 10-те правила за пијанење.rnrn10-те најважни правила за пијанењеrnrn1. ОК е и да се пие сам.rnrn2. Вотката може да се меша со сè, вклучително и со повеќе вотка.rnrn3. Во виното е вистината, во пивото е силата, но вискито е водата на животот.rnrn4. Пијаните зборови се трезни мисли. Слушај внимателно.rnrn5. Ако некогаш направиш нешто многу глупаво, не се вади на пијанство.rnrn6. Ако тој/таа е сè уште грд/а после 7 пијачки, откажи се.rnrn7. Пивото е храна. Виното оди со храна. Коктелите бараат храна.rnrn8. Кога пијачките се служат бесплатно, опасно е. Почитувај ги ваквите ситуации.rnrn9. Никогаш не одбивај бесплатна пијачка и не се жали за нејзиниот квалитет или бренд.rnrn10. Секогаш останувај на повеќе од една пијачка. Тогаш работите почнуваат да се случуваат.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.