КАФЕ ПАУЗА

Tag: парфем

  • Три модни правила оставени во аманет од Коко Шанел

    Три модни правила оставени во аманет од Коко Шанел

    Таа имаше идеја да ја промени женската мода, но не знаеше дека ќе остави белег засекогаш. Модна икона, модерна револуционерка и модна креаторка којашто не беше само жена, туку беше и неповторливата Коко Шанел!rnrnТри модни правила оставени во аманет од Коко ШанелrnrnТаа имаше таков карактер што реши да ја промени женската мода и да ја направи природно елегантна и софистицирана. И исполни сè што замисли: во модните кругови сè уште се зборува за неа, а многу познати дизајнери сè уште слепо ги следат нејзините правила затоа што дури и во 2019 година нејзиниот стил може да се нарече релевантен.rnrnЕве ги трите најважни модни правила што ни ги остави Коко Шанел:rn

    1. Без скапа облека

    rnКоко Шанел им објасни на модните гурмани дека воопшто не им е потребна скапа облека, бидејќи колку е поскапо, толку полошо изгледа. Таа креираше здолниште со рамен крој што едвај ги покриваше колена. Тоа беше бум! Нејзината креација ги нагласи половината на жената, колковите, колената и неверојатните нозе. Ова здолниште може да се комбинира само со чевли со високи потпетици.rnrnРаскошните и шарени женски вечерни фустани беа едноставно уништени од страна на елегантниот црн краток фустан што го дизајнираше Коко Шанел за да им даде поинаков вкус на модните гурмани. Овој фустан брзо стана класика и за младите модерни девојки и за повозрасните жени.rnrnКоко Шанел го доведе дневниот стил до совршенство.rn

    2. Правоаголна чанта

    rnКоко Шанел не гледаше елеганција во обичните чанти. Правоаголната чанта со прерамка за на рамо е нејзин изум. Се разбира, овие чанти не се воопшто невообичаени и ги има на секој чекор, но целокупниот шарм е во вклопувањето со стилот на Шанел. Оригинална Шанел чанта ги има следните карактеристики:rn

      rn 011

    • Боја што не свети
    • rn 011

    • Нема масивен сјај (ниту лого)
    • rn 011

    • Мала, правоаголна форма
    • rn 011

    • Прерамката мора да биде испреплетена со кожа и метал
    • rn 011

    • Мора да има таен џеб
    • rn 011

    • Квадратна тока
    • rn

    rnСпоред Коко, оваа чанта може да ја направи неодолива дури и најдосадната облека давајќи ѝ софистициран изглед.rn

    3. Парфем

    rnКоко Шанел, кога го преставуваше сега веќе познатиот парфем „бр. 5“, рече дека „така мириса душата на жената“. Префинетата арома со мирис на момина солза никого не остави рамнодушен.rnrnЗа време на едно интервју, кога ја прашале Мерлин Монро: „Што носите навечер?“, актерката одговорила: „Ништо, само 5 капки Шанел“.rnrnПрочитајте ги и овие есенски модни правила за да ги избегнете стилските грешки што ги правите за време на ладните денови.

  • Дали купувате и нанесувате парфем на погрешен начин?

    Дали купувате и нанесувате парфем на погрешен начин?

    Кога ќе влезете во парфимерија, преплавени сте од разните мириси и често не знаете кој да го изберете. Многу жени купуваат парфем кој ќе им се допадне „од прва“, а потоа откако ќе го носат неколку дена веќе не им се допаѓа и се запрашуваат зошто го одбрале баш тој парфем. Експертите имаат решение за тоа. Прво, заборавете на непромислениот шопинг бидејќи тоа е првиот чекор за да направите скапа грешка.rnrnДали купувате и нанесувате парфем на погрешен начин?rn

    Важно е времето

    rnНајважно е откако ќе го испробате тестерот на кожа да го оставите најмалку еден час за да ги откриете сите негови ноти. Тоа е затоа што секој парфем се состои од горни, средни и основни мирисни ноти. Горните, односно почетните се оние кои ќе ве привлечат веднаш на првиот мирис. Средните ноти го сочинуваат срцето на парфемот и затоа имаат најголема улога, додека основните се темелот на парфемот. Треба да помине време за да ги помирисате сите ноти.rn

    Важно е и каде го нанесувате

    rnПарфемот нанесете го на најтоплите делови на телото: вратот, подрачјето околу клучната коска, внатрешните делови на лактот и колената. Така мирисот постепено ќе се шири и подолго ќе трае. Нанесувањето на парфемот позади ушите не се препорачува бидејќи таму има жлезди кои може да го променат мирисот.rnrnИ за крај, експертите велат дека мирисот кој го носиме пред сѐ е резервиран за блиски личности кога ќе ни се доближат. Според бонтон, непристојно е да се „напаѓа“ околината со својот парфем.rnrnСледно, дознајте дали погрешно го нанесувате дезодорансот.rn

  • Моќни и неодоливи: 3 парфеми во кои ќе уживаме оваа есен

    Моќни и неодоливи: 3 парфеми во кои ќе уживаме оваа есен

    Како што со промената на сезоната се менува нашата гардероба, истото се случува и со шминката и парфемот. Како што времето се оладува, така и ги оставаме зад себе летните, лесни и романтични миризби и ги заменуваме со малку потешки, сензуални и заводливи ноти. Кога станува збор за трендовите, со оваа есен ќе доминираат следниве 3 парфеми…rnrnrn

    1. Dior – Joy Intense

    rnОваа сезона Диор го претставува Joy Intense, парфем што ќе ви донесе големо уживање. Во срцето на парфемот се наоѓа миризбата на ружа и јасмин, додека базата ја чинат ванилата и сандаловото дрво. Станува збор за интензивен и сензуален парфем, идеален за сите страсни дами.rn

    2. Lancome – Idole

    rnВо креирањето на овој парфем биле вклучени три различни континенти. Основниот впечаток што го оддава овој парфем е чистотата. Истовремено нежен и сензуален мирис кој во своето срце содржи мирис на турска ружа.rn

    3. Elie Saab – Le Perfum Royal

    rnЕли Сааб ја претставува кралската верзија на својот прв парфем. Во горните ноти се наоѓа слатката мандарина, додека во срцето на парфемот се сретнуваат миризбите на турската и бугарската ружа. Тој е интензивен мирис достоен за секоја жена со луксуз во својата крв.

  • Пролетни парфеми за целосен моден впечаток во потоплите денови

    Пролетни парфеми за целосен моден впечаток во потоплите денови

    Додека едни обожаваат да купуваат убава облека, други уживаат во производи за нега на телото, а трети во шминка, има и такви на кои најомилениот моден додаток им е токму парфемот. Со доаѓањето на топлите денови, покрај облеката, добро е да се смени и парфемот. Наместо тешките и земјено-зачински мириси, за топлите денови изберете цветно-овошни варијанти со лесни ноти на мошус или какао.rnrnПролетни парфеми за целосен моден впечаток во потоплите деновиrnrnПрилагодувањето на парфемот за соодветната сезона е еднакво важно како и преминот од топла облека од тешки материјали кон лесни и светли парчиња. За надополнување на вашиот пролетен стил, ви препорачуваме популарни пролетни парфеми, а ваше е само да го најдете меѓу нив оној кој најмногу ви одговара.rn

    1. Omnia Pink Sapphire – Булгари

    rnПролетни парфеми за целосен моден впечаток во потоплите деновиrn

    2. Bloom – Гучи

    rnПролетни парфеми за целосен моден впечаток во потоплите деновиrn

    3. Modern Muse – Есте Лаудер

    rnПролетни парфеми за целосен моден впечаток во потоплите деновиrn

    4. Si Passione – Армани

    rnПролетни парфеми за целосен моден впечаток во потоплите деновиrn

    5. Miss Dior – Диор

    rnПролетни парфеми за целосен моден впечаток во потоплите деновиrnrnУште 5 предлози на следната страница…rn

  • Која мирисна нота најмногу му одговара на вашиот хороскопски знак?

    Која мирисна нота најмногу му одговара на вашиот хороскопски знак?

    Верувале или не, хороскопот може да открие многу нешта во врска со вас кои воопшто не сте ги знаеле, па дури и која мирисна нота најмногу ви одговара. Брзо пронајдете го вашиот знак и откријте кој парфем и мирисна нота најмногу ви одговараат.rnrn1-koja-mirisna-nota-najmnogu-mu-odgovara-na-vashiot-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_rn

    Овен

    rnВие сте огнени и експлозивни. Секогаш сте супер зафатени, со немирен дух и не ве држи место. Без разлика што и да правите вие сте многу мотивирани и чувствувате дека вашата улога овде е да постигнете нешто големо. Имате магнетна привлечност и никој не може да ви одолее. Мирисната нота која е совршена за вас е онаа која ќе го следи вашиот „див“ дух, како на пример – капина.rn

    Бик

    rnВашиот омилен збор, но и она што ве води низ животот е балансот. Умеете да бидете доста чувствителни и поради тоа во сè што правите барате хармонија, особено кога се во прашање односите. Вие сте вистински љубители на задоволството и убавината, безнадежно сте романтични, но и доста приземни, упорни и сигурни. Својата сензуална страна најдобро ќе ја истакнете со нежен мирис на кашмир.rn

    Близнаци

    rnВашиот знак е дефинитивно „најживиот“ знак во зодијакот и на вас никогаш не ви недостига љубов, иновативност и љубопитност. Вие сте комуникативни, обожавате партнерство, но многу повеќе од романтиката го сакате квалитетниот интелектуален разговор. „Слоевитите“ парфеми се вистинскиот избор за вас, а нотата која најмногу ќе ви пријае е токму мирисот на бел грејпфрут.rn

    Рак

    rnГрижливи сте, внимателни и сигурни, па затоа сите ваши пријатели ви се обраќаат за совет кога имаат некој проблем. Понекогаш знаете да бидете премногу чувствителни и нерасположени, но не на лош начин – вашата чудност само покажува дека обрнувате внимание на светот околу вас и на луѓето кои ви се важни. Вашата личност е мистериозна и „длабока“, а на вашата слатка природа најмногу ќе ѝ одговара мирисот на ванила.rnrn2-koja-mirisna-nota-najmnogu-mu-odgovara-na-vashiot-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_rn

    Лав

    rnВие сте вистинска кралица на драмата. Дури и кога сте мирни и молчеливи тоа сите ќе го забележат. Вие сте роден лидер, сакате да бидете во центарот на вниманието и сметате дека светот е ваша сцена. Екстровертни сте, сакате да се забавувате, весели сте и харизматични. Парфемот кој ви е потребен е оној кој ќе го привлече вниманието кон вас и ќе ги наведе луѓето да се запрашат – која е онаа девојка? Затоа побарајте парфеми кои имаат нота на ирис и љубичица.rn

    Девица

    rnДевиците важат за нежни, деликатни и чувствителни девојки кои се спремни да направат сè за останатите, а себеси секогаш ќе се стават на второ место. Вие сте „девојка зад сенката“ која секогаш е совршена, која прави сè перфектно и на која другите секогаш може да се потпрат. Генерално сте смирени, но знаете и тоа како да се изнервирате и затоа ќе ви пријае мирис кој во секој момент ќе може да ве опушти. Нотата која може да го исполни ова барање е нежниот мирис на ружа.rn

    Вага

    rnВие сте шармантни, дружељубиви и просто заљубени во љубовта! Во вашето друштво никогаш не е досадно, бидејќи секогаш сте задолжени за добрата забава. Можеби за останатите сте личност која не сака да се врзува, но во длабочината на вашата душа сте доста романтични. Нотите кои најмногу ви одговараат се цреша, мошус и сандаловина.rn

    Скорпија

    rnВие сте мистериозни, неодоливи, привлечни и издишувате со сексапил. На сè што правите му пристапувате со многу страст или не го правите тоа воопшто. Со вас воопшто не е лесно, но тоа е една од вашите магии. Само ретките ќе откријат колку е добро со вас, непредвидливо и забавно, бидејќи партнерот, но и друштвото, секогаш го избирате спрема себе. За вас совршен мирис е мирисот на мошус.rnrn3-koja-mirisna-nota-najmnogu-mu-odgovara-na-vashiot-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_rn

    Стрелец

    rnВие сте независни, имате способност да се прилагодите на секоја ситуација или околина, секогаш сте весели и оптимистични. Со вас не е возможно останатите да бидат негативни или нерасположени, бидејќи вие просто зрачите со позитивна енергија. Во склад со вашата природа, потребен ви е парфем кој ќе ја одржува вашата позитивна и ведра страна, односно избирајте ноти на крин, нарцис и ружа.rn

    Јарец

    rnВие сте личност која сака сè да држи „под конец“. Кај вас сè мора да се сложува едно со друго и тоа не само кога е модата во прашање, туку и за секој останат аспект од вашиот живот. Имате ваши правила и прописи по кои живеете и кои ги сметате за важни за својот успех и раст, односно затоа и очекувате и другите да го почитуваат тоа. За вас идеална мирисна нота е жолто лале, карамбола и крин.rn

    Водолија

    rnВодолиите секогаш се таму некаде, во иднината, во својата фантазија, во некој свој свет. Тие се идеалисти, принципиелни и тврдоглаво се држат до она во што веруваат дека е важно. Како пријатели се доста посветени. Како креативни, во секој поглед се едноставни, па затоа најмногу ќе им пријае мирис на мандарина.rn

    Риби

    rnРибите се навистина тешки за да се „дефинираат“. Тие поседуваат одредена длабочина и таинственост, а вашата специфична енергија магнетски ги привлекува луѓето. Имате нешто во себе поради што сите останати најмногу се интересираат за вас. Бидете незаборавни со опојниот мирис на јасмин.rnrn4-koja-mirisna-nota-najmnogu-mu-odgovara-na-vashiot-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_

  • За безвремен изглед: 5 совети од жените со стил

    За безвремен изглед: 5 совети од жените со стил

    Сигурно се прашувате што прават жените со стил и како секогаш успеваат да изгледаат убаво и средено. Со кои трикови се служат? Дали постои тајна за добар стил или едноставно се раѓате со тоа? Не, таквата жена дефинитивно не се раѓа. Добриот стил не е талент, тој се учи. Исто како што додека растеме ги гледаме нашите мајки, баби, тетки, сосетки и учиме од нив како да се однесуваме, исто така, потсвесно, го копираме и нивниот стил. Стилот се гради со години и се менува со возраста. rnrn1-5-raboti-koi-zhenite-so-stil-sekogash-gi-pravat-www.kafepauza.mk_rnrnПа така, кога сме млади, сакаме урбан изглед, како инаку ќе нè забележи момчето кое ни се допаѓа? Потоа, кога растеме, од нас се очекува некоја сериозност во нашето однесување, а исто и во нашето облекување. Со сигурност не сакате во вашите триесетти да ве карактеризираат како неуредна девојка, кога секогаш треба да се покажувате во најдобро светло. Тоа можете да го постигнете доколку ги следите советите од личностите кои постојано се изложени на јавен живот и кои секогаш мора да изгледаат средено. Имајте на ум дека овие работи морате да ги применувате во складност со приликата и можностите.rnrn

    1. Очилата за сонце секогаш треба да ви се при рака

    rnДефинитивно! Бидете внимателни во изборот на очила. Водете сметка тие секогаш да ви прилегаат совршено. А потоа, да се вклопуваат и со вашата гардероба. Добрите очила се секогаш забележани и секако, секогаш се во мода. Доколку имате проблем со изборот на оние вистинските, прашајте некого за совет. Образувајте се. Читајте. Одредете го вашето лице и одберете го својот модел за секоја прилика.rnrn2-5-raboti-koi-zhenite-so-stil-sekogash-gi-pravat-www.kafepauza.mk_rn

    2. Држете се до класиката

    rnТокму така! Залудна ви е добрата гардероба ако во вашиот гардеробер фалат оние најважните парчиња за модни комбинации. Жените со стил секогаш при рака имаат црни обични панталони и сако, мал црн фустан (кој е задолжителен), здолниште до колена, добра кожна голема чанта и црни салонки. Тоа се работи кои лесно се комбинираат, може да се носат во сите прилики и со нив никогаш нема да погрешите. Сакото делува работно, смело, стилизирано и модерно. Не двоумете се и овозможете си едно такво парче гардероба.rnrn3-5-raboti-koi-zhenite-so-stil-sekogash-gi-pravat-www.kafepauza.mk_rn

    3. Избирајте квалитет пред квантитет

    rnТоа треба да биде вашето мото кога купувате. Секогаш обидувајте се да одбирате квалитетен џемпер, фармерки, јакна и обувки отколку да одите на квантитет и да ја носите истата таа гардероба само неколку месеци. Секако, не треба да се оптоварувате со тие работи, но квалитетната роба прави да се чувствувате добро во неа, а тоа е и одлика на добриот стил.rnrn4-5-raboti-koi-zhenite-so-stil-sekogash-gi-pravat-www.kafepauza.mk_rn

    4. Секогаш користете парфем

    rnДамите со стил секогаш мирисаат занесно. Пружете си себеси добар парфем кој ќе ве одбележи секаде каде што ќе се појавите. Испробувајте, тестирајте, играјте си и пронајдете некој кој ќе биде вашиот заштитен знак. На пример, ние ви предложуваме да имате 3 омилени парфеми кои ќе ги користите во зависност од годишното време. И секогаш ќе мирисате добро. Жената која добро мириса никогаш не се заборава, тоа е 100% точно. Прашајте ги мажите!rnrn5-5-raboti-koi-zhenite-so-stil-sekogash-gi-pravat-www.kafepauza.mk_rn

    5. Не се плашете да побарате совет

    rnКако што веќе напомнавме, прашајте за совет! Доколку не сте сигурни дали е вашиот изглед е во тренд, прашајте некого за мислење. Вашата мајка, момчето, другарката, сосетката. Жените со стил никогаш не се потпираат само на себе. Погледнете само колку дами од јавната сцена имаат свои стилисти. Со години се облекуваат, а сепак сакаат туѓо мислење. И не се срамат да прашаат, па дури и по неколку пати.rnrn6-5-raboti-koi-zhenite-so-stil-sekogash-gi-pravat-www.kafepauza.mk_

  • Како да го продолжите животот на вашиот омилен парфем?

    Како да го продолжите животот на вашиот омилен парфем?

    Промената на бојата и неудобниот мирис се знаци кои покажуваат дека животот на вашиот парфем истекува. Прашањето кое сигурно си го поставувате на себе е како да му го продолжите животот на вашиот омилен парфем? Погледнете што открија творците на парфемите.rnrn1-kako-da-go-prodolzhite-zhivotot-na-vashiot-omilen-parfem-www.kafepauza.mk_rn

    1. Чувајте ги парфемите во темни и ладни простории

    rnИзложеноста на топлина и влага влијае на промената на мирисот и физичките својства на парфемот и ги уништува неговите состојки како што се на пример етеричните масла. Творците на парфемите веруваат дека всушност бањата не е добро место за чување на парфемите. Како идеално место се препорачува фрижидерот или гардероберот, односно просторот кој не е премногу топол и мрачен. Температурата околу 5 степени Целзиусови се покажала како идеална за чување на парфемите.rn

    2. Не го оставајте парфемот пречесто отворен

    rnОва е важен чекор во зачувувањето на мирисот и може да има силни негативни последици. Кога шишенцето парфем е предолго отворено и со тоа изложено на воздух, мирисот ќе почне да оксидира и да прима непријатни ноти. Продолжете да го чувате парфемот во оригиналното шишенце, според советите на творците на парфемите, бидејќи пренесувањето на течноста во друго шишенце доведува до непотребна изложеност на воздух што може прерано да го уништи мирисот.rnrn2-kako-da-go-prodolzhite-zhivotot-na-vashiot-omilen-parfem-www.kafepauza.mk_rn

    3. Земете ги во обѕир промените на парфемот

    rnОпшто кажано, парфемите со текот на времето стануваат потемни и започнуваат да попримаат чудни мириси. Ако се држите до овие едноставни упатства, творците на парфемите веруваат дека ќе го продолжите животниот век на парфемот за 2-3 години.rn

    4. Животниот век на поединечни видови парфеми е различен

    rnЦитрусните мириси не можат да се пофалат со долг животен век, првенствено поради високиот процент на цитрусно масло кое е едно од чувствителните. Ориенталните мириси траат долго, но во текот на одредено време може да доживеат промена на бојата поради слатките ноти на ванила. Цветните и дрвенестите мириси по природа се цврсти, а со самото тоа и долготрајни.rnrn3-kako-da-go-prodolzhite-zhivotot-na-vashiot-omilen-parfem-www.kafepauza.mk_

  • Факти кои сигурно не ги знаевте за брендот „ШАНЕЛ“

    Факти кои сигурно не ги знаевте за брендот „ШАНЕЛ“

    Непотребно е да се каже дека „Шанел“ е еден од најпознатите и најпрестижните светски брендови кога е модата во прашање. Компанијата е основана од страна на Коко Шанел, а почетоците на овој бренд се врзани за дизајнирање и произведување на шешири. Најзначајното парче за кое многумина ќе се сложат дека е број еден на модните листи е „малиот црн фустан“ кој Коко го претстави во 1926 година. Жаклина Кенеди го прослави овој бренд, а после смртта на Коко Шанел, сопствениците на компанијата го ангажираа Карл Лагерфилд, кој до ден-денес стои на чело на оваа компанија. Сепак, постојат и оние помалку познати информации кои секого ќе го заинтересираат. Погледнете ги овие необични факти за овој луксузен моден бренд.rnrn1-fakti-koi-sigurno-ne-gi-znaevte-za-brendot-shanel-www.kafepauza.mk_rnrn1. Chanel No. 5 е најпродаваниот парфем на сите времиња.rnrn2. Шанел е првиот бренд кој имал листа на чекање за купување лак за нокти.rnrn3. Коко Шанел е творец на првите женски одела.rnrn4. Првиот бутик на Шанел во Париз воопшто не бил модна работилница, туку само продавница на шешири. Првиот бутик на овој бренд е отворен дури во 1915 година.rnrn2-fakti-koi-sigurno-ne-gi-znaevte-za-brendot-shanel-www.kafepauza.mk_rnrn5. Коко Шанел, пред да ја стекне светската популарност, ја изградила својата репутација креирајќи и произведувајќи шешири, а не облека.rnrn6. Четири од пет бутици на Шанел се затворени во 1945 година поради Втората светска војна.rnrn7. Чантата 2.55 го добила името по датумот кога е за првпат произведена.rnrn8. Всушност, Коко Шанел никогаш не била апсолутен сопственик на модната куќа „Шанел“.rnrn3-fakti-koi-sigurno-ne-gi-znaevte-za-brendot-shanel-www.kafepauza.mk_

  • Како со помош на одредени миризби можете да добиете сè што ќе посакате?

    Како со помош на одредени миризби можете да добиете сè што ќе посакате?

    Сакате да стекнете доверба кај сите и да имате среќа каде и да одите? Науката вели дека миризбата може да ви помогне во оваа цел. Постојат многу истражувања кои покажуваат дека различни миризби создаваат силни емотивни реакции, па токму затоа се користат во продавниците, хотелите и рестораните со цел да се привлечат потрошувачи.rnrnКако со помош на одредени миризби можете да добиете сè што ќе посакате?rnrnИако науката вели дека мирисот има силно влијание врз нашето расположение, вие можете да го искористите со цел да влијаете и врз расположението на другите. Погледнете како…rn

    Ако сакате да стекнете нечија доверба, одберете мирис на лаванда

    rnПонекогаш навистина многу тешко можете да се здобиете со нечија доверба, па токму затоа доколку носите на себе мирис на лаванда, со тоа можете малку да си ја олесните ситуацијата. Според истражувањата, луѓето кои мирисаат на лаванда многу брзо се здобиваат со довербата на оние околу нив.rn

    Ако сакате успешно да флертувате, одберете мирис на пита од тиква и лаванда

    rnМожеби оваа комбинација ви звучи како нешто извлечено од бајките, но овој мирис навистина многу ветува. Според истражувачите, тој го зголемува протокот на крвта во одредени делови од телото, како на пример, во пенисот кај мажите, па токму затоа може да ви помогне побрзо да ги привлечете и освоите.rn

    Ако сакате подобро да се согласувате со шефот, одберете цветен мирис

    rnНауката вели дека цветните миризби влијаат позитивно при создавање социјално интерактивно окружување.rn

    Ако сакате да делувате свежо и чисто, користете мирис на лимон

    rnИзгледа дека во последно време луѓето имаат сè повеќе причини да не се тушираат секојдневно, вклучувајќи ги и иритацијата и сушењето на кожата кои оваа навика ги предизвикува. Токму затоа доколку сакате подолго време да мирисате свежо, во вашиот шампон за суво миење на косата додајте малку лимонов сок.rn

    Ако сакате да одржите мир, користете комбинација од природни билки како лилјан, јасмин, ружа, ирис и божур

    rnОваа комбинација го подобрува чувството на смиреност, будност и позитивно расположение.rn

    Ако сакате вашите колеги да обрнат повеќе внимание на вашата презентација, користете комбинација од портокал, лаванда, кафе и сладок десерт

    rnЗнаејќи дека има кафе во нивна близина, тоа ќе го разбуди нивниот ум и ќе ги убеди луѓето да ви обрнат повеќе внимание. Студиите исто така покажале дека присуството на портокал, лаванда, кафе и сладок десерт го зголемува визуелното внимание и забележување кај луѓето.rn

    Ако сакате опуштена атмосфера во домот, користете мирис на ванила

    rnСледен пат кога ќе се соберете со вашето семејство, запалете миризлива свеќа од ванила или ставете парфем со ванила. Студиите ни покажуваат дека доволно е само мала миризба на ванила за да се зголеми радоста и опуштеноста во просторијата. Таа има позитивен, нестимулативен и опуштачки ефект врз луѓето.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што вашиот парфем зборува за вас?

    Што вашиот парфем зборува за вас?

    Автор: Сара ТурановиќrnrnДали знаевте дека вашиот парфем открива многу за вас? Дознајте нешто повеќе за себе, според тоа каков парфем користите.rnrn1-shto-vashiot-parfem-zboruva-za-vas-kafepauza.mkrnrnТипот на парфеми што ги користите зборува многу за една жена? Дали повеќе сакате цветни или интензивни? Погледнете во која категорија спаѓа вашиот парфем, а потоа прочитајте што тој открива за вас.rn

    1. Цветни, разиграни мириси

    rnОбожавате парфеми кои потсетуваат на цветна ливада. Овие парфеми во себе содржат јасмин и магнолија.rnrnИзглед: Романтичните луѓе како вас сакаат карнери, нежни ткаенини и сладок, нежен накит.rnrnЉубовен живот: Сонувате за голема љубов, и воглавно ја наоѓате. Во врската вложувате многу за да го усреќите партнерот, но само ако тој ве држи како капка вода на дланка. Ве привлекуваат жешки, негувани мажи.rnrnТемперамент: Зрачите со оптимизам. Затоа што во секој го гледате само доброто, често останувате разочарани.rnrnСлабости: Сакате сите да мислат добро за вас. Понекогаш сте површни. Внесувате поголем напор за да остварите некоја цел.rn

    2. Интензивни и ориентални мириси

    rnВи се допаѓаат егзотични ароми од ѓумбир, кедар, мандарина, јасмин и сандалово дрво.rnrnИзглед: Изразено сензуален тип. Сметате дека сте убави. Носите облека која ја истакнува вашата фигура и префинета долна облека. Многу жени кои го сакат овој мирис имаат долга коса, која ја нагласува нивната женственост.rnrnЉубовен живот: Спремни сте да го дадете вашето срце на вистинскиот, но не се сите мажи дораснати на вашата женственост.rnrnТемперамент: Цврсто стоите зад вашите чувства и потреби. Во караниците реагирате импулсивно, но брзо простувате.rnrnСлабости: Поради тоа што сакате да ги покажете вашите женски атрибути понекогаш може да претерате. Имајте на ум: помалку често значи повеќе.rnrn3-shto-vashiot-parfem-zboruva-za-vas-kafepauza.mkrn

    3. Освежителни ароми

    rnКористите парфеми кои имаат освежителна арома на грејпфрут и портокал.rnrnИзглед: Затоа што во сѐ сте умeрени, бирате едноставни, спортски кроеви и светли бои. Вашата шминка е секогаш дискретна.rnrnЉубовен живот: Вие барате маж со кој навечер би шетале во парк, со кој би можеле да трчате и да планинарите, но и кој ќе ви биде добар пријател и верен партнер. Мачо типовите немаат никакви шанси кај вас.rnrnТемперамент: Вашата активна природа кај некои предизвикува нервоза. Не би било лошо во текот на денот да одвојувате време и да не правите ништо.rnrnСлабости: Премногу сте активни, и тоа го очекувате од другите. Запрете малку.rn

    4. Слатки мириси

    rnСакате парфеми кои ја нагласуваат женственоста. Аромата на ванила ве потсетува на детството, а слаткиот иланг-иланг дејствува како магнет на мажите.rnrnИзглед: Вие сте ведра личност која сака да ја покаже својата женственост, но не на нападен начин. Никогаш не носите штикли, бидејќи ви е потребен цврст терен под вашите нозе.rnrnЉубовен живот: Ви треба потпора во животот и затоа барате маж кој ќе ве заштити. Може и да биде малку корпулентен, но важно е пријатно да мириса. Од партнерот очекувате посветеност.rnrnТемперамент: Понекогаш тажно заклучувате дека секојдневните проблеми ви ја одземаат онаа леснотија што ја чувствувате додека фантазирате. Бидете опкружени со личности кои ви пружаат стабилност.rnrnСлабости: Не поднесувате самотија. Зошто толку се плашите? Имате многу повеќе енергија отколку што мислите.rnrn2-shto-vashiot-parfem-zboruva-za-vas-kafepauza.mkrn

    5. Ароматични мириси

    rnСакате ненаметливи, земјени ароми, какви што често се користат во правењето на машките парфеми.rnrnИзглед: Самоуверени сте и не сакате да ве ценат само заради изгледот. Затоа во облекувањето користите едноставни кроеви и ненападни бои. Накитот го користите штедливо.rnrnЉубовен живот: Вие точно знаете што сакате и како да го остварите тоа. Тоа го правите така мудро и шармантно што вашиот партнер не може да ве одбие. Барате личност која ќе ви пружи доволно слобода за вашите интереси.rnrnТемперамент: Амбициозни сте и доследни. Многу сте великодушни, и тогаш кога работите не се онакви како што сте ги замислиле. За возврат очекувате искреност и лојалност.rnrnСлабости: Не можете да го исклучите мозокот и да го отворите срцето. Препуштете им се и вие понекогаш на емоциите!rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.