КАФЕ ПАУЗА

Tag: парфем

  • Неколку трикови за разубавување кои секоја жена би требало да ги знае (втор дел)

    Неколку трикови за разубавување кои секоја жена би требало да ги знае (втор дел)

    Секој трик кој на жената ќе ѝ помогне побрзо и поефикасно да дојде до посакуваниот изглед е повеќе од добредојден. Ако почнавте да ги применувате првите 10, време е да го надградите знаењето со уште 10 нови трикови.rnrn0-nekolku-trikovi-za-razubavuvanje-koi-sekoja-zhena-bi-trebalo-da-gi-znae-vtor-del-kafepauza.mkrn

    1. За мали изгореници

    rnАко се изгорите додека ја виткате или пеглате косата, нанесете јогурт или кисело млеко на изгореното место.rnrn1-nekolku-trikovi-za-razubavuvanje-koi-sekoja-zhena-bi-trebalo-da-gi-znae-vtor-del-kafepauza.mkrn

    2. Помош при изгореници од сонце

    rnЗа третирање изгореници од сонце замрзнете гел од алое вера во калап за мраз, и потоа ставајте од него врз изгореното место.rnrn2-nekolku-trikovi-za-razubavuvanje-koi-sekoja-zhena-bi-trebalo-da-gi-znae-vtor-del-kafepauza.mkrn

    3. Сода бикарбона за отстранување на дамките од забите

    rnНанесете малку сода бикарбона на четката за заби и така исчеткајте ги. Ова ќе ви помогне за отстранување на површните дамките од забите.rnrn3-nekolku-trikovi-za-razubavuvanje-koi-sekoja-zhena-bi-trebalo-da-gi-znae-vtor-del-kafepauza.mkrn

    4. Како до совршени мачкини очи?

    rnНацртајте помошни линии со тушот, а потоа само потполнете ги празнините.rnrn4-nekolku-trikovi-za-razubavuvanje-koi-sekoja-zhena-bi-trebalo-da-gi-znae-vtor-del-kafepauza.mkrn

    5. Издробена сенка за очи

    rnИздробете ја на уште поситни парчиња, па ставете алкохол. Потоа измешајте ја, нагмечете ја, исчистете го нередот и оставете ја да се исуши. Ќе биде како нова.rnrn5-nekolku-trikovi-za-razubavuvanje-koi-sekoja-zhena-bi-trebalo-da-gi-znae-vtor-del-kafepauza.mkrn

    6. Направете свој бронзер

    rnИзмешајте цимет, какао, морско оревче и пченкарно брашно за секси, сончан изглед вашето лице.rnrn6-nekolku-trikovi-za-razubavuvanje-koi-sekoja-zhena-bi-trebalo-da-gi-znae-vtor-del-kafepauza.mkrn

    7. Направете парфемот подолго да трае

    rnИстријте вазелин на пулсирачките точки, а потоа нанесете парфем.rnrn7-nekolku-trikovi-za-razubavuvanje-koi-sekoja-zhena-bi-trebalo-da-gi-znae-vtor-del-kafepauza.mkrn

    8. Перфектен раб за мачкини очи

    rnСо помош на лажица, како што е покажано на сликата направете перфектен раб, без грешка.rnrn8-nekolku-trikovi-za-razubavuvanje-koi-sekoja-zhena-bi-trebalo-da-gi-znae-vtor-del-kafepauza.mkrn

    9. Потенцирање на усните

    rnСè што ви е потребно е вашиот омилен коректор и вашиот прст. Нанесете од коректорот околу усните и нежно размачкајте.rnrn9-nekolku-trikovi-za-razubavuvanje-koi-sekoja-zhena-bi-trebalo-da-gi-znae-vtor-del-kafepauza.mkrn

    10. Спречете го потењето при сушење на косата

    rnСпречете го потењето додека ја сушите косата така што претходно ќе нанесете дезодоранс позади вратот.rnrn10-nekolku-trikovi-za-razubavuvanje-koi-sekoja-zhena-bi-trebalo-da-gi-znae-vtor-del-kafepauza.mk

  • Топ 10 машки и женски швалерски парфеми

    Топ 10 машки и женски швалерски парфеми

    Може ли прељубникот да се препознае според парфемот кој го носи? Изгледа дека може, барем така тврди истражувањето спроведено на сајтот Gleeden.com на кој прељубниците запознаваат други партнери. Истражувањето опфатило 1.000 жени и 1.000 мажи, врз основа на кои се дефинирани топ 10-те парфеми на мажите и жените кои се склони кон почести изневерувања.rnrn1-top-10-mashki-i-zhenski-shvalerski-parfemi-kafepauza.mkrnrnСпоред ова истражување, личностите кои полесно одат во кревет со други луѓе, изневерувајќи ги своите партнери, сакаат слични мириси. Жените се посклони кон сензуални моќни мириси, додека машките ги преферираат свежите цитрусни ноти.rnrnНе значи дека доколку вашиот партнер или партнерка обожава некој од овие парфеми, автоматски и ве изневерува. Сепак, доколку себеси се пронајдете во соодветната листа, можеби ќе откриете нешто за себе, што не сте биле свесни дека го имате.rn

    Топ 10 женски парфеми

    rn

      rn011

    1. Guerlain, Shalimar
    2. rn011

    3. Chanel, Coco Mademoiselle
    4. rn011

    5. Guerlain, La petite robe noire
    6. rn011

    7. Dior, Hypnotic Poison
    8. rn011

    9. Givenchy, Very Irresistable
    10. rn011

    11. Lancôme, La Vie Est Belle
    12. rn011

    13. Giorgio Armani , Si
    14. rn011

    15. Yves Saint-Laurent, Parisienne
    16. rn011

    17. Lancôme, Trésor
    18. rn011

    19. Nina Ricci, L’air du temps
    20. rn

    rn2-top-10-mashki-i-zhenski-shvalerski-parfemi-kafepauza.mkrn

    Топ 10 машки парфеми

    rn

      rn011

    1. Yves Saint Laurent, L’Homme
    2. rn011

    3. Paco Rabanne, One Million
    4. rn011

    5. Chanel, Bleu
    6. rn011

    7. Dior, Dior Homme
    8. rn011

    9. Paco Rabanne, Invictus
    10. rn011

    11. Lancôme, Hypnose Homme
    12. rn011

    13. Yves Saint-Laurent, La Nuit de L’Homme
    14. rn011

    15. Jean Paul Gaultier, Le Mâle
    16. rn011

    17. Giorgio Armani, Acqua Di Gio
    18. rn011

    19. Dior, Eau Sauvage
    20. rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да го одберете вистинскиот парфем без болки во главата?

    Како да го одберете вистинскиот парфем без болки во главата?

    Одбирањето на вистинскиот парфем може да биде исцрпувачко искуство. Спојот на различните мириси во парфимериите ве зашеметува дури пред да се втурнете во самата потрага. И доколку сѐ уште го немате одбрано вашиот препознатлив парфем, време е за промена на стратегијата! Еве што ни препорачува Алберто Мориљас, врвниот дизајнер на парфеми, кој меѓу другото го има создадено и неповторливиот „Versace Bright Crystal“.rnrnkako-da-go-odberete-vistinskiot-parfem-bez-bolki-vo-glavata-kafepauza.mkrn

    Одберете го вистинското време

    rnОдберете го вистинското време за одење во парфимерија. „Раното попладне е моментот кога сетилните клетки за мирис се најчувствителни“, вели Мориљас. Исто така, пред да излезете од дома не ставајте никаков парфем бидејќи нема вистински да ги почувствувате мирисите кои потоа ќе ги нанесувате на кожата.rn

    Потрудете се да го ограничите изборот

    rnПред да купите парфем, истражувајте повеќе за мирисите кои ви се допаѓаат. Дали тоа се свежи, цветни или овошни парфеми? Ваквата категоризација ќе ви помогне да го ограничите изборот од самиот старт, а со тоа и ќе ви го олесни купувањето.rn

    Користете зрна кафе

    rnЗрната кафе може и да имаат и друга примена. „Сетилото за мирис може да се презасити од многуте различни дразби, а со тоа и повеќе да не биде способно да ги разликува мирисите“, вели Мориљас. Затоа, пред нанесување на наредниот парфем, најпрвин помирисајте ги зрната кафе, што пак ќе придонесе за прочистување на сензорите за мирис.rn

    Нанесете ги само најомилените парфеми

    rnВо ред е да помирисате неколку парфеми преку тестер-хартивчињата, но доколку некој навистина ви се допаѓа, најдобро е да го напрскате на самата кожа. Ограничете го бројот на два до три парфеми со кои ќе го направите тоа. Инаку, ќе дојде до поклопување на различни мириси и само дополнително ќе се збуните.rn

    Нанесувајте правилно

    rnПарфемот нанесете го на рачниот зглоб. Топлината во оваа точка на телото помага вистински да го доживеете конкретниот мирис. Но, не брзајте со одлуката. На парфемот му се потребни барем 30-на минути за да се откријат трите групи на ноти – горните, средните и основните, кои го даваат целосното доживување на мирисот.rn

    Земете тестери

    rnСè уште не се одлучивте? Земете со себе тестери од двата омилени парфеми бидејќи секој број над тоа, само ќе ви создаде поголеми конфузии. Дадете си неколку дена за конечна одлука и едноставно купете го она што сметате дека е најдобро за вас!

  • Кога и како да заштедите при купување козметички производи?

    Кога и како да заштедите при купување козметички производи?

    Скапата козметика е често поквалитетна од евтината, но не секогаш е така. Она што треба да го имаме на ум е дека често повеќе плаќаме за името на козметиката отколку за нејзиниот квалитет. Може да бидете убави и негувани без да потрошите многу на козметички производи. За одредени производи ќе мора да потрошите повеќе, но за други навистина нема потреба да фрлате многу пари. Еве како паметно да купувате козметика.rnrnКога и како да заштедите во купување на козметички производи?rn

    Лакови за нокти vs. серум за лице

    rnСлободно заштедете купувајќи лакови за нокти бидејќи секако не останувате долго со една нијанса. Плус, доколку имате навика често да правите домашен маникир со разни форми и бои, одбирањето евтини лакови е паметна опција.rnrnОд друга страна, задолжително потрошете повеќе на серум за лице кој продира длабоко во кожата и клучно е да биде направен од квалитетни состојки погодни за вашиот тип на кожа. Доколку имате проблеми со кожата или осетлива кожа, задолжително консултирајте се со дерматолог пред да купите серум за лице. Серумот, пак, може да го комбинирате со поевтин крем за лице и пак да имате прекрасни резултати и убава кожа.rn

    Заштитен спреј за сончање vs. парфем

    rnСекако дека многу е важен спрејот за сончање но многу лесно ќе најдете квалитетни креми и спрејови за сончање по пониски цени кои ќе ве заштитат исто колку скапите увезени производи со звучно име. Така што, заштедете на заштитата од сонце, но од друга страна потрошете на парфем. Евтините парфеми брзо испаруваат и воопшто не мирисаат ни приближно добро колку поскапите. Секако, тоа не значи дека мора да дадете над 5.000 денари за парфем, но потрошете малку повеќе купувајќи квалитетен парфем кој трае подолго и има фини и препознатливи ноти.rn

    Гел за миење лице vs. крем за околу очи

    rnГелот за миење лице се задржува најкратко на кожата и лесно се наоѓаат квалитетни производи по пристапни цени. Но, затоа потрошете повеќе на крем за околу очи бидејќи кожата на тоа место е најтенка и најосетлива, а благодарноста за грижата ќе ја добиете подоцна во животот со помалку брчки околу очите.rnrnКога и како да заштедите во купување на козметички производи?rn

    Гел за туширање vs. виткач за трепки

    rnНема некоја голема разлика меѓу евтините и скапите гелови за туширање па заштедете на овој производ. Потрошете на виткач за трепки бидејќи доколку одберете евтин виткач со лош квалитет може да имате последици како кубење на трепките и лоши резултати по неговата употреба. Добриот виткач за трепки, од друга страна, ќе направи чуда од вашите трепки, така што слободно може да користите поевтина маскара.rn

    Маскара vs. пудра за лице

    rnЗаштедете на маскара. Многу е поважна четкичката на маскарата отколку нејзината цена. Скапите маскари ви ветуваат чуда, но не мора да значи дека ќе добиете фантастични резултати. Во комбинација со добар виткач за трепки, како што кажавме погоре, и поевтина маскара ќе ви заврши работа.rnrnКога и како да заштедите во купување на козметички производи?rnrnСекако, нема сомнеж дека треба да потрошите повеќе на пудрата за лице која веројатно ја употребувате доста често и се задржува речиси цел ден на вашето лице. Резултатите од користење евтина пудра за лице ќе ги добиете малку подоцна, но времето не се враќа назад. Одберете минерална пудра која носи многу благодети за вашата кожа и консултирајте се со дерматолог доколку имате проблематична кожа. Вашиот дерматолог може да ви препорача добра пудра која ќе му годи на вашето лице.rn

    Крем за лице vs. сенка за очи

    rnКако што е спомнато погоре, во комбинација со поскап серум за лице, кремот за лице не е пресудно да биде скап. Така што, слободно заштедете на крем за лице бидејќи звучните имиња можеби промовираат зачудувачки ефекти, но не е така. При одбирањето на крем за лице, особено кога сте помлади, клучно е да го одберете соодветно со типот на вашата кожа, другото навистина не е важно. Од друга страна може да потрошите малку повеќе на сенки за очи. Квалитетните сенки за очи имаат поинтензивна боја, полесно се нанесуваат и подолготрајни се, со што ќе одбегнете размачкување на боите и лош изглед.rn

    Пилинг vs. заштитна крема за лице

    rnИма многу добри евтини пилинзи и многу начини да ги направите и со домашни состојки. Затоа заштедете на пилинг, кој секако се користи ретко, и задолжително потрошете на квалитетна крема со заштитен фактор за вашето лице. Лицето е осетливо при изложување на сонце, а сонцето ја старее кожата. Изборете се со предвремената појава на брчки со користење на квалитетен крем со заштита од штетните УВ зраци.rn

    Лосион за тело vs. четка за нанесување шминка

    rnИ за двете работи не мора да потрошите цело богатство, но девојките неретко се одлучуваат за поевтин лосион за тело бидејќи и оние со пониски цени може да имаат фантастични резултати. Од друга страна, со меките и квалитетни четки за нанесување шминка, не само што полесно и подобро ќе ја нанесете шминката која и подолго ќе трае, туку ќе одбегнете и алергиски реакции и иритации, особено кога станува збор за големата четка за нанесување руменило.rn

    Балсам за усни vs. четка за коса

    rnСигурно макар еднаш во животот ви се случило да дадете повеќе пари на балсам за усни а да не добиете подобри ефекти. Поевтините балсами, парадоксално, може да ви ги заштитат усните подобро од поскапите балсами со познати имиња и мириси на разни овошја, што впрочем се единствените предности. Но, кога станува збор за четка за коса одберете ја внимателно и не ја потценувајте нејзината важност. Добрата четка за коса ќе го намали електрицитетот на косата како и губењето влакна.

  • Домашен парфем со кој ќе го возбудите секој маж

    Домашен парфем со кој ќе го возбудите секој маж

    Драги дами, доколку барате нов начин да го заведете вашиот партнер, пробајте го овој мирис, кој не доаѓа во стаклено шишенце. Се работи за парфем кој можете да го произведете во вашиот дом.rnrndomashen-parfem-so-koj-kje-go-vozbudite-sekoj-mazh-kafepauza.mkrnrnИспитувајќи ги женските мириси кои се најпривлечни за мажите, научниците од Центарот за истражување на мириси и вкусови во Вест Палм Бич дошле до многу интересни резултати. Заклучокот е дека најпривлечен е мирисот на пита од тиква.rnrnТој е поделотворен од кои било други вештачки мирисни ноти.rnrnИмено, на припадниците на посилниот пол, слаткиот, зачинет и интензивен мирис им делува како најголем афродизијак и им го подигнува нивото на тестостерон до небо.rn
    rn

    „Заборавете на сите парфеми и подгответе му пита од тиква“ – препорачуваат истражувачите.

    rnАко сакате тотално да го излудите, покрај тоа што ќе го пречекате со пита од тиква во рерната, задолжително низ дома распоредете ќесички со лаванда. Докажано е дека момците тотално губат контрола на оваа миризба.rnrnОваа комбинација од мириси ќе им го забрза протокот на крв за дури 40%. Слично дејство имаат и аромите на ванила и јагода.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 интересни факти за парфемите

    5 интересни факти за парфемите

    Автор: Софија СионоваrnrnПарфемот, поточно е мешавина од разни мирисни ноти како резултат на што се добива еден карактеристичен мирис. Првиот парфем датира од древниот Египет, а потоа го преземаат римјаните и арапите. Денес, парфемот претставува личен украс и задолжителен додаток во сечија женска чанта.rnrn5-interesni-fakti-za-parfemite-kafepauza.mkrn

    1. Технологијата може одново да го создаде мирисот на скоро сѐ

    rnВо 80-тите, научниците развија технологија позната како headspace, техника која користи сензор за да открие, анализира и повторно да го создаде мирисот на скоро секој предмет (секако, парфемите најчесто се од растенија или цвеќиња). Накратко, сензорот се става на предметот и го впива мирисот кој потоа се анализира. Собраните информации претставуваат листа на состојки кои испариле од предметот, како и нивниот меѓусебен сооднос, што им овозможува на парфимеристите да го создадат тој идентичен мирис.rn

    2. Нормално е да се изгуби способноста за препознавање на својот парфем

    rnСите се навикнуваме на омилениот мирис на истиот начин како што се навикнуваме на другите елементи од нашата околина (на пример кога ќе влезете во соба со лоша миризба и останете подолго, вашиот нос се навикнува и не му смета повеќе). Откако ќе се навикнете на вашиот омилен парфем вие можете да го почувствувате само кога се прскате со него или кога свесно ќе се потрудите да го препознаете. Но тоа не значи дека другите не го чувствуваат, ниту дека треба да нанесувате повеќе за да го почувствувате.rn

    3. Луѓето со чувствителна кожа можат да ја парфимираат облеката

    rnАко имате чувствителна кожа тогаш немате многу можности околу парфемите, но тоа не значи дека не можете да ја испрскате вашата облека. Тестирајте прво на тешко забележливите делови од облеката, а ако носите некој нежен или скап материјал не ризикувајте и прескокнете го парфимирањето.rn

    4. Пулсните точки не се секогаш најдоброто место за нанесување парфем

    rnАко сакате да оставите добар впечаток, тогаш парфемот нанесете го на вашата коса. Поради минималната масленост што ја содржи, таа го задржува мирисот подолго отколку кожата. Исто така, косата често се загрева од самата глава и прамените постојано се движат, па на тој начин мирисите уште повеќе се распространуваат. Кога нанесувате мирис на вашата коса морате да бидете внимателни: ако го правите тоа пречесто таа може да стане сува.rn

    5. Поскапото не значи подобро

    rnЦената на парфемите е често маркетиншки трик за привлекување повеќе купувачи. Парфемите се како храната: можат да бидат убави, но и евтини. Иако најчесто брендовите ги продаваат по цена која ја креираат според самите состојки кои ги употребиле за изработката и нивната концентрација, поскапиот парфем не мора да биде и поубав. И за малку пари може да се пронајде прекрасен парфем. Исто така оние парфеми кои се базирани на синтетички материјали можат да бидат поскапи од природните, што пак е спротивно на цената споредбено со некои органски и природни линии за грижа на кожата, бидејќи ретките и високотехнолошки материјали се често поскапи отколку природните масла и есенциите.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како правилно да носите накит?

    Како правилно да носите накит?

    За накитот кој го носите да дојде до израз и да заблеска во полн сјај, треба да се придржувате до неколку едноставни стилистички правила. Ние ви ги откриваме трите најважни.rnrnКако правилно да носите накит?rn

    Истакнете само едно парче накит

    rnДоколку парчињата накит кои сакате да ги носите стилски не си одговараат, се губи убавината и уникатноста на сите нив. Затоа секогаш носете само едно воочливо парче накит. Доколку сакате да носите повеќе парчиња од ист вид накит, тоа нека бидат прстени или алки, никако и едното и другото.rn

    Никогаш не го прскајте накитот со парфем

    rnОва не смеете да го правите, затоа што тоа влијае на заштитниот слој на одредени делови од накитот, најчесто на металните. Доколку сепак тоа ви се случи, измијте го накитот со топла вода и сапун, а потоа убаво исушете го и исполирајте го со еленска кожа.rn

    Темна облека и накит

    rnТемната облека одлично го истакнува накитот. Со црни или тегет блузи, кошули или фустани носете неколку брошови или ѓердан со изразен приврзок.rnrnКога станува збор за костум (сако со здолниште или панталони), тогаш накитот е неизоставен детаљ, кој многу ќе го освежи вашиот изглед.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како парфемот подолго да се задржи на вашата кожа?

    Како парфемот подолго да се задржи на вашата кожа?

    На секој од нас честопати му се случува да не мириса на парфем после само неколку часа од неговото нанесување, па дури и ако е купен од познат, скап бренд. Составот на парфемот, типот на вашата кожа, па дури и светлината на која го изложувате вашиот парфем, играат витална улога за тоа колку долго тој ќе мириса. Доколку забележите дека парфемот брзо испарува од вашата кожа, прочитајте ги следниве совети кои ќе ви помогнат да го одржите мирисот на нанесениот парфем на вашето тело, во текот на целиот ден.rnrnКако парфемот подолго да се задржи на вашата кожа? rn

    1. Користете млеко за тело

    rnИстражувањата покажале дека мирисот подолго се задржува на мрсна и влажна кожа, а побргу испарува кога се нанесува на сува кожа. Затоа, доколку сакате парфемот подолго да ви трае, после туширањето нанесете млеко за тело за да ѝ ја дадете потребната влажност на кожата. Уште подобро е ако имате гел, млеко и парфем од иста колекција, за мирисот на вашата кожа да биде уште поинтензивен и подолготраен.rn

    2. Нанесете го на вистинските точки

    rnМирисот многу подолго трае доколку го прснете на т.н. пулсирачки точки како што се рачните зглобови, зад ушите, кај крајниците, на слепоочниците, на внатрешната страна од лактите, помеѓу градите или на задната страна од колената. На овие точки од телото кожата е потенка и крвните садови се поблиску до неа. Поради тоа, кожата може да произведе повеќе топлина, која го зголемува интензитетот на вашиот парфем. Исто така, погрешно е да се трие парфемот помеѓу рачните зглобови, бидејќи со тоа само го бришете парфемот. Напрскајте се со парфем пред да облечете облека, за да избегнете создавање дамки на неа. Добро е да прснете од парфемот во воздух на оддалеченост од 20 см и потоа да поминете низ него, за да се разнесе мирисот по целото ваше тело.rn

    3. Замастете ги пулсирачките точки

    rnОдлично решение за вашиот парфем подолго да трае, е да нанесете вазелин, путер за тело или маслиново масло на пулсирачките точки на кои планирате да прснете парфем. На овој начин, парфемот се задржува на кожата и подолго трае.rn

    4. Чувајте го во соодветни услови

    rnПравилното чување на шишенцето со парфем, е исто така многу важно за трајноста на неговиот мирис. Екстремното изложување на топлина и сончева светлина го уништува парфемот, бидејќи овие фактори прават промена во неговиот состав. Најдобриот начин да ги заштитите вашите парфеми е да ги чувате во нивните оригинални кутии, на масата за шминкање или во шкафче, на собна температура.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Парфем креиран од 1.400 други парфеми

    Парфем креиран од 1.400 други парфеми

    Создаден од холандското уметничко дуо Ленерт и Сандер, „Everything“ е уникатен парфем создаден од 1.400 примероци од сите нови парфеми кои беа пуштени во продажба во минатата, 2012 година. Можете ли да замислите како тој би можел да мириса?Парфем креиран од 1400 други парфемиБизнисот со парфеми се развива подобро од кога било и изгледа како секојпат кога ќе отвориме списание или ќе го вклучиме телевизорот, да има реклама за некој нов парфем. Постојат буквално илјадници нови мириси кои се лансираат секоја година и изгледа како на светот да не му е доста од купување нови парфеми. Инспирирани од просперитетниот пазар, холандските артисти Ленерт и Сандер потрошиле цела година колекционирајќи 1.400 примероци од сите парфеми кои излегле во продажба минатата година и ги помешале сите заедно, создавајќи туба од 1,5 литри, која содржи моќен мирис, со право наречен „Everything“ (Сѐ).rnrnДоколку некогаш сте се запрашале како би мирисале сите парфеми на светот, помешани во еден, овие момци ви го даваат одговорот.rnПарфем креиран од 1400 други парфемиrn
    rn

    „Ние мислиме дека Everything мириса како една вообичаена парфимерија, оној миризлив ѕид кој ве удира во моментот кога ќе влезете во продавницата. Еден наш пријател мисли дека мириса на Шанел #5. Ние не мислиме така, но ни се допаѓа идејата дека сите парфеми од 2012 измешани заедно, создаваат парфем кој потсетува на најлегендарниот парфем во светот“ – велат артистите.

    rnНо, само затоа што претставува мешавина од 1.400 различни парфеми, не значи дека на сите ќе им се допадне, забележал Ленерт. Кога Ленерт прснал од парфемот на себе во студиото и потоа се качил во трамвај, згодниот маж кој седел до него, инстантно станал и си нашол друго седиште, после помирисувањето на „Everything“. „Но, Everything не е за секого“ – заклучиле двајцата креатори.rn

    rnЛенерт и Сандер го презентирале нивното миризливо дело во периодот 1-9 март во Париз во продавницата „Colette“ и им понудиле на нивните клиенти да се охрабрат да го помирисаат откачениот микс.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Топ 15 женски парфеми за пролет/лето 2013

    Топ 15 женски парфеми за пролет/лето 2013

    На сите дами кои немаат свој омилен парфем, не сакаат да се ограничуваат или едноставно сакаат да експериментираат, одлично ќе им дојде оваа листа со 15 најпопуларни парфеми за сезоната пролет/лето 2013 година. Кој е вашиот омилен?rn
    rn

    Givenchy – Dahlia Noir L’Eau

    rnТоп 15 женски парфеми за пролет/лето 2013rn

    Marc Jacobs – Sunshine

    rnТоп 15 женски парфеми за пролет/лето 2013rn

    Heidi Klum – Surprise

    rnТоп 15 женски парфеми за пролет/лето 2013rn

    Escada – Cherry in the Air

    rnТоп 15 женски парфеми за пролет/лето 2013rn

    Just Cavalli for Her

    rnТоп 15 женски парфеми за пролет/лето 2013rn

    Clinique – Happy in Bloom (Limited Edition)

    rnТоп 15 женски парфеми за пролет/лето 2013rn

    Agent Provocateur – Pétale Noir

    rnТоп 15 женски парфеми за пролет/лето 2013rn

    Dolce & Gabbana – The One Desire

    rnТоп 15 женски парфеми за пролет/лето 2013rn

    See By Chloé

    rnТоп 15 женски парфеми за пролет/лето 2013rn

    Van Cleef & Arpels Feerie Spring Blossom

    rnТоп 15 женски парфеми за пролет/лето 2013rn

    Gucci – Guilty Black

    rnТоп 15 женски парфеми за пролет/лето 2013rn

    Juicy Couture Couture La La

    rnТоп 15 женски парфеми за пролет/лето 2013rn

    Prada – Candy L’Eau

    rnТоп 15 женски парфеми за пролет/лето 2013rn

    Burberry – Body Tender

    rnТоп 15 женски парфеми за пролет/лето 2013rn

    Kenzo – Amour My Love

    rnТоп 15 женски парфеми за пролет/лето 2013
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.