КАФЕ ПАУЗА

Tag: парфем

  • Интересни факти за Коко Шанел

    Интересни факти за Коко Шанел

    Кога ќе помислите на модна икона, со сигурност ќе ви текне на едно име – Коко Шанел. После речиси 100 години откако е креиран, нејзиниот парфем и денес е еден од најпопуларните. Иако многумина знаат многу за нејзиниот живот и патот до славата, еве неколку интересни факти поврзани со Коко Шанел кои можеби не сте ги знаеле.Интересни факти за Коко Шанелrn

    Нејзиното вистинско име е Габриел

    rnРодена е како Gabrielle Bonheur Chanel, но го добила прекарот Коко според една од нејзините песни. И покрај тоа што прекарот го добила додека се занимавала со музичка кариера, таа останува препознатлива по тој прекар и во текот на нејзината модна кариера.rnrn

    Таа направила исончаниот тен да биде популарен

    rnВо тоа време белиот тен се сметал за женствен и елегантен, секако, тоа го променила токму Коко. Таа била доста популарна во Париз, па по враќањето од едно нејзино патување во Кан, жените посакале да го имаат нејзиниот исончан тен. Така тенот станал популарен.rnrn

    Нејзиниот дом секогаш мирисал на Шанел 5

    rnСтанува збор за еден од најпопуларните парфеми на сите времиња, а очигледно уште тогаш Коко била многу горда на својот успех. Таа уживала да го прска нејзиниот дом со Шанел 5, што само докажува колку сакала да биде опкружена со елеганција и префинетост.Интересни факти за Коко Шанелrn

    Ја започнала својата кариера како дизајнер на шапки

    rnЗапочнала со мало производство, продавајќи им шапки на пријателите. Но, нејзиниот бизнис за брзо се проширил, вклучувајќи линија со облека. Оној кој најмногу ја поддржал во отворањето на првиот бутик за шапки, бил нејзиниот љубовник Артур Капел. Па од негде мора да се започне, нели?rnrn

    Нејзиниот омилен број бил 5

    rnОчекувано, зарем не? Не само што го крстила парфемот Шанел број 5, туку истиот за првпат бил пуштен во продажба на 05.05.1922 година. Друг интересен факт поврзан со парфемот е дизајнот на шишето. Таа се противела на гломазните и екстравагантни опаковки на парфеми, па се одлучила за едноставно шише, тврдејќи дека луѓето треба да се сконцентрираат на она што е во шишенцето. Мислам дека сите со сигурност би можеле да кажеме дека воопшто не погрешила.rn
    rn

    Таа направила вистинска револуција во женската мода

    rnЖените во тоа време носеле многу неудобна облека, како што биле корсетите, а како аксесоари носеле нападен накит. Коко го променила тоа креирајќи поудобна и функционална облека. Го креирала познатиот женски костим кој бил едноставен и лесно ги изразувал позитивните страни на женската фигура, без да ги приморува жените да носат неудобни корсети за да го сокријат стомакот. Исто така, таа му донела слава на обичниот и едноставен накит, а да не заборавиме дека токму нејзина е заслугата за славата на малиот црн фустан. Кога зборуваме за модна револуција и уникатни идеи за пресврт во модата, мислиме на Коко Шанел!Интересни факти за Коко Шанел
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • 5 брзи и лесни начини за драстична промена на вашиот изглед

    5 брзи и лесни начини за драстична промена на вашиот изглед

    Дали некогаш сте почувствувале дека ви е потребна промена во животот? Сте помислиле ли дека можеби би требало да се откажете од студиите, да дадете отказ од работата или пак да ја прекинете долгогодишната врска и да тргнете на пат околу светот? Пред да се решите на каков било огромен чекор од овој вид, прво размислете дали одредена промена на вашиот изглед би можела позитивно да ви влијае во ваква ситуација…rnrnЕве неколку предлози со кои брзо и лесно целосно ќе го промените вашиот изглед, но истовремено и одлично ќе се чувствувате:rnrnШишки – можеби изгледаат како мал додаток на вашата фризура, но нивниот ефект е многу поголем. Тие целосно ќе го променат начинот на кој изгледате. Похрабрите девојки можат да пробаат рамни и долги шишки (кои бараат малку повеќе време за одржување), а за останатите шишките на страна се одлична идеја.rnrn5 брзи и лесни начини за драстична промена на вашиот изгледrnrnЦрвена боја на коса – Оваа промена дефинитивно нема да остане незабележана, а и вие ќе се чувствувате како сосема нова личност. Похрабрите девојки можат слободно да пробаат силна црвена боја која постојано ќе примамува нови погледи без разлика на местото каде што се наоѓаат…5 брзи и лесни начини за драстична промена на вашиот изгледrnrnВиолетово моливче за очи – Можеби не ви звучи како многу драстична промена, но сепак целта е да промените нешто секојдневно. Доколку ви изгледа малку чудно, на почетокот комбинирајте го со црно моливче и виолетова сенка. Многу брзо ќе се навикнете на оваа промена и ќе можете целосно да го замените стандардното црно моливче…rnrn5 брзи и лесни начини за драстична промена на вашиот изгледrnrnНов парфем – промената на начинот на кој мирисате, ќе предизвика промена и во начинот на кој се чувствувате. Одберете нешто сосема различно, нешто што досега никогаш не сте го употребувале. Или купете го повторно вашиот омилен парфем од детството кој со сигурност ќе ви врати  интересни спомени…rnrn5 брзи и лесни начини за драстична промена на вашиот изгледrnrnЦрвен кармин – со оваа едноставна, но ефективна промена никако не можете да згрешите. Црвениот кармин е совршен за сите настани и ситуации, секако во различни нијанси. За на факултет/работа одберете нешто малку понеутрално, но за прошетки и излегувања слободно употребете силна црвена боја.rnrn5 брзи и лесни начини за драстична промена на вашиот изглед

  • Мирисот на моќта

    Мирисот на моќта

    Автор: Димитар ГошевскиrnrnПред неколку дена на Јутјуб излегоа најновите реклами за машките козметички производи „Old Spice“, а за нивната изработка од компанијата го најмија американскиот актер Тери Круз. Иако рекламите почнуваат да се прикажуваат на ТВ денес, компанијата ги пушти на „пробно гледање“ на Јутјуб на 1 февруари. Режисери на рекламите се Тим Хајдекер и Ерик Ворхајм, кои се ангажирани да ги снимат сите филмчиња за новата кампања на „Old Spice наречена „Smell is Power“. Да не должиме многу, погледнете ги овие кратки комични реклами кои ќе ве извадат од памет. 🙂Мирисот на моќтаIt’s so powerful, it sells itself in other people’s commercials!rn„Толку е моќен што се промовира во рекламите за производите на други луѓе.“rn

    rnOld Spice Body Spray is too powerful to stay in its own commercial!rn „Олд Спајс е премногу моќен за да остане во својата реклама.“rn

    rnOld Spice will make you feel so powerful that will blow your mind in front of your face.rn „Олд Спајс ќе направи да се чувствувате толку моќнo, од што мозокот ќе ви експлодира пред лице.“rn

    rnИ на крај погледнете и компилација од рекламите со Тери Круз:rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #51

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #51

    „Мислам дека да бев жена, ќе го користев кафето како парфем.“ – Џон Ван Друтен

    rn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #51
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1600×1200) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.
    rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 модни совети од Коко Шанел

    10 модни совети од Коко Шанел

    „Модата избледува, само стилот останува ист.“

    rnОва се зборови на легендарната дизајнерка Коко Шанел. Таа почина во 1971, но правилата кои ги воведе во модата и во животот воопшто, се безвремени. Таа веруваше дека убавината е во едноставноста. Тоа значи дека маиците, фармерките и хеланките кои обожаваме да ги носиме денес не може да се споредуваат со беспрекорната елеганција на стилот на Шанел кој никогаш нема да избледи.rnrn10 модни совети од Коко ШанелrnrnЕве 10 модни совети кои Коко Шанел им ги даваше на жените во текот на својот живот:rn
    rn

    „Луксузното мора да е удобно, инаку не е луксузно.“

    rnИ дневната и вечерната облека од Шанел беше направена да биде удобна за да не ги попречува движењата. Ниски потпетици, блузи без ракави под јакните, чанти со долги рачки – сите овие беа создадени за да им овозможат на жените комфор во својата облека. Комфорот на нејзините клиентки и бил најважен.rn
    rn

    „Пантолоните ги ослободуваат жените.“

    rnКоко Шанел беше првата која дизајнираше и носеше панталони во време кога жените преферираа да се мачат во корсети и долги здолништа. Нејзината храброст во прво време беше критикувана, но за кратко, една по една, жените почнаа да облекуваат пантолони на себе. Иако од денешна перспектива изгледа чудно, но Коко Шанел е онаа на која и ја должиме комоцијата при седењето и лесното движење.rnrn10 модни совети од Коко Шанел
    rn

    „Совршеното здолниште треба да ги покрива колената.“

    rnКоко Шанел ги сметаше колената на жените за грди, па затоа и одлучи да ги сокрива со облеката што ја дизајнираше. Таа направи неколку основни модели на здолништа за деловните жени кои претежно беа прави, тесни и многу елегантни.rn
    rn

    „Обожавајте ги кратките црни фустани.“

    rnТаа ги претстави кратките црни фустани во 1926. Сакаше да креира фустан кој ќе биде идеален и за преку ден и за навечер, ќе биде секси и прилагодлив и ќе изгледа различно со разни додатоци. Ако пред Шанел, црната беше бојата на тагувањето, по неа стана боја на класичното и стилското. Таа им понуди на дамите модел на елеганција кој тие со благодарност го прифатија.rn
    rn

    „Совршениот костим треба да биде комбинација од женствени и мажествени елементи.“

    rnВо раните ’20, многу популарен стана изгледот на машкуданка со кратка фризура, машка силуета и сјај во очите. Коко Шанел ја земаше облеката од нејзините момчиња и лесно ја адаптираше на нејзината фигура. Таа експериментираше со сè, од џемпери до волнени капути. Таа исто така имаше слабост на пругасти елечиња во морнарски стил кои ги комбинираше со многу бисери.rnrn10 модни совети од Коко Шанел
    rn

    „Јакните треба да се меки.“

    rnВо 1925 Коко ја дизајнираше првата мека јакна која целосно се припиваше на фигурата на жената, додека истовремено не ги попречуваше движењата. Ова беше сосема нов пристап во правењето јакни бидејќи дотогаш тие беа крути и неудобни. Коко им ја понуди на жените деликатна свила, високо поставените отвори за рацете и тесните ракави. Ова ја правеше фигурата извонредна.rn
    rn

    „Колку повеќе додатоци, толку подобро.“

    rnКоко Шанел обожаваше додатоци. И носеше многу. Таа можеше да искомбинира бижутерија со скап накит. Никој не можеше да ја види Коко без низа бисери, рубини или смарагди и полускапоцени камења  и брошови, беретки или капи кои сакаше да ги носи многу блиску до нејзините веѓи.rn
    rn

    „Стилските чевли може да се во две бои.“

    rnШанел ја обожаваше црно-белата комбинација, па нејзините познати црно-бели сандали не беа изненадување. Таа веруваше дека ваквите чевли ги прават жените посекси, а нивните стапала помали.rn
    rn

    „Чантата со рачка која се префрла преку рамото е најдобра бидејќи ги остава рацете слободни.“

    rnЦрното полно чантиче со рачка од синџирче кое беше креирано од Шанел за да го надополни нејзиниот изглед на деловна жена, сега се смета за едно од најкласичните и најмодерни модели на чанти.rnrn10 модни совети од Коко Шанел
    rn

    „Парфемот е исто толку важен колку и облеката.“

    rnЖена која не носи парфем нема иднина, вели Шанел. Исто така, според неа, жената мора да носи парфем секогаш кога сака да биде бакната. Во 1922 Шанел извади парфем кој полуди милиони мажи и жени. Коко остана верна на своите принципи и за мирисот употреби квадратно „машко“ шишенце.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Нови женски парфеми за оваа сезона

    Нови женски парфеми за оваа сезона

    Погледнете кои примамливи мириси ја обележуваат оваа сезона есен/зима:rn.rn

    Love, Chloé

    rnНови парфеми кои ќе ја означат сезоната есен/зимаОвој прашкаст и цветен парфем е како портокалов букет од ирис, јоргован, зумбул и вистерија, во кој се насетуваат земјени ноти на бадем и ванила, како и ноти на мускета и оризов прашок. Овој парфем може да се купи на Saks Fifth Avenue, а во февруари 2011 година ќе биде достапен во големопродажба.rn.rn

    Byredo Accord Oud

    rnНови парфеми кои ќе ја означат сезоната есен/зимаГлавната нота која доминира во овој парфем е oud – древно дрво од Индија. Во парфемот се чувствуваат мириси на боровинка, шафран и рум, топли мириси на кожа, пачули и правлив муск.rn.rn

    Christina Aguilera и Christina Aguilera By Night

    rn

    Нови парфеми кои ќе ја означат сезоната есен/зимаПејачката Кристина Агилера претставува два нови мириси и тие мирисаат навистина жешко. Првиот, By day, нуди полни мириси на егзотично овошје, шербет, мандарина, црна рибизла, божур, јасмин, слива, килибар, крем од ванила и мошус. Вториот, By night, изобилува со опојна ванила, килибар, праска и мајски цвет. Овој парфем е веќе во продажба во продавниците Kohl’s.rn.

    rnrn

    Acqua di Parma Magnolia Nobile (лимитирана едиција)

    rn

    Нови парфеми кои ќе ја означат сезоната есен/зимаОдбележувајќи ја првата годишнина на Magnolia Nobile, Acqua di Parma го издаде своето лимитирано издание на шишенце парфем, инспирирано од Арт Деко-ерата. Парфемот го красат чисти мириси на магнолија. Може да се најде во продавниците: Barneys New York, Saks Fifth Avenue, Neiman Marcus и Holt Renfrew.rn.

    rnrn

    Kilian Love & Tears, Surrender

    rnНови парфеми кои ќе ја означат сезоната есен/зимаОва е последниот парфем од колекцијата парфеми Kilian Hennessy’s Love кој не смее да се пропушти. Парфемот е пуштен во продажба од септември. Изобилува со мириси на јасмин, бергамот, портокалови цветови и иланг-иланг. Hennessy, креаторот на овој парфем истиот го опишува како квартетен комплекс бидејќи ја означува комплексноста на емоциите кои се чувствуваат во една љубовна врска. Тој за парфемот вели дека е шишенце полно со солзи и смеа.rn.rn

    Bond No. 9 Washington Square

    rnНови парфеми кои ќе ја означат сезоната есен/зимаОвој парфем, именуван по паркот во Њујорк, може да се најде во продавниците од ноември, оваа година. Изгледот на шишенцето е инспириран од Триумфалната капија, а во него се наоѓаат мириси на париска пурпурна роза и тарагон.rn.rn

    Space NK Laughter Nuit

    rn

    Нови парфеми кои ќе ја означат сезоната есен/зимаВо овој парфем ќе почувствувате слоеви од грејпфрут, бергамот, шафран и цимет. Кога ќе се шприцнете еднаш од овој парфем, тој за миг ќе ве однесе на романтична вечера во Мароко.rn.

    rnrn

    Ineke Gilded Lily

    rnНови парфеми кои ќе ја означат сезоната есен/зимаОвој парфем е создаден од Ineke Rühland. Парфемот опива со мирисите на јапонски крин, пачули, даб и килибар. Инспирација на Ineke за овој парфем дошла веднаш откако посадила азиски цвеќиња во нејзината градина.rn.rn

    Dior J’Adore L’Or

    rnНови парфеми кои ќе ја означат сезоната есен/зимаОвој парфем е ориентална интерпртација на класичниот J’Adore. Неповторливиот спој на ванила и мајска роза е вистински пресврт на верниот оригинал на Диор.rn.rn

    Vera Wang Anniversary

    rnНови парфеми кои ќе ја означат сезоната есен/зимаВера Ванг го создаде овој парфем со цел да ја одбележи дваесет-годишната работа во модната индустрија. Во овој парфем совршено се извртуваат љубовта и среќата, со меки ноти на роза, гарденија и портокалови цвеќиња, и основни елементи на мускот,  перунинката и кедровото дрво.

  • Факти за кафето кои можете да ги примените во секојдневниот живот

    Факти за кафето кои можете да ги примените во секојдневниот живот

    Купувањето парфем е тешка работа. Треба да помирисате барем 3-4 додека го изберете вистинскиот, но после вториот, веќе не можете да направите разлика. Кога ќе излезете со намера да си купите нов парфем, понесете си малку кафе во вашата чанта и добро вдишувајте од него помеѓу секој парфем што ќе ви го понудат.Факти за кафето кои можете да ги примените во секојдневниот животСакате да ја дознаете тајната на вашата сосетка која има прекрасни цвеќиња во својот двор, но секогаш кога ќе ја прашате во што се состои нејзиниот успех, таа само учтиво ви се насмевнува. Утре, насмевнете и се и вие неа.Факти за кафето кои можете да ги примените во секојдневниот животЗемете го талогот од вашето утринско кафе и пропрскајте го земјиштето во коренот на вашите растенија. Ова ќе ги оттргне полжавите од џвакање на вашата градина.Факти за кафето кои можете да ги примените во секојдневниот животКако надоврзување на претходното, комбинацијата од кафе и шеќер може да им помогне и на растенијата кои се чуваат во саксија, во домашни услови.Факти за кафето кои можете да ги примените во секојдневниот животДоколку ги нахраните вашите цвеќиња со оваа смеса и секако, доколку редовно ги наводнувате, можете да им ја вратите живоста и бојата, откако свенале и пожолтеле за време на зимата.Факти за кафето кои можете да ги примените во секојдневниот животМожеби уживате да бидете заглавени во кујната и да подготвувате интересни јадења за домашните и за вашите пријатели. Доколку тие немаат ништо против, не избегнувајте ги кромидот и лукот само заради тоа што подоцна ќе мирисате на нив.rnrnПосле готвењето постапете вака: најпрво потопете ги рацете во топла вода. Потоа, ставете течен сапун на едната рака и врз него ставете сол или подобро, талог од кафе. Тријте ги рацете една од друга една минута, а потоа плакнете ги врз мијалникот од не`рѓосувачки челик. Ако миризбата е сè уште тука, можеби ќе треба да се обидете уште еднаш.rnrnНе мора цел ден да ја носите кујната со вас, ослободете се од неа веднаш по готвењето. Ако го употребите овој трик, ќе забележите дека рацете ќе ви омекнат како кадифе.Факти за кафето кои можете да ги примените во секојдневниот животАко пак практикувате да јадете некој од овие зеленчуци, добро размислете како ќе постапите пред да излезете на кафе со пријателите или колегите. Најдобро е да не јадете кромид или лук пред излегување, но ублажување на лошата миризба ќе направите со шолја кафе. Доколку не ви е грозно, земете една лажичка неприготвено кафе и џвакајте го некое време во устата. Други природни отстранувачи на лошата миризба од кромид и лук се магдоносот и лимонот.rnrnСо оглед на шансите, подобро е да не успеете да ги избркате вампирите отколку да ги избркате пријателите :).rnrn

  • Како да си направите сопствен парфем?

    Како да си направите сопствен парфем?

    Почитуваните дизајнери креираат парфеми со миризливи ароми, својствени за нив. Секако, цената на овие парфеми секогаш е многу висока. Па, зошто да не креирате  парфем и вие самите, кој ќе биде карактеристичен за вас, а притоа нема да трошите неколку илјади денари за едно шишенце?rnrnКако да си направите сопствен парфем?rnrnКога правите ваш сопствен парфем, треба да имате на ум една важна работа, а тоа е: која арома се согласува со вашата телесна миризба. Луѓето кои се потат многу, треба да користат производ со суптилна миризливост, бидејќи комбинацијата од парфем и пот ќе направи човекот да мириза зајадливо. Од друга страна, оние кои не се потат многу, можат да користат силни парфеми, бидејќи нема потреба да се грижат за хемиската реакција од парфемот и секрецијата на телото.rnrnКако да си направите сопствен парфем?rn

    Еве што сѐ ви е потребно за да направите сопствен парфем:

    rn

      rn011

    • алкохол, одберете високо квалитетна вотка
    • rn011

    • масло од лаванда
    • rn011

    • масло од бергамот (цитрусно овошје)
    • rn011

    • шишенце за парфем
    • rn011

    • мала тегличка
    • rn

    rnМаслата може да се купат во продавници за козметика, добро снабдени продавнички и во билни аптеки. Никогаш не ги купувајте поевтините, бидејќи тие ја немаат истата есенција како оние на кои цената им е повисока, па така вашиот парфем нема да трае долго.rnrnКако да си направите сопствен парфем?rnrnТегличката наполнете ја со вотка и во неа ставете по десет капки од двете масла. Потоа затворете ја со капак и протресете ја дваесет пати, сѐ додека вотката и маслото не се соединат. Отворете ја тегличката и помирисајте. Ако мислите дека аромата не е доволно силна, ставете уште неколку капки од маслата, од двете масла исто капки, и така, сѐ додека не добиете мирис кој вам ќе ви се допадне. Така подготвена и затворена, ставете ја тегличката на темно и ладно место, на пример во шпајз, и оставете ја таму два дена. По два дена, земете ја тегличката и претурете од парфемот во соодветно шишенце избрано за таа намена.rnrnКако да си направите сопствен парфем?rnrnПри подготовката на вашиот парфем, вие може да си избирате есенции од масла кои вам ви се допаѓаат и да ги комбинирате.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.