КАФЕ ПАУЗА

Tag: откритија

  • 16 луѓе што откриле нешто убаво и одлучиле да го споделат со светот

    16 луѓе што откриле нешто убаво и одлучиле да го споделат со светот

    Секој ден, луѓето поминуваат повеќе од 3 часа на својот телефон додека може да прават нешто поинтересно во реалниот живот. Замислете колку интересни работи пропуштате кога не гледате наоколу и го поминувате целото слободно време на социјалните мрежи. Овие фотографии се направени од луѓе што откриле нешто интересно и тие се доволен доказ дека животот е полн со пријатни изненадувања, само треба да научите да ги забележувате.rn

    1. Ножици во облик на птица

    rn16 луѓе што откриле нешто убаво и одлучиле да го споделат со светотrn

    2. Овие верверички го користат прозорецот како дел од своето гнездо

    rn16 луѓе што откриле нешто убаво и одлучиле да го споделат со светотrn

    3. Оваа птица сè уште има половина од своите бебешки пердуви

    rn16 луѓе што откриле нешто убаво и одлучиле да го споделат со светотrn

    4. „Открив дека мојата мачка го гледа изгрејсонцето секое утро.“

    rn16 луѓе што откриле нешто убаво и одлучиле да го споделат со светотrn

    5. „Мојата кожа пред, за време и по инфузијата со железо (6 часа помеѓу првата и последната фотографија).“

    rn16 луѓе што откриле нешто убаво и одлучиле да го споделат со светотrn

    6. „Изгледот на хартиената крпа откако го избришав ТВ-екранот од стан во кој се пушат цигари.“

    rn16 луѓе што откриле нешто убаво и одлучиле да го споделат со светотrn

    7. Дури и дрвјата имаат уши. Оваа печурка се нарекува Auricularia auricula и може да се јаде

    rn16 луѓе што откриле нешто убаво и одлучиле да го споделат со светотrn

    8. „Шеќерен кристал формиран на дното на мојот јаворов сируп.“

    rn16 луѓе што откриле нешто убаво и одлучиле да го споделат со светотrnrnЗа повеќе фотографии продолжете на следната страница…rnrn

  • 5 археолошки откритија што би требало да ги очекуваме во 2019-та година

    5 археолошки откритија што би требало да ги очекуваме во 2019-та година

    Нови 1.400 плочи од изгубен град во Ирак. Нови докази за огромната празнина во Големата пирамида. Откритието на ориентално декорираното јајце што му припаѓало на руското кралско семејство. Ова се само некои од неверојатните археолошки откритија што можеби ќе имаме среќа да ги видиме оваа година.rn

    1. Празнина во Големата пирамида

    rn5 археолошки откритија што би требало да ги очекуваме во 2019-та годинаrnrnОваа година можеме да очекуваме повеќе информации за големата празнина откриена над големата галерија во Големата пирамида во Гиза – ходникот што води до саркофагот на фараонот Куфу. Празнината е долга над 30 метри. Археолозите го забележале празниот простор уште во 2017-та година, но нејасно е дали просторот е затворен дел што се градел, скриена гробница или неколку помали простории.rnrnПразнината е откриена со помош на честички познати како миони. Мионите се формираат кога космичките зраци доаѓаат во контакт со горната атмосфера на Земјата и можат да патуваат низ камен. Моментално се прават уште вакви тестови со надеж дека ќе се открие што навистина се крие во празнината. Резултатите најверојатно ќе ги видиме оваа година.rn

    2. Нова пештера во близина на Кумран

    rn5 археолошки откритија што би требало да ги очекуваме во 2019-та годинаrnrnВо 2019-та година можеме да го очекуваме откривањето на нова пештера во близина на Кумран, местото каде што биле закопани свитоците од Мртвото море. Овие свитоци се состојат од фрагменти од 900 текстови и биле откриени во 12 пештери. И во 2017-та и во 2018-та година се открија многу ограбени пештери во кои има докази дека ги „чувале“ свитоците во минатото. Голема е веројатноста ваква пештера да се открие и оваа година.rnrnАрхеолозите неколку години работат во оваа област како дел од проект кој има за цел да открие и да истражува пештери во Јудејската Пустина што можеби содржат артефакти.rn

    3. Голем број плочи од изгубен град во Ирак

    rn5 археолошки откритија што би требало да ги очекуваме во 2019-та годинаrnrnМожеби оваа година ќе се појават 1.400 плочи од изгубениот град Ирисагриг во Ирак. Ќе бидат истакнати во приватна колекција чиј сопственик сака да остане анонимен. Изминативе две децении на пазарот за антиквитети се појавувале многу плочи од овој град. Додека ограбувачите го знаат местото на градот, локацијата им е непозната на археолозите. Можеби новите плочи ќе им помогнат да го најдат.rn

    4. Изгубените велигденски јајца на царевите

    rn5 археолошки откритија што би требало да ги очекуваме во 2019-та годинаrnrnПомеѓу 1885-та и 1916-та година, компанијата Фаберже направила околу 50 ориентално украсени велигденски јајца за руското кралско семејство. По Руската Револуција во 1917-та година, некои од овие јајца исчезнале. Во 2017-та година се откри постоењето на документ кој е доказ за пренесувањето на голема залиха уметнички дела и антиквитети од Советскиот Сојуз и Турција во Њу Орлеанс. Додека документите не кажуваат што точно се испорачало, можно е овде да се наоѓаат познатите велигденски јајца. Постојат гласини дека некои од нив завршиле во приватни колекции.rn

    5. Папирусот на Куфу

    rn5 археолошки откритија што би требало да ги очекуваме во 2019-та годинаrnrnВо 2013-та година, археолозите кои работеле на локалитетот Вади ал-Џарф покрај Црвеното Море, откриле папирус кој датира пред околу 4.500 години, односно во периодот на владеењето на Куфу. Испитувањата покажале дека папирусот е бележник на инспектор по име Мерер, кој водел тим чија цел била помагањето во конструкцијата на Големата пирамида и други градежни проекти низ Египет.rnrnЗасега е дешифриран само дел од бележникот, а добиените информации укажуваат на древно пристаниште лоцирано во близина на Големата пирамида, како и на движењето на варовникот кон пирамидата. Во 2019-та можеби ќе дознаеме нешто повеќе од анализите кои сè уште траат.rnrnДали знаете кои се најстарите артефакти во светот?

  • 13 научни откритија за кои човештвото треба да биде гордо

    13 научни откритија за кои човештвото треба да биде гордо

    Секој ден сè повеќе се доближуваме до иднината од научно фантастичните филмови и книги. Веќе можеме да правиме органи во лабораторија, да одгледуваме животни во вештачки матки и се обидуваме да откриеме планети како Земјата. Ова се некои од најважните научни откритија изминативе неколку години и човештвото треба да биде гордо на нив.rn

    1. Речиси ја искоренивме еболата

    rn13 научни откритија за кои човештвото треба да биде гордоrnrnВо 2016-та година, Агенцијата за здравство од Канада заедно со една фармацевтска компанија создаде вакцина против еболата. Светската здравствена организација смета дека ефективноста на вакцината варира од 75% до 100%. За прв пат во 40 години правилата се променија и луѓето се посилни од вирусот.rn

    2. Стигнавме до Плутон

    rn13 научни откритија за кои човештвото треба да биде гордоrnrnМисијата на НАСА позната како „Нови хоризонти“ започна во 2006-та година кога Плутон сè уште го сметавме за планета. На леталото „Нови хоризонти“ му беа потребни 9 години да ја стигне својата цел и да ги направи првите фотографии во боја од Плутон и неговата најголема месечина. Веќе нема неистражени планети во Сончевиот систем.rn

    3. Заменивме делови од ДНК

    rn13 научни откритија за кои човештвото треба да биде гордоrnrnТим од кинески и американски научници продолжува со истражувањата за алатката за менување гени позната како CRISPR-Cas9. Ова им овозможува на луѓето да отстранат непотребен дел од ДНК-та, да го заменат и да го менуваат. Речиси имаме можност да го модифицираме геномот на луѓето. Ова би требало да им помогне на лекарите да се справат со болестите кои предизвикуваат промени во гените.rn

    4. Најдени се остатоци од древни луѓе

    rn13 научни откритија за кои човештвото треба да биде гордоrnrnВо 2013-та година професорот Ли Бергер организирал експедиција до пештерите Диналеди и открил 1.500 древни фосили. По испитување на остатоците од древните луѓе познати како хомо наледи, се дошло до заклучок дека ова се најстарите припадници на човечката раса. Живееле пред околу 2-3 милиони години.rn

    5. Испечатено е ткиво што може да спасува живи клетки

    rn13 научни откритија за кои човештвото треба да биде гордоrnrnИстражувачите од Институтот „Wake Forest“ развиле метод за печатење живо ткиво. Клетките биле поставувани на местото на мастило и печатачот бил програмиран да ги печати по одреден ред. Претходно употребата на оваа технологија беше вистински предизвик бидејќи клетките умирале поради недостаток од кислород и хранливи материи. Овој изум ќе им помогне на научниците да „одгледуваат“ екстремитети и внатрешни органи во иднина.rn

    6. Создадовме антибиотик против бактеријата што е отпорна на речиси сите лекови

    rn13 научни откритија за кои човештвото треба да биде гордоrnrnИстражувачите направиле направа што може да биде поставена во земјата и да им овозможува на бактериите да живеат во нивното природно опкружување. Една од супстанциите што ја создале овие бактерии се покажала како навистина ефикасна против повеќето бактерии отпорни на други антибиотици. Оваа супстанца ги убива бактериите така што ги распаѓа нивните клеточни ѕидови.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 10 неверојатни откритија за древните автори и книги

    10 неверојатни откритија за древните автори и книги

    Во минатото многу работи се користеле како страници за пишување. Папирусите, камењата и дрвото содржат многу важни информации и редовно се откриваат неверојатни податоци од нив. Необичните автори или непознатите дела од познати личности се само почетокот. Неодамнешните откритија вклучуваат книги што убиваат, библиски приказни со различни краеви и некои од најголемите измами во трговијата со артефакти.rn

    1. Медицина од древен Египет

    rn10 неверојатни откритија за древните автори и книгиrnrnВо Копенхаген, Данска, има уникатна колекција од египетски записи. Преведени се дури оваа година и преводот досега нуди многу информации. Неколку медицински текстови потекнуваат од древната библиотека во Тебтунис која била активна до 200 година п.н.е. и била основана долго пред познатата библиотека во Александрија.rnrnВо еден текст се зборува за човечките бубрези, податок што ги поби верувањата дека Египќаните од тој период не биле свесни за органите. Друг текст датира од пред околу 3.500 години, период кога не постоело европско писмо. Во него се опишува тест за бременост кој подоцна се појавил како германски лек во 1699-та година. Ова го нагласува влијанието на древната египетска медицина која често е заборавена во грчките и римските текстови. Тоа е иронично бидејќи` знаењето на Египќаните ја поставило основата. Колекцијата исто така содржи текстови за астрологија, ботаника и многу други области.rn

    2. Дијагнозата за хистерија на Гален

    rn10 неверојатни откритија за древните автори и книгиrnrnВо минатото лекарите верувале дека матката на жената може да „одлута“ и да предизвика хистерија. Никогаш не е објаснето каде всушност одела матката, но еден римски доктор не го поддржувал ова. Неговото име било Гален (130-210 година). Работата на овој лекар е на некој начин столб на она што подоцна ќе стане модерна медицина. Но неодамнешно откритие покажало дека дури и Глен грешел, и тоа многу. Сè започнало со папирус стар 2.000 години што никој не можел да го прочита цели 4 векови. Текстот на двете страни изгледал како пишување во огледало. Бидејќи папирусот бил сокриен во архива на еден шведски универзитет, оштетениот документ бил исчистен дури оваа година. Записот од задниот дел изгледа воопшто не бил мистерија. Документот се состоел од неколку поврзани листови, од кои некои погрешно.rnrnЗагатката за содржината конечно била решена и сега е јасно дека делото е на Гален или некој кој ја опишал неговата дијагноза за хистерија. Според записот, нарушувањето се појавувало поради малку секс. Гален сметал дека поради ова жените можат да страдаат од „хистерично гушење“ или апнеја.rn

    3. Откриена ретка Библија

    rn10 неверојатни откритија за древните автори и книгиrnrnЗа време на владеењето на Хенри VIII се изгубиле бројни свети артефакти и книги. Тој владеел во 16-тот век и затворил многу манастири, вклучувајќи ја и катедралата во Кантербери. За време на кризата исчезнала библиотеката на катедралата која имала 30.000 книги. Во 2018-та година бил пронајден еден том – ретка средновековна Библија. Кога Хенри ги уништувал манастирите, Библијата веќе имала 300 години. Половина милениум подоцна, Библијата се појавила на продажба на ретки книги во Лондон. Денес Библијата се наоѓа во катедралата и е една од 30-те книги од оригиналната библиотека.rn

    4. Стравот на кралот

    rn10 неверојатни откритија за древните автори и книгиrnrnЏејмс I од Англија имал специфичен страв и како резултат на ова умреле стотици негови слуги и помошници. Џејмс се плашел од вештерки. Во 1606-та година, Томас Саквил, неговиот благајник, очекувал посета од кралот. Тој изградил неверојатни соби во кулата на неговиот дом и преземал многу мерки за да го заштити кралот од вештерки.rnrnВо 2014-та година биле откриени симболи дизајнирани со цел да ги спречат вештерките да влезат во просториите на кралот. Биле изгравирани на подот и околу каминот. Симболите наликувале на латинските букви V и W и целта им била да ја привлечат заштитата на Дева Марија. За да се заробат злите духови биле изградени лавиринти наречени стапици за демони. Она што е интересно е што ова се првите точно датирани знаци за вештерки. Се верувало дека станува збор само за линии кои им биле мерки на мајсторите, но покрај линиите навистина постојат и симболи.rn

    5. Доказ за кралот Артур

    rn10 неверојатни откритија за древните автори и книгиrnrnВо Корнвел бил пронајден доказ за постоењето на судот на кралот Артур, но само за верниците во легендарниот владетел. За останатите, овој артефакт стар 1.300 години не докажува ништо. Во 2018-та година бил пронајден камен во замокот Тинтагел, родното место на кралот. На ова место со векови се барале докази за неговото постоење и неодамна е додаден интересен детаљ на ова. Можеби не пишува „Артур беше овде“, но каменот со должина од 0,61 метар е изгравиран од едуцирана рака. Латинските фрази, христијанските симболи, римските и келтските имиња бие изгравирани со ракопис сличен на евангелијата од тој период.rnrnЗа истражувачите кои знаеле дека местото имало висок статус во минатото, нивото на едукација е пријатно изненадување. Ако ништо друго, овој камен покажува дека заедницата во Тинтагел била едуцирана и не станувало збор за средновековни варвари.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 6 случајни откритија што засекогаш ја промениле историјата на човештвото

    6 случајни откритија што засекогаш ја промениле историјата на човештвото

    Добро познат факт е дека Менделеев го видел периодниот систем на елементите во сон. Но, важно е да се спомене и дека толку долго работел на тој проект, што сонот е логичен заклучок. Сепак, многу од големите откритија што ја промениле историјата се случиле ненадејно. Овие случајни изуми целосно ја промениле нашата реалност.rn

    1. Бетон зајакнат со железо

    rn6 случајни откритија што засекогаш ја промениле историјата на човештвотоrnrnНа една изложба во Париз во 1867-ма година, францускиот градинар Жозеф Мониер го претставил својот изум – бетонски цреп со вградена железна мрежа. Мониер работел во градините Тилери. Во текот на летото растенијата што биле одгледувани во бетонски црепови ги носеле надвор, а во зима ги внесувале во стакленик. Цреповите постојано пукале поради промената на температурата. За да ги направи поиздржливи, Мониер почнал да експериментира со железна мрежа која ја вметнувал во бетонските црепови. Тој забележал дека најиздржливи биле цреповите во кои мрежата била поставена и хоризонтално и вертикално. Па изумот на бетон зајакнат со железо може да му се припише него.rn

    2. Нобелова награда

    rn6 случајни откритија што засекогаш ја промениле историјата на човештвотоrnrnВо 1888-ма година, Алфред Нобел бил изненаден кога го видел својот некролог во еден француски весник. Некрологот, се разбира, бил згрешен, бидејќи починал Лудвиг Нобел, братот на Алфред. Кога го прочитал некрологот, Алфред се загрижил за наследството што ќе го остави по својата смрт. Па, решил да го промени својот тестамент и целото свое богатство го оставил со цел да се создаде серија награди за луѓе кои најмногу ќе му помогнат на човештвото. Оттука е родена Нобеловата награда.rn

    3. Безбедносно стакло

    rn6 случајни откритија што засекогаш ја промениле историјата на човештвотоrnrnВо 1903-та година, францускиот научник Едвард Бенедиктус работел во неговата лабораторија кога несакајќи скршил стаклена епрувета. Тогаш забележал нешто интересно – стаклото не било целосно скршено, туку само напукнато и епруветата сè уште ја имала својата форма. Излегло дека во епруветата се наоѓале остатоци од целулозен нитрат кој кога се исушил го заштитил садот однатре. Во тој период автомобилите имале обично стакло, кое во сообраќајните несреќи ги повредувало патниците. Кога Едвард прочитал за уште една автомобилска несреќа во еден весник, почнал да експериментира со неговото откритие и го измислил безбедносното стакло. Тоа се состоело од 2 слоја стакло со слој од целулозен нитрат помеѓу нив. Кога се загревала, целулозата се топела и ги лепела слоевите стакло. Научникот го патентирал својот изум и го нарекол триплекс стакло. Хенри Форд бил првиот кој почнал да го користи стаклото во неговите автомобили во 1919-та година.rn

    4. Радиоактивност

    rn6 случајни откритија што засекогаш ја промениле историјата на човештвотоrnrnВо 1896-та година, францускиот научник Анри Бекерел експериментирал со неодамна и случајно откриените рендгенски зраци. Тој се обидувал да открие дали постои поврзаност помеѓу овие зраци и солите на ураниум. Бекерел користел минерал со соли на ураниум за својот експеримент. Го држел минералот на сончева светлина и кога го споил со метален предмет на фотографска плоча, се појавила слика. Прецизноста не била доволна за него и претпоставил дека причината е недоволно сончева светлина, па решил да го проба експериментот на посончев ден. Но, природата не сакала да соработува и тој ги тргнал минералот и фотографската плоча, заедно со крст настрана покривајќи ги со темно платно. Неколку денови подоцна го развил филмот и забележал дека се појавила фотографија од крстот. Тогаш сфатил дека радијацијата нема никаква врска со сончевата светлина.rn

    5. Анестезија

    rn6 случајни откритија што засекогаш ја промениле историјата на човештвотоrnrnВо 1844-та година, Хорас Велс присуствувал на демонстрација од страна на Гарднер Квинси Колстон, хемичар и забавувач. За време на демонстрацијата еден аптекар бил затруен со хидроксид. Додека бил под дејство, аптекарот не реагирал кога ги удирал своите нозе. Следниот ден Велс го направил истото – вдишал хидроксид и замолил некој од неговите колеги да му извади заб. Операцијата била безболна, па докторот решил да го користи гасот на неговите пациенти. Кога Велс сакал да го демонстрира откритието пред неговите колеги, не успеал најверојатно поради малото количество гас. Пациентот плачел од болка, а колегите се шегувале на сметка на Велс. И неговите понатамошни обиди за анестезија биле неуспешни. Покрај тоа, во овој период се користеле хлороформ и етер, па хидроксидот бил заборавен.rnrnВо 1848-ма година Велс извршил самоубиство. Си ја пресекол феморалната артерија додека бил под дејство на хлороформ кој му ја намалил болката. Речиси 20 години подоцна, Колтон, со кого почнува историјата на анестезијата, почнал успешно да го користи методот на Велс кој евентуално се проширил низ Америка, а потоа и Европа.rn

    6. Ботокс

    rn6 случајни откритија што засекогаш ја промениле историјата на човештвотоrnrnВо 1987-ма година, докторката Џин Карутерс прв пат употребила ботокс за убавина. Смесата ѝ била инјектирана на жена која имала нарушување поради кое ѝ се затворале очните капаци. По некое време, пациентката се вратила и побарала уште една инјекција. Кога Џин ѝ рекла дека нема потреба од тоа бидејќи нарушувањето исчезнало, пациентката ѝ рекла дека ботоксот ѝ го подобрил изгледот. Тогаш Џин му предложила на својот сопруг, дерматологот Алистер Карутерс, да проба да користи ботокс за третман на брчки. Џин и рецепционерката во болницата станале првите пациенти кои пробале ботокс за намалување на брчките.rnrnПогледнете и кои се најшокантните откритија од минатата година.

  • Скриената цивилизација на Маите низ фотографии

    Скриената цивилизација на Маите низ фотографии

    Технологијата LiDAR (Light Detection and Ranging – Светлосна детекција и класификација) им овозможува на археолозите да откријат работи кои досега им биле недостижни. Таа буквално им нуди мапа со богатство која води до нови локалитети кои треба да се ископаат и истражат. Археолозите ја искористиле технологијата во џунглите на Гватемала и откриле неверојатни остатоци од цивилизацијата на древните Маи.rn

    1. Скриена цивилизација

    rnСкриената цивилизација на Маите низ фотографииrnrnНа оваа фотографија можете да ги забележите пирамидите во џунглата во северна Гватемала. Научниците кои ја проучуваат древната култура на Маите само што завршиле со истражување на 10 наоѓалишта кои се наоѓаат на површина од 2.100 километри квадратни. Тие користеле LiDAR, технологија која користи ласерски пулсови за да ја мапира топографијата со што ја отстранува вегетацијата.rn

    2. Што се крие под површината?

    rnСкриената цивилизација на Маите низ фотографииrnrnОвде гледаме фотографија од истото место направена со LiDAR. Патиштата и темелите веќе се очигледни. Со помош на ова истражување, откриени се 60.000 структури кои досега не биле мапирани и тоа на многу познати локалитети. Пронајдени се и многу градби расфрлани низ џунглата.rn

    3. Безизразна шума

    rnСкриената цивилизација на Маите низ фотографииrnrnГустата џунгла на Гватемала крие многу докази за древни населби на Маите. Археолозите велат дека можете да одите на неколку метри од градбата, а да не ја забележите. Истражувањата со LiDAR технологијата можат да мапираат површина за која на археолозите би им биле потребни децении, и тоа за само неколку часа.rn

    „LiDAR ќе биде нашето разбирање за шемите за населување кај древните општества, како што радиојаглеродното датирање ни помага за хронологијата. Ова е навистина револуционерно“, изјавил археологот Дејвид Фридел од Универзитетот во Вашингтон.

    rn

    4. Скриени светови

    rnСкриената цивилизација на Маите низ фотографииrnrnБезизразната шума од претходната фотографија крие секакви древни мајански тајни. На оваа фотографија се гледа истиот простор како и на претходната, само е направена со LiDAR. Градбите скриени зад земјата и растенијата полека стануваат видливи.rn

    5. Додавање

    rnСкриената цивилизација на Маите низ фотографииrnrnОвде се споени фотографијата од џунглата и скенирањето од LiDAR. Ова ни покажува дека структурите може да бидат скриени токму пред вас. Археолозите прв пат го користеле овој скенер за истражување во Белиз во 2009-та година. Според антропологот Пејсон Шитс, досега имаат покриено само 1% од површината на која била населена оваа цивилизација.rn

    6. Живеење во пејзажот

    rnСкриената цивилизација на Маите низ фотографииrnrnНа оваа фотографија од LiDAR се забележува дека градбите на Маите се расфрлани низ џунглата во северна Гватемала. Ова покажува дека населението било многу погусто отколку што претходно се верувало.rn

    7. Гватемала од горе

    rnСкриената цивилизација на Маите низ фотографииrnrnНаучниците Алберт Лин (лево), Том Гарисон (во средина) и Франциско Естрада-Бели (десно) ја проучуваат топографијата на северна Гватемала. Овој месец ќе има и документарец за овие откритија на National Geographic Channel – „Богатствата на кралевите-змии на Маите“ (The Treasures of the Maya Snake Kings).rn

    8. Откривање на изгубен свет

    rnСкриената цивилизација на Маите низ фотографииrnrnИстите научници го гледаат истиот простор како и на претходната фотографија, но овој пат преку LiDAR. Овој поглед им открива низа структури кои биле проголтани од џунглата. Технологијата им помогнала да откријат нова тврдина во близина на местото кое го истражуваат, па во следната сезона се надеваат дека ќе го ископаат ѕидот од 9 метри.rnrnДознајте нешто повеќе за овој неверојатен град на Маите во Гватемала.

  • 9 сосема обични луѓе кои случајно откриле големи богатства

    9 сосема обични луѓе кои случајно откриле големи богатства

    Светот е полн со непредвидливи ситуации и нешта. А многу често луѓето наидуваат токму на нив. Во продолжение погледнете ги најинтересните вистински приказни за обични луѓе кои неочекувано нашле големи богатства.rn

    1. Фабержеово јајце

    rn9 сосема обични луѓе кои случајно откриле големи богатстваrnrnЕден човек купил метално јајце со бисери и часовник внатре. Тој платил околу 13.000 евра и сакал да го продаде за повисока цена. Но, никој не сакал јајце со часовник. Па човекот решил да ја открие историјата на предметот. Тој забележал некаков симбол, го пребарал на Гугл и открил натпис за Фабержеово јајце. Јајцето што го купил излегло дека е велигденско јајце кое Александар Трети, император од Русија, го порачал за својата сопруга во 1887 година. Никој не знае како јајцето се нашло во САД, но човекот сега е побогат за 33 милиони евра.rn

    2. Златна грутка од 5,5 килограми

    rn9 сосема обични луѓе кои случајно откриле големи богатстваrnrnЕден аматер трагач по злато шетал на една плажа во Австралија кога открил чуден предмет под песокот. На почетокот мислел дека е дел од некој автомобил, но кога започнал со копање сфатил дека станува збор за злато. Кога успеал да го откопа открил дека тежи 5,5 килограми и е една од најголемите златни грутки пронајдени во тој регион. Грутката била проценета на околу 300.000 евра, а тоа било сосема доволно да ги покрие трошоците за металниот детектор и другата опрема.rn

    3. Ферари 330 GT од 1966 пронајдено во гаража

    rn9 сосема обични луѓе кои случајно откриле големи богатстваrnrnВо Вајоминг еден човек купил куќа по цена од 250.000 евра. До куќата имало гаража на која ни купувачот, ни агентот за недвижнини не ѝ обрнале внимание. Новиот сопственик навистина се изненадел кога внатре открил Ферари од 1966-та година кое вреди речиси половина милион евра.rn

    4. Древни предмети во дворот

    rn9 сосема обични луѓе кои случајно откриле големи богатстваrnrnНа 5-ти јули 2009 година, Тери Херберт, фармер од Англија, шетал со својот детектор за метал околу куќата барајќи го прстенот што го изгубила неговата ќерка. Но наместо тоа, тој открил вистинско богатство. Тој пронашол 1.500 златни и сребрени предмети кои датираат од 7-миот век. Пронајдоците тежеле 7,5 килограми и се проценети на над 5 милиони евра. Бидејќи пронајдокот според законот ѝ припаѓа на државата, човекот добил награда половина од вредноста. Сепак, и тоа не е малку.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • 8-те најголеми откритија за среќата од 2017-та година

    8-те најголеми откритија за среќата од 2017-та година

    Не постои формула за среќа. Но сепак научниците продолжуваат да истражуваат за тоа кои аспекти од нашите животи може да имаат влијание на неа, вклучувајќи ги социјалните мрежи, физичката активност, па дури и држењето на телото. Погледнете ги 8-те најинтересни работи кои ги научивме минатата година за тоа кои фактори влијаат на нашата среќа и го намалуваат ризикот од стрес и депресија.rn

    1. Како споделувањето ги прави децата посреќни?

    rn(1)8-te-najgolemi-otkritija-za-srekjata-od-2017-ta-godina-kafepauza.mkrnrnЕдно истражување од Кина покажало дека споделувањето може да ги направи децата посреќни, но само ако го прават тоа бидејќи сакаат. Истражувањето набљудувало групи од 3-годишни и 5-годишни деца кои или биле натерани да споделат нешто, или пак го правеле тоа по своја волја. Според изразите на нивните лица, истражувачите заклучиле дека децата се посреќни кога споделуваат нешто по своја волја.rn

    2. Медитацијата го намалува стресот

    rn(2)8-te-najgolemi-otkritija-za-srekjata-od-2017-ta-godina-kafepauza.mkrnrnВо едно истражување, група луѓе со анксиозност практикувале свесна медитација. Резултатите покажале намалено ниво на хормоните за стрес во стресни ситуации во споредба со реакцијата на нивните тела пред да медитираат. Од друга страна, друга група луѓе слушала предавање за справување со стрес и не покажала речиси никакво подобрување. Свесната медитација им помага на луѓето да се фокусираат на сегашниот момент, но и да ги прифатат тешките мисли и чувства.rn

    3. Вежбањето го подобрува расположението

    rn(3)8-te-najgolemi-otkritija-za-srekjata-od-2017-ta-godina-kafepauza.mkrnrnДури и малата физичка активност може да ги намали симптомите на депресија. Истражувањето ги анализирало информациите од речиси 34.000 возрасни Норвежани кои биле прашувани за нивните навики за вежбање, како и за нивните симптоми на депресија. Испитаниците биле следени 11 години. Резултатите покажале дека луѓето кои не вежбале на почетокот на истражувањето имале 44% поголеми шанси да развијат депресија, за разлика од оние кои вежбале 1 до 2 часа неделно. Научниците тврдат дека ако сите испитаници вежбале барем 1 час неделно, 12% од случаите на депресија би биле спречени.rn

    4. Најсреќна држава е Хаваи

    rn(4)8-te-najgolemi-otkritija-za-srekjata-od-2017-ta-godina-kafepauza.mkrnrnДали преселувањето на Хаваите ќе ве направи посреќна личност? Изгледа дека тамошните жители знаат нешто повеќе за среќата бидејќи оваа држава многу често се смета за најсреќна. Во 2016-та година жителите пополнувале анкета за нивното здравје и среќа, а резултатите биле објавени во февруари, 2017-та година. Со овие резултати, Хаваи се наоѓа на врвот веќе 6-ти пат. Прашањата кои ги одговарале испитаниците биле за нивното здравје, нивното чувство за припадност, социјалните врски, финансиската состојба и вклученоста во заедница.rn

    5. Апликацијата Тиндер може да ви ја повреди самодовербата

    rn(5)8-te-najgolemi-otkritija-za-srekjata-od-2017-ta-godina-kafepauza.mkrnrnОнлајн состанувањето станува сè попопуларно, но овој процес може да има влијание на вашето ментално здравје. Во едно истражување биле анализирани информациите на повеќе од 800 студенти кои ја користеле апликацијата Тиндер. Истражувањето покажало дека корисниците многу почесто чувствувале негативни чувства, како притисок да изгледаат на одреден начин, или пак биле лошо расположени. Научниците препорачале дека ова не значи дека не треба да користите апликации за онлајн состанување, туку не треба да зависите од нив или да барате признание од нив.rn

    6. За подобро расположение, седете исправено

    rn(6)8-te-najgolemi-otkritija-za-srekjata-od-2017-ta-godina-kafepauza.mkrnrnИстражување од Нов Зеланд покажало дека седењето исправено може да ви го подобри расположението, барем на краток период. Во истражувањето учествувале 61 испитаник кои имале симптоми на депресија. Околу половина од нив добиле совети за тоа како да го подобрат држењето на телото, а на нивните грбови биле залепени спортски ленти кои би требало да им помогнат во тоа. Другата половина не добила никакви инструкции, а лентите биле залепени без некој редослед. Според прашалникот кој го пополниле испитаниците, се покажало дека луѓето кои седеле исправено се чувствувале многу подобро и посилно за разлика од другите. Сепак, потребно е дополнително истражување кое ќе покаже дали правилното држење на телото може навистина да им помогне на луѓето кои страдаат од депресија.rn

    7. Проблемите со спиење влијаат на ризикот од депресија

    rn(7)8-te-najgolemi-otkritija-za-srekjata-od-2017-ta-godina-kafepauza.mkrnrnПроблемите со спиење често се симптом за некои ментални нарушувања, како на пример депресија и анксиозност. Но едно неодамнешно истражување покажало дека проблемите со спиење може да предизвикаат некои од овие нарушувања. Покрај тоа, резултатите покажале дека подобрувањето на спиењето може да ги намали симптомите на депресија и анксиозност. Во истражувањето учествувале 3.700 студенти од Велика Британија кои имале несоница. На почетокот од 10-неделното истражување испитаниците одговарале прашања за нивното спиење и нивното ментално здравје, а потоа добивале третман за несоница. Се покажало дека оние кои добивале третман покажале намалено ниво на депресија и анксиозност за разлика од другите.rn

    8. Претераното користење Фејсбук има лошо влијание на менталното здравје

    rn(8)8-te-najgolemi-otkritija-za-srekjata-od-2017-ta-godina-kafepauza.mkrnrnМногумина на шега кажуваат дека претеруваат со користењето на оваа социјална мрежа. Но дали тоа навистина има влијание на менталното здравје? Според едно неодамнешно истражување, одговорот е ДА. Истражувањето во кое учествувале 5.200 луѓе покажало дека зголемената активност на Фејсбук е поврзана со лошото здравје. На пример, луѓето кои изјавиле дека почесто „лајкувале“ објави на Фејсбук и кои често пишувале статуси имале полошо ментално здравје. Иако е можно луѓето со влошено ментално здравје да бараат надеж во социјалната мрежа, резултатите имале смисла дури и кога се зело предвид менталното здравје на испитаниците на почетокот на истражувањето, како и бројот на нивните „реални“ пријатели. Сепак, потребно е да се направат уште истражувања, а додека да се добијат конкретни резултати, експертите препорачуваат умерено користење на социјалните мрежи.rnrnПогледнете ја оваа неверојатна вежба која ќе ви даде храброст да го промените вашиот живот.

  • 14 археолошки откритија кои ги збунуваат и модерните научници

    14 археолошки откритија кои ги збунуваат и модерните научници

    Археологијата е навистина важна наука која ни помага да откриеме што се случувало во минатото. Но што ако минатото не е онакво какво што мислиме? Често се случува археолозите да откријат нешто што не припаѓа во тој период. Многу од овие откритија ги збунуваат и модерните научници. Погледнете некои од најпознатите вакви археолошки откритија.rn

    1. Централно греење во Минојската палата, 2700 – 1400 година п.н.е.

    rn(1)14-arheoloshki-otkritija-koi-gi-zbunuvaat-i-modernite-nauchnici-kafepauza.mkrnrnВо урнатините на палата во Кносос било направено навистина неочекувано откритие. Древните Минојци ја загревале палатата користејќи посебни цилиндрични конструкции со полукружни покриви. Овие конструкции биле сместени под подот, се загревале со оган и така ја грееле целата палата.rn

    2. Автомати, 100 година п.н.е.

    rnrnrnМодерните автомати имаат предци кои продавале света вода во древните храмови. Овие автомати биле измислени од Херон од Александрија. Во автоматот се ставала монета која помрднувала рачка и отворала една цевка. Низ цевката протекувала светата вода. За жал, оваа брилијантна идеја била заборавена, па автоматите се одново измислени на крајот на 19-тиот век.rn

    3. Вампирот од Венеција, артефакт од 16-тиот век

    rn(3)14-arheoloshki-otkritija-koi-gi-zbunuvaat-i-modernite-nauchnici-kafepauza.mkrnrnВо 2006 година во близина на Венеција бил пронајден навистина необичен артефакт. За време на ископувањето на гробишта, бил пронајден череп со камен во устата. Според пишаните извори, на овој начин ги закопувале вампирите. Наводно, каменот ги правел безопасни. Истражувањата покажале дека черепот ѝ припаѓал на 60, 70-годишна жена. Немало ништо значајно за неа, освен нејзината возраст. Па зошто луѓето мислеле дека е вампир? Одговор за ова нема.rn

    4. Древна населба на Викинзите во Северна Америка, крајот на 11-тиот век

    rn(4)14-arheoloshki-otkritija-koi-gi-zbunuvaat-i-modernite-nauchnici-kafepauza.mkrnrnЛанси Медоуз е древна викиншка населба направена 500 години пред Колумбо да ја открие Северна Америка. Од 1961 до 1968 година биле направени неколку археолошки ископувања и се открило дека ова место има норвешко потекло. Ова откритие ги натерало научниците да се запрашаат за познатата географска хипотеза. Сè уште нема одговор за тоа што правеле Викинзите во Северна Америка и како стигнале до таму.rn

    5. Автоматски врати во древна Грција, 1-ви век

    rnrnrnГенијалецот Херон од Александрија исто така ги измислил и автоматски врати. Навистина е тешко да се замисли колку вчудовидени биле луѓето кога виделе такво нешто во нивните храмови. Механизмот работел на пареа и се наоѓал во олтарот.rn

    6. Контроверзниот мурал од 1937 година

    rn(6)14-arheoloshki-otkritija-koi-gi-zbunuvaat-i-modernite-nauchnici-kafepauza.mkrnrn„Господин Пинчон и намирувањето на Спрингфилд“ (Mr. Pynchon and the Settling of Springfield) е дело на уметникот Умберто Романо. Она што е чудно за муралот е тоа што прикажува нешто што наликува на смартфон. Ако внимателно го погледнете Индијанецот на десната страна, ќе забележите дека навистина изгледа како да држи смартфон. За жал, никој не знае за што станува збор.rn

    7. Првиот вертикален туш во древна Грција, почетокот на 2-ри век п.н.е.

    rn(7)14-arheoloshki-otkritija-koi-gi-zbunuvaat-i-modernite-nauchnici-kafepauza.mkrnrnПрвите тушеви се пронајдени на археолошкото наоѓалиште Пергам. Овој град бил грчки, но денес се наоѓа во Турција. Конструкцијата била навистина комплексна и имала 7 нивоа.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • 10 научни откритија од 2017 кои делуваат како да се извлечени од научната фантастика

    10 научни откритија од 2017 кои делуваат како да се извлечени од научната фантастика

    Бидејќи наближува крајот на 2017-та година, време да се потсетиме на некои од најголемите научни откритија. Научниците постојано смислуваат нешто ново од сите области на науката, но оваа година нанотехнологијата, терапијата со гени и квантната физика се полни со новитети. Бидејќи научните откритија почнаа сè повеќе да звучат како научна фантастика, замислете што сè ќе биде откриено во 2018. До тогаш, да погледнеме кои се најневеројатните откритија од оваа година.rn

    1. Временски кристали

    rn(1)10-nauchni-prikazni-od-2017-koi-lichat-na-nauchna-fantastika-kafepauza.mkrnrnСпоред првиот закон на термодинамиката, машините во постојано движење кои произведуваат работа без енергија се невозможни. Но, на почетокот на оваа година физичарите создадоа структури наречени временски кристали кои можеби ја побиваат оваа теорија. Временските кристали се првиот реален пример за нова состојба на материјата наречена „нерамнотежа“. Во оваа состојба атомите имаат разни температури и никогаш не се во топлинска рамнотежа едни со други. Временските кристали имаат атомска структура која не се повторува само во просторот, туку и во времето, а ова пак им дозволува постојано да осцилираат без енергија. rnrnСепак, ова не значи дека временските кристали ги кршат законите на физиката. Конзервацијата на енергија може да биде дефинирана само во системи со симетрична временска транслација, односно идејата дека законите на физиката се исти секаде и во секое време. Единственото нешто што го „кршат“ овие кристали е симетричната временска транслација. Но, тие не се првите. Магнетите често се прикажани како природно асиметрични предмети бидејќи имаат два пола. Овие временски кристали би можеле да се користат во пренос на информации и складирање во квантни системи. Можно е да имаат и голема улога кај квантните компјутери.rn

    2. Крилјата на вилинското коњче се „живи“

    rn(2)10-nauchni-prikazni-od-2017-koi-lichat-na-nauchna-fantastika-kafepauza.mkrnrnИнсектите дишат со помош на трахеален систем. Воздухот влегува во нивните тела преку надворешни отвори, а потоа минува низ комплексната мрежа од трахеи која пак го носи воздухот до клетките на целото тело. Но, нивните крилја речиси целосно се направени од мртво ткиво кое се суши и или е провидно или покриено со бои. rnrnДеловите од мртвото ткиво се ограничени со вени кои се дел од системот за дишење. Но кога еден ентомолог ги набљудувал крилјата на едно вилинско коњче под електронски микроскоп, тој забележал дека на нив имало трахеи. Ова е првото вакво забележување на крилјата на еден инсект. Можно е да станува збор за мутација, но експертите се сомневаат во тоа.rn

    3. Древен крлеж полн со крв од диносаурус

    rn(3)10-nauchni-prikazni-od-2017-koi-lichat-na-nauchna-fantastika-kafepauza.mkrnrnПронајдени се навистина неверојатни работи зачувани во килибар, но ова откритие ги надминува сите. Научниците откриле парче килибар кое се проценува дека е старо 99 милиони години, а во него има паразити слични на модерниот крлеж. Во едното парче имало пердув од диносаурус, во други две биле пронајдени делови од гнезда, а едно имало и крв од диносаурус. За жал нема наскоро да го видиме паркот Јура бидејќи вадењето ДНК примероци од овие фосили е речиси невозможно.rn

    4. Возрасен човек подлегнал на модификација на гени

    rn(4)10-nauchni-prikazni-od-2017-koi-lichat-na-nauchna-fantastika-kafepauza.mkrnrnМоментално на врвот на генетската терапија се наоѓа CRISPR (Clustered Regularly Interlaced Palindromic Repeats). Ова е семејство на ДНК низи кои ја формираат основата на технологијата наречена CRISPR/Cas9, која теоретски би можела трајно да ја промени човечката ДНК. Во 2017 година, оваа технологија успешно го „поправила“ генот кој предизвикувал мутации во човечки ембрион. rnrnИсто така оваа технологија би можела да ја започне ерата на таканаречените „дизајнерски бебиња“. Технологијата била пробана и на 44-годишниот Бред од Калифорнија кој страдал од болест која го врзала за инвалидска количка. Сепак, потребно е да почекаме уште малку за да дознаеме дали процедурата ќе биде успешна.rn

    5. Што е прво, сунѓерот или медузата?

    rn(5)10-nauchni-prikazni-od-2017-koi-lichat-na-nauchna-fantastika-kafepauza.mkrnrnЕдно ново истражување бара решавање на прашањето за потеклото на животните. Според истражувањето, сунѓерите им се „сестри“ на сите животни во светот. Ова произлегува од фактот дека сунѓерите биле првата група суштества кои направиле огранок од дрвото на еволуцијата. Ова се случило пред околу 750 милиони години. rnrnПокрај оваа приказна, во дебатата има уште еден кандидат – медузите. Додека сунѓерите се прости организми кои само стојат на морското дно, медузите се малку покомплексни. Ако се открие кој од овие две бил прв, ова значи дека ќе знаеме како изгледал нашиот заеднички предок. Ова ќе биде големо откритие за нашата еволуција.rnrnПродолжува на следната страница…rn