КАФЕ ПАУЗА

Tag: откритија

  • 13 мали откритија кои ќе ви го сменат погледот на секојдневниот живот

    13 мали откритија кои ќе ви го сменат погледот на секојдневниот живот

    Секојдневието е многу поинтересно кога ги анализираме нештата на кои вообичаено не им се обрнува внимание.rnrn1-13-mali-otkritija-koi-kje-vi-go-smenat-pogledot-na-sekojdnevniot-zhivot-kafepauza.mkrnrn1. Секој од нас всушност има 3 гласа: оној во нашата глава, оној кој го слушаме кога зборуваме и оној кој другите го слушаат.rnrn2. Зборот FAT на англиски (дебел) изгледа како некој да гризнал од првата буква од зборот EAT (храна).rnrn3. Новороденчињата плачат бидејќи секоја неудобност буквално им претставува најлошото нешто што го искусиле во животот.rnrn4. Кога пиете алкохол, само ја позајмувате утрешната среќа.rnrn5. Марс е всушност целиот населен… со роботи.rnrn6. Прашањето „кај си“ кога ќе сретнеме некого е од поново време. Порано, пред телефоните, луѓето можеле да зборуваат едни со други само ако знаат каде се.rnrn7. Вашиот стомак секогаш го доживува компирот како пире.rnrn8. Сте се запрашале ли колку места сте посетиле за првпат? На пример, јавни тоалети.rnrn9. Никогаш нема да разбереме за некое совршено криминално дело.rnrn10. Најлошиот фетиш е да бидете возбудени од сопствениот спуштен пенис.rnrn11. Вие ќе бидете последната личност која ќе умре во вашиот животен век.rnrn12. Колку наназад во историјата треба да се вратиме за ископувањето стари коски да не се смета за археологија туку за крадење гробови?rnrn13. За да можете да заспиете, мора да се преправате дека спиете.

  • Од каде доаѓаат добрите идеи?

    Од каде доаѓаат добрите идеи?

    Сите нас, повеќе или помалку, нè интересира од каде доаѓаат добрите идеи. Сакаме да сме покреативни, поиновативни, да ни паѓаат на памет подобри идеи. По долго истражување, Стивен Џонсон верува дека дошол до одговорот на тоа прашање. Тој верува дека постојат неколку шеми, кои постојано се повторуваат при создавање на необично иновативна околина пред да дојде до појава на добра идеја.rnrnОд каде доаѓаат добрите идеи?rnrnЕдна од тие шеми Џонсон ја нарекува бавно претчувство. Најголемите откритија досега настанале кога најмалку се очекувало, во ненадеен момент на инспирација. Најдобар пример е моментот „Еурека“ на Архимед. Голем број идеи остануваат долго скриени во вас, сè додека не се појави момент кога токму тие ќе ви бидат најкорисни во тој период од вашиот живот. Тоа се случува поради фактот дека добрите идеи најчесто настануваат поради судирот на неколку помали претчувства.rnrnПонекогаш потребни се двајца за создавање на една целосна идеја. Почетокот на идејата се наоѓа во форма на претчувство кај една личност, додека пак крајот кај друга личност. Ненадејно започнат разговор на таа тема може инстантно да доведе до појава на една одлична нова идеја. Тоа добро го потврдува и познатата изрека „Со две глави подобро се мисли“.rnrnСпоред Џонсон интернетот во денешно време има огромна улога во создавањето на добри идеи. Поврзаноста на луѓето низ целиот свет овозможува на најразлични начини да се зголеми иновативната околина и притоа полесно да се доаѓа до нови откритија.rnrnПозајмувањето на претчувствата на другите луѓе може многу да ви помогне во формирање на една нова, уникатна и добра идеја која се криела во вас подолг период.rnrnПогледнете го и ова видео во кое Стивен Џонсон на многу интересен начин објаснува од каде доаѓаат добрите идеи…rnrnrn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Топ 10 научни откритија за 2011 година

    Топ 10 научни откритија за 2011 година

    Ова е листа на најголемите научни откритија во 2011-та година според најпопуларните вести на National Geographic.rn.rn

    1. Откриена авионска несреќа во Областа 51

    rnОбласта 51 е создадена од страна на американската влада за време на студената војна. Местото било под врвна безбедносна заштита и токму тука тие ги вршеле сите авионски тестирања. Оваа година е откриено постоењето на прототипот А-12 чија хаварија се случила во 1963-та година. А-12 бил скоро невидлив за радарот и летал со 3.540 км на час. Со таква брзина тој можел да ја прелета територијата на Америка за само 70 минути.Топ 10 научни откритија за 2011 годинаrn

    2. Пронајдена ретка ајкула „киклоп“

    rnОва чудно суштество било пронајдено во Мексико во октомври. Овој фетус е долг 54 см и има само едно око сместено на врвот на главата. Оваа појава е позната како киклопија, којашто се јавува кај некои животински видови, вклучувајќи го и човекот. Постојат документирани докази за постоењето на ваков вид ајкули, но само додека се во ембрионалниот развој, односно кога се внатре во матката. Тоа укажува дека надвор од неа тие не можат да преживеат. Но, ова било така сè додека не го пронашле овој вид во водите на мексиканскиот залив. Научниците имаат уште многу да учат.Топ 10 научни откритија за 2011 годинаrn

    3. Повторно активирање на супер вулкан во Јелоусотоун, Америка

    rnВо Националниот парк Јелоустоун, супер вулкан повторно се активирал со што предизвикал поткревање на земјиште од неколку милји, потврдиле научници во јануари. Вриечкиот вулкан предизвикал моќни ерупции, многу поголеми од катастрофалните вулкански ерупции на планината Св. Хелена во 1980 година.Топ 10 научни откритија за 2011 годинаrn

    4. Фатен најголемиот крокодил?

    rnПо 3-неделно бркање, на Филипините е фатен најголемиот крокодил кој е долг 6,4 метри и тежи 1.075 килограми. Се претпоставува дека овој крокодил е одговорен за напад на неколку луѓе и за смрт на двајца. Досега, Гинисовиот рекорд го држеше Австралиски крокодил, долг 5,4 метри. Сега тој рекорд е срушен.Топ 10 научни откритија за 2011 годинаrn

    5. Нов вид печурка создава „зомби“ мравки

    rnНов вид од фунгите Ophiocordyceps camponoti-balzani расте на главата на мравките со што им дава чуден изглед. Првично се мислело дека тоа е формација од еден вид, но потоа било откриено дека се работи за микс од 4 видови, кои всушност имаат контрола врз умот на мравките. Овие видови ја инфицираат мравката, ù го „окупираат“ мозокот и кога ќе најдат идеална локација за развивање на спорите го убиваат инсектот.Топ 10 научни откритија за 2011 годинаrn

    6. Фатена најголемата бела ајкула

    rnВо заливот на мексиканскиот остров Гвадалупе е фатена најголемата риба на светот, белата ајкула. Ајкулата е долга 5,5 метри и го соборува претходниот рекорд за најголема ајкула која била долга 5,1 метар.Топ 10 научни откритија за 2011 годинаrn

    7. Откриена планета погодна за живот

    rnNASA овој декември го потврди постоењето на можен близнак на нашата планета, кој е оддалечен 600 светлосни години. Планетата кружи околу своето Сонце, исто како и нашата и е откриена со помош на Кеплеровата вселенска мисија. Голдилок-зоната (населива зона) на површината на оваа планета е појасот каде не е ни премногу жешко ни ладно и е можен развој на жив свет.Топ 10 научни откритија за 2011 годинаrn

    8. Ископан древен град на Маите

    rnАрхеологот Бриџит Ковачевич, во близина на тунел кој водел до античка пирамида, открил остатоци од град на цивилизацијата на Маите. Овој град се наоѓа длабоко во џунглите на Гватемала. Со помош на џипиес и електронски уреди, научниците полесно стигнале до овие остатоци и откриле неколку пирамиди, опсерватории и други структури.Топ 10 научни откритија за 2011 годинаrn

    9. Пронајден е мечот на Црнобрадиот?

    rnМоже ли оваа позлатена урна да биде дел од мечот на познатиот пират од 18-от век, Црнобрадиот? Не може со сигурност да се знае, но се претпоставува, со оглед на тоа дека е откриена во Северна Каролина крај остатоците од бродоломот, кој се верува дека е како резултат на одмаздата на кралицата Ана.Топ 10 научни откритија за 2011 годинаrn

    10. Пронајдена планета слична на Земјата

    rnОткриена е нова планета која е многу слична на Земјата и е на одалеченост од 36 светлосни години. Камената планета со доволно облаци може да биде погодна за живот. Наречена HD85512b, оваа планета била забележана како орбитира околу портокалово џуџе-ѕвезда во соѕвездието Вела, а е видена од HARPS во Чиле.Топ 10 научни откритија за 2011 годинаrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што има во музејот „Галилео“ во Фиренца?

    Што има во музејот „Галилео“ во Фиренца?

    Ако науката е вашето поле на интерес, си должите патување до Фиренца, Италија, поточно посета на Музејот „Галилео“. Тоа е мал музеј кој е преполн со неверојатните научни инструменти од времето на ренесансата. Дури и да не сте заинтересирани за науката, невозможно е да ја игнорирате убавината на овие предмети. Рачно изработени, по најточните стандарди, тие имаат двојна атракција кај посетителите на овој музеј. Прво, тоа се инструменти направени со неверојатни вештини и второ, тоа се технолошки откритија кои се отскочна штица за она што го имаме денес како технологија.rnrnПогледнете дел од изложените научни инструменти, изум на Галилео:rnrn

    Што има во музејот “Галилео„ во Фиренца?
    Небесна (рајска) топкa
    rnrnНебесната (рајска) топка е направена по нарачка на Ferdinand de Medici за својата жена. Топката е висока над 3 метри и е направена од злато и дрво од чемпрес. Небесната топка го покажува движењето на сите планети. Во внатрешноста на топката има слика од Господ како управува со движењето на топката.rnrn
    Што има во музејот “Галилео„ во Фиренца?
    Астро топка
    rnrn
    Што има во музејот “Галилео„ во Фиренца?
    Ренесансен калкулатор
    rnrn
    Што има во музејот “Галилео„ во Фиренца?
    Рачно изработен стакларник од Венецијански уметник
    rnrn
    Што има во музејот “Галилео„ во Фиренца?
    Рачно изработен телескоп
    rnrnСо овој телескоп Галилео ја докажал теоријата дека земјата се врти околу сонцето.rnrn
    Што има во музејот “Галилео„ во Фиренца?
    Термометар
    rnrnТермометарот за мерење телесна температура претставува стаклена жаба што се полни со течност која ја менува густината во зависност од температурата на телото. Термометарот се ставал во зглобот на пациентот 15 минути. Различен број на стаклени монистри пловеле во внатрешноста на жабата кои  ја покажувале телесната температура.